Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Прозен shit

    Share
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Прозен shit

    Пишување by Новинарка on Сре 18 Ное 2009, 17:20

    Види вака,
    Искористувањето е мајка на искуството, како што ти си дете на мојата лудорија и експерименталност. Како што минуваат деновите, така јас сум преполна искуства, горчливи грутки непријатност и избрчкана кора од мозокот што ги открива се поголемиот број виуги. Немој да се залажуваш дека ќе ме изманипулираш, соголиш, повредиш. Односно, обиди се! За проба, не наплаќам. Ќе платиш самиот, кога ќе паднеш на колена пред мене, за да си ми поблиску до штиклава со која ќе ти ја разобличам фацата.
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Пет 20 Ное 2009, 14:06

    М А Л А Т А П Р И Н Ц Е З А

    -„Денеска е маскенбал„,весело извика Ане пребарувајќи ги маските од претходните маскенбали.
    Овогодишниот маскенбал како и секоја година се избира најубава маска.
    Ане сакаше да биде најубава маска од сите маски кои ќе учествуваат.
    -„0ваа година заслужувам да бидам најубава маска„
    Минатата година избраа најубава маска,која навистина беше прекрасна маска,маска на мало жолто пиленце.
    Ане беше сигурна дека нејзината маска беше најубава,прекрасно пиленце и заслужуваше да го освои првото место.
    Како да е,Ане мисли дека нејзината минатогодишна маска е најубава заслужувајќи прво место,а маската која го освои првото место,не дека е најубава маска,туку дека е син на организаторот на маскенбалот.
    Мајка и на Ане,Марина,веќе една недела го шие фустанчето на Ане,поточно фустанот на нејзината мала принцеза,која сама го одбра материјалот учествувајќи во самата креација.Фустанот беше со прекрасни чипкани розеви карнерчиња и панделки.
    Ланските чевличиња и беа малецки,ја стегаа,но Ане ги собра нејзините мали прстиња
    успевајќи да влезе во нив.Да и беа точни,не израснати не би ја стегале прстињата,но
    што е тука е,ќе издржи во нив додека трае маскенбалот.
    Фустанчето скоро беше готово.Ане со голема возбуда го облече и занесено се вртеше во круг.Расчешланата долга коса светкаше како златно жито на сонцето,а во сините очи се гледаше заљубеноста во самата себе.
    -„Мојата мала принцеза„,со гордост ја гледаше нејзината мајка Марина,која со тага во очите ја гледаше фотографијата закачена на ѕидот.Во мислата отпатува во минатото
    каде со нејзиниот покоен сопруг,Никола се радуваа на раѓањето на Ане,нејзиниот прв чекор,прв збор,првото запче и првиот роденден.
    -„Ех Никола...Да беше жив,да ја видиш нашата Ане како се радува,не би дозволил на маскенбалот да оди во тесни чевли„.
    Марина е млада вдовица,нејзиниот сопруг Никола загина во сообраќајна незгода,се судрил во некој теретен камион кога се враќал од работа.Виновникот никогаш не го пронајдоа,веќе беше пребегнат преку граница.
    Сега живее сама со нејзината ќерка Ане,која за својот татко знае дека е заминат во Русија на работа.
    Ане има седум години,зборува Македонски,но понекогаш и на руски јазик,кој ја подучи нејзиниот татко Никола кој е роден во Русија.
    Никола со Марина се имаат запознаено тука во Македонија на една ликовна колонија во која учествувал и самиот тој,и од таму креативноста на Ане.
    По кратко време се вљубуваат еден во друг и неможејќи да живеат разделено љубовта победува.Никола доаѓа засекогаш во Македонија,а Ане е плод на една чиста
    вистинска љубов ,и самата е дете на љубовта.
    Останаа уште два часа до маскенбалот,а Ане се облекуваше и пресоблекуваше,дури и се нашминка,впрочем принцезите се убави за својот принц,така е во бајките што Марина и ги читаше пред да заспие.
    Марина ја гледаше Ане чудејќи и се на нејзината прецизност во шминкањето поправајќи и дел од натрупаниот кармин кој и беше надвор од нејзините мали усни.
    -„Ете,сега е подобро„насмевнувааќи и се Марина која исто така се подготвуваше и таа
    да се поднашминка.Се нема нашминкано веќе три години откако умре Никола,но сепак сакаше поради Ане,и таа да има убава мајка.
    -„Прости Никола„гледајќи ја фотографијата, бришејќи ја од прашината која се насобрала.
    Веќе е време да тргнат.Побрзаа за да не задоцнат,им остана уште половина час за да стасаат на време.По патот молчеа.Ане беше внесена во нејзините мисли,а Марина не сакаше да прекине,знаеше дека е маѓепсана од маскенбалот создадени во нејзината малецка глава.
    -„Мамо,што мислиш,дали и Стефан ќе биде на маскенбалот...Се разбира дека ќе биде
    на маскенбалот...Татино галениче„
    Ане на глас размислуваше,сама поставуваше прашања,и самата си одговараше на истите.Во нејзе се чувствуваше страв кој успешно го прекриваше,страв за да Стефан повторно не победи во овогодишниот маскенбал,а ако е така веќе никогаш нема да
    учествува на никаков маскенбал.
    Полека по полека пристигнаа.Имаше многу собрано луѓе шетајќи гледаа во прекрасните маски,прекрасните деца кои беа преправени во змејови,магионичари,вештерки,принцези,но не така убави како малата Ане.Таа беше пресреќна што нема поубава принцеза од неа која потајно се надеваше дека ќе победи на маскенбалот,докажувајќи им на светот дека е најубава принцеза на мама и тато.Со малите сини очиња го бараше Стефан,скришум да види во што е преправен,каква маска одбрал за овогодишниот маскенбал.Од преголемата гужва не можеше да го забележи замолувајќи ја Марина за да ја крене во рацете,впрочем и ја
    болеа нозете од тесните чевличиња.
    -„А,да,на малата принцеза е потребен некој кој ќе ја носи.Ти сепак си принцеза нели?„
    и се насмевна Марина кревајќи ја во рацете.
    Веднаш штом ја крена во рацете Ане го виде Стефан, кој за рака го држеше својот татко.Се вкочани од бес,се намурти спуштајќи ги веѓите и извика:
    -„Тој е тука!„.
    Нејзиниот глас трепереше како затегната жица на виолина,пискав и гласен,барајќи од Марина да ја спушти на плочникот за да не ја забележи Стефан,кој по погледот изгледа дека сепак ја забележа.
    Ане беше изненадена,Стефан беше преправен во принц,да,да во принц!
    Марина ја забележа загриженоста на лицето на Ане,но кога го здогледа Стефан со нејзиниот татко се и беше кристално јасно.
    -„Слатка моја мала принцезо.Што мислиш,можеби тука некаде е некој принц,токму како оние од бајките?„
    Малата Ане ништо не одговори продолжувајќи да ја јаде чоколадната бонбона што и ја подари пријателката на Марина.И нејзината ќерка е тука,тука на маскенбалот,но никако не и еконкеренција во таа глупава кловновска наметка,и уште со тие големи кловновски чевли во кои се сопнува на секој нејзин чекор.
    Организаторот,поточно таткото на Стефан го објави започнување на маскенбалот.
    -„Добродојдовте на прекрасниот маскенбал...Забавата нека започне!
    Ја пресече црвената лента и едни по едни деца излегуваа.Се појави и Стефан кој доби најголемо ракоплескање,кое ракоплескање ја загрижи Ане молејќи се и таа да добие ракоплескање,ете да им се допадне нејзината маска,да биде најубава принцеза од сите принцези на маскенбалот.
    Дојде и нејзиниот дел.Конечно дојде и нејзиниот ред за да се претстави.
    Иако беше уплашена,Ане одлучно зачекори не чувствувајќи ја болката во нејзините тесни чевли.
    Марина со љубов ја гледаше својата ќерка,праќаајќи бакнежи на најубавата принцеза.
    По ракоплескањето може да се забележи дека Ане им се допадна,дека сепак е најубава принцеза на маскенбалот.
    Но,тесните чевли силно ја стегаа,знаеше дека мора да издржи до самиот крај.И останаа уште два чекора и готово е.Но,тука,при самиот крај се сопна паѓајќи на на нежните колена од кои се гледаше гребнатини и малку крв.
    Настана молк.Стивна се па и самото ракоплескање.Се слушаше тивко шепотење,жалење дека се сопна паѓајќи на самиот крај.
    Марина молкум ја гледаше Ане,на чие лице се гледаше тага и само што не заплаче.
    -„Се е готово„,си помисли Ане..Но не е така.
    Принцот,односно Стефан притрча кон Ане,клекна до неа поткренувајќи ја нејзината глАва.Од нејзините сини очиња потекоа солзи,неможеше да ја прекрие тагата,болката
    која ја чувствуваше во тој миг.
    Стефан и ги избриша солзите бакнувајќи ја во црвениот образ.И подаде рака и заедо се подкренаа од подот.Така исправени пред толпата се поклонија под иницијатива на Стефан кој на глас извикна:
    -„Сепак таа е принцеза,а јас нејзиниот принц„
    На лицата на присатните се гледаше топлина во срцето,милина во очите.
    Еден по еден почнаа да ракоплескаат,се додека не се претвори во едно прекрасно громогласно ракоплескање.
    -„Браво за принцот и принцезата„извика некој од толпата.
    Марина се стрча накај Ане која сеуште цврсто го држеше Стефан за рака,не намерувајќи да го пушти како и тој нејзе.Длабоку се поклонија кон публиката праќајќи им бакнежи.
    Маскенбалот заврши,а победниците се знаеа кои беа„Принцот и принцезата„
    Одминаа многу години од тој настан,од тој маскенбал,поминаа дури цели десет години
    а Стефан и Ане сеуште цврсто се држеа за рака,но сега пораснати.Од тогаш па до сега никогаш не престанаа да се држат за рака,беа среќни,пресреќни еден со друг.

    Даница Петровска
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Прозен shit

    Пишување by Alive on Пон 23 Ное 2009, 21:14

    Навреда

    Се започна саботата попладнето. Се враќам изморен од тренинг, буквално скршен. Главата ми беше како загубена. И не бев баш во некое си добро расположение. Но мораше ли да биде Архангел Михаил токму таа сабота? А зошто ми е мака што беше Архангел Михаил ќе биде напишано подоцна.
    Значи поканет бев на именден кај едно мое другарче. И си реков, ајде, зошто да не, ќе одам да направам чест. И дојде квечерина, околу 21:00. Отидов кај другарчето. И се беше некако супер. Но, не за долго. Нешто се појави во мојот ум и ме замоли да посегнам по виното. Пусто да би останало. Домашно црвено вино. Првото бокалче го снема. Ама и пуштени да вртат некои кафански песни, имаше расположение за да се поднапиеме. Дојде и второто бокалче. Како дошло така и си отишло. На лошо се пишело, ама кој да знаел. И се така доаѓаа и си одеа. Мајка му, сирота, само да го полни бокалчето, а ние пиј, без мера. Како именденот само за пиење да е. И ете, се потфатив малку. И во некоја си несвесна состојба излегувам од неговиот дом. Се прошетав и ми заѕвони телефонот. Тоа беше другар ми. Ме побара да отидам Св. Софија да се видиме. Па отидов таму. Тука беше другарчето и уште 2-3 девојчиња, да речеме x1,x2,x3, математички објаснето. Не е важно кои беа. И сега вртат песни на мојот телефон, а јас си пеам, гајле немам. Можеби и си викав. Не можеби, сигурно викав. Без чувство дека некој можеби спие или одмара. Ама ете, виното веселба дава, а ум зема.
    И сега да дојде капак на се' во таа проклета нерасположена сабота, неконтролирано излетаа некои зборови од мојата пијана уста, упатени кон едно од девјочињата. На шега нормално, иако бев пијан, не го мислев тоа. Ама ете, не прифаќа секој исто. А сепак може да се рече и дека претерав. Ете што прави алкохолот. Мислиш дека можеш се'. Дека си најинтересен таа вечер, и дека си видел двојно повеќе од другите, или некои си други слични фрази на овие. А всушност, двојно повеќе си се изглупирал отколку што можеш. Ум за друг пат. Ум друг ваков случај да нема. Барем да нема ваков случај каде ќе бидам инволвиран.
    Значи, неколку зборови лесно речени, како врапчиња пролетаа, и тешко и паднаа на девојчето. Само да можевте да го видете нејзиниот израз на лицето. Тогаш сфатив каква грешка сум направил. Хм... Лесни зборови секогаш, значи секогаш тешко паѓаат. Или поинаку наречени со еден збор, навреда.



    посветено...

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Прозен shit

    Пишување by Cinnamon* on Саб 28 Ное 2009, 16:40

    Никоаш не се интересирав за жени. Иако имав многу девојки кои беа луди по мене, не бев
    заинтересиран подлабоко за ниедна од нив. Напротив, ми беа само попатни станици
    на кои се одмарав, или се уморував, се смеев или се задоволував. И ништо
    повеќе. А тие си ги сечеа вените поради мене, внесуваа огромни количества на
    хероин преку заразените шприцови, умираа и повторно се раѓаа за да ми го
    слушнат гласот, за да ме имаат, за да вриштат додека свршувам во нив. Понекоаш
    се прашував кои беа тие, а кој бев јас. Некогаш не знаев ни како се викаат, но
    тоа не беше потребно, нели? А сега, сега толку сакав да знам се за таа која се
    наоѓаше на два метри од мене, за таа која носеше искинати хулахопки и некакви
    невкусни високи потпетици. Возбудувачки невкусни. Мислам дека ми се дигаше само
    од нејзините потпетици. Зошто мислев на што ми се дига? Па веројатно бидејки беше недостижна.
    Не изгледаше како ефтина девојка која на сите им се смешка. Не изгледаше како
    попатна проститутка која моли за евро, две. Не, напротив. Елеганција претопена
    во хаос, тоа беше мојата Калина. Едноставно, го обожавав начинот на кој ја
    ставаше в уста цигарата, начинот на кој со прстите ја притискаше запалката,
    начинот на кој го вдишуваше чадот до стапалата. На себеси имаше само искинати
    хулахопки, тоа ми остана во сеќавање. Подоцна дознав дека биле хеланки, дека
    сум бил прост, и не сум знаел да разликувам хулахопки од хеланки. Беше 1 часот
    после полноќ, а таа имаше големи црни наочари на главата. Чантата, ако може
    така да се нарече, повеќе наликуваше на ранец, ја имаше оставено долу, се
    мешаше нејзината урбаност со елеганцијата на невкусните потпетици. И тие некој
    можеше да ги нарече урбани. Вратот и беше покриен со некаква пурпурна марама,
    носеше некакв лесно маиче со чуден натпис. Се сеќавам на натписот, но не сакам
    да го споделам. Вулгарно беше се што беше поврзано со неа. Немирниот дух ја
    опседнуваше атмосферата во Капка. Чувствував како да се испразнил целиот локал,
    сме останале само ние двајца, сами, соочени со нашата лудост. Му се насмевна на
    човекот зад шанкот и се ја прекина нашата илузорна претстава. Или подобро
    кажано, мојата илузорна претстава. До каде можеше да стигне мојот ум?
    Поминуваше времето, а јас не чувствував. Заборавив дека постои.
    Стоев замрзнат, таму на шанкот и чекав да замине. И што ако заминеше? Дали ќе ја следев? Или можеби ќе ја победев мојата колебливост и ќе ја прашав која е. Во пепелникот лебдеа отпушоците на нејзините
    Лаки Страјк со бледа трага од црвениот кармин кој го носеше.
    - Калина – сонував или бев буден и сеуште стоев во Капка иако не ги чувствував нозете? Халуцинирав, ми се причинуваше, хашишот веќе времиња ги распаќаше моите мозочни клетки, ги
    разјадуваше моите нервни центри, не знаев дали сум жив.
    - Иринеј – И времето запре тогаш.
    Постоевме само јас и таа. Калина. Затоа што криеше Калини близу препоните. Не
    постоеше ништо друго. Луис остана во својата последна положба, не се слушаше
    никаква музика, само слоговите од нејзиното име, Калина. Калина. Калина.
    Одѕвонуваа низ моето тело, не знаев кој сум, не знаев како се викам, не знаев
    што сакам и што мислам, бев преплавен од имагинарни монолози кои завршуваа и се
    обновуваа длабоко во мојата психа, ми кажуваа мораш да го направиш ова, мораш
    да го направиш она, десетте ликови од моето Јас живнаа и се натпревауваа кој
    попрво ќе ја допре нејзината блуд. Луѓето околу нас повеќе не зборуваа, ги
    паметев нивните гримаси во сликата. Бевме заглавени во времето, во една пуста
    слика во бедниот локал Капка.




    Извадок од едно подолго, пробно, прозно дело.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Прозен shit

    Пишување by prozaque on Саб 28 Ное 2009, 20:25

    Оти го нема делот со бледоста на Калина..бледа колку и плочките на вецето во кое Иринеј сакаше да ја љуби..?!..тој ми беше омилен..или тоа понатаму беше?Како и да е..конечно едно ептен добро прозно дело на форумот..Опипливо и сликовито :)


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Прозен shit

    Пишување by Phoenix on Нед 29 Ное 2009, 03:22

    конечно?

    во вода отидоа сите претходни прозни дела?
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Прозен shit

    Пишување by prozaque on Нед 29 Ное 2009, 03:52

    Сите се добри..ама на Сандра реално двои од останатите..затоа го има епитетот "ептен"..двои со оригиналност и со израз..плус со оглед дека ова е извадок..а има повеќе тоа му дава повеќе на значење..мене отприлика ми беше пренесен концептот како би се одвивало натаму..нз ако Сандра реши нешто да смени..ама тоа што го слушнав е стварно добро..ова е надоврзување на нешто претходно напишано и врз него ќе има дополнување..за тоа треба стварно работа и талент..и тоа е за поздрав.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Прозен shit

    Пишување by Bright on Нед 29 Ное 2009, 16:31

    Цимет, i want more!
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Прозен shit

    Пишување by Гостин on Нед 29 Ное 2009, 19:34

    И кога ја доживуваше кулминацијата на неговата љубов, Тоња наеднаш стана незаинтересирана и ги заборави моментите со него. Болката не го насели туку го претопи. Веќе не беше способен да живее нормално, имаше немирен сон од кој лесно се будеше и размислуваше за неа. Со денови не излегуваше од неговиот стан, во кој живееше сам, немаше сила ни да плаче, ни да се смее. Едноставно тој стана жив мртовец. Посака да се врати во спомените и го посети истото место каде што ја виде првпат. А местото исто како и секогаш, истите насмеани луѓе на кои им тежеа парите и неможеа нормално да се движат, истиот шанкер кој беше заморен од гледањето препотенција во гостите. Мирисот беше различен. Само неа ја немаше. И наместо да ја уништи болката, тој се повеќе ја полеваше со секоја чаша скапо виски. Сега не беше тој обичен човек кој беше под
    нивото на богатите, туку беше празниот странец кој не се познаваше ни самиот. Сега не се правеше подолу од останатите туку пиеше виски и пушеше скапа пура. До него имаше многу девојки, но ниедна го немаше нејзиниот парфем, ниедна го немаше нејзиниот поглед.. Разочаран одлучи да го напушти градот кој често му го кршеше срцето а сега го скрши целосно.

    ај еден мал извадок шо ми е омилен од еден огромен текст
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Прозен shit

    Пишување by Новинарка on Пет 04 Дек 2009, 19:43

    Солзите на татко ми

    Крцкав мермер, тешка плоча и тони со црви врз неговата брада... Остри
    мразулци го расекуваат тоа навидум нормално човечко животно тело.
    Солзите ги нема. Моите се оправдано и доживотно парализирани кога се
    работи за тебе, но која ли е причината заради која не плачеш? На твое
    место и мртва би плачела. За се` што не успеа да ми дадеш, за се што не
    сакаше, за тоа што ниту црвите во гробот не сакаат да те дружат, та те
    јадат. Се надевам дека барем песните те тераат да плачеш тато:
    http://www.youtube.com/watch?v=fbP5KMAlaI8&feature=player_embedded

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Прозен shit

    Пишување by Рокси on Саб 05 Дек 2009, 19:10

    Највеселата девојка

    Мирисот на смртта веќе го имаше покриено нејзиното снежно бело лице. Во тоа лице беа вгнездени и секогаш зачувани спомените од нејзиниот краток живот, прерано покосен. Нејзиното лице блескаше како на светица, посебно сега, кога телото остана само бледа слика на нејзината душа.
    Немаа срце тоа свето парче материја да го стават под земја на милост и немилост на прегладнетите црви, затоа запалија оган и го изгореа. Пламените јазици ја голтаа нејзината мртва појава полека уништувајќи ја сликата која се создавала цели 20 години, сликата од која сите во селото црпеа енергија и среќа, секоја нејзина клетка ја претвораа во пепел, во мрак. Среќата беше изгорена засекогаш, уништена, не постоеше повеќе. Само очајот остана, а тој се преслика и врз сонцето, ветрот, облаците… злите, црни, тешки облаци го прекрија сонцето на животот, а со ветрот завладеа меланхолична мрзоволност. Маглата почна полека да се спушта и се вовлекуваше длабоко во белите човечки дробови, длабоко во нивните срца. Ветрот го немаше, беше заспал, или можеби беше само болен од тага кон неа, неможеше да ја гризне маглата и да ги протера облаците.
    Беше доцна есен. Пепелта на девојката беше единствениот останат нејзин спомен. Како што традицијата налагаше, требаше да ја истурат некаде, на место кое неа и беше мило. Тоа и го направија. Во нејзините последни дни, таа обожаваше да шета во големиот, скоро секогаш празен парк близу до местото каде живееше. Девојката беше почината, а паркот беше сеуште истиот, дрвјата темни и полуголи, лисјата распослани по тревата и тесната патека по која имаше дрвени клупи.
    Ја истурија пепелта, а во истиот миг воскресна ветрот кој ја одведе и ја распрска низ целиот простор, за да во еден момент да се сосредоточи и од пепелта повторно да се појави насмеаниот лик на девојката облечена во раскошен црвен фустан кој се вееше на ветрот со нејзината долга црна коса. Во дел од секунда се’ повторно се претвори во пепел која ја снема во воздухот. Во просторот се слушна добро познатата смеа на девојката, а ветрот успеа да ја изеде маглата и да ги протера облаците. Излезе сонцето кое го спаси градот од глобалната меланхолија, а кога вечерта се спушти полната месечина го осветлуваше целото небо и се смешкаше. Градот повторно беше жив, во срцето ја имаше душата на највеселата девојка.

    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Прозен shit

    Пишување by Robby on Нед 06 Дек 2009, 19:26

    Беше тоа еднаш... Кога живееше во некој друг свет, тој- поетот со постојано надразнето очекување и амбиција за љубов. Имаше капка природност што му го отсликуваше карактерот во ненаситен круг од копнежи. Владееше со чувствата, онака баш поетски.. Сето тоа беше сведено на неговото расположение. Постојаните душевни потреби и немири го тераа да навлезе во суштината на работите. Секојдневието. Да, токму тоа. Губеше дел од својата реалност, дури луѓето помислуваа дека не ни постои, го замислуваа онака без многу внимание.
    Велам секојдневие, нешто апстрактно.. Или нешто што нам ни е многу познато.
    И понекогаш, кога во трагот на времето, во онаа горчина на неспокојство и залудност ќе го побарав она поетското, она скриеното, залудно ми даваше чувство на изгубена битка. Лесно во мене го пронаогав оној којшто не постои, занемарен од околностите или пак оставен да создава ланци од тишина. Очекувањата згаснуваа, иако на почетокот ги имаше безброј. И во овој момент на запрено време, пак барам нешто, нереално или пак реално но далеку од мојата внатрешност. И пак е исто. Пак ноќта ми прави друштво, месечината се губи неприметливо и еднакво на тоа се сели светот во сон. Всушност сите ние трагаме по нешто, непрекинато бараме...
    Животот е тој. Накиснат од сите проблеми што не мачат, разубавен од нашите радости и спомени. Заврзан со зло, окован во реалност. Зборот беше.... Нештото да се претвори во извор на разбирање, не само да се заостави во минатото.
    И чекајќи така, минува се.. Се движи... И пак нешто тежнее да се ослободи од душата и да блесне некаде. И се така.. Крајот каде ли е ? ...

    emotional`!! - `09
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Прозен shit

    Пишување by Новинарка on Пон 07 Дек 2009, 21:16

    Најсреќниот
    момент од моето детство





    Триесет и шест
    недели те чекав. Секоја секунда од нашето заедништво – испланирана во мојот
    визионерски поглед... Се сеќавам дека големите трепки ти ги скриваа заспаните
    очиња. Ти се налутив тогаш, знаеш. Сакав да си играме. Не беше она што
    очекував. Не ни знаев дека во болница, прв пат ќе те видам.





    Забрзана и бела
    група луѓе ја следеа мама до салата. Скаменета врз неудобните пластични
    столчиња, се сместив и набљудував. И онака немаше што друго да правам. Боите
    беа одвратни и мирисаше на мувла. Подоцна дознав, дека тоа бил мирисот на
    докторскиот алкохол. Плочките на
    ѕидовите наликуваа на оние во бањата дома. Од време – на време, по некој извик
    и трчаница во акустичниот ходник, ќе ми навлезеа во фантазерските тунели во кои
    се впивав. Ниту придушените болнички светла не ми одеа во полза за да заспијам.
    Во ѕидот некој издлабил три концентрични кругови. Ги проучував додека не почна
    да ми се врти во главата. Адреналинската фузија ја засили нечие радување на
    крајот покрај ѕидот од другото одделение. За момент помислив дека си ти. Стаклото кон другото болничко одделение, ги
    покажуваше моите контури како огледало. Тато чекореше небаре е Балтазар. Те почекавме, вистина долго. Осум
    часа, во тензична пресија. Радоста затоа, кулминираше, бато!





    Малечок и воден,
    искрено, ми личеше на стуткана кифла. Кифла што повремено вреска. Ми се срушија надежите дека ќе си играме. А
    истиот ден, ти имав купено топка.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Прозен shit

    Пишување by Phoenix on Пон 07 Дек 2009, 23:00

    Зрак Светлина

    Се будам од некаков кошмар а не сум спиел четири дена. Се будам со слики пред очи и матни мисли.Матни како стаклото на прозорецот кое невино се нашло помеѓу студот од надвор и димот одвнатре . Навидум како и јас, само со сменети улоги . Ми студи во душава а се наоколу ми е замаглено и тешко видливо . Патот по кој би требало да одам е толку нејасен и непрооден што просто потклекнувам , стојам и ништо неправам . Се прашувам дали е тоа само мал одмор или засекогаш ќе останам во оваа пустелија во која цел живот гледам фатаморгана.Таа девојка со долг црн вустан и развиорена црна коса која потајно ме повикува а нејзините траги се толку нејасни што ме приморува да се водам на претпоставки,незнаејќи дали е вистинита или е повторно лажна слика во далечината. Гласовите во мојата глава се испомешани со гласен шум од водопадите кои сета тегоба ја истураат во мојата душа. Во најлошите мигови пред прагот на нервен слом речиси загубен засекогаш се видов себеси како главатар кој добива визии. Видов убави нешта но за чудо неа ја немаше . Сега сум спремен да ги отцртам крампоните од моите тешки чизми на новиот снег во непознатата земја и со насмевка да продолжам да газам нанапред . Тагата и болката исчезнаа заедно со нивниот симбол на бесконечноста сега пред себе јасно го гледам патот до Рајот.
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Прозен shit

    Пишување by Alive on Вто 08 Дек 2009, 00:09

    Исчекување...

    Секој момент, како што гласи насловот треба да дојде крајот. Да станам Phoenix или да запеам Down in a Hole. Кој да знае што ќе биде? Значи мразам исчекувања. Посебно исчекувања на кои го знам одговорот однапред... и тоа е тоа...
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Прозен shit

    Пишување by Гостин on Вто 08 Дек 2009, 00:28

    ова баш бисер ќе да е алајв..
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Прозен shit

    Пишување by Alive on Вто 08 Дек 2009, 12:08

    Зошто умре се' во него?

    ... и во тој момент, на бес и немоќ, со сета сила замавна по шишенцето парфем, а тоа замина некаде во собата. За чудо не се скрши, како што беше скршено неговото срце, како што беше скршен целиот тој. Згниен и мртов длабоко во себе. Умре секаква верба и надеж за било што во него.
    Дали ќе предизвика тоа некоја промена кај него? - Се запраша ликот во себеси.
    Зошто мора да ткае ќилим од последователни грешки? Зошто секогаш погрешна проценка? Каде е грешката, во светот или во него? Е тоа го знае секој: во него. Не може светот да е во криво, а и да е во криво, што може една мизерна индивидуа да докаже? Ништо, ама баш ништо.

    извадок... од моето започнато дело...
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Прозен shit

    Пишување by Новинарка on Вто 15 Дек 2009, 01:09

    Бескрајно сме сиромашни во мислите. Сронати како колено после невин детски пад. Паѓаме шеснаесет пати дневно и уште неколку, по потреба. Заврзани ни` се срцевите аорти, како коленото кога ќе го заврзе оклоп полн со јод. Така шеговито си играме со раните кои гнојат, со сиромаштијата во душата, со интелектот за пари како ништо друго и да не може да го купи, како ништо друго и да не го заслужува неговото величество. Умот...Отиде со парите.
    Си ги копаме очите. И трепкити би ги искубале една по една ако треба, за да обраснатата малициозност не не` изеде до темел. Жолчно ќе плукаме по другиот, дури до небеса би плукнале нагоре и до пеколот надолу, додека не ни` се истроши плунката и додека жлездите не почнат да ни откажуваат бескорисна љубов.
    Ќе фрламе врз раката што не` храни и со жезла и со факели, дури и со боздоганот на Крале Марко, за да ја покосиме таа „надмоќната“. Клети сме и прогонети од вечно злобното его. Или егоистично. Тие се едно те исто. Лицемерни сме и оној пат кога на телелвизија ќе здогледаме срце, а тоа има црвена боја. Знаеме и самите дека „моќнициве“ не` лажат, за да заборавиме за момент дека срцата ни се реално со боја на масло за компири, употребено повеќекратно. Црни, како црна гробна земја, како мислите алчни и змијски, срцата ни се, како Каин и Авел. Секогаш се тешиме, дека ние сме Авел. Клетници бедни, мизерни створови на демек „природна“ лицемерност, не сте Авел! Другиот сте. Гледате ореол над мојата глава? Не гледам ни јас над вашите!
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Прозен shit

    Пишување by Phoenix on Чет 17 Дек 2009, 18:36

    Патоказот на мојот живот , една изглодана даска во форма на стрелка на која пишува Упорност.Со текот на времето дождот и ја симнал бојата но не и значењето бидејќи тој збор е длабоко врежан.Тргнав по тој непознат пат , тргнав сам Гол и бос незнаејќи на што ќе налетам .Бев воден од зрак светлина, одев по течението на најчудната река во светот а жабјите песни не стивнуваа.Имав осет како месечината ме проколнува да сопрам но сликата на мојот патоказ беше толку јасна. Упорност. Ненадејно влегов во туѓ живот , беше сама. Така бледа и мирна легната на чаршави ,заборавена од светот. Бев загрижен и збудален , проработи мојата фантазија. Лоши филмови во мојата глава,помислив и на најлошото ја видов мртва. Но таа само спиеше се разбуди и ми рече дека сонувала птици и одлета од мојот живот засекогаш .Јас сеуште го имам мојот патоказ на кој пишува упорност , го гледам патот но се прашувам има ли крај и дали ќе ги снема комарците (грижите) кои секојдневно ми ја пијат крвта!
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Прозен shit

    Пишување by bloody on Саб 26 Дек 2009, 02:01

    Наидов на еден мој текст..кој сум го пишал некаде 2005/2006.


    Понекогаш


    Понекогаш се прашувам дали воопшто постојам?Дали сум дел од ова парче суровост?Дали и моево срце раѓа гадост?
    Отсекогаш сум имал голема нескротлива потреба да гледам,да набљудувам.Да го слушам ладењето на сопствената крв,да гледам како ја снемува.Со секоја измината минута се претвара во мастило,но сепак мислам дека ти дозволив сосема доволно.
    Понекогаш ми е тешко да поставам вистинско прашање,а уште потешко да најдам вистински одговор.
    Одговор кој молчи,несакајки да нанесе бол...кој често пати се жртвува себеси за туѓо добро,за туѓа насмевка,за туѓу офкање нежно на увце...

    Што добивам јас со тоа жртвување?
    Што добивам јас?

    Ништо - се слуша оддалеку.
    Само уште поголема грижа на совест,омраза кон самиот себеси,ладнокрвност спрема сопствените потреби и чувства.Поразен од сопствената волја или пак...?

    Запомни има гревови и гревови.

    Незнам што понатаму,се чувствувам како дух на некој подгрбавен старец,со изедена од молци-капа на главата,со искинати кондури на нозете,правејќи пат низ штотуку натрупаниот снег.

    Јас дење и ноќе ја барам смислата на животот.Барам подобар пат,секогаш подобар.Мислам дека смислата не се проистоветува со самото наоѓање,туку напротив треба постојано да се бара и ако бараш,тогаш влегуваш до пола во самата смисла.Е тогаш дури си на патот,или барем чекориш кон него.
    Понекогаш,мислам дека знам се или скоро се.Мислам дека можам да напишам роман,а на крај завршувам со еден жалосен лист "шкртаници".

    Кире Велков 2005/2006
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Прозен shit

    Пишување by Phoenix on Чет 07 Јан 2010, 14:30

    Крвопиец ,,еве ископај го одговорот за постоењето ..од ова што ќе го напишам ...

    Небитно е ова да се каже, но лошо е да се молчи и да се лаже.Новогодишна Треска и луге без обавеза,Слободни со многу време за размислување , планирање и ковање завери . Но некои Наполеонвци гледајќи си ја работата прават одеднаш по пет работи, и јас сум збунет зошто тоа неможам да го класифицирам како дволичност,,можеби е претераност.

    Сам во Ноќта

    Довербата и Оптимизмот ми навестуваа прекрасна вечер исполнета со пеење на нашите омилени песни, разговори кои ќе внесат убавини и ќе го кренат расположението кое и онака беше на ниво . Јас зачекорив , можеби под мала доза на алкохол колку да ми ја раздвижи крвта на ладното време .Црн капут и една торбица патна со чкартна марка Адибас која воопшто не ми пречеше да ја носам бидејќи внатре носев нешто невообичаено можеби за некој смешно . Една Кисела зелка и туршија со кои сакав да ги изненадам љубителите на ракија, сакав да направиме ѓезме, сакав Салата со кисела зелка како мезе со ракијата и тоа го направив, Сакав да Сакав другарување сакав Забава а што најдов? Наидов на едно големо разочарување и една Стапица во која јас Пропаднав. Пиев да ја заборавам, или пиев бидејќи ништо друго не ми преостана . Ниеден вперен поглед во мене, ниеден збор ниту прашање ниту знак дека сум добредојден а камоли да се осетам дека јас таму припаѓам дури не бев свесен дали постојам , Си реков ., да не се напив некоја напивка која ме прави невидлив и ми го одзема гласот ,почнав да фантазирам, Дојде време да се осигурам бидејќи дојдов на границата да доживеам нервен слом . Го облеков Капутот и излегов без збор ,Надвоор беше премногу ладно и магловито ,од секој дом се слушаше весела музика и мирисаше на вкусна храна.. Се најдов на сред паркинг седнав на земјата се потпрев на една стара Застава го земав својот мобилен во раце и чекав. ЧЕкав да видам дали некој ќе примети дека мене ме нема во собата ќе ми се јави и ќе рече КАде си? Чекав сигурно повеќе од половина час но за жал никој не се јави ,Студот се повеќе ме совладуваше и повеќе неможев да издржам , можеби ќе чекав уште но цигарите ми останаа таму а морав да запалам една.НЕ бев сигурен каде е станот влегов во еден влез од зграда ги видов плочките во форма на шаховско поле и речиси бев сигурен дека е тој влез , чекај а да не се сите згради со ист ваков влез? Морав да влезам и за среќа го погодив станот. Влегов во собата си седнав сеуште бев невидлив за чудо. Ставив еден МЕксикански шешир на мојата глава го навалив преку лицето и почнав да си замислувам колку сум осамен, изгубен .никој мене не ме сака, Се осетив како Грдото ПАјче од детската приказна.. Седев а музиката која беше се погласна и погласна почна да ми пречи, не дека ми пречи гласна музика ама хип хоп очигледно ми пречеше и само ми долеа адитиви . Си станав и си заминав, ПЕшачев сам низ новогодишната ноќ . Пешачев по Пијаните улици, ОДев по сред коловози без страв да не загинам зошто таа вечер немаше што да се изгуби .. и во еден момент добив еден телефонски повик кој Смени многу нешта, Стигнав дома ,Заспав и наредниот ден го започнав многу поразлично , Ги научив сите лекции .а една девојка ми го направи животот уште поубав...

    А ако умрев Млад?

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Прозен shit

    Пишување by Шмугле on Чет 04 Фед 2010, 17:38

    јас пак незнам како се решив да се вратам на пишувањето ваљда ке да е школово шо ме тера и професорката по говорење хаха.
    како и да е еве нешто многу кратко, школски напишано ништо посебно, пишувано е со дадени 7 зборчиња кои треба да ги содржи и со лимит 100 збора.
    си реков ај малку и нешто мое да се најде низ темиве
    дадени беа зборовите: мисла, него, татнеж, хармонија, љубов, сонце, бескрај.

    И кога се врати со мислите во минатото една врела солза го изми нејзиниот образ.
    Сега повторно стоеше на стариот трем во нејзините дваесетти. Повтоно го имаше руменилото
    на образите и во неа гореше надежта. Повторно ја осети неизвесноста потејќи се на силното сонце,
    седејќи на тремот и гледајќи во бескрај.
    Младоста ја губеше во бескрајот, хармонијата ја убиваше со неизвесноста, на небото му се молеше за него.
    Дали далечината ќе и ја врати среќата?
    Дали војната ќе и го врати љубениот?
    Дали празниот бескрај ќе ги нахрани нејзините чеда?

    Пригушен татнеж... морници по нејзиното тело по кои следуваше ,,Драга, пристигнаа внуците“.
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Прозен shit

    Пишување by Robby on Нед 14 Фед 2010, 02:00

    Вечерна замисла



    Во кругот на сите можни случувања се преправам како да сум задоволен од сјајот на сложената временска подлост- ноќта. Ти секогаш си далеку, близината ја предаваш само во моменти кога во твојата глава набрзина поминало чувството на моментално задоволство. Шепотење, страв и мала светлина што самата се заробува во чашата од кафе оставена неподвижно да гледа. Некои оставени да се чудат зошто пенкалото неможе да се наостри со острилка за моливи, други размислуваат на лице од спротивниот пол само поради фактот што во нив преовладува моќта на љубовта.
    Се‘ беше во ред до пред некое време. Или така ни се чинеше.. Заедно пиевме,
    заедно плачевме, заедно се смеевме кога првиот утрински зрак ќе не разбудеше мислејќи дека тоа е будилникот што не ни знаевме каде е оставен да одмара.
    Така живеевме заедно. Понекогаш со чуден израз ме следеа другите, гледајќи во мене како на вечен непријател, а јас штотуку се запознав со нив.
    Вечерта што промени се‘. Дотогаш живееше во мене, како обична девојка со сите посакувани работи во животот, ме следеше. Иако те гледав со нејаснотија, работите ги правев сосема точно. Убаво ми беше.
    Вечерта кога се случи тоа, јас не се грижев ниту што ќе облечам, ниту каде ќе одам, уште помалку кој ќе сретнам. Чекорев по една улица целата збрчкана и осамена.
    Доволно испив. Дури и премногу. Со секој втор чекор што минував мислев дека стојам во место. Длабоко разочаран, гледав како светлината од месечината ги следи оние кои заглавиле низ целосниот хаос од далечни радости. Повеќе не чувствував ништо, ми фалеше онаа чувство што го објаснував досега, Таа не беше ни метар близу до мене. Сето тоа негативно се одразуваше на мојата истрајност и немоќност. Во сета таа замисла со повремени одрони на сонување бев ужасно безживотен. Тонев во нејасни длабочини и струи. Секоја мисла ми стануваше нејасна, како странец кога ќе замине засекогаш. И не сакав да верувам дека умирам. А сепак се случи нешто. Насетував дека ветрот ги носи последните мигови со воздух, празна надеж и безнадежни траги од тебе. Изгледа потонав до дното. И порано сфатив дека ти не постоиш, дека ти всушност си замисла испратена од длабоката потсвест и фантазија. А сепак верував во тебе.
    Верував и те гледав како вистинска. И чувствував дека некогаш ќе заминеш како што тоа го направи сега, оставајќи ме сам да се надитрувам со крајот на мојот животен пат. Можеби некогаш пак ќе те сретнам, во некоја друг форма на постоење, со друга посакувана трпеливост и се разбира нема да бидеш како досега- нејасна замисла што длабоко ме натера да се откажам.


    14.02.2010

    2:00
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Прозен shit

    Пишување by Phoenix on Чет 18 Мар 2010, 20:18

    Кога стравот ми создава слики

    Ладна јануарска ноќ и верувам ве асоцирам на ноќите во Москва, не! ова е приказна за стариот град во кој реката Вардар сведочи за многу лажни бакнежи, за многу измами и тажни самци кои шетаат по кејот.Таков самец бев и јас ,заљубен во девојка на која сепак и кажав збогум без да осетам што всушност следи .Седнав на клупата до кејот и ги слушав звуците кои ги создаваше водата , мислите си играа во мојата глава.. и не беа баш вкусни за мене , само ми ја зголемуваа болката и тагата..Ги затвори очите и ја видов неа , ја видов насмеана и разубавена,, ја видов во туѓи прегратки ,Видов запален камин кој само ја зголемуваше топлината во собата ,бакнежи и нежни допири ,незаборавни воздишки и ветувања..Машки глас кој изговара те сакам а таа само гледа и молчи..камо да можев да читам мисли и да видам што таа мисли во тој момент,но сепак продолжија да се бакнуваат .Неговите машки дланки го допираа нејзиното тело , атмосверата стануваше жешка


    .........................ААА неможам! Можеби не сум идеален но сепак сум сигурен дека те сакам многу повеќе од било кое машко.. не сум ни совршен но знам колку си ти вредна и колку си ми потребна ........а ваквите слики и филмови во мојата глава се како резултат на стравот да не те загубам засекогашш..а после како ли ќе си простам ?


    avatar
    Lestat

    Мислења : 10
    Зачленет на : 2010-03-26

    Re: Прозен shit

    Пишување by Lestat on Чет 01 Апр 2010, 22:07



    Утро веќе беше, а јас како по обичај се уште не спиев, седев и
    работев
    нешто на компјутер. Затемнета и зачадена соба, расфрлени предмети
    насекаде, нешто што не било вообичаено за мене, но сепак таков период,
    во кој што долго време бев западнат. Чудно, ми текна да излезам на
    тераса, по подолго време тоа беше сончево утро. Кафенцето спремно,
    среќен бев што после долго време видов сонце. Предходно деновите ги
    преспивав, живеев само во ноќите. Тоа утро видов повеќе луѓе, отколку во
    целиот изминат месец. Кој одеше на пазарење, кој го средуваше дворот,
    кој се спремаше за на работа...

    Она што остави длабоки траги во мене, длабоки промени за она како го
    живеам мојот живот, беа моите алишта кои беа оставени на сушење на
    терасата. Сите беа црни. Идентично одговараа со периодот во кој што
    минував, депресиве, црн, меланхоничен. Без ниту една причина, се наоѓав
    во таа ситуација. Понекогаш самите заглавуваме во ќорсокак, без да
    знаеме за тоа, без да знаеме каде не води тој пат и без да знаеме каде
    сакаме да одиме воопшто.

    Ги собрав црните алишта што дотогаш ги носев и ги затворив во еден
    плакар за никогаш повеќе да не ги облечам. Слична работа која ја
    забележав беше музиката која што до тогаш ја имав на мојот компјутер.
    Само некоја депресивна, бед музика.

    Ми светна една мисла во главата, дека светот е таков каков што ние го
    замислуваме, а не каков што го гледаме. Не секогаш можеме да го видиме,
    она што го гледаме. Ако до ден пред тоа, го окривував цел свет дека е
    против мене, дека местото каде живеам не чини за мене, дека луѓето кои
    се покрај мене шират негативна енергија, тој ден сватив дека не е така,
    така јас ги разбирам тие работи. Дека колку и да е лошо, не може да
    влијае на мене, ако јас немам негативни мисли и негативна енергија.
    Всушност, енергијата, онаа негативната, излегувала од дното на мојата
    душа, без јас да приметам. Јас сум бил онај кој што ширел негативна
    енергија врз останатите, онај кој што правел лоши работи, а за целото
    тоа време сум ги окривувал другите. Како да тапкав во место, ништо ново
    не ми се случуваше, или ништо од она што јас посакував. Се остануваше
    исто, сами брчките на моето лице се зголемуваа, задлабуваа.

    За воља на вистината, тоа беше прв и единствен период од мојот живот,
    кога сум имал такви размислувања, сваќања за животот. Нешто непознато за
    мене, со кое што дотогаш не сум се сретнал и нешто со кое што подолго
    време не можев да се носам и справам со истото. Лошо е кога она во кое
    цврсто веруваш, се испостави дека не е така и се урива врз тебе како
    кула од карти. Се она што дотогаш си градел, сега веќе го нема. Останува
    само правот, присутен во голема количина, кој ако не знаеш како да го
    раздуваш, може многу лесно да те задуши и сеуште да не го видиш она што
    треба да го видиш, она што е реалното. Она што јас не го видов, дека
    покрај мене има луѓе кои што ме сакаат и ценат, кои што живеат, работат,
    за мене, за јас да имам подобра иднина.

    Мило ми е што сега, барем така мислам, го разнесе ветрот сиот тој прав,
    кој што ги препречуваше моите видици, што ги гледам работите објективно,
    непристрасно. Мило ми е што тој тежок период помина, што повторно ми се
    вратија позитивните мисли и енергии, ентузијазмот, кој што дотогаш беше
    една од најкарактерните мои особини, мило ми е што ја повратив
    самодовербата, дека секој одлучува за самиот себе.

    На крајот, се минува, се` се менува. Период во период, нов ден, нови
    работи. Самите тие периоди оставаат нови траги и делумно ги затскриваат
    старите траги во нас, оставаат нови лузни, брчки, кои што секогаш ќе ги
    носиме во нас, но секогаш ќе можеме да ги промениме, затоа што Panta
    Rei!



    Sponsored content

    Re: Прозен shit

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:45