Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Прозен shit

    Share
    avatar
    Ивањушка
    passive aggressive bullshit
    passive aggressive bullshit

    Female Мислења : 7666
    Местолокација : ниви со младо кромидче
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Прозен shit

    Пишување by Ивањушка on Сре 22 Апр 2009, 00:55

    фала дорс
    ова ми е било прв и последен пат да напишам нешто вакво, не сум многу по ваквото изразување, али ќе се обидам пак :dada:
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Пон 27 Апр 2009, 03:47

    Приказнава,место поклон ти ја дарам...

    Приказна за стварноста,за многу шарени, миризливи подароци ...Sajonara.
    Прекрасен парфем,го одбрав токму тој, да,Sajonara.
    Бев занесена од тој прекрасен мирис,кој ме потсеќа на пролетни утра,на изгреј сонце, кое како црвена роза се буди подарувајќи прекрасна глетка.
    Тогаш се будат птиците посакувајќи Добро утро,распеани го веселат миризливото утро.Распеана сум и јас.Песните од Enya ме потсеќат на тој мирис,песната Angel особено ме исполнува,ја слушам и пеам скоро секогаш
    кога посакувам мир,а во тој мој мир се сетам на прекрасниот мирис Sajonara.
    Се сеќавам кога шетавме покрај кејот,се топевме во нашите долги
    прегратки уживајќи во нашата вљубеност.Камениот мост секогаш се радуваше на моите високи потпетици,на веселите чекори кои носеа радост и љубов.Фатени за раце шетавме гледајќи непознати лица кои беа желни за нашите погледи од кои зрачеше љубов.Колку е прекрасно кога луѓето во тебе гледаат,кога и без зборови ние многу кажувавме.Нашата аура зрачеше со посебна светлина,некаква светлина со која привлекуваме се што беше околу нас.Ги гледавме шарените излози,шарени марами...да токму тогаш го здогледав прекрасниот парфем,стаклено шишенце на кој пишуваше Sajonara, во кој се вљубив истиот миг,како да бевме создадени еден за друг.И ,на вистина,ме маѓепса мирисот кој никогаш нема да го заборавам,длабоко е под мојата кожа која мириса на него, потсетувајќи ме на
    љубовта која никогаш нема да згасне.
    Дали се сеќаваш на Sajonara,на моите високи потпетици,на моите разиграни чекори,на шарената марама која ми ја подари за мојот роденден?Да, пролета секогаш ме потсеќа на љубовта,тогаш со Божјата волја сум се родила за да те сретнам тебе,да ја почувствувам љубовта,да го почувствувам мирисот на Sajonara.
    Приказнава,место поклон ти ја подарувам...

    Даница Петровска
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Batty on Нед 31 Мај 2009, 05:30

    Зона на самрак, како забрана за нови вирови. Сегашноста како темна вода извира. Стрмецот планински низ три димензии собира страв од врисок. Поглед кон светлина, светло чуство на бистрина, порака во шишето примена, а од никого не пратена. И прашање се јавува како сон. И буден сонуваш. А ако си ѕид, стоиш подалеку, а ако си клетва, се слушаш надалеку. И ќе бидеш се'. Што не треба. И со кое право моето лево рамо е пристаниште за тебе, небесна птицо непосакана. За миг створи нов миг. За почеток, нејасно делуваш, и војникот со факелот беше нејасен, а уште е интересен. И лозјето што тага преку радост ќе понесе, што на чешма преку мака ќе те однесе. И со кое право, ти си лик на Едгар Алан По, а како ден живееш во безнадежна лага, во која само јас не верувам? И ништо не е доволно тешко за пустинскиот самец, за песокот во дланката на Персискиот мудрец, за престижот стогодишен. И зафати страна. Низ земјени виуги, од злато до верба, од езеро до друга вода сина. И очи заслепени од кои го кријам рајот. Ги чувам вратите од туѓи раце, од туѓата сенка месечева. И со кое право сонцето изгрева и кога не треба? И со кое право молитвите се услишуваат и на оние кои првпат го слушнаа облачниот молк?
    Години се бројат, во соба што не постои, и прозорецот е свртен кон ридот, сивиот камен и понорницата река. И трчај додека зборуваш за никој да не те чуе. Да не помисли животот дека го предаде ноќва. Во самица на трева. И дрвото на вистината споена од лаги. Повторно.


    speak no more


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Чет 04 Јун 2009, 00:14

    Повторно заживеа темата :naokolu:
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Чет 04 Јун 2009, 00:16

    Д А Л И Б И...

    Дали би...Дали би...
    Да,да,сакам, сакам да бидам Буда,разбудена,будна,не сакам да живеам во овој длабок сон, кој долго го сонувам,мислам дека трае долго време.
    Реинкарнација,мислам дека имам богата палета...кога веќе ќе се разбудам?
    Јога,тренирам Hatha-Joga,го исполнува сето мое битие,ми го покажува патот на вистината...може*и тогаш ќе се разбудам?
    Дали би...Дали би...
    Да,да,сакам,сакам да имам бесконечна љубов,на секому да подарам дел од неа.
    Но,јас не сум Буда,не сум разбудена.
    А,кога ќе се разбудам,кога ќе се соеидинам со БЕСКОНЕЧНАТА ЉУБОВ,кога ќе ја досегнам АПСОЛУТНАТА ВИСТИНА,тогаш ќе ги РАЗБУДАМ СИТЕ,се живо и неживо ќе биде разбудено,ќе ги опсипам со бескарајна љубов.
    Дали би...Дали би...
    Да,да,сакам,јас сакам да бидам разбудена од овој матрикс.Сакам да го пронајдам патот,патот на не реалноста...да,токму тој пат,реалноста не гуши,ги гуши нашите вистински потре*и,потре*и да бидеме ослободени од прангите на реалноста која се*ично не чува за се*е плашеејќи се да не се разбудиме.
    Кога за миг се разбудам,кога ја видам не реалноста сите на глас извикат:„Разбуди се!Не сонувај!„
    Кутрите,зарем не се свесни дека сеуште сонуват и не се разбудени?
    Кутрите,зарем не се свесни дека сеуште сонуваат и од сон неможат да се разбудат?
    Вечно ќе сонуваат,и од сон не ќе се разбудат,вечно ќе умираат и раѓаат.
    Вечно ќе живеат во оваа бедна луспа и како змии ќе се пресвлекуваат отфрлајќи ја старата облекувајќи ја новата луспа.
    Вечно ќе живеат во својата беда на незнаење,бедни во своите сонови за реалноста која ги прегрнува во своите рапави раце нанесувајќи им болка.

    Дали би...Дали би...

    Би била смрт
    повторно да оживеам
    од пепел феникс птица
    повторно ќе се родам.

    Да,јас би била,да, јас сакам,ама неможам,јас не сум Буда,јас не сум разбудена.


    Даница Петровска„09„

    Универзумот е дел од нас...НИЕ СМЕ УНИВЕРЗУМОТ

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Прозен shit

    Пишување by Cinnamon* on Чет 04 Јун 2009, 00:48

    Еден бакнеж

    Еден баkнеж, песни рои.
    But know when I whisper, Amado mio.
    Се сеќаваш едно лето ко досадвав со песните, а мобилниот заглавуваше
    меѓу чаршафите. Тогаш рацете не ми се тресеја често и ноктите ми беа
    поголеми. Пушев помалку цигари, ти се нервираше.
    И јас се нервирав понекогаш. Ок, почесто. И се плашев дека ќе умрам од
    рак на белите дробој. Ти се смееше ради сите мои реално нереални
    стравој. Како и онај за допирот. Ко треперев и ко плачев. Плачев од
    радост или од внатрешно согорување на емоции измешани со тенок мирис на
    црвено вино, Сангриа. Понекогаш беше заменет мирисот со ареа која се
    ширеше од отворот на Хајнекен лименката без отворач оти си играв со
    него, за на крајот да го скријам в џеб и да го залепам на едно многу
    битно место за мене.
    Имаше спомени од ископини на ѕидојте на дневната и стари пари и
    муштикли. И онакви, чоканчиња и мирис на турско кафе сварено на
    плинско. И тогаш го глеавме Сенки на Милчо Манчевски и се створи кругот
    во кој на рипит беа клаени двете песни. А и Охрид досадвав со песните,
    дури и насилно ми беа менвани а рипитот се расипваше ко ќе беше од туѓи
    раце дофатен, знајш така?
    Аааа еднаш ко бев многу растроена поради миљон хормони кои вриеја во
    мене и создаваја невидени кулминаци претворени во бели шорцој со
    хавајски цветој и ракија и кафе во 12 сато по полноќ? И испраќање во
    раните утрински часови од џенем? И трева која шушка под небо послано со
    ѕвезди кои создават слепило и лепливи допири од моите дланки
    произлезени?
    А еднаш едно домашно вино во една чаша долу со цвеќиња, бело беше
    виното. И матурски костум со тенка гравата изгравирана од некој мирис
    туѓ. Туѓ беше тој мирисот на кошулата и туѓи беа допирите на туѓите
    дланки и лесното нишање со раката. И туѓи беа чуствата во мене шо се
    создаваја и ја потиснуваја среќата макар и да беше лажна. Зеленило од
    нејасни емоции помешани со будни ноќи под чаршафите со Вини Пу.
    А се сеќаваш дека ми беше страв сама да спијам в децка? Или дека еднаш
    чактисав дека всушност содржиш неверојатни затворени вистини? И дека
    умирав под мирисот на цвеќињата кои мајка ти ги чува на тераса на лето?
    И дека го сакав ветерчето кое ми ги стресваше колењата ко ќе беше џамот
    отворен? И дека цигарите секогаш ми беа смачкани во чантињата? И дека
    каснев сто сати?
    Coz it comes form my heart.
    I was acting apart.
    Еден бакнеж, безброј сни.
    И дека комарците ми ја сакаја благата крв шо ми вриеше од киселото
    вино? хахах. И дека сакам само да можам да те слушам како некогаш. И да
    бидам површна. Можам да бидам?
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Пет 12 Јун 2009, 01:55

    Розов слон


    Розово,розово, хахаха ,розово.Се е розово па и мојот сон од соништата.
    Колку само е прекрасен,ах,многу е убав.Од маглина се тркалаше нешто налик на розово топче.Полека по полека измаглината стануваше се по чиста така да розовото топче повеќе личеше на розова топка ,која кога измаглината сосема се отргна јасно се гледаше мало розово слонче.Ја тресеше својата глава на која беше насобрано суви листови,а големите уши му удираа по очите па неможеше да види ништо пред себе.А,сурлата,хихихи,сурлата се тресеше лево,десно како некое црево за гасење на пожар.На главата имаше некои златни ресички во боја,шаренило што мислиш дека блескаше на сонцето кое ѕиркаше меѓу гранките на џиновските дрвја.А,и на четирите негови стопала имаше некои прекрасни панделки,розови,како и розовото слонче.На плешките имаше прекрасно седло на кое безбрижно седеше мајмунче играајќи се со бонаната и ананасот.
    По долгото трчкарање лево десно стаса до една патека опсипана со безброј шарени цветови.Ах,колку само прекрасно мирисаа цветовите.Занесена од миризбата за миг од мојот видокруг исчезна розовото слонче.Па каде е?Каде исчезна?Тргнав по стапките на слончето,кое остави трага врз цветовите од неговите тешки стопала.Ах,да, го стасав,и не беше многу далеку,но пред мене се отвори друг,необичен видик.Слончето стоеше до крајот на патеката,а пред него широчина од зелена трева.Веднаш,зад ридот, се издигаше прекрасен розов замок.
    Не верував на своите ширум отворени очи па морав да ги протријам.Но,се беше исто,прекрасно розово.Пред замокот гордо стоеше голем розов слон,намуртен и налутен,како да сакаше да покаже дека неговите правила на игра се строги и нема попуштање.Зад слонот стоеше уште еден розов слон,накитен како и малото розово слонче.И покрј намуртеноста на големиот слон,нечујно се провлече стрчуваајќи се кон малото слонче.Каква глетка,каква убавина,милина на душа.
    Малото розово слонче не се поколеба да се стрча во прегратката на долгата сурла која се тресеше од радост.Малото слонче конечно ја најде својата розова мајка, која три дена го бараше довикуваајќи го со песната на розовите слонови.
    Нивните сурли личеа како раце милуваајчи се по главите.Загриженоста на розовата мајка како во еден миг да исчезна нежно бришејќи ги солзите на розовото слонче.Кутрото,колку долго ли талкало дури го нашол патот до розовиот замок пронаоѓаајќи го своето семејство.Таткото,розовиот слон ,скришум ги избриша своите солзи од очите сокриваајќи ги со сурлата.Не сакаше да ги покаже своите нежни чувства пред своето розово семејство,некој мора и да е строг.Но,сепак неможеше да се воздржи,од неговите тажни очи потекое рој солзи,кои ниедна голема сурла неможеше да ги сокрие.Малото розово слонче фатено за сурлата на неговата розова мајка застана пред големиот слон поклонуваајќи му се.Бараше прочка за неговите палави игри кои далеку го одведоа од замокот.А и да не се поклонеше,зарем големиот слон не ќе му простеше,зарем не би попуштил пред неговата детска розова глава?
    Секако,неговата лутина исчезна штом малото слонче од своите плеќи го симна мајмунчето кое сеуште го дојадуваше ананасот.Ах,да,мајмунска работа,неможел подобар другар да најде освен оваа мајмунче.Па добро,нека му остане само несакам повторно да ги мајмунисат работите.Неговиот поглед се зборуваше,а малото розово слонче ги прочита очите на големиот слон.
    Повторно завладее хармонија помеѓу розовото семејство,и повторно радосно урликнаа со сурлите.
    За мое изненадување од розовиот замок излезе царот и со песна ги повика розовите слонови,а тие пак грациозно се поклонија пред него.
    Розовите слонови биле царски слонови!
    Прекрасно,до тогаш немав видено царски слон и уште розови!
    Маглината ми го намали видикот и се послабо ги гледав розовите слонови,а замокот полека по полека исчезнуваше се додека ширум не ги отворив очите будеејќи се од мојот розов сон.
    Бев тажна,ми недостасуваше розовото слонче и розовото семејство.Поминаа неколку недели,но и понатаму ја чувствував истата тага.И,случајно,сосема случајно шетаајќи се од излог до излог здогледав стаклени розови слонови,две поголеми и едно мало розово слонче.Их,кликнав од радост и среќа.Воопшто не се двоумев да ги купам колку ии да беа скапи.Влегов во продавницата и нестрпливо ги гледав розовите слонови.Мојот разигран поглед го забележа продавачот нудеејќи ми многу други стаклени предмети,стаклени животни,но јас токму нив ги сакав,токлму прекрасните розови слонови.Во очите на продавачот се гледаше тага,не сакаше да ми ги продаде розовите слонови,едноставно се приврзал за нив кои во дуќанот стоеле веќе пет години и досега никој не прашал за нив.Се чувствуваше како да земам дел од него,дел од неговата душа.
    -„Прекрасни се,ми беа коко семејство„.
    Се нажалив и се сетив на сонот.А можеби и му биле семејство во некој минат живот?Можеби во мојот сон тој всушност е и царот?
    Се поколебв,а во исто време ми беше жал што морав да ги оставам розевите слонови,несакав никого да разочарам,да оставам несреќен како и продавачот.
    Се поздравив со него и онака успат,во кратки црти му го раскажав сонот за розовиот слон.Во неговите очи блесна некоја искра на среќа и радост.
    -„Па добро,земи ги,ти ги поклонувам розовите слонови„
    Се зачудив на неговата несебичност,и со прашалнички поглед погледнав во него.
    _„Слободно земи ги.Гледам дека ти добро ќе се грижиш за моите розови слонови„
    Неговите слонови?Дали сонувам или е јаве?Во рацете ги држев розовите слонови што ми ги даде.Ги гледав како се прелеваа на сончевите зраци.Ги допирав и вистински бев среќна.Нивната магична убавина ја разнежи мојата душа која се растопи од прекрасното чувство на допирот.
    Сега розовото слонче е во мојата соба и заедно сонуваме розови сништа,прекрасниот замок,розовите слонови,патеката од шарени цветови,зелената трева,а на тревата царот кој молкум тагуваше по розевите слонови,по розевото семејство.

    Даница Петровска „09„
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Чет 02 Jул 2009, 22:15

    С И Л У Е Т А

    Се нишаа гранките од силниот ветер удирајќи по прозорецот. Дождот прскаше по стаклото замаглувајќи ми го видот. Оваа лето повеќе личи на есен со овие силни дождови така да повеќе време останував во својата соба со поглед упатен кон улицата.Ги гледав луѓето стиснати во своите намокрени алишта брзаа на кај своите домови.Ги изненади времето,од сончево се претвори во силен дожд,и тоа студен дожд.Го отворив прозорецот за да влезе свежината од дождот,но повторно го затворив,дождот навлегуваше и во собата.Повторно седнав до прозорецот гледајќи ги мокрите улици по кои течеше река од дождот.А што друго да правам, кога сум без светлост,без компјутерот,без телевизорот...дури неможев да си направам кафе.Снема струја од силните грмотевици...кога ли ќе престанат,се плашам од нивното силно трескање.Небото личеше на болно поле на секавици кои изгледаа моќни,светли,а воедно и прекрасни.
    Улицата од мојот видокруг беше сосема испразнета освен една машка силуета која чучеше под некоја стреа од куќата.Го знам човекот, често поминуваше и мислам дека тука некаде живее по таа улицата накај цигланскиот пат.
    Стиснат во своите излитени,искинати алишта настојуваше да се заштити од силниот дождот покривајќи се со крагната од пожолтеното палто.Со него секогаш одеа и три,четири кучиња,ги чува,им дава по некое перче леб.Кучињата му беа се,и деца и другари и комшии.Одеше сам,никој не му се приближуваше поради страшниот изглед.Има долга измаснета коса,лице обраснато во брада,но понекогаш знаеше и да ја избричи.Си свирка некоја песна,така е и сега додека го гледам како силуета зад замаглениот прозорец.Знае да се расправа и сам со себе,да зборува со невидливи личности познати само на него.А кучињата,негови
    верни другари горди стоеја до него,изгледа дека само тие можеа да го разберат,да бидат со него додека мрмори под мустаките.Му здосади од стоење и седна на земјата.Седеше така долго,мислам дека го фати дремка.Дождот сеуште паѓаше и мислиш никогаш не ќе престане.Човекот како да беше отргнат од некој сон.
    Скокна на нозете и застана на сред улицата.Почна да се врти во круг и пееше на
    цел глас.Изгледа му се сврте во главата,ја изгуби рамнотежата стрполувајќи се на улицата.Се смееше гледајќи кон темното небо од кое се слеваше дождот.Дождот паѓаше по неговото лице од кое настојуваше да ја измие насобраната кал од улицата.Повторно застана на своите нозе тетурајќи се лево десно.Откако се смири и исправи свирна со устата давааќи им сигнал на своите кучиња дека е време да тргнат.Не му пречеше силниот дожд,не настојуваше да се сокрие продолжувајќи по патот.Од мојот прозорц човекот полека по полека исчезна како силуета се додека сосема не исчезна.
    А човекот и личи на силуета,затворен во својот свет,во самиот себе.
    Даница Петровска „09„
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Прозен shit

    Пишување by Alive on Сре 08 Jул 2009, 21:29

    COMEBACK FROM HELL!!! rock and roll



    Сурова реалност

    И како што ми минуваа овие летни денови проследени со дожд, имаше и многу променливи мисли во мојата глава. Под влијание на времето најверојатно. Имав само 18 години а не се чувствував така. Нешто ужасно ме печеше во градите, ми создаваше негативна енергија, едноставно сакав да скршнам од мојот колосек. Да не бидам тоа што сум сега или што сум бил некогаш. Сакав да бидам друг јас. Но сфатив,
    се ќе беше така залудно ако ја остварев таа промена. За среќа останав сам без поддршка и сфатив дека другите го сакаат вистнското јас на некоја личност, и дека посекако ќе ме напуштеа без разлика како изгледа моето его. Морало да биде нешто друго.

    Помошта не е ценета од секој, за жал. Но, многу доцна го сфатив тоа. Го сфатив откако се изгорив многу пати. Но сега е поинаку. Моето јас не е променето, но едноставно се обидувам да го заштитам и засега добро ми оди.

    Сега, баш сега, седам во мојата темна соба, слушајќи музика и свирејќи на мојата гитара. Барам инспирација во најмалото, најнезначајното за сите, но не и за мене. Едноставно се е релативно. Релативноста е мотивот кој ме одржува во живот. Среќен сум што не знам што ќе биде во иднина со мене или пак со другите, што не знам дали ќе биде нешто добро, или пак лошо. Сакам да остане тоа така
    вечно.

    Вселената е најрелативното нешто од каде што го црпам мојот мотив и мојата инспирација воедно. Скептиците во тоа небо гледаат облаци, небо и ѕвезди. Јас во нив гледам сè, сè што другите не гледаат. Во една ѕвезда се кријат многу тајни, чувства, спомени, обележја. Таа видела многу повеќе од нас. Таа не постои само еден час, колку што постои некое бебенце штотуку родено. Тоа ќе види уште многу, а
    ѕвездата, ах таа ѕвезда. Зошто нема уста па да може да ми раскаже за нејзиниот живот? Дали и таа е осамена како и јас? Не знам дали е така, затоа што знам, таа никогаш нема да пушти никаков глас. Но сепак се надевам. Надежта е нешто необјасниво, непроценливо, нешто кое не тера да направиме некои работи за кои што никогаш не би помислил дека сме способни да ги сториме.

    И ете, во цутот на мојата инспирација влегува некој во мојата соба.
    “Ајде да јадеш.” – рече мајка ми. Како последниот витез во замокот на мојата фантазија го сруши главниот столб и исчезна тој замок како прашина. Пропадна идејата во вода. Добро, ќе се врати пак, имам сили да ја вратам. Ете, се најадов. Ама душата ми е гладна сега, за мислата која претходно ми лежеше во мојата глава. Но, не е важно. Важно е нешто друго. Ќе бидам краток. Конечно сфатив која е мојата вистинска потпора. Пријатели немам, нема ни да имам, или ќе се разбегаат кога ќе ми требаат најмногу. Тие не се пријатели.

    Сфаќам што ми е останато во моите раце. Тука се секогаш за мене, мојата гитара, листот и перото за да опишам една моја замисла на лист хартија и мојата желба да трчам, да тренирам да се доближувам до совршенството. Љубовта и не ми е така потребна. Барем не сега, како што си реков себеси пред некој ден: ми треба љубовта од моите најблиски а после некоја поинаква љубов. Да, да баш така. Што и да правиш, што и да промениш, не е така важно оав е црно-бел свет преполн со скептици и пакосници, не живееме во сино-розев свет тоа го сватив уште од малечок. Колку и да се бориме за нашиот сон и во него да ја бараме неговата магичност, треба да го побараме и моментот да се разбудиме, нема никаков сон, само суровата реалност.
    avatar
    cernodrimski

    Male Мислења : 135
    Местолокација : skopje
    Зачленет на : 2009-07-11

    Прозни искри

    Пишување by cernodrimski on Пет 04 Сеп 2009, 16:15

    темава ја отворам бидеќи видов дека нема тема за поставување на прозни дела од членовите на форумот,ова што го поставува е само уводниот дел од расказот,-Договор со Смрта
    avatar
    cernodrimski

    Male Мислења : 135
    Местолокација : skopje
    Зачленет на : 2009-07-11

    Re: Прозен shit

    Пишување by cernodrimski on Пет 04 Сеп 2009, 16:15

    Договор со Смрта.



    -Стрико Атанасе,ејј стирко-викаше детулево нешто посабајлина,ама како од бунар да му доаѓаше гласот,го слушав,ама ликата не му ја гледав,кога ги сетив тоа шлапатарките негови како ми ја дрмаат снагата силно тогај поарно погледнав и го видов пред мене-стирко атанасе ме гледаш или пак забега ти со паметот.
    -Ами право да ти кажам,сум забегал,сум забегал страмота е да те лажам-му одговорив искрено на Благојчо Неделков.
    -стрико,тебе некоја голема мака мора да те натиснала,шо вака секоја собајлина те гледам,ќе седнеш под дудинкава,ќе си ги наполниш градите со црни чемери,а мискојнава сива што ја пушташ од чемерот твој туку евеја на прозор кај мене,ќе се залепи и ме буди ранорано,
    -ако сакаш и ти некоја драм од чемеров да ти свиткам-го прашав а тој само шеретски се насмевна и ме одби учтиво,а беше културно детулево,и школувано,и од домаќинска куќа му беше семката.
    -сполајти на понудата, исто како да сум земал, туку ај да си сркниме од кафево што ти го донесов,па после да ги растресиме заспаниве гради со по некоја капка од лудачава,е после што ќе прајме ќе прајме.
    Го погалив родителски по косата,пробав да ја сокријам солзата која како некој скриен кодош да ми седеше во аголот на окото,па сега кога раката галеше,таа предавнички истрча да се покаже,не му избега меретната на оштрото око на Благоја.
    -ти плачеш.
    -не јас онака по старски си го замивам образот,ме мрзи да одам на чешма да се заплакнам,па ете одвреме навреме ќе прокапи по некоја солза која ќе ми ги турне гурелките залепени.
    -Не не ти плачиш оти имаш некоја мака,ако не си арен,еве денес ќе одам вград па бујрум со мене,ќе те однесам на лекар,нека те прегледаат додека јас ги завршам сите работи,што велиш.
    -остај ги настрана тие работи,арен сум арен сум,сум издржал и побетер од овие дни.ќе мине брзо исто како облачето што брза пред сонцето да не го изгори,ќе мине синко.
    -како сакаш,само да не си ми во мисла,ај ќе те молам барем надве натри кажими што си ми така денес нареден со бигори.
    -долга и широка е мојата приказна,синко,долга колку што се долги сите истечени води на Вардаров во Егејот,ете толку е долга ама и широка мојата приказна,оди ти денес бркај си работи,па кога ќе се вратиш,ќе ја опрајме тука под дудинкава,можеби за мене ова ќе биде уште една долга и непреспана ноќ,но барем нема да биде празна,ќе ја исполна вечерва проклетницата со многу зборој,ќе и ги истурам,па нека се јадосува таа,нека и таа малку налепи од чемерот мој,нека и таа малку офне во мугрите,нека и таа малку зацвика кога волкот ќе завија на полноќ.нека и нејзе и затрепери темнината кога ветерот ќе ги разбрка лисјето полускапани на триста страни,па затоа оди оди дете вршисиги твојте работи,па кога ќе се измориш,елај тука вечер под дудинкава,да ги исправиме сите криви друмој.
    Го лизнавме,го шмркнавме кафенцето молчешкум,ја истуривме лудачата по градите да ни рија како аждаја,да копа по жоличките,да ископа уште некој заборавен спомен,па откако и тоа сврши,стана Благоја,се извини понизно,небаре со царот пелагонски муабетеше,и замина,замина детулево,а јас останав со мојата секојдневна друшка,ѕверот со сто лица,останав со мојата глува нодркса и безобразна самотија,денот некако почна да ми бега,а бегаше меретниот оти јас не го мерев времето,па затоа тој мислеше дека е секогаш предвреме,кога ќе се фатев за саатот е тогај ќе се сепнеше,и јас барабан со него рамо до рамо ќе застанев,ќе му сенасмевнев онака невино детински и ќе му речев на денот.
    -а кај одиш ти без мене,мислиш дека ќе најдеш некој подобар од мене,па тој ќе те направи поубав,тој ќе те направи повесел,абре будалетинко извејана,па зар несвати овде во оваа пустелија останавме само старци ,остарени недоквакани,доодени,знам знам дека сестрати ноќта е побогата од тебе,знам зошто се лутиш,навечер во оваа пустелија и малдежот се прибира,па така таа повесела од тебе со некоја скриена воздишча,со некој прв бакнеж,со по некоја сочна пцовка,те знам зошто си лут,и зото така бегаш од мене,туку ај што сум се расприкажал толку ,ај да се фатам на некоја работа,ај да те исполнам и тебе,ама ќе те молам да не се мрштиш ако видиш дека ја работам истата работа од вчера,префати овде однеси таму,немој да се мрштиш,или недајбоже ти текни како што си улав со паметот,па да ги викниш оније твојне ортаци,улајне ветришта,па тука да напраат како некни боиште невидено.ај сега одиси ти по патот што треба да си го издиш,кога ќе се измориш,поседи ај јас кроце кроце ќе те фтасам-си зборував секој ден така самиот со себеси,не ми беше важно дали денот ќе ме слушне,не ми беше важно дали ќе ме свати сериозно,ама јас си зборувам,ете некој старци од селово пуштија некој гласој дека натемаго паметот ми го зел,кога сум одел сум зборувал сам со себеси,дека ме воделе секој ден триста ѓаволи,дека сум одел по нивните улавштини,само некаги нека ломотат,ако не ломотат ќе онемат,устата ќе им испука од крастите молчеливи,кој секогаш доаѓаат кога ја држиш устата затворена повеќе од три дни,така велеше поп Цветко кога проповедаше,дека устата била за јадење и зборување,дека ако не била устата бадијала ќе ни биле сите наши мудрости,ќе немало кој наглас да ги прочита,да ги каже,којзнае,можеби и имаше право Цветко со неговата попска филозофија,ама понекогаш и немаше право,но селаните сепак го дослушуваа,оти бепе свет човек,оти тој само тој ја имаше таа привилегија,кога ќе влезеше во олтарот да прави муабет со Господа дирекни,Поп Цветко ќе му запееше и низ песна ќе му ги кажеше нашите маки,а дедо Господ милостив,ако земјата ни испукала,ќе ни пратеше некоја кашка дожд,дождот ќе ја навлажнеше земјата,амаи од нас ќе ги симнеше гадотиите,оти ние имавме обичај кога ќе заврнеше многу дожд,излегувавме сите кој кај стигне и се тријавме со сапуни,така преку алишта,со триењето,гледавме да го симниме сиот собран страв што беше се завлекол и во алиштата,ќе се тријавме со свинките сапуни,селото за миг ќе се исполнеше со бројни мали меурчиња кој се мешаа со капките и потоа исчезнуваа.
    Се тегнеше денот небаре ластик од коперација е донесен,ама не му давав мира,каде тој таму јас,тој чини еден чекор,јас напрај еден чеко,неговиот поголем,мојот помал,ама гледај чудо ако чекореше наголемо а јас со мали чекори,гваеешки еден до еден одевме.не ни забележав кога полека од планината се смкна мракот,кога ми натежна на плеќиве,се опулив поарно и видов дека е време да ја запалам електриката,светна лажната белина,светна и го осветли дворот,сега кога си ја донесов меселината во дворот,седнав изморено под дудинката и пак негде зафатив со паметот да шетам по некој убави спомени,кога се видов како пијам вода од кладенецот на стојановата чука,ми се врати силата,незнам дали од бистрината или од ладовината која ми протече низ градите,ама криљата ми пораснаа,не беа оние ангелски ако некој мисли,туку овие беа оние детски,бели убави и неиспраскани со ниедна животна гнасотија,на ниедно крило не беше налепила ни една туѓа пизма,па тие беа така лесни и брзи,да само што си посакал тие те однеле на место.
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Пет 04 Сеп 2009, 20:13

    Твое е делото?
    avatar
    cernodrimski

    Male Мислења : 135
    Местолокација : skopje
    Зачленет на : 2009-07-11

    Re: Прозен shit

    Пишување by cernodrimski on Пет 04 Сеп 2009, 20:57

    Да,кажими зошто така изненадено прашуваш,ова е само уводниот дел,и расплетот е сосем различен од почетокот.
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Саб 05 Сеп 2009, 23:11

    О не,не сум изненадена туку не го гледам твоето име на текстот па затоа прашувам.
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Пон 07 Сеп 2009, 00:09

    ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ

    Покрај сите обиди да побегнам од реалноста повторно се враќам на мислата ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ.
    Не,овој свет што ме опкружува премногу се со безброј лица.А дали сум и јас една од тие!?Нeсакам да сум како и сите , заслужувам да умрам,заслужувам да се жртвувам.Сакам да го отфрлам крстот што со векови го носам на плеќите,премногу ме боли душата,болка која насекаде ме прати,сенка од која неможам да побегнам.Ќе бидам жртвеник за сите вас,не,нечудете се ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ,заслужувам оти многу болка и јад се насобрало и во вашите души криејќи се зад вашите безброј лица барајќи тронка надеж дека еден ден ќе ја дознаете вистината на вашето постоење.
    Кога ќе бидам на крстот не сожалувајте се над моето напатено тело...јас на крстот ќе се искупам за моите гревови,тогаш ќе воскреснам во моето друго тело,ќе воскреснам во вашите мисли,во вашите души.
    На моите усни ќе останат зборовите:ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ.

    Крст носам,тешка планина е
    Крст носам,душа распарува
    Крст носам,срце крвари
    Крст носам,тело закрепнува

    Од душа,срце крст мој
    од болка венец плетам
    од солзи река создавам
    од тело соколи ранам

    Плач јас нема да слушнам
    ниту солза од очи видам
    само еден збор од мои усно
    ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ.

    Даница Петровска
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Прозен shit

    Пишување by Alive on Пон 21 Сеп 2009, 15:33

    Nutshell (Ништо) - Моменталниот опис на мојата потсвест

    Ги загубив сите другари. Или пак ги оттргнав од мене. Ама тие што ги
    оттргнав не заслужувале да се покрај мене. Тие пак што ми се другари не
    се покрај мене. Не ми е тешко да бидам сам, колку што ми е тешко што
    сум без некој кој може да ме направи среќен. Се ме мачи психички.
    Запаѓам во гранџ водите, каде депресијата е потпора на постоењето на
    гранџот. Не сакам да бидам ваков. Ама и не сакам да живеам
    социјализирано повеќе. Се ми е некако излитено, како стар олд скул
    постер на ѕидот, чие значење веќе е заборавено, како и причината за
    моето постоење. Дали, зошто, како, зарем повторно исто; се зборовите
    т.е. прашањата кои си ги поставувам себеси. Заспивам во тишина, се
    будам во немоста на мојата исконска става. Заспивам повторно. Се будам
    во нем плач на очај и агонија. Навикнав на една работа која ми станала
    секојдневие. Но, најискрено, не сакам да продолжи. Барем не овој пат.
    Никогаш повеќе не сакам да посоти. Не сакам да има тага во мене, иако
    уживам кога сум тажен. Не сакам да трагам по неиспишаните лаги, нити да
    го барам патот на времето. Не сакам да бидам осамен борец во оваа
    битка. Не сакам да бидам како расплачено дете, незгрижано од никое живо
    битие. Не сакам мојот единствен дар да биде силуван како бескрупулозен
    предмет на изживување. Мојата приватност, сакам да остане само моја.
    Сеуште се наоѓам себеси, како седам покрај себеси, повторувајќи си во
    мојата глава: "Ако не можам да бидам лично јас, моето постоење е
    залудно. Нека пепелта моја се разлета на врвот на некоја планина. Да
    бидам слободен, да не оставам никаков траг, ни глас.". Се испостоветува
    дека сепак сум под влијание на музиката, а можеби и на минатото на
    гранџ движењето. Нивните идеи, замисли, нивната фантазија, нивната
    бесцелна желба која оставила длабок траг во нивните животи кои веќе ги
    нема. Како заробена аура во тегла, чија светлина згаснува, заминува во
    небото, пратејќи ја пепелта моја, пратејќи ја нејзината трага. Дали сум
    мртов? Или тоа се случува во мојата психа? Дали треба да го
    почувствувам тоа и физички за да сфатам што всушност сум, што всушност
    сум бил и дали вреди времето кое сум го поминал и кое ќе го поминам на
    тлото на ова парче земја?
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Прозен shit

    Пишување by Phoenix on Пон 21 Сеп 2009, 17:25

    извадок од мојот роман .. Богатството на Мите

    Згрме многу силно , громот како да удри до неговата соба, како да сакаше да му каже стани детенце денес е празник.Малото дете исплашено и изненадено од силниот удар скокна од креветот погледна пред себе и му стана јасно дека тоа беше само едно обично грмење. Излезе ги зема своите стари гумени влечки сошиени со тутунски конец , оној истиот што го позајми од својот чичко кој одгледуваше тутун.Зачекори по калливата улица и намерно шлапкаше по вировите .На неговото лице се гледаше убава детска насмевка а од неговите очи се одблеснуваше светлината.А зошто би се грижел кога тој не беше искаран ниеднаш ниту пак добил шлаканица. Тој беше многу умен и знаеше како на сите да им угоди . Продолжи да оди и да гледа кон соседските дворови радосен што разнобојните цвеќиња и јорговановите дрвца му ја разубавуваат улицата. Застана пред дворот на другар му Трајче погледна и си помисли , камо да беше таткоми дома па и ние да си испечевме месо за празников , ја наведна главата и се натажи. Продолжи да оди и да запазува детали по многубројните дворови , луѓе испоседнати распеани и весели , мирисот на скарата го претвори маалото во гостилница , малиот Мите подголтнуваше но не се осмели да влезе некаде и да побара парче месо , знаејќи дека неговата болна мајка нема да го одобри тоа .Таа често му кажуваше дека иако се сиромашни сепак имаат што да јадат и дека нема потреба да бараат по луѓето. Уште само неколку метри го делеа од продавницата во која беше упатен да купи леб и како нешто да насети , го изоштри погледот и здогледа средовечен човек во црн капут ...

    продолжува..




    Г.Гоце

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Прозен shit

    Пишување by Cinnamon* on Пон 21 Сеп 2009, 18:02

    Мислам

    Мислам дека сонвам. Постој се, постојам јас. И ти постојш.
    Неконвенционални илузии предизвикани од сударот со невозможното. И ти
    уште постојш. Ме крши, ме сечи мирисот на љубичици помешан со спомени
    од квечерини летни и нокти изгрзани до бескрај. Чад од цигари надвиснат
    над ликовите од сенки создадени. Жед. И ти уште постојш. Умирам покрај
    мртви ветувања, ме убиват сите твои нереални прикази на изобличеното. И
    ти уште постојш.
    Мислам дека се будам. Постој нешто, постојам јас. И ти постојш. Пробвам
    да те прашам нешто и ти исчезнуваш заедно со мирисот на ефтини
    дезедоранси и црвени кармини. И пак, постојш. Ме јади вкусот на
    кнедлите в грло шо ми заглавуват. Црвени нокти и боцкави влакна упаѓаат
    во кадрите наместени. Глад. И ти уште постојш. Бегам од секогашноста,
    ме тргаат сите твои планови недопланирани.
    Мислам дека дишам. Не постој ништо, постојам јас. Постојам и лебдам над
    небото од нечија рака набоено. Се плашам да се отворам, мислам дека
    небото ќе го снема и дека ќе биди се обично. Ти постојш. Се граничам со
    својата изопаченост, мирис заборавен од годините кријам под насмевките
    со погледи збогатени. И ти постојш. Се кријам, се кријам под чадори,
    како шо се крив под мастики, мирис на лук како што сакав да заробам во
    четири ѕидови. Флегматичен вкус на лубејнца се меша со неоткриени
    вистини. Сон. И ти уште постојш. Замислувам црни матурски фустани, ме
    занесва ударот на ѓупски тапани и се враќам назад кај твоите фантазии.
    Мислам дека сонувам. Не постој ништо, не постојам јас. Само ти.
    Постојш. Постојш и сонуваш, солзи никаквици лиеш поради изгледот на
    моите нозе во твоите пижами и калините шо ги кријам под јазикот. Се
    будиш и ја замислуваш мојата соба и трепетот на стапалото врз мојот син
    тепих со Вини Пу. Го бараш трепетот, го превртуваш пробваш мене да ме
    најдиш таму. Ама, само ти постојш. Имитација на уморени прегратки
    исткаени од рефлексијата на сончевите зраци од моите црвени наочари за
    сонце. Жед. За онде. Глад. За навика. Сон. Постојам јас, постојш ти.
    Ништо друго не постој. Освен моите жолти чорапи на работ од креветот.
    Сандра. 23.05
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Прозен shit

    Пишување by Phoenix on Пон 21 Сеп 2009, 18:08

    Сандра ми се допадна многу тематиката и начинот на кој е напишано ..полно со чувства и измешани мириси . интима блискост и далечина..Сонце и Месечина... а да и Надеж!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Прозен shit

    Пишување by balAlajkA on Вто 22 Сеп 2009, 10:40

    ах Сандра... твојата лирика е неизбежна. Мислата течи, само била пресилна за поезија. затоа совршена за интимна исповед во проза. на моменти се почувствував како да читам од нечиј дневник. толку соголено! секоја чест
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Прозен shit

    Пишување by prozaque on Нед 27 Сеп 2009, 20:38

    How the american culture expel the Vampires from Skopje (a short text about craving hunger)



    The following story takes place somewhere in the city park of Skopje in a Friday night around midnight...

    -More wine dear Gerassimiuss SargoLIOTh?
    -Please, Prozaque VermoLIOTh, let us toast for our immortality, and pitty the meaningless lifes of the mortals - the fools!

    -Ah, the night is young and filled with lust for human flesh, shall we hunt, оr shall we simply enjoy the hollowness of this night?

    -Dear, Prozaque VermoLIOTh, our pale skin demands a pink nuance from time to time, this awful Kavadarka couldn't possibly accomplish the cosmetic treatment that we require.

    -But ma cherry, the wine soaks your beautiful lips, goes perfectly with your crayon and the satellite capillaries in your beautiful eyes..

    -You must do better than your cheap compliments to change my mind...Now come on, don't be such a provincial vampire and lets have ourselfs some worthy feast.

    -What worthy feast?Have you looked on the menu lately?All we have is some EMO - kids, those anemic metalheads and those Goth fans who are probably full with themselves.Our presense doesn’t put chills on their backs, nor fear in their hearts.They celebrate and adore us like we are glamorous icons.We are the symbol of beauty, sexual lust, power and control.Thats not the way grandpa Vlad made plans for our race.Where is the terror factor?

    -But still darling, under their heavy make up and dark clothing they are ordinary people, who desperately want to impress with controversy and “originality”. Don’t be confused from their fake skin.Underneth it, still runs the good old 36,5 0 C red juice.

    -Sorry ma cherry but my taste is far more raffined than some patetic losers that poorly imitate our dark style..What happend to the times when you could sink your teeth in some juicy peasant girl..Damn you american pop - culture, you have pursuaded the hunted to worship the hunter,the exucuted to fell in love in their executor...Where is the fun to suck those whom the life have already sucked them?.Where is the joy of the rapist when the raped enjoys his attack like an unussual sex experience?There is none I tell you this Gerassimiuss SargoLIOTh, and I think we've saved some brain-storming to the psysics when it comes to the Nothingness of the Universe.It isn't in the deep space, its in people's brains,hearts and souls.

    -Oh mon cher, even for blood-thirsty creatures like ourselfs this world becomed unbareble place to live in.Craving hunger par excellance..It seems that we should retreat in the folklore where we belong.We’ve expected a fine restaurant to satisfy our appetite, but all we found was this dirty old saloon.

    -Come darling, I think we should be going now, the dawn is sneaking up on us, let us forget this city and disappear


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Прозен shit

    Пишување by Alive on Нед 27 Сеп 2009, 23:09

    Солза

    Се запрашала дали постојам? Се запрашала ли дека можеби имам чувства? Се запрашала дека можеби ненамерно (барем се надевам дека е така) ме повредила? За се што не се прашува таа се прашувам јас. Дали ова беа моите два најужасни денови од мојот живот? Сеуште не можам да одлучам.

    И после се што ми рече јас не можам да сфатам зошто тоа било така. Најтрагично е кога некој ги знае твоите чувства што ги криеш токму од него. И ете, и јас, како и многу други така се изгорев. Како што постојат два стихови од една песна:

    " Не ми е тешко што сум сам,
    тешко ми е што сум без тебе."

    Така можам да додадам два стиха од мојот ум слични на овие:

    " Не ми е тешко што ме навредија,
    тешко ми е што ме навреди ти."

    Сеуште храбро се стискав во себеси да се смирам, да заборавам на тие зборови, да заборавам на тој момент, кога на нејзиното лице немаше ништо, кога на нејзиното лице ја немаше насмевката која најмногу ја сакам, а таа "не знае". Се обидов да заборавам. Успеав, само на момент.

    И тогаш одѕвона нејзиниот глас:

    "Не ми се обраќај повеќе."

    Умре нешто во мене. Се почувствував како Боки 13 погоден со домат в лице. Шега. Се почувствував како гулаб без крила, кој нагло паѓа, и треснува на калливата улица, осамена како и јас. На таа улица во тој момент не поминуваше никој, а и тие што поминуваа не ме забележуваа. Тоа беше во моите мисли. А онадвор, на моето лице, се истркала едно топче во течна агрегатна состојба, кое засоли на моите усни. Среќа што не ја забележа никој, па дури ни таа. Издржав да не пуштам глас додека солзите се тркалаа по моето лице. Додека седев неподвижно на седиштето во комбето, со поглед упатен према планините, барајќи душевен спокој. Комбето пристигна пред хотелот, а јас набрзина, излегов, и се упатив кон собата, ја фрлив торбицата и се испружив на креветот, со погледот упатен према таванот. Не постоев на светов во тој момент.

    Подоцна, кога требаше да тргнеме накај Охрид, таа ми се обрати:

    "Што ти е?"

    Јас возвратив, револтиран и повреден:

    " Не е важно што ми е. Камо некогаш да можеш да почувствуваш како ми е мене. Да пролееш барем една солза како моите претходно од иста причина."

    Ме погледна очајно. Но, не ми беше важен нејзиниот поглед. Посакував да и се извинам за премногу работи што сум и ги направил. Што сум ја насмевнувал секогаш и што сум бил фин и културен со неа. Што секогаш сум и бил тука покрај неа како потпора и утеха за многу работи. Да и се извинам што ја сакам. Да и се извинам што ја сакав.
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Вто 13 Окт 2009, 02:19

    Моите демони

    Повторно,и повторно се спушта ноќта знаејќи дека моите демони ме чекаат штом очи склопам,штом полу заспана го слушам чекорот нивен во изгубениот не постоечки простор.
    Моите демони се слични на Фреди.Постојам во сонот и надвор сум од него,надвор од своето тело а сепак заробена во луспа наречено човечко битие.
    Демоните демнеат над моето тело,ме креваат од моето тело гледајќи го нивниот пекол заробени во моите очи,во моите сонови пипајќи ги нивните илузии и мечти.
    Пулсираат во моето тело одѕвонувајќи во мозочните вибрации,чучат во секој дел на моето суштествено битие.Светлосното тело издигнато над материјалното тело ги гледа отворените очи кои го гледаат пеколот на моите демони.
    Таа вечер клекната пред мојот олтар ја опејувам молитвата за спасение ,за мирен сон,да исчезнат моите демони создадени од мртвите коски на заборавени гробови скриени под тешкиот камен од каде се слушаат гласови од пеколниот крик на осаменици желни за вода и леб,за превриено вино ,за глас на саканите свои,за запалено кандило,за светлоста на свеќи за да својот пат го пронајдат.
    Тие се тука за да ме потсетат дека лежам над нивните заборавени и сокриени гробови кои сега над нив се згради со светлосни реклами,асфалтирани патишта од кој доаѓа хаосот на модерното време.
    Еден таков демон ме посети,се појави штом ги склопив очите.А сепак бев подготвена да се соочам со него, предчувство во моето тело пред да заспијам пред да ги склопам очите.И грешев..сепак сум грешник,но моите демони тоа не ми го простија.Ме казнија со изгубен чекор од далечина на просторот и времето од каде се појави човек со демодиран шешир и сако некаде од „45„-пета година.
    Ја почувствував неговата иронична насмевка од безбојното лице без контури ,од неговата желба да ме растргне осеменуваќи ме со мртвото семе на не плодност .
    Се парализира мојата мисла и беше заклучена во некоја пора на мозокот.Да,клучот!Мора да го пронајдам!Го пронајдов клучот и мислата се ослободи.Се сетив на евангелистите дека молитвата е спасот.“Оче наш„ми беше единствена мисла пронаоѓајќи го спасот.
    Мојот демон ја почувствува магијата на молитвата но сепак тој сакаше да биде последен кажувајќи ми порака за која подоцна настојував да го пронајдам кодот на шифрата.Мојот вечерашен демон си замина штом ги изговори неговите зборови.
    “Сега пред малку слушнав на телевизија дека се родил нов антихрист„
    Тој глас,таа порака,тој демон ме прогонуваше цел ден.
    Повторно,и повторно се спушти ноќта,мојот демон го слушнав од устата на мајка ми:
    “Сега пред малку слушнав на телевизија дека се родиле нови антихристи..група на секта и наркомани ги оскрнавиле гратските гробишта„
    Јас ја дознав пораката од мојот демон кој сакаше да ми ја пренесе во моите полу заспани очи,во мојот не реален-реален сон ..само кој да ми ја дешифрираше пораката во еден и дваесет минути по полноќ..гробиштата тоа утро во два часа наутро беа оскрнавени и оштетени каде крстовите од гробовите биле превртени од наопаку.
    Дел од моите демони.

    Даница Петровска „09„
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Прозен shit

    Пишување by Клеа on Сре 21 Окт 2009, 12:22

    Две маски

    Потпишав договор со две маски.Првата маска, е маска на среќен лик која треба да ја одигра својата улога во животен театар.Секогаш треба да е насмеана.Усните треба да и се растегнати и еластични,да се смее и кога не и се смее,па затоа при себе секогаш ќе си има невидлив лепак.
    Во тој животен театар маската има многу обврски,но и покрај тешкотиите со кои се соочува мора и треба да ја има насмевката.Таа има и тренинг пред огледало.Ќе застане пред огледалото и напорно ќе вежба се додека насмевката не и создаде халуцинација,е дури тогаш на сцената настапува онаа другата маска.
    Фтората маска ,е маска на без чувствителност.Знам,знам дека и е тешка таа улога.
    Но ,што е тука е,животниот театар знае да биде и многу студен така да мора да се привикне на студениот бран кој одвреме навреме знае да биде и многу студен.Нејзиното лице треба да е неподвижно,тогаш првата маска се повлекува од сцената.Тоа е многу напорно и за двете маски,но и за тоа постои тренинг.Кога првата маска се повлекува фтората маска треба да е подготвена.Како е возможно тоа?И за тоа има тренинг.Ќе застане пред огледало така што ќе биде облиена со ледени,железни чувства.
    Кога ќе почувствува дека не го чувствува лицето,кога и трне од болка дури тогаш ќе знае дека се е завршено.Тогаш ќе исчезне насмевката која веќе е како стипса.
    Кутрите маски,колку ќе го издржат овој животен театар?Од тој хаос во животниот театар ќе заборават која маска каква улога имаат па наместо насмевка на лице ќе биде без чувствителност,ќе се редат една по друга се додека не се распрснат и исчезнат и никогаш повеќе
    нема да ја играат таа улога во животниот театар на маски.
    Тогаш потпишаниот договор ќе исчезне како и маските.Добро,едно искуство повеќе.Можеби во следниот договор ќе има нови правила, кога маските нема да глумат,кога маските ќе бидат онаа што се.

    Даница Петровска„09„


    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Прозен shit

    Пишување by prozaque on Пон 02 Ное 2009, 01:25

    Неделна вечер(расказ без поента)

    Неделна вечер со пиво и цигара.Практикување на модерна алхемија.Спој на оган, вода, воздух и земја кои го облагодаруваат петтиот елемент на конзумерот.Подмачкување на квитиненсцијата.За да пишувам вакви безсмислици место да одам да си легнам.За да врежам дискретно некој напукан капилар во мрежата на испукани капилари.Пиво, цигара и слаба светлина од мониторот на лаптопот.Прекрасен начин да се заврши една неделна вечер.Да имал Шарл лаптоп и тој вака би финализирал неделна вечер.Се разбира, не со срање расказ како што е овој.Ама јас не сум Шарл, што ми дава комодитет во лошиот квалитет на пишаното, ниту пак вие сте Шарл па да ми судите дека овој расказ е срање.Оставете ме да пишувам што би рекол Слаткар.Племето негово лицемерно.Доста пивото ми го има подуено мочниот меур па сега и вие фалите да ми вршите притисок.Јас не претпочитам мокрење во креветот, ви кажав уште пред малце – не сум Шарл.Од уста не го извајв господин Бодлер, веројатно ме мисли.Еве почнува и десното уво да ми жежи шо е јасен показател дека негото пост-мортем битие ме опседнало.Или е тоа, или десниот радијатор е попуштен повеќе од левиот.Туку остајте вие топлификациски проблеми, пелељарата ми го испуши цигарето.Пуста навика.Ама шо да прам, од толку анти-пушачки реклами на човек потсвесно ќе му се одмилат цигарите и ќе ги остава во пепељарата до пола испушени и нормално ќе ги заборави..Оти пушењето бавно, ама сигурно убива.Како и самиот живот.Што мислевте вие, дека ако не пушите ќе живеете повеќе?Секако дека ќе живеете, ама ќе ви биди ускратено задоволството да пишувате безсмислен разказ на слаба светлина со цигара и пиво и пред вас чадот од цигарата да се извива апстрактни фигури кои на моменти наликуваат на еротски пози од млада девојка, а на моменти на вашата баба од село.Нели многу пропуштате?Не ми замервајте, Вадор Сал Илад ми го испра мозокот со неговите графики.И многубројните фалуси на нив, суптилно присутни.Секој со потребите и филмовите.Кога сме кај нив, јас ќе повлечам еден длабок дим сега и ќе пивнам од мраз ладното пиво.Да финализирам со алхемијата, пред таа да финализира со мене и да напрај Камен на Мудроста.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Sponsored content

    Re: Прозен shit

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:09