Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Наша поезија

    Share
    avatar
    ThUnDeR

    Male Мислења : 155
    Зачленет на : 2008-09-15

    Наша поезија

    Пишување by ThUnDeR on Пон 15 Сеп 2008, 17:21

    Она што се слевало од вашите и нашите мисли преку моливот или пенкалото на лист хартија извезено со најдлабоки чувства и емоции би сакале и ние да поуживаме во тоа.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Наша поезија

    Пишување by Batty on Вто 16 Сеп 2008, 12:25

    Сите оние што се родиле тука
    Никој не е среќен, сите се сосем сами
    а јас ке ја загрозам мојата положба вечерва
    Во Македонија - милионери...
    а и осамени луѓе со празни погледи
    Јас не барам љубов и сум изгубен во ноќта

    Во оваа заебана држава
    Има 2 милиони приказни
    Јас не барам прошка
    Во оваа глупа, заебана држава

    Улични вампири низ ноќта
    Млади заљубени, што пари за леб немаат
    А ова е не е мојот сон и мојата фантазија
    Неписмени луѓе со длабоки џебови
    Имам чуство дека сум во невоља пак
    Но мора да ја живеам мојата судбина

    Во ова заебана држава
    Во трка сме со ѓаволот
    Целата болка, целата тага
    Ке биде поголема утре
    Во оваа глупа, заебана држава.

    Осамени луѓе бараат нешто, осамени луѓе заминуваат
    Осамени луѓе бараат некого, осамените заминуваат!!

    Во Македонија - Милионери
    А и осамени луѓе со празни погледи
    Јас не барам љубов, но изгубен сум во ноќта

    Во оваа глупа држава
    Има две милиони приказни
    А јас не барам прошка
    Во оваа глупа држава
    Во трка сме со ѓаволот
    Целата болка целата тага
    Ке биде гополема утре
    Во оваа глупа, заебана држава


    (cover)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    ThUnDeR

    Male Мислења : 155
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Наша поезија

    Пишување by ThUnDeR on Вто 16 Сеп 2008, 15:50

    ова е стварно закон за мене иако знам дека некои не сакаат песни кои се пишувани во бели стихови ама мене ми е закон а чиј е оргиналот иначе?
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Наша поезија

    Пишување by Batty on Вто 16 Сеп 2008, 15:51

    праен е врз музиката на една песна од КИС, сабајлево

    Thunder, какви се тие бели стихови, ако можиш да ми објасниш?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by balAlajkA on Вто 16 Сеп 2008, 16:02

    прво,
    песната е најзакон, подиректен не можеше да бидиш и се сеќава дека е пишувана по даден ритам на песна....шо за мене е супер


    бел стих, или слободен стих, е стил на пишување поезија кога нема зададени шематски рими, должина на стиховите и строфите, ниту пак ритам, како сонетот, александринеот, јамбискиот пентаметер...не мора да биде песната наративна(како оваа).почитувам ваков стил, ни јас не им робувам на правилата

    rock and roll rock and roll
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Наша поезија

    Пишување by Batty on Вто 16 Сеп 2008, 16:05

    Фала за исцрпната анализа и објаснување Балалајке
    само да те прашам: Како мислиш, сум директен?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by Dirge on Вто 16 Сеп 2008, 16:16

    еве нешто што ми лежеше на душа...
    ***
    Таа сјае,
    ја крие локвата крв
    низ шумата со изворот
    каде од трулиот страв
    се храни ненаситниот црв.

    А зашто ми недостигаш
    како оној распаднат труп,
    емоции од бунарот,
    чувства од подземјето,
    и од трнови еден голем куп.

    А зашто ме мразиш
    како есенски лист?
    Дали сум дух во магла,
    па се обидуваш да ме згазиш?

    Ковчегот е отворен.
    Јас ќе те чекам
    со оној тажен крик во срцето,
    со она ланче и сликата.
    Твојот лик.

    Време ти е името.
    Снегот ти е снагата.
    Ветрот-душата.
    А јас...

    месечината...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by balAlajkA on Вто 16 Сеп 2008, 16:17

    изборот на вокабулар е директен, нема суптилност, само сурова реалност...тоа погодува...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by balAlajkA on Вто 16 Сеп 2008, 17:08

    еве нешто од мене...
    инспирирано од скопските утра...

    * * *

    мирис на утро
    крадешкум ми бегаш
    низ прсти,
    скоро да те дофатам...
    смевот ти се губи
    низ утрото
    низ улиците на големиот град

    прекрасно е
    магично е
    дури страшно е
    колку те сакам...

    во утрото остана
    само леплива трага на усните.



    13,09,2008
    скопје
    avatar
    ThUnDeR

    Male Мислења : 155
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Наша поезија

    Пишување by ThUnDeR on Вто 16 Сеп 2008, 17:36

    Морбид интересно ме одушеви само што имаш употребено за мене малце несватлива метафора.
    Балалајче ти како и секогаш ме одушевуваш си знајш
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by Dirge on Вто 16 Сеп 2008, 17:41

    ThUnDeR напиша:Морбид интересно ме одушеви само што имаш употребено за мене малце несватлива метафора.
    Балалајче ти како и секогаш ме одушевуваш си знајш
    да да.Обожавам кога работите се несфатливи.Ама субјектот за кого е напишана песната го сфати тоа што ми беше и примарната цел.
    А и ова беше само излив на измешани емоции :hahasto:
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by balAlajkA on Вто 16 Сеп 2008, 17:45

    ThUnDeR напиша:Морбид интересно ме одушеви само што имаш употребено за мене малце несватлива метафора.
    Балалајче ти како и секогаш ме одушевуваш си знајш
    фала громе...

    морбид, брррр...
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by Dirge on Вто 16 Сеп 2008, 17:48

    balAlajkA напиша:
    ThUnDeR напиша:Морбид интересно ме одушеви само што имаш употребено за мене малце несватлива метафора.
    Балалајче ти како и секогаш ме одушевуваш си знајш
    фала громе...

    морбид, брррр...
    :hmmm:
    avatar
    ThUnDeR

    Male Мислења : 155
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Наша поезија

    Пишување by ThUnDeR on Вто 16 Сеп 2008, 17:50

    еве и нешто од мене иначе е текст на песна да си кажам.

    Последен Допир


    Заробен длабоко во темнина
    Кај што сонцето никогаш не изгрева
    Душава ме напушта
    Телово не ја чувствува

    Заробен во канџите на ноќта
    Полека ја губам моќта
    Која ме правеше да се чувствувам жив
    Во црната земја јас сега се скрив

    Крвта ги распарчи вениве мои
    Се реши со тебе да ме спои
    СМРТ едно од имињата твои....

    Обземен од чувството на бол,
    Без кожа сум оставен гол.
    Со избледена желба за здив
    Во црната земја
    Јас сега се скрив

    Крвта ги распарчи вениве мои...
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by Dirge on Вто 16 Сеп 2008, 17:52

    Ај лајк ит а лот rock and roll
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by balAlajkA on Вто 16 Сеп 2008, 17:58

    ех..бунтовна младост...
    хухухухух
    браво тандерчо
    avatar
    ThUnDeR

    Male Мислења : 155
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Наша поезија

    Пишување by ThUnDeR on Вто 16 Сеп 2008, 18:11

    ГРЕШНИЦИ


    О грешници без души
    Светот врз нас се сруши
    Од гнев и омраза е разорен
    И тој сега гори
    Тиранин тој створи
    Од овие празни души крвави

    Во стремеж кон сонце
    Над мракот да завладее
    Во борба за живот
    Свет од љубов тој да создаде
    Во еден миг без трошка здив
    Во прашина се гушиме

    А сега и ти гориш
    Домот вечен да го отвориш

    О грешници.....

    Ти што очиве ги земаш
    Срце ми корнеш а ти го немаш
    Дал е храна за твојта душа
    Болни врисоци да слушаш
    Дал секој грев
    Во маракот ти го јадеш
    Ил си тука
    Казна да ми дадеш

    О грешници без души....


    јавај ошче едно
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Наша поезија

    Пишување by Batty on Вто 16 Сеп 2008, 18:13

    Браво БАлалајка, Морбид, Тандер
    ДА се знајт Silence поезија RULES!!!
    rock and roll


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by balAlajkA on Вто 16 Сеп 2008, 18:16

    `...Ти што очиве ги земаш
    Срце ми корнеш а ти го немаш
    Дал е храна за твојта душа
    Болни врисоци да слушаш...`


    love love :? :?
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by balAlajkA on Вто 16 Сеп 2008, 18:31

    Сеништа

    Завиена во руба молитвена
    талкаш низ коријава празна,
    празни лејки по тебе ѕвонат
    -химна на нашата казна-

    Не ме прашај за пат,
    ни пат знам,
    ни битисувам,
    нит сум овде.

    Молби-молњи трештат
    ветрот ги чува,
    во корупкава завиена
    глупа сум и глува,
    одговори немам, не ме мачи пак,
    завеани се патиштата,
    нема веќе траг.

    Зар лаги да ти кажам,
    зар најмила, тебе,
    тека нема веќе свет, ни патишта, ни дом...
    Дека раните уште
    отворени му ранат,
    очи-јами суви зјаат,
    раце празни, души траат,
    живот нежив,
    тој сал тлее,
    за него не прашувај,
    човек веќе не е.

    12,06,2008
    Скопје

    на мајка ми
    avatar
    ThUnDeR

    Male Мислења : 155
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Наша поезија

    Пишување by ThUnDeR on Вто 16 Сеп 2008, 18:39

    love love love love
    you made my eyes raining
    avatar
    ThUnDeR

    Male Мислења : 155
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Наша поезија

    Пишување by ThUnDeR on Вто 16 Сеп 2008, 18:40

    Во темните одаи на животот
    Каде што светлината е недостижна
    А прашината што не гуши е храна
    За нашите заталкани души
    Порокот на нашиот глас
    Нема да го дочека својот спас

    На колена пред семоќниот ни бог
    Се поблиску сме до крајниот рок
    Нашето време безвредно тече
    Наместо да го бараме излезот,тој рече
    Зошто времето не не чека нас
    Неосетно ке дојде и последниот час
    Од кој сите несвесно се плашиме
    Рече тој чуден глас

    Не беше тој човек,а ни бог
    Кој сите велат дека семоќен бил
    Ако е така зошто....
    Зошто тој од мене би се скрил?
    Ѓ
    Дал јас сум олицетворение
    На ѓаволот,братот негов сив
    Ил сум потомок на некој
    Еднорог нескротлив див?
    Ил тој е илузија бедна
    Која е измислена
    За човекот да има мисла една
    Ех,што ли само се крие
    Зад таа врата, чудна и темна?

    Дал сокриен скржавец
    Кој ја крие светлината
    Или топлината која за мене
    Е сеуште непозната.
    Или можеби е она што не плаши?
    Лути огној во небесата што готра!
    Ноќни мори што во нас ке се створат
    Ил пороците ни темни
    Секој од нас што го демни...

    И кога резето в рака ми се стопи
    Непознато чувство ме опи
    Лесен бев ко перо од пајка
    И летнав во непознато
    Каде што се беше ко бајка
    И останав јас таму скриен
    Од очајот и туѓото свиен.
    Тоа беше крајот мој,
    А ти,стани
    и продолжи по патот свој!!!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by balAlajkA on Вто 16 Сеп 2008, 18:46

    Хелоу Бајрон, мило ми е, балАлајкА love
    avatar
    ThUnDeR

    Male Мислења : 155
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Наша поезија

    Пишување by ThUnDeR on Вто 16 Сеп 2008, 19:02

    заш ре Бајрон?
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Наша поезија

    Пишување by balAlajkA on Вто 16 Сеп 2008, 19:04

    ме потсетуваш на него...аку?

    Sponsored content

    Re: Наша поезија

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:57