Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Што да читам?

    Share
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Што да читам?

    Пишување by balAlajkA on Вто 10 Мар 2009, 10:26

    поддршка за Рокс... и да, има баајги реални, гадни слики, токму заради тоа и ја препорачувам, заради доловената реалност

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Што да читам?

    Пишување by UrizenIX on Вто 10 Мар 2009, 11:33

    Рокси напиша:
    UrizenIX напиша:Или да намирисаш женска менструација додека опишува Андреевски како војувала оваа храбра жена баш коа и има дојдено :(((

    То се викат женска природа, и не е гадно туку е нормално

    се извинувам за офтопик :mad:

    Не велам дека не е природно... но има гадни слики... читни ја книгата па после се подржувајте кој со кој сака...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Што да читам?

    Пишување by balAlajkA on Вто 10 Мар 2009, 11:57

    Cinnamon* напиша:Лолита- Набоков.

    нагласи за која категорија на луѓе е... не се дава оваа книга секому, има луѓе со бујна фантазија и без кочници
    avatar
    Nu`Bia
    Scarleta
    Scarleta

    Female Мислења : 982
    Местолокација : My world.
    Зачленет на : 2008-09-17

    Re: Што да читам?

    Пишување by Nu`Bia on Чет 12 Мар 2009, 10:22

    Норвешка Шума-Харуку Мураками-мојата омилена книга,би ја препорачала на секој,посебно на хипиците на форумов.

    Книга за млад студент од Токио,реална книга за секој млад човек кога треба сам да се снајди во животот и во суровоста тогаш.

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Што да читам?

    Пишување by Cinnamon* on Чет 12 Мар 2009, 13:13

    Nu`Bia напиша:Норвешка Шума-Харуку Мураками-мојата омилена книга,би ја препорачала на секој,посебно на хипиците на форумов.

    Книга за млад студент од Токио,реална книга за секој млад човек кога треба сам да се снајди во животот и во суровоста тогаш.

    интересен роман Нубиа. Ми се бендисва изборо.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Што да читам?

    Пишување by Phoenix on Вто 17 Мар 2009, 06:47

    Како можам да ја препознаам мојата друга половина? “
    „Со изложување на ризик“, и одговори на Брида, „ризик од неуспех, измами и разочарувања, но никогаш откажување од потрагата по љубовта. Оној кој нема да се откаже од потрагата, на крајот победува.“

    Ова е приказна за Брида, млада и убава Ирка, и за нејзината потрага по спознанието на светот. На тоа духовно патување, таа ги запознава мудрецот што ја учи како да ги совлада своите стравови, и жената што ја учи да танцува наслушувајќи ја скриената музика на светот. Тие ја препознаваат надареноста на Брида, но мораат да ја остават сама да дојде до крајот на откритието.
    Додека трага по својата судбина, Брида се обидува, со многу тешкотии, да најде рамнотежа меѓу љубовта и желбата да се промени.
    Брида е трогателна приказна за љубовта, за мистериите и храброста, за духовната страна на еросот и еротичната страна на духовноста.

    Белешка на авторот:

    Во Брида, мојот трет роман кој го напишав веднаш после Алхемичарот, раскажувам приказна за млада жена која се впушта во светот на магијата и се запознава со магиските традиции. Во него изтражувам многу теми кои ми прираснаа до срце, вклучувајќи ја Големата мајка, паганските верувања и поимањето на љубовта.
    Кога ја напишав и објавив оваа книга во Бразил пред повеќе од 18 години, темите како женскиот лик на Бог за повеќето луѓе сеуште беа туѓи. Но, и покрај тоа, со време ја увидов промената во сфаќањето - луѓето станаа поотворени за интуитивно восприемање на светот и се помалку оптоварени со крутите општествени правила, бидејќи како што напишав во оваа книга „највозвишеното доживување кое човекот може да го искуси е прифаќање на мистеријата“.
    Чувствувам дека светот се повеќе ја прифаќа мистеријата и затоа, драги читатели, во денешно време ви ја претставувам приказната за таа млада жена.

    Пауло Коелјо
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Што да читам?

    Пишување by Phoenix on Вто 17 Мар 2009, 06:50

    Франсеск Миралјес
    Љубов со мали букви



    Првиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима, младиот уличен мачор, е почеток на чудесните последователни промени во херметичкиот свет што главниот јунак го создал за себе, првиот мал чекор кон љубовта во мало... чекор по чекор, Самуел де Хуан го напушта својот тивок свет на книги, музика и филмови, вкоренети активности и домашната ергенска педантерија, и се преселува во свет со „густо населена, бучна осаменост“.

    Благодарејќи на лукавиот мачор, ги запознава необичниот Валдемар, поранешен физичар што е преокупиран со тајните на Месечината и на човечката душа, стариот сосед Титус, компилатор на разни водичи низ животот и магијата, убавата и осамена ветеринарка и светот на случајностите што ќе го вратат триесет години назад, во замокот на „бакнежот на пеперугата“, и кај Габриела, осамената жена на неговиот живот.

    Забавна и нежна приказна за љубовта и пријателството, што ќе го трогне читателот со малите тајни на среќата.

    „Франсеск Миралјес е длабок, бистар и оригинален писател. Им го препорачуваме овој роман, лекција по љубов и човечност, на сите што веруваат дека можностите на човечкото духовно зреење и менување немаат граници. “
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Што да читам?

    Пишување by Phoenix on Вто 17 Мар 2009, 06:54

    За помладите членови на Форумов



    Големиот светски хит Самрак наскоро и на македонски!
    Самрак и на македонски!
    Големиот светски тинејџерски хит Самрак, романот кој предизвика вистинска сензација со своето овјавување во САД, наскоро ќе биде објавен на македонски јазик во издание на Издавачкиот центар ТРИ. Самрак, инаку книжевно деби на авторката Стефани Мајер, и е почетокот од истоимениот серијал кој продолжува со романите Млада месечина, Замрачување и Зазорување. Уште во првата година од своето објавување Самрак се стекна со култен статус, обземајќи го најголемиот дел од младата читателска публика ширум светот.

    Самрак
    Средношколката Бела Свон се помири со неизбежното. Мора да го напушти сончевиот Феникс во Аризона и да оди да живее со својот татко во Форкс, дождливо местенце на пацифичкиот брег, познато како најоблачното во САД. Што е уште полошо, во малото место секој се познава со секого, па Бела, која никогаш немала многу пријатели и отсекогаш ја сакала самотијата, сега мора пред сите да покаже колку е несмасна на часовите по физичко и како паѓа во несвест штом види и најмала капка крв. Само на најубавиот ученик во гимназијата во Форкс – Едвард Кален, едно од четирите деца на самотничкото семејство за кое малку се знае, се чини, воопшто не му пречи. Иако неговите ненадејни промени на расположението на почетокот за неа беа необјасниви, Бела полека почнува да се сомнева дека решението на Едвардовата загатка лежи токму во крвта, човечката крв, нејзината крв, крвта поради која Келеновото семејство толку многу се разликува од останатите жители на Форкс.

    Во истовреме неодоливо морничав и занесно романтичен, Самрак е љубовна приказна за сите оние кои отсекогаш се чувствувале поинакви, а не верувале дека некој совршен може тоа да го сфати како доблест и да ги засака без оглед на сите разлики. Па и по цена на животот, или бесмртноста.

    Признанија
    Самрак се стекна со голем број признанија и почести, вклучувајќи ги:
    - Избор на редакцијата на New York Times
    - Книга на годината според Publishers Weekly
    - Вброена меѓу Најдобрите десет книги за млади и Најдобрите десет книги за неволни читатели од страна на Американската асоцијација на библиотеки
    - Листата на бестселери на New York Times
    - Најпродаваната книга за 2008 година според USA Today
    #

    Реакции на читателите
    Самрак е една од највозбудливите книги што ги имам прочитано досега. Ме остави да размислувам долго откако ја прочитав последната страница. Нејзината љубовна приказна што го крши срцето, и нејзиниот непредвидлив тек направи да ми биде тешко да се одвојам од неа. Самрак му нуди на читателот да искуси ново видување на вампирите и тоа како тие комуницираат со луѓето. Откако ја прочитав оваа книга ја препорачав на секој кој сака да ужива во нејзината неверојатно возбудлива љубовна приказна.
    Кети, 16

    Првиот роман на Стефани Мајер, Самрак, е возбудливо патување низ обединетиот свет на фантазијата и средното училиште. Веднаш штом почнав да ја читам, не можев да сопрам. Фабулата е она што ме вовлече во книгата на почетокот. Момче запознава девојка, момчето и се допаѓа на девојката, момчето излегува дека е вампир. Карактерите се толку силни, толку живи, што ако го кренеш погледот од книгата помислуваш дека ќе ги Изабела, Едвард, или Алис како гледаат во тебе. Овој возбудлив роман ме остави со едно прашање – дали ќе има втор дел?
    Кели, 15

    Самрак ми го привлече вниманието толку многу, што не можев да се натерам да ја спуштам штом почнав со читање. Ја прочитав на едно седнување и иако не завршив се до 5 часот изутрина, морам да кажам дека вредеше за секоја минута. Самрак е љубовна приказна помеѓу еден вампир и еден човек, љубов која изгледа толку реално што е тешко да се замисли дека се работи само за книга. Главниот лик, Бела Свон, е привлечна уште на почетокот, и невозможно е да не се соживеете со новиот пар како нивната врска созрева. Вампирот, Едвард Кулен, е неодоливо привлечен со својата убавина, отменост, и способноста да ги чита туѓите мисли. Но само што тензијата се намалува, и се чини дека работите ќе тргнат на добро за нив двајца, се случува катастрофа. Книгата беше многу подобра отколку што очекував; љубовта изгледа толку реална, и во суштина таа е повеќе љубовна приказна помеѓу две битија отколку било што друго. Секако, поради тоа што едниот од нив е вампир, има малку гонење и многу акција. Самарак е сосема забавна и пријатна книга – ја препорачувам во целост!
    Чензи, 16
    avatar
    danna*shoe

    Female Мислења : 6846
    Местолокација : секаде, тука, тамо..
    Зачленет на : 2008-10-24

    Re: Што да читам?

    Пишување by danna*shoe on Сре 18 Мар 2009, 11:17

    оваа поезија ми оставила најголем впечаток до сеа
    и ми создавала највистински слики и сцени


    Цвеќиња на злото
    Цвеќиња на злото

    Автор Шарл Бодлер

    Издадено 25 јуни 1857

    Цвеќиња на злото (фр. Les Fleurs du mal) е збирка поезија на францускиот поет Шарл Бодлер. Првпат објавена во 1857 година, таа е најважен плод на симболизмот и модернизмот и многу веројатно и зачетник на овие две уметнички движења. Книгата ќе биде огромно влијание врз творештвото на Артур Рембо, Стефан Маларме и Пол Верлен и се смета за врвно достигнување на светската лирика.

    Основни теми кои преовладуваат во песните се декаденцијата и еротицизмот.

    Првото издание на книгата ги организира песните во пет одделни секции:

    Spleen et Idéal (Сплин и Идеал)
    Fleurs du mal (Цвеќиња на злото)
    Révolte (Побуна)
    Le Vin (Вино)
    La Mort (Смрт)
    Воведната песна во делото во која Бодлер го нарекува Сатаната Хермес Трисмегист и каде ја опишува Здодевноста како чудовиште, веднаш ја воспоставува грозоморната атмосфера низ која се ваја остатокот на делото.

    Авторот и издавачот на делото се судени од страна на Второто Француско Царство со објаснување дека делото е outrage aux bonnes mœurs (македонски: "навреда на јавниот морал"). Како последица на ова, Бодлер е казнет со 300 франци, а издавачот со 200. Шест песни, прогласени за неморални, не смеат да се печатат во наредните изданија. Осудата нема да биде симната од нив се до 1949 кога во Франција се случува ревизија на процесот. Од друга страна пак, откако ја чита Лебедот (Le Cygne), Виктор Иго вели дека песните на Бодлер донесуваат un nouveau frisson - еден нов трепет во литературата.

    По завршувањето на судењето, следува и второ издание од 1861 година, кога се додадени 32 нови песни и една нова секција Tableaux Parisiens (Париски слики). Осудените песни не се појавуваат.

    Постхумно трето издание со предговор на Теофил Готје излегува од печат во 1868 година. Во него се вброени и низа песни кои ги нема во претходните две изданија.
    avatar
    Џассс
    кафе-гледачица
    кафе-гледачица

    Female Мислења : 462
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Што да читам?

    Пишување by Џассс on Сре 18 Мар 2009, 11:29

    јас би побарала еден совет... :*(): :*():
    сакам книги со помалку описи (значи без претераност), и повеќе добри мисли...
    да биде со тема од животот, може нешто необично... или пак книга за "досадното" секојдневие...
    не сакам книги поврзани со историјата и историски факти некои
    не сакам научна фантастика и дрн дрн многу во фантазијата...

    :(666): ANY предлогsto :(666):
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Што да читам?

    Пишување by balAlajkA on Сре 18 Мар 2009, 12:20

    само совет да ти дам, бегај од руските и француските класици ко така.
    пробај со современите американски писатели

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Што да читам?

    Пишување by Cinnamon* on Сре 18 Мар 2009, 12:46

    хаха, добар совет Балалајка =Д иначе, интересно книџе, романче за во еден здив Девствено Сино од Трејси Шевалие
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Што да читам?

    Пишување by balAlajkA on Сре 18 Мар 2009, 12:52

    Cinnamon* напиша:хаха, добар совет Балалајка =Д иначе, интересно книџе, романче за во еден здив Девствено Сино од Трејси Шевалие

    ова не е истиот автор на Девојката со бисерна обетка?



    препорака (не за ЏАС!!!!) 1984 од Џорџ Орвел, ама треба малку знаење од политика и историја, ама романот е прекрасен, мене ме замисли...
    avatar
    danna*shoe

    Female Мислења : 6846
    Местолокација : секаде, тука, тамо..
    Зачленет на : 2008-10-24

    Re: Што да читам?

    Пишување by danna*shoe on Сре 18 Мар 2009, 18:03

    да да
    истиот автор е :dada:

    јас ја зачитав ама ми ја грабнаа пред нос



    http://www.kniga.com.mk/?pArtID=95&pDetail=Y

    еве информација малку
    убава книга
    ви ја препорачувам.

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Што да читам?

    Пишување by Cinnamon* on Сре 18 Мар 2009, 21:49

    Од истата е. Добри романчиња се сите. Девојката со бисерна обетка, Дамата и еднорогот, Девствено сино, Паднати ангели и сеа има една нова, заборајв како се викаше. Во секој случај, како шо реков, одма се читат, во еден ден. =Д
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Што да читам?

    Пишување by prozaque on Сре 18 Мар 2009, 23:16

    Шмизла - Сашо Тасевски

    Светот на Сашо Тасевски е свет без Бога, но тоа е она помалото зло: тоа е, за жал, веќе и свет без човек.Во неговите жестоки драми, во кои натурализмот и веризмот стануваат скаредни, брутални, шок-слики на насилство, сексуална и морална первезија, дише нашето транзиционо секојдневие.Неговите ликови изгледаат како повампирени тела од некаков институт по судска медицина, на кои им е изваден горниот дел од утробата - срцето.Среќа нема, иако сите ја бараат.
    Тасевски е исклучително пријатен драматуршки шок.Како човек од истиот занает(иако со далеку поразличен вкус и сензибилитет) можам да кажам само - браво.Нема ништо поубаво од тоа од своите гласни жици, актерот да ги чуе своите мисли.Посебно ако се експлозивни и со необична точка на гледање, како во случајов.Од свое грло - свој глас.Краен персонализам во еден безобразен , гнасен, заразен свет на колективи кој убива без пардон.И затоа без пардон треба да биде силуван, изуриниран, уништен и травестиран.Без Пардон.Оти пардонот е за луѓе, не за животни.
    Венко Андоновски


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Џассс
    кафе-гледачица
    кафе-гледачица

    Female Мислења : 462
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Што да читам?

    Пишување by Џассс on Чет 19 Мар 2009, 08:59

    prozaque напиша:Шмизла - Сашо Тасевски

    Светот на Сашо Тасевски е свет без Бога, но тоа е она помалото зло: тоа е, за жал, веќе и свет без човек.Во неговите жестоки драми, во кои натурализмот и веризмот стануваат скаредни, брутални, шок-слики на насилство, сексуална и морална первезија, дише нашето транзиционо секојдневие.Неговите ликови изгледаат како повампирени тела од некаков институт по судска медицина, на кои им е изваден горниот дел од утробата - срцето.Среќа нема, иако сите ја бараат.
    Тасевски е исклучително пријатен драматуршки шок.Како човек од истиот занает(иако со далеку поразличен вкус и сензибилитет) можам да кажам само - браво.Нема ништо поубаво од тоа од своите гласни жици, актерот да ги чуе своите мисли.Посебно ако се експлозивни и со необична точка на гледање, како во случајов.Од свое грло - свој глас.Краен персонализам во еден безобразен , гнасен, заразен свет на колективи кој убива без пардон.И затоа без пардон треба да биде силуван, изуриниран, уништен и травестиран.Без Пардон.Оти пардонот е за луѓе, не за животни.
    Венко Андоновски

    е искрено, ово ми се бендиса... :dada: :dada: :dada: ... интересантно, ке ја побарам благодариме
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Што да читам?

    Пишување by balAlajkA on Чет 19 Мар 2009, 10:06

    Прозак бе ги расипа децата... оф леле...

    `Збогум мои 15 години` од Клод Кампањ.прекрасна книга (која, како и сите други ја прочитав прерано ), ама не знам колку е за Џас (ама и се запнав хиихих) оти има описи тро фазла, ама со голема суптилност се разглобени семејните прашања, стравовите и првата љубов на една тинејџерка, која станува девојка.
    avatar
    Џассс
    кафе-гледачица
    кафе-гледачица

    Female Мислења : 462
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Што да читам?

    Пишување by Џассс on Чет 19 Мар 2009, 10:12

    јас оти во ова од Прозак, не најдов многу описи... а интересно ми се виде
    али очигледно ја ко шо барам, ретко таква книга :hahasto:

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Што да читам?

    Пишување by Cinnamon* on Чет 19 Мар 2009, 12:43

    книгата шо ти ја препорача Прозак се всушност повеќе драми собрани во таа книга. интересна е =Д
    avatar
    Korovjov

    Male Мислења : 797
    Местолокација : City of the Pyramids
    Зачленет на : 2008-11-10

    Re: Што да читам?

    Пишување by Korovjov on Нед 22 Мар 2009, 02:48

    charles bukowski еден од ретките писатели што зирка под здолништето на светот хехе

    prometej

    Male Мислења : 3004
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Што да читам?

    Пишување by prometej on Пон 23 Мар 2009, 20:16

    PantomimoS напиша:алхемичар-пауло коељо,волја за моќ-ниче...
    од истиов писател Пауло ќе ви речам и единаесет минути да ја прочитате
    avatar
    Achad44

    Male Мислења : 200
    Местолокација : kavadarci
    Зачленет на : 2009-02-02

    Re: Што да читам?

    Пишување by Achad44 on Пон 23 Мар 2009, 20:21

    ова е сериозна тема престани со таквиот начин на пишување!!!

    едитирано од модератор
    avatar
    danna*shoe

    Female Мислења : 6846
    Местолокација : секаде, тука, тамо..
    Зачленет на : 2008-10-24

    Re: Што да читам?

    Пишување by danna*shoe on Сре 25 Мар 2009, 11:29

    едвај чекам да има некој саем низ кочаниво да си ја земам книгава.
    последниот пат ја имаше само еден примерок. додека отидов дома додека земав пари.. глеам ја купиле

    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Што да читам?

    Пишување by balAlajkA on Сре 25 Мар 2009, 11:49

    ммм да да прекрасна книга, уште поуба во оригинал :dada: :dada:


    дури сме кај Оскар Вајлд, прочитајте ја The Importance of Being Earnest, aма на англиски, се` друго е бледа слика....

    Sponsored content

    Re: Што да читам?

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:57