Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Учење & Помнење

    Share
    avatar
    Shadow
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ

    Female Мислења : 1198
    Местолокација : Underworld
    Зачленет на : 2008-09-22

    Учење & Помнење

    Пишување by Shadow on Саб 21 Мар 2009, 12:06

    Што е најважно?

    Главната работа кога ќе учиш е да одредиш што е најважно од целата лекција и што треба да запомиш. Кога ќе ги издвоиш најважните работи, потоа ќе ти биде многу полесно да ги запомниш.

    Засакај ја материјата

    Размисли за она што се обидуваш да го научиш. Обиди се да се заинтересираш за материјалот кој го учиш. Биди сигурен/на дека така мн полесно ќе научиш.

    Ред по ред

    На почетокот, кога ќе почнеш со учењето, учи го она што треба да го запомниш повеќе или да го памтиш подолго време. Тогаш имаш повеќе концентрација а со тоа и многу полесно и подобро ќе ги научиш тие работи.

    Дел по дел

    Кога учиш поголемии лекции или цели теми, учи дел по дел од еден до друг наслов. Така секој дел ќе го помниш како целина, но не заборавај на крајот да го повториш целиот материјал.

    Визуелно

    Секогаш кога можеш употребувај слики и фотографии кои ќе ти помогнат полесно да ги запомниш информациите. Затвори ги очите и замисли си како изгледа лекцијата во книгата. Во таа твоја замислена слика види ги и клучните зборови и дефиниции подвлечени со маркер. Зачувај ја оваа ментална слика на лекциите во твојата глава. Така полесно ќе се потсетуваш на секоја лекција кога ќе го решаваш тестот на час.

    Зборувај гласно

    Кога учиш некоја лекција, обиди се да и ја прераскажеш на мајка ти, сестра ти или некоја другарка без да ѕиркаш о книгата. Така ќе видиш колку навистина си научил/а. Ако успееш да ја раскажеш цела лекција без ниеднаш да ѕирнеш во книгата значи дека совршено го знаеш материјалот. Ако пак ја отвараш книгата после секоја реченица, знај дека имаш уште многу за учење.

    Тестирај се

    Кога ќе ја научиш лекцијата, направи си сопствен тест со прашања кои би произлегле од научениот материјал. Потоа обиди се да ги одговориш, се разбира со затворена книга.

    Научи го она што не го знаеш

    Многу важна работа во учењето е да го научиш она што не го знаеш. А како да дознаеш што е тоа? Додека ја повторуваш лекцијата со затворена книга, запишувај на еден лист секогаш кога ќе подзастанеш со раскажување и не се сеќаваш на одреден датум, име, формула и сл. А потоа отвори ја книгата и повтори ги оние работи кои не си ги знаел/а.



    Како се справувате со учењето? Дали имате посебни методи со кои полесно ќе го запамтите материјалот..кои се тие? некој совет за концентрација и помнење?
    avatar
    Shadow
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ

    Female Мислења : 1198
    Местолокација : Underworld
    Зачленет на : 2008-09-22

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Shadow on Саб 21 Мар 2009, 12:09

    ако ептен неам концентрација, воопшто не седнувам да учам пошто за џабе ќе изгубам време и ќе ми лета паметот. ги подвлекувам работите кои се најбитни од лекциите, учам дел по дел притоа зборувам на глас бидејќи така организмот два пати прима, еднаш со зборување еднаш со слушање.
    се обидувам да го разберам материјалот, да не учам на памет (сеа за физика морам на памет равенки што ќе ми испарат за една недела)......имам визуелна меморија... и то. добро ми иде
    avatar
    danna*shoe

    Female Мислења : 6846
    Местолокација : секаде, тука, тамо..
    Зачленет на : 2008-10-24

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by danna*shoe on Саб 21 Мар 2009, 12:54

    утрово требаше да учам ама слабо... се успав..
    учам кога знам дека имам концентрација и можам да научам.. несакам да бубам. и го учам само тоа шо ми е потребно, најчесто учам ноќе (кога учам пошто сеа немаме којзнае колку учење повеќе ни обраќаат внимание околу праксата)
    убав податок е тоа дека кафето не само што не дозволува да заспиете туку и помага во учењето и помтењето..неможам сеа да најдам повеќе информации околу тоа.
    а учам пишувајки. Читам и ги бележам најважните работи. потоа ке погледнам у тетратката и ке си поврзувам шо сум запомтила од книгата.. итн..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Batty on Саб 21 Мар 2009, 13:19

    Понекогаш учењето не ми претставува проблем. Ама како и другите, концентрацијата ми е најбитна. Се случувало некогаш да мислам на 10000 работи, а читам. Кога ќе стигнам до 15 страница, не се сеќавам како и што сум прочитал. Тоа е губење време. Затоа, исто како и Шедоу, кога немам концентрација, не ни читам.
    И да, материјал кој сакам да го читам ми е ептен полесен за учење, може да се каже дека книга од 500 страници ќе ја научам од прва, а материјал кој баш и не и е интересен ми треба подолго време да го спремам за испит. Тоа е и кај повеќето, нормално..
    Инаку читам се'. Не подвлекувам или читам најбитното. Не. Читам се'


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by PantomimoS on Саб 21 Мар 2009, 13:46

    може да се каже дека секој предмет го учам различно.со оглед на тоа дека сум сфатила како испрашуваат професорите, на што обрнуваат најмногу внимание и сл. така си учам.
    и да, неможам да учам ако не сум фокусирана на тоа.кога сум фокусирана само на тоа што го читам, можам и од едно читање да научам прилично добро.
    и сеа, зависи од предметот.има предмети кои бараат подетално учење на материјалот, и на нив се задржувам подолго време, се "внесувам" во материјалот се додека не го сфатам и научам.
    сакам да ги разбирам работите, не сакам да учам на памет.
    кога неможам да учам, кога немам концентрација, ја оставам книгата, правам нешто друго и после повторно пробувам.
    многу е битно да знаеш да се убедиш себе си дека мораш да научиш нешто...едноставно си викаш уозбили се, утре имаш тест/испрашување, немаш време блабла, мораш да научиш.тоа самоубедување помага, но треба да бидеш доволно убедувачки настроен за да успее. :)
    исто како шедоу, имам визуелна меморија, што е многу важно и многу олеснува при учењето.
    и за читањето на глас...тоа го правам многу одамна зошто на два пати ја примаш информацијата.
    многу е битно да слушаш на час, зошто голем дел од работите се учат и се разбираат на час.
    и пак, слушањето на час зависи од тоа дали ти е интересен предметот и далипрофесорот знае да предава (тука се методи во прашање).
    и така...
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Batty on Саб 21 Мар 2009, 13:48

    Супер коментар! Се согласувам во целост. И да, и од професорот зависи колку ќе научиш, а богами дали ќе научиш. Тој може да ти го направи предметот интересен, ама и не-интересен.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by PantomimoS on Саб 21 Мар 2009, 14:11

    :dada:
    и зависи од тоа колку си "попален" да научиш.
    пр.кога имаме некаква школа за извидници (имаме школа за водачи, за прва помош, за ориентација) максимално го слушаш предавачот зошто си дефинитивно попален да го научиш тоа, зошто знаеш дека немаш учебник од кој што можеш да го научиш, зошто иако не ти е за оценка енд стаф знаеш дека ќе ти треба во животот и дека ова ти е една од малкуте прилики да ги научиш тие ствари.
    ех...камо и во школо да беа такви предавањата.опуштени и со активност од децата.тоа е многу битно.професориве само за да одржат "ред" на часот, сосема ги исклучуваат децата од предавањето. :hmmm:
    avatar
    гогоu.

    Male Мислења : 75
    Местолокација : Битола
    Зачленет на : 2009-03-18

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by гогоu. on Саб 21 Мар 2009, 14:24

    јас мислам дека тоа дали ке седниш да учиш зависи од професорот..тој е тој шо треа да те мотивира да седниш да научишш..не на пр. има некој проф ке дојдат на час ке ти кренат нервата и си заминват.. да ти се згрози предметот..а некои со убо со арно и најпоке ме бендисват..јас ако ми чини проф седнувам ако не не учамм..аа напамет ако научам ојде од денес до утре и толку.
    avatar
    Alek

    Male Мислења : 322
    Местолокација : Јупитер
    Зачленет на : 2009-01-04

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Alek on Саб 21 Мар 2009, 14:39

    Јас имам многу добра визуелна меморија, си правам ментални слики од лекциите што ги учам. Кога раскажувам буквално ја гледам сликата, клучните зборови кои ми се битни за да не се изгубам ги гледам како болдирани и тоа многум ми помага во учењето. тоа коа вистински учам го праам а коа се зезам седнувам ја читам еднаш двапати лекцијата и толку нормално и послаби оценки добивам

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Шмугле on Саб 21 Мар 2009, 17:23

    Alek напиша:Јас имам многу добра визуелна меморија, си правам ментални слики од лекциите што ги учам. Кога раскажувам буквално ја гледам сликата, клучните зборови кои ми се битни за да не се изгубам ги гледам како болдирани и тоа многум ми помага во учењето. тоа коа вистински учам го праам а коа се зезам седнувам ја читам еднаш двапати лекцијата и толку нормално и послаби оценки добивам
    секоја чест
    се пронаоѓам. особено историја, ако неми текнува некоја година, се навракам на тоа што го раскажувам на кој дел од страната беше и на бројките кои ги видов таму.
    по доста предмети доволно ми е и само да ја прочитам лекцијта, и само се присекам на сето она што професорот го кажал.
    а што е до математиката, се чудам на она учење на дефиниции, ако не ги применувам и не ги научам така, никогаш нема да ги научам
    и да, не сум можела и сеуште неможам да ги сватам децана кога ке ми речат 8 саати учев, 5 аати учев
    па добро бе и на памет да учат па доволно им се 2 саата.
    јас повеке од 1 саат неможам да седам на едно место со една книга :hmmm:

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Morholt on Саб 21 Мар 2009, 17:32

    За ова морам да се согласам со Прист, односно дека кога немам концентрација не учам. Најдобро време за учење ми е после 12 на полноќ, едноставно тогаш е најмирно и никој не ми одзема внимание. И да учам се како што рече Прист не подвлекувам битни зборови реченици итн.
    Нормално тоа што ме влечи или ми се допаѓа предметот ми е ептен лесно да научам, Социологија, Историја итн. И да кажам не учам по секој предмет односно учам по тие што сакам.

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Рокси on Саб 21 Мар 2009, 17:40

    Можам да учам во секое време од денот, а најдобро ми е насабајле ко ќе сум свежа пошо навечер сум ептен уморна.
    Различно учам за секој предмет.
    Хемија само ја читам лекцијата, а некогаш ни то не го прам пошо се’ на час запамтвам.
    Предметите како историја и македонски ми се најтешки за учење, а и најмногу време ми одземет. Ја читам лекцијата еднаш, по втор пат ја читам и тогаш подвлекувам, и трет пат го читам само подвлеченото и ја раскажвам.
    Физика учам со подвлекување, а формулите ги учам напамет.
    Англиски неам седнато да учам, досадни ми се часовите нашколо, а зборови можам да учам само со песни, значи, англиски не учам. Француски исто, само шо пред писмени појке се ангажирам, решавам по една вежба од се’ шо ќе ни е на писмената и спремна сум.
    Географија и билогија нашколо учам, ги слушам професорките ко ќе предавет, а за испрашвење само ги читам лекциите.
    Математика :nervoza: учам нашколо, а дома само домашната ја решавам пошо немам нерви појке задачи да решам.
    И најчесто ко ќе учам пуштам пинк флојд пошо ми е најлесно така да се сконцентрирам.

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Шмугле on Саб 21 Мар 2009, 17:55

    јас неможам да уам со музика, и да слушав пораизлчно од ова што слушам, па ке почнам да си пеам ке се унесам и з**би учење.
    инаку, мене ми е многу пофино навечер кога учам, особено коа сум втора смена
    пред малку го слушав тоа у школо, сега ке го прочитам и одсабајле го знам (:

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Lost on Саб 21 Мар 2009, 19:49

    Најубав се учи наутро...Кога ќе си наспан и мозокот ти е одморен...Ама знаеме сите колку време имаме наутро и многу ретко дека некој и учи тоа време...Треба прво да се отиде на кафе и ред други работи...Барем по мене си знам...=)...
    avatar
    Trajanka

    Female Мислења : 830
    Местолокација : Под јоргованон :)
    Зачленет на : 2008-09-17

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Trajanka on Саб 21 Мар 2009, 19:54

    ех баш така ... ама коа ке си легнев кај 9 , да можам да станам утрото во 4 или 5 ... најубаво ми било кога учев така ... кафенце и греалката до мене и врз книга ... :dada:
    avatar
    Hippy

    Female Мислења : 1041
    Зачленет на : 2008-12-28

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Hippy on Саб 21 Мар 2009, 23:07

    Порано(во основно)учев навечер пред да си легнам,а едно време ќе станев во 3 насабајле и учев па си легнував пак.Сега кога сум средно зошто постојано часовите ми почнуваат околу 12 часот учам насабајле,ќе станам некаде околу 8 и ќе учам.Ама сепак тоа не важи и за калвир,тоа вежбам некаде приквечер околу 18-19 зошто не е пожелно некој да свири во 8 часот на сабајле
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Bright on Пет 24 Апр 2009, 17:07

    денски не можам да учам.. а најпогодно време ми е после 20:00 ч. Најпрво читам да сфатам шо требат да научам .. Потоа дел по дел на глас го читам.. а на крај.. ја раскажвам лекцијата на начин која сум ја сфатила и то шо сум го запамтила.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Batty on Саб 04 Jул 2009, 10:47

    Само едно кратко и се надевам многу интересно примерче во врска со помнењето.
    На предавање по психологија на КГФ (Комплекс глупи факултети), пред 3 - 4 месеци, асистентот кој ни предаваше напиша на таблата еден број. тоа беше бројот седум (7). Откако го напиша, ни рече: - Ваша задача до следното предавање е да го заборавите бројот.

    Нема шанси, дури и сликата од таблата ја имам зачувано во меморија.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Dirge on Саб 04 Jул 2009, 15:52

    Сакал да ве научи на селективна меморија што е многу добро.

    Јас можам да седнам било кое време, да се исклучам од светот и да учам. Меѓутоа моето учење е по едно читање на лекцијата и толку.Ја користам таа селективна меморија и го памтам она што е важно, а другото е само како прочитана информација која ретко ја памтам.

    Погоре Рокси имаше напишано за математика.Математика не се учи.Ако сакаш да ја совладаш ке седнеш еден викенд и ке го изрешиш цел учебник/скрипта/дел задачи за тест и вуала.
    avatar
    NIghtmare_f
    мистериозна
    мистериозна

    Female Мислења : 849
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-10-29

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by NIghtmare_f on Нед 08 Ное 2009, 16:40

    Седнувам сама у соба,гасам све...

    уствари може да има тивка музика...

    и на пример за денес си поставувам 20 страни да ги знам тата мата,и првата лекција ја читам едно 5-6пати ,али само тоа шо ја мислам дека е најважно, после затварам книгата и зимам друга празна тетратка и пишувам се шо сум запамтила,а тоа шо нема да го напишам го доучувам или му обрнуам повеќе внимание.
    е после идеме даље на 2ра лекција и т н .

    На крај си составувам прашања и си влечам исто ко на испит и или усно ги прераскажуам или повторно на лист
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Jas on Чет 19 Ное 2009, 20:46

    џабе без концентрација, читам 20мин една реченица и никако да влезе во глава, битно ми е некој да не праи муабет у близина оти ќе се свртам на муабетот, така да ако има луѓе обавезно ставам слушалки. Иначе најдобро ми иде негде после 20саат, и битно ми е да можам да си ги спарувам лекциите со секојдневни примери...што за некое чудо на економски не иде, пошто се бара бубање nervozen еднаш читање се и два пати повторување на потцртаното доста ми е...учам само пред испит што може и е лошото ама јбг
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Robby on Пет 20 Ное 2009, 09:03

    Учењето не ми е проблем, единствено понекогаш мрзата прави да неможам да научан на време нешто. Сепак не ми е важно во кој дел од денот учам, ми треба само тишина, концентрација и тоа е се. Лесно памтам, учам редовно лекции па така за испитување или тест не е ич проблем и не се замарам како некои наеднаш да учат по 10 лекции. . За стилот на учење, најпрво ја читам лекцијата и она што е важно или го запишувам или го подвлекувам со молив.. и така по ред и лесно е..
    avatar
    *Owner*

    Male Мислења : 1
    Зачленет на : 2016-03-17

    Shadow

    Пишување by *Owner* on Чет 17 Мар 2016, 21:56

    Јас сум во економско средно.И имам деловно предмет.Има многу се големи лекциите пробувам и на памет и со разбирање ама неможам   да ги научам.Тешко ми иде ке може некој да ми каже како би ми било полесно да научам. 

    Sponsored content

    Re: Учење & Помнење

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:01