Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Лектири

    Share
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Лектири

    Пишување by PantomimoS on Сре 25 Мар 2009, 00:37

    Дали ви се допаѓа изборот на лектири во основните и во средните училишта?
    Што мислите, кои треба да се отфрлат, кои треба да се додадат на листата?
    Дали мислите дека учениците навистина ги читаат?
    Од оние што ви се познати, што мислите, на кои треба да се стави акцент?
    Дали мислите дека како литература се битен дел за психичкиот развој на детето?
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Лектири

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 25 Мар 2009, 00:49

    Не ми се допаѓа изборот на лектири во училиштата. Мислам дека децата ги тераат да читаат лектири кои не ги интересираат ич.

    Јас лично сметам дека лектирата „Пајажината на Климентина“ е потценета, и на неа треба да се обрати пажња. Исто и на лектирата „Карлсон лета“ од Астрит Лингдрен. многу добра лектира за децата, и моја омилена.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Лектири

    Пишување by Batty on Сре 25 Мар 2009, 01:21

    Можеби моја грешка беше што никогаш не читав лектири, а наместо нив читав книги што не ми требаа за нашколо, или барем за покасно ќе ми требаа. Можеби грешев така, не знам.
    И не сум баш сигурен дека министерството за образование направило добар избор на лектири за различните школски возрасти. Мислам дека тој фонд треба малку да биде „рефреширан“, оти се ми се чини дека и во СФРЈ ги читаа истите лектири. Не дека тие се осакатени со тие, ама сепак треба ако не сите, барем неколку стари да се отфрлат, да бидат заменети со нови. Денешниве деца се поинакви од Југословенските генерации...


    Последната промена е направена од Priest на Сре 25 Мар 2009, 02:00. Мислењето е променето 1 пати


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Лектири

    Пишување by PantomimoS on Сре 25 Мар 2009, 01:57

    Се согласувам со Прист.Мислам дека изборот на лектири е прилично утнат...Како најголеми утки ги сметам „Малиот принц“ во ТРЕТО одделение.(ваљда беше трето, можеби четврто, но сепак...), потоа лектирите во прва и втора година средно што буквално секоја или секоја втора лектира е тапшање...љубовна тема, приказната изгледа како шпанска серија.ок, нека има една-две такви, ама повеќе од пола?!?!
    мислам дека книги како „Светот на Софија“ би можеле да бидат одлични за лектири.Конкретно таа, е нешто мнооогу повеќе од уште една обична досадна љубовна приказна.реално, дури и на најромантичните души им пука филм од тие книги.
    малку се обрнува внимание на прилагодувањето на книгата и нејзината содржина со возраста на детето, и тоа што детето треба да научи на таа возраст.
    искрено, во втора година имаме до сега обработено којзнае колку лектири, а имам прочитано само 2-3.другите ги поминав само со читање забелешки, на час се правев сигурна во себе додека зборев и си имав 5ка.
    повеќе ме влечат оние книги кои не ми се лектири и повеќе сакам да ги читам нив.
    мислам дека треба да се направи измена во лектирите, но доообро промислена.
    и то.

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Лектири

    Пишување by Рокси on Сре 25 Мар 2009, 10:10

    Па шознам за лектирите, до шесто одделение ги читав, седмо и осмо незнаев кој ги обработвиме, а сеа во прва година океј се. Малце ми беше глупа „Шагринска кожа“, но сепак барем јас извлеков поука од таа книга, всушност, поуката беше повеќе од то шо ни раскажуваше професорката и со то доизградив став за одредени работи.
    Јас не се чувствувам „осакатена“ или незнам ти шо ако иам глупа лектира за обработка пошо си читам и слободна литература ко ќе имам време. А за другите деца, тие ако очекуваат само со лектирите да станат начитани особи тогаш тешко нив.

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Лектири

    Пишување by Шмугле on Сре 25 Мар 2009, 10:56

    во прва мене лектириве иако ми се краајно досадни, мислам дека одлично се вметнати според она што го учиме.
    значи со секоја нова земена литература, имаме и пример од таа литература.
    еповите се досадни, но во контекст со тоа што учиме добро направиле, а за тоа колку се соодветни за нашиве години мислам дека не би можела да коментирам.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Лектири

    Пишување by PantomimoS on Сре 25 Мар 2009, 11:06

    е да, вклопени се во материјалот, ама нека стават барем неколку книги што не се во врска со материјалот а што би помогнале при интелектуалното градење на детето.

    prometej

    Male Мислења : 3004
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Лектири

    Пишување by prometej on Сре 25 Мар 2009, 15:00

    абе лектирине и мама и тато истиве ги имет читано не знает да ги сменет овие.
    ќе ти речит некоја лектира од пред сто века и ела најдиа
    avatar
    Farinos

    Female Мислења : 1206
    Местолокација : Струга
    Зачленет на : 2008-11-10

    Re: Лектири

    Пишување by Farinos on Сре 25 Мар 2009, 15:49

    никогаш не обожавав да читам али имам прочитано неколку.....али за прераскажување препишував и ги имам се уште дома некој остатоци ......некои има што се за отстранување али некои има и што вредат да се прочитаат ........

    prometej

    Male Мислења : 3004
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Лектири

    Пишување by prometej on Пет 27 Мар 2009, 19:54

    седам денес нашкола и читав една книга и идат еден професор по македонски(најзакон професор и кој мојт да се наречит професор ) и ми викат шо читаш и му кажвам јас ми велит одма вканта книгата и му велам епа дајте вие предлог ми велит првин лектирите после други книги.
    Викат немојш тукутака други книги да читаш без да ги прочиташ лектирите со нив учиме како да читаме
    знам дека не се интересно од пред 300 години тогаш можит било врв ко излегле али сега не се али сепак мораш да видиш шо се дешавало порано како размислувале за да мојш да ја споредиш литературата со денешниве да видиш кој од кај крадит зато првин лектирите после друго.
    Исто ко на некој шо слушат рокенрол а ти одма да му дајш да слушат блек метал
    avatar
    Beholder
    Ало бре, није ти ово Техеран!
    Ало бре, није ти ово Техеран!

    Male Мислења : 643
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Лектири

    Пишување by Beholder on Саб 28 Мар 2009, 14:07

    Изборот не е добар, ама книги мора да се читаат па бидејќи денес ретки се тие што читаат слободна литература подобро нив да ги читаат него ништо. А дека ретко читаат се познава од далеку.
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Лектири

    Пишување by Ane Rockerka on Вто 01 Дек 2009, 10:46

    ^уф, точно...

    Како и се во оваа држава, и во ова има пропуст.
    Несоодветни лектири за несоодветно место.
    Но, сметајќи дека читаат различни ученици со различно ниво на интелегенција, се ставаат поопшти лектири. Секому му се допаѓаат различни стилови. Можеби лектирата што се обработува, на мене многу ќе ми се допаѓа, а на мој соученик нема воопшто да му се допадне и обратно.
    Можеби некој ќе ја разбере суштината, некој нема да знае ниту една реченица да каже како собржина иако ја прочитал.
    Сепак, се зависи и од професорите. Дали ќе направат секоја лектира да биде интересна или нема воопшто да сакаат да ти ја доловат и доближат поблиску.
    avatar
    Luna

    Female Мислења : 158
    Местолокација : the fifth largest satellite in the Solar System
    Зачленет на : 2009-10-06

    Re: Лектири

    Пишување by Luna on Вто 01 Дек 2009, 14:49

    Абе нема што да ни се допаѓаат лектири у школо што се даваат, тоа е општо познат факт, ништо поврзано со школо не треба да се свиѓа :))) ама ставени се со причина, некои дела што може никад нема да ти текне да ги прочиташ (со право :) ) ама пак е битно да ги знаеш (нештко како опш вовед во некои правци или некоја историја) и у краен случај, ќе научиш барем да читаш се и сешто, а може нешто од тоа ќе ти се завиѓа, ипак вкусот е индивидуална ствар...
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Лектири

    Пишување by Jas on Саб 05 Дек 2009, 00:06

    хммм лектири, за у основно ама ич не се сеќавам што сме имале, ама лектирите во средно ни се паднаа супер...освен оние во прва година. И ги читав, ми беше задоволство најмногу поради начинот на кој ги обработувавме (благодарение на добрите професори). Има деца на кои никогаш не им текнува да фатат книга во раце, така да лектирите се добар начин да се стекне навика кон тоа или воопшто да се создаде некоја љубов кон читањето, а лектирите конкретно кои се обработуваат во училиштата се со причина зададени, дали од уметничка, литературна или психолошка гледна точка.
    Никогаш нема да го заборавам професорот во трета година, феноменален човек, рече-неможам да ве прашам на што мислел писателот кога го пишувал делото, затоа што најверојатно не знаел ни самиот тој :)
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Лектири

    Пишување by Kelso on Нед 17 Јан 2010, 03:25

    Има лектири кај нас кои се живи глупости а има и доста интересни.Не читам многу лектири, само тие што би ми ги препорачале, и ми изгледаат интересно.
    Прекинав да читам лектири од 7 одделение.Читам книги по свој избор.
    Мислам дека литературата е битна и може секој да пронајде книга која би му била интересна.Башка сите што посетуваат школо знаат да читаат.Ќе имаш побогат речник, и ќе можеш бар муабет да направиш асален ако ништо друго.
    После некоја прочитана книга убаво е да се направи дискусија за неа, и доаѓа до израз твоето мислење.По некое прочитано дело можеш да градиш ставови за повеќе работи.Можеш да промениш и мислења, да дознаеш нови ствари.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    nikolafix

    Мислења : 1
    Зачленет на : 2011-10-02

    Re: Лектири

    Пишување by nikolafix on Нед 02 Окт 2011, 19:21

    дали може некој да ми каже каде да најдам некоја прераскажана лектира за 1-ва година гимназија куманово?
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Лектири

    Пишување by prozaque on Нед 02 Окт 2011, 21:31

    Исконтактирај со тип/типка од втора година гимназија куманово ако тој/таа има случајно раскажано лектира прва година гимназија куманово.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Sponsored content

    Re: Лектири

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:44