Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Вести и настани од секојдневниот живот

    Share
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Пон 30 Мар 2009, 16:27

    Место за сите настани кои се случуваат.
    Позитивни и негативни, на едно место/


    Приоритетни се настаните од урбанизмот, измени на ГУП и ДУП.

    Нови објекти, реставрација, руинираност, објекти под удар на план.

    Слободно пожалете си се.
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Пон 30 Мар 2009, 16:59

    Како создавател на темава, ред е и јас прва да споделам нешто ново.

    Близу до центарот на градот, моето семејство има руинирана куќа која е оспособена за живот и ги има основните стандарди за живот но во незадоволителни мери. Куќата е под удар на урбанистичкиот план. Тоа е причината поради која не може да се урне за одново да се изгради за да можат да се обавуваат нормалните животни навики и потреби. Доколку куќата биде урната, ќе биде одземен плацот и ќе припаѓа на општината која ќе може да раководи со неа и да ја употребува и издава на друг.
    Дозволено е само да се реставрира но процесот исто дака е тежок и има далеку помакотрпна работа отколку да се урне и да се изгради од нова.

    Иронични е тоа што се наоѓа на крстосница и оние што живеат од спротива, го имаат заземено и делот за тротоар се до семафорот и пешаците немаат доволно простор за поминување. Ним не им е поднесена никаква пријава дека го нарушуваат планот.
    За жал, општината не прави ништо за да ја разреши оваа голгота и се уште останува неразрешено ова прашање кое „виси“ во воздух повеќе од 8 години.

    За мерките кои се превземени, тѕ би кинтинјуид во наредниот пост.
    (можеби и ќе научите нешто од овие проблеми со кои се изморуваат, не само мојето семејство, туку и многу други наши сограѓани).
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    пожар во театарот на Македонската опера и балет (МОБ)

    Пишување by Ane Rockerka on Пон 30 Мар 2009, 17:37

    Утринава во Македонската опера и балет избувна пожар кој ќе довел до сигурна катастрофа да не биле вработените да започнат противпожарна акција за барем малку да ги намалат огнените јазици.
    Причините за пожарот се се уште непознати.
    Од директни извори, дознав дека во времето на настанување на истиот, присутни во театарот биле само неколку вработени кои се припремале за претстојната проба.

    Среќна околност е дека на време бил стивнат. Доколку го изгубевме и овој културен објект, можевме да се збогуваме од каква било културно - образовна институција и од некаков настан кој би можел да придонесе за подигање на граѓанската култура.


    п.с. доколку може да ми се промени насловот кој е неприкладен во: НАСТАНИ И ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО УРБАНИЗМОТ

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Morholt on Пон 13 Апр 2009, 00:53

    Посвојувале деца, ги убивале и им ги продавале органите

    Брачен пар од Москва посвоиле три деца. Две од нив убиле, а нивните органи ги продале. Најмалото дете успеало да се спаси. Монструмите се в затвор.

    32-годишниот Владимир Гречушкин и неговата бремена сопруга 20-годишната Аерима посвоиле три деца. Тригодишниот Саша и неговото помало братче ги убиле, а единствено малата Ерика се спасила.

    Полицијата во реката Пехорки во руската метропола Москва го пронајде мртвото тело на Саша. Тело на момчето било прекриено со модрици, изгореници од цигари и исеченици, рацете и нозете му биле врзани на грбот со селотејп. Околу телото имал заврзан акумулатор.

    По обдукцијата полицијата ја шокирал фактот дека на детето му недостасуваат органи. Полициската истрага откри дека посвоителите ги убиле децата за да ги продадат нивните органи. Помалото братче на Саша го кремирале, а полицијата верува дека тоа го сториле за да не се открие дека детето нема органи.

    Ерика, третото дете што било посвоено од брачниот пар единствено успеало да ја избегне трагичната судбина. Полицијата им го одзеде детето, а нив ги уапси и ги одведе в затвор.

    Спроведена е опсежна истрага да се утврди дали посвоиле уште некое дете од поранешните советски републики, во кои нема строги контроли за посвојување.
    Таратур

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Morholt on Пон 13 Апр 2009, 14:08

    Џамиите од отоманско ропство не се сопственост на ИВЗ!!!


    Скопскиот плоштад со Бурмали џамијата

    Светскиот Македонски Конгрес ги почитува верските слободи на граѓаните и правото на објекти за вршење на верски обреди. Меѓутоа укажува дека џамиите и вакуфските имоти од времето на Отоманската Империја не се сопственост на Исламската Верска Заедница во Македонија, ниту таа има право на наследство врз нив.

    „Џамиите од времето на Отоманската Империја се споменици на културата на Македонија и нив ги граделе Македонци православни како арач во времето на ропство, а не Турци или Албанци муслимани“, потенцираат од СМК.

    „Државата може да пренесе право на користење на некои џамии од Отоманската Империја за вршење на верски обреди на Исламската Верска Заедница или на друга верска заедница од Исламот во Македонија, како што е случајот со Аја Софија и други во Истанбул, но тоа не може да биде правило за сите.“

    „Исламската Верска Заедница во Македонија не смее да заборави дека џамиите од времето на Отоманската Империја се изградени врз основите на македонски православни цркви, но никој не побарал нивно возобновување.“

    Светскиот Македонски Конгрес ја потсетува Владата и министерствата да ги прекинат постапките за денационализација на џамии и вакуфски имоти изградени пред 1944 година, бидејќи тоа не се сопственост и наследство на Исламската Верска Заедница во Македонија!

    Оттука неосновано е барањето за возобновување на Бурмали џамија на плоштадот „Македонија“ во Скопје или на која и да е друга од времето на отоманското ропство во Македонија.

    Светскиот Македонски Конгрес истовремено ја потсетува Исламската Верска Заедница во Македонија за определување на џамија во Скопје во која ќе се вршат верски обреди за Македонците со исламска религија.
    Таратур
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    уште нешто што ме изнервира и не можев да не го ставам...

    Пишување by Ane Rockerka on Пон 13 Апр 2009, 15:26

    Словените во Македонија ќе печатат граматика за да дојдат до автономија


    Грчкиот весник „Емпрос“ на 8 јули 1905 година донел алармантна вест. Претходниот ден, нивниот репортер од Виена го испратил текстот отпечатен во весникот „Неа Имерисиа“ (весник во Австрија што го издавале Грци), врз основа на телеграфирана вест од Белград, по што „Емпрос“ пишува:

    „Како пример за словенските итроштини, ја пренесуваме од виенската Неа Имерисиа следната вест телеграфирана од колешката од Белград, бидејќи Бугарите обично ги испраќаат до европскиот печат сите тие работи што не им одговара да се гледа дека доаѓаат директно од Софија.

    Од пред неколку месеци, беше формирана во Битола, од страна на Македонската организација, комисија чија задача е создавање македонска граматика.

    Комисијата се состои од седум професори по лингвистика (каде постојат овие професори и на кој универзитет предаваат лингвистика? Во Софија? Таму има само виша школа, а не факултет и нема ниеден професор по лингвистика. Во Белград? Но и таму не постои катедра по лингвистика...).

    Како основа на граматиката ќе се земе дијалектот (се разбира словенскиот) што се зборува во битолскиот вилает и ќе се прогласи и од страна на Комисијата како македонски јазик! (Јазиците според Словените се прогласуваат!)

    Учителите на словенските училишта во Македонија ќе имаат наредба да предаваат на овој јазик, наместо на српскиот или бугарскиот за да се постават преку тоа основите на автономна Македонија.

    Наскоро на овој јазик ќе се издадат читанки и други книги.
    Штом ќе се постигне ова, Организацијата планира да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик во Македонија.

    Се чудиме како еден таков сериозен весник како што е Неа Имерисиа од Виена прифаќа да објавува такви глупости.“

    Ова веќе внесува поинаква димензија на целиот случај. Потребата еден Англичанец да ја напаѓа оваа идеја укажува на тоа дека станувало збор за многу посериозен проект, кој очигледно излегувал од битолските рамки и ја покривал цела Македонија.


    Во секој случај, станува збор за една непријатна работа за нашите соседи, пред се за Грците и Бугарите, кои македонската посебност сакаат да ја врзуваат за Коминтерната. Ова дава и поразбирлива слика зошто целиот проект е обвиткан со еден вид мистерија. Документите за македонското прашање, сепак, повеќе ги има во туѓите архиви отколку во нашите.


    превземено и изменето од Нова Македонија
    дополнителни информации на
    http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=366&top=1&ArticleID=22451
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Вто 21 Апр 2009, 19:13

    Владата ќе го намали буџетот за околу 170 милиони евра. Многу инвестиции ќе бидат стопирани и откажани.

    Подобра вест ( барем за мене ) здравје. Почека премиерот да поминат изборите, па да ви каже дека македонија и економијата во македонија тргнаа надолу по рид. Македонци... :hmmm:


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Средбата Саркози - Груевски одложена за утре

    Пишување by Ane Rockerka on Пет 15 Мај 2009, 07:55

    Париз, 14 мај (МИА) – Средбата на премиерот Никола
    Груевски со француискиот претседател Никола Саркози, наместо
    попладнево, како што беше првично закжана, ќе се одржи утре во 16
    часот, јави известувачот на МИА од Париз.
    Пролонгирањето на средбата го договорија македонската Aмбасада во
    Франција и Кабинетот на Саркози, откако поради дефект на компјутерскиот
    и радарскиот систем на владиниот авион со кој патуваше од Брисел,
    Груевски беше спречен навреме да пристигне во Париз.
    Македонскиот премиер попладнево сепак ќе допатува од Брисел во Париз, но со воз наместо со владиниот авион.
    Од Кабинетот на премиерот инфомираат дека дефектот на владиниот
    авион се случил набргу по полетувањето. Сите компјутери и радарот
    откажале додека авионот летал на надморска височина од 6.000 метри.
    Авионските инструменти покажувале дека тие се на земја, така што
    пилотите немале никаква информација за авиосообраќајот околу нив.
    Авионот е принудно вратен во Брисел.
    Во авионот покрај, Груевски, патуваа и шефот на неговиот кабинет
    Мартин Протоѓер и членовите на обезбедувањето. Леталото е принудно и
    безбедно вратено во Брисел.
    Агендата на македонскиот премиер за време на дводневната посета на
    Франција предвидува, освен со Саркози, средби и со францускиот министер
    за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој
    Ерик Бесон, со претставници на француското здружение на стопанственици
    МЕДЕФ и со првите луѓе на Организацијата за економска соработка и
    развој – ОЕЦД Хозе Анхел Гуриа и на Меѓународната организација на
    Франкофонијата Абду Диуф.

    превземено од www.novamakedonija.com

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by UrizenIX on Пет 15 Мај 2009, 12:11

    Ексклузивно:Салвадор Дали во Скопје

    На почетокот од месец ноември 2009 г. (најверојатно на 6 ноември) во Музејот на современа уметност ќе биде отворена мега изложба на Салвадор Дали

    Изложбата содржи околу 200 експонати од кои повеќето се слики, дел се линорези и скулптури од керамика и пластика. Дел од изложбата ќе бидат и досега необјавени фотографии од приватниот живот на овој голем шпански уметник. И покрај релативно високата цена на изложбата, овој потег на Министерството за култура може да се смета за извонредно значаен културен настан во Македонија. rock and roll

    Преземено од www.forum.com.mk
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Dirge on Пет 15 Мај 2009, 14:57

    закон
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Англиското издание на „Пиреј“ доби егзотичен наслов „Pirey“

    Пишување by Ane Rockerka on Вто 26 Мај 2009, 09:35

    Пиреј“, едно од
    најчитаните, најпреведувани и најнаградувани дела на Петре М.
    Андреевски во Македонија, прогласена од Друштвото на писателите на
    Македонија за најдобро прозно дело, преобјавено повеќе од десетпати,
    неодамна го доживеа својот прв превод на англиски јазик. Преводот го
    направи Вил Фирт, Австралиец што живее во Берлин и кој, меѓу другото,
    нема македонско потекло, што е куриозитет, бидејќи станува збор за
    превод на јазички богато и сложено дело.

    Познато е дека има
    преведувачи што преведуваат од два и повеќе јазици, но многу се ретки
    преведувачите што преведуваат на повеќе од еден јазик. Таков е Фирт,
    кој преведува од повеќе јазици (македонски, руски, српски, хрватски) на
    два јазика - англиски и германски. На англиски го има преведено
    „Пиреј“, а на германски книги од Луан Старова и Иван Додовски.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Грција протестира поради турското истражување на нафтените наоѓалишта

    Пишување by Morholt on Саб 18 Jул 2009, 10:17

    Атина, 17 јули (МИА) - Грчкото Министерство за надворешни работи испрати протестна нота поради одлуката на турската Влада да почне истражување на наоѓалиштата на нафта во Егејско Море.

    - Одлуката на Анкара да почне геофизилки истражувања во источниот дел на Средоземно Море поточно јужно и источно од островот Кастелоризо е спротивно на правилата на морското право, истакна портпаролот на грчкото МНР, Григориос Делаверурас.

    Тој наведе во зоната на турското истражување вклучени се континенталниот шелф на грчкиот остров Кастелоризо во југоисточниот дел на Егејско Море.

    Турција и Грција повеќе години спорат за границите на територијалниот шелф во реонот на Егејско Море, а Атина предложи решавање на спорот со посредство на Меѓународниот суд во Хаг.

    извор: Идивиди
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Го менуваат името на фирмата за да не даваат плати

    Пишување by Ane Rockerka on Чет 13 Aвг 2009, 08:04

    Работници во фабрика за чевли во Тетово штрајкуваат поради
    неисплатени плати и придонеси, а обвинуваат дека често се менуваат
    сопствениците и се регистрира фирма со ново име, со што се избегнува
    намирувањето на обврските кон вработените. Штрајкувачите веќе шест
    години работат без придонеси, а плата немаат земено 4 месеци.


    Автор: А.С.

    повеќе на: www.novamakedonija.com
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Сре 26 Aвг 2009, 17:44

    Неосмислени конкурси за проекти во градот Кочани

    Неодамна,
    општината на чело со моменталниот градоначалник Ратко Димитровски,
    распиша конкурс за идејни решенија за реконструкција на неколку важни
    објекти во градот.

    До сега поминаа роковите за предавање на
    идејните решенија за реконструкција на фонтаната во трговскиот центар,
    за надоградување на градскиот базен и за паркинг простор на
    најфреквентното шеталиште.

    Сосема сум согласна со конкурсот за фонтаната која навистина е преголема за тој мал простор.

    Се согласувам и со надоградба на базентот што ќе овозможи користење и во зимскиот период иако е полуолимписки.

    Она
    што најмногу ме иритираше за да го напишам ова, беше узурпирање на и
    така малото шеталиште кое се вбројува во едно од најфреквентните.
    Замислуваат да го потрупаат зеленилото и меѓу дрвата да направат
    паркинг.

    Ни го земаат едно од поубавите нешта во градот -
    КЕЈОТ НА КОЧАНСКАТА РЕКА. Местото каде што секој го пронаоѓа своето
    задоволство со дневната доза на муабет со случајните познати минувачи.

    Мојата
    мајка е архитект и и' помагав при изработувањето на плановите.
    Решението е едноставно и направено за да не се уништува зеленилото
    помеѓу дрвата.
    Сепак, во содржина на истиот и самата си кажа дека
    ќе се залага да не се зема и она малку зеленило, а јас сум првата која
    ја поддржува.

    Ќе видиме што ќе се случи и дали кога ќе
    ни дојдите на гости во Кочани ќе ве пречекам во убавото зеленило и
    Кочанската река и кејот кој го сметаат за еден од најубавите во источна
    Македонија.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Саб 05 Сеп 2009, 14:41

    Несреќа во Охридското езеро. Изутринава туристичкиот брод „Илинден“ со 50тина патници се превртел 300 метри од брегот, блиску „Елешец“.

    Засега 17 тела се изавдени од езерото, а потрагата продолжува. Повеќе претставници на Владата како и претседателот Иванов дојдоа на местото на несреќата.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Morholt on Саб 05 Сеп 2009, 15:54

    Грешка си малку бродот пренесувал 73 патници, а дозвола имал ми се чинит само за 40 патници. Поголем дел од нив се бугари и вечерва се очекува делегација од Бугарија да пристигне во Македонија. Недела се очекува поради овој настан во Македонија да се прогласи ден на жалост.
    Исто така министерот за транспорт и врска (под чива надлежност е капетанијата) г. Јанакиевски поднесе оставка.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Morholt on Саб 05 Сеп 2009, 15:57

    Фотографија од потонатиот брод...
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Саб 05 Сеп 2009, 19:58

    Едни велат дека имал дозвола за 43, а пренесувал 53 патници. Според други велат дека од дозволени 43 носеле 74...
    Кое е точно за сега нема конечна информација.
    Karan точна ти е информацијата и е потвдено дека утре е ден на жалост.
    15 лица се загинати и според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска потвдено е дека не се трага по никој и дека сите патници се пронајдени.

    Голема трагедија но и голема негативна реклама за Охрид на крајот од туристичката сезона. Факт е дека оваа година се случија голем број несреќи во Охридското езеро.

    Што ли е работата со денов? Регистрирана е уште една несреќа за патот накај Тетово. Воз го „здробил“ возилото со кое управувал Садиќ Љоки, 34 годишен тетовчанец.


    Последната промена е направена од Ane Rockerka на Саб 05 Сеп 2009, 20:35. Мислењето е променето 1 пати

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Morholt on Саб 05 Сеп 2009, 20:17

    На вонредните вести на А1 изјавија дека утре ќе биде ден на жалост
    avatar
    дедо иљо
    Малешевски
    Малешевски

    Male Мислења : 219
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-09-19

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by дедо иљо on Нед 06 Сеп 2009, 02:19

    само можам да кажам дека ова е еден огромен минус за туризмот во Охрид кој ке го почуствуваме тек в година
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Александар Македонски на минијатурен скапоцен камен

    Пишување by Ane Rockerka on Пет 18 Сеп 2009, 14:54

    Александар Македонски на минијатурен скапоцен камен

    Во израелскиот град Тел
    Дора се случи ретко и изненадувачко археолошко откритие: пронајден е
    скапоцен камен со гравиран портрет на Александар Македонски.
    Ископувањата на овој локалитет ги врши археолошкиот тим на д-р Ајелата
    Гилбоа од Универзитетот во Хаифа и д-р Илан Шарон од Хебрејскиот
    универзитет во Ерусалим


    -
    И покрај малите димензии – 1х 0,5 сантиметри, граверот успеал да ја
    отслика бистата на Александар Македонски, без за испушти ниедна од
    неговите карактеристики - изјавил Гилбоа.

    Императорот е портретиран како млад, силен со јака брада, прав нос и долга виткана коса и дијадема на главата.

    Истражувачите
    од Тел Дора истакнуваат дека е вистинско чудо да се најде вакво
    уметничко дело во Израел, на периферијата на хеленистичкиот свет.

    Александар, веројатно е првиот Македонец кој ги ангажирал уметниците да изработат негов портрет.

    Уметниците
    вешто ги комбинирале реалистичните елементи од ликот на владетелот со
    класичните идеали за убавина, одредени со хеленистичката уметност,
    владарските атрибути (дијадемата во овој случај), како и божествените
    елементи што потекнуваат од хеленистичката и ориенталната уметност.
    Подоцна и останатите владетели го прифатиле примерот на Александар
    Македонски.

    превземено од: www.novamakedonija.com
    директен линк
    avatar
    Peanut

    Female Мислења : 757
    Местолокација : In The Middle Of Nowhere
    Зачленет на : 2009-04-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Peanut on Вто 22 Сеп 2009, 11:28

    За си ле ни истражувањата на раноантичката гробница во Бонче

    Гробницата е со монументални димензии и може, според археолошкото зна че ње, да стане нова туристичка атракција, сметаат археолозите

    Во тек се археолошките истражувања на локалитетот Павла Чука, како дел од проектот Висока и Старо Бонче, реализирани од Филолошкиот фа кул те т од Скопје, во соработка со Завод и Музеј Прилеп, а под ра ко вод ство на професорот Виктор Лилчиќ. Локалитетот се наоѓа помеѓу селата Под мол и Бонче. Станува збор за систематски археолошки истражувања кои се изведуваат континуирано од 2007 година, а истите се финансирани од Владата.




    Се истражува гробницата од македонски тип, која е меѓу нај мо ну мен тал ни те раноантички објекти во Македонија. "Според архитектонската кон цеп ци ја, оваа гробница претставува единствен пример во пошироки рамки, а истата може да датира од времето по владеењето на Александар Ма ке дон ски, поточно во последната чет вр ти на на четвртиот век пред н. е.", изјави Антонио Јакимовски, ра ко во ди тел на истражувањата. Локалитетот е познат од 1936 година, кога се од ви ва ле првите истражувања. Гробницата е монументална, влезот е долг 11 мет ри, а висок речиси 3 и пол метри. Била изградена од монументални ка ме ни блокови, а комората била изградена од убаво делкани камени бло ко ви. Во должина има 6 метри, а во ширина 3 и пол метри. Ар хе о ло зи те велат дека по неговото значење и големина, овој локалитет може да пре рас не во нова туристичка дестинација на Македонија.
    Мо мен тно се ископуваат комората и дромосот, а во следната етапа се пла ни ра да се доистражи целиот простор на овој особено значаен објект за ма ке дон ска та историја. Како последна фаза, планирана е кон зер ва ци ја та, како и презентацијата на овој објект за пошироката јавност. (В. То)

    превземено од Вест
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by balAlajkA on Вто 22 Сеп 2009, 16:25

    да ве насмеам малку:

    ГРАБЕЖ ОД ЉУБОВ ВО ГАЛЕРИЈА ВО ОХРИД

    Од Центарот за култура во Охрид, на 4-ти овој месец е украдена уметничка слика од авторката Владана Молдован која била дел од групната изложба од интернационалниот ликовен карван на колекционерот Тихо Кондев.
    Сликата е украден на невообичен начин, зашто крадецот оставил белешка и под украденото дело, а и потоа $ напишал мејл на авторката, со што не го крие својот идентитет, туку напротив, вели дека тој сака лично да $ ја врати украдената слика. Кондев вели дека веројатно "непознатиот" крадец на овој начин $ се додворува на Владана. "Во каталогот стои дека таа има нешто над 30 години, а можеби и навистина му се допаѓа сликата, како што пишува во мејлот", ни рече Кондев.


    од кај си го зедов, и има уште :)
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by balAlajkA on Пет 25 Сеп 2009, 16:41

    Почина Коле Чашуле

    Завчера во Скопје на 88-годишна возраст почина писателот Коле Чашуле. Литературните историчари и критичари го квалификуваат како припадник на легендарната македонска писателска генерација што ја именуваат како прва. Тој е во групата автори со Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески, Јован Бошковски, Димитар Митрев, Славко Јаневски со кои фактички и започнува развитокот на современата македонска литература.

    Извор


    IN MEMORIAM, КОЛЕ ЧАШУЛЕ (1921-2009)

    Повеќе за него
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Robby on Вто 29 Сеп 2009, 10:04

    Запалено македонското знаме


    На мечот од Првата лига на Косово меѓу Приштина и Влазними вчера било запалено македонското знаме.

    Оваа сеуште неофицијална информација ја пренесуваат утрово македонските интернет портали. леле ц ц ц
    Ова стварно е претерување !!! :mad:



    извор: а1

    Sponsored content

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:06