Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Вести и настани од секојдневниот живот

    Share
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Сре 04 Јан 2012, 18:24

    Универзитетот Џаотонг ќе ги рангира македонските високообразовни установи

    Министерот за образование Никола Тодоров соопшти дека најреномираната светска институција за рангирање на универзитети, Центарот за светска класа универзитети од престижниот Џаотонг универзитет од Шангај, е избран да ги рангира акредитираните јавни и приватни високообразовни институции во Македонија и единиците во нивни состав.


    - Шангајската е најрелевантна и најпозната листа во светот за рангирање на високообразовни установи и за сите универзитети претставува престиж да се најдат на неа. За нас ќе биде чест и задоволство нашите високообразовни установи да бидат рангирани од нивна страна. Ова ќе биде револуција во образованието зашто првпат ќе имаме можност да видиме каде се наоѓаме во поглед на квалитетот, изјави Тодоров

    Центарот ќе ги споредува квалитетот и ефикасноста на наставата, истражувањата, социјалните услови на сите факултети и институти и врз основа на тие критериуми во декември ќе објави ранг-листа што ќе биде првпат во државава. Процесот на собирање и обработка на податоци ќе има пет фази, ќе трае во текот на цела 2011-та и ќе го опфати наставно-научниот кадар, студентите, соработниците, администрацијата и другите надлежни органи.

    Тодоров додаде дека во светот рангирањето е долгогодишна пракса и ја стимулира конкуренцијата меѓу високообразовните установи, давајќи им значајни информации за нивниот статус на работодавачите, стопанството, студентите и нивните родители и на сите заинтересирани субјекти. Освен оваа рангирањето би допридонело за правилната распределба на државните средства за универзитетите, поточно оние кои се подобро рангирани би можело да бидат наградени.

    Македонија е прва замја во регионот каде се спроведува вакво рангирање и тоа државата би ја чинело 6 милиони денари плус ДДВ.

    -------

    Конечно некој статистички да потврди колку е скапано образованието..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Printers and faxes on Сре 04 Јан 2012, 19:03

    http://www.plusinfo.mk/vest/28632/Sramno-Radost-kaj-Makedoncite-vo-Avstralija-za-smrtta-na-Gligorov


    Страшна работа... Срам е да си Македонец.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Сре 04 Јан 2012, 20:14

    Хехе..чекај кога ќе умри Бранко Црвенковски..ќе ја изнајмат Опера Хаус во Сидни да слават.Според неофицијални извори, постои фонд за најмување на платен убиец кој би го скинал Бранимир.Оти низ призмата на проститилокот и неинформираноста Бранко, Киро и останатите играчи од првата влада се на ниво на анти-херои кои ја заебале Македонија со транзицијата.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Сре 04 Јан 2012, 21:31

    Македонската дијаспора е доказ дека балканец во уште поглупо и повеќе лоботомирачко општество станува исправен мајмун. Буквално.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    the_Stranger

    Male Мислења : 59
    Зачленет на : 2011-03-08

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by the_Stranger on Сре 04 Јан 2012, 22:03

    А која е структурата на луѓето кои ја сочинуваат нашата дијаспора? Простаци и простаци. Јес да никој не те прифаќа и сегде си странец, ама мислам дека нивното ниво на живот не одговата на нивото на живот во големите градови во кои најчесто живеат и р'мбаат. Повеќе одговара на живот во некое си запикано село во некој си планински крајолик (што би рекле србиНе - вукојебина). И можевме ли да очекуваме нешто попаметно од нив? Сигурно дека сум разочаран, ама лично, не очекував ништо повеќе. Нивните роднини во Македонија се радуваат на тоа што конечно изградивме нешто во државава.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Сре 04 Јан 2012, 22:34

    Кај дијаспората преовладува мислењето дека сегашното ВМРО е уствари континуитет на она ВМРО кое се формираше во шеесетите во Австралија и Франција,анти-комунистичко, а СДСМ е комунистичка партија поради која си заминаа од Македонија.Во странство живеат во "гета" како и сите емигранти кои потекнуваат од племенско-родовски заедници.Таму циркулираат истите навики, муабети и обичаи како во татковината, па дури постои аверзија кон натурализирање и асимилирање со што го канализираат во дебилен патриотизам.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    the_Stranger

    Male Мислења : 59
    Зачленет на : 2011-03-08

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by the_Stranger on Чет 05 Јан 2012, 01:58

    Македонската дијаспора
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 25 Јан 2012, 18:55

    Верушевски јуниор пак прави проблеми

    Александар Верушевски (25) повторно е во проблеми со законот. Полицијата против него поднесе две кривични пријави за убиство во обид, односно за недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи. Проблематичниот Верушевски е учесник на четврточниот инцидент на женска плажа во Струга кога три лица беа повредени. МВР поднесе кривични пријави и против М.Н. (35) од Струга, В.Т. (31) од Калишта, Д.Г. (28) од Калишта, кој е државјанин на Македонија и на Србија, Л.Л. (30) од Струга и С.Г. (31). Во оружената пресметка беа ранети М.Н. и В.Т., додека Д.Г. беше прободен во стомакот. Сите тројца се надвор од животна опасност. М.Н., велат од полицијата, во петокот побегнал од болница. Истиот ден бил извршен претрес во куќата во Струга каде што престојувал Верушевски, при што биле пронајдени и одземени дваесетина куршуми, шише со непозната прашкаста материја со натпис „кетанол“ и кутија со 484 таблети.

    Александар Верушевски е син на поранешниот разузнавач Зоран. Пред неколку години беше осуден на две години затвор поради изнуда, односно противправно поседување оружје. Во 2007 година беше помилуван од тогашниот претседател на државата, Бранко Црвенковски. (Г.А.)

    http://www.time.mk/read/509d4be691/8039e54be2/index.html
    Кој е тој Верушевски да не биде суден ли?
    Бог ли е?
    Божји пратеник?
    Избраниот човек од Богаsto

    Најголем подем на малолетничкиот криминал и насилства имаше 2005 година кога Дивјачкото и силеџиското однесување на Верушевски јуниор стана “идол“ за однесување на младите …
    Во тоа време на 90% од младината Верушевски јуниор им беше идол...

    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Сре 25 Јан 2012, 19:24

    Верушевски е син на бившиот директор на ДБК и тоа му ја дава сета моќ и право да се понаша како шериф.Од таквите македонците традиционално ги полнат гаќите.




    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 25 Јан 2012, 19:35

    Па што ако татко му бил Директор на ДБК. Нели владината кампања на Гвујо по медиумите беше „Законот - Еднаквост пред сите“.
    Ако не му пресуди Основен суд 1 или Основен суд 2 тогаш чарето е да се најде некој паметен да го упуца, како што пред некоја година му го свирнаа куршумот на рекетарот Кољо од Прилеп на пивофестот.
    Ама проблемот е тоа што таквите слични како Верушевски, Кољо, Рамбовци во Битола ги има многу во државава.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Сре 25 Јан 2012, 21:57

    Добредојде во Македонија.

    Ако некоја институција или некој треба да дели правда ракетарите како Верушевски ќе бидат последни на листата за интервенција.Има попримарни таргети...но победивме против Србија така не е битно.



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Чет 26 Јан 2012, 00:20

    Ништо повеќе не е важно.
    Слепите прогледаа, гладните се наситија, жедните се напоија, немите пропеаја, страдните се утешија, болните оздравеа, злото се врати во понорите на пеколот...

    Courtesy of handball.

    Ain`t life simple & pinkish in its beauty!?
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 26 Јан 2012, 00:49

    Зомби Тоше Суперстар напиша:Добредојде во Македонија.

    Ако некоја институција или некој треба да дели правда ракетарите како Верушевски ќе бидат последни на листата за интервенција.Има попримарни таргети...но победивме против Србија така не е битно.


    За опшеството наше.
    Интересен е спојот на криминалот и МВР. Се повеќе во Македонија е тренд позициите што ги имаат одредени поединци да се користат за други цели.
    Се почесто се користат позициите за уцена, присила.
    Вака: Сите арамии, рекетари и нивните поддржувачи вработени во полицијата да бидат егзекутирани.
    Во Кина така функционира начинот на казнување за таквите како Верушевски. И тоа одма ниту ден мерка притвор, ниту одложено судење во случај ако бил болен неговиот адвокат. Па дури и високи полициски функционери и мултимилионери се погубуваат во Кина...

    Граѓанската организација „Езерка“ и организациите „Каприкорн“, „Урбан Рур“ и „ЕН Халан“ денеска во 12 часот во Струга организираа мирен протест поради последниот насилнички акт на Александар Верушевски кој се товари дека сторил обид за убиство.

    Зарем само во Струга треба да се протестира против тоа кучиштеsto
    Треба протест против Верушевски и тоа масовен како во Тунис, Египет, Чиле, Грција, Волстрит...
    Па макар и да има ризик од пендрек во глава, притвор, молотови коктели, petrol bomb и слични дешавки.

    Бидејќи не се знае на кого може да ја загрози безбедноста.

    Денес оперира во Струга, утре во Охрид, задутре Битола и така...


    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Чет 26 Јан 2012, 01:34

    Мосад стапува на сцена со најновиот “грев“ во врска со Иран...

    Иран ќе продава нафта на Индија, а многу веројатно и на Кина не за шарени хартии познати како долари, не за евра туку за злато...изгледа староно Руперт имаше поента after all...првпат се случува вакво нешто што за жал ја приближува интервенцијата на “демокраЦките сили“ жедни за нафта. Индија е уште пожедна, а Ајатоласите изгледа не се баш наивни...

    http://timesofindia.indiatimes.com/business/india-business/Gold-for-Iran-oil-Govt-declines-any-comment/articleshow/11634184.cms
    http://seekingalpha.com/instablog/483485-bret-rosenthal/256493-precious-metals-outlook-india-agrees-to-pay-gold-instead-of-us-for-iranian-oil

    Адут на Иран се локалните џанаци кои во Иран ги има најмногу на светот, а тие си имаат троа искривена перцепција, и шиитските муслимани кои исто така ги има најмногу во Иран, каде што култот на мачеништвото е една од основните теолошки постаменти.
    Покрај тоа бројот на млада популација е прилично значаен, тинејџери полни со адреналин.

    Да скратам, тајното иранско оружје не е атомска бомба.
    Тоа е шиитски-тинејџ-џанак на спид со РПГ-7 или ИЕД во потрага по “демокрацки“ тенк,оклопен автомобил,транспортер како зомбирано се движи, тотално во зона, фокусиран кон целта...да бев амерски војник ќе се серев од страв не од атомско,хемиско или био оружје туку од рандом Хамид со чуден сјај во очите кој не паѓа со првите неколку .223 remington погодоци туку се приближува ко мутав накај хамвито...

    Пензионери и ветерани од војната против Ирак на пат кон 72 девици со Рено-9 со 300кг амониум нитрат помешан со нафта (вештачко ѓубриво но и направи-сам експлозив) појачано со 50-60 кила метални отпадоци да служат како шрапнел во радиус од пола километар од позицијата на “демокрацките“ војници...it would be something...

    Друго шо беше...а да...

    После дооооолго време се случува нешто тешко замисливо во Британија, благодарејќи на цената на нафтата и јагленот станува исплатилив да се копа по зелените Велшки ливади...секако новата генерација рудари мора да ја плати цената, веднаш паѓаат и првите жртви...

    http://www.bbc.co.uk/news/uk-wales-14958882

    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 26 Јан 2012, 17:24

    СКОПЈЕ
    Пешевски: Цените на енергенсите неминовно ќе одат нагоре

    Влијанието на Владата врз цените на енергенсите не е големо, но онолку колку што можеме се обидуваме да влијаеме цената да се одржува ниска, рече денеска во Собранието вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски одговарајќи на прашање од пратеникот Владимир Ѓорчев.

    “Она што Македонија го има како цена на бензините е меѓу најниските во Европа. Во делот на оние што се во надлежност на Владата и иако се извор на средства во буџетот на владата ќе останат на исто ниво. Генералната интенција е да се создаде цена која ќе биде поволна за стопанството. Но, може да се очекува на берзите да има зголемување на цената на бензините. И компаниите треба да направат рационализација на користењето на горивата“, рече Пешевски, додавајќи дека во изминативе години најголемо влијание на цената има рафинериската цена која се одредува според договорот направен меѓу ОКТА и владата во време кога Стевче Јакимовски беше министер за економија.

    Во однос на цената на електрична енергија, Пешевски одговори дека цената на струјата во Македонија засега е на релативно ниско ниво, но поради либерализацијата и планираните инвестиции во енергетскиот сектор, се очекува таа во наредниот период да се зголеми.

    “Во споредба со цените во регионот, во македонија се уште цените се на релативно ниско ниво, има само една или две земји кои имаат пониска цена, но тоа се држави кои се уште не е отворен пазарот за електрична енергија. Зошто ние имаме пониска цена, тоа се должи на ефикансотоо работењ на МЕПСО и ЕЛЕМ. Но, неминовно во наредниот период цената на струјата ќе оди нагоре, тоа пред се’ се должи на планираните инвестиции на МЕПСО и ЕЛЕМ со цел да се побезбеди поквалитетно снабдување со електрична енергија. Тоа ќе ги зголеми трошоците на овие компанија, што ќе доведе до зголемување на цената на електрична енергија.Но, ние како Владата во оној дел колку што можеме ќе помогнеме за цената да биде поволна“, вели вицепремиерот.

    Премиерот Никола Груевски исто така одговараше на прашање на пратеникот Ѓорчев во однос на целокупната состојба во економијата во Македонија.

    “Имаме втор или трет најголем раст на економијата во Европа. И покрај кризата и сложените услови успеавме да останеме во рамките на предвидениот буџетски дефицит од 2,5 отсто. Јавниот долг исто така е на ниско ниво, а имаме и ниско тековно задолжување. Денарот е стабилен. Имаме едни од највисоките девизни резерви во историјата на Македонија“, одговори Груевски.

    Извор http://tocka.com.mk/index12.php?ID=59528

    Сето тоа се методи за ограбување на граѓаните.

    Па мора некако да се наполнат дупките во буџетот, мора некако да се плати за спомениците и за Скопје 2014, мора да има високи плати за партиски војничиња со основно образование, коишто си седат дома, а се на платен список. Мора да им се зголемат имотите на Гвујо и Мијалков...

    И оваа власт на еден начин не тероризира, куршумите се скапи, а од мртов човек нема профит, па живи ќе не убиваат со вакви поскапувања.

    Ама затоа постои граѓанска непослушност, треба и ние да не плаќаме сметки како што тоа го прават во Арачиново, Чаир, Велешта, Тетово, Гостивар...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Нед 29 Јан 2012, 16:47

    Ќе се менуваат имињата на 60 улици во Битола ?!

    Маршал Тито да се преименува во Широк Сокак, Иво Лола Рибар во Македонска фаланга, Иван Милутиновиќ во Македонски гемиџии, Едвард Кардељ во Баталјон Стив Наумов, Бошко Буха да стане Круме Кепески, Булеварот Социјалистичка Револуција Методија Андонов Ченто. Ова се дел од предлозите за промена на имињата на улиците, содржани во листата која Комисијата за комунални дејности ја достави до советничките групи, на својата последна седница, одржана вчера. Помеѓу 60 – те предлози за преименување на улици се наоѓа и ЈНА, која по ново би го носела името Рокдајл, по збратимениот град во Сиднеј, а имињата во Виенска, Крањска, Бурса, Воден и Серез би се преименувале улиците Ѓуро Ѓаковиќ, Бранко Радичевиќ, Крагујевац, Далматинска и Трст. Според предлогот, Борис Кидрич би се преименувала во Димитар Илиевски – Мурато, Босна во Мустафа Кемал Ататурк, Железничка во Филип Втори Македонски, а населбата Кланица би се преименувала во Ајредин Демировски.
    Претседателот на Комисијата за комунални дејности, советникот Сашо Илијовски од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, вели станува збор за иницијатива која трае подолго, а која сега само ќе финишира.
    Советникот Горан Милевски, кој го турка вториот мандат во Советот на Општина Битола тврди дека листата со предлог нови имиња на улици која беше предложена во 2009 година, се разликува со актуелната.
    Опозицијата обвинува дека зад преименувањето на дел од улиците во градот, се крие обид за бришење на еден период од историјата на Македонија. СДСМ и ЛДП се сомневаат дека зад деноминацијата се кријат исклучиво идеолошки причини.
    Владеачката партија категорично ги отфрла обвинувањата.
    Опозицијата се противи и на брзоплетоста во целата постапка за промена на имињата на улиците во Битола. Според СДСМ и ЛДП, во услови кога градот има многу посериозни проблеми кои чекаат на решение, не е време за проектот кој нема ниту финансиска конструкција.

    _____________________________________________________________________________________

    Поздрав за проекатот.Редно беше.Освен за оние улици кои ги болдирав.That is just wrong.Мојата улица сигурно ќе се вика исто (Кавала, според истоимениот град на североистокот во Грчка, до каде наводно биле границите на пред-Букурештка Македонија) со оглед дека уште на времето беше среден прст за Грците..ама дај боже да се промени во некое секси име.Во Виенска на пример, оти од првото поставување на асфалт во градот, таа сеуште е земјанка.

    Се разбира дека ова е лоботомирачки подвиг и обид за бришење на историјата на градот и голем дел на ју-носталгичари се против тоа..ама шта чеш..Гоцевата раса не трпи да живее на Иван Милутиновиќ и Социјалистичка револуција..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Printers and faxes on Нед 29 Јан 2012, 20:09

    Море Брајане, што се нервираш и што се чудиш? само прашање е на време кога во Химната на местото на Сандански, Питу Гули ќе се вметнат Груевски, Ставревски, Иванов, Ѕинго и остала гарда вмроовци. :Д

    Исто како во 1984 и Анимал Фарм... О
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Вто 31 Јан 2012, 21:15

    Digital killed the analog star.

    R.I.P Кодак (1889 - 2012)

    Џорџ Истмен и неговата Кодак го измислија roll 120 филмот (со кој е снимен првиот филм некогаш направен од страна на Томас Едисон), кој покрај 35mm филм и "рачните" камери се најзаслужните за афирмирањето на фотографијата како медиум.


    Оние кои имале среќа да фотнат нешто со Кодак филмовите, посебно Т-max серијата ја делат истата тага како и јас.

    Штета, стварно штета.


    Farewell friend..you will be missed.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 25 Фед 2012, 00:40

    Вината на „Сковин“ одат на рускиот пазар

    Вината на производителот „Сковин“ за еден месец ќе се најдат на пазарот во Русија, соопштуваат од винаријата.

    Зделката била договорена на московскиот саем за вино Прод-експо на кој учествуваа преку 2.500 изложувачи од стотици земји во светот, како и македонски винарии.

    „Сковин успеа да склучи две зделки. Едната е пред завршница и се очекува првите камиони да заминат за Русија за еден месец. Другата исто така е при крај и го чека привршувањето на процесот на сертификација“, посочуваат од компанијата.

    Рускиот пазар на алкохолни пијалаци е еден од најголемите во светот со вкупна потрошувачка од 13 милијарди литри годишно. Иако поголемиот дел традиционално отпаѓа на жестоки пијалаци, во последните години учеството на виното драстично се зголемува и достигна речиси милијарда литри годишно.

    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9CAF2FDE80E6F2499E94530BFCE7DFFC

    После 20 години им текна. На рускиот пазар немате ограничување од типот на етикетата да не стои македонско вино. Но пералната на мозок НАТО и ЕУ работи турбо во Македонија. Tоа ќе ни се мава од глава постојано.
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Пет 13 Апр 2012, 14:33

    Пет лица биле најдени мртви синоќа кај Железарското езеро во атарот на селото Смиљковци, Скопско...

    Уште еднаш да спомнам за смисленото сценарио за дестабилизација...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пет 13 Апр 2012, 23:30

    Малце му е на овој народ.....МАЛЦЕ !!!!!


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Саб 14 Апр 2012, 12:03

    Нема толкави ебачи колку шо се крепачи овие нашиве.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Саб 14 Апр 2012, 12:18

    „Ништо страшно, вакви работи се случуваат и во Норвешка, Финска, САД“...

    (парафразирана изјава на креаторот на мак. политика)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Вто 17 Апр 2012, 02:53

    Да ја воскреснеме Битола
    15.04.2012 18:43
    Активизам

    Во петокот (13 април), битолскиот Широк Сокак беше збогатен со нови урбани додатоци. Група млади креативци во текот на четврточната ноќ на најпознатата пешачка улица во Македонија постави една уметничка инсталација со цел да ја пренесе својата велигденска порака до своите сограѓани.

    Инсталацијата се состои од голем број на алтернативни плакати во вид на велигденски јајца во различни бои на кои со спреј е испишана пораката „ДА ЈА ВОСКРЕСНЕМЕ БИТОЛА“. Истите се поставени на еколошки и недеструктивен начин, со едноставно прикачување на канделабрите или дрвјата низ битолското корзо. Младите креативци преку оваа инсталација сакаат до сите минувачи да апелираат за повторно обновување и оживување на духовните и културните вредности на нивниот град за кои сметаат дека одамна се изгубени.


    Со суптилно користење на материјални и просторно-временски симболики, младите ентузијасти своето дело неслучајно го поставувија на денот кога се бојадисуваат јајцата во пресрет на најголемиот христијански празник - Велигден. Нивната единствена цел е преку јасна порака да ги повикаат сите Битолчани да создадат нова визија за активно живеење во својот град, да престанат со пасивно набљудување и вегетирање во „идиличната атмосфера на малиот град“, да излезат од маргините на секојдневната монотонија, да ги напуштат стереотипите и предрасудите, да му одолеат на светото битолско тројство: пиење кафе, озборување и продефилирање низ корзото.

    Сите ние треба да тежнееме кон создавање на нови урбани вредности кои ќе го поттикнат развојот на секоја индивидуа и на секој колектив, а притоа повторно ќе ги реконструираме и ќе ги афирмираме изгубените културно-историски и духовни вредности на нашиот град. Само со таква зрела, напредна и развиена состојба на духот, во која спонтаноста на моменталната акција преовладува над бесцелната рутина, повторно ќе можеме, не само механички, да кажеме дека сме горди што сме Битолчани.

    Со почит,
    АП (АнтиПасивисти)

    Извор: okno.mk

    Интересна иницијатива.

    Морам да признам дека слаба точка ми е бесцелниот романтизам, посебно оној поврзан со стариот сјај (до 2000-2001 год) на градот мој роден, сега покоен.
    Баш ме интесира кој се анти-пасивистиве, кој крој на луѓе се.Се додека иницијативата не подразбира вмешување на политика и дискусија која анархистичка школа е подобра ревносно би им се приклучил.

    Здружение на кабадаи!? Од кабадајлук нема да го направат!

    -Кабадаја, 2005 год.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Вто 01 Мај 2012, 20:53

    http://on.net.mk/vesti/makedonija/uapseni-ubijcite-od-smiljkovskoto-ezero
    А шо е поентава со видео игрите (видеата)? За да најдат терористите нешто шо ги крши нивните „човекови“ права и да не дат на суд? За то се крева чалам? Бреј шо напрајле специјалциве. Божем работа им е само да тепаат стечајци и земјоделци, па сеа се чаталат дека и за друго ги волесва...

    Sponsored content

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:05