Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Вести и настани од секојдневниот живот

    Share
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пет 20 Jул 2012, 18:02


    Капиталистичка Европа се спасува со комунистички рецепти


    Зошто должничката криза во монетарната зона на еврото се претвори во континентална општа политичка криза? Одговорот е кристално чист: зашто Унијата на држави со капиталистички вредносен систем, денес политички функционира како самоуправно-социјалистичка заедница со договорно-планска економија. Таа денес е тесно поврзана со комунизмот, и искуствено и симболично

    ЕВРОПСКАТА БАЈКА СЕ ПРЕТВОРИ ВО КОШМАР?
    Во почетокот беше Европска економска заедница. Потоа со Мастришкиот договор стана политичка унија на држави, а сега, по последната трансформација предизвикана од должничката криза, сојузот од 27 држави го задржа своето „уставно“ име, ама без никакви привремени спогодби и резолуции, си доби ново име со финансиско-банкарска одредница за севкупна употреба - Европска должничка унија (ЕДУ). Се разбира дека со ова сложено име не се исцрпени сите особености и специфики на европската архитектура - која од која поапсурдни, конфузни, збунувачки и контрадикторни. Ако кажеме дека ЕУ е титаник што удрил во санта мраз и забрзано почнува да тоне, не сме кажале ни пола од приказната.
    А кога сме кај приказните, се сеќавате на онаа политичко-демагошка кованица што често ја повторуваа Радмила Шеќеринска и другите проминентни ентузијастички евроинтегратори дека на Европа требало да ѝ ја продадеме успешната македонска приказна? Не помина многу време од тој период на ентузијазам до овој сегашниов, во кој попрво Македонија ќе стане успешна држава отколку што ЕУ ќе стане бајка со убав крај. Впрочем, ете, конечно и ЦИА го објави своето пророштво до 2030 година. Како што ѝ предвиде крај на СФРЈ уште во 1978 година, така сега ѝ пиша крст и на Западна Европа.

    Демократски капацитет

    Зошто должничката криза во монетарната зона на еврото се претвори во континентална општа политичка криза? Одговорот е кристално чист: зашто Унијата на држави со капиталистички вредносен систем, денес политички функционира како самоуправно-социјалистичка заедница со договорно-планска економија. Таа денес е тесно поврзана со комунизмот, и искуствено и симболично. Од Париската комуна ги презеде револуционерните титули: граѓани, комесари, комисии, комитети, интернационали. А политички ги надгради со директиви, петолетки, десетолетки, демократски централизам при одлучувањето, што беа карактеристични за Советскиот Сојуз и за Југославија. Европските комесари и други функционери не се избираат на непосредни избори, туку се делегираат и назначуваат посредно, од горе.

    Со ЕУ денес управуваат евроболшевици што немаат ни минимален демократски капацитет за различност. Како резултат на овој тренд, земјите-членки и нивните населенија веќе не можат да се нарекуваат демократии, плурални општества со пазарна економија. Директивите доаѓаат од Брисел и тие се беспоговорни. Националните законодавства само ги вградуваат. Така се обесмислени политичкиот плурализам и една од функциите на парламентите. Во надворешната и економската политика не се води сметка за спецификите на националните држави и нивните посебни интереси, туку се применува доктрината на Брежњев од 1967 година (во време на дисциплинирањето на Чехословачка) за ограничен суверенитет на земјите-членки на Варшавскиот сојуз. Историски, нема никаква разлика помеѓу црвените комесари на Советскиот Сојуз, кои на земјите-членки повремено им доаѓаа со директиви, и овие на ЕУ кога стигаат во инспекција на кандидатите за членство и со налог за исполнување на земјите-полноправни членки. Поради кризата суспендирано е правото на референдумско изјаснување на населението на земјите-членки, што е столб на секоја демократија. Државите, во име на солидарност со должниците, сега мораат да му го предадат својот буџет на некаков банкарски комитет. Во еврозоната нема веќе народни пари и легитимно предизборно политичко прашање каде и како се трошат. И, што е особено важно, државите со валута евро не можат слободно да излезат од таа заедница на држави. Вака попрво би се опишал деветтиот круг на пеколот, а не ексклузивен или елитен клуб на држави што со низа одлуки се доведени во состојба да се крчкаат во сопствениот сос.

    Дежелата и свињите

    Очигледен пример за повторувањето на историјата како фарса е словенечкиот случај. Кога пред нешто повеќе од 20 години се распаѓаше југословенската федерација, Словенија често го потегнуваше аргументот дека централната федеративна власт им брца во националните каси на републиките-конституенти и така си присвојува дел од приходите. Тие пари, сметаа несолидарните Словенци, неоправдано им се доделуваат на мрзливите и помалку способните јужни „свињи“ (и СФРЈ имаше свои пигс-републики), преку разни фондови за неразвиени подрачја. Словенечките политичари сметаа дека на еден начин се заробени во заедница во која друг ја крои политиката, ги распределува и ги управува нивните пари, а со тоа на словенечкиот народ му се оневозможува слободно да дише и самостојно да си ја планира иднината. Словенија си ги оствари својот сон и стратегиската цел. Излезе од Југославија и се зачлени во ЕУ. Ја нарекуваа држава за пример, најуспешен евроученик. Ем излезе топтан со сите свои и туѓи народни пари по едностран упад во Народната банка на федерацијата. Добро ѝ одеше до пред извесно време. Откако должничката криза ескалира, а Брисел донесуваше ад хок мерки за спас на еврото, на Словенија веќе не ѝ оди добро. За кратко време и таа стана дел од „перспективното“ медитеранско должничко братство. По две основи: прво мораше да биде солидарна со Грција и, по директива на централната власт на Унијата, да подигне кредит со значителна камата за да го сервисира грчкиот долг. А сега мора да позајмува пари од европскиот солидарен фонд за да ги врати парите што ги зела за да ѝ помогне на Грција. Сега Словенија не вели дека ќе се отцепи. Не ни може. Ама затоа перспективно подготвува молба за да користи пари од „фондот за неразвиени подрачја“.

    Словенечката успешна приказна сепак не е уникатно фарсична. Рамо до рамо со неа се натпреварува онаа на Грција, од која нејзините финансиски старатели бараат ригорозни мерки на штедење за да добие пари што потоа ќе треба да ги враќа едно сто години минимум, и тоа со камати од кои боли глава. И тоа само ако силовито почне да ја расте својата национална економија. Е, таа Грција, за да ја придвижи својата рокната економија, користи нафта. Нафтата што ја купува по пониски цени од оние на другите производители е од Иран. Арно ама ЕУ, по налог на САД, му стегна ембарго на Иран. Тоа значи дека официјална Атина не ставила вето. Сега грчката новоизбрана влада, во стил на типичен шизофреничар, му напиша писмо на Брисел, односно си напиша писмо адресирано до себе, во кое бара одобрение да биде изземена од ембаргото за да не влезе во уште поголем арч купувајќи поскапа нафта со позајмени пари од приватните европски кредитори, кои, пак, своите трезори ги полнат со националните буџети на земјите-членки на кои им се кредитори. Вистинска бескрајна приказна во која змијата постојано си ја брка опашката!

    Миграции

    И тоа не е сѐ. Како е наредена работава, Европската централна банка всушност со народните пари на земјите-членки сега си го откупува сопствениот долг.

    Како последица на должничката криза и операцијата за спас на еврото, произлегуваат такви политички потези на ниво на Унијата што предизвикуваат шок-ефект кај населението. На пример, иако само пред десетина дена Европскиот совет донесе одлука што ја поддржаа сите национални влади, минусирано за Велика Британија, сепак да го формираат Централниот банкарски комитет со неограничена власт, веднаш потоа парламентите на Финска, Чешка, Холандија и на Шведска одбија да ги спроведат преземените обврски. Финскиот министер за финансии вели дека финскиот народ нема намера да ги плаќа долговите на други држави. Нордијците и Скандинавците експресно ги продадоа своите европски обврзници и парите решија да ги оплодуваат во Бразил, Индија, Кина и во Мексико. Иницијаторот на програмата за спас на еврото, Германија, предимството на првенци во имплементацијата на договорот за финансиска унија им го препушти на другите потписници. Берлин дополнително чека Уставниот суд да утврди дали договорот е уставен. Цела Европа сега се прашува што ако судиите издржат политички притисок и оценат дека тој договор се коси со германскиот устав? Кои ќе бидат последиците? Евроскептичниот Лондон најавува дека ќе оди на референдум за да чуе на кое ниво и во која форма во иднина ќе соработува со ЕУ. Полска, позната по својот евроентузијазам и до скоро сериозен кандидат за влегување во еврозоната, денес одлучно одбива таква варијанта. Да биде сѐ покомплицирано, претурањето буџетски пари од шупливо во празно не ја придвижува европската економија и таа напросто не излегува од депресија. Веќе денес половина од младата работна сила е без шанса за вработување. Проценето е дека до 2014 година над 23 милиони Европејци ќе бидат без работа. Дали доаѓа време на големи економски миграции? Британците размислуваат за стриктно ограничување на емиграцијата од Грција. По Романците и Бугарите, таква селекција ги чека медитеранските должници, што го става под прашалник шенгенскиот „слободарски“ и „солидарен“ систем. Изгледа дека допрва доаѓа време на секакви „востанија“ и „револуции“. Како ќе изгледаат? Па, како онаа во Атина, Неапол, Рим, и сега во Мадрид. Во Шпанија, веднаш по дотурот на првите пари за спас на банките, почна крвава макљажа. Рударите извадија рачни фрлачи, ги наполнија со динамит и излегоа на барикади. Шпанската полиција, без да води сметка за евродирективата за пропорционална употреба на сила, употреби гумени куршуми. Падна крв. Во Грција фашистите од Златна зора, сесрдно логистички помогнати од официјалната полиција, тргнаа во хајка на имигранти и неистомисленици. И таму се лее крв.

    Империја по мирен пат

    Како што вообичаено бидува кога хаосот почнува да дејствува по свои закономерности, ништо повеќе не може да биде опсервирано и проценувано на стандарден (систематизиран) начин. Ама токму во такви хаотични услови сетики некој ќе се сети да прави споредби, да потсетува на дадени политички изјави што времето не само што не ги потврдило ами најбрутално ги демантирало. Така на пример, сите сега се сеќаваат на изјавата на претседателот на Европскиот совет, Ван Ромпуј, што ја даде по повод прогласувањето на Лисабонскиот устав. Тој тогаш „визионерски“ предвиде дека десет години од денот кога сите европски лидери го потпишаа, во ЕУ ќе нема невработени, а Унијата ќе биде етаблирана светска сила. Мора да е гадно реалноста вака безобразно да ве демантира додека сте живи, ама тоа е цврст доказ дека не само знаењето туку и незнаењето е моќ кога е на власт.

    Пред само две години и шефот на Европската комисија (влада), комесарот Жозе Мануел Баросо, излезе со уште похрабра изјава нарекувајќи ја ЕУ „прва светска империја што настанала по мирен пат“. Настрана што се работи за историска лакировка што ги брише наменски двете светски војни и дузина регионални што му претходеа на чинот на создавањето на Унијата. Од комесар со богато колонијалистичко и империјално искуство и не може да се очекува да не биде барем малку империјалистички идеалист, што му се зема како олеснителна околност. Ама затоа тешко може да се објасни идеалистичкиот евроболшевички поглед на еден искусен Стојан Андов, кој во почетокот на кризата, во 2008 година ни ја „продаваше“ политичката бајка за вработување на 270.000 Македонци во просперитетната Грција - инаку лидер на европската благосостојба. Само ентузијасти како Андов и Баросо можат да мислат дека империјата што настанала на мирен начин на ист таков начин и ќе продолжи да постои во услови на апокалиптична невработеност, пропаднати економии, богати и аздисани банки и политичари без интегритет.
    Сѐ на сѐ, претходната криза во која пропадна „источниот“ модел на планска и договорна економија го збриша и политичкиот централистички систем. Оваа „западна“ криза покажува дека е невозможна просперитетна унија на држави без демократија и зачуван идентитет на земјите-членки. Зошто ЕУ избра токму во мигови на тешка финансиска и економска криза да посегне по неславното политичко искуство на својот идеолошки непријател од кој се чуваше со железна завеса е прашање на кое никој нема комплетен одговор.


    Автор: Мирка Велиновска

    извор: Нова Македонија

    Интересен текст.Перцептивно.



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Нед 05 Aвг 2012, 14:20



    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Нед 05 Aвг 2012, 14:35

    Некој што живее во Ѓорче Петров (а таму татко му се преселил од Дебарца или Прилепско пред 25 години) нашол да се жали на „пренатрупаност“ во Скопје.


    Јас најчесто на работи кои се жалам, ги напуштам/прекинувам.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Нед 05 Aвг 2012, 14:41

    Скопје е 'ветениот град' на Македонија.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Нед 05 Aвг 2012, 16:10

    После ебање нема каење.

    Централистичката политика на Југославија која продолжи со независноста си го зема својот данок.
    Чудно, никој во Скопје не се има пожалено на повисокиот стандард кој е овозможен токму од таа политика, но имаат забелешки за чудните дијалекти кои се слушаат од седиштата на ЈСП.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Нед 05 Aвг 2012, 17:11

    Control Panel напиша:После ебање нема каење.

    Централистичката политика на Југославија која продолжи со независноста си го зема својот данок.
    Чудно, никој во Скопје не се има пожалено на повисокиот стандард кој е овозможен токму од таа политика, но имаат забелешки за чудните дијалекти кои се слушаат од седиштата на ЈСП.
    Мхм, баш и јас сум коментирал нешто слично, испровоциран од познатото: Бегајте бе тоа провинцијалците, дојдовте тука у Скопје и од вас не се живее више...

    Шо всушност значи зборот ПРОВИНЦИЈАЛЕЦ?

    Според поголемиот дел жители на Скопје, таканаречени грацки Скопјани (а таму татко му се преселил од Дебарца или Прилепско пред 25 години, шо би рекол Горан), провинцијалец е стереотип на сељак, опинок, некултурен, затуцан... Е па според таа дефиниција, Скопјанец на Скопјанеца му е провинцијалец... (чест на исклучоци).

    Ок, го решивме тоа. Сеа малку и за она: Абе одете си од кај шо дојдовт, бла, бла, бла...

    Да си одиме од кај шо дојдовме? Ами од шо ќе живеат покондурениве скопски тикви? Еден куп живеат од киријата шо му ја оставаме... Верувајте, јас точно знам како изгледа тоа, и колку се живеј од киријата. Јас заради таа кирија не можев да живеам, а газдата живееше... Во Струга, на одмор цело лето...

    Да не спомнувам за полнењето на касите од студентите шо не се родум од Скопје, или се родум од Скопје, ама се преселиле и сеа пак се вратиле за да учат... Пари се тоа, не е играчка.

    Ок. Ние провинцијалците одиме во Скопје. Вистина е тоа, чесен збор. Ама не сум крив јас шо не се отвараат фирми во Кратово, во Крива Паланка, во Цапари... Или не пасова утикачо за струја таму?

    Арно ама... Сеа ќе ви кажам. Ко бев на одмор во јуни во Охрид во зградата во која шо бев сместен бев само јас и едни старци на први спрат. Нова зграда. Чичко ми со пот го купе стано (ама не негова пот, небитно) и јас имав прилика да го обискам за малце пари (море без пари требаше, роднина ми е, ама ај!). Ок, небитно, со здравје да си го носи. Шо ми беше муабето? Е, пред таа зградата значи, само мојата кола на паркинго беше и чат-пат една охридска.
    Дојде викенд. Во саботата сабајлето цел паркинг на зградата беше полен. Скопски регистраци сето. Коли ама и камиони со намештај. Фрчи скопјанчето по скали. Масовно полнење на зградата...
    И поентата од ова?
    Шо кур бараат бе то скопјаните во Охрид станој да купваат а? Или има заработка? Е има. Кирија има, летно време туристи, пара ко киша... Ама оти не си седат во Скопје бе? Ееееееееееее...
    Море сус! Збор да не чујам поќе! Да си одат сите од Скопје шо се од страна дојдени има да останат само занаетчии, опинчари, педери и шиптари... Чесен збор. (чест на исклучоци, морам да повторам, познавам и јас по некој убав скопјанец, ама тој не ме заебава дека сум провинцијалец...)

    И на крајот кој курац бе!? Кај сакам ќе живеам во државава (сакам ама не
    можам, а ако можам, можи и ич да не живеам во државава, а уште помалку
    во Скопје)! Скопјаните не си го донесоја Скопје со чеизо (миразо)!

    Шо западнав па и јас во реторика? Ко на предизборен митинг да сум. Ај чао
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Вто 11 Сеп 2012, 15:48



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Чет 13 Сеп 2012, 14:48

    Слободен индекс стајкс аген.

    Анархистите кои сакаат да го урнат системот со тоа што бараат промени за полесен пат до нивното влегување во истиот, организираат протест поради поскапувањето на кредитите на Филолошки, дури 5 години по истото оскапување на кредитите на ПМФ на пример.

    Сите што сакаат да го срушат системот, а притоа пазат на својот просек како би имале подобро CV во иднина, нека дојдат на протестот.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by PantomimoS on Чет 13 Сеп 2012, 15:56

    Јас не го сфаќам протестот, од проста причина што всушност нема поскапување.

    Поскапување има само ако студентите успеат да паднат на колоквиуми, па на прв испитен рок, па на прва дополнителна, па на втор испитен рок, па на втора дополнителна сесија, па на крај краева, ако успее студентот да падне 6 пати на толку прост систем, заслужува некаква „казна“, во случајов парична.
    Од друга страна, увек се доплаќало за презапишување на предмет, така да, пак ќе кажам - нема поскапување.

    Веројатно студентите виделе дека нешто почнува да функционира поинаку, па креваат џева. Мене другарка ми‘ ми го прати текстот за повик за протест кај што има муабет дека студирањето ќе не чини дупло, тродупло, па ако не ја видиш табелата на страната на Филолошки, во прв момент може стварно да се помисли дека има поскапување.

    Али ајде..пусти децу нек сe играју.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Чет 13 Сеп 2012, 18:06

    Нешто сум разочаран од нив. После феноменалниот успех (неплаќање на студентски парламент) па барањето образованието да биде беспари за цела буржујска раса што студира на измислени струки, сега се борат за статус љво на „казните“.

    Штета, а баш полагав надежи во бурж...ова, бурж, ц, анархистичкава младина де...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Саб 22 Сеп 2012, 20:39

    Огревното дрво поефтине за 10 % за физички лица, односно 20 % за социјални случаеви. Не дека е битно то, побитно е дека 98% од тие шо се греат на дрво се снабдија совреме... Не дека и то е битно, побитно е дека маслото за јадење (пијање) поскапе, баш ко ќе треба да се прај ајвар, не дека то е битно, побитно е дека МТВ е во ново руво од утре, не дека то е битно, побитно е дека јас сеуште сум без работа, не дека е то битно, побитно е дека за сега никој не ќари на мене, не дека е то битно...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пон 08 Окт 2012, 23:15



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Вто 09 Окт 2012, 11:01

    Нафтените деривати беа намалени за неверојатни 0,5 денари по литар (не сите, но ако. Ова е еден огромен чекор. Можеби и литар масло за јадење ќе биди намален за исто толкава цена. Можеби и една вреќа брашно ќе биди намалена за 0,5 ден. Можеби и други продукти. Можеби нема да ја покачат цената на шеќерот во крвта... Секоја чест!).
    Ова е уште еден блескав момент за овој народ. Само нека се продолжи по овие патеки, можеби ќе најдиме начин да живејме само на воздух (секако ако го најдиме начинот на таков живот, воздухот ќени биди наплатетен +18% ДДВ.).

    Ајде сите заедно:

    - За кого!?
    - За Македонија!!!


    Последната промена е направена од глупсон на Вто 09 Окт 2012, 11:11. Мислењето е променето 1 пати
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Вто 09 Окт 2012, 11:03

    Ербап дете напиша:КОЛИЧКАТА КОЈА ЈА МЕНУВА ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА НА КОЧАНИ !?

    Read and weep people. This is lowest we can get.
    Можеле барем алуминиумски бандаши и Мишелин гуми да и стават. Не дека вака не е нешто вредно, ама сепак...
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Пон 22 Окт 2012, 20:30

    http://www.time.mk/read/89e0e6f287/c3cef4473b/index.html
    Овие вести ме потсеќаат дека дошол понеделник. Како инаку ќе знам кога е понеделник ко не ом на сколија...

    П.С. На фудбалски натпревар во Албанија, помеѓу Албанија и Словенија, победе знамето на Македонија... Го запалија.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Вто 23 Окт 2012, 19:04

    Ербап дете напиша:КОЛИЧКАТА КОЈА ЈА МЕНУВА ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА НА КОЧАНИ !?

    Read and weep people. This is lowest we can get.



    Портал `Комарец`, кое име...
    Стадионот (!?) `Никола Мантов` ццц....и ливадите почнаа да се занесуваат дека се стадиони, треба да му акнат некое попатријоцко име за да трипот на ливадата биде комплетен. На пример Дрко Панчеф.
    Донација во вредност од 30 евра...
    Иако и тоа не е нешто посебно, во земја каде се е ефтина симулација и премиер сечи ленти на супермаркети.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Вто 23 Окт 2012, 19:24

    Миа Колучи напиша:Скопје е 'ветениот град' на Македонија.

    На жалост, само во рамките на одредена територија која покрива 25.713км2 по последните мерења и постојат 2.022.000 носители на корпоративна декларација за поседуваност (пасош,л.карта).
    Надвор од таа територија значењето на Скопје е еднакво со тоа на Ниш,Тирана,Приштина,Пловдив,Бања Лука...споредба веќе со Солун, Софија, Белград (иако и Белград станува припиздина, ама ајде има олеснителни околности, ратови и слично) или Сарајево и Сплит е на голема штета на Скопје од било кој аспект.
    Регионално,континентално и глобално, значењето на Скопје е скромно. Ако регионално сеуште може да се фати со тешки маки на радарот, веќе на континентално - било какво значење на Скопје не постои. Исто како што не постои значење на Охрид,Битола,Дебар,Прилеп. Што значи на глобален план Скопје е исто со Кочани.

    Охрид и Битола на пример се тешки припиздини. Разликата со Скопје е во тоа што се мали припиздини а Скопје е голема припиздина,вукојебина и недоџија. Чисто разлика во број на жители и кумулативното влијание што тоа го носи. Како што би била и разликата меѓу Охрид и Косељ или Битола и Новаци.
    Менталитетот е малограѓанско-ситнобуржоаски-ретрокомунистички амалгам (гној) зачинет со изразитиот шарм на забаталена отоманска касаба.

    И во Охрид и во Битола си постои кукање по наводните стари добри времиња кога вирееле стари добри граѓани (инцестоидни рибари во Охрид, кабадајско-еснафско-бељотофилни малограѓани и алкоси во Битола) како што постои и во Скопје, `старите скопјани and the rest.`
    Разликата повторно е само во бројноста на рајата и интензитетот на кукањето.

    Освен бројноста на рајата не гледам разлика меѓу наведените места. Од Косељ до Скопје, квалитативната разлика ја нема. Ако се мултиплицираат 100 косељи или новаци ќе се добие ново Скопје. Со соодветна сајенс фикшн технологија
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Вто 23 Окт 2012, 19:32

    Toecutter напиша:
    Менталитетот е малограѓанско-ситнобуржоаски-ретрокомунистички амалгам (гној) зачинет со изразитиот шарм на забаталена отоманска касаба.

    И во Охрид и во Битола си постои кукање по наводните стари добри времиња кога вирееле стари добри граѓани (инцестоидни рибари во Охрид, кабадајско-еснафско-бељотофилни малограѓани и алкоси во Битола)

    Ако се мултиплицираат 100 косељи или новаци ќе се добие ново Скопје. Со соодветна сајенс фикшн технологија
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Сре 24 Окт 2012, 16:26

    Старите добри времиња на Битола се повеќе од "кабадајско-еснафско-бељотофилни малограѓани и алкоси".

    A што се однесува до новите времиња компарацијата со Новаци е навредлива(за Новаци), менталитетот на градот е поблизок со мариовските села како Пустец, Суводол, Путурус итн..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Сре 24 Окт 2012, 17:42

    Ербап дете напиша:мариовските села како Пустец, Суводол, Путурус итн..
    Абе не се мариоски овие... Барем едно мариоско да погодеше :)
    (Суводол не постој поќе, таму се простира РЕК Битола сосе копојте, а Пустец е во Албанија. За путурус мислам е дека под општина Могила).
    Еве да ги замениме, на пр: Маково, Рапеш, Зовиќ... :)
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Сре 24 Окт 2012, 20:36

    И Пустец не постои поќе ми се чини..има поќе ПУСТЕЦИ во државава, лика и прилика за делатноста низ вековите тука.

    П.С

    Зовиќ rules!


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Пет 26 Окт 2012, 21:08

    Ербап дете напиша:Старите добри времиња на Битола се повеќе од "кабадајско-еснафско-бељотофилни малограѓани и алкоси".

    A што се однесува до новите времиња компарацијата со Новаци е навредлива(за Новаци), менталитетот на градот е поблизок со мариовските села како Пустец, Суводол, Путурус итн..

    кабадајско-еснафско-бељотофилни малограѓани, алкоси и коцкари.
    Fixed.

    А кога биле тие стари добри времиња во Битола?

    Малку ми се нејасни тие ситуации околу стари добри или златни времиња, небаре Клондајк или Баларат во време на златната грозница или Манауш во време на бумот на каучукот. Во Манауш, град каде се спојуваат Рио Негро со Амазон е изградена и оперска куќа, пееле тогаш најпознатите пејачи како Карузо, се заработувало добро, се живеело...после паднала цената на каучукот, вештачката гума се појавила и Манауш повторно потонал во безначајност...

    http://en.wikipedia.org/wiki/Amazon_Theatre

    Можеби Лисабон е сличен пример на место кое некогаш било светски фактор а сега...well...

    Споредбата беше повеќе околу бројот на жители и влијанието кое го носи тоа, преку места кои се во орбитата на наведените градови, динамика на маса, што поголема маса тоа поголема илузија за некакво `дешавање` на `нешто` кај рајата. Delusion of grandeur. Во таа смисла, битолчанецот се смета себеси за нешто особено во споредба со некој од Новаци и скопјанецот во споредба во битолчанецот. Ок, незнам колку жители има Новаци, еве нека е Демир Хисар...




    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Саб 27 Окт 2012, 19:33

    Старите добри времиња на Битола, т.е златното доба на градот започнува од втората половина на 19 век со доаѓањто на султанот Абдул Хамид II во 1876 година на чело на Османлиската Империја.За разлика од неговите феудални и декоративни претходници тој се зафатил потполна културна, инфраструктурна и воопшто социјална трансформација на империјата со акцент на нејзиниот европски дел на Балканот и Блискиот Исток (http://en.wikipedia.org/wiki/Hijaz_Railway). Има обемно и интересно досие. Пишувал и преведувал опери. Сам си го праел мебелот. Го читал Шерлок Холмс. Дури и се борел(денес се смета за заштитник на турските борачи т.н пеливани)

    http://en.wikipedia.org/wiki/Abdul_Hamid_II

    Конкретно она што ја афирмирала и европезирала Битола во тој период се однесува на низата на акти со кои на еврејското, араменското, влашкото, а подоцна и словенско население им се овозможило услови за економски напредок што пак овозможило увоз на модерни култури, дешавки, луѓе, зданија, навики. Почнувајќи од денешниот фенски изглед на градот(неокласицизам/сецесија), до масонски ложи, анархисти, социјалисти, сликари(имаше еден енглез-романтичар кој сликал социјални настани му го заборајв името), композитори (Рихард Вагнер наводно гостувал во куќата на Димитрие Лала), конзули-шпиони, научници, мисионери, и еден светец(Св.Јован Шангајски и Санфранциски, основоположник на т.н Руска Црква).Се тргувало со Белград, Виена, Венеција, Атина.По улиците се слушале француски, хебрејски(португалезе и арагон дијалекти), турски, ерменски(имало и христијанско ерменско малцинство), влашки(3 дијалекти), грчки, бугарски, македонски. Банкети, пропаганди, јавни егзекуции, атенатати, планинарски друштва, фотографски студиа(пионерски на Балканот), филмови(кратки, документарци), гета, суб-култури на ѓупци, педери. На Дембел чаршија имало толку интезивни дернеци шо локалниот валија со декрет поставил задолжително работно време на меаните.

    Зомбификацијата на градот започнува од првата балканска војна(1912 год), преку социјализмот па се до последниот удар во 2001ва година. Таа е таа мултикаузална етиологија на денешнава патологија.








    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Саб 27 Окт 2012, 20:08

    Бељотофилијата и не така лоша работа. Со оглед дека се работи за игра која захтева логички напор измеѓу шах и судоку. Плус од богатиот жаргон на играта и чамче муабетот за време на партијата можат да се извлечат животни поуки рамни на оние на Конфучие.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Нед 04 Ное 2012, 16:30

    Ербап дете напиша:Старите добри времиња на Битола се повеќе од "кабадајско-еснафско-бељотофилни малограѓани и алкоси".

    A што се однесува до новите времиња компарацијата со Новаци е навредлива(за Новаци), менталитетот на градот е поблизок со мариовските села како Пустец, Суводол, Путурус итн..



    Официјално малоѓранштината има споменик.

    Голем винџал каве со општинскиот грб. Тоа е сублиматот на Битола. Најголемата кафетерија на Балканот после Сараево. Луѓе без работа - полни меани. Полека вистинскиот сјај на градот излегува на површина и Битола финално ќе биде трансформирана во заедница како оние отсечените градови на Средниот Запад, каде се наоѓаат World's Biggest Banana, paperclip и други тривијални предмети.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Sponsored content

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:49