Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Вести и настани од секојдневниот живот

    Share
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Нед 04 Ное 2012, 23:36



    А и песнава троа мегаломанска, `за Солуна и Стамбола не ја давам`...Индија до Токија...
    Едно време се споменуваше Битола 2016, нешто како пандан на легендарниот шунд проект со изразити money laundry капацитети Скопје 2014...

    Плус, Битола има уметник за градоначалник.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пон 05 Ное 2012, 10:58

    Засега нема абер од проектов.Се додека бистата на Тито бдее на Широк Сокак нема гајле.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Пет 09 Ное 2012, 20:56

    Прееска го видов финџалот live. Hail the kitsch !
    Битолски таксист, познат под прекарот Чкаља убедуваше потенцијален муштерија да се качи...во гепекот. Ќе му наплател помалку, го отвори гепекот да се уверел муштеријата дека било чисто и комфорно.
    Сепак кај муштеријата преовлада здравиот разум проследено со неколку пцовки.

    Кој ликови виреат...lol...
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 15 Дек 2012, 01:21

    14.12.2012
    26 убиени, од кои 20 деца, а 6 возрасни, е билансот на инцидентот со огнено оружје во

    ​​ Основното училиште Сенди хук во местото Њутаун, сојузната држава Конектикат, соопшти полицијата. Мртво е и лицето за кое се претпоставува дека бил напаѓачот.

    Властите велат дека во тек е известување на семејствата на загинатите. Полицијата се` уште работи на местото на инцидентот.


    Медиумите објавија прикази на деца кои, држејќи се еден за друг, со помош на полицијата беа евакуирани од училиштето. Сведоци наведуваат дека слушнале околу 100 истрели. Потоа, според искази на деца кои биле во училиштето, пристигнале полициски сили кои од училница во училница го барале напаѓачот.

    Претседателот Барак Обама по повод инцидентот порача: „Претрпевме премногу вакви трагедии во последните неколку години. Секојпат кога ќе слушнам ваква вест, реагирам не како претседател, туку онака како што би реагирал секој друг - како родител“.

    Властите во Конектикат соопштија дека претседателот ветил федерална помош.

    http://mk.voanews.com/content/article/1565208.html

    Мајката на современото ропство,нашиот "стратешки партнер" Америка,повторно демонстрира мир и благосостојба со жртвување на 20 невини дечиња и 12 возрасни, зарем вакво незаборавно безумие и лудило може да произведи "нормална земја"?.Единствено "нормално" во оваа земја е свесното лудило кое полека и сигурно го прегрнуваме и ние.
    Јако е тоа што сите што сме овде полека станавме индиферентни кон се,се навикнавме да уживаме во вакви безумија,морбидноста стана атракција,супер, битно стратешки не покриваат вавилонциве...
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Саб 15 Дек 2012, 19:22

    Оти бе Заптија?
    Морбидноста одамна е фасцинантна за широките народни маси и столици, во средниот век по Европа најголема забава било палење луѓе на сред село или на плоштад, смртните казни ретко биле со стрелање или бесење, обично се сечеле глави со меч или секира, се распнувало на тркало, се черечеле меѓу четири коњи, се набивало на колец, во англија популарен вид на казна билo `hanged, drawn & quartered`.
    Смртната казна како спектакл била главна конкуренција на панаѓурите и селските слави во поглед на групна социјализација на рајата and...it was their idea of fun.

    Тек покасно некој француски лекар со цел да го намали патењето на осудените на смрт ја измислил гиљотината, ефикасно средство кое работи по пат на гравитација...ама во револуцијата се заборајле и освен кралот,кралицата,попој и аристократи почнале да гиљотинираат и шуто и рогато...

    А уште покасно почнале муабети дека смртната казна не чини, ова, она....

    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Вто 18 Дек 2012, 20:18

    Во Македонија мислам дека најпознат случај на going postal е од 1966 кога Томе Стојаноски, електричар во Скопска пивара и претседател на синдикатот на пиварата убил четворица од раководството на пиварата пошто го отпуштиле од работа откога почнал да зборува наоколу за корупцијата и непотизмот.
    Не само што го отпуштиле туку и под притисок на партиските главешини во Скопје бил исфрлен од партијата.
    И така Томе си ја зел Чешка Збројевка 7,65мм и под изговор дека треба да се раздолжи со алатот во фабриката, отишол да се пресмета. Директорот Киро Ванински, секретарот Љубо Додевски и двајца фабрички кодоши (В.Христовски, Б.Дапчевски) биле усмртени со по неколку куршуми...

    Осуден на смрт со стрелање, покасно по многу жалби случајот стигнал и до врховниот суд на Југославија кој му ја заменил казната со доживотна робија.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Нед 24 Фед 2013, 17:19

    Почина актерот Бранко Ѓорчев

    По долго боледување синоќа почина актерот Бранко Ѓорчев, директор на Драмскиот театар-Скопје.



    Ѓорчев е роден 1962 година во Неготино, во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности, во класата на проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како актер во Драмски театар-Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги, во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.

    Во 2006 година беше избран за директор на Националната установа Драмски театар, а во 2010 реизбран на фунцијата.

    Во ноември минатата година Ѓорчев ја доби државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2012 година, за долгогодишни остварувања во културата.

    Погребот ќе биде извршен утре во 14 часот на Градските гробишта Бутел. Претходно, во 11 часот, Драмскиот театар-Скопје ќе одржи комеморација по повод смртта на Бранко Ѓорчев.

    http://www.sitel.com.mk/pochina-akterot-branko-gjorchev


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Нед 24 Фед 2013, 19:52

    Еден голем патриот и домољубец помалку!

    До толку многу ми се згади од неговите изјави и постапки во последно време.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Нед 24 Фед 2013, 23:00

    Имаше и писмо до него од Синоличка Трпкова минатата година.

    А знаеш ли дека МНТ ќе се префрла во барокните згради на Грујо?!


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Нед 10 Мар 2013, 14:51

    Нови проекти за комплетно нов лик на Градскиот парк во Скопје
    20.12.2012 - 12:38:00

    Барокна катна гаража, подземни гаражи, влезни порти, скулптури, фонтани и огромен забавен парк се идните содржини кои темелно ќе го променат постоечкиот изглед на Градскиот парк во Скопје. Во наредните неколку години тие треба да се реализираат на површината од паркот која што е под ингеренции на Општина Центар, со исклучок на проширувањето на сегашниот Луна парк кој ќе опфати дел од паркот што потпаѓа под територијата на Општина Карпош. Градот Скопје веќе ги разгледува доставените проекти од архитектонските друштва за ново партерно уредување, поставување на скулптури и урбана опрема во централниот дел на Градскиот парк. Од одделението за односи со јавност на Град Скопје напоменуваат дека повеќе информации ќе бидат достапни по завршувањето на процедурата за избор на идејното решение, а досега е познато дека во наредните две години ќе треба да се постават од 40 до 70 скулптури во новиот Парк на цивилизациите, големи порти на главните влезови во паркот, фонтани и детски реквизити.

    Паралелно со оваа постапка, Градот Скопје го привршува разгледувањето на трите доставени понуди од заинтересираните компании за реализација на новиот Луна парк, кој од првичните 25.327 метри квадратни, најавени со распишувањето на првиот оглас, порасна на 40.000 метри квадратни со дополнителен опфат на зелените површини од Градскиот парк. Инвеститорот во модерниот забавен парк, кој треба да се реализира преку јавно – приватно партнерство, ќе се знае на почетокот од наредната година. Веднаш до Луна паркот треба да се гради и катна гаража кај спортската сала „Работнички“, која и покрај дополнителниот оглас и неговото поништување во текот на изминативе неколку денови, сепак денеска е продадена на приватен инвеститор по цена од 2.035 денари за метар квадратен.
    Земјиштето за идниот гаражен објект кој треба да го следи архитектонскиот правец на постоечките објекти од проектот „Скопје 2014“ денеска е отуѓено за 4.808.705 денари или над 78.000 евра. На примамливата парцела со големина од 2.363 метри квадратни ќе се подигне катна гаража со капацитет за 700 возила и со максимална површина од 7.012 метри квадратни. За решавање на зголемените потреби за паркирање во Градскиот парк, планирани се и две подземни гаражи на северозападната и североисточната страна од стадионот „Филип II Македонски“. Иако веќе еднаш беа понудени на продажба, засега овие локации остануваат неатрактивни за приватниот сектор. Дополнителен простор за паркирање е планиран на местото на сегашните бараки на градската администрација, но нивната изградба би следувала по целосното завршување на идната Градска куќа. Историјатот на централниот парк започнува на крајот од 19 век, а последниот поголем зафат е извршен во текот на 70-тите години на 20 век. Градскиот парк зазема површина од 486.000 метри квадратни.
    Bo соработка со Build.mk



    "Барем споменици ни направија" e проклето најглупата реченица што ја имам слушнато во живот.Удавете се во вашите споменици.А ќе ги има.
    Скопје 2017, затоа што Скопје 2014 не се натрупа доволно.



    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Нед 10 Мар 2013, 21:25

    На крајот ќе испадне дека Сапармурат Нијазов а.к.а Туркменбаши е аматер за расчепениот и неговата банда.
    Мобуту Сесе Секо, клептократски тиранин на Конго-Киншаса, ги учел своите наемници да крадат со усул и да крадат со стил.
    Но тука и криминалот има ефтин, дрољаст имиџ.
    За наплата доаѓа катастрофалната политика на билдање пролетаријат за време на СФРЈ и масовното образование. Затоа што сељачината доби делузија за креирање цивилизација. Нормално, таа цивилизација е филтрирана преку сељаковата перцепција и смрди на лепешки и гној и ја поседува естетиката на сељачкиот сурат, прост и идиотски и на неговите шугави,губави малоумни и кукавички претци.

    Си мислам да пратам меил до Гардијан со барокниве гаражи, можи некој новинар ќе се заинтересира за ремет...

    Сепак, рајата е со слаба меморија. Само пред две и пол години, се најавуваше доаѓањето на кралот на хунзите и неговата свита, градба на кралска палата во Паљурци, бидејќи едноставно нели....кралот ќе донесел инвестиции, ногу бил богат чоеко.
    Дојде крало, со се` свитата, прошета 15.000км на сметка на Митре и Митранка од Богданци кои шљакаат за 120 евра месецот, се најаде се напи, се слика за весници и телевизии и си замина. Lovely jubly.

    http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=14905&utm_source=daily.mk

    За раја со memory span of a goldfish, малку е.

    Sponsored content

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:06