Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Вести и настани од секојдневниот живот

    Share
    avatar
    Bender
    Bender Bending Rodrigez
    Bender Bending Rodrigez

    Male Мислења : 19228
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Bender on Вто 29 Сеп 2009, 10:43

    Ова треба да се наплати само толку ќе кажам :mad:


    ---------------------------------------------------------------------------
    Hey sexy mama, wanna kill all the humans?
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Сашо комшијана on Сре 30 Сеп 2009, 15:41

    Пожар во манастирот Св. Јован Бигорски

    Во 4 часот утрото избувна пожарот во манастирот Св. Јован Бигорски. Проблеми во инсталацијата на електричните и плинските уреди во кујната, според првичните сознанија, се причина за пожарот, изјави Екрем Зендели, заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

    Пламенот прво ги зафатил кујнскиот дел, по што се проширил во трпезаријата, конаците и библиотеката, кои се целосно изгорени, но нема повредени лица.

    Штетата од пожарот во манастирот Св. Јован Бигорски, според првичните проценки на надлежните институции, изнесува над 5,5 милиони евра. Но, трајно се уништени и објекти и предмети чија историска и културна вредност е ненадоместлива.

    Противпожарните служби успеале да го заштитат стариот дел од црквата, а монасите ги извлекле поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Ангажирани биле и хеликоптери на АРМ кои помогнале за локализирање на пожарот.

    Од монасите во манастирот, неофицијално се дознава дека пожарот започнал во спалната соба, каде што во тој момент спиеле деветмина монаси од Братството, и благодарение на нивната брза интервенција, спасен е вредниот иконостас и галеријата со икони.
    Веднаш по избувнувањето на пожарот било пријавено во полициската станица во Ростуше. Во локализирање на пожарот учествувале противпожарните екипи од Дебар, Тетово, Гостивар, Струга и Скопје, кои до 7 часот утрото се бореле со огнената стихија.
    Во манастирот пристигна претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Таму е висока црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, а таму е и директорот на Управа за заштита на културното наследство Паско Кузман. Местото го обезбедува полицијата.
    Највено е формирање работно тело кое ќе ги координира активностите околу возобновувањето на манастирот. Со помош на АРМ ќе бидат обезбедени монтажни објекти за привремено сместување на монасите.
    Инаку, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква, а обновен е во 1743 година.

    Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас изработен од мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари, кој за среќа остана недопрен од пожарот.
    извор www.a1.com.mk
    трагедија жал ми е
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Robby on Пон 12 Окт 2009, 01:03

    НАСА откри нов прстен на Сатурн

    Лабораторијата на НАСА објаснува дека прстенот е на далеку на периферијата, но сепак во системот на Сатурн и се содржи од малечки честички мраз и прашина.

    Оттаму додаваат дека прстенот е мошне широк и малку видлив бидејќи во него нема многу светлина, но успеале да го детектираат со помош на инфрацрвените зраци на телескопот.

    Иако прстенот е многу студен, блеска со термална радијација, наведува НАСА. Широк е 5,95 милиони километри, а долг околу 11,9 километри околу Сатурн.

    Сатурн е шестата планета на Сончевиот систем и втора по големина после Јупитер.

    Неговата најпозната карактеристика се планетарните прстени кои го опколуваат во седум појаси. Околу Сатурн кружат и голем број природни сателити.



    извор:www.a1.com.mk
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Вто 13 Окт 2009, 12:28

    се сеќавате на следниов наслов од претходната страна на темата:

    Ane Rockerka напиша:Неосмислени конкурси за проекти во градот Кочани

    Неодамна,
    општината на чело со моменталниот градоначалник Ратко Димитровски,
    распиша конкурс за идејни решенија за реконструкција на неколку важни
    објекти во градот.

    .......................

    Ќе видиме што ќе се случи и дали кога ќе
    ни дојдите на гости во Кочани ќе ве пречекам во убавото зеленило и
    Кочанската река и кејот кој го сметаат за еден од најубавите во источна
    Македонија.

    конкурсот за паркинг простор пропадна и можеби повторно ќе се распишува но сепак реакциите не беа залудни....

    а, за фонтаната, објавени се наградите и чест ми е да кажам дека мајка ми ја доби третата награда помеѓу големиот избор на проекти што мене посебно ме радува...
    се радувам на новото урбанистичко уредување на Кочани кој и вака ги има еден од поубавите уредувања во Македонија...
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Пон 23 Ное 2009, 10:53

    Риалити-ѓубрето создава духовно ѓубре!

    Одговорноста на медиумите во некритичкото
    промовирање на овие емисии е голема, но ќе повторам уште еднаш, уште поголема е
    таа на граѓаните, со нивната финансиска поддршка (јавувања по телефон за да гласаат
    и на тој начин финансиски да го закрепнуваат организаторот на овие програми). Сепак,
    и медиумите треба да знаат дека пропагирањето на невкусот и на некултурата се враќа
    како бумеранг во оние моменти кога истиве овие телевизии ќе посакаат да промовираат
    вкус, култура, знаење или патриотизам



    Во моментов на домашните телевизии, во ударните термини, се
    емитуваат три риалити шоуа. Најпознатото од овој тип е „Големиот брат“.
    Кога Холанѓанецот Јон де Мол и го понудил овој концепт на британската
    телевизија бил одбиен. „Се сомневаме дека програмата во која луѓето,
    затворени во лабораториски кафез како експериментални глувци, прават сé
    за пари, воопшто има иднина на британската телевизија“, му одговориле.

    Неколку години подоцна оваа програма ги соборила рекордите на гледаност дури и во Британија.

    И
    ние се сомневавме дека овие програми ќе станат толку популарни во
    Македонија, но ете - згрешивме. Тоа ли се вредностите на времето што го
    живееме?


    превземено од


    прочитајте ја целата статија и ќе резонирате....
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Robby on Чет 17 Дек 2009, 08:51

    Жена со компликации по вакцинацијата?


    49-годишна жена синоќа била донесена во Ургентниот центар откако еден час по примање на вакцината добила силни главоболки и трнење на рацете и нозете.
    Лекарски извори за А1 велат дека во моментот кога била донесена веќе и била одземена едната страна од телото по што била хоспитализирана на Клиниката за неврологија, но и дека симптомите наликуваат на парализа или Жилине баре синдромот, поради кој во Канада беше повлечена цела серија вакцини.

    Надлежните од министерството се интересирале за случајот, но не ја соопштија информацијата на новинарите. Реагираа доцна вечерва откако А1 ја објави веста.

    „Бидејќи имавме сознание дека пациентка се пожалила на саат-два после вакцинација на главоболки, трнење по мускулите, бидејќи сакаме сите пациенти да ги следиме и најмал проблем ако се јави после вакцинација да го испитаме, превентивно испратена е пациентката на Клиника за нервни болести, хоспитализирана е, чисто за да се провери да не се пропушти нешто“ рече Јованка Костовска, комисија за пандемски грип.
    Пред неколку дена Инфективната клиника ја напушти и лекарка од Прилеп која имала конвулзии по примање на вакцината. Надлежните не ги поврзуваат овие реакции со вакцината.



    Извор
    avatar
    Peanut

    Female Мислења : 757
    Местолокација : In The Middle Of Nowhere
    Зачленет на : 2009-04-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Peanut on Чет 17 Дек 2009, 19:25

    Во светот има над 100.000 артефакти од Македонија

    Во светот се наоѓаат над 100 илјади материјални артефакти, кои биле откриени во Македонија, истакна директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман, кој вчера престојуваше во Битола.

    - Има над сто илјади предмети од Македонија што се наоѓаат во музеите во Србија, Хрватска, Словенија, во Британија и во други музеи насекаде низ светот. За сите предмети што се оттуѓени пред Втората светска војна нема правна основа да се побараат, но се што е по Втората светска војна би требало на доброволна основа да се направи обид да се вратат артефактите од нашето поднебје, рече Кузман.

    Тој посочи дека треба да бидеме доблесни и ние да ги вратиме нивните артефакти, каков што е примерот со споменикот на кралот Александар кој во 1943 година бил фрлен во водите на Охридско Езеро. Ако го пронајдеме, рече тој, да го вратиме во Србија, а за возврат да ни бидат вратени маските од Требеништа.

    Паско Кузман најави дека 2010-та ќе биде интензивна година за локалитетот Хераклеја, ќе се продолжи со ископувањата и истражувањата на овој важен историски објект за што се очекува владина поддршка во висина од околу 20 милиони денари.

    Вест
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Пет 12 Фед 2010, 14:21

    може малку да не припаѓа на темата но тука ми беше најлогично да го ставам ова...

    ГРУЕВСКИ И ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ПОМИРИЈА

    Актуелниот и бившиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ имале тајна средба во приватен стан во Скопје, кон крајот на минатата година
    Додека случувањата во десницата се прекршуваат низ односите меѓу некогашните политички соборци, премиерот Никола Груевски и повратникот од Хаг Љубе Бошкоски, далеку од очите на јавноста, според извори на „Глобус“ се случува неочекувано затоплување на односите меѓу Груевски и неговиот некогашен политички ментор, екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски.

    Информациите на „Глобус“ велат дека поранешните сопартијци и блиски пријатели Груевски и Георгиевски имале тајна средба во приватен стан во Скопје, некаде околу 15 декември минатата година. Повод за средбата била желбата на Георгиевски да му понуди на Груевски аргументи и докази за ослободување од затвор на една висока личност која беше дел од поранешниот државен естаблишмент во времето на владеењето на владата на Георгиевски.

    Затоплувањето на односите го демантираат и Груевски и Георгиевски, но ако се проанализираат последните неколку настапи на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски, јасно е дека реториката во неговите оцени кон политиката на Груевски драстично е променета. Така, додека тој пред неколку месеци говореше дека Груевски го кочи развојот на државата со неприфаќањето на компромис околу името, денес или, поконкретно, во минатонеделното интервју за нашиот магазин, веќе употребува формулација дека „проблемот со името е тежок за решавање“.

    „Проблемот е исклучително тежок. Дури и ако се смени радикалната политика на цврстина и се тргне кон компромисно решение, јасно е дека тоа, сепак, не е лесно да се изведе. А, сепак, тука најодговорен е премиерот“, рече Георгиевски во минатонеделното интервју. „Гледано од човечки аспект проблемот што е исправен пред Груевски е исклучително тежок“, вели Георгиевски.

    Во октомври 2008 година, при промовирањето на неговата фондација, Љупчо Георгиевски издаде соопштение во кое се изјасни дека името Република Северна Македонија е најдобриот предлог и дека властите во Скопје треба да го прифатат. „Ова име е најдостоинствено, најдобро и најточно од сите досегашни предлози. Неприфаќањето на ова име остава простор сите имиња кои досега ги имаме чуено повторно да бидат ставени на маса. Државните органи на Македонија треба да го прифатат ова име како завршено и како решен дел од проблемот“, објави Горгиевски преку својата фондација.

    РЕТОРИКА. Георгиевски е еден од најжестоките критичари на антиквизацијата што ја почна и ја спроведува премиерот Груевски. Во едно од неговите интервјуа, на А1 (4 декември 2009 година), тој ќе рече оти Владата „треба да се саможртвува“ и дека „спроведува кич патриотизам“.

    повеќе на
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Чет 04 Мар 2010, 03:35

    и да раѓаш и да викаш
    и да си бесна и пискаш
    и да мораш во болница
    во прилепска да не иташ

    Уште една родилка почина во прилепската болница. Јасмина Богданоска (1978) почина по шест дена откако била породена со царски рез на гинеколошкото одделение


    Богданоска на свет донесе машко дете, но од необјасниви причини и се влошила здравствената состојба и умрела во понеделникот околу полноќ. Постои сомневање дека причината за смртта на родилката е сепса. Операционите сали на гинекологија се затворени, а со обдукција ќе се утврдува причината за смртта на родилката.
    За случајот полицијата била известена од нејзиниот сопруг Игор Богданоски, кој во понеделникот околу полноќ се јавил во прилепската полициска станица и им рекол дека неговата сопруга Јасмина умрела околу 23.40 часот поради лекарска грешка.
    Болницата го известила истражниот судија, кој побарал врз телото на починатата да се изврши обдукција. Обдукцијата што е завршена вчера ќе ја покаже причината за смртта на Јасмина. Од болницата го потврдуваат немилиот настан и велат дека родилката била примена на гинеколошкото одделение на 23 февруари.
    - Дента на приемот беше извршен царски рез. Постоперативната состојба беше добра. Но на 1 март и се влоши здравствената состојба на родилката. Се собравме на колегиум за да преземеме мерки. Се консултиравме и со Клиниката за гинекологија во Скопје, од каде што ни препорачаа уште еднаш да ја оперираме. Ја опериравме, но почина по некој час - вели д-р Љупчо Соколоски, началник на Гинеколошкото одделение во болницата.
    Операционите сали на Гинекологија се затворени. Ќе се интервенира само за итни случаи.

    повеќе
    avatar
    Bender
    Bender Bending Rodrigez
    Bender Bending Rodrigez

    Male Мислења : 19228
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Bender on Сре 14 Апр 2010, 10:27

    Силен земјотрес во Кина, најмалку 300 мртви

    Најмалку 300 луѓе загинаа во силниот земјотрес што ја погоди ноќеска северозападната кинеска провинција Чингаи, а билансот на мртви може да биде уште поголем, бидејќи многумина се под урнатините.

    Земјотресот се случил во слабо населената планинска област во близина на Тибет и бил со јачина од 6,9 степени според американскиот Геофизички институт, додека кинеските експерти проценуваат дека силината била 7,1 степени. По првиот удар по половина час следеле уште два потреса со помала јачина.


    Новинската агенција Синхуа јавува дека голем број од куќите се урнати, патиштата пресечени од лизгање на земјиште, а телекомуникациските врски отежнати. Државните медиуми пренесуваат дека во земјотресот се повредени 8.000 луѓе. Земјотресот се случил во 1:49 часот по централно-европско време, на 380 километри јужно од градот Голмуд, во областа Јусу и на длабочина од 45 километри, наведува американскиот институт.

    Според Синхуа, урнати се повеќе од 85 отсто од куќите во близина на епицентарот. Во таа област живеат близу 80.000 луѓе. Областа е населена со селани и номади Монголи и Тибетанци, а богата е со резерви на јаглен, олово и бакар.

    Извор: "Макфакс"


    ---------------------------------------------------------------------------
    Hey sexy mama, wanna kill all the humans?
    avatar
    Татко му на Стен
    Б Р К О
    Б Р К О

    Male Мислења : 6543
    Местолокација : New York City Hall
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Татко му на Стен on Вто 20 Апр 2010, 14:14

    Погледнете го патникот низ времето

    Меѓу изложените фотографии во музејот Bralorne Pioneer една привлече особено внимание. Сликан е маж кој со својата појава отскокнува од времето во кое е настаната фотката.

    Докажано е дека на сликата се е автентично и припаѓа на времето кога е снимена, 1940 или 1941 година. Само еден човек отскокнува од целата ситуација – маж со модерни, очила за сонце, маичка со апликација, фин џемпер и модерен фотоапарат!



    Фотографијата е снимена во 1940 кога модата била сосема поразлична, како фото опремата. Очилата за сонце што ги носи, не се произведувале пред 1970 година, а за облеката и фризурата да не говориме.

    Затоа многумина коментираат дека се работи за првиот доказ за патник низ времето кој случајно е снимен во малиот канадски град во Британска Колумбија.



    извор: www.taratur.com
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Alhemius on Сре 21 Апр 2010, 21:17

    55мина повредени во судирот помеѓу борците и полицијата во Сараево.клик
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Alhemius on Саб 24 Апр 2010, 21:13

    Куче претрчало 88 км. за да ја спаси фамилијата од пожар.

    Бади,куче од расата германски овчар стана херој на Аљаска одкога ги однел пожарникарите до куќата на неговиот сопственик во кој избил пожар.

    повеќе на Dnevnik.hr
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Alhemius on Вто 27 Апр 2010, 19:19

    Евангелисти веруваат дека ја пронашле Ноевата Арка

    Кинески и турски евангелистички истражувачи вчера соопштиле дека ја пронашле Ноевата Арка на врвот на планината Арарат во Турција.

    повеќе тука
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Вто 27 Апр 2010, 22:30

    Група девојчиња од медицина беа претепани од албанци возејќи се во автобусот 50 накај Автокоманда.Завршија со скршени раце и нозе а сите ќутат и никој не реагира.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Printers and faxes on Вто 27 Апр 2010, 22:36

    ^леле човече, ами јас што поминвам од таму, а се качуваат и во 57мица, оу мен! леле ц ц ц, пред една недела, го шамареле на еден мој школски пријател, и дури кога се симнавме ми кажаа, значи кои пи*ки биле другиве, ццц...
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Вто 27 Апр 2010, 22:41

    ни јас не знам зашто толку им се плашат..


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Printers and faxes on Вто 27 Апр 2010, 22:44

    да бе ќе се соберат албанци едно петмина, и другиве опашките вг*з и бегај, и послем ова-она ќе им напрајме на ''шиптарине''. nervozen
    avatar
    Sunshine
    Brutal but effective
    Brutal but effective

    Female Мислења : 3502
    Местолокација : Skopje
    Зачленет на : 2009-08-03

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Sunshine on Вто 27 Апр 2010, 23:14

    Зашто им ќутат..па тие се надвор од контрола.Значи мој другар,од клас што е албанец беше претепан во саботата само заради тоа што додека поминувал низ полштадот се насмеал нешто со неговото друштво,а другите кои ја почнале тепачката (албанци исто) мислеле дека на нив им се смеел и го претепале.На сред плоштад.
    И еве не е прв случај...
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Чет 29 Апр 2010, 17:50

    Загинувањето
    на поранешниот претседател
    Борис Трајковски е убиство, а
    не несреќен случај, изјави Грос.

    Убиство, а не несреќен случај е падот на авионот на поранешниот
    претседател Борис Трајковски, рече европратеникот Андреас Грос на
    дебата во Стразбур за активностите на Бирото на Парламентарното
    собрание на Советот на Европа.

    Истовремено, македонската мешана комисија за истражување несреќи и
    сериозни инциденти во воздухопловството ја интензивира истрагата во
    Босна, пред да го објави прелиминарниот извештај за причините за падот
    на „кингерот“ во 2004 година близу Мостар. Се очекува извештајот да
    биде готов во текот на идниот месец.

    Ова е првпат по шест години истрага Грос јасно да каже дека
    загинувањето на Трајковски е убиство. Досега се зборуваше за несреќа
    под сомнителни околности.

    останатиот дел
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Чет 29 Апр 2010, 22:45

    Сега да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат летовите на евро пратеникот Грос.
    Мислам ... секоја чест за храброста и отвореноста. Ни на крај памет не очекував дека таква видна личност може да даде таква изјава.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Alhemius on Пет 30 Апр 2010, 00:10

    Секоја чест,но ќе го јаде тој Грос кај и да е...ќе му пеат авиону сломичу ти крила...
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Пет 30 Апр 2010, 02:13

    Иако то одамна се знаеше, само тој имаше храброст отворено да зборува...
    имаше многу факти кои докажуваа на е саботажа...

    Као што кажавте и вие, првото нешто што го искоментирав кога слушнав за ова на ТВ беше „И него ќе го утепаат“...
    Ќе видиме, иако и да го ликвидираат, џабе им е сега кога веќе се дозна...
    avatar
    Марас Ружни

    Male Мислења : 140
    Местолокација : Кавадарци - Охрид - Скопје
    Зачленет на : 2009-04-18

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Марас Ружни on Сре 05 Мај 2010, 11:12

    Во Вторникот во 8 часот изутрина, над небото на Скопје можеше да се види без-пилотен светлечки објект кој падна некаде во градот. Се започнало со бучен шум кој минувајќи на небото испуштил звук на ракета.

    Ова всушност беше несреќа во Макстил. Имено во железниот отпад кој требало да се шаржира имало покрупен метален објект во сферична форма, кој всушност бил граната. По при изборот на метални отпадоци за шаржирање лемарот пробал да го пресече објектот на поситни фракции со помош на пламен факел при што објектот (гранатата) експлодирала и притоа исфрлајќи го поголемиот дел во воздух. Загреаната граната поминала 3 км во возух притоа паѓајќи во населба Бутел.

    Овие информации ги добив од Мак-радио во 3 часот. Потоа се јавив кај мој другар чиј татко работи во Мак-Стил челичарница каде всушност се случи инцидентот. Информациите објавени погоре, се тие потврдени од него, а не од радиото.

    Работникот е во сериозна состојба, 60% изгореници на телото, отворени рани и ќе биде изложен на неколку операции, а од вчера до следните неколку дена ќе биде под дејство на силни седативи за да се спречи болката.
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Robby on Пет 23 Jул 2010, 16:43


    Sponsored content

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:52