Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Вести и настани од секојдневниот живот

    Share
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Нед 15 Aвг 2010, 02:21





    „Секс пистолс“ лансира свој парфем

    Иако нивниот менаџер и идеен творец Малком Меклаер почина пред неколку месеци, кој меѓу другото беше задолжен и за стајлингот на музичарите, групата „Секс пистолс“ продолжува да ги изненадува своите обожаватели

    Но овој пат не станува збор за некое ново издание или концерт, туку за дребулии брендирани со нивното име. Конкретно станува збор за парфем, кој ќе биде направен во соработка со козметичката фирма „Етат либре д орнаж“. Парфемот во продажба ќе се појави во септември, а ќе доаѓа во кутија чиј дизајн е направен според нивниот албум „God save the Queen“. Новиот парфем е мешавина на свежи мирисни ноти на лимон и црн бибер.

    - Парфемот е наелектризиран со алдехиди, прошаран со ноти на сончоглед, поради што луѓето ќе почувствуваат чиста енергија. За да можете да се справите со овој мирис, морате да и се спротивставите на традицијата, да се борите против конформизмот и да не робувате на конвенционалните ароми. Ризикувајте и ќе немате ништо против малото злосторство. Сето тоа е во духот на панк-филозофијата - пишува во предупредувањето кон потенцијалните купувачи.


    Извор

    Шо е следно...Варг Викернес да издај цеде со божиќни песни?


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Нед 15 Aвг 2010, 04:08

    ^

    Ова е голем удар за панкерите низ цел свет.
    После Варг, Хетфилд ќе лансира долен веш за деца...


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Гостин on Нед 15 Aвг 2010, 11:50

    Супер. Браво за панк-филозофијава ваша. Чекам и Sid Vicious марка на фармерки искинати, зш од мода ги носел такви :)
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Сре 25 Aвг 2010, 12:12

    Младост - лудост

    Околу една третина од граѓаните на возраст меѓу 18 и 30 години членуваат или активно поддржуваат некоја партија, проценуваат лидерите на партиските подмладоци според бројноста на нивното членство и според активностите и интересите на младите


    Би-би-си има редовна практика ученици од основни и од средни училишта да водат вести за кај нив да го поттикне интересот за политиката и за случувањата во британското општество. Јогеш Чаухан, главен советник за корпоративна одговорност во британската јавна радиодифузна компанија, на семинар во Црна Гора неодамна објасни дека раководството било загрижено за иднината на земјата поради незаинтересираноста на младите за политиката, па за да придонесат за подобро општество решиле да ги мотивираат да се вклучат. Чаухан и неговите колеги од Би-би-си сигурно би биле воодушевени од Македонија и од македонското општество, каде што се проценува дека околу една третина од младите членуваат во партии или политички се активираат.

    Според податоци на Заводот за статистика, земјава има околу 380 илјади жители на возраст од 18 до 30 години, вообичаениот опфат на младинските организации на партиите. Ако се соберат процените на лидерите од подмладоците за бројноста на нивното членство, може да се претпостави дека партиски книшки или барем симпатии и активна поддршка кон одредена политичка структура имаат најмалку 120 илјади млади. Но нивниот интерес за политиката или за членување во партија не се појавува одеднаш со полнолетството. Во периоди околу избори е најочигледна загреаноста за политика и на основците и на средношколците. За разлика од Британија и од други земји од Западна Европа, во кои младинската аполитичност веќе зазела загрижувачки размери, во Македонија загрижува претераната заинтересираност. Така, пред ланските локални избори, во градски автобус во Скопје една средношколка по телефон бараше од другарка си да и најде плакат од еден помлад кандидат за општински градоначалник, за да си го закачи на ѕидот во собата, наместо некој пејач или актер. За време на истата кампања, повозрасна скопјанка била изненадена кога на нејзината врата се појавило дете на одвај 12 години и и поделило партиски материјали. Но се вчудовидела кога го слушнала неговото образложение зошто се вклучило во тие активности.

    - Како родител и како постар граѓанин, го посоветував дека треба да учи, да заврши факултет, за да може повеќе да придонесе за државата и за партијата. Но тој како од пушка ми одговори дека не му се учело, а партијата и онака ќе го бутнела некаде кога ќе пораснел - раскажува оваа наша сограѓанка.

    Извор


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Mercy Seat
    Body Count
    Body Count

    Male Мислења : 2449
    Зачленет на : 2010-02-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Mercy Seat on Пет 27 Aвг 2010, 19:49

    Во Охрид српски турист претепан до смрт - Нина Кепеска


    27.08.2010 18:39



    Српскиот турист, 34-годишниот Дејан Новаковиќ од Белград утрото по 3 часот е претепан до смрт во строгиот центар на Охрид од група од десеттина Охриѓани.

    Тој го загубил животот од тешките повреди од тепачите, кои по него удирале со што стигнале, по што срцето прекинало да му работи и Брзата помош безживотното тело на Дејан го однела во Охридската болница.

    Неговиот другар, 35-годишниот Горан Бериќ од Белград, од масовната тепачка поминал со лесни повреди во главата и по укажаната медицинска помош е надвор од животна опасност и е пуштен на домашно лекување.

    Има неколку верзии како дошло до инцидентот. Според полицијата прво почнала караница, турканица и тепачка во клубот меѓу две групи со туристи од Србија, по што поради расправија за девојка, по доаѓањето на сопственикот на ноќниот клуб инцидентот се проширил, се вмешало обезбедувањето, и масовната пресметка излегла низ улиците во центарот на Охрид.

    „Еден дечко трчаше и хистерично викаше полиција, полиција. Се бркаа група луѓе, еден беше паднат, другите луѓе позади него што беа почнаа да го клоцаат и потоа луѓето побегнаа. Јас и уште еден дечко притрчавме. Му го држев јазикот да не го голтне, а другиот дечко го сврте на страна. Повикавме полиција и брза помош. Човекот беше во бессознание. Човекот кога падна се покри со рацете и рече „Јао људи шта сам ви урадио“, а они му рекоа „Сад чеш да видиш што си ни урадио“, изјави Горан Димитриески, очевидец на инцидентот.

    „Синоќа во утринските часови се донесени двајца, едниот е донесен без знаци за живот, млад пациент, повреда настаната од тап предмет и смртта настапила веднаш на местото каде што е случена непријатната случка, рече Сашо Василевски, портпарол на Охридската општа болница.

    Денес во Охридската полиција се викнати 30-тина лица, учесници во инцидентот, од обезбедувањето на локалот, очевидци на тепачката и Српски туристи кои воопшто не биле во локалот, ниту во неговата близина. Се шпекулира дека дел од крвничките тепачи биле припадници на полициските алфи, што ниту го потврдува ниту го демантира полицијата.

    „Има индиции за инволвираност на одредени лица, но засега не можеме да го потврдиме идентитетот, а се разбира дека Охридската полиција стои на располагање на сите граѓани кои располагаат со какви било информации околу идентитетот на учесниците во тепачката“, вели Иво Котевски, портпарол на МВР.

    Полицијата ги зела компјутерите со камерите од објектот Хавана Куба Либре, за снимениот материјал да покаже што всушност се случувало синоќа по полноќ во клубот.

    Во Охридската јавност се шпекулира дека починатиот Дејан бил успешен спортист, а неговиот другар Горан син на Српски генерал или висок припадник на Српската војска.

    извор А1
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Сашо комшијана on Чет 02 Сеп 2010, 23:30

    Тројца припадници на МВР изрешетани до смрт во скопски Аеродром

    Со калашников в раце влегол и изрешетал тројца додека јаделе во рибниот ресторан. Излегол, ја фрлил пушката пред влезот и избегал.

    Со пискотници минувачи, тинејџери од блиската сендвичара во паника бегале насекаде низ скопски Аеродром.

    Се слушале рафали низ целиот блок. Станарите од соседните згради шокирани од пукотниците но и од ладнокрвноста на убиецот.

    Од МВР не го откриваат идентитетот на убиениот и на повредените. Детали нема ниту за убиецот.

    Полициски извори за А1 велат дека сите тројца се припадници на МВР, меѓу кои еден бил дел од личното обезбедување на министерката за внатрешни Јанкулоска.

    Еден од повредените пак бил баџанак на член на обезбедувањето на премиерот Груевски.

    Со нив била и една девојка која бил однесена на распит во полициска станица. Засега од МВР нема официјална потврда на овие информации.

    Но, на местото каде се пукаше дојде речиси целиот кабинет на Јанкулоска. Вработени во кадровското одделение, како и задолжени за протокол.

    За инцидентот не сакаа да зборуваат ниту роднините кои чекаа пред ургентниот центар. Пред болницата имаше неколку полициски возила.

    извор a1.com.mk

    Според неофицијални информации напаѓачите се фатени во автомобил марка БМВ на патот Скопје - Велес, идентитетот се уште не се открива.
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Саб 04 Сеп 2010, 08:30

    И одеднаш темава се претвори во црна хроника. Па дури нема да биде лошо да ја прекрстиме така... ич нема да згрешиме

    Што се однесува на последните два поста - толку од слободните и безгрижни шеткања по улица. Сега се обидуваме да се израмниме со европските држави. А израмнувањето повеќе од одлично ни оди во овој дел - кога медиумите прераскажуваат детали кои се преногу негативни, но за жал реални.
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Сашо комшијана on Саб 04 Сеп 2010, 16:31

    Во право си Ане, наместо да читаме убај вести ко на пример „Македонец го преплива Берингов проток“ ќе се навикниме на вести ко охридската и скопската.. Шо ќе прајш, ко по улици се движат животни а не луѓе... Море убо ќе беше да беа животни, ни животни не се.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пон 06 Сеп 2010, 01:23

    За разлика од убијците на Србинот во Охрид, овој тип безразлика кои му биле мотивите професионално да убие 3ца души треба да се прогласи за херој на транзицијата.Во едно мање убил нарко-бос и корумпиран цајкан.Шо повеќе од тоа?


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Сре 08 Сеп 2010, 13:45

    Хитлер бил фудбалски менаџер, а Аушвиц забавен парк

    Истражувањето кое пред неколку месеци го направи Здружението ба ветерани во Велика Британија, покажа дека 20-то дете во Британија мисли дека Адолф Хитлер бил менаџер на германска фудбалска репрезентација.Околу 2000 деца одговарале на прашања од историја од периодот на Втората Светска војна.
    Истото истражување покажало дека едно дете од шест деце мисли дека концентрациониот парк Аушвиц бил забавен парк.Една четвртина од испитаниците рекле дека Американците атомската бомба ја фрлиле над Перл Харбор.




    извор:весник Нова Македонија


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Ane Rockerka on Чет 16 Сеп 2010, 18:09

    Тиесто попушти под притисокот на Грците

    Светски познатиот диџеј одлучи да ги избрише сликата од нашето знаме и коментарот „го сакам македонското знаме“, објавени на неговиот профил на Фејсбук, поради тоа што грчките обожаватели го бомбардираа со коментари дека нашата држава се вика ФИРОМ, а Македонија е регион со грчка историја

    целиот приолог:

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91110914289&id=9&prilog=0&setIzdanie=22080

    е аман де! nervozen
    avatar
    Mercy Seat
    Body Count
    Body Count

    Male Мислења : 2449
    Зачленет на : 2010-02-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Mercy Seat on Саб 18 Сеп 2010, 20:19

    АВАНТУРА НА ДВЕ ТРКАЛА

    Велосипедска турнеја до Истанбул

    Група велосипедисти од Прилеп, Охрид и Битола утре од Скопје ќе тргнат на турнеја долга 1.600 километри до Истанбул со цел промоција на велосипедот како превозно средство и средство за рекреација и спорт во нашата држава. Освен Турција, велосипедисти ќе поминат низ Бугарија и Грција, пред да пристигнат во Скопје на 10 октомври.
    - Ние сме млади велосипедисти со авантуристички дух, кои сакаат да патуваат по светот со велосипед. Доаѓаме од три градови (Прилеп, Охрид и Битола) и по минатогодишното патување низ Македонија, годинава си поставивме цел да одиме на патување со велосипеди до Турција - вели Јовица Проданоски, еден од учесниците на турнејата.


    извор : ВЕСТ
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Саб 18 Сеп 2010, 21:43

    ВО СРБИЈА - САМО СО ЛИЧНА КАРТА!!!

    Но, доколку живеете блиску до границата

    Иницијативата пристигна од Србија, а ја соопшти министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ по средбата со министерката Јанкуловска.

    Предлогот е прифатен но сега правните експерти ќе бараат модус тоа да се реализира. Варијантите се со одлука на влада, меѓудржавен договор или пак ревизија на постоечкиот од време на сојузна Република Југославија.

    Ваков договор Србите веќе имаат со Црна Гора и Босна, а ја разгледуваат можноста истото да им го предложат и на Хрватите.
    За нас ќе е прв, а во земјава влегуваат со лична карта само граѓани на земји од Европската унија.

    Како показател од почетокот на годинава во земјава влегле 3,5 милиони Срби. За почеток договорено и потпишано граѓаните од Србија и Македонија од регионот на преминот Голеш Црцорија македонско српската граница да ја минуваат само со лична карта.
    Гордана Јанкуловска

    „Мислам дека е наш заеднички интерес и дека граѓаните на Србија и Македонија тоа ќе го поздрават, да можат да патуваат без пасош само со лични карти. Ќе ја најдме правната форма и начин како со тоа да го оневозможиме ширењето на криминалот“, изјави Ивица Дачиќ.

    „Ја отворивме иницијативата, односно прашањето за заедничка гранична контрола на заеднички граничен премин во железничкиот сообраќај со што дополнително ќе се придонесе за протокот на патници и стоки преку железничкиот сообраќај“, вели Гордана Јанкуловска.

    Исламскиот радикализам постои на овие простори и не е исклучено регионот да биде база за регрутирање на таканаречена бела Алкаеда констатира српскиот министер Дачиќ.

    Не ја исклучува можноста вахабистите и во двете земји да имаат цели за напад, но сепак не смета дека голема закана по безбедноста не постои.
    Двајцата министри задоволни од меѓусебната соработка најавуваат и заеднички вежби на полициите.

    Останува определба за сузбивање на организираниот криминал, тероризмот, трговијата со наркотици и луѓе.

    превземено од tocka.com


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Lost on Сре 22 Сеп 2010, 23:12

    Софија Куновска ја навреди и понижи Есма Реџепова

    Предлогот за помош во изградбата на Музејот на Есма и Стево Теодосиевски, доаѓа од културно несвесен човек и затоа ние нема да го прифатиме, рече на денешната седница Советничката и актерка од СДСМ Софија Куновска.

    Според Куновска, Есма Реџепова треба да биде навредена што ваква иницијатива за донирање на 1,5 милиони денари потекнува од Градскиот совет, поточно од партиите ДПА, ЛДП и ВМРО НП, бидејќи таа заслужува третман од највисоко ниво.

    „Треба на Есма да и укажеме дека постојат политички профитери кои сакаат да соберат поени со нејзиното име. Музејот треба Владата да го вметне во проектот „Скопје 2014“ бидејќи само на тој начин ќе биде сериозно поддржана“, рече Куновска.

    Сумата која беше предложена е 1,5 милиони денари и ќе им биде доделена на хуманитарното здружение на Есма и Стево Теодосиевски, за доградба на Музејот, кој таа во својот тестамент по својата смрт и го има оставено на државата.

    „Сама почнав да го градам Музејот во периодот од мојот живот кога Стево беше пред умирање, сама и ќе го завршам. Милиони вложив во него за на крај да бидам понижена и навредена. Хрватска оваа година ќе издаде и марка со мојот лик, а по оваа ситуација не сакам по мојата смрт никој ништо да даде за мене“, низ солзи рече Есма.

    Слободан Близнаковски, советник на ВМРО НП, кој е еден и од предлагачите на оваа иницијатива за ваквата негативна реакција на СДСМ кон ликот и делото на Есма и Стево, рече дека се работи за личности, квази културни работници кои не знаат што е тоа хуманизам, уметност и музика. За него СДСМ се безбожници и од нив не очекува никаква поддршка.

    „Есма има посвоено 47 деца и сите ги има израснато. Има освоено безброј награди во Македонија и надвор од неа и треба на овој начин да се понижува“, рече Близнаковски.

    Но, на крај иницијативата за донирање на 1,5 милиони денари беше изгласана со „за“ од страна на сите партии, освен од СДСМ, кои и покрај тоа што за време на целата расправа беа против и плукаа на кралицата на ромската музика, сепак на крај гласаа како воздржани.


    Еве како Македонија се грижи за своите вистински амбасадори...Хрватите ќе издадат марка со нејзиниот лик,а кај нас некој се труди да профитира или да го дотолчи својот рејтинг ептен...Ама битно е дека се работи за ретјинг,а не за еден од најголемите хуманисти во нашата земја...Да изгледаш 47 деца,да помагаш финансиски секаде каде има потреба и гласно да ја афирмираш Македонија насекаде,а на крајот некој да проба тоа да го сврти во политичка корист,не гледам ништо чудно овде...Welcome to the hotel Macedonia...
    avatar
    Тротоарска Мома
    Уметник
    Уметник

    Female Мислења : 1562
    Местолокација : Тротоар
    Зачленет на : 2010-03-16

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Тротоарска Мома on Чет 23 Сеп 2010, 15:22

    Обезбедувач на Груевски дивеел низ Виница!

    Полицаецот Иво Павлов, вработен во обезбедувањето на премиерот Никола Груевски и брат на Мартин Павлов, координатор на ВМРО-ДПМНЕ за Виница, вчераутро пијан пукал со пиштол во воздух и со службениот автомобил удрил во автобус, обвинуваат виничани, очевидци на настанот.

    Според нив, Павлов по сообраќајката со пиштол му се заканил на возачот на автобусот на „Авто атом Кочани“, кој исплашен избегал од местото на несреќата. Виничани тврдат дека не било прв пат Павлов да прави вакви испади и дека виничката полиција сакајки да го забошоти случајот оштетениот автомобил веднаш со шлеп-служба го одвезла за Скопје.

    Од МВР потврдуваат дека полицаецот учествувал во сообраќајка и дека ја повикал полицијата да изврши увид. На местото дошле и претставници од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди за да го истражат случајот и да проверат дали полицаецот бил под дејство на алкохол.

    Според полицијата, немало пријави дека Павлов пукал во градот, но потврдуваат дека жители на Виница пријавиле пукање со огнено оружје во близина на градските гробишта.

    превземено од www.dnevnik.com.mk

    Свашта!



    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by balAlajkA on Пет 24 Сеп 2010, 17:38

    ПОСЛЕДНАТА ТУРА ХОЛАНДСКИ ТУРИСТИ ЗАМИНА ОД МАКЕДОНИЈА



    Ќе умрев, немаше да ја видам Македонија


    Пос­лед­на­та тура холандски туристи вчера се врати дома. Сите беа првпат во Ма­ке­до­ни­ја, и сите по добро ќе ја паметат. Завчера холандската амбасадорка Симоне Фи­ли­пи­ни ги испрати со заедничка вечера во една скопска кафеана. Таа интензивно ра­бо­ти на промоција на Македонија во нејзината татковина и вели дека сака секоја наредна го­ди­на да се удвојува бројот на холандски туристи.
    Се­кој­днев­ни­те проблеми со кои се сретнуваат Македонците ги забележаа и Хо­лан­ѓа­ни­те, им недостигале промотивни материјали и мапи, се пожалија на лошата ин­фрас­трук­ту­ра, но ништо од тоа не успеало да им го намали задоволството.
    "Ѓуб­ре има насекаде, секој фрла отпадоци каде што ќе стигне. Изгледа дека еко­лош­ка­та свест не е на високо ниво. Затоа, пак, мислам дека досега не сум сретнал по­љу­без­ни и попријателски настроени луѓе од Македонците. Охрид и Езерото беа не­пов­тор­ли­во искуство, посебно изворите кај Свети Наум. Преспа и Маврово, исто така, беа ин­те­рес­ни, а за Скопје не ни остана доволно време. Ова ми е последно патување, ќе ум­рев, немаше да ја видам Македонија", се пошегува Јорис Фертонген од Хронинхен.
    Нај­го­лем дел од холандските туристи се пензионери и планинари, иако, според она што имале можност да видат, убедени се дека Македонија има што да понуди за се­ко­ја група.
    "Бев­ме во Охрид, Преспа, Маврово и во Скопје, но секаде бевме на кратко, бидејќи тука сме само седум дена. Климата е прекрасна, постојано има сонце, за разлика од Хо­лан­ди­ја каде што постојано врне. Бев неодамна во Хрватска, и мислам дека тука е по­у­ба­во. Единствено на што можам да најдам забелешка се лошите патишта и дупките по улиците и тротоарите. Знаете, ние сме стари луѓе, важно ни е колку е безбеден те­ре­нот каде што одиме", кажа Ели фан Флоренстајн од Хертохенбос.
    Си­те се едногласни дека една-две недели се доволни да се запознае Македонија, но иако те­ри­то­ри­јал­но е мала, недостатигот на мапи и лошата инфраструктура сигурно не по­ма­гаат.
    "Мно­гу е тешко да се најдат мапи за пешачење низ планинските делови, а ин­фрас­трук­ту­ра­та е крајно збунувачка. Нема никакви обележја на патиштата, кои се стари и со дупки, и многу е тешко да се најде некое село или контролна точка. Планирам нап­ро­лет да дојдам на планинарење, овој пат без група и, искрено, се плашам дали ќе се снај­дам", вели Јохан Невел од Амстердам.
    Ма­ке­дон­ски­те планини се идеални за планинарење и прават да заборавите на сите неп­ри­јат­нос­ти кои, евентуално, би ги имале во урбаните места.
    "Уш­те првиот ден во Скопје ме ограбија, но тоа не е страшно, џепчии има секаде. По­тоа, секој ден беше подобар од претходниот. Не знам од каде да почнам. Планините и при­ро­да­та се прекрасни, историјата ви е пребогата, и тоа не само црквите и ма­нас­ти­ри­те. Поминавме низ неколку села и имавме можност да видиме како се живее во нив. Нас, како странци, тоа нè интересира, бидејќи градовите се секаде исти, Скопје и Ам­стер­дам не се многу различни, но селата ви се многу интересни", рече Кор Хо­гер­сворт од Малдвик.
    На многумина од Холанѓаните им паднале в очи старите автомобили од ју­гос­ло­вен­ско производство, дури и ги научиле нивните имиња: "стоеден" и "југо", иако сите се по­жа­ли­ја дека македонскиот јазик им е невозможен за изговор.
    (М.И.)


    Извор-ВЕСТ
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Пет 24 Сеп 2010, 17:41

    Можеби треба да стои

    „За да ја видам, ризикував да умрам“



    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by balAlajkA on Сре 29 Сеп 2010, 21:59

    ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МУЗИЧКИ БЕНДОВИ



    ИНТЕРКУЛТУРА во соработка со Градот Скопје, Општина Карпош и поддржано од Светска Банка организира отворен настан


    „БИДИ ЕФИКАСЕН
    ВЛОЖИ ВО ИДНИНАТА“.

    Настанот ќе се одржи на 10 Октовмри како почеток на глобалната
    акција на Светското движење 350 во Градскиот парк каде што младите ќе делат
    флаери и ќе ја информираат јавноста,ќе се одржуваат креативни работилници,
    односно ќе шират порака за придобивките од користењето на природните извори на
    енергија, обновувавањето на шумите, намаленото користење на возила во
    сообраќајот.

    ВЕ ПОКАНУВАМЕ ВАС И ВАШИТЕ БЕНДОВИ ДА ЗЕМЕТЕ учество и да го промовирате влијанието кое младите го имаат при зачувување
    на животната средина.

    Настанот започнува во Амфитеатарот на Кејот на реката
    Вардар, со велосипедска трка, натпревар во најбрзо пишување на смс пораки и
    продолжува во Градскиот Парк на Школката, каде што ВИЕ ќе имате можност да го
    промовират и сопствениот музички репертоар.


    КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?



    Испратете информации за вашиот бенд на contact@interkultura.com.mk најдоцна до 03.10.2010 година:

    1. Име на бендот

    2. Тип на музика

    3. Зошто би сакале да учествувате?

    4. Контакт лице и податоци за него/ неа





    СЕЛЕКТИРАНИТЕ БЕНДОВИ ЌЕ БИДАТ КОНТАКТИРАНИ и за
    најдобриот бенд кој ќе го избере публиката следува награда
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пет 08 Окт 2010, 00:09

    Високи казни за пушење во затворен простор во Европа
    07.10.2010 - 19:56 | Свет
    Екстремно високи казни и ригорозно спроведување на законот. Трендот од европските земји за целосна забрана за пушење, постепено ги зафаќа и останите држави од светот.


    Забраната за пушење веќе е дел од двете држави со најголем процент на пушачи, Грција и Турција. Русија е последната во низата, која најави целосна забрана. Стратегијата на Владимир Путин е следните пет години за една четвртина да го намали бројот на пушачи, кој во моментов изнесува околу 44 милиони жители. Во тој контекст побара, министрите први да почнат да се откажуваат од тутунот.

    Од регионот, Грција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија веќе ги усвоија ригорозните санкции за пушачите. Грчката влада најавува ригорозно казнување за непочитувачите на законот. Ноќните кафански забави пропратени со цигара, Грците ќе ги чинат од 50 до 500 евра, а угостителите и до 10.000.

    Слични и многу повисоки се казните во дел од земјите на Европската унија. Франција на пример наплаќа 450 евра непочитување на законот. Пушење во ресторани и пабови, Ирците ги чини и до 3.000 евра.

    На Италјаните, кои слично како и Турците имаат пушачка традиција, веќе одамна им е јасно дека наместо 280 евра за цигара и еспресо, подобро истите да ги потрошат отколку да ги остават во државниот буџет.

    Холандија, која има најголеми слободи, сепак не дозволува пушње на јавни места. Запалена цигара вреди одколу 2.400 евра, или десет пати повеќе од сексуално задоволство на ред лај дистрик.

    Мајорка веројатно е рекордер. Во забранети простории пушачите со цигара можат да останат покуси и за 6.000 евра.

    И додека останатите светски држави се прилагодуваат на острите законски одредби за пушачите, европските и државите во кои забраната за пушење веќе е традиција, дополнително ги заострува казните и забраната. Њујоршките власти на пример најавуваат целосна забрана и во парковите, плажите, пешачките зони. Вирџинија, една од сојузните американски држави, каде и се наоѓаат најголемите тобако компании е под целосна забрана за пушење.

    Британските лекари веќе сериозно стојат зад барањето властите да ги забранат цигарите и во автомобилите и секаде каде постојат услови за собирање на младите.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/svet/visoki-kazni-za-pushenje-vo-zatvoren-prostor-vo-evropa

    HAIL!HAIL!HAIL!


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пет 08 Окт 2010, 00:13

    Нафтата достигна највисока цена во последниве пет месеци
    07.10.2010 - 20:56 | Бизнис
    Цената на нафтата на светските берзи денеска, трет ден по ред, го продолжи трендот на раст, достигнувајќи највисока вредност во послените пет месеци, како резултат на слабеењето на доларот и падот на резервите на енергенси во САД.


    Американската лесна нафта за испорака во ноември денеска на Берзата вои Њујорк поскапе за 72 центи на 83,95 долари за барел, додека на Лондонската берза цената на европскиот „брент“ од Северното Море се зголеми за 46 центи на 85,52 долари за барел. Ова се највисоки цени на нафтата од 4 мај годинава.

    На растот на цената на нафтата влијаеше слабеењето на доларот во однос на конкурентските валути, кој денеска достигна најниски вредоности во однос на јапонскиот јен во последниве 15 години и во однос на еврото во последниве осум емсеци.

    - Сведоци сме на драстичен пад на вредноста на доларот. Тоа се случи и во 2009 година, по што нафтата поскапе од нешто под 40 на 70 долсри за барел. Поради слабеењето на доларот сега повторно имаме постепен раст на цените на сите суровини, оцени во својот најнов извештај банката „Рајфајзен“.

    Покрај слабеењето на доларот , на поскапувањато на нафтата влијаеше и синоќешното објавување на неделниот извештај на Статистичката служба на американското Министерство за енергетика, според кој, резервите на бензини во САД се намалиле за дури 2,68 милиони барели на 219,9 милиони барели, иако аналитичарите очекува нивни пад од околу 250.000 барели. Падот на залихите на енергенси во САД укажува на раст на нивната побарувачка на пазарот.

    Аналитичарите очекуваат на цената на нафатата да влијае и денешното објавување на извештајот на американската Администрација за стапката на невработеност во САД во септември, кој се очекува да покаже нејзин раст од августовските 9,6 на 9,7 проценти.

    Според анализата на агенцијата „АДП Емплојмент“, во текот на септември бројот на работни места во САД се намалил за 39.000, наспроти очекувањето на експертите за нивно намалување за 20.000.

    - За значително поскапување на нафтата би требало да има драстично зголемена побарувачка во САД, но таа во моментов не е доволна за да доведе до раст на нејзината цена на ниво од 100 доалри за барел, се наведува во извештајот на „Рајфајзен“.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/naftata-dostigna-najvisoka-cena-vo-poslednive-pet-meseci


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пет 08 Окт 2010, 00:35



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пет 08 Окт 2010, 19:59


    Виновниците прават милијарди, ние го плаќаме цехот


    Американската „Голдман Сакс“, која плати казна за финансиска измама од околу 550 милиони долари, на своите вработени за плати и за бонуси лани им подели 16 милијарди долари, или безмалку 500.000 долари по работник

    Две години од најголемата криза

    Македонската комисија за заштита на конкуренцијата објави дека американската „Голдман Сакс“, инвестициска фирма за банкарство, заедно со инвестицискиот фонд „ТПГ холдингс“, исто така од САД, ја купуваат белгиската компанија „Онтекс“. Оваа вест, иако изгледа далечна за македонското поднебје, не е толку невообичаена, бидејќи станува збор за редовна практика на комисијата да ги објавува сите концентрации на капитал на европска почва.

    „Онтекс“ е компанија што се занимава со производство на пелени и други производи за лична хигиена и и е директен конкурент на компанијата „Проктер и Гембл“. Двете американски компании ја купија „Онтекс“ за околу 1,5 милијарда долари. Пред две години оваа меѓународна купопродажба немаше да значи ништо. Но токму САД беа изворот на глобалната рецесија поради која во изминатиов период стапката на сиромаштија и во Македонија се искачи на досега највисоко ниво, а илјадници кај нас и милиони во светот ги загубија работните места. Што се случува денес во светската и во нашата економија, две години од почетокот на кризата?

    Минимални казни, огромна заработувачка.

    Информацијата дека „Голдман Сакс“ има на располагање милијарди за да купува гигантски компании во Европа е многу интересен индикатор, кој покажува дека и по рецесијата речиси ништо не е сменето во однос на заложбите за пореална распределба на светското богатство. Имено, станува збор за компанија што според светските медиуми е една од виновниците за големата рецесија. Токму „Голдман Сакс“ уште во 2006 и 2007 година учествуваше во креирањето на комплексните хипотекарни обврзници, кои потоа како чума се раширија на американскиот пазар и предизвикаа криза, која потоа прерасна во светска рецесија. Надлежните финансиски власти од САД поднесоа тужба против оваа компанија за измама на инвеститори, која во април годинава заврши со спогодба со која „Голдман Сакс“ плати казна од околу 550 милиони долари поради тоа што прикривала информации од инвеститорите. Станува збор за смешна сума ако се земе предвид дека лани, во екот на рецесијата, оваа компанија на своите вработени за плати и за бонуси им подели 16 милијарди долари, или безмалку 500.000 долари по работник. Дополнително, високи европски политичари ја обвинија оваа компанија дека е директен виновник за буџетската криза во која се наоѓаат Грција и други јужноевропски земји, бидејќи токму „Голдман Сакс“ ги советувала грчките власти како да го прикрие буџетскиот дефицит преку пласман на средства во комплицирани финансиски деривати. Наместо да ги казни за ваквите постапки, американската администрација предводена од Џорџ Буш додели 700 милијарди долари помош, од кои 10 милијарди зеде токму „Голдман Сакс“. Ниту еден менаџер од Волстрит не бил осуден за финансиска измама, а по рецесијата овие финансиски магионичари сé уште заработуваат милиони. Воедно, заложбите и апелите на светските политичари за воздржано трошење на светското богатство се преиначија веднаш. Имено, наместо богатите да бидат поскромни во својот луксуз, државите односно обичните граѓаните беа и сé уште се принудени да штедат.

    Банките пак прават што сакаат

    Претседателот на Франкфуртската школа за финансии и менаџмент, Удо Штефенс, неодамна за Радио Слободна Европа изјави дека банките ги научиле лекциите, но додаде дека во практиката сé уште нема регулатива што сериозно ќе го контролира нивното работење. Тоа само покажува дека доколку алчноста кај големите светски финансиски играчи повторно земе замав, нема кој да стави рампа на нивните луцидни идеи за заработка.

    Македонија се повеќе осиромашува

    Стапката на невработеност во светот, а пред сé во европските земји, никогаш не била поголема. За жал, овие трендови не ја одбегнаа и Македонија. Имено, македонскиот финансиски систем не претрпе директни последици од светската криза, меѓутоа рецесијата удри по стопанството, што потоа резултира со зголемување на стапката на невработеност. Така, невработеноста во вториот квартал од годинава во Македонија изнесувала 32,1 отсто. Според податоците на ДЗС, во првото полугодие од годинава активното население имало 923.323 лица, од кои вработени се 627.129 лица, а 296.194 се невработени. Ако се земе предвид дека Македонија пак се доближува до бројката од 300.000 невработени лица, не треба да зачудува што во земјава има пораст на стапката на сиромаштија. Имено, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 31,1 отсто. Станува збор за значителен пораст ако се земе предвид дека во 2008 година стапката на сиромаштија изнесуваше 28,7 отсто.


    Извор


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Сашо комшијана on Чет 21 Окт 2010, 15:10

    Со предлог на НАСА, едно од езерата на ТИТАН е крстено „Охридско езеро“

    На предлог на „Планетариумот“ при МКЦ, Меѓународната астрономска унија и НАСА, решија едно од езерата на сателитот Титан, да биде именувано „Охридско езеро“. Со овој чин, Македонија е една од првите земји во светот, која учествува со свои топоними во именувањето на вселената.

    Меѓународната астрономска унија (IAU) го воведе принципот на хуманизација, процес на именување и афирмација на културните вредности на народите, како и на природните карактеристики и вредности на државите. Врз основа на овие принципи и постоечки критериуми, одговорните при Планетариумот во Младинскиот културен центар, до Работната група за номенклатура на планетарниот систем, во месец јуни 2010, предложи неколку имиња кои се поврзани со Македонија, културата, традицијата и природните богатства во нашата држава.

    Работната група за номенклатура на планетарниот систем објави дека е прифатен предлогот едно од езерата на површината на сателитот Титан, да биде именувано како ОХРИДСКО ЕЗЕРО. Инаку, Титан е најголемиот сателит на планетата Сатурн и е единствен сателит во Сончевиот планетарен систем кој има атмосфера. На неговата површина се открија езера и мориња од течен метан и етан за кои денес тече процедурата за нивно именување. Охридското езеро на Титан има пречник од 17,3 километри и веќе се наоѓа на соодветните мапи на Титановата површина.

    Со испраќањето на вселенски бродови кон планетите и сателитите на Сончевиот планетарен систем се добија детални информации за изгледот на површината и нивните физички карактеристики. Со тоа, се наметна потребата од изработка на детални мапи на површините на телата, како и именување на кратерите, планините, долините, езерата, морињата.
    извор
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Сашо комшијана on Саб 11 Дек 2010, 12:22

    Иво Санадер, поранешниот прајм министер на Хрватска лапна вода Туу неспособен, не знајт да бегат.. Го ватија во БЕЧ и си доби 1 месец притвор.
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Сашо комшијана on Сре 29 Дек 2010, 16:55

    Почина Атина Бојаџи

    На 66 години по кусо боледување, легендата на македонското маратонско пливање почина.

    Врв на нејзината спортска кариера се смета препливувањето на Ла Манш во септември 1969 година. Ова нејзино достигнување ќе го инспирира режисерот Милан Ѓурчинов во 1975 година да го сними филмот „Исправи се Делфина“, во кој таа е еден од соработниците.

    Атина Бојаџи беше светски шампион во маратонско пливање и повеќекратен победник на Охридскиот маратон. По успешната пливачка кариера, продолжува како тренер во белградскиот клуб „Црвена ѕвезда“, а потоа и во спортскиот центар во Лос Анџелес, САД.

    Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет и го додели признанието великан на македонскиот спорт, а беше прогласена и за спортист на векот во Македонија.


    извор

    Sponsored content

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:49