Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Вести и настани од секојдневниот живот

    Share
    avatar
    anna molly
    fallen.angel
    fallen.angel

    Female Мислења : 336
    Зачленет на : 2009-12-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by anna molly on Вто 15 Фед 2011, 22:27

    Македонски знамиња виртуелно се веат пред парламентот во Атина

    http://www.tvm.mk/makedonija/makedonski-virtuelni-znaminja.html

    неможе нам нико ништа...барем во виртуелниот свет
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Robby on Пет 11 Мар 2011, 10:40

    Цунами од 10 метри го опустоши североисточниот брег на Јапонија



    Двата исклучително силни земјотреси кои ја погодија Јапонија, за кои американските сеизмолози ги проценија на 8,9 степени и 7,1 според Рихтеровата скала, утринава предизвикаa цунами високо 10 метри, кое направи пустош низ североисточниот брег на оваа островска земја, јавија светските медиуми.

    Епицентарот на првиот земјотрес со 8,9 степени бил под морето, на 380 километри североисточно од главниот град на Токио, а на длабочина поголема од 10 километри.

    Kако што јавува агенцијата Асошиејтед прес, зградите во главниот град жестоко се нишале, возовите запреле со движењето и плафонот на една огромна хала се урнал, повредувајќи непознат број на луѓе.

    Вториот голем земјотрес од 7,1 степени според Рихтеровата скала, удрил 505 километри североисточно од Токио.

    Медиумите јавуваат за огромни штети и голем број на повредени и се наведува дека се работи за најсилниот земјотрес кој по долго време ја погодил Јапонија. Агенцијата Франс прес јави дека потресот однел најмалку три жртви.

    Јапонскиот јавен ТВ сервис ХНК прикажа огромни штети од цунами во градот Онахама, каде џиновските бранови носеле автомобили и камиони, уништувале куќи и згради по должината на брегот.

    Опасност од цунами е прогласена на Филипините, во Индонезија, на пацифичкиот брег на Русија, на Хаваите, Тајван и островот Гуам.

    После двата силни земјотреси следеле дополнителни потреси кои исто така биле многу јаки.

    Премиерот на Јапонија, Наото Кан изјави дека силните земјотреси предизвикале огромни штети во североисточниот дел на земјата, но дека не се оштетени нуклеарните електрани во овој дел на Јапонија.



    Извор
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Сре 13 Апр 2011, 23:03

    Радијацијата во Јапонија изедначена со Чернобил
    Коментари (2)


    12.04.2011 09:09



    Властите во Јапонија ја кренаа од петто на седмо, највисоко ниво опасноста од нуклеарно зрачење, еднакво на она од катастрофата од Чернобил.

    Одлуката ја донесе јапонската комисија за нуклеарна безбедност, по потврда од Меѓународната агенција за атомска безбедност, поради радијацијата измерена во самата нуклеарна централа Фукушима 1.

    Властите нагласуваат дека промената сепак не значи ненадејно влошување на состојбата во централата, ниту пак е последица на неодамнешната серија силни афтершокови.

    Одлуката е донесена само еден ден откако јапонската влада ја прошири зоната на евакуација.

    +

    Нов земјотрес го погоди Хоншу

    Силен земјотрес од 6,3 степени по Рихтер изутрината повторно го погоди јапонскиот брег источно од Токио. Потресот не предизвика цунами, но ги затресе зградите во главниот град.

    Според американската геолошка служба, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 33 километри, 112 километри југоисточно од најголемиот јапонски остров Хоншу.

    Од катастрофалниот земјотрес на 11. март Јапонија ја затресле повеќе од 400 потреси со јачина над 5 степени по Рихтер.

    http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=136630

    Feel the Glow!


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Сре 13 Апр 2011, 23:28

    Или тоа, или уште една голема превара, поголема oд the great rock and roll swindle што ја приредија Секс Пистолс :)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by balAlajkA on Пет 27 Мај 2011, 14:47

    www.kafepauza.mk_.jpg" alt="" />

    Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Здружението Интегритет Алфа и Омега и Амбасадата на САД во Република Македонија и оваа година на 28ми мај по трет пат ќе организираат Розева прошетка, со цел подигање на свеста за ракот на дојка како потенцијално излечива болест.
    Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 2000 учесници кои пешачејќи 3 километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка. Борците против ракот на дојка, својата прошетка за поддршка ќе ја започнат од Школка - Градски Парк и ќе се движат по улицата “Наум Наумовски Борче“, ќе поминат пред Владата на Р. Македонија па потоа низ улицата“ Васил Главинов“ и ќе излезат на булевар Илинден преку мостот „Гоце Делчев“, па потоа низ улицата „11 Март“, па потоа низ Камениот мост, и ќе се спушти долу на кејот на Вардар кај „Жабар“.Потоа преку паркот, групата се враќа повторно на стартот, т.е. на добропознатата „Школка“ каде ќе се одржи останатиот дел од активностите.

    avatar
    Татко му на Стен
    Б Р К О
    Б Р К О

    Male Мислења : 6543
    Местолокација : New York City Hall
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Татко му на Стен on Пон 06 Јун 2011, 22:52

    Припадник на полициските алфи претепал момче до смрт, тврдат очевидци

    Припадник на специјалната единица Алфи синоќа околу 00:40 часот на градскиот плоштад во Скопје, до смрт го претепал 23-годишниот Даниел од населбата Ѓорче Петров. Очевидец кој бил во тој момент присутен на “Баскер фест“, за Нетпрес потврди дека врз момчето бил извршен брутален напад.

    “Седев на клупа кога пред мене видов како припадник на специјалната единица Алфи со голема брзина брка младо момче. Момчето се сопна од еден кабел и не успеа да побегне од рацете на полицаецот. Припадникот на специјалната единица почна брутално да го удира по сите делови од телото, на што момчето не пружеше отпор и за многу кратко време се струполи на една клупа. Специјалецот се исплаши дека можеби го усмрти па се обиде да го освестува и да бара вода, но по пет минути дојдоа негови колеги и со тегнење го одвлечкаа момчето кон МЕПСО“, изјави очевидецот Ф.Г.

    Од други очевидци кои што не сакаа нивниот идентитет да биде откриен, велат дека кога поминувале околу паркот во близина на МЕПСО, го виделе истото момче како лежи струполен на земја покриен со црна кеса , а околу него имало собрано неколку полицајци кои немо го гледале.

    Од СВР Скопје велат дека излегле на лице место при што бил извршен увид. Како што изјавија за Нетпрес момчето било донесено од неколку лица каде што се одржувал “Баскер фест“ и дека на истото му била повикана брза помош. По извршениот лекарски преглед била констатирана смрт, но, како што кажуваат од МВР не биле забележани траги на насилство. sto

    По наредба на на Истражен судија, телото било пренесено во судка медицина и дадено на обдукција.[justify]

    извор: www.netpress.com.mk

    Не знам шо да изјавам после ваква вест
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by глупсон on Вто 07 Јун 2011, 15:03

    ПРОТЕСТ! Стоп на полициската бруталност! Правда за убиеното момче!



    Sponsored




    TimeLocation
    Tuesday, June 7 · 4:00pm - 11:30pm



    споменикот на Мајка Тереза, ул. Македонија, Скопје

    Мистериозната
    смрт на 23 годишното момче од Скопје е нерасветлена и 24 часа по
    инцидентот. Медиумите генерално го игнорираат овој опасен_за_истражување
    инцидент, а и оние кои напишаа по нешто, даваат целосно контрадикторни
    слики.
    МВР велат дека му се слошило и починал од нејасни причини,
    очевидци велат дека пред очите на десетици луѓе, припадници на Алфа
    единицата го претепале до смрт. Трети, пак, велат дека починатиот и
    претепаниот се различни личности?!

    Три работи се сигурни:
    1. „Нешто смрди во државата Данска“
    2.
    И без разлика дали човекот на кој му се слошило и човекот кој бил
    претепан се различни луѓе, факт е дека Алфите ПАК брутално претепале
    некого пред очите на сведоци, во екот на пост-изборната прослава, во
    најголемите гужви на Плоштад.
    3. Ова ниту е прв, ниту ќе е последен случај каде Алфите убиле или осакатиле некого.

    Вчера
    бевме храбри и неуморни! Цели 6 часа марширавме по скопските улици
    барајќи правдата да биде задоволена и Алфите да престанат да постојат.
    Денес пак ќе излеземе на улиците, уште помасовни! Да се спротивставиме
    на полициската бруталност и да го изразиме своето незадоволство од
    контролата која полициската држава ја врши врз граѓаните. Да побараме
    расветлување на случајот со Даниел, кој беше повод поради кои конечно
    решивме да излеземе на улиците!

    АЛФИТЕ ВО ЌЕЛИЈА!

    Збирно место: споменикот на Мајка Тереза на ул. Македонија, вторник, 16:00.

    ВАЖНО: Донесете хамери за да правиме транспаренти, фломастери, мегафони, тапани и слични протестни „гаџети“...
    ПРАВДА!

    Извор: Некој евент на ФБ.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Вто 07 Јун 2011, 21:01

    Ни прва ни последна жртва на олигархиската држава Република Голо Говно...
    За жал не живееме 200 км јужно, таму се наплаќаат вакви срања...
    Кај нас слушаме млади луѓе како го одобруваат убиството на својот врсник со ретардирани муабети од типот “ами нешто имало, полицаец не убива туку така, можи го подледнал накриво“...

    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Сре 08 Јун 2011, 13:20

    Р.М. (aka Fyrom)
    Since 1991.
    Позната по многу работи.
    Една од нив се кофите-убијци...

    Кофа за секој жител !
    Сега !
    avatar
    Бошко Луди

    Male Мислења : 63
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-01-06

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Бошко Луди on Чет 09 Јун 2011, 23:42

    Утре во 18ч. сите кај баба Тереза.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Пон 12 Сеп 2011, 22:23

    Обвинителството во Рим подигна обвинение против маж на возраст до 42 години за убиство од невнимание во садомазо игра која заврши трагично. Пaртнерката на обвинетиот за време на играта се задушила.

    Обвинетиот Сотер Муле ја заврзал неговата 24 годишна девојка Паола Капуто за уште една девојка, па тројката изведувала јапонска садомазо техника позната под името „шибари“. Девојките биле врзани со исто јаже, а кога неименуваната 23 годишна девојка се онесвестила, јажето ја задушило Паола. Обвинетиот се обидел да го пресече јажето и да ја спаси, но залудно, пишува AFP.

    Сотер првично бил обвинет за убиство, но бидејќи бил во врска со жртвата и бидејќи во садомазо „заедницата“ бил познат како експерт за врзување (ват д фак?), обвинителството го ублажиле обвинението на убиство од невнимание.

    Обвинетиот тврди дека односот бил со претходен договор и дека случајот е трагична несреќа.


    извор


    what a way to go.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 01 Ное 2011, 16:47

    Се роди седуммилијардитиот жител на Земјата
    31.10.2011 - 10:53 | Свет

    Даница Меј Камачо е седуммилијардитото бебе кое го израдува светот. На две минути пред полноќ во Манила на Филипините според ОН роден е јубилејниот жител на планетата Земја.

    Девојчето тежи 2,5 килограми.Очекувано новинарите ја окупираа болницата во Манила. Мајката Камиле Далура на медиумите им изјавила дека не може да верува оти со нејзиното бебе светот брои седум милијарди луѓе.

    ОН испратија торта за бебето, а останати подароци стасуваат од локалните функционери, како стипендија за школување, како и финансиски пакет за родителите за да отворат продавница. .

    Во исто време и Русија и Индија, поради различните временски зони, прогласија дека кај нив е роден јубилејниот жител на планетата.

    Малкумина знаат дека токму 6милијардитиот и 5 милијардиот жител жител на Земјата се родени токму во нашите краишта.

    Шестмилијардитиот жител се роди пред 12 години, кога Аднан Мевиќ од Сараево ја доби симболичната титула, а неговите родители тогаш добија честитки лично од Кофи Анан.

    Пет милијардитиот жител на Земјава според ОН е роден во 1987 во Загреб, Хрватска. Тоа е Матеј Гаспар.

    Според бројот на жители На прво место и натаму е Кина со население од 1,35 милијарди жители, а зад неа е Индија со 1,24 милијарди. Филипините се наоѓаат на 12-тото место

    Според прогнозите на ОН, популацијата на земјината топка во следните 40 години ќе ја достигне бројката од 9 милијарди.

    www.sitel.com.mk

    Aj за убо за арно нека е.
    Нека се множи планетава.
    Да се намножиме уште толку.


    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Вто 01 Ное 2011, 18:16

    14 милијарди да се напрајме со ваков систем?

    Dear Lord..каде ќе ни биди крајот?


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 01 Ное 2011, 18:49

    Доколку се направи Редистрибуција на населението особено во земјите со најниска густина Аустралија, Канада, Монголија и правилно да се распоредат ресурсите без проблем можат да живеат и 14 милијарди.
    Башка што има огромен дел плодна неискористена земја, особено во Русија, Украина. За производство на храна.
    Или пак користењето на питката вода..... само еден мал дел се користи за пиење...

    А бидејќи со растот на популација се намалуваат обработливите земјоделски површини научниците спасот го гледаат во генетски модифицираната храна. Еве како на пример во Јапонија се одгледува храна подземја, со помош на светилки. Башка што во океаните на Далечниот Исток се градат вештачки острови.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Вто 01 Ное 2011, 19:47

    Јас имам начуено дека со најрационална редистрибуција, реновирање на инфраструктурата и комплетно искористување на денешната технологија за благородни ("за доброто на сите") цели планетата крепи до 100 милијарди луѓе.

    Меѓутоа проблемот е шо..најрационалниот распоред и сообраќај на луѓе и ресурси не е економски исплатлив.Нема профит од изобилие, само од мањак.Мањакот создава вредност, а вредноста профит.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 09 Ное 2011, 19:48

    Нови сведоштва во случајот Мартин Нешковски: Бегај, и тебе да не те снајде истото !

    Полицискиот службеник Зоран Јакимовски, кој ноќта на 5 јуни со усна наредба бил службено ангажиран на должност на плоштадот Македонија, и уште двајца очевидци, во Основниот суд во Скопје сведочеа за убис­твото на Мартин Нешковски.

    А.М., момчето што се забавувало на "Баскерфест", било качено на платформа, од која, како што раскажа, го видело крвничкото тепање на момчето.
    "Го удираше со клоци и со тупаници. Во еден момент видов дека го зеде телото во раце и го тресна од земја. Потрчав до нив и му реков дека не може да тепа кого и каде ќе стигне, а тој ми рече да бегам, и мене да не ме снајде истото", тврдеше сведокот.

    Не можеше точно да потврди дали Спасов е истиот што го тепал Нешковски бидејќи, како што рече, сега бил многу променет и имал брада. Раскажа дека лицето што крвнички го претепало момчето, заедно со друго лице го однеле Нешковски, кој било во бессознание, на паркингот кај "Мепсо".

    Полицаецот Јакимовски, пак, тврдеше дека не го видел крвавиот чин. На Судот му раскажа дека двајцата ги забележал дури откако Мартин бил во бессознание на клупа, а специјалецот и уште некој се обидувале да го ос­вестат со шише со вода. Спасов му рекол дека момчето паднало и му се слошило. Јакимовски повикал брза помош, и по негова наредба тројца граѓани го однеле телото на момчето на тревникот кај "Мепсо". Иако му било дол­жност, појасни дека не им побарал легитимации, не знае кои се и не зборувал ништо со нив.

    Во својот исказ пред Судот, Јакимовски додаде дека Нешковски немал видливи траги на насилство по лицето. Истата вечер, полицаецот случајот за починатото момче го пријавил кај надлежните во полициската станица во Центар каде што доставил и службена белешка. Негови колеги дошле да извршат увид на местото, а тој си заминал. Третиот очевидец на Судот кратко му појасни оти не го видел инцидентот.

    Судскиот процес продолжува в понеделник со исказите на други очевидци. (К.Д.)

    http://www.time.mk/read/10751986e8/f4b98d5b36/index.html

    Се случи полициска бруталност? се случи.Во нормална држава поднесува министер оставка и за помала работа? Поднесува. Ја криеја целата работа? ја криеја - И тука е најголемиот проблем.
    Се сопнал од каблите и било несреќен случај,а демек тој со тиквата ќелава го удирал на Мартин со клоци за да го освести.

    Овие тигриве премногу си земаат слобода. "Тигар сум, јас сум законот и може да тепам сега !"
    Уште првиот ден кога го изврши убиството требаше да го осудат на доживотен затвор.




    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Нед 13 Ное 2011, 18:47

    Поради моите “чести“ контакти со ПМФ факултетот последно време, дури сега скоро дознав за трагичната вест.

    Почина ценетиот професор Аслан Селмани, после кратко боледување, на 66 годишна возраст, многу скоро после пензионирањето. Мене лично, ми претставува чест што можам да кажам дека учествував во периодот во кој професорот беше активен. Паметам дека првата оценка ја добив од него, по предметот „Основи на географија“.

    Замина уште еден голем човек.
    Нека почива во мир!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Сре 07 Дек 2011, 21:16

    Засега нема некој веродостоен извор (освен статии во жолти штампи ко Вест и некои прото... медиуми ко Скај), но добро е да ја поставам уште сега информацијата која е дел од новите мерки на владата кога се во идеја медиумите.

    Ако сакате да лиценцирате портал на пример, спремете 10.000 евриќа

    Да,
    10.000 евра

    Понатаму повеќе
    И информации
    и пари :)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Kelso on Чет 08 Дек 2011, 14:55


    Почина Гоце Арнаудов
    Легенда на македонската музика. Еден од најголемите македонски патриоти кој ја претставуваше гордо нашата земја низ целиот свет. Човекот кој...


    ...знаеше да ги развесели сите – од најмлади до најстари. Човекот кој беше дел од голем број наши убави моменти. Почина Гоце Арнаудов, на 52 годишна возраст. Тој не успеа да ја победи битката со ракот.

    Нам ни останува да го помниме по убавите песни кои ни ги остави зад себе и неговиот незаборавен глас.

    Кратка биографија

    Гоце Арнаудов (1959-2011) е роден во Струмица на 19 август 1959 - 6 декември 2011 година. Тој уште на десет годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.

    Во 1994 година на Фолк фест - Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освојува сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. До ден денешен Гоце Арнаудов има запишани преку 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија[1]. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостува на публиката во Европа , Америка и Австралија. Учествува редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица , Арнаудов прави концерт на стадионот и собира 10 илјади публика, а раководството на областа му дава награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

    Лесна му земја, нека почива во мир.

    извор


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 13 Дек 2011, 19:59

    Напад со гранати во Лиеж – има загинати и повредени
    вторник, 13 декември 2011, 14:56

    Непознати напаѓачи фрлија гранати и стрелаа во центарот на белгискиот град Лиеж, при што се убиени најмалку двајца луѓе додека дваесетина други се повредени. Белгиските медиуми јавија дека во нападот учествувале двајца луѓе и дека најверојатно еден од нив, опишан како човек од околу 40 години, се наоѓа меѓу убиените. Една белгиска телевизија јави дека тој се самоубил но други медиуми велат дека бил погоден од полицски куршум. Според изјави на сведоците, напаѓачите прво фрлиле неколку рачни бомби на автобуска станица недалеку од зградата на судот, а потоа започнале да стрелаат во луѓето кои се наоѓале во близина. Полицијата го блокираше центарот на Лиеж. Според непотврдени информации вториот напаѓач е уапсен. Плоштадот Сент Ламберг каде што се случи нападот е многу фрекфентно место бидејќи во близина се наоѓаат главните шопинг центри во Лиеж. Белгиските власти се уште не даваат информации за напаѓачите ниту пак кои се мотивите за ова злосторство.

    http://www.time.mk/read/1a39143e8d/f657bdc827/index.html

    Зарем возможно ли е ова да се случува во земја којашто е членка на ЕУ и НАТО?

    Јас па си мислев дека чим си во ЕУ и НАТО безбедност на највисоко ниво. Нема кукавички и подмолни напади, нема грабежи, нема разбојништва, нема шизофреничари, нема психопати итн...

    Бирократите од Брисел прво нека си ги средат домашните проблеми со (Кукавичките и подмолните напади), а потоа да кажуваат за кукавичките напади на Талибанците и наводно Кукавичките напади на нашите безбедносни сили 2001, во Љуботен, Радуша, Арачиново...


    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Batty on Пон 19 Дек 2011, 06:13

    Северна Кореја тагува.

    Почивај во мир, Јонче...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пон 19 Дек 2011, 13:48

    Чешка исто така.

    Почина Вацлав Хавел.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    the_Stranger

    Male Мислења : 59
    Зачленет на : 2011-03-08

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by the_Stranger on Пон 02 Јан 2012, 12:11

    Почина Претседателот Киро Глиго


    Синоќа околу 22 часот почина првиот Претседател на самостојна Република Македонија, Киро Глигоров. Погребот ќе биде извршен утре во 13 часот, на градските гробишта Бутел, во Скопје. Според неговата последна желба, погребот ќе биде само во кругот на семејството.

    Киро Глигоров функцијата Претседател ја извршуваше од јануари 1991 до ноември 1999-та година.
    Во текот на своите два мандата ја промовираше политиката на „еквидистанца“ кон сите соседи. Склучи важни меѓународни договори кои ја одбележаа современата македонска историја.
    Ја предводеше државата која по мирен пат се осамостои од дотогашната Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции.
    Светските политичари го сметаа за врвен, трпелив и мудар лидер кој во прав момент се најде на вистинското место-на Балканот.

    На 8 април 1993-та на говорницата на Обединетите Нации за прв пат се говореше нашиот јазик. На тој ден Претседателот Глигоров го одржа првиот говор на македонски кога Република Македонија стана 181-ва членка на Светското семејство.

    На 3 октомври 1995 година беше извршен атентат врз Претседателот. Глигоров го преживеа со тешки повреди. Нападот беше извршен во автомобил-бомба на улица Македонија во 9 часот и 50 минути. Се уште не се познати ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот.
    Нападот врз првиот човек се случи 20 дена откако во Њујорк беше потпишана Привремената спогодба со Грција и ден по договорот во Белград за меѓусебно признавање со Србија.
    И Македонија и Глигоров го надминаа овој кризен период. Глигоров продолжи да ја извршува претседателската функција до своето пензионирање.

    И потоа Глигоров беше активен. Објави неколку книги-мемоари. Ја основа Фондацијата Глигоров која подржуваше проекти од областа културата и уметноста.
    Во 2005-та стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.
    Додека беше Претседател, но и потоа, Киро Глигоров беше политичар со највисок рејтинг во сите анкети на јавното мислење.
    Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип.

    Алфа ТВ

    Ќе додадам само дека на сите ТВ канали ечи музика.


    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by prozaque on Пон 02 Јан 2012, 14:55

    Hasta la vista Кирац.

    Сега уште Вера Ацева да ги фрли удбашките чевли, па да се отворат некои X files.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Toecutter on Пон 02 Јан 2012, 18:12

    Appropriate tribute :



    Црко` је Хајлендер...
    There can be only one !!!

    Политичарите никогаш не ги зема мрачниот косач на време...

    High point of his career - Прогласувањето на Соња Николовска (а.к.а ТАТ) за стопанственик на годината...

    Sponsored content

    Re: Вести и настани од секојдневниот живот

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:53