Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Македонски текстови/лирики

    Share
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Апр 2009, 15:45

    Конечно тема за непроценливото богатство на текстови од македонската рок и поп антологија.
    Обично најтешко е да се најдат текстови од Мизар, Анастасија, Бис-бес, Меморија, Леб и Сол, македонските евергрини... ова нека биде ризницата.

    Со цел темата да биде попрегледна, и да биде корисна за некој што ќе бара текстови на македонски песни нетов, текстовите нема да се доукрасуваат со фонтови, големини и боја и пожелно е да се наведе изведувач, наслов и албум (и година), да бидат напишани на кирилица.


    Да го складираме богатството!
    rock and roll



    Македонските народни песни и останати лирикс остануваат во соодветните теми


    Последната промена е направена од balAlajkA на Сре 22 Апр 2009, 16:20. Мислењето е променето 1 пати
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Апр 2009, 15:46

    МИЗАР
    THE BATTLE OF) ARMAKEDON
    (Кобна Убавина, 2004)


    Со тимпани и труби, торжества,
    го дочекаа младиот цар:
    на постела од свила безбожно дете,
    на новата правда син.

    Среде ноќ волците вијат
    низ празни булевари со подземен крик.
    По кожа ми врват морници ладни,
    в глава ми удира гонг.

    Од Исток на Запад,
    Од Тибет до Урал
    A terrible beauty is born!

    Над главава ми фрштат жешки јазици,
    од водата се ведат гнасни ѕверови.
    Го држам силно врака крстот железен
    со верба дека сеуште сум со тебе.

    Лажен сум бард на бродот наречен пропаст,
    поморец без очи и без глас.
    Изгубен сум син на стравот од вода и од пламен,
    со глава нурната в длабок вир.

    Господи од верба венец исплети ми,
    над мојава глава пред напукнат ѕид.

    Смрт од вода, страв од потоп,
    изградете кораб, изградете мост
    и бидете спремни на жестока љубов
    како на Оној, распнатиот на крст!

    Еве доаѓам по нив,
    нема да одминам никого.
    В рака носам огнен жиг,
    посилен од нивното мастило.
    Еве ме пак и пак,
    немам страв, но носам страшна пресуда.

    Ти носам радосна вест:
    Tвojaта крв е нивна слобода!

    Над главава ми летаат бесни змејови,
    од очите ми искрат молњи пламени.
    Замавнувам со мечот косам пред себе,
    Господи, ти си моето силно оружје!

    Зад мене летаат сили и престоли,
    бегајте гнасни ѕверој, змии, гуштери!

    Одвнатре бликнува Твојата Светлина:
    ќе ги погубиме со убавина!


    Последната промена е направена од balAlajkA на Сре 22 Апр 2009, 18:02. Мислењето е променето 2 пати.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Апр 2009, 15:59

    МИЗАР
    ПОЧЕСНА СТРЕЛБА
    (Поглед кон цветната градина, 2007)

    Догледање, без бакнежи, солзи
    и на нозе-додека пишува The End!

    Од Истокот златно-жолт ден се раѓа,
    а навечер на Запад се` се дави в крв.

    Наместо со торжествен тресок,
    светов ќе замолкне во срамен писок:
    Nevermore!

    Нишани горе в небо!
    Нишани горе в небо!


    The human race was dyin' out
    Noone left to scream, to scream and shout
    People walking on the Moon
    Smog will get your pretty soon

    I tried to run
    I tried to hide
    Break on through to the other side
    Break on through to the other side)

    Нишани горе в небо!
    Нишани горе в небо!
    Нишани горе в небо!
    Нишани горе в небо!


    И замолкни во тишина!!!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Апр 2009, 16:30

    МИЗАР
    Разговор со слепите
    (Кобна убавина,2004)


    Ѕвонат ли камбаните или ми се причинува,
    одамна не сум слушнал таква Божја милина.

    Не можам да верувам дека е сè невидливо:
    безбојни облаци и проѕирни планини
    ...како убав сон!

    Оној што ме возљуби ми ја отвори вратата,
    нежно ме помилува и ми рече: погледни
    ...а јас беден слеп!

    Погледни нагоре, нели, Сонце те огрева,
    пушти глас од длабини (и убиј ги со убавина)
    да чуеш ридов како одзива
    ...со сета сила!


    Последната промена е направена од balAlajkA на Вто 14 Апр 2009, 16:51. Мислењето е променето 1 пати
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Апр 2009, 16:34

    Анастасија
    О море, голтни ме!
    (Ноктурнал, 1998)

    О море голтни ме
    во сина утроба
    Знам дека не може
    да стане отровна
    твојата убавина
    темна и мастилна.
    Во твоите прегратки
    сина студенила.
    Дали сум подготвен
    таму да живеам?
    Во таа прекрасна
    и мртва тишина.
    Водено чудовиште!
    Од каде извираш?
    Кој ли те научи
    така да сокриваш?
    Сега или подоцна
    јас ќе те испијам
    и нема пред тебе
    веќе да треперам!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Апр 2009, 16:37

    Анастасија
    Сон на благодарност


    Од утрини се смрачи
    во облак од гнев.
    Без причини стравот
    од кого јас сум дел.
    И прати ми поздрав
    од бунарот црн.
    Ми фали тој образ
    избледен од срам.
    И фала ти за сонот
    годините молк.
    Со смрзнати раце
    погали ме до бол.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Апр 2009, 16:38

    БИС БЕС
    Дал да плачам ил да пеам

    Дал да плачам ил да пеам
    твојот лик не ми кажува
    не знам дали твојот насмев
    еднаш ќе е мој.

    Со тебе ли средба имам
    срце не ми ми налега
    од тој мерак што го носам
    душа гори плам.

    За тој поглед мил се на светот би дал
    За тој насмев благ живот јас би дал.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Апр 2009, 16:50

    МИЗАР
    Ова не е мојот дом
    (Кобна убавина, 2004)

    Откако го загубив сјајот во очите
    секој еден ден ми е... ниеден.
    Мирно, бавно, одминуваат ноќите,
    додека да сфатам дека овде
    никогаш нема да заспијам.
    Ова не е мојот дом!

    О, земјо безбожна
    со мраз покриена.
    О земјо, о земјо безводна!
    Зарем јас да треперам за твојот нечист сон?
    Осуди ме на смрт за секој земен здив!
    Ова не мојот дом!

    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Апр 2009, 18:40

    МИЗАР
    Во мојот сон
    (Кобна убавина, 2004)


    Овие две очи, натопени од солзи,
    не се празни како твоите.

    Овие две молњи што продираат низ камен,
    никогаш не ќе те видат.

    Овие две раце, напнати како чекан,
    ќе те фрлат во небиднина.

    Овие два меча догледање ќе ти речат
    и глава ќе ти одземат.

    Но ти ќе дојдеш онаму каде што не си повикан.
    Ти ќе дојдеш во мојот сон.

    Ова е едно срце и спремно е да им прости
    и на бедни каков што си ти.

    Сепак, ти ќе бараш начин да ме посетиш тајно,
    таму каде што сум немоќен.

    Ти ќе дојдеш мојот сон, ти ќе дојдеш...
    Спремно ќе те пречекам, со поглед ќе те пресечам.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Пет 17 Апр 2009, 13:33

    Архангел
    Превез
    (Архангел 1, 1991)

    Ја загубив моќта,
    одам со темен превез на срцето
    И ова што го гледам
    не е вистина
    Толку е студено
    Во твојот свет без љубот
    се ќе се престори во смрт
    и се почесто тоа те радува
    Нема да можеш никогаш
    да бидеш моја потреба
    и да ме мразиш, ќе биде залудно
    Толку потребен лажен одговор
    Само за миг ќе погледнам:
    толпа луѓе обично
    овде нема ништо,
    ништо што ми е потребно
    Во твојот свет без љубов
    се ќе се престори во смрт
    и се почесто само тоа те радува
    Понекогаш, понекогаш љубовта е
    соврчено циничен убиец, убиец!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Пон 20 Апр 2009, 15:38

    Мизар
    Амфилохиј
    (Кобна убавина, 2004)


    Не вредат веќе ништо
    илјадници зборови,
    Сал Скаредни Срамни Слова
    во мртвите томоси.

    Од вашето перо течат
    мастила отровни
    и црни траги се лепат
    на прстите валкани.

    Раширени раце во име на љубовта
    затворени очи во име на правдата.

    А изградив дом на брегот
    со порти отврени,
    но видовте само слабост
    на кутар и нејак плен.

    О, несвет и беден оче!
    Се затемни светол ден.
    Ќе пресечам десна рака
    што кон вас се подаде.

    Раширени раце во име на љубовта
    затворени очи во име на правдата.

    Подари ми насмев надмен, господарски.
    и пак распни го на крст Оној кој божем го сведочиш.
    Избриши си раце со хартии безвредни
    и кажи го зборот што ништо не значи.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Пон 20 Апр 2009, 15:41

    Банкрот Блуз бенд
    Моја Гитара

    Сакам јас нежно да ми шепотиш
    да гориш и пееш од моите допири.
    Во сонот ме гониш со темни маѓии
    моите раце твои златни окови.

    Со тебе раѓам од вино музика
    жица, по жица во крв се претвора!
    За тебе пеам со солза тагувам,
    тебе гитаро штом те прегрнам.

    Моја, моја ти си гитара!
    Без престан да свирам само ми бара...

    Вечерва дај ми од небо огнови,
    биди им сенка на моите богови.
    Знам јас сум твоја само твоја судбина
    пеам со тебе тажна ноќна молитва.

    Секоја тага моја ја знаеш,
    секоја солза моја ја примаш,
    и секоја болка ти со мене траеш,
    јас тебе те пеам ти мене ме имаш!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Пон 20 Апр 2009, 16:15

    Сети се
    Брејк

    Заминуваш, а некој стар блуз во глава ми свири,
    Готово е, само чудо може да не смири.
    Престани ова стварно нигде не не води,
    Земи го твојот куфер слатки лаги и оди.

    Но штом ќе пројде малку време ти ќе сватиш
    Колку вредам јас и ќе се вратиш!

    И штом ќе ти свртат грб сети се...
    И кога ќе нема друг сети се...
    Ти ќе знаеш кој те чекал цело време
    И останал до крај твој!

    ******************

    проклето добро песниште rock and roll
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 21 Апр 2009, 13:08

    Ристо Самарџиев
    Бела

    Еј, моме, еј девојче
    севдо прва, росно кокиче,
    кој сокак поминуваш,
    кој конак ноќва минуваш.

    Дал' помниш, дал' ме сонуваш
    Дал' име мое спомнуваш
    Ил' љубиш ил' се даруваш
    за име нит' за пари прашуваш, еј...

    Бела трага, бела прашина
    бела зима, бела белина.
    Бел ат пред порта помина,
    ти на него, либе замина.

    Јас по тебе факам у света,
    лето осмо, зима девета.
    Девет песни, бел мој галебе,
    пратив абер, либе, по тебе јас.

    Дојди си, дојди ми
    подај рака и не зборувај
    гушни ме и само одболувај.
    Дојди си, дојди ми
    подај рака и не зборувај
    гушни ме и само ти одсонувај.

    Пат долг, бели темници,
    очи бели, бели зеници,
    луѓе грешни, случки погрешни,
    еден свет за многу вистини.

    Многу песни, малку причини,
    море народ, саде тишини
    срце чука, очи копнеат,
    да ми те видат, да ми те донесат, еј...

    Бела чума ич не остава,
    ниту моли, ниту простува,
    Еј моме, еј девојче
    севдо прва, росно кокиче.

    Еден лек само лекува
    тој што силно, силно верува,
    тргни и полетај без страв,
    All you need is love...

    Дојди си, дојди ми
    подај рака и не зборувај
    гушни ме и само одболувај.
    Дојди си, дојди ми
    подај рака и не зборувај
    гушни ме и само ти одсонувај.


    love love love
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 21 Апр 2009, 15:05

    Д.Н.О
    Тишина

    Тишина јака железна
    ми дава момент на вистина
    исчезнат во себе одамна,
    го ловам духот набрзина

    Еј дај разбуди се,
    дај ми живот,
    само допри ме

    Море од лаги препливав(во еден здив)
    цвеќе што умира милував
    немирни очи скротувам
    во тебе само верувам

    Еј дај разбуди се,
    дај ми живот,
    само допри ме

    Ти си мој најубав сон
    неостварена желба,
    ти си мој најголем бол,
    моја најсилна верба,
    ти си таа што ја кријам
    со очи што ја пијам...

    Има некој негде далеку
    кој во тебе верува.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 21 Апр 2009, 15:07

    Мизар
    Градот е Нем
    (Мизар)


    Градот е нем
    на моите прашања
    градот е нем
    на моите повици.
    Погледни го моето
    бледо лице
    насмевот мој поладен од мраз.

    Услиши мја
    јако твои отрок аз’с’м
    услиши мја
    из глубини возвах к тебје
    услиши мја
    вонми гласу молења моего
    услиши мја
    и воп’л мои к тебје да приидет
    услиши мја
    вонже аште ден призови тја
    услиши мја
    скоро услиши мја
    услиши мја
    и не отврати лица твоега од мене.

    песнава ја пребарав, ама и ја најдов! срцето ми дојде на место
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 21 Апр 2009, 15:46

    Санаториум
    Без Разум И Свест

    Студени ветришта ја гризат душата
    Луѓе изгниени во кал по боишта

    Во мрачни сништа - сеништа
    Гневот е во секого
    Анархија, презир и безумие
    Морници страв и малоумие

    Без разум и свест
    Гнев насекаде

    Нерви искинати, срушена надеж
    Безглави ѕверови на работ на разумот

    Во мрачни сништа - сеништа
    Гневот е во секого
    Анархија, презир и безумие
    Морници страв и малоумие

    Без разум и свест
    Гнев насекаде

    само за брат ми Варг
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 21 Апр 2009, 18:02

    Нон стоп
    По навика

    По навика палам цигара нова
    по навика се лажам од утре не пушам
    по навика излегувам со мокра коса
    по навика заборавам да ја исушам...

    По навика тргнувам со втора
    возам по навика, не е дека така морам
    низ улица каде немам што јас да барам
    на која живееш ти...по навика

    Понекогаш сум бил и груб,
    еве не викам не..
    Никој не е светец цело време
    понекогаш ко некој друг да збори од мене
    кого јас а ниту ти не го знаеме...

    По навика те чекам во кола
    како доаѓаш те сонувам..
    очи отворам но крај мене сепак те немам
    и по стоти пак сам заминувам

    Понекогаш сум бил и груб,
    еве не викам не
    никој не е светец цело време
    понекогаш ко некој друг да збори од мене
    кого јас а ниту ти не го знаеме....

    Не ми е тешко што сум сам
    Тешко ми е што сум без тебе
    Незнам како да го натерам другиот во мене
    еднаш засекогаш да замине.....

    Понекогаш сум бил и груб
    еве не викам не
    никој не е светец цело време..
    понекогаш ко некој друг да збори од мене
    кого јас а ниту ти не го знаеме......
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 21 Апр 2009, 18:47

    Брејк
    ЗА НАС


    Те оставам по стотти пат пред себе,
    а не знам кој сум јас,
    ти дозволувам да ме лажеш
    да раскажеш приказна

    за наааааас... ммм...приказна

    И не можам да разберам, а барам одговор,
    ти ме лажеш без да кажеш еден збор,
    и без да знаеш правиш да се чувствувам ко...
    ко да не сум живеел ни еден ден.

    за нас за нас...(ко да не сум живеел ни еден ден)
    за нас,за нас...(ко да не сум живеел ни еден ден)

    Понекогаш дозволувам
    само за момент да ми влезеш во сон,
    за да се измиеш во чиста љубов
    во една друга приказна
    за нaс.

    ммм приказна....

    И не можам да разберам, а барам одговор
    ти ме лажеш без да кажеш еден збор,
    и без да знаеш правиш да се чувстуввам ко
    ко да не сум живеел ни еден ден

    за нас,за нас
    (ко да не сум живеел ни еден ден)...
    за нас за нас ... ко да не сум живеел ни еден ден...


    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Batty on Сре 22 Апр 2009, 18:46

    Зијан
    Пушти Коси

    Запеј, запеј, бистра водо, и ти сонце мило златно,
    запеј, птицо, и понеси песна нова, мака стара,
    играј оро, крши снага, ој ти моме мило драго,
    пушти коси, ветер да ги носи.
    Играј оро, крши снага, ој ти моме мило драго,
    пушти коси, ветер да ги носи.

    Запеј, запеј, бистра водо, измиј душа, влечи камен,
    запеј, птицо, и понеси песна нова, мака стара,
    играј оро, крши снага, ој ти моме мило драго,
    пушти коси, ветер да ги носи.
    Играј оро, крши снага, ој ти моме мило драго,
    пушти коси, ветер да ги носи.

    Играј оро, крши снага, ој ти моме мило драго,
    пушти коси, ветер да ги носи.
    Играј оро, крши снага, ој ти моме мило драго,
    пушти коси, ветер да ги носи.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Сре 22 Апр 2009, 20:20

    шуќур некој пишал на темава
    и то најшубав текст клал пејџеров rock and roll
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Сашо комшијана on Сре 22 Апр 2009, 20:34

    Трајче Манев - Осамен

    Сам сум во ноќва тивка
    и сонувам со очи отворени
    го слушам твојот шепот мил
    сонувам за дните поминати
    за тебе веќе одминати
    и како да сакаш да кажеш не

    Ти што ми ја украде душата,ти
    што ми ја зароби младоста
    за што ќе патам во животот
    за кого ќе дадам се

    Сам сум во ноќва тивка
    и сонувам со очи отворени
    го слушам твојот шепот мил
    сонувам за дните поминати
    за тебе веќе одминати
    и како да сакаш да кажеш не
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Сашо комшијана on Сре 22 Апр 2009, 20:39

    Гоце Николовски - Моја Серенада

    Тивка ноќ е сите спијат,
    само ние двајцата не..
    Јас и мојата гитара,
    под твоето пенџере..


    Тивко свирам за да можеш
    да ме чуеш само ти..
    Колку љубам ќе ти кажат
    мојте звучни акорди..

    Ако чуеш мила моја
    нека светне пенџере..
    Јас ќе бидам среќен мила
    како да си крај мене

    Тивко свирам за да можеш
    да ме чуеш само ти..
    Колку љубам ќе ти кажат
    мојте звучни акорди..

    Оваа моја серенада
    тебе ти ја дарувам
    Мирен сон и добра ноќ
    мила ти пожелувам

    Тивко свирам за да можеш
    да ме чуеш само ти..
    Колку љубам ќе ти кажат
    мојте звучни акорди..
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Сашо комшијана on Сре 22 Апр 2009, 20:42

    Мики Јованоски Џафер - Сонце за три светови

    Една ѕвезда ми шепоти,
    дали си блесок што постои.
    Трепет од крилја на гулаби
    в срце ми создава бол.

    Дали може љубовта
    ноќва да ја продолжи?
    Дали може да ја
    задржи?

    Ја имам само ноќва
    да бидам ја со неа.
    И незнам дали можам
    да заборавам.
    Во гради имам сонце
    за уште три светови,
    ако замине ке
    изгаснам.

    Илјада слики сеќавања
    и мечти не домечтаени.
    Ќе носам трагови нејзини
    во себе цел еден век.

    Знам дека ќе замине
    денот штом ќе надојде.
    Ќе ми рече не
    барај ме.

    Ја имам само ноќва
    да бидам ја со неа.
    И незнам дали можам
    да заборавам.
    Во гради имам сонце
    за уште три светови,
    ако замине ке
    изгаснам.

    Знам дека ќе замине
    денот штом ќе надојде.
    Ќе ми рече не
    барај ме.

    Ја имам само ноќва
    да бидам ја со неа.
    И незнам дали можам
    да заборавам.
    Во гради имам сонце
    за уште три светови,
    ако замине
    ќе изгаснам.
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Сашо комшијана on Сре 22 Апр 2009, 20:48

    Конкорд - Високи Штикли

    Одиш по улица
    се вртат по тебе,
    а ти така горда гледаш само пред себе,
    довикуваат свират,
    озборуваат горат,
    а ти си ладна,
    ладна.

    Гледам и јас, стојам и се чудам,
    за таква риба сред ноќ се будам,
    забележуваш,
    се живо распаметуваш,
    а ти си ладна,
    ладна.

    Високи штикли и црни чорапи
    се вртам ако треба и по сто пати
    твојот лик ме прогонува
    се насмеваш ил ми се присторува.
    Сите те гледаат,
    со поглед стрелаат,
    а ти веќе не си
    не си ладна.

    Секој под око сака да те види,
    а кога погледнеш ти ме бодат илјада игли,
    О каков поглед
    би те следел и со двоглед,
    убавице ладна,
    убавице ладна.

    Чекорот твој е така одмерен,
    во некој студен ден би разведрил се,
    О каков ли чекор,
    му нема прекор,
    а така си ладна,
    ладна.

    Sponsored content

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Нед 21 Јан 2018, 04:05