Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Македонски текстови/лирики

    Share
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Чет 23 Jул 2009, 12:59

    Архангел - Заумна сила

    Заумна сило води ме!
    Нурни ме длабоко
    во сечиј сон,
    во сечиј дом.

    Јас со детска невиност и моќ
    ти во кома од отрови и магли.
    Груба игра, немам адут
    имам среќа, немам пари.
    Ти си скапа
    се глумиш слатка и сјајна.

    Јас венес од алги, древна вода и далги.

    Бол, ние сме бол
    во празен станиол
    и не нема
    во прегратка голи,
    страст што пепел ја сторив.

    Те будам и гледаш
    в срце ме немаш
    сонот го скршив
    со шамар го земав
    се прашуваш сега
    со јарост и тага
    дали сум стварност или сум лага.

    Јас сонце и месечина
    и точка и цела вселена
    од црна дупка светлина
    твоја гордост вљубена.

    Заумна сило повторно
    нурни ме длабоко
    во сечиј сон,
    во сечиј дом.

    Јас со детска невиност и моќ,
    ти во кома од отрови и магли.
    Ти без восхит и без радост,
    јас со мудрост преполн младост.
    Ти без љубов, јас без пари.

    Јас венец од алги древна вода и далги.

    Бол, ние сме бол
    и без надеж бакнежи
    крадеш
    нудејќи вино за крв
    ти вампиру лажеш.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by prozaque on Нед 26 Jул 2009, 01:31

    Фолтин - 110

    Во Јули Битола
    на ќерамиди се лепат жештини
    облаците и небото се море немирно
    во Јули Битола.
    Во Јули Битола.

    Љуби ме, вдиши ме
    љуби ме, издиши .
    Љуби ме, вдиши ме
    задржи здив.

    Љуби ме, вдиши ме
    љуби ме, издиши .
    Љуби ме, вдиши ме,
    задржи здив.

    Задржи здив.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by prozaque on Саб 19 Сеп 2009, 20:29

    Изведувач:Игор Џамбазов
    Песна:Стојаково Блуз
    Албум:Ова не е блуз


    Тргнав во потрага по малку нови, малку свежи, позитивни вибрации
    Сите ѕвезди над Стојаково,
    смело излегле на нови бурни демонстрации.
    Седам во центарот на центарот на Македонија
    во една чудна хармонија,
    меѓу мене Боб Дилан и едно топло пиво Стојачко

    - ЗЕЛЕНО!

    Вечерва сум расположен зелено
    (зе-ле-нооо)
    Твој сум сестро - вселено
    (зе-ле-нооо)
    Навечер обично сум расположен - зелено
    (зе-ле-нооо)
    Биди нежна сестро - вселено

    Ноќта си отиде дома
    и ми ги остави петлите
    да ме потсетат дека сум жив
    Инаку петлите Стојачки
    се убедени дека сонцето изгрева само, заради нив
    Некој пушти Сантана а мојот пријател стана
    и рече:
    Во Европа кога газел имал прилика во Базел
    да го гледа во живо - Карлос Сантана
    Во живо браво му викам дечко ајде во таа чест да акниме на сред село ти и јас уште по едно топло пиво Стојачко

    - ЗЕЛЕНО!

    В зори сум расположен зелено
    (зе-ле-нооо)
    Твој сум сестро - вселено
    (зе-ле-нооо)
    В зори обично сум расположен - зелено
    (зе-ле-нооо)
    Биди нежна сестро - вселено

    Единаесет сабајле завршија сите предавања
    по Ботаника, Географија, Историја.
    Ова место е дефинитивно
    првата и последна вистинска ослободена територија.
    На сред село свири Стиви Реј Вон
    Барам такси нема телефон.
    Стиви Реј Вон во Стојаково,
    ми зазвуче некако диво, многу диво..
    И си викам ај да не ја пропуштам оваа прилика да акнам на сред село со Стиви Реј Вон мајсторот уште по едно топло пиво Стојачко

    -ЗЕЛЕНО!

    Денски сум расположен зелено
    (зе-ле-нооо)
    Твој сум сестро - вселено
    (зе-ле-нооо)
    Денски обично сум расположен - зелено
    (зе-ле-нооо)
    Биди нежна сестро - вселено


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Пон 05 Окт 2009, 14:45

    Води ме - String Forces

    Има ли длабина,
    Нели е површно се?
    Некогаш погрешното,
    секогаш го бираме,
    по мера на своите детски приказни
    за години напишани.


    Води ме,
    Води ме. води ме.
    Некаде,
    Води ме, води ме.
    Кај што е,
    Води ме, води ме.

    Дали е залудно,
    се да се заборави,
    иднина да се оджали,
    во неа да зачекориш,
    иако ти си тој
    што ги живее,
    тие далги пратени.

    Води ме
    Води ме, води ме
    Некаде
    Води ме, води ме
    Кај што е
    Води ме, води ме
    Било кај
    Води ме, води ме
    Што е, за нас
    Води ме, води ме
    За нас,
    Води ме
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bright on Пон 05 Окт 2009, 20:49

    Калиопи и Наум Петрески
    Рум Дум Дум


    Збогум
    Збогум душо моја
    Ќе ти бидам црвен шал од свила
    Збогум, збогум душо моја најмила
    Збогум моја мила
    Возот веќе тргнува
    Солзи сами течат

    Тие ќе ти речат
    Збогум, збогум душо моја
    Збогум...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Пет 30 Окт 2009, 10:28

    Кога проклето ти требам

    Дај погледни ми во очиве
    ти ќе пронајдеш што не сум рекла ни пререкла,
    во овој поглед што го испраќам со стари вистини
    а на нив прашини послани од едно време што не умира
    а нас не остава за да не стаса и престаса.
    А јас не сакам да знам,
    не јас не сакам да знам.

    Штом други очи ќе не гледаат
    со лажни насмевки а длабок презир во мислата,
    дека сме случајни и премали
    за да ни испрати таков дар за нас судбината.
    Не сакам да знам.

    Не, јас не сакам да знам
    дека ти ќе бидеш сам
    кога проклето ти требам,
    и штом по тебе умирам
    дали некој ќе ме гледа.

    Да се плашам веќе несакам
    ниту да верувам во туѓи розови сонови,
    со сите болки се разминувам
    од стари отрови во кадифени фустани.
    На овој пат со тебе тргнувам
    без да ги понесам со себе старите куфери.
    Не, не сакам да знам.

    Не, јас не сакам да знам
    дека ти ќе бидеш сам
    кога проклето ти требам,
    и штом по тебе умирам
    дали некој ќе ме гледа.


    Музика: Калиопи
    Аранжман: Дарко Димитров
    Текст: Калиопи
    avatar
    Morticia Addams

    Female Мислења : 2170
    Зачленет на : 2009-10-08

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Morticia Addams on Чет 05 Ное 2009, 17:13

    String Forces
    Песна: Ache (Боли рана)
    Албум: Silky Way (Свиленкаст пат)


    Рамна снага.
    Рамна снага, милна.
    Милувана.
    Милувана ем лична.
    Украдена.
    Украдена од свога.
    Свога брата.
    Свога брата родена.

    Боли рана.
    Боли рана врие.
    Врие дупка.
    Врие дупка од
    остра сабја.
    Остра сабја од брата.
    Брат што кажа.
    Боли рана
    отворена
    avatar
    Morticia Addams

    Female Мислења : 2170
    Зачленет на : 2009-10-08

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Morticia Addams on Чет 05 Ное 2009, 17:14

    String Forces
    Песна: One Breath (Еден здив)
    Албум: Silky Way (Свиленкаст пат)


    Навидум тишина,
    тишина оловна.
    Под тие камења,
    камења рубини.

    Постојат причини,
    причини проѕирни.
    Во тие приказни,
    приказни бескрајни.

    Во само еден здив
    забораваме,
    на љубените,
    песните нека ги паметат.
    Во соништата
    ненадминати,
    изгубете се,
    песните нека ве паметат.

    Колку ли патишта,
    патишта запустени.
    Да види човекот,
    човекот домаќинот.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Пет 06 Ное 2009, 18:05

    Мизар - ГЛАС

    Во моите мисли
    зборови, шепот, глас
    црвени пурпурни, венеам.
    Во моите мисли
    зборови, шепот, глад
    за твоите усни
    твоето тело,
    страв,
    страв, ти ја давам својата крв
    страв, ти ја давам својата моќ.

    Ти не си мој, ти не си мој.

    (Чаповски/Таневски)
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 10 Ное 2009, 16:25

    Сеќавање на првата - Јаков Дренковски

    Деновите минуваат, сништата се враќаат
    сништата за ноќите, за љубовта, за солзите.
    Кога еден за друг живеевме, кога еден за друг мечтаевме,
    среќна беше ти, среќен бев и јас.

    Сонцето во утрата заедно го чекавме
    ѕвездите во ноќите долго ги испраќавме.
    Само едно тогаш чувствувавме
    дека сосем близу се ѕвездите
    сосем близу се, но не се меѓу нас.

    Зошто не си пак со мене, зошто јас со друга сум,
    зошто твоите очи плачат, моите раце празни се.
    Зошто без збор минуваме, зарем се сме си кажале
    Покажи ми, помниш ли?

    Ако некогаш во утрата сонцето го пречекаш
    ако некогаш во ноќите со ѕвездите пак ти другаруваш
    Немој не, не кажувај им за нас ти
    Немој не, не откривај ги нашите сни,
    сите денови и нашиот сон.

    Одам, одам, одам сега не запирајте ме веќе,
    неќам спомени и сништа, неќам љубов, неќам тага.
    Сакам само малку среќа, малку спокој во моите ноќи
    барам јас...

    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bright on Вто 10 Ное 2009, 16:51

    Влатко Стефаноски
    Бел Коњ

    Шутка и Топаана имаат една мана
    Што не се во Индиjа
    За да види Кришна што е тоа живот
    На весела долина

    Jас сум шетал, jас сум бил на запад
    Дури до Германиjа
    За да наjдам парче леб за мене и за
    Моjата фамилиjа

    Еj, да имам, ко што немам
    Па да купам бел коњ
    и да jавам, дење ноќе
    И на jаве, и на jаве и на сон

    Секоj од нас има своjа ѕвезда
    Што го прати дур е жив
    Кога свети jако, човек има среќа
    Кога гасне судбина

    Еj, да имам, ко што немам
    Па да купам бел коњ
    и да jавам, дење ноќе
    И на jаве, и на jаве и на сон

    Еj, да имам, ко што немам
    Ќе ти купам кревет,
    За да спиеш ти со мене
    Илјада и, илјада и една ноќ...
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Jas on Пон 30 Ное 2009, 12:19

    За Каран песната што ја бараше

    СЛАТКАР - ФМ ;

    [Нанана]

    [Слаткаристика будалоо..од клуб до клуб..Токсикологија БУДАЛО]

    Реф ; ФМ не ме пушта дека пцујам ко копиле, а мене топ ми е незнам да бидам озбилен сакам да пцујам и цензура не ми треба, јас сум само искрен и остај ме да си пејаам..

    1.Ej, здраво здраво мило ми е јас сум Ветерко
    истата фаца што беше искривена во Петокот,
    знам дека ме знаеш сум бил во твоето диско
    таму пичи*а мрдаат гз во бит на хипхоп.
    Незнаат да пеат се дерат на глас
    [What you know about me?]
    Ку*во не се дери магла,
    а јас направен Гоце Арнаудов
    пиам се гурам во гужва и го пцујам клубот
    мозкот ми е на пауза од зелени срања
    мало летни деколтиња буљам како мањак
    малолетна пијана пи*ка и излегла цела цицка, уживај баш си пи*ка
    еј, леле, здраво, леле каков си
    Сакам да ти кажам дека ти и Скит сте најдобри...
    Пофалби ласкања и све остало беше толку директна ме фати за моето мочало
    а све глеала бивша ми од карши почнаа да летат чаши и флаши..
    Малолетна пијана пи*ка ти фали само чалма и пак ќе бидеш пи*ка

    Ref; ФМ не ме пушта дека пцујам ко копиле, а мене топ ми е незнам да бидам озбилен сакам да пцујам и цензура не ми треба, ја сум само искрен и остај ме да си пееам. [oстај ме да си пеаамм..]

    2.Десила се десалица па кој к*р вечерта продужува идеме у нов клуб
    а таму само ВИП фаци не не пуштаат на врата дека сме пијани фаци..
    Не ми глуми шериф ќе ме пуштиш,
    вратарот ми вика ќе те нашлакам немој да се курчиш,
    одеднаш ја снема цела нервоза
    извини, влези изглеа ме позна [фала брат]
    a унутра смрди на пудра
    испотени мишки урлаат у гужва
    просто школувани глумат ВИП
    пи*ки на маса пиени..
    А ни ја не сум ништо подобар [ подобар ]
    му се исповратив на маица
    на сиротиот конобар..
    [извини брат]
    Пијам уште едно пиво и идам право на клиника
    а музиката уствари си нема веезе
    хаус верзија Candy Shop од пеесе ( 50 )
    Ми фалеше уште 50 Cent пивото на екс
    и пичимее..

    РЕФ: ФМ не ме пушта дека пцујам ко копиле а мене топ ми е незнам да бидам озбилен сакам да пцујам и цензура не ми треба јас сум само искрен и остај ме да си пејам..
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Alive on Саб 26 Дек 2009, 20:32

    Камелеон - Добро утро Таго

    Добро утро таго,
    до кога ли заедно.
    Добро утро таго,
    неизбежна вистино.

    Проклета си,
    судбино ти.
    Во срцево рана,
    ти ми отвори.

    Виситина ил' лага,
    ко страни од паричка.
    Љубов и тага,
    неразделна судбина.

    И бессони се денноќиве,
    Поминуваат сега покрај мене.
    Само понекогаш како да слушам глас,
    Како да гледам лик, чувствувам пак почнува.

    Рефрен х2:

    И чинам ко на сон,
    од сон излегуваш,
    а ветер пролетен,
    нежно ме облева.

    Дали си вистина,
    ил' така изгледа,
    само мирис твој,
    како да чувствувам.

    Од каде доаѓаш,
    каде си тргнала?
    Зарем срцево,
    ти е станица.

    Те молам замини,
    пред да ми искршиш,
    пред да ме искинеш,
    на безброј делови.
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 26 Јан 2010, 20:01

    Бастион - Емил врати се

    Нежно ми приоѓаш, искусно бакнуваш
    фино соопштуваш
    А јас се прашувам до кај ке постои
    таква иронија
    можеш да кажеш се
    во очај да ме доведеш
    до солзи да повредиш
    но јас пак ке бидам само твоја
    кажи ми кој би го правел ова се
    само да бидеш мој правам се

    [реф]
    Немој да си одиш
    Емил врати се
    Емил сакај ме
    немој да си одиш
    Емил врати се
    Емил сакај ме

    Нежно ми приоѓаш, искусно бакнуваш
    фино соопштуваш
    А јас се прашувам до кај ке постои
    таква иронија
    можеш да кажеш се
    во очај да ме доведеш
    до солзи да повредиш
    но јас пак ке бидам само твоја
    кажи ми кој би го правел ова се
    само да бидеш мој правам се

    [реф]
    Немој да си одиш
    Емил врати се
    Емил сакај ме
    немој да си одиш
    Емил врати се
    Емил сакај ме
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 26 Јан 2010, 20:39

    Moрал - Љубовта е далеку

    Немој сега да плачеш
    кога веќе се е друго
    јас не сум проклето млад
    веќе не верувам


    [реф]
    Oстави ги солзите
    не вредат многу
    не колни ме
    не ветувај за љубовта
    Таа е далеку
    од нас е далеку

    Немој сега да плачеш
    кога веќе се е друго
    јас не сум проклето млад
    веќе не верувам

    [реф]

    Ти направи се
    да имам срце тврдо ко камен
    и немој да ми зборуваш за љубовта
    таа е далеку,
    од нас е далеку
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Чет 28 Јан 2010, 18:17

    Aлександра Пилева - Појди

    Појди,
    На патот од кого нема враќање
    Пушти да те води
    Гласот од кого нема бегање
    Ти и јас сме на пат до неизвесноста
    Кога ќе стигнеме ќе ја сватиш ти приказната.

    Единствено јас знам каде има вода во оваа пустина
    На извор ќе те водам ако ја признаеш вистината
    Напиј се,сакај ме зашто душа сува утре ќе ти остане.

    Појди,
    Таму кај што љубов владее
    Пушти да те води сила што со себе води се
    Ти и јас сме на пат до неизвесноста
    Кога ќе стигнеме ќе ја сватиш ти приказната.

    Единствено јас знам каде има вода во оваа пустина
    На извор ќе те водам ако ја признаеш вистината
    Напиј се,сакај ме зашто душа сува утре ќе ти остане.

    Појди пушти да те води
    Појди појди појди
    Гласот што те води.
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Alhemius on Чет 28 Јан 2010, 20:22

    Санаториум - Деспот на Адот (2001)

    Зад вратата од разумот свети силно омраза
    Насилство,агресија,злото е опсесија
    Лудило не чека нас на дното од мозокот.
    Не мачи со суровост,темнина и бруталност.

    Вечно трпи и трај
    Hell Master
    тортура без крај.

    Машина на теророт,го напаѓа
    човечкиот,плач насекаде
    Во тебе и мене
    Лудило и омраза на крајот од разумот
    Сурова агресија,злото е опсесија

    Вечно трпи и трај
    Hell Master
    тортура без крај.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Саб 30 Јан 2010, 23:34

    Мизар - Обичен човек


    (Свјат Dreams,1991)

    Еден ден
    само обичен ден
    ти си само обичен патник
    патуваш низ градот само твој
    сенките на луѓето
    Сè ќе биде
    добро вечер
    само биди ти крај мене
    Ти си само обичен човек.

    (Чаповски)
    avatar
    Seppälä
    Your worst nightmare
    Your worst nightmare

    Female Мислења : 170
    Местолокација : Finland
    Зачленет на : 2010-01-28

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Seppälä on Нед 31 Јан 2010, 01:15

    Heartcore
    Arhangel
    Јас немам ништо повеќе од себеси
    само срце кое чука вистински
    сосем доволно да те вознемири
    да те уплаши
    Ги знаеш добро оние
    со скришна солза длабоко во срцето
    со скришна злоба далеку зад погледот
    болни од немоќ
    болни од желба за одмазда
    По не знам кој пат
    се видов себеси во тебе мртов
    не, твојот бол нема никогаш да биде мој
    Години на љубов или смрт
    Без љубов, знам, ќе те проголта
    овој град без гордост и без срам
    ќе останеш без дела за вреднување
    ќе останеш
    без моќ и магија
    било што да промениш
    Пушташ солза
    не знам што сокрива
    дали немоќ
    или желба за одмазда
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Вто 02 Фед 2010, 00:01

    Текстов ми е некако таман на место за денешнава ситуација у Македонијава...

    Слаткаристика - Да полетам

    Горд сум на успехот
    Чале ми е домец
    немал ни мајка ни татко
    рамо за плачење совет
    поштен ко пошта
    така не се станува човек
    ми овозможи мастило
    Бог дарба да бидам поет
    сине не се нервирај
    ќе биде подобро
    го прашувам кога
    ќути не го знае одговорот
    понекогаш сум среќен
    за мојот топол дом
    со че го имаме она
    што никогаш го немал он
    Веќе година дена
    фурам иста патика
    дупка на ѓонот пропушта
    вода станува навика
    некад се дешава дома
    нема ни за храна
    четири хиени ржат
    сама жена плаче мама
    мамо немој да плачеш
    ме кршат твоите солзи
    штедам за мартските рози
    викаш немој не се троши
    боли тоа што веќе
    во никој немам доверба
    едно бегство ми е рифот
    и креативно да полетам...

    Реф.

    Имам сила после се пак да продолжам
    има храброст во мене да не запирам
    имам сила покрај се јас да победам
    имам крила високо да полетааааам
    да полетам..


    Не сум комплексант
    треба ли да поновам
    само ме комплексира
    животната понуда за
    Конобар
    стојам во колона на таленти
    едини таленат
    меѓу ограничени коњи
    слободно летам ко пеграз
    имам лепеза на генијални
    идеи кои полека гаснат
    ми го згасна власта и
    бирото на простата маса
    Чале вика не си ти ко мене
    нема да се заебеш
    ја не направив кеш
    направив дете на дваесдве
    ја пробувам да го
    стоплам животот студен
    ко деца десет кеца
    сега сум прмерен срудент
    љубовта е болест
    никад нема да се заљубам
    но види ме тонам
    а бев капетанот на палуба
    принуден сум
    да бидам нестабилен
    ко копиле се дерам по дома
    за кој к*р сте ме направиле
    кога краделе сите
    што не си крадел пиздо
    добивам шамар од
    поштена рука на комунизмот

    извини ...

    реф.

    Имам сила после се пак да продолжам
    има храброст во мене да не запирам
    имам сила покрај се јас да победам
    имам крила високо да полетааааам
    да полетааам да полетаааам да полетам ...
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Alhemius on Вто 02 Фед 2010, 00:56

    Џина Папас Џокси - Златни Жици

    Од лаги везам тишина од сон до сон
    со вино полнам празнина,пак сум прашина.
    Црни птици и бело поле како кошула,
    златни жици,најстар штим и дим

    На копно барам светилник од бол до бол.
    На ѕидот тропа часовник,мојот паметник.
    Драги жени и љубов свиткана ко прашалник,
    златни жици,Божји глас и јас.

    И каде после овој сон да побегнам
    кога ти преку сенки пурпурни љубов водиш.
    И каде после овој бол да преноќам
    кога ти преку сенки пурпурни љубов водиш.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Чет 04 Фед 2010, 17:33

    Пеницилин - Цимер

    Цимер,дек си ти бе цимер.
    Еј арен ли си?Шо ќе се пофалиш?
    Дај до први дваесет илјади,
    И не е лошо женска да наместиш.

    Цимер,дек си ти бе цимер
    Дај за вечер позајми фармерки
    Цимер,чир во стомак имам
    Зашто јадам урда и пиперки.

    Цимер.

    Цимер,да ти се пофалам
    Девојче сум фанал,како снег е бело
    Цимер јас ќе останам во Скопје
    И не се враќам повеќе во село.

    Цимер,да ти се пофалам
    Уште еден испит па ќе дипломирам
    Цимер,две-три ниви ќе продадам
    Ќе се вработам и човеќ ќе постанам.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Саб 13 Фед 2010, 09:10

    Александра Пилева - За Еден Ден

    Години стоиме,еден до друг осамени
    Премногу е мрак да ги видиме сенките
    Околу нас,околу нас.
    А сенки сме и ние
    Кога не ја чувствуваме
    Љубовта,надежта и гордоста.

    И никој незнае да сака
    Кога чувствува бол
    За еден ден,за еден ден
    Ти го продаде ова срце
    Кое одамна го украде од мене.

    До мене поминуваш
    И дали си светлоста што ја гледам?
    Или си уште еден ангел залутан на овој свет?
    Те гледам,ме гледаш,тоа не си ти
    Мојот херој заробен во кафези.

    Некогаш помислувам,некогаш и сонувам
    Понекогаш посакувам да си мојот херој ко некогаш
    Години стоиме за да ги видиме
    Сенките околу нас.
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bright on Саб 13 Фед 2010, 12:17

    Д.Н.О - Љубов

    Јас милувам да знам
    каде не води сега ова
    и да не ти кажев да
    дали ќе остане на тоа.

    По малку исплашен те гледам
    ти се претвораш во гнев,
    сепак не можам да скријам -
    јас не те сакам повеќе.

    Не оставај ме,
    не сама...

    Љубов...

    Јас милувам да знам
    каде не води сега ова
    и да не ти кажев да
    дали ќе остане на тоа.

    Дали ќе остане на тоа,
    гледај остани остани на тоа,
    те молам остани на тоа.

    Само тоа не,
    не сама,
    не оставај ме...

    Љубов...
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Саб 13 Фед 2010, 12:54

    Александра Пилева - Нема утеха

    Остана во мене сето тажно
    време
    Години без тебе ништо не ме промениле
    Сакав да те допре
    љубовта во срце
    Живее во мене се што сме биле некогаш.

    Нема
    утеха ни на небо ни на земја
    нема утеха во туѓи погледи и лица
    И
    нема утеха, дали некогаш ќе помине
    таа потреба да те чувствувам до
    себе

    Остана во мене сето тажно време
    Години без тебе ништо не
    ме промениле
    Сакав да те допре, да не сопре никогаш
    И да трае
    долго после нас
    Живее во мене се што сме биле некогаш

    Нема
    утеха ни на небо ни на земја
    нема утеха во туѓи погледи и лица
    И
    нема утеха, дали некогаш ќе помине
    таа потреба да те чувствувам до
    себе.

    Sponsored content

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Нед 21 Јан 2018, 03:58