Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Македонски текстови/лирики

    Share
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Пон 22 Фед 2010, 17:00

    Суперхикс - Колку време.

    Јас сум од Данска,од Шведска,од Јужна Австралија,
    И дојдов малце памет да ви посолам,
    Чевли за жена ми,мидер за баба ми,
    За мојот внук купувам дискови.

    Вашата земја е здодевна,висока,пасивна,
    И на моменти потсетува на Такестан,
    Се што можам јас за вас да направам,
    Е тоа памет да ви посолам.

    Чекај бе малце,сети се,
    Кој продава безредие,
    Разврат и лицемерие,
    Бар малку свести се.

    Јас сум од Данска,од Шведска,од Јужна Австралија,
    И немам некоја порака јасна баш,
    Чекај бе малце,сети се,
    Кој продава безредие,
    Разврат и лицемерие.

    А знам и да се сетам колку бевме мали,
    Но големи сме среќни,убави и здрави,
    Колку време ли ќе го чекаме да дојде,
    Сонцето,пролетта и мирисот на трева,на трева.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Пон 22 Фед 2010, 18:09

    Зоран Рудан-Цеки - Зелена Кајсија


    Врват денови,течат години
    А јас старем
    Под која крошна да се одморам
    На чиј скупник да се исплачам.

    Врват денови,течат години
    И ти старееш
    Ни една пролет нема да те украси
    А и туѓа си.

    И само очи да затворам
    И тебе веќе те сонувам
    Некаде куќичка
    Пред неа зелена кајсија.

    А кога очи ќе отворам
    И пред себе ќе погледнам
    Куќата сонета
    И една кајсија свената.

    Врват денови течат години
    А јас стареам
    Под чиј покрив да се сокријам
    На чии деца да се радувам?

    Врват денови,течат години
    И ти старееш
    Ни една пролет нема да те украси
    А и туѓа си.
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Alhemius on Пон 22 Фед 2010, 19:38

    ЛСД - Љубовта е Револуција (2000)

    Сега сме само дел од соништа
    а бевме толку блиску до вечноста
    Спротивни страни на бојно поле
    еден кон друг со меч се стремиме.
    Погледи еден кон друг си праќаме
    а сега ние ќе се убиваме.

    Љубовта е револуција
    кој ќе трае до крајот на вечноста
    со години ќе се провлекува
    и ќе заврши во бескрајноста.

    Помисли само како живеевме
    Ден за ден со љубов се храневме
    Ноќ за ноќ ѕвесди броевме
    А една ноќ се разделивме.
    Дали сега мирно сонуваш
    Или дел од тебе умира.

    Љубовта е револуција
    кој ќе трае до крајот на вечноста
    со години ќе се провлекува
    и ќе заврши во бескрајноста.
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Dirge on Пон 22 Фед 2010, 23:36

    Сашо Гигов - Гиш И ние сме деца на Македонија




    И ние деца сме на мајката земја
    на мајката земја, на Македонија,
    на нашата земја, на Македонија.

    И ние имаме право да живееме.
    како и другите живот што живеат.
    А ние страдавме, гладни умиравме.

    Живот не жалевме, младост си дававме
    за наши правдини смели умиравме.
    Парола имавме: Смрт или Слобода.

    И ние деца сме на мајката земја
    на мајката земја, на Македонија,
    на нашата земја, на Македонија.

    Живот не жалевме, младост си дававме
    за наши правдини смели умиравме.
    Парола имавме: Смрт или Слобода.
    Смрт или Слобода за Македонија.[2]
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Чет 25 Фед 2010, 17:03

    Влатко Стефановски - Кандилце

    Далеку ми патува
    Ноќва мислата
    Високо на планини
    Во небески височини.

    Летам над градот
    Во облак претворен
    Трепери ноќта
    Од ветар пролетен.

    А во соби легнати
    Мирно спијат душички
    Во еден кревет спиеш ти
    Во чисти меки постели.

    Во сонот твој,реки сребрени
    Љубат златни зраци сончеви
    Свират нежно гајди,кавали
    Свират химни и тишини.

    Во душата ти гори кандилце
    Силно свети ти грее мало пламенче
    Во душата ти гори кандилце
    Со две раце го чувам да не угасне.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Чет 25 Фед 2010, 18:17

    Игор Џамбазов - Време за плачење

    Нека не боли време за плачење
    чекор по чекор ноќта ќе не сокрие
    можеби утре некој ќе посака
    враќање нема тоа ни е судбина.

    Време ќе помине, време за плачење
    души ќе прозборат, некој ќе дознае,каде погрешивме
    Време ќе помине, време за плачење
    тогаш е најтешко,срце ќе неможе, ни да се покае.

    Кој знае каде патот ќе не однесесекој
    за себе среќа да си пронајде
    по многу зими ќе се сретнат погледи
    а крик во гради рани ќе ни отвори.
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Alhemius on Пет 26 Фед 2010, 00:09

    Смат - Татко ми често збореше

    Татко ми често збореше дека ништо не е како што беше
    Понекогаш ме бодреше за она што нема да успеам.
    Се сеќавам ќе кажеше ќе биде подобро.
    Иако и тој не знаеше утре што не чекаше

    Што е со младината,стана подвижна реклама на марихуана.

    Татко ми често збореше во мое време дрога немаше
    Тие што се дрогираат на прсти се броеја
    Љубов,се поминува но фамилијата останува
    И во тешките денови тие се твои другари.

    Што е со младината,стана подвижна реклама на марихуана.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Вто 09 Мар 2010, 01:12

    Ребека - Нешто убаво
    (текст:Игор Џамбазов)


    Денес е специјален ден,малку влажен,
    Од дождот што од сабајле се прави важен,
    И незнам дали вреди на ваков ден да си тажен,
    Ова е некој лажен ден.

    Денес е специјален ден,денес можам,
    Кого сакам да го извадам од кожа,
    Да ти се јавам и да ти кажам ДА,
    Денес е тој ден за конечно да кажеш.

    Нешто убаво,нешто обично,
    Нешто логично,
    Макар суетно,
    Само нека прозвучи нешто конкретно.

    Денес е специјален ден,малку чуден,
    Ти мислиш дека спиеш,а ептен си буден,
    И бејби не заборавај овој живот е труден,
    Ова е твојот суден ден.

    Денес е специјален ден,денес морам,
    Да бидам среќна ако треба се ќе сторам,
    И ќе се борам,па нека горам,
    Денес и конечно ќе мора да се случи.

    Нешто убаво,нешто обично,
    Нешто логично,
    Макар суетно,
    Само нека прозвучи нешто конкретно.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Вто 09 Мар 2010, 01:28

    Архангел - Нова вера,нова библија

    Од својот трезор пушти демон
    Нова вера,нова библија.
    Ми даде бакнеж,а примив отров
    Инстант љубов,инстант смрт.

    My grandfather went for money
    He left his bones in u, us, USA.

    Под срп и чекан јас сум роден
    И немав Исус,Алах,Сотона
    Место срце имам звезда
    Моја вера,моја библија.

    All my children go for money
    They will pay the bills for u, for u, us, USA.

    Дал сум буден,или сонувам?
    Магепсан и јас повторувам
    Нова вера,нова библија
    Нова вера,нова библија

    Еве долар да изневериш
    И еве долар да заборавиш
    Нова вера,нова библија
    Нова вера,нова библија.

    Алелуја,алелуја
    Нова вера,нова библија.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Чет 11 Мар 2010, 23:25

    Игор Џамбазов - Парарампарам

    Научив едно,правило бедно
    Наречено парарарарам
    Секогаш кога не го знам текстот
    Си пеам ладно парарампарам
    Ова ми стана видлива мана
    За се што стварно ме нервира
    Си викам парарампарам

    Парарампарам лево,парарампарам десно
    Секаде гледам парарампарам
    И после толку парарампарам
    Повторно барам парарампарам
    На едно пет-шест познати места
    Ме иде ладнокрвно да им подметнам
    Парарампарам.

    Да не се правам парарампарам
    Уживам нешто да ме поткачи
    Кога сум стварно парарампарам
    Парарампарам барам да ме откачи
    Животот стана парарампарам
    За друго не сакам да разговарам ич.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Пет 12 Мар 2010, 00:44

    Игор Џамбазов - Дај ми жити се

    Не ми се занесуј,дека си фатална,
    Носиш гардероба најкатастрофална,
    Добив информација глупава и жална,
    Дека работиш у хотел у перална,
    А и дека примаш плата минимална.

    Не ти барам да ми бидеш женска стална,
    Не сум луд,а и ти не си ненормална,
    Чим те видам добивам желба сексуална,
    И чув дека у кревет си била генијална,
    Ајде бејби дојди кај мене у спална.

    Дај ми дај ми жити све
    Дај ми дај ми жити све дај ми
    (не бе нејќум не ти давам)
    Дај ми дај ми жити све
    Дај ми дај ми жити све дај ми
    Ништо лошо не ти правам.

    Што си сега таква,груба и брутална,
    Што се праиш тука,чиста и морална,
    Сфати дека праиш грешка кардинална,
    Ноќва ќе ни биде страшна максимална
    Легни ми у поза хоризонтална.

    Дај ми дај ми жити све
    Дај ми дај ми жити све дај ми
    (не бе нејкум не ти давам)
    Дај ми дај ми жити све
    Дај ми дај ми жити све дај ми
    Ништо лошо не ти правам.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Сре 24 Мар 2010, 16:36

    Игор Џамбазов – Каква е оваа ситуација


    Само едно прашање ја мачи оваа нација
    Каква е оваа ситуација
    И нон стоп тоа прашање ја мачи оваа нација
    Каква е оваа ситуација

    Пасоши не се визираат
    Наркоманите кризираат
    Новинарите фризираат
    А нашиве репризираат

    Па каква е оваа ситуација

    Шетам низ градот како зомби
    На сите врати ставиле пломби
    На секој двеста метра по едно комби
    И пет-шест случајно паднати бомби

    Па добро луѓе каква е оваа ситуација
    Каква е оваа ситуација
    Каква е оваа ситуација
    Таква е оваа ситуација

    Ова е рација на мојата генерација
    Ова е рација на цела една нација
    Ова е рација ова е дегенерација
    Ова е рација на мојата генерација


    Пасоши не се визираат
    Наркоманите кризираат
    Новинарите фризираат
    А нашиве репризираат

    Па каква е оваа ситуација …

    Ова е рација на мојата генерација
    Ова е рација на цела една нација
    Ова е рација ова е дегенерација
    Ова е рација на мојата генерација
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Сре 31 Мар 2010, 01:23

    Владо Јаневски - Ако не те сакам

    Сегде околу нас,љубов ефтина,
    Со рака просјачка,и мантил искинат,
    Но мојата ќе трае,се дури сум жив,
    Твојто име да е мој последен здив.

    Ако не те сакам,зошто ми е мака?
    Кога ноќ ќе падне и ќе ми помине без тебе?
    Ако не ми требаш тогаш што ми прави?
    Кога ќе ме гушнеш,светла топлина во гради?

    Ако не те сакам,зошто боли вака?
    Секој божји ден што ќе ми помине без тебе?
    Ако не ми требаш зошто суша ти ми оставаш во душа?
    Кога и да заминеш.

    А сега одете си сите,сакам да сум сам,
    Не би ме разбра ни да ви објаснам,
    Ве имам како свои,но ми фали едно лице,
    Сокриено во мојто непроѕирно срце.

    Ако не те сакам,зошто ми е мака?
    Кога ноќ ќе падне и ќе ми помине без тебе?
    Ако не ми требаш тогаш што ми прави?
    Кога ќе ме гушнеш,светла топлина во гради?


    Ако не те сакам,зошто боли вака?
    Секој божји ден што ќе ми помине без тебе?
    Ако не ми требаш зошто суша ти ми оставаш во душа?
    Кога и да заминеш.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Сре 31 Мар 2010, 01:28

    АРЕА - Помогни ми

    Во денов што оди,
    Во денов што боли,
    Во денов што моли
    Остави ми мир

    Во мене си ти,
    Крај мене си ти,
    Насекаде ти,
    А каде си

    И гледам во праэно,
    И чувствувам бол,
    И пливам во темни светлини

    И не энам эа утре,
    Далеку е утре,
    Помогни ми

    Дај
    Помогни ми
    Дај,
    Боже, помогни ми

    За денов што боли,
    Эа денов што моли,
    Эа денов што оди,
    Остави ми мир

    Во мене си ти,
    Крај мене си ти,
    Насекаде ти,
    А каде си

    И гледам во праэно,
    И чувствувам бол,
    И пливам во темни светлини

    И не энам эа утре,
    Далеку е утре,
    Помогни ми

    Дај
    Помогни ми
    Дај,
    Боже, помогни ми

    Во денов што оди,
    Во денов што боли,
    Во денов што моли
    Јас пронајдов мир

    Во мене си ти,
    Крај мене си ти,
    Насекаде ти,
    Энам тука си
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Чет 01 Апр 2010, 01:02

    Една од најубавите македонски новокомпонирани-народни песни.

    Миле Кузмановски - Не кани ме


    Те слушам мирисаш пред мене
    а в гради: срце и невреме
    и не знам како ке ми помогнеш
    за да побегнам од тебе и од себе.

    Те слушам и не си верувам
    зар можам таков да бидам јас
    да љубам кога срце не сака
    кога немам никого на дуњава.

    Не кани ме,со очите
    не барај таква љубов да премолчиме.
    Ќе заврне во душава
    ееј таква тажна песна не си слушнала.

    Ме боли тоа што немам збор
    немам ни уста ни одговор
    и кажи небесна убавино
    како да го прелажам јас срцево.

    Те слушам ништо не разбирам
    љубовта велиш не одбрала
    а дали еднаш си ме прашала
    дали љубам некого на дуњава.

    Не кани ме,со очите
    не барај таква љубов да премолчиме.
    Ќе заврне во душава
    ееј таква тажна песна не си слушнала.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Чет 01 Апр 2010, 01:20

    Наум Петрески - Има ли песна

    Има ли песна пеана?
    Jас да ја пеам за неа.
    jас да ја пеам за неа.

    Има ли зборој кажани, има ли?
    Jас да ги кажам за неа.
    Jас да ги кажам за неа.

    Има ли солзи горчливи?
    Jас да ги пијам за неа.
    Jас да ги пијам за неа.

    Има ли солзи горчливи, има ли?
    Jас да ги пијам за неа.
    Jас да ги пијам за неа.

    Остана тага голема љубовна.
    Длабоко в гради скриена.
    Длабоко в гради скриена.
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Robby on Чет 08 Апр 2010, 21:54

    многу јака песна :

    Таму кајшто си - Ристо Самарџиев


    Кајшто зракот почнува, таму сонот запира,
    кајшто срце посака пат да направи, за да избега,
    таму сила земаат топли ветрови, таму кајшто си.

    Како песна ангелска, срце што ти милува,
    како игра ѓаволска, што те станува, па те ранува,
    каква ли си магија, пожар направи, што не знаснува.

    РЕФРЕН:
    На старо вино оваа есен мириса.
    Сè е по старо, ти си уште далечна,

    но срцево е мое бесмртно,
    сè дур` те има тебе во него,
    кај и да бидам ќе те чуваат
    моите бакнежи, таму кајшто си,
    ќе те милуваат, каде и да си.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Пет 09 Апр 2010, 01:26

    Сашо Гигов Гиш - Јана


    Глас се слуша,преку гора
    Со песна душа отворам
    Плач да откорнам од срцето
    Да му запеам на сонцето.

    Запри солзо,реко течи
    Само песна ќе ја залечи
    Таа в срце што ми лежи рана
    Дали ќе ја видам моја Јана?

    Моја Јано,далеку од очи
    Длабоко во срцето
    Огледало на сонцето
    Тебе светло што те огрева.

    Од една страна,јас сум јасно сонце
    Од другата месечина,не постои далечина
    Која нема да ја изодам
    За да те видам.
    avatar
    Bender
    Bender Bending Rodrigez
    Bender Bending Rodrigez

    Male Мислења : 19228
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bender on Пет 09 Апр 2010, 05:32

    Нон Стоп - Без Мудрости

    Немаш ти многу вистини, не можеш да понудиш,
    Лажна си празна кутија, убаво спакувана,
    Вртиш глава штом ќе кажам збор, зошто не ме разбираш,
    Еден потег јас ќе повлечам и ти паѓаш не знаеш да одиграш.

    Хеј хеј, создадена си да чекориш низ пусти улици,
    хеј хеј без мудрости, само голи фрази штом ќе прозбориш.

    Знам твојот ден нема бои природни,
    знам ти не можеш сама да го обоиш,
    вртиш глава штом ќе кажам збор зошто не ме разбираш,
    Игра обична ќе започнам и ти паѓаш не знаеш да одиграш.

    Хеј хеј, создадена си да чекориш низ пусти улици,
    хеј хеј без мудрости, само голи фрази штом ќе прозбориш


    ---------------------------------------------------------------------------
    Hey sexy mama, wanna kill all the humans?
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Пет 09 Апр 2010, 18:01

    Toше Проески - Немаш ни благодарам

    Каде си и чија си,
    се бега ли од спомени,
    од часот што бие,
    од синот што спие?
    Дал солза или две
    во сонот ти шепнале
    колку мислам на тебе?
    Не, не кажа збор,
    молкот е одговор.

    Немаш ни благодарам
    зашто се трудев да те сфатам,
    да те љубам, да те вратам.
    Немаш ни благодарам
    ниту, пак, надеж да ми дадеш
    и пак срце да ми крадеш.
    Немаш ни благодарам,
    си одиш ти, а надвор лие,
    око тажно солза крие.
    Немаш ни благодарам,
    немаш ни благодарам.
    Насмевка немаш, се` ми земаш,
    сега знам ти срце немаш.
    Немаш ни благодарам
    се` што ти дадов се` ми зема,
    што те немам што ме немаш.
    Немаш ни благодарам
    зошто е крај, крај на чинот,
    пепел само во каминот.
    Немаш ни благодарам.

    Ноќва што догорува
    пак за тебе ми зборува,
    и тебе те барам
    и плаче гитара.
    Дал солза или две
    во сонот ти шепнале
    колку мислам на тебе?
    Не, не кажа збор,
    молкот е одговор.


    Немаш ни благодарам
    зашто се трудев да те сфатам,
    да те љубам, да те вратам.
    Немаш ни благодарам
    ниту, пак, надеж да ми дадеш
    и пак срце да ми крадеш.
    Немаш ни благодарам,
    си одиш ти, а надвор лие,
    око тажно солза крие.
    Немаш ни благодарам,
    немаш ни благодарам.
    Насмевка немаш, се` ми земаш,
    сега знам ти срце немаш.
    Немаш ни благодарам
    се` што ти дадов се` ми зема,
    што те немам што ме немаш.
    Немаш ни благодарам
    зошто е крај, крај на чинот,
    пепел само во каминот.
    Немаш ни благодарам.
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bright on Нед 11 Апр 2010, 18:59

    Ареа - Не сакам, сакам

    Не сакам кога ќе ме разбудат
    сомнежи за тебе некои туѓи соништа
    и кога раце твои на себе не чувствувам
    а во градиве меч од копнеж прободува

    Сакам пак да сум близу до тебе јас
    а можеби морам да знам
    дека ти си мојот пат

    Во овој свет што заведува
    не сакам кога ни јас не ти верувам
    штом ќе кажеш дека можам
    да одам по вода,
    јас запирам дур паѓам
    тага во раце свои не сокривам

    Сакам пак да сум близу до тебе јас
    а можеби морам да знам
    дека ти си мојот пат

    Ново утро доаѓа, ноќта е зад мене
    свртена кон исток
    јас на чекор пред себе
    јас сум капка вода кон тебе итам
    капка што бара пат кон океанот

    Слушни ме, допри ме, заштити ме
    подигни ме, измени ме те молам
    растопи ги моите лудости,
    а јас знам добро знам покрај мене си
    ме покрива твојот здив
    сакам до тебе јас,
    знам ти си мојот пат...
    avatar
    Seppälä
    Your worst nightmare
    Your worst nightmare

    Female Мислења : 170
    Местолокација : Finland
    Зачленет на : 2010-01-28

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Seppälä on Пон 12 Апр 2010, 10:55

    Идеме до крај
    Д.Н.О.
    Пријди малку поблиску и погледни дека знам
    Како да мислам, а како да сонувам.
    Немој да се плашиш, можеш да ми кажеш се
    Надвор убав ден, толку прекрасен

    Ова е пат од кој не смееме да свртиме
    Ова е пат кој не смееме да го изгубиме до крај

    Еден поглед безброј прашања
    Еден допир вода сред пустина.
    Ладна пот ме облива
    Иде ветер полн со љубов, страст и еуфорија

    Ова е пат од кој не смееме да свртиме
    Ова е пат кој не смееме да го изгубиме
    Ние идеме до крај
    Ние идеме до крај

    Не можеш да го видиш, да го чуеш, да го допреш
    Не можеш да го сфатиш, да го пратиш, да го фатиш
    Еј, да го фатиш...

    Ова е пат од кој не смееме да свртиме
    Ова е пат кој не смееме да го изгубиме
    Ние идеме до крај
    Ние идеме до крај
    Ние идеме до крај
    Ние идеме до крај.
    avatar
    Bender
    Bender Bending Rodrigez
    Bender Bending Rodrigez

    Male Мислења : 19228
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bender on Вто 13 Апр 2010, 16:19

    Нон стоп - Ај ма пиши ми

    Ретко излагам зошто од она што знам
    Најдобро знам да бидам сам
    И ретко со луѓе се замешувам
    Со друг за да не те сретнам

    Мојот мобилен подолго време е нем
    А новиот број не ти го знам
    Во него гледам по цел Божји ден
    И порака твоја чекам

    Ај ма пиши ми макар два-три збора
    Или јави се да ти чујам глас
    Ај пиши ми зарем вака мора
    Без тебе повеќе јас не сум јас

    Некогаш те мразам
    А понекогаш ми требаш повеќе од се'
    Вечерва ептен ми недостигаш
    Ме мразиш ли и ти мене?

    Немора да се видиме ни чуеме
    Лош крај за добра приказна
    Живи сме, еден за друг знаеме
    И не треба друга казна

    Ај ма пиши ми макар два-три збора
    Или јави се да ти чујам глас
    Ај пиши ми зарем вака мора
    Без тебе повеќе јас не сум јас


    ---------------------------------------------------------------------------
    Hey sexy mama, wanna kill all the humans?
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Сре 21 Апр 2010, 21:15

    Влатко Стефановски - Gipsy song

    Шутка и Топаана имаат една мана
    Што не се во Индиjа
    За да види Кришна што е тоа живот
    На весела долина

    Jас сум шетал, jас сум бил на запад
    Дури до Германиjа
    За да наjдам парче леб за мене и за
    Моjата фамилиjа

    Еj, да имам, ко што немам
    Па да купам бел коњ
    и да jавам, дење ноќе
    И на jаве, и на jаве и на сон

    Секоj од нас има своjа ѕвезда
    Што го прати дур е жив
    Кога свети jако, човек има среќа
    Кога гасне судбина

    Еj, да имам, ко што немам
    Па да купам бел коњ
    и да jавам, дење ноќе
    И на jаве, и на jаве и на сон
    Еj, да имам, ко што немам
    Ќе ти купам кревет,
    За да спиеш ти со мене
    Иљада и, иљада и една ноќ..
    avatar
    Blondie

    Female Мислења : 1298
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-09-09

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Blondie on Чет 22 Апр 2010, 22:16

    Нокаут - Би се викал те сакам

    Во оној мој тажен последен крај
    посакувам да останам засекогаш сам,
    но долго бев осамен во мрак
    чувствував потреба за живот јас.

    И не бев ни свесен се случи за миг,
    се појави ти,
    но се плашам да не бидеш ти
    како неа, и ти да ме оставиш.

    Дај ми знак
    и свое име би сменил,
    и би се викал Те сакам,
    за барем еднаш да те видам,
    само да те слушнам
    како ме довикуваш ти!

    И не ќе беше ништо меѓу нас
    знај ако таа ноќ не ми даде знак.
    иако знаев несигурна си,
    помислив јас конечно сега моја си.

    Но како да не сум те сфатил до крај
    јас многу очекував,
    но се плашам јас вечно да не чекам знак
    ти да се одлучиш.

    Дај ми знак
    и свое име би сменил,
    и би се викал Те сакам,
    за барем еднаш да те видам,
    само да те слушнам
    како ме довикуваш ти!

    И не бев ни свесен се случи за миг,
    се појави ти,
    но се плашам јас вечно да не чекам знак
    ти да се одлучиш...

    Дај ми знак
    и свое име би сменил,
    и би се викал ТЕ САКАМ!

    Дај ми знак
    и свое име би сменил,
    и би се викал Те сакам,
    за барем еднаш да те видам,
    само да те слушнам
    како ме довикуваш ти ...........

    Sponsored content

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Нед 21 Јан 2018, 03:58