Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Македонски текстови/лирики

    Share
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Саб 15 Мај 2010, 00:33

    Игор Џамбазов-Ноќниот воз


    Одсекогаш помнам,го викавме лудиот Спиро,
    Ги наследи куќата,штедната книшка и чирот,
    Татко му загина,мислам на денот на задругата,
    И штом сиромашкиот натрескан заспал на пругата,
    Прошол ноќниот воз.

    Живееше така Спиро,со тага за добриот старец,
    Со злобната му маќеа,беше ко печено јаре,
    Се молеше секоја ноќ,да дојдат да ја земат гробарите,
    И велеше кучката стара е тука за парите,
    Да ги собере и избега со ноќниот воз.

    Ми велеше Спиро,не неможам братче,нешто тука многу ме стега,
    На дваесет и кусур години,цврсто се реши да бега,
    Најдобро сега да заминам,сам сам сам преку граница,
    Ја поздрави старата кучка па појде на станица,
    И седна во ноќниот воз.

    По шест-седум години,Спиро се врати во село,
    Со жена и син,бел мерцедес и палзирел и црно одело,
    На местото каде што беше,татковата му куќа,
    Непознати луѓе направиле чевларски дуќан,
    А маќеата заминала со ноќниот воз.

    За година ипол дена,тој направи куќарка мала,
    На синот му купи и коњи и веднаш им направи штала,
    Живееја така,до едно декемвриско утро,
    Се разбуди и гледа и жената и детето кутро,
    Се спакувале и отишле со ноќниот воз.

    Пред некое време го посетив,
    Чисто онака другарски да го видам,
    Знам сам е на светов,па сакав малку со него да бидам,
    Лекарите ми велат,мирен и тих е ко маче,
    Ме виде,ме позна,ме гушна и почна да плаче.

    Еј судбино кај ти е сега,кај ти е сега?
    Еј судбино к*рво,кај ти е сега?
    Судбино к*рво стара.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Вто 18 Мај 2010, 23:44

    Игор Џамбазов - Скопје,Сарај,Матка


    Јаро јаро Јаране где си кад музика утихне?
    Кад се сви прозори затворе кад и суза из ока више не навире.
    Знам негде далеку си ал ипак уздах чујем ти,
    А можда и то ни си ти,како чу болан сазнати?

    Сара сара Сарајево,бајко коју смо одрасли
    И негде са собом понели да би негде сели појели и попили.

    Зиме,лете Скопје дреме ко бајче,
    Ладно скопско или турско чајче,
    Така ти е тука е мој батка
    Се е рамно од Белви до Матка.

    Чаир,Карпош еден и два,
    Се врти табла од досада,
    Се кастрат ружи во Тафталиџе,
    Слушам Шутка прави свадба,Атиџе.

    Скопје,Сарај,Матка и обратно,
    Мммм,баш некако е пријатно Скопје,
    Чаршија,Центар секој сокак го знам,
    Човече,дома не си сам.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Сре 19 Мај 2010, 14:33

    Здив - Мизар
    (албум Детето и Белото Море, 2010)

    Ја опули се еј девојче
    на врв планина
    што магла има на неа,
    еј на Меглен планина.
    Што магла има на неа
    ...да не ја речеш од Бога
    тук да ја речеш од мене
    еј на Меглен планина.
    Ова се мои здивови
    што здивам јаска за тебе
    а пусто ќе изгорам
    јас крај тебе !!!
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Сре 19 Мај 2010, 23:27

    Игор Џамбазов - Нема спас

    Нема спас,од досадни женски.
    Нема спас,од друштва кретенски.
    Ни вас,ни нас,ни нема спас.

    Нема спас,од тенкови и топови.
    Нема спас,од шанкери лопови.
    Ни вас,ни нас,ни нема спас.

    Кај ќе бегаш ти?
    До гуша си у дугови.
    Кај да бегам јас?
    Не бе бачко нема спас.

    Ни нема спас,од војнички чинови.
    Нема спас,од татини синови.
    Ни вас,ни нас,ни нема спас.

    Нема спас од турбофолк народњаци.
    Нема спас од селски фаци.
    Ни вас,ни нас,ни нема спас.

    Кај ќе бегаш ти?
    Од алкохол и цигари.
    Кај да бегам јас.
    Не бе бачко нема спас.
    Нема спас.
    Ни вас,ни нас ни нема спас.

    Нема спас,од политичари.
    Нема спас,од исти комичари.
    Ни вас,ни нас,ни нема спас.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Сре 26 Мај 2010, 00:14

    Игор Џамбазов - Да Си Жив И Здрав

    Ти текнува ли бејби.
    На она твое време,кога беше дете.
    Малку гален,малку фален.
    Малку ни едното,малку двете.
    И баш е супер други мислат место тебе.
    Други ти држат страв.
    И што и да направиш ти викаат.
    Да си жив и здрав.

    Ова беше век на војни,личности двојни,пактови тројни.
    Место воздух дишеш отрови бојни и дроги опојни.
    И стално прашаш кој ти нуди Sex & Drugs & Rock and Roll.
    А не All you need is love.
    Да си жив и здрав.

    И колку побавно важните работи ги сфаќаш.
    Толку побргу туѓите долгови ќе ги плаќаш.
    Ти си силен како чекан,прецизен ко штрафцигер.
    А те сметаат за штраф,но ќе биде подобро бејби.
    Someday maybe,само ти да си жив и здрав.

    Ти си силен како чекан,прецизен ко штрафцигер.
    А те сметаат за штраф,но ти реков ќе биде подобро бејби.
    Someday maybe,само ти да си жив и здрав.
    avatar
    Bender
    Bender Bending Rodrigez
    Bender Bending Rodrigez

    Male Мислења : 19228
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bender on Пон 31 Мај 2010, 11:05

    Архангел - Убер Македонише

    Изеди до трошка
    што небото дало
    пополни ги сите
    резерви на сало
    пат во Европа
    провинциска слава
    со см'кнати гаќи
    и опинок во глава

    Дремеж и досада
    посилни од дрога, baby
    купен мир и тишина
    пострашни од војна, may be

    Ко да не сум одовде
    не, јас никому не припаѓам
    стојам отстрана и посматрам
    и во ништо повеќе не верувам
    Ѕид од празни зборови
    меѓу нас и она што е суштина
    Чекам истрел да те разбуди
    Чекам истрел кој ќе пресуди
    Sieg Heil
    uber MakedoniSCHe
    heil Ubermakedoner


    ---------------------------------------------------------------------------
    Hey sexy mama, wanna kill all the humans?
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Пон 07 Јун 2010, 23:34

    Архангел - Билборд Икона

    Сеедно е што си
    Еден роб или господар
    Во свет прегрнат од жеден лилјак
    Само смртта е слобода.

    Воскресни пепетурке
    Чест и солза,ти ситна паричке
    Забрзан како чигра
    Во спирална машина
    Силуети во рулет игра
    Пируети во прашина.

    По улици залудни
    Киоск болка шитка ден без насмевки
    Оne,two,three,four go!!!

    Јас сум сурфер
    Електричен цунами
    Сребрениот јавач
    На диви бранови
    И романтичен
    И оргазмичен
    Рокенрол фирер
    Знак
    Знак и порака
    Билборд икона.

    По улици залудни...
    Ти си сурфер....

    Доручек на облак
    Леб и вино
    Бог е умен
    Јас сум скапоцен
    Над мене небо сино
    Прекрасен сончев ден.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Пон 07 Јун 2010, 23:47

    Студени Нозе - Педигре

    Сам и разочаран,пијан како торба
    Седам и се трезнам со чкембе чорба
    Свесен дека е тесен,премногу лесен
    Мојот новчаник за неа.

    Пари многу немам,а и не ми требаат
    Знам од кај да најдам,ама ќе ме сјебаат
    А таа чим немаш пари не те констатира
    И одма се нервира,а без пари ко без десна рака
    Немаш пари не те сака,сакал нејќел баш е така верувај зошто.

    Рефрен:
    Мајка и е управник,татко и директор
    Вујко и во парламентот,чичко и инспектор
    тате пушта филмови у кино на прожектор
    А мајка ми пее во црховен хор!

    Луда е по коли,за парфеми има манија
    А јас за пет миљарди растоварам сканија
    Ја у Карпош на базен,а она у Шпанија
    Компанија,месо и боранија.

    Тврдо сум се решил од ум да ја сметнам
    Клоца ќе ја акнам кога ќе ја сретнам
    Стварно,можда е кварно или вулгарно
    Ама преку Тасе ми е се.

    Цел ден вежбам дома моите пошизија
    Упорно се спремам за на телевизија
    Да станам познат и славен и фраер главен
    Коси да кубат по мене
    "Студени Нозе" кога можат
    Не сум ваљда клошар
    Сакам женски да се ложат
    Меѓу нив да биде она зошто...

    Рефрен...
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by bloody on Нед 13 Јун 2010, 23:35

    Игор Џамбазов - Тие

    Тие можат овде се да прават
    На се да стават крај
    Тие живеат од два-три слатки збора
    Ајде стари дај.

    Тие мислат дека Господ за брада лесно ќе го фатат
    Тие знаат дека тато и мама можат светот да го платат
    Тие немаат главоболки тешки,тие смеат да прават грешки
    Тие се,ај да не збориме.

    За нив кризата е туѓа мака и многу им е чудна
    За нив парите се само излез,ако љубовта е трудна
    За нив не лежи ниеден конкурс,хах,се е прав и партал
    За нив дозвола е ако покажат само лична карта.

    За нив има и она што има
    За нив други имаат трема
    За нив сме,ај да не збориме.

    А мене од тие,страв ми е
    А мене од тие,тешко ми е.

    Тие имаат и своја гајба,од тато за матура
    Тие учат каков треба да бидеш во бечката култура
    Тие секогаш се вондер-кинди,се раѓаат со диплома
    Но,за секој случај одат малку Оксворд,Кембрич и Сорбона.
    Тие имаат од пиле млеко,за нив секогаш се наоѓа лекот
    За нив,ај да не збориме...

    А мене од тие,страв ми е
    А мене од тие,тешко ми е.
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Чет 01 Jул 2010, 17:48

    Водолија-Ти не си

    Јас и ти две срца споени
    во едно тело
    вечни сонувачи
    јас и ти две тела сплотени
    ловци на љубов
    ловци на бакнежи
    Ти молчиш
    и без збор, со поглед кажуваш
    дека умееш
    да љубиш, да сакаш, да дадеш

    Ти не си , не си обична
    Ти не си, ти си прекрасна
    твојот здив ме прави бесмртен X2

    Јас и ти две срца споени
    во едно тело
    вечни сонувачи
    јас и ти две тела сплотени
    ловци на љубов
    ловци на бакнежи
    Ти молчиш
    и без збор, со поглед кажуваш
    дека умееш
    да љубиш, да сакаш, да дадеш

    Ти не си , не си обична
    Ти не си, ти си прекрасна
    твојот здив ме прави бесмртен X2
    avatar
    painkiller

    Male Мислења : 25
    Местолокација : Пробиштип
    Зачленет на : 2010-07-01

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by painkiller on Чет 01 Jул 2010, 22:45

    Сметам декаРисто Вртев е ненадминлив!
    НОЖ

    Те помнам
    ко нежно стопало
    на асфалт што гребе
    и прави лузни
    ниту курва
    ниту светица
    жена без мејк-ап
    Се помнам себе
    свиреп и глуп
    крај тебе гладна
    за прегратка
    за човек
    крај кого спиеш
    крај кого се будиш
    кој го љубиш
    кому припаѓаш
    Прости ми
    што неможев
    да сфатам
    колку сум осамен
    меѓу сите тие
    безвредни луѓе
    никому потребни
    Прости ми
    што не сфатив колку
    беше сама
    крај мене
    без човек
    кому ќе дадеш
    сe што девојка
    може да даде
    некому
    Дали си среќна
    или сама
    со својот бол
    Дали сум крвник
    или жртва
    на својот нож
    Секоја ноќ
    мојата бремена совест
    раѓа вампир
    и го гризе
    ова срце
    свирепо срце
    Секоја ноќ
    ми доаѓаш
    во сон
    ко ангел
    сe уште сама
    и без човек
    кому ќе дадеш
    сe што девојка
    може да даде
    некому
    Дали си среќна...
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Пон 05 Jул 2010, 17:53

    Д.Н.О - Маријанж

    Добра ноќ драга несонице
    пријателка веќе подолго време
    Добра ноќ ти посакувам јас
    Добра ноќ мое благо невреме
    Добра ноќ на дождот што го донесе
    легнувам јас со Маријанж
    Ааа, не биди тажна
    Ааа, пак ќе се видиме пак
    Ааа, мене одмор ми треба
    Ааа, да бидам повторно јак
    Добра ноќ драга несонице
    Добра ноќ тајна љубовнице
    Добра ноќ моја Маријанж

    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Вто 06 Jул 2010, 13:04

    Викариус и Пејнкилер-damn right! секоја чест

    **************

    Архангел - Драги мој

    Здраво, како си?
    Толку ми е мило што те гледам.
    Последниве денови нешто ме гони да размислувам
    за сето време што го потрошив верувајќи во себе.
    Дали сега имам одговор,дали сум сега поумен од сите?
    Драги,зар нешто можевме да створиме со нашите
    долги јазици
    Немам никој покрај себе,спијам сам,се уште ја помнам
    На таа мека кожа спијат сите мои чувства.
    О, јас знам дека се е залудно таа нема да се врати.
    Тоа беше толку одамна, таа нема да ме сфати, драги.
    Се што беше потребно, ние имавме:
    полни срца како полни револвери.

    Барам искра во твоите мртви очи.
    Драги, прости ми, само сакав да те разбудам
    Се што љубев исчезна, презрено од времето.
    Зар ќе кажеш дека постоев смао во твоите мисли?
    Ти ќе продолжиш да ме гледаш.
    Сега е два на утро, а ние сме сеуште жедни.
    Кажи, каде понатаму во овој здодевен и злобен град.
    Зар немаш волја да се бориш?
    Јас вчера купив пиштол,
    мислам дека дојде време за конечен избор, драги!
    Се што беше потребно, ние имавме:
    Полни срца како полни револвери.
    Барам искра во твоите мртви очи.
    Драги, простими само сакав да те разбудам
    Се што љубев исчезна, презено од времето.
    Зар ќе кажеш дека постоев само во твојте мисли?
    Ти ќе продолжиш да ме гледаш
    Драги!

    ах...
    avatar
    Mercy Seat
    Body Count
    Body Count

    Male Мислења : 2449
    Зачленет на : 2010-02-13

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Mercy Seat on Вто 06 Jул 2010, 13:39

    Градот е нем

    Градот е нем
    на моите прашања
    градот е нем
    на моите повици
    погледни го
    моето бледо лице
    насмевот мој
    поладен од мраз
    Услиши мја
    jако твои отрок аз‘ с‘м
    услиши мја
    из глубини возвах к тебје
    услиши мја
    вонми гласу моленија моего
    Услиши мја
    и воп‘л мои к тебје да приидет
    услиши мја
    вонже аште ден скорбљу
    услиши мја
    вонже аште ден призову тја
    услиши мја
    скоро услиши мја
    услиши мја
    и не отврати лица твоего от мене
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 06 Jул 2010, 17:21

    Епидемија на омраза - Санаториум

    Слепи сме од мрачни слики
    Очи вади брат на брат
    Пепел и ветришта по куќи
    Гнилеж, покој и јад

    Болка, тага што е ново
    Трупци родени за власт
    Ништо ова не е ново
    Омраза во сите нас

    Disinfect the infection
    Sleaze the poisoned blood
    Epidemic of hate, epidemic of hate
    Stop before it’s too late!!!
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 06 Jул 2010, 17:34

    Ултра спид - Санаториум



    Пукна гитара со страотен глас
    По неа веднаш ненормален бас
    тапаните грмат во сите души
    Споулаве публика почна да руши

    Скокаме, рипаме , се фрламе сите
    Можеби ни се одброени дните
    Звукот влегува во секоја пора
    Дали е ова ноќна мора?

    Ајде цела ноќ да пичиме спид
    Да го разбиеме звучниот ѕид
    Да скокнеме од бина сите заедно
    Во живата маса стопени ко едно

    Музиката повторно ќе не занесе
    Мозокот на парчиња ке ни го разнесе
    Од ушите ќе течат потоци бели
    Мирно ке уживаме во стотици децибели

    Зошто ли сега организаторот се буни
    Страшна музика во ушите му зуни
    Запнете браќа јако , живо , здраво
    Нека биде крваво

    Ајде цела ноќ да пичиме спид
    Да го разбиеме звучниот ѕид
    Да скокнеме од бина сите заедно
    Во живата маса стопени ко едно
    _____________________________________

    Санаториууум секоја чест
    ја обожавам песнава
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 06 Jул 2010, 17:38

    Сенка на смртта - Санаториум


    Јас сум сенка, се движам
    Животот е лага
    Јас сум изгубен случај
    Едвај чекам некој да страда

    Ха, Ха !!!- на моето лице
    Светот нека плаче
    Ха, Ха !!!- отворена уста
    Камено лице душа со краста

    Сенка на смртта-смрт
    Во моите очи -зло
    Мрачни сили спремни да те уништат
    avatar
    Mercy Seat
    Body Count
    Body Count

    Male Мислења : 2449
    Зачленет на : 2010-02-13

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Mercy Seat on Вто 06 Jул 2010, 17:44

    ^Алал да ти е добро е што ме потсети на нив ....
    **********************************************
    SEKOJ DEN - Sanatorium


    Otvori gi siroko svoite race
    Vrisni vo nokta jasno i glasno
    Zivot e bolka i cekor po cekor

    Talkas i gazis vo beskrajna tolpa
    Ladna pot celiot treperis
    Dodeka mislis dali nesto vredis

    Frli taga i misli na sebe
    Ne gledaj nazad, gledaj pred tebe!

    Sekoj den-mizeren, zaboraven, anemicen

    Nemoj da se plasis od tvoite cekori
    Zosto da lutas vo kaenja i prekori
    Prestani kanoni na pamet da ucis
    Otvori oci, otvori dusa
    Ladna pot celiot treperis

    Dodeka mislish dali nesto vredis
    Frli taga i misli na sebe
    Ne gledaj nazad, gledaj pred tebe!

    Sekoj den-mizeren, zaboraven, anemicen

    Bolka e zivot, a zivot e bolka
    zaedno go pieme goltka po goltka
    Razbudi se vcera zivej od denes
    Mozebi utre veke ke te nema

    Ladna pot celiot treperis
    Dodeka mislish dali nesto vredis
    Frli taga i misli na sebe
    Ne gledaj nazad, gledaj pred tebe!

    Sekoj den-mizeren, zaboraven, anemicen
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 06 Jул 2010, 17:46


    нема проблем, баш ми е мило
    ја како течат на винамп, решив да ги постирам тука текстовите пошо глеам слабо има од санаториум :))
    ______________________________________
    Град - Санаториум

    Град
    Леплив смог се лизга низ прсти
    Страв
    Малиот човек на мравка се крсти
    Молк
    Ладна пот ми облива чело
    Гнев
    Крвта зовре во моето тело
    Во преполнет град сам, никаков срам
    Пробав да живеам, нема спас
    Тие се насекаде секогаш
    Невидливи и упорни во овој проклет смрдлив град
    Смрдлив град, гнасен град, грозен град
    Јас сепак живеам
    Не е само овој град,не е само ова место
    И не е само овој воздух загаден и ладен
    Човекот е гладен за туѓа несреќа
    За навек да е човек, за навек град
    Во преполнет град сам, никаков срам
    Пробав да живеам, нема спас
    Тие се насекаде секогаш
    Невидливи и упорни во овој проклет смрдлив град
    Смрдлив град, гнасен град, грозен град
    Јас сепак живеам
    Леплив смог се лизга низ прсти
    Страв
    Малиот човек на мравка се крсти
    Молк
    Ладна пот ми облива чело
    Гнев
    Крвта зовре во моето тело
    Во преполнет град сам, никаков срам
    Пробав да живеам, нема спас
    Тие се насекаде секогаш
    Невидливи и упорни во овој проклет смрдлив град
    Смрдлив град
    avatar
    Mercy Seat
    Body Count
    Body Count

    Male Мислења : 2449
    Зачленет на : 2010-02-13

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Mercy Seat on Вто 06 Jул 2010, 17:52

    ај ќе ти помогнам и јас..... леле Санаториум во МКЦ пред 100 години

    Sanatorium - Bez Razum I Svest

    Studeni vetrishta ja grizat dushata

    Lugje izgnieni vo kal po boista


    Vo macni snishta - senishta

    Gnevot e vo sekogo

    Anarhija, prezir i bezumie

    Mornici, strav i maloumie


    Bez razum i svest

    Gnev nasekade


    Nervi iskinati, srushena nadez

    Bezglavi dzverovi na rabot na razumot


    Vo macni snishta - senishta

    Gnevot e vo sekogo

    Anarhija, prezir i bezumie

    Mornici, strav i maloumie


    Bez razum i svest

    Gnev nasekade
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 06 Jул 2010, 17:57

    ејј супер за помошта rock and roll
    btw ти љубоморам премн
    сигурно било незаборавно,лудо, прееубоооо

    _______________________________
    Удобен ковчег- Санаториум


    Во црно срце ковчег свети
    Блесок од рај
    Господ по смртта живот ли вети
    Живот без мака , живот без крај

    Се замагли свет, нејасен стана
    Бесна крв, вришти од рана
    Црно и бело станаа едно
    Бело и црно проклето бедно

    Удобен ковчег- тоа го сакаш
    Удобен ковчег- не се враќаш

    Стапна во него со надеж за мир
    Склопи очи а таму кошмар
    Во темниот ковчег бараше пат
    Одеднаш секаде мрак

    Се свести тогаш подаде рака
    Душата зовре, врисна од мака
    Прекасно дојде од мозокот глас
    Од тешкиот ковчег нема спас

    Удобен ковчег- тоа го сакаш
    Удобен ковчег- не се враќаш
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 06 Jул 2010, 18:03

    Oперација на мозокот - Санаториум

    Експлозија во сивата маса, визии на смрт
    Болка во душата носиш, депресија
    Смрт во твоите очи, беснило

    Операција- што те чека
    Операција- на мозокот
    Операија- без анестезија
    Операција- имаш амнезија

    Во сите келии на мозокот болен - лудило!
    Забораваш амнезија те фаќа, халуцинација
    Операција во болничка соба,дисекција

    Операција- што те чека
    Операција- на мозокот
    Операија- без анестезија
    Операција- имаш амнезија
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 06 Jул 2010, 18:08

    Сам во очај- Санаториум

    Сам на патот без надеж, сам на патот...
    Сам којзнае каде, сам на патот..., очаен!

    Не видов никогаш утро
    Никогаш изгрев на сонце
    Додека не останав буден
    Буден со моите солзи

    Не видов до сега светло
    Никогаш не видов осама
    Додека не слушнав глас
    Глас на осамени очи

    Звук по голи камења
    За бес и очај создадени
    И крик што вознемирува
    Крик по голите камења

    Видов солзи што течат
    ко порој низ моето лице
    Оставајќи крвави траги
    Бразди што внатре ме сечат

    Сам на патот без надеж, сам на патот...
    Сам којзнае каде, сам на патот...
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 06 Jул 2010, 18:12

    Санаториум- Санаториум

    Високи ѕидови, железни решетки
    Нејасни ликови во крвави сенки
    Црно семе дише ли дише
    Последна трага ништи и брише

    Очи празни изобличени лица
    Сите се во оваа лудница
    Се борат за живот проклет
    А каков е овој свет
    Невини жртви на големиот брат
    Заврши играта на светлост и мрак
    Скршени кукли срушени на тло
    Санаториум бастион ан зло

    Санаториум, санаториум
    Тоа е твојата проклета среќа
    Санаториум, санаториум
    Тоа те чека
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Wednesday on Вто 06 Jул 2010, 18:19

    Во себе умирам - Санаториум

    Време на општо зло, опшро зло
    Околу мене проколнато племе, боси хорди на тло
    Напудрени лица се криват од болка и лудило
    Збунета маса неподвижни сенки во лудило
    Од никаде доаѓам, во себе умирам
    Далеку негде безимени херои слават паради со безбојни знамиња
    Во трофејни битки се борат за ништо во безболни каења
    Ветрот носиу победа гласна низ ехо во бескрањи лаења
    Истекува глас во блескаво утро-безвредни ветувања!
    Од никаде доаѓам,восебе умирам
    Жигосан грев на целата сјае во ерес и бунило
    Гордост покосена на колена клекна, што ли е ова, сон или јаве?
    Светата порта од далеку сјае, далеку негде за нечии слави
    Лица без очи овде пред мене , восочни луѓе наведнати глави
    Од никаде доаѓам, во себе умирам

    Sponsored content

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Нед 21 Јан 2018, 04:04