Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Македонски текстови/лирики

    Share
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bright on Чет 28 Мај 2009, 15:52

    Меморија
    Maкедонија

    Кога си сам и тажно е се
    на неа ти сети се,
    Македонија ти нуди љубови се

    Таму кај што вечно сонце сјае
    таму е Македонија
    народ и земја што ги сакам јас
    Додека Вардар гали полиња со жита
    слободна е горда, како горска птица
    со песната своја, земјава ни ги маѓепса срцава
    и вино од изворот нејзин благ пијам јас

    Кога си сам и тажно е се
    на неа ти сети се,
    Македонија ти нуди љубови се

    Таму кај што вечно сонце сјае
    таму е Македонија
    знамето наше вечно ќе се вее
    Кога си сам и тажно е се
    на неа ти сети се,
    Македонија ти нуди љубови се
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bright on Чет 28 Мај 2009, 15:54

    Меморија
    Оган под ѕвездите

    Не сум веќе оган под звездите
    не сум звезда што сјае во ноќите
    во овој час чувствувам
    еден бел коњ умира
    в градите некоја
    планина

    Мојот дом од името далеку е
    пуштете ме да ја видам
    светлината
    сонцата денес силно нека светат
    и птиците (Македонците)* да се вратат на југ


    Не барајте вино, испиено е
    единствено што
    можам е да излезам
    со вас на парадите

    Ноќва виното во крвта ми е
    црвено вино, црвени знамиња
    црвено вино, црвени знамиња
    пред очите на сигурно

    Не сум веќе оган под звездите
    не сум звезда што сјае во ноќите
    сонцата денес силно нека светат
    и птиците да се вратат на југ

    Не барајте вино, испиено е
    единствено што можам е да излезам
    со вас на парадите

    ...и птиците да се вратат на југ
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Чет 28 Мај 2009, 15:59

    алал да ти е за последнава... а најмногу за *Македонците!!!

    секоја чест секоја чест

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Morholt on Чет 28 Мај 2009, 19:02

    Делот кај шо ги имаш спомнато македонците (*строфата) сакаа да ми ја пишат во алманах :hahasto:
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bright on Чет 28 Мај 2009, 19:14

    Па и треба :)
    _________________

    Уште ми си ти
    Влатко Илиевски

    Просечно е се
    исто секој ден
    мислам на тебе - а како си ми ти?

    Обично сум сам
    избеган од се
    бегам од себе.

    На крај си одат сите
    но за никој толку не се грижам
    како за тебе
    и пак после секоја друга
    ти ме стигнуваш ко пресуда!

    А се време ќе излечи
    две-три лузни ќе остави
    за да знам дека сум сакал јас
    Бројам денови
    но еве време минува
    уште ништо не менува
    само ме притиска
    ко пресуда моја

    Јас бројам денови
    и уште си ми ти...

    И после години
    уште си ми ти
    Трн во мисливе,
    сите порази
    Скоро секој ден
    чекам како плен
    друга да се фати за мене

    Еј за никој толку не се грижам
    како за тебе
    и пак после секоја друга
    ти најдобра за мене остана!

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Morholt on Чет 28 Мај 2009, 19:27

    Јас се извинувам доколку го имат текстов

    ****

    Анастасија - Премин
    before the rain

    Стојам, да не би достојал,
    пред не знам чија врата.

    И пак проверувам,
    буден сум ил сонувам,
    созерцувам или прелестувам,
    кој ѓавол ќе го знае...
    И барам знак, траги од страдање,
    дали е ова земјата
    по која тој некогаш одеше.

    Навистина ли го убија,
    оној што ги избра,
    што ги изведе низ пустина, о, Боже.

    Зошто стојам скаменет и немам таква сила?
    Не верувам ли доволно или неточно сум сфатил?
    Од каде тие сомнежи, од каде тој страв?
    Дали ќе ми отвори, дали ќе ме прими внатре?

    И оној од кого сум нема да дозволи,
    оној што ме возљуби, нема да ме остави
    сам среде шума густа од раце што ме грабаат.

    о Боже, Господи, слава тебје...

    Како кедар разгранат, како киприс издигнат.
    Како палма в градина, калинка во Гадеса.
    Како смирна мирисав, трендафил во Иерихон.
    Како сјајна маслина покрај сини мориња.
    Како мермер-планина среде поле вкотвена.
    Како крепост тврдина, од Тебе закрилена.
    Како гласој пророчки, химни светоотечки.
    Да викнам од глубини, да запеам в пустини.
    Како камен низ гора в понор да се стркалам.
    Како поток планински кон Тебе да побрзам.
    Кон Тебе да поитам Слава да Ти принесам.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Morholt on Чет 28 Мај 2009, 21:21

    Мизар - Јуда
    Кобна убавина

    Над градот сиво сонце се бори со облаци,
    под нив се дига врева од ѕвонци и клопотарци.

    Најнапред оди Јуда со своите разбојници,
    од уста дождови му врнат од пцости и гадости...

    Ѕвона ѕвонат, земја ќе се раскине,
    место љубов – лагата нè обзеде.

    Од небо на златни крилја гулаб долета,
    на главата му бело писмо и црна судбина.
    И во него слово до сите бедници,
    историја со два краја, меч со две острици.

    Ѕвона ѕвонат, небо ќе се истури,
    место љубов – лагата нè победи.

    Ѕвона ѕвонат, земја ќе се раскине,
    место љубов – лагата нè обзеде....

    Ви надевам тежок јарем – право на слобода,
    во една рака трнлив венец и кама во другата.

    Пред вас е сугуба река со два ракавци,
    едниот се вика правда, другиот страдање.


    Последната промена е направена од Karan на Пет 29 Мај 2009, 04:12. Мислењето е променето 1 пати
    avatar
    Ивањушка
    passive aggressive bullshit
    passive aggressive bullshit

    Female Мислења : 7666
    Местолокација : ниви со младо кромидче
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Ивањушка on Пет 29 Мај 2009, 00:26

    Владо Јаневски
    Тајна Отровна

    Секој пат штом звездите направат
    свод над мојта глава
    чекам да ме повикаш
    од другиот да те крадам
    Доаѓаш облечена во мириси на зумбули
    набрани во туѓи градини

    Ти си тајна отровна од сите што ја кријам
    кога крв ми зоврива и не дава да спијам
    се што разум зборува срце не може да чуе
    љубовта ме лекува љубовта и ќе ме отруе

    Ја кријам својата љубов
    ко другите што кријат злоба
    ноншалантно - ко да ми е срцето празна соба

    А само ти знаеш дека сум твој
    крадешкум завртен број
    за да не дознае тој

    Ти си тајна отровна ....

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Morholt on Саб 30 Мај 2009, 15:57

    Мизар - Славјани
    Мизар (демо 1988)

    Влегуваш во светот за кој сониш празен е
    твојта душа глада е за шепот
    сврти се кон себе, крени се

    Толку слепи очи за поглед жедни се
    твојта душа глада е за шепот
    сврти се кон себе, крени се

    Како дете за сонце,
    како раце во крв,
    твојта љубов славјане

    доколку текстов има грешки слободно да ме корегирате
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Bright on Нед 31 Мај 2009, 20:04

    Колку ми значиш - Ареа

    Оваа ноќ е празна немам никого крај себе
    Само две-три звезди од небо зјапаат во мене
    Нема место кое не мириса на тебе
    Нема начин да те заборавам

    Три години лутав да направам нешто од себе
    Три ѓаволи ме пратија далеку од тебе
    Сега точно знам само ти ме правиш среќна
    Три анѓели ме вратија, а тебе те нема

    Колку ми значиш ти мене сонот ми го врати
    Експлозија во мојте гради
    Срцево мое добро свати колку ми значиш

    Можеби насмевки расфрлаш токму сега
    Можеби друг филм мислиш дека
    И не е битно врати отворам за тебе
    Не е битно само слушни го мојот глас

    Колку ми значиш ти мене сонот ми го врати
    Експлозија во мојте гради
    Срцево мое добро свати колку ми значиш
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Alive on Нед 31 Мај 2009, 21:07

    Архангел - Шал од жал

    Во години
    од овој ден
    од овој миг
    Некогаш во идно време
    Сигурно
    и повеќе од сигурно
    ќе ме препознаеш

    Во зрак од млечна патека
    во лјубов страст и навика
    во сестра или брат
    во шал од жал
    на твојот врат
    Те мислам не спијам
    џингл бел за дом
    Во кој те нема

    Се ќе дознаеш
    Знам ќе ме препознаеш
    Вреден и прекрасен
    во стих остаток
    овој живот овој град

    Знам и можам
    Јас сум во право...
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Batty on Нед 31 Мај 2009, 21:15

    (текстов го има овде и само овде. На никое друго место. Затоа ми е уште повеќе мило)

    Берлински Ѕид - Црна Дама

    Легенда ти си
    од земја далечна
    ги сакаш ноќите
    и мразиш светлина
    владееш вешто
    со црна магија
    од неа добиваш
    моќ и енергија

    Ти си црна дама
    слободна дама
    но кога поминуваш
    не ме забележуваш

    В пекол водат твоите патишта
    вештерки се твоите сестри
    твоите браќа сеништа
    те следат крици
    клетви и молитви
    студени ветришта
    молњи и громови

    Ти си црна дама
    слободна дама
    но кога поминуваш
    не ме забележуваш


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by balAlajkA on Пон 01 Јун 2009, 15:27

    Т.Б. Трачери - Мама не ти дава

    Мама не ти дава да си со мене
    Мама не ти дава да си со мене

    имаш само шеснаест, јас дури триестри
    на татко ти не му е гајле
    али ќе се шекне мајка ти.

    Секој ден ти зборува
    дека дечко ти е манијак
    али знаеш дека не е така
    овој дечко тебе те сака

    Мама не ти дава да си со мене
    Мама не ти дава да си со мене
    Мама не ти дава да си со мене ти

    Имаш очи исплискано сонце
    усни слатки медени
    имаш раце кои ме галат
    и пак ќе бидеш мое девојче ти

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Morholt on Пет 05 Јун 2009, 16:07

    Mизар - Думање
    Свајт Dreams
    (Чаповски/Константин Миладинов)

    Зашчо, зашчо ја да љубам
    зашчо себеси јас да губам?
    Јарка младост, јарко греит
    и ко цвеќе ми венеит
    Барам сенка да с'оладвам
    в место сенка – в жарој падвам

    Ела младост, усили се
    и во мене угасни се!

    текстот не е цел кој сака слободно нека го надополни
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by prozaque on Саб 06 Јун 2009, 15:04

    Ристо Вртев - Човек меѓу деца

    Креатор
    Ејакулатор
    ТВ, ТВ,
    ТВ-диктатор
    Понуда на денот
    Екстази, бомбони
    Исчезнуваш, те нема
    Во млаз од електорни

    На нишан те зема
    и од високо те гледа
    стандард поза
    кафич- невроза
    ФИРОМ, кафич, кафуле, толпа
    НЛО на плоштад
    Меѓу маса под хипноза

    Не јас не сум
    Варадик, технофрик
    Ниту со гитара фалус компезирам
    Турбо-дизел војник
    Зависник од Цеца
    Јас сум само човек
    Човек меѓу деца


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by prozaque on Вто 09 Јун 2009, 17:04

    Архангел - Пиф Паф Пуф

    Пиф,паф,пуф,пиф,паф,пуф...

    Сите, сите, сите дрвја
    и сите сите камења
    сета, сета природа пуф

    Сите, сите девојки
    и сите сите сите машки
    сите, сите женачки паф, пиф паф пуф паф

    Сите сите Словени
    и сите сите Евреи
    и сета земја, и сета земја,
    и сета земја

    лала,лала,лала,лала,лалалала,
    пиф, паф, пуф, паф


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by prozaque on Сре 17 Јун 2009, 21:50

    Архангел - Брчки

    Дали заспиваш?
    Или се будиш?
    Неможам да откријам.
    Понекогаш ми се чини
    дека си мртов одамна.
    Ова е време на заблуди
    Само заблуда и може да се причини,
    како вистина, во ова време
    на општи вистини.
    Понекогаш ми се чини
    дека живееш sto
    Милувај ме,
    прегрни ме
    со ум и љубов нахрани ме.

    Понекогаш
    ми се чини
    дека сум Вртев одамна.
    Создавав и уривав
    те барав во себе.
    Милувај ме,
    прегрни ме,
    со ум и љубов нахрани ме.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Batty on Чет 18 Јун 2009, 12:00

    Хороскоп
    Сама


    Мрачна улица
    Од твоите сништа
    Сама одиш ти
    Со златните стапки од пролетен дожд
    Сега кажи ми
    Еве мина долго лето
    Срце болува
    По твојот лик
    Ладен насмев мирува
    Ме радува

    Сама!
    Идеш сама дождови те леат
    Сама!
    За тебе птици тажни песни пеат
    Сама!
    Идеш сама дождови те леат
    Сама!
    В коса ладни ветрови ти веат

    Од твојот поглед ко топла река
    Капат солзи две
    Тажен бакнеж е мојата клетва
    Крива си за се!
    За денот оган
    Што ме гори
    Еј!
    Во ноќта ладна мраз
    Сама одиш ти
    Сама
    Идеш сама дождови те леат
    Сама
    За тебе птици тажни песни пеат
    Сама
    Идеш сама дождови те леат
    Сама
    В коса ладни ветрови ти веат
    Сама……


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Temptation

    Female Мислења : 1213
    Зачленет на : 2009-01-22

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Temptation on Чет 18 Јун 2009, 12:38

    Обои ме-Калиопи

    Aко веруваш во Бога
    тогаш верувај во себе
    не ме давај на ѓаволите
    а ако мозеш да ме видиш
    кое црнило ме пере
    дај помогни ми, обои ме
    обои плаво
    и допри ме со снагата
    на ветровите
    обои золто
    вечно нека мириса
    на јасминов цвет
    обои ме, обои ме
    обои ме и пред се
    ти земи бои
    Што се од срце
    обои денови
    во стари спомени
    обои се
    што не живее, обои ме

    обои ме
    во една срна бела мала
    како шетам по облаците
    а небото
    обои го во дождот
    што во светло роза
    мене ми се смее
    обои љубов
    и со неа допри ги најслабите
    обои среќа
    во едно темно зелена
    Што не гасне
    обои ме.....

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Шмугле on Чет 18 Јун 2009, 16:12

    Изведувач: Културно Уметнички Работници
    Албум: Аmore Bene Tutti Prego
    Песна: Љубовта нема значење



    Седевте во паркот еден крај друг
    на вашиот прв состанок ти нејкеше да бидеш груб
    па затоа беше културен и фини кажа колку си начитан
    А таа стана нервознаго скрши твојот филм
    ти рече дека си кретен и романтичен дебил.

    Љубовта за неа нема никакво значење
    за неа се’ е само, само едно обично...

    Сега се’ ти се сруши како Берлински ѕид
    ти посака да заплачеш, но нешто те спречи.
    На соседната клупа, виде девојка
    со книга во рака ги листа страниците со нежните прсти.
    Нечујно и пријде како Жан Клод Ван Дам,
    и веќе во следната строфа ти не беше повеќе сам.

    Љубовта за вас доби некакво значење
    веке не е само, само едно обично...

    Ги свртевте сите клупи во паркот тоа беше вашиот втор дом
    и не ја ни бакна освен, пардон еднаш на сон
    кога таа не се јави... ти го сврте нејзиниот број,
    од другата страна на жицата се јави лично тој и рече:
    немој да ја бараш никогаш повеќе, таа нејќе тип како тебе
    само сака некој грубо да ја земе
    како Жан Клод Ван Дам аха или како Том Круз.

    Љубовта за неа нема никакво значење
    за неа се’ е само...
    Љубовта за неа нема никакво значење
    за неа се’ е само, едно обично...

    (благодарност до гера за помошта при вадењето на текстот:)
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by PantomimoS on Чет 18 Јун 2009, 16:33

    Културно Уметнички Работници - Космонаут
    Албум:Amore Bene Tutti Prego


    Се обидувам да напишам љубовен текст
    за тоа колку те сакам и колку ми значиш
    но веќе во првиот стих имам проблем со епитетите

    Штом ќе го напишам зборот љубов
    веднаш помислувам на некои здодевни фрази со бледа боја
    како „душо те сакам“, и „ти си само моја“
    Но не се предавам така
    и паметот се‘ повеќе го тапам
    па пробувам со рима, проверена шема
    но веќе сум сигурен дека сум промашил тема

    На крајот сум разочаран и прилично искомплексиран
    сфаќам дека не ме бива
    па одам да се релаксирам со неколку пива

    Најпосле сум среќен и сите ги сакам
    и целиот стев го имам на дланка
    а зборот љубов веќе не е мачење
    сега тој добива пошироко, глобално значење

    Јас не сум Роберт Саздов, јас не сум Калиопи
    јас не сум ниту Принс, гуд бај тинс
    јас не сум лепи Тоше, јас не сум Керолајна
    јас не сум ниту Пеце, јас немам ладна трајна

    Јас сум космонаут
    далеку си од мојата орбита
    јас сум космонаут
    и стварно ќе те сакам ако замесиш пита
    јас сум космонаут
    далеку си од мојата орбита
    јас сум космонаут
    и навистина ќе те сакам ако замесиш пита со праз...
    Пита со праз...
    Космонаут...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by prozaque on Пет 19 Јун 2009, 14:57

    Пеперминт - Девојката со точакот

    Од тебе морници ме лазат
    само ако се свртиш
    кога поминуваш со точакот
    Од сите девојки на светот
    само ти ме инспирираш.
    зашто излгедаш опасно со точакот
    Значи стварно ми е супер,
    кога тебе ќе те видам
    како возиш опасно со точакот.

    Значи секој ден ми е убав кога тебе те гледам
    зошто ти си девојката со точакот.

    И пробувам да те викнам
    некако за да ме видиш
    ама ти не се симнуваш од точакот.
    И сите други ми се исти
    ама ти многу ми значиш
    оти ти ми поминуваш со точакот.

    И секој ден ми е убав кога тебе те гледам
    зошто ти си девојката со точакот....

    И пробувам да те стигнам
    ама од тебе имам
    само траги од гумите на точакот.
    И кога затворам очи
    упорно тебе те гледам
    зошто ти си девојката со точакот.

    (хипнотизира песната морам да признам)


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Alive on Пет 19 Јун 2009, 21:08

    Шмугле напиша:Изведувач: Културно Уметнички Работници
    Албум: Аmore Bene Tutti Prego
    Песна: Љубовта нема значење



    Седевте во паркот еден крај друг
    на вашиот прв состанок ти нејкеше да бидеш груб
    па затоа беше културен и фини кажа колку си начитан и каде се си бил
    А таа стана нервознаго скрши твојот филм
    ти рече дека си кретен и романтичен дебил.

    Љубовта за неа нема никакво значење
    за неа се’ е само, само едно обично...

    Сиот свет ти се сруши како Берлински ѕид
    ти посака да заплачеш, но нешто те спречи.
    На соседната клупа, виде девојка
    со книга во рака ги листа страниците со нежните прсти.
    Нечујно и пријде како Жан Клод Ван Дам,
    и веќе во следната строфа ти не беше повеќе сам.

    И љубовта за вас доби некакво значење
    веке не е само, само едно обично...

    Ги свртевте сите клупи во паркот тоа беше вашиот втор дом
    и не ја ни бакна освен, пардон еднаш на сон
    кога таа не се јави... ти го сврте нејзиниот број,
    од другата страна на жицата се јави лично тој и рече:
    немој да ја бараш никогаш повеќе, таа нејќе тип како тебе
    само сака некој грубо да ја земе
    како Жан Клод Ван Дам аха или како Том Круз во педерскиот То ган.

    Љубовта за неа нема никакво значење
    за неа се’ е само...
    дека љубовта за неа нема никакво значење
    за неа се’ е само, едно обично...

    (благодарност до гера за помошта при вадењето на текстот:)

    Благодарност до мене за корекции на текстот... ушиња начулени мои не биле...


    Последната промена е направена од Alive на Саб 20 Јун 2009, 07:04. Мислењето е променето 2 пати.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by PantomimoS on Саб 20 Јун 2009, 03:56

    не е кретенскиот локал туку е педерскиот То ган.
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Alive on Саб 20 Јун 2009, 07:04

    препраено еТ...

    Sponsored content

    Re: Македонски текстови/лирики

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Нед 21 Јан 2018, 04:00