Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Повоената Македонска Литература

    Share
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Повоената Македонска Литература

    Пишување by Phoenix on Чет 23 Апр 2009, 21:30

    До ослободувањето на македонскиот народ индивидуалната уметничка литература беше во стагнација и се развиваше оскудно,бидејки македонскиот народ и македонскиот јазик беа негирани.Со создавањето на Народна Република Македонија,подоцна наречена СРМ,во составот на СФРЈ се создадоа поволни услови за сестран развиток и подем на македонскиот народ во сите области на политичкиот, општествениот и култирниот живот.

    Во НОБ и Народната револуција зедоа активно учество голем број културни работници,мегу кои и млади поети.По завршувањето на војната тие целосно се посветија на литературна и култирна дејност.Се појави првата поетска генерација ,што ја сочинуваа: Ацо Шопов,Славко Јаневски,Блаже Конески и Гого Ивановски.

    Во педесетите години се појави,втората, или средната генерација поети: Србо Ивановски, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Цане Андреевски и Анте Поповски.

    Кон крајот на педесетите настапи и третата млада генерација чии најистакнати претставници се: Влада Урошевик,Петре Андреевски, Јован Котевски,Петар Бошковски ,Богомил Гузел, Радован Павловски и Михо Атанасовски


    Во оваа тема ке се задржиме и ке ги проанализираме гореспоменатите поети , ке стане збор за нивните дела , нивните биографии, начинот на кој тие пишувале. Сакам малку повеке да си ја запознаеме нашата домашна литература и да сватиме дека сепак има луге за кои вреди да се одвои време и да им се посвети по некој збор. Ве очекувам да бидете поактивни бидејки се работи за домашна литература

    Благодарност до сите што ке ја посетат оваа тема и ке пишат по некој пост.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Повоената Македонска Литература

    Пишување by Phoenix on Чет 23 Апр 2009, 21:47

    Темава ке ја започнам со една песна,која уште од детството ми остави голем впечаток и се всади во мојот разум,моето срце.Песна која ке ја памтам и ке им ја прочитам на моите деца и внуци.

    Очи - Ацо Шопов

    Три дена на раце те носевме збрана,
    со тага и болка на погледот срцен,
    и секоја капка на твојата рана
    ко крвава жар ни капеше в срце.

    Другарите беа и морни и гладни
    со згорени грла и свиени плеќи
    со тап бол се впија во очите ладни
    и жалеа оти не ќе пламнат веќе.

    Но јас знаев оти пак ке вивнат в жарој
    и борците под нив ќе цветат и раснат,
    в студените утра ќе греат ко сонце
    и никога нема да стијнат и згаснат.

    Последната вечер в планинското село,
    кај борците беа со дрипава дреа,
    со пликови жешки на стапал тешки,
    и смрштени чела - згасени, мразни
    ко нивните пушки укочени, празни,
    и нечујно, глуво, ко здушена реја
    се точеше шепот од уво до уво:
    "Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
    а ние сме малку, - сал неколку души..."

    И кога ко игла ти прободе уши -
    ти растресе снага и размолска тага,
    со лунјени очи широки и волни
    ги расече в ноќта здивените молнји!

    Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -
    в смрзнатата вечер на пролетта рана,
    кај нашата младост и првата радост
    ја косеше луто куршумната слана,
    а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
    и летна во ноќта крвава и црна, -
    со своите очи што ригаа пламен
    ги растопи чашкум челичните зрна...

    И после! И после - в последната вечер...
    јас нејќам да мислам што потаму стана,
    прошталниот шепот ти замрзна в усни,
    ти гореа очи под веѓите густи!
    Со нивниот пламен и со клетва света,
    на заседа тргнав сред мојата чета.

    А утринта кога зрив чела ни спраши
    ти не беше веќе в редовите наши,
    но скипеа борци со одмазда жолчна,
    и видов! о видов - кога бојот почна
    развихреа сите со твојата сила -
    ко елени брзи и лесни ко птица.

    А твоите очи се искреа гневно
    во нивните потни, распалени лица...

    Три дена на раце те носевме збрана,
    со тага и болка во погледот срчен,
    и секоја капка од твојата рана
    ко крвава жар ни капеше в срце.



    Очи е песна во која се зборува за загинатата другарка од борбата.Овде преовладуваат исповедниот тон и нарацијата.Преку звучните дванаесетерци,авторот ги изнесува подробностите во врска со херојската смрт на младата партизанка,таа тигрица што летна во нокта крвава и црна во пресудниот јуриш што требало да го разбие обрачот на непријателската офанзива.Нејзиниот пример е двигател во бробата,тој поттикнува.
    По нејзината смрт борците влегуваат со развиорени сили во бојот за да ја одмаздат. Во нивните очи се искри пламенот на нејзиниот гнев.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Повоената Македонска Литература

    Пишување by Phoenix on Пон 27 Апр 2009, 01:19

    Ц в е т о и

    В Тиквешко негде, в некое село,
    кај в слана тивко венеше цвете,
    убија дете.

    Последна солза од око капна ...
    Кога на ридот есента стапна,
    в крви се изми утрото бело.
    И кога в зраци челикот светна –
    последна мисла ко птица летна:
    „Мајка ми сама остана в село!"

    О, детски очи!
    Криевте в себе небесно катче ...
    Румено крвје, течеше в жили
    в радост без почин ...

    Кај око детско натопи земја
    гороцвет никна, разлиста пролет,
    кај крвта врела растопи слана
    црвена роза закити поле.

    Мајската роза и цветот модер
    в миризма молат:
    „Закити, друже, огнена пушка
    со цвеќа млади,
    па напред појди и други деца
    брани со гради."

    В Тиквешко негде, в некое село,
    кај в слана тивко венеше цвете -
    убија дете ...



    извадок од збирката..

    „Песни“ (1944-1948) Славко Јаневски


    можеби песнава ви е позната.. сте ја слушале по реклами . Сепак е една од моите подраги песни .
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Повоената Македонска Литература

    Пишување by balAlajkA on Пон 27 Апр 2009, 16:16

    Радован Павловски е поет, есеист, патописец, колумнист. Роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство се врати во Железна Река, од каде што потекнува, во подрачјето меѓу Гостивар, Кичево и Поречје – Западна Македонија каде што го поминува своето детство. Основното образование го завршил во Железна Река, а средното образование во Гостивар. Има студирано право и литература на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

    Својот живот го посветува на поезијата. Од 1961 до 1982 година живее и твори во Загреб (Хрватска), а од 1982 до 1985 година во Белград, Србија. На 5 март 1985 година се враќа во Скопје и стапува во брак со познатата ликовна уметничка Јулијана Поповска – Павловска со која сега живеат и творат во Скопје.
    Член е на Македонската академија на науките и уметностите од 2006, член на Друштвото на писателите на Македонија од 1961 година, на Македонскиот ПЕН Центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ.

    Автор е на следните книги поезија: „Суша, свадби и селидби“ 1961, „Корабија“ 1964, „Високо пладне“ 1966, „Низ проѕирката на мечот“ 1971, „Сонце за кое змијата не знае“ (на хрватски) 1972, „Пир“ (на хрватски) 1973, „Зрна“ 1975, „Молњи“ 1978, „Стражи“ 1980, „Чума“ 1984, „Клучеви“ 1986, „Марена“ 1986, Избрани дела во III тома, 1986, „Темелник“ 1988, „Зрна, Молњи и Клучеви“ (трилогија) 1989, „Бог на утрото“ 1991, „Вселенски деца“ (поезија за млади) 1993, „Јавач на звукот“ 1995, „Синот на Сонцето“ 1999, „Штит“ 2001, „На едно око“ 2002.

    Тој, исто така е коавтор на манифестот „Епското на гласање“ (заедно со Богомил Ѓузел), 1960 и на „Манифестот на Поетската република Железна Река“ 1990, патописот „Отклучување на патиштата“ 1986 и есеите „Што може поезијата?“ 1993, „Демократска џунгла“ (политички есеи) 1994 и „Порака на поетот до сите поети во светот“ (Струшки вечери на поезијата) 1995.

    Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ во 1965, „11-ти Октомври“ во 1971, „Кочо Рацин“ во 1975, „Повелба на печалбарите“ во 1990, „Гоцева Повелба“ во 1991, „Ацо Шопов“ за 1995 година и на жезлото на ДПМ во 2002. Исто така е добитник е на странските награди: „Младост“ (југословенска награда за „Суша, свадба и селидби“ 1961), „Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната „Железна река“ 1975), „24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус – избор „Момчето што спие напладне“ 1978) и „Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни „Темелник“ 1988). Во 1972 година на поетскиот конкурс во Хрватска, ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности, а поетската збирка „Зрна“ е прогласена за најдобра книга за 1975 од ЈРТ (Југословенска радиотелевизија) – оддел за култура.

    Творештвото на Радован Павловски е преведено на повеќе од 50 јазици и е вклучено во разни антологии на современата македонска, европска и светска поезија.


    ОДМОР

    Понекогаш не ми треба ништо
    ни сон ни јаве. Тоа што нема светот
    јас имам
    Како да се измолкнам одпод лавината
    кога и јас со неа се топам
    во бескрајно плодно време
    Понекогаш
    не можеме ни да се сетиме
    за да се одмориме
    потребно е да се заборавиме и самите себе.

    Елипса II

    Ние не сме одовде
    и ние овде нема да останеме
    Ќе останат како ветрови
    зборови да лутаат и завиваат
    Далечна љубов ќе дојде
    по своите деца
    и сите ѕвезди едни до други
    блиску ќе се
    Сè што сонувавме вистина
    ќе биде Од атом ослободена
    музика место збор
    во нас како елегија
    за едно минато време ќе пее.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Повоената Македонска Литература

    Пишување by balAlajkA on Пон 27 Апр 2009, 16:17

    мојата омилена, од принцот на метафората, покрај `Порака`...

    Маја


    1.
    Тоа беше како проклетство што дење гледав ѕвезди.
    Ти се приближував и моите прсти се полнеа мрак и говор.
    Како скитник се плашев да легнам на патот сам и да заспијам
    оти царски мрави можеа да ме сретнат и да ми ја распорат кожата.
    Но ти ме качуваше во воздухот
    и ко птица стоев на твојата кула
    а пред мене мојата душа го гаснеше громот
    што светкаше во облаците.
    Одбравме место. Широко место за градини и ѕвона.
    Јас влегов како берач во градината полн со свиркања
    а ти полна со овошје. Околу нас забележав траги на крадливци.
    Зората врвеше меѓу прстите. Штурците под земја закопуваа
    бело цвеќе да не остане зимата без убавина.
    Тоа беше како проклетство што дење гледав ѕвезди.
    Го расчистував патот да не ти се случи зло.
    во воздухот го слушавме плачот на нашиот пород
    Уништував секакво друго богатство
    за да се види нашето чисто богатство
    со пожар во срцето.
    Рацете ги постилав по земјата оти доаѓаше ти.
    О, горделиви ѕвона што го разнишавте небото
    намирисано со мајкина душичка.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Повоената Македонска Литература

    Пишување by prozaque on Саб 29 Јан 2011, 22:38

    Повоената македонска литература е творба на УДБА.Барем социјалната.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Повоената Македонска Литература

    Пишување by prozaque on Чет 19 Мај 2011, 15:53

    Koj денес има време да чита за партизански подвизи и за другарот Тито, кога:

    1)Современата(поблиску-со-реалноста-на-читателот) поезија се чита само во Магор на секои 2-3 месеци?
    2)Кога секој е поет/писател заради адолесцентски кризи на идентитет или ради добро парче газ кое треба да го импресионира?
    3)Кога постои антиквизација проследена со негација на нашето "црвено" минато?
    4)Кога првите академци на МАНУ од литературната брашна кои твореле после војната до 70 биле/се агенти на УДБА, КОС, бугарски и српски тајни служби?
    5)Кога постмодернизмот е нешто шо секој го сфаќа и секој го прави, шо влиае врз јавноста дека уметникот и уметноста е шалабајзерска ствар.
    6)Кога никој не чита туку гледа турски серии?


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Sponsored content

    Re: Повоената Македонска Литература

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:52