Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Аnti (New World Order)

    Share

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by UrizenIX on Пет 15 Мај 2009, 21:50

    Малку заминавме од темата со оваа природа...

    Додека си дел од општеството ќе бидеш експлоатиран... од секогаш се знае кој кај е и зошто е.. излези од државава... веднаш влегуваш во системот кај што те запишуваат кај одиш... кај си поминал.. ако имаш виза.. уште подобро.. знаат и кај ќе бидиш официјално.. зошто... и кога ќе се вратиш...

    Слободен.. да и јас сум Слободен... (ај ќе се лажиме)

    И дај изјаснете се зошто сте против тој светски нов поредок.. не се хуманистички настроени... само пари сакаат... егоистички се настроени... ние сме им како заморчиња... ајде малце поеќе од светски заговори да биди ова...

    Некако замина темата на природа, што ќе ни направела... ај нова тема за Крај на светот ќе отвориме па тамо ќе расправаме дали 2012 ќе изгинеме...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by prozaque on Пет 15 Мај 2009, 22:48

    Лажи се ти колку сакаш јас се чуствувам слободно.Јас не отфрлувам дека сум во системот и дека системот директно или индиректно ме експлоатира и можи да ми земи се освен моето чуство за слобода.Тоа чуство не зависи дали јас ќе работам цел живот во машината на општеството, дека моите слободи и човекови права ќе бидат редуцирани на минимум или било како ќе бидам ограничен од системот.Слободата е во умот.Умот е над секаква материја.Its just a ride...just a ride...  


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by UrizenIX on Пет 15 Мај 2009, 23:04

    прозак, уживај бре чоек.. само сакав да видам до кај ќе одиме... Никој нема да ти зема чуството на слобода... Умот е бесконечен... барем во него можеме да шетаме кај сакаме и да бидеме Богови...

    Зезнато е општеството и системот... тоа е целиот муабет.. дека како поединец ништо не можиш... се се води по она Раздели па владеј... така ме научиа и мене на етф, коа ме учеа да програмирам...

    Е сега јас што се бунтував тука.. дали ќе останеш да си сонуваш и да си слободен во умот... или сакаш малку да го менуваш општеството и нормите...

    Сакаш да си овца и дел од стадото да се занасаш дека си free, или ?? И кои методи може да се искористатsto И како??
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by prozaque on Пет 15 Мај 2009, 23:16

    Интелегенцијата на општеството која не е регрутирана од системот за контрола за масите и сите оние кои ја сфаќаат опасноста и им е преку половиот орган од угнетувањето, ќе се инфилтрираат во системот, полека и сигурно и со хируршка прецизност ќе го елиминираат.Методологијата ќе биде идентична, клин со клин се вади нели?


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by UrizenIX on Пет 15 Мај 2009, 23:23

    Хм.. тоа е веќе пробано.. не иде.. како што идеш нагоре, поблиску до онаа точка дека можеш да менуваш(ако си во системот) се повеќе си дел од системот и дали се во заблуда дека сепак е ок системот(гледаат одозгора), или пак стварно системот е ок(не знам тоа) едноставно не менуваат ништо.. менуваат но "на штета" на нерегрутираните како што ги викаш ти... Дел се од тие нерегрутитани, знаат поеќе за нивните слабости(ако може така да се изразам)....

    Не оди таа метода.. во ниеден систем... не само во општеството... туку секаде...
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 16 Мај 2009, 14:43

    Алчноста и натпреварувањето не се плод на променливиот човечки темперамент.. всушност алчноста и стравот од сиромаштија се создадени и зголемени...директна последица е дека мора да се бориме меѓусебно за да можеме да опстанеме.

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by UrizenIX on Саб 16 Мај 2009, 20:58

    Ако веќе сте против New World Order и сте запнале да се бута.. ќе мора да понудите нешто.. не може да остане празно после уривањето на тој Order...

    Треба вие да понудите систем... Ако можете да измислите нов подобар систем.. глобален нормално... И да сте авторитет за да се прифати тој систем...

    И како што кажав... или ќе бидете за човештвото и ќе работите за него или ќе црнчите...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by prozaque on Саб 16 Мај 2009, 22:16

    Системот е сега во полн ек, ќе доживее кулминација, па потоа ќе почне да се распаѓа како и секој систем пред него...минлива работа...колку да изгледа совршен си има свои пропусти кои своевремено ќе бидат искористени за негово уривање...како и секој систем пред него..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by UrizenIX on Саб 16 Мај 2009, 22:53

    Прозаку, уреду е то со уривање и слично..иако не ми се допаѓа идеата дека сам ќе се сруши... овој систем има повратна врска... се менува надворешно.. внатрешно не

    еве јас те подржувам... и што послеsto

    Без систем сакаш да е светот...??

    Или ќе понудиш нешто подобро, или ние ќе срушиме а други нека смислат нов систем...
    ок е да се бунтуваш... ама кажи го лекот... а не ќе се руши.. сите знаеме да рушиме ама да направиме некако послабо...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by prozaque on Саб 16 Мај 2009, 23:15

    Па добро ти е размислувањето дека ќе има промена надворешно.Системот е добро осмислен само неговите намери треба да се пренасочат во хумани цели, глобализацијата, политичката и економската обидинетост можи да се искористат за подобрување на животниот квалитет на луѓето, да се избришат разликите шо не спречуваат да напредуваме како вид.Зошто да се вложуваат милијарди во нуклеарно наоружување кога тие можат да се искористат на пример за вселенско истражување и пронаоѓање на лек за рак.Тогаш таквиот светски поредок би бил добредојден. Всушност, момците позади завесата треба добро да знаат дека не треба потценување на човековиот гнев, индивидуалност и иницијатива да превземат мерки ако нешто не им штима во системот.Сепак координаторите на системот се шака луѓе во споредба со целиот свет...


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by UrizenIX on Нед 17 Мај 2009, 00:57

    Убави мисли но во реалноста не оди така... Тоа е тоа...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by prozaque on Нед 17 Мај 2009, 01:09

    Тогаш доволна е само подигнување на свеста кај потенцијалните жртви на овој поредок...па ќе видиме со каква волја ќе го пречекаат...


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by UrizenIX on Нед 17 Мај 2009, 01:21

    Премногу детски ојде муабетот проз ... веќе замина ... јас се откажувам.. а тебе те оставам да креваш свест кај народот...

    ве оставам да ја буткате војната против NWO ....поз

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by Рокси on Пон 18 Мај 2009, 22:13

    prozaque напиша:А иначе Уризен, никој човек не е достоен да одлучува и да го организира опстанокот на општеството и човековата цивилизација.Ако и сметаме на природата и планетата ќе не уништи пред да речиме Апокалипса.Си има таа механизми кои се покажале ефективно низ времето.Ние сме арогантен вид, ама ароганцијата скапо се плаќа.Природата е над секој систем и таа ја контролира популацијата на секој вид.Секој наш обид да се поставиме над неа, со најразлични совршени системи, со цел да си ја осигураме нашата супериорност и сигурност е залудна.Ако не ме верваш прашај ги жителите на Помпеја скаменети од вулканска лава или сите оние кои ризикуваат секој момент да им протече низ дневната соба, дали се сметаат достојни да кажат колку единки треба да брои нашата  популација...

    Прозаку, нели си учел по биологија дека всушност, единките од ист вид помеѓу себе се селектираат (кога има недостаток на услови за живеење) и најслабите се убиени, а најсилните убиваат. Мора да биде така со цел да се развива и усовршува видот. Но, човештвото толку многу напредна, што можат сите да преживеат, и се разбира, со тоа се забавува усовршувањето на човекот бидејки слабите и не толку квалитетни единки можат да се размножуваат со посилните. И сега се соочуваме со проблем - премногу популација, се’ повеќе искористување на ресурсите потребни за живот и неможност да се повратат доволно брзо. Доколку не бидат уништени „вишокот“ единки, ќе биде уништен целиот човечки вид.

    Нема тука место за хуманост, се’ е борба за опстанок.

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by UrizenIX on Пон 18 Мај 2009, 22:37

    Но, човештвото толку многу напредна, што можат сите да преживеат, и се разбира, со тоа се забавува усовршувањето на човекот бидејки слабите и не толку квалитетни единки можат да се размножуваат со посилните. И сега се соочуваме со проблем - премногу популација, се’ повеќе искористување на ресурсите потребни за живот и неможност да се повратат доволно брзо. Доколку не бидат уништени „вишокот“ единки, ќе биде уништен целиот човечки вид.

    Нема тука место за хуманост, се’ е борба за опстанок.

    Нормално дека нема место за хуманост.
    Не ве учат у школо дека ако кажувате на другите тоа што го знаете, тие другите што знаат помалку, може да ви го земат работното место аsto И од што ќе живеете sto?
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by prozaque on Пон 18 Мај 2009, 23:15

    Рокси напиша:
    prozaque напиша:А иначе Уризен, никој човек не е достоен да одлучува и да го организира опстанокот на општеството и човековата цивилизација.Ако и сметаме на природата и планетата ќе не уништи пред да речиме Апокалипса.Си има таа механизми кои се покажале ефективно низ времето.Ние сме арогантен вид, ама ароганцијата скапо се плаќа.Природата е над секој систем и таа ја контролира популацијата на секој вид.Секој наш обид да се поставиме над неа, со најразлични совршени системи, со цел да си ја осигураме нашата супериорност и сигурност е залудна.Ако не ме верваш прашај ги жителите на Помпеја скаменети од вулканска лава или сите оние кои ризикуваат секој момент да им протече низ дневната соба, дали се сметаат достојни да кажат колку единки треба да брои нашата  популација...

    Прозаку, нели си учел по биологија дека всушност, единките од ист вид помеѓу себе се селектираат (кога има недостаток на услови за живеење) и најслабите се убиени, а најсилните убиваат. Мора да биде така со цел да се развива и усовршува видот. Но, човештвото толку многу напредна, што можат сите да преживеат, и се разбира, со тоа се забавува усовршувањето на човекот бидејки слабите и не толку квалитетни единки можат да се размножуваат со посилните. И сега се соочуваме со проблем - премногу популација, се’ повеќе искористување на ресурсите потребни за живот и неможност да се повратат доволно брзо. Доколку не бидат уништени „вишокот“ единки, ќе биде уништен целиот човечки вид.

    Нема тука место за хуманост, се’ е борба за опстанок.

    Ти Рокси гледам дека слушаш на часој по биологија, ама оние на социологија и психологија не ги есапиш многу.Точно е дека човекот е животно и дека не е исклучок на механизмите на еволуцијата во кои спаѓа и конкурентноста во рамките на видот, која преку борбата на единките од ист вид се одржува здрава и способна популација а со тоа се филтираат најдобрите особини на видот.Арно ама покрај биолошката еволуција, постои уште една а тоа е социјалната еволуција.Социјалната еволуција на чоекот се иницирала поради тоа што човекот покрај тоа шо е животиња со нагони за гнетење и е*авање има најсилно развиено чуство за припадност кон своите единки поради високата емоционална интелегенција која се развила со тек на време додека се снаоѓал низ времето шо ќе јади или шо ќе е*и следно.Тоа не прави различни од останатите видови на планетата.Емоционалната интелегенција го повлекува сосебе моралот и хуманоста шо се косат со совршените макијавелистички принципи на биолошката еволуција.Поради тоа што социјалната еволуција е специфична за чоекот и апла помлада од биолошката настануваат контрадикторности и аномалии.Такви се себичноста, алчноста, досадата и други нус појави шо се главна причина за формирање на вакви експлоататорски системи, поредоци каде шо покрај природната и нормална елиминација на единките во видот се врши неконтролирана, поттикната од алчност, себичност, досада и од слични нагони, ликвидација на видот..Пушти Анимал Планет или излези во природа па ќе видиш дали мајката штрк го фрла од гнездотото своето младо поради тоа што е неспособно за преживување и болезливо или дека има црна дамка под крило, или дали овните во планина се борат помеѓу себе за кој да оплоди женка или да си ги мерат половите органи....оти кај човекот очигледно се врши ликвидација оти не се верува во ист бог, оти некој има темен тен на кожата и носи најк наместо адидас патики.И како шо кажав пред некој пост, природата е желна за експерименти....па сега си експериментира како некој нејзин сегмент си се замислува и си игра Природа и Бог.Поради тоа шо дарвинизмот и макијавелизмот не ја доловуваат во целост човековата природа, теоријата делумно ти држи вода.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by Рокси on Пон 18 Мај 2009, 23:38

    Прозаку, океј, тоа е твое мислење и го почитувам.

    Јас не велам дека треба да се воведе спартанско воспитување и бебињата кои се слаби да се фрлат.
    Но, мора да се мисли и за опстанокот на видот.
    Што направи човекот со 3емјата? МНОГУ го забрза процесот на нејзино уништување, ги троши ресурсите и не ги обновува, ги уби животните и не се грижи за нивно обновување, ја загади водата, го загрози опстанокот на другите жители на 3емјата (животните и растенијата) поради неговите ненаситни потреби - со тоа и самиот си прави лошо.
    Човекот го наруши балансот на природата поради неговата лакома потреба за подолг и полуксузен живот.
    Премногу сме, доколку нешто не се преземе во врска со тоа целото човештво ќе исчезне.. подобро дел да исчезне, отколку сите.

    Да, различни сме од другите но тоа не ни дава за право да уништиме нешто што не сме создале.

    покрај природната и нормална елиминација на единките во видот се врши неконтролирана, поттикната од алчност, себичност, досада и од слични нагони, ликвидација на видот.

    Природната и нормална елиминација во случајот со човекот е нарушена. Бидејки човекот е хуман - несака да ја врати таа елиминација. Епа, ако не сака - мора да се воспостави друг вид на елиминација со цел да не плаќаме големи казни на природата и да не биде збришено целото човештво од лицето на 3емјата. Или нека се врати природната елиминација, или човечката ќе ги збрише и оние кои (според природата) не треба да одат јабана.

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by UrizenIX on Вто 19 Мај 2009, 00:01

    Социјалната еволуција е ок само додека се спојуваат силни со силни и слаби со слаби прозак... А да спојуваш Лавови со овци.. ќе страдаат овците.. Мислам тоа ти е Здравата Интелегенција на Човекот...

    И баш таа твоја Емоционалната интелегенција... (што е па сеа тоаsto ) направи слабите да се буткаат со силните и да квичат дека НЕМААТ ПРАВА... и дека ќе се умира.. и дека се експлоатирани... дури и бидејќи слабите станаа мнозинство, ги тераат Лавовите да блеат а не да рикаат... Не не .. поточно ги тераат Лавовите(бидејќи се тие што можат да менуваат) да сменат за нив, за да слабите можат да живуркаат ... Е извини.. нема да можи така... Мислам.. слабите живуркаат... така сакаат... не можат поинаку ...

    Или ќе се бориш или ќе си гиниш... Избери си ја својата природна селекција...
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by Phoenix on Вто 19 Мај 2009, 01:11

    гледам употребувате слаби јаки .. па ме интересира.. кои ги сметате за јаки .. оние што се парајлии или пак раководители во големи фирми ..а за слабаци ја сметате работничката класа.. баш ме интересира тој детал .. кои се јаките кои се слабите. мислам лошо е кога се употребува поимот јаки и слаби . според мене сите луге се еднакви и зрачат со своја енергија.

    со темава сепак се демантираат сите религии . сите пророштва.. законите на природата.. и уште многу други работи ..

    па како што читав дека овојк поредок постои долго време зошто чекале да се намножат толку луге а не реагирале со време .. знаеш огнот се гаси кога е помал .. а не кога е во најсилен пламен ..


    и уште една поговорка

    не му копај гроб на никого да не паднеш ти во него !!
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by prozaque on Вто 19 Мај 2009, 01:46

    По по по...каква ароганција значи..

    Рокси, премногу narrow-minded од твоја страна, човекот се пренаселил на планетава, ги уништил нејзините ресурси и сега на планетата стара неколку милјарди години, која претрпела удар од комети, астероиди, катаклизми, сончева радијација и какви не други срања ќе и дојде крајот оти човекот ги исечил дождовните шуми и го загадил воздухот и водата...какво потценување на самопрочистувачката моќ на планетата...Значи човекот се пренаселил, направил многу зла па мора да се санира со шо рационално ќе се намали популацијата..Шо ќе прајме сега?Ќе го стреламе секој шо ќе згазни на трева со знак НЕ ГАЗИ?Гив ми а брејк...Макар шо чоекот стварно е срање, сепак е интелегентно срање и има други алтернативи отколку редукција на популацијата....на пример....1 тон еколошки варијанти кои се откриени и ќе се откриваат во иднина:
    рециклирање на вода и други ресурси, алтернативни горива, филтри...абе милион ги има...а и ако тоа не успева...универзумот е на повидок и желен за колонизација, вселената полека но успешно се освојува...шо е оваа нарцисоидност кон човековиот вид...ако не е достоен да опстојува на оваа планета и да си го најде чарето со својата несовршеност нека го снема и нека се фосилизира...ќе има во иднина подостојни наследници отколку вообразени хомо сапиенси кои мислаат дека се богови...не сме ние најјаката алка на Животот...макар шо цврсто верувам ако ја согледаме пошироката слика дека ќе си откупиме уште неколку илјади години престој на планетава...И пак нашите одлуки не се најважните за опстанокот на нашиот вид.

    А иначе Јурајзен од тебе пак доста наивно.Дали мислиш дека тој Светски Поредок во кој ти толку си се заљубил има место за тебе како Лав...или за било кој друг освен за алчни мега индустријалци кои ги има заболено за Лавовите или Овците, Силните и Слабите и кои гледаат само да си ги задоволуваат своите потреби за трупање на богатство и моќ алчно и непотребно.Ако твоите метафори на лавови, тигри, овци кози и останати домашни животни се однесуваат на длабочината на џебот тогаш скроз си во право.Ако не имаш еден тон примери како силни умови, уметници, хуманисти, лидери и воопшто алфа претставници на категоријата што ја застапуваат пропаѓале поради тоа што не одговарале во машинеријата која ја интересира дали некаков профит ќе има од нив.И шо ако се мешаат силни со слаби.Силните ако стварно се такви, а не искомплексирани личности и факмени ќе се пробијат на врвот без елимирање на слабите.Како некој се нарекува Лав и моќен со елимирање на нешто шо не му претставува закана in the first place....Апсурдно е.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by prozaque on Вто 19 Мај 2009, 01:48

    A за емоциналната интелегенција...

    http://en.wikipedia.org/wiki/Emotional_Intelligence


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by Рокси on Вто 19 Мај 2009, 09:35

    Прозаку, како прво - немора да ни лепиш етикети на narrow-minded и наивни луѓе пошо не си во наша кожа за да знаеш колку размислуваме или колку не размислуваме во други правци.

    И второ, внимателно читај ги постовите, а не само то шо тебе ти одговарат.

    еве шо напишав

    Што направи човекот со 3емјата? МНОГУ го забрза процесот на нејзино уништување,...

    кај реков дека природата сама по себе нема катастрофи? Нигде.

    Немора да го напаѓаш сечие мислење ако не се согласуваш со тоа, во вакви ситуации и теми сите имаат и немаат право и то е единствениот факт.
    Еднаш кажав шо мислам и не планирам во секој пост да се повторувам, ти слободно препукавај се.

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by UrizenIX on Вто 19 Мај 2009, 11:21

    Кои се силнитеsto Гледам секој си напишал судејќи според него кои се силни кои слаби... Ако ви се парите и корпорациите силни... нека ви биде...

    Силните или Лавовите се оние кои МОЖАТ ДА МЕНУВААТ!!! Ете кои се силните.

    А вие, како сакате... Дури и овие обиди да смените нешто( да смените бре, дури ме насмеа оваа мисла) ... Прозааак.. дури и ова те става на патот кон Лавовите.. ама како да ти објасни чоек кога само си запнал да бидеш во право...

    Инаку за хуманистите... Не ги сакам ...

    Сето тоа што ти го наброја прозак: 1 тон еколошки варијанти кои се откриени и ќе се откриваат во иднина: рециклирање на вода и други ресурси, алтернативни горива, филтри ... Кој го можи тоаsto Јас и ти домаsto

    НЕ туку оние кои можат да менуваат! Тие се лавовите кои демек треба за нас кои секој петок ѓонови се праиме со ракија, да можеме да седиме на чиста трева у парк и да дишиме чист воздух од не знам ти кои филтри?

    И да, го подржувам NWO... love

    Значи моето мислење е дека треба да бирате кај ќе бидете... И мислам дека ако некој избрал да биде овца.. не треба никој да му се меша што останал овца... Ме разбирате??

    И силните можат да бидат што сакаат Прозак... нас тоа не нервира... Факмени, бизнисмени.. просјаци... како им е волја... Биди и ти ако можеш ако не.. еве вака ќе си бучиш.... и ќе се "бориш" против нешто...
    Ај поз...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by prozaque on Вто 19 Мај 2009, 20:22

    Полека Рокси, изи дер грл.Видиш, јас го нападнав твојот став и твојот пост кој беше доста narrow minded и за жал ти си го зеде многу на срце како тоа во целост тебе да те прави таква.Го ѕирна линкот за емоционална интелегенција?И овој портал е форум, каде што секој има право на сопствено мислење.Ти го даваш своето, јас моето и ти ако имаш аргументи да го негираш повторно моето, а не да го напаѓаш мојот начин на излагање на аргументите тогаш комотно пиши си.Тука сме за дискусија.

    А покрај тоа шо напиша..

    Што направи човекот со 3емјата? МНОГУ го забрза процесот на нејзино уништување

    Напиша и...

    Премногу сме, доколку нешто не се преземе во врска со тоа целото човештво ќе исчезне.. подобро дел да исчезне, отколку сите.

    И тоа беше причината која ме поттикнам да ти кажам дека постојат алтернативи отколку безкомпромисна редукција на луѓе за што се залага Ен-ДаблЈу-Оу.Како би било чуството ако ти како граѓанин на оваа посрана држава која ја нема на половина на светски карти да бидиш тој излишен материјал?

    Јурајзен, причината поради која шо ти не си убиен, исецкан на кубети и даден на кучињата во Шутка да се мезат со тебе дур се враќаш во твоето лавовско дувло е токму тој хуманизам.

    Иначе кога тој светски поредок, кој нас ни следи се залага за форсирање на луѓето кои се способни да менуваат и да го направат овој свет подобро место за живеење за сите ( шо секако не е така) тогаш би бил добредојден.Ама не е така, туку строго е систем на економска експлоатација, во кој ти не си никаков фактор туку уште една тула во ѕидот.Со секое должно извинување ако твоето презиме е Ротшилд, Рокфелер или си во елитата на луѓе со банкарско конто од над 1 билион долари.Арно ама ти си студент на електро, со романтична претстава за масони и останати задкулисни играчи, кои не киснат по форуми и не се рекламираат туку дејствуваат.Ти пак биди си заљубен во сопствениот џелат.

    Супер шо дискусијава не ја доведивме до ќорсокак.

    Кога сме кај добрата на технологијата и цивилизацијата се придобивка од луѓето со интелегенција и визија низ текот на Историјата.Лавови со визија.Луѓе на кои не им е потребно да убијат 1000 души за да не им влези раска во окото.Не е потребно здружување на мега банкари за се пронајде следниот револуционерен пронајдок или воопшто да напредуваме како вид.Потребна е визија.А не кукавичко криење, огранизирање на војни, спроведување на терор и страв за да го надонакнадат комплексот на ниска вредност и да си го задоволат мегаломанскиот нагон.Ептен "лавовско" од нивна страна.

    Јас и ти да не се фативме за различен Нов Светски Поредок.?


    Доволна е борбата за разбудување на свеста на луѓето.Зато го тупам со тој хуманизам.Кога мнозинството од популацијата сфати каков квалитетен мајндфак им се спрема, ќе видиме кој ќе ја има улогата на Лав а кој на Овца.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by Рокси on Вто 19 Мај 2009, 20:38

    prozaque напиша:Полека Рокси, изи дер грл.Видиш, јас го нападнав твојот став и твојот пост кој беше доста narrow minded и за жал ти си го зеде многу на срце како тоа во целост тебе да те прави таква.Го ѕирна линкот за емоционална интелегенција?И овој портал е форум, каде што секој има право на сопствено мислење.Ти го даваш своето, јас моето и ти ако имаш аргументи да го негираш повторно моето, а не да го напаѓаш мојот начин на излагање на аргументите тогаш комотно пиши си.Тука сме за дискусија.

    А покрај тоа шо напиша..

    Што направи човекот со 3емјата? МНОГУ го забрза процесот на нејзино уништување

    Напиша и...

    Премногу сме, доколку нешто не се преземе во врска со тоа целото човештво ќе исчезне.. подобро дел да исчезне, отколку сите.

    И тоа беше причината која ме поттикнам да ти кажам дека постојат алтернативи отколку безкомпромисна редукција на луѓе за што се залага Ен-ДаблЈу-Оу.Како би било чуството ако ти како граѓанин на оваа посрана држава која ја нема на половина на светски карти да бидиш тој излишен материјал?

    Никаде не спомнав NWO. Во сите мои постови тупам дека сме премногу и дека нема доволно ресурси дрн дрн дрн. Не спомнав никаде NWO пошо не сум доволно информирана за целите, организацијата итн итн, значи немам целосно оформено мислење за тој ред.
    Неможеш да судиш колку мојот пост бил нарроw миндед или не пошо неможеш да знаеш како јас размислувам и колку размислувам... ако ме прашуваш мене, и твојот пост е таков но јас не знам како ТИ размислуваш и колку „страни“ на проблемот имаш разгледано па несакам да го осудувам и да лепам етикети..
    Можеби постојат алтернативи, но, колку тие се спроведуваат? А и колку се ефикасни? Хм, ако беа доволно добри и ако сите ги почитуваа 3емјава ќе беше океј и ќе живеевме во чиста средина. Очигледно е дека загадувањето ќе не’ прегази додека се освести човештвото.

    Sponsored content

    Re: Аnti (New World Order)

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:44