Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Приказни

    Share
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Приказни

    Пишување by Phoenix on Вто 02 Јун 2009, 18:31

    во оваа тема да се потсетиме кога бевме деца и кога ни раскажуваа приказни , или пак некој има помало братче или сестриче па му чита и раскажува приказни . Темава нека ни служи да се потстиме на детството .. воедно и како убаво место од кое може да си извадиме приказна и да му ја раскажеме на некое мило детуле..


    Еднаш си биле Мариовците покрај една река со Итроман Пеја и виделе една топола кај се виткат од силно ветер. Го прашале Пеја зошто се виткат толку многу тополата, Тој му рекол...


    Вода му се пие на тополата, затоа се витка толку многу.На тоа згора мунасип се нашло да се качи Итроман ПЕјо на тополата и да ја вати за вратот. после сите селани да се ватат еден за друг и да ја навалат тополата со врвот до водата и да ја напијат. Се ватил Пејо за врвот. се ватиле сите селани за него и им свикал да се држат јако, оти ке си плукни враце. Се отпуштил од тополата, паднал со сите селани, Едни се отепале. други се убиле. а пак друзи се смејале.

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Приказни

    Пишување by Cinnamon* on Чет 04 Јун 2009, 01:03

    мене баба ми ми раскажваше со волкот и лисицата, а мајка ми ми раскажваше со принцези.
    се сеќавам на една со принцезата колаче.
    *
    Принцезата Колаче многу сакала да јади слатки и чоколада, но најмногу од се сакала да јади колачиња. Зато Принцезата Колаче многу се здебелила и почнал ниту еден фустан да не ја бери. Татко и кој бил многу богат викал од сите краеви на светот кројачи за да шијат најмодерни фустани за Принцезата Колаче и ги порачувал најубавите колачиња од цел свет и ги вработувал најдобрите готвачи.
    Еден ден Принцезата Колаче била на вечера со татко и, нејзините две убави сестри и кралот и неговиот син од другото кралство. За жал или не жал Принцезата Колаче се вљубила во Принцот, но мислела дека Принцот нема да ја сака бидејки била колаче и иако ги имала најубавите фустани таа била дебела во споредба со нејзините две преубави сестри. Принцезата Колаче тагувала по Принцот и воопшто не верувала во себеси.
    Една уава квечерина Принцезата Колаче заедно со нејзиното семејство била поканета на бал во соседното кралство. Таму имало многу колачиња и Принцезата не можела да се воздржи и ги изела сите, за разлика од нејзините естри кои не пробале ништо целата вечер, што ја натажило упте повеќе. Но Принцот и ја разубавил вечерта и ја повикал на танц. Танцувале Принцезата Колаче и Принцот, но таа со нејзината несмасност го згазнала. Принцот паднал во тешка болест од стапалото кое му потекло многу и му било многу големо, па така Принцезата Колаче ја изгубила целата верба и надеж. Тагувала со денови, а Принцот никако не оздравувал.
    Еден ден и стигнало писмо од докторот од соседното кралство дека Принцот сакал да ја види.
    Отишла кај Принцот и дознала дека само таа може да го излечи од тешкиот оток на ногата. Тој и кажал дека ја сака иако е Колаче, па и тој обожавал колачиња. Така Принцезата Колаче и Принцот се венчале и живееле хепли евр ефтр.
    =DDD
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Приказни

    Пишување by Phoenix on Нед 19 Jул 2009, 11:11

    ДЕВОЈЧЕТО СО КИБРИТЧИЊА

    Ужасно
    студено беше надвор, снегот паѓаше без престан во глувата ноќ. А беше
    Нова година. Низ пустите и студени улици осамено, скиташе сиромашно
    девојче. Босоного и без шапка на главата. Кога излезе од дома имаше на
    себе некакви папучки, но тие не беа нејзини. Едноставно беа преголеми
    за нејзините мали, нежни ноѕе и ги загуби некаде по пат во длабокиот
    снег. Продолжи боса по снегот, а стапалата веќе и беа помодрени од
    мразот кој беше секаде наоколу. Во рацете носеше сноп кибритчиња, но
    денес не продаде ни едно единствено кибритче.
    Сиротото девојче се тресеше од студот, гладна и премрзната.
    Снегулките
    паѓаа врз нејзината прекрасна долга коса. Русите плетенки и го
    обвиткуваа вратот, но таа никогаш и не помислување на нив. Од сите
    прозорци излегуваше светлината на свеќите, а наоколу се ширеше
    прекрасниот мирис на печени гуски и мисирки. Таа знаеше, вечерва е Нова
    година.
    Се склупчи во аголот кој го
    формираа ѕидовите на две сосоедни куќи. Ги допре своите мали, боси
    стапала едно до друго во надеж дека барем малку ќе ги стопли во таа
    смрзнувачка ноќ. Студот и навлегуваше во коските.
    Да си оди ли дома? Без продадено кибритче?
    Не!!!
    Нема да оди. И дома е исто така студено и темно. Татко и сигурно
    повторно ќе ја тепа бидејќи денес, не продаде ни едно кибритче и не
    донесе ни една паричка дома.
    Прстите и
    беа премрзнати и вкочанети. Едно кибритче сигурно ќе ме затопли си
    помисли. Само кога би смеела да запалам барем едно кибритче. Само кога
    би имала малку смелост да го сторам тоа. Студенилото ја совладуваше.
    Извлече едно дрвце и го запали.
    Светлиот
    пламен блесна во аголот. Беше тоа прекрасен пламен. Русокосата душичка
    за момент почувствува дека седи покрај еден голем камин и го слуша
    пукотот на огнот од дабовите трупци. Ги пружи премрзнатите ноџиња кон
    огнот, но тој изгасна. Го снема. Повторно завладеа мракот и студенилото
    наоколу.
    Извди уште едно кибритче.
    Овојпат блесокот ја одведе на голема убава маса со бел чаршав. Масата
    беше спремна за новогодишната вечера. Пред неа беше прекрасниот
    порцелански сервис. Мисирката беше на средина на масата, украсена со
    јаболка и сливи. Токму кога посака да ја вкуси, пламенот повторно
    исчезна.
    Кутрото девојче, толку беше блиску, но сето тоа го снема.
    Одново
    запали кибритче. Сега седеше до новогодишната елка, која блескаше во
    светлината на иљадниците свеќички на неа. Светлоста одеше нагоре,
    нагоре високо се дури до небото. Погледна во висината и ги виде
    ѕвездите на небото. Виде како падна ѕвезда.
    “Некој
    штотуку умре“ помисли девојчето. Се сети на нејзината баба.
    Единствената личност која безизмерно и искрено ја сакаше. Но таа повеќе
    не е тука. Таа замина, онака како што и раскажување за ѕвездите кои
    паѓаат. Нејзината баба е сега таму Горе, кај Севишниот.
    Против
    својата воља запали ново кибритче. Овојпат нејзината баба беше пред
    неа. Јасно ја виде во темнината. Го почувствува нејзиниот топол и мил
    допир.
    “Бабо, најсакана моја“ викна низ солзи малата душичка.
    “Земи
    ме со тебе. Знам дека ќе заминеш заедно со пламенот на ова дрвце, како
    што замина и каминот и мисирката, и елката затоа земи ме со тебе.“
    Го
    запали целото преостанато купче кибритчиња, за да се осигура дека баба
    и нема да ја напушти. Огнот беше прекрасен, толку силен и толку светол,
    посветол од било кое пладне што го имаше видено. Ја почувствува
    топлината и го виде прекрасниот лик на баба си. Баба и ја зеде во
    своите раце. Русокосото ангелче се најде во нејзината прегратка. Двете
    среќни заминаа Горе. Горе онаму каде никогаш нема студ, каде нема
    глад, каде нема немир, онаму каде што е Тој.
    Изутрината
    околу аголот беа собрани неколкумина случајни минувачи. Го гледаа
    премрзнато девојче навалено на ѕидот. Нејзините образи сеуште беа
    розеви, а насмевката го покриваше нејзиното невино лице.
    “Сакала
    само да се згрее“ тивко зборуваа луѓето. Никој од нив не ни помислуваше
    колку прекрасни работи малечкото ангелче виде таа ноќ. Никој од нив
    неможеше ни во сон да ја замисли убавината каде таа и нејзината баба
    влегоа понесени од радоста која ја донесе за нив таа новогодишна ноќ.


    Hans Christian Andersen
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Приказни

    Пишување by Phoenix on Нед 19 Jул 2009, 20:47

    100 пати ја прочитав девојчето со кибритчињата и неможам да престанам да ја читам .. и wowwwwwww
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Приказни

    Пишување by Гостин on Нед 19 Jул 2009, 20:48

    ногу е добра. од андерсен ги имам прочитано скоро сите и имат една со славејчето и царот ко ќе ја најдам книгата ќе ја напишам омилена ми е.
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Приказни

    Пишување by Клеа on Нед 19 Jул 2009, 23:08

    TheDoorS напиша:100 пати ја прочитав девојчето со кибритчињата и неможам да престанам да ја читам .. и wowwwwwww
    кога како дете ја читав таа приказна многу плачев дури липав...и сега ти ме потсети на неа...помислив дека во тој период кога сум ја прочитала приказната сум ја доживеела како таква,тажна,жална и дури вистинита...но и сега додека ја читав ми изнуди солзи и воздишки.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Приказни

    Пишување by balAlajkA on Чет 10 Сеп 2009, 02:26

    Неизоставен дел од моето детство, како и на сите деца во наша фамилија. Имаме книги со приказни што се пренесуваат со генерации и колена братучеди :) Најдраг подарок ми станаа книгите, со првата илустрирана бајка што ја добив `Принцезата и свињарот`.
    Како што растев ги исчитав повеќето од Андерсен и браќата Грим, а посебно доживување ми беше `Приказни по телефон` од Џани Родари. Последни беа 1001 ноќ, приказните за Аладин и Синбад.
    Прво татко ми ми раскажуваше познати и измислени приказни, па ми читаа на глас, а одвај чекав да научам да читам и сама да си создавам гласови и слики.
    Омилена приказна ми беше "Дивите лебеди". Ден денес ја чувам сликовницата :)

    Sponsored content

    Re: Приказни

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:10