Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Архаични зборови

    Share

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 30 Јун 2009, 20:27

    Македонскиот јазик излобилува со голем фонд на зборови кои од разно причини не влегуваат во литературниот јазик. Можеби е и срамота за толку богат јазик, официјално да изгледа многу сиромашен. Голем број, без малку сите, зборови веќе и да не се коирстат кај помладите генерации па дури и се заборава нивното значење. Зборовите ги има многу па повелете постирајте некои и објаснете го нивното значење.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Batty on Вто 30 Јун 2009, 20:37

    Одлична тема, да се надеваме дека нема да бидит игнорирана, оти има што да се каже, секогаш има нешто плус.
    А за зборовите..паа...мора и во тоа да сме во тек со настаните ( да си го модернизираме јазикот делми треба)
    А кога е тоа така збор како делми станува технолошки вишок. И секогаш кога јадам комат направен на стариот добар бљуд се нервирам претерано. После си пуштам некој добар филм, може да е со Весли Снајпс кај што глумит вапер (не баш вампир) и малку ќе ме фати авата.

    *покасно ќе ги преведам зборовите


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 30 Јун 2009, 20:55

    Пејџ тешко дека ќе најдиш слика од блуд за објасниш што е

    Ај малку да почниме со по некој збор на темава:

    телис -овај збор не го објаснувам бидејќи чекам одговор
    рутишта - алишта
    плачки - алишта
    пазумарка -џеб
    мангари - пари
    драсма - свадба
    шлајпит - ќесе - односно денес паричник

    Познато е дека мајсторите од селата по Црн Дрим (ѕидари) имале свој јазик кој го користеле за меѓусебна комуникација. Најчесто за да не бидат разбрани од газдата каде што работат. Еве неколку зборови од Бошкачкиот јазик.

    манукон- или газдана
    бошкач - мајстор
    срамнана - невестана
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Phoenix on Вто 30 Јун 2009, 21:00

    e темава е како скроена за на форумов.. чунки мераклии сме ние за се што е наше..па да се заортачиме и да изнапишеме се што ни лежи на душа.па после да свариме едно котле грав и да се навечераме. да се куртулисаме од гладот .па после кадијата нека ни суди што сме запечалиле со нашата работа .

    чунки се употребувал порано но со тек на време некако умре зборот а неговото значење се расцепка на повеке зборови .. некогаш се употребува всушност..некогаш бидејки .но со некако по скратено значење

    заортачиме. ортаци .. веке и не се употребува . сега се е сведено на партнерство .

    а и котлето ни го нема веке . сега тенџериња има во секој дом .

    куртулисаме .. хм.. спасиме . спас. тоа е промената

    кадија сигурно знаете.. дека е судија

    запечалиле паа умре и печалење и печалба.. сега се е заработување и заработка.
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Клеа on Вто 30 Јун 2009, 21:24

    -земник- подрум,визба
    -подница- вршник
    -пајници-тањир
    -лаици-лажици
    -пљачки - облека, алишта - охридски
    -ибрик - бардаче за пиење вода
    -бакалница - продавница
    -бајрак - знаме
    -балчак - рачка од сабја
    -еким - лекар
    -далга - бран, а во велес - смеа, смешка
    -рофја-гром
    -чардак-тераса
    -ќепенек-затворач на визба или на долен спрат
    -фанела- е плетена блуза, по прилепски “ванела“
    -Рчкало-оној кој се задева
    Писанка-тетратка
    Плајвез-молив
    Азгн-некој кој претерува во се
    Ксмет-среќа
    Чифт-еден пар чевли и т.н
    Тумрук-некој кој не разбира ништо


    Еве некои зборови што ги знам,но од многуте зборови ги имам слушнато и од други луѓе
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Phoenix on Вто 30 Јун 2009, 21:48

    исус со клинци го заковаа. а денес клинците шајки ги направија
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by balAlajkA on Чет 02 Jул 2009, 14:51

    ее шо не крепит дуњава... ногу арна раја бевне, сега сне ко сак`лдисани, сетики аздисуваме, не не берит нигдека. шчо напрајфне, кај да се вдениме? ало да не си го видиме, севезден само се дупиме в слабини, а никој не прашува шчо бреме на плешти си носиме.
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Dirge on Чет 02 Jул 2009, 14:55

    Ам да ве прашам нешто. Кого и да прашам за зборот пајнца сите ми викаат дека има различно потекло.Некои викаат дека е битолски(мислам дека беше така), некои охридски збор.
    Може една дискусија за ова, баш ме интересира :dada:
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Batty on Чет 02 Jул 2009, 14:56

    Мислам дека пајнца е Охридски, или Охридско - струшки. Во Битола мислам дека викаат мисур, или барем во Ресен така викаат. Како и да е, од кај нас потекнува. И да, и тој е архаик, убав збор, јас си го употребувам во полна пареа сеуште.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Чет 02 Jул 2009, 14:58

    Искрено да ти кажам јас не сум чул некој битолчанец пајнца да велит, се мислам дека има охридско потекло.
    Е сега една напомена ќе ве молам држете се до темата, односно постирајте наши зборови а не турцизми
    Пејџ преведи ги зборовиве погоре, да не почнам јас.

    post scriptum

    чепурци - печурки
    џамадан - елек

    post post scriptum

    во охрид за усни се вели буза, ај да видам што мислите за потеклото на зборов
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Dirge on Чет 02 Jул 2009, 15:09

    Еве што најдов како преводи на буза: на руски(бучно), на бугарски(образ) и на белоруски(кал).
    Потеклото ке да е бугарско

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Чет 02 Jул 2009, 15:13

    Чергарите имале големо влијание во Охрид ама на политичко идеолошка основа, не е зборот бугарски
    интереса работа е за говориве на граница каде што нема сродни говори цели зборови се прифатени без измена...
    Зборот буза е шиптарски и означува усна
    исто е и со зборот ела е ова е фанариотски збор и означува дојди, па сега видете што значи Елада
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Dirge on Чет 02 Jул 2009, 15:20

    е требаше да ја прашам баба ми за буза :naokolu:
    Они го дале јазикот, а верата си ја зачувале така да секогаш ми е тука за превод од албански/шиптарскИ.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Архаични зборови

    Пишување by prozaque on Чет 02 Jул 2009, 15:47

    Во Битола се вика пајнца дефинитивно..

    Иначе, интересен е зборот глог што означува кол и овој збор ми го кажа Каран, и ептен поврзан со неговото фамилијарното потекло, шо ме чуди зошто Каран досега не го спомна во оваа тема или во темата за вампири..Велам во темата за вампири, оти обично фамилијарните презимиња во минатот се добивале во зависност од занимањето на фамилијата...




    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Чет 02 Jул 2009, 15:49

    кизнајт можда биле ловци на вапери.
    Само колку шо знам глоѓ е дрво (вид на дрво) од кое се правеле колови за убивање вампири


    Последната промена е направена од Karan на Вто 14 Jул 2009, 06:31. Мислењето е променето 3 пати.
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Dirge on Чет 02 Jул 2009, 16:21

    хаха Каране опасен си сеа

    баш и на википедија пишува за тоа
    Serbian folklore notes hawthorn (in Serbian glog) is particularly deadly to vampires, and stakes used for their slaying must be made from the wood of the thorn tree.

    In Gaelic folklore, hawthorn (in Scottish Gaelic, Sgitheach and in Irish, sceach) 'marks the entrance to the otherworld' and is strongly associated with the fairies.[5] Lore has it that it is very unlucky to cut the tree at any time other than when it is in bloom, however during this time it is commonly cut and decorated as a May Bush (see Beltane).[6] This warning persists to modern times; it has been questioned by folklorist Bob Curran whether the ill luck of the De Lorean Motor Company was associated with the destruction of a fairy thorn to make way for a production facility.

    Извинете за офтопик ама морав негде да го ставам

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 07 Jул 2009, 05:42

    Не е само во српскиот фолклор има и кај нас и кај повеќето народи на балканов, и не сум сигурен ама мислам дека се пишува глоѓ со ѓ литературно.

    ****

    да се навратиме на темава, малку ја запустивме а тазе е отворена

    Далга - Бран или бура
    најчесто се користи во Охрид што е многу јасно
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Phoenix on Вто 07 Jул 2009, 05:46

    чепурци - печурки

    каран сигурен си дека се печурки

    јас знам дека за чепурки ги викаат оние чешмите на средселата односно цефката низ која тече вода. ? ? ?

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 07 Jул 2009, 05:52

    Види некаде се чепурки, а некаде шепурки. Да тоа е цевката на чешмите кои најчесто се наоѓале сред село. Ама черпурци е веќе нешто друго. Ај малку да шпекулирам... Можеби се работи анаграм или уште некој збор од Бошкачкиот јазик. Сепак има разлика к и ц...

    И да си го поставам прашањето овде, дали некој знае што е телис?
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by balAlajkA on Вто 07 Jул 2009, 10:32

    Каран бидејќи темава е letter sensitive ќе те замолам да пазиш со пишувањето, еден ист збор (претпоставувам ист) неколку пати различно го пишуваш, најверојатно во брзање, а поентата на целата тема виси на една буква или глас или акцент.


    телис знам шо е ама во интерес на темата не кажувам ххихихихи

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 07 Jул 2009, 16:43

    а да ми кажиш ти мене кој се тие зборови што се два пати напишани
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Dirge on Вто 07 Jул 2009, 16:52

    balAlajkA напиша:
    телис знам шо е ама во интерес на темата не кажувам ххихихихи
    Е да бе.Работава и јас знам ама не ви кажувам.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Чет 09 Jул 2009, 02:11

    Во интерес на темата.
    телис = чардак односно тераса
    Сполај - благодарам
    кладенец - извор
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Alive on Чет 09 Jул 2009, 02:35

    алал да ти е = браво - турско потекло

    патос = под

    протолкуа = објасни

    чунки = бидејќи

    аждер = змеј - благодарам за корекцијата на Каран

    занает = занимање

    делник = работен ден

    кадија = судија - труско потекло

    ефенди = господин - турско потекло

    ќеиф = желба - турско потекло

    мерак = задоволство - турско потекло

    за другиве не знам потеклото од кј им е... :hmmm:

    ...


    Последната промена е направена од Alive на Пет 10 Jул 2009, 14:05. Мислењето е променето 6 пати.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Чет 09 Jул 2009, 02:37

    навиди го потеклото на зборовите

    Sponsored content

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:46