Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Архаични зборови

    Share

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Шмугле on Чет 09 Jул 2009, 02:46

    мислам дека би требало да се потенцира дека архаичните зборови кои ги пишувате не се од македонскиот литературен јазик, повекето се од дијалектна основа.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Чет 09 Jул 2009, 02:54

    Тоа е напишано само треба некој да го прочита
    Македонскиот јазик излобилува со голем фонд на зборови кои од разно причини не влегуваат во литературниот јазик. Можеби е и срамота за толку богат јазик, официјално да изгледа многу сиромашен.
    Инаку не би биле архаични доколку би биле во литературниот јазик

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Шмугле on Чет 09 Jул 2009, 02:58

    па и тоа што викаш.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Чет 09 Jул 2009, 21:37

    aждер не значит ѓаол нити ѓавол туку змеј
    инаку зборовите Пејџ да си ги објасниш (втор пат)
    ава - воздух
    каун - диња

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 14 Jул 2009, 07:00

    Интересна работа е со архаичните зборови што на пример на некои им нема соодветен збор во литературниот јазик. Можеби и грешам а можеби и сум во право, сепак не сум филолог ама се мислам дека за зборовите ниет, сефте не може да се најде замена во литературниот јазик.
    А исто така имаме зборови со повеќе значења покрај литературниот јазик, како на пример нишани

    во литературен би значело: нишани (множина од нишан), или „Војникот нишани кон целта“
    А народот најчесто зборов си го користи во смисла на знак.

    Се извинувам доколку некој од зборовиве веќе се напишани

    киниса - тргна или замина
    сефте - најмногу ме терат накај адет, арно ама адет колку што знам јас се прави на празник
    адет - обичај
    гурбет - најчесто се користи „на гурбет“, ли би дошло на печалба
    ишарет - е сега ова се одприлика тајни знаци (намигнување, поткашлување итн.)
    чинам - користен во смисла на мислам или правам/работам

    и се думам како сум го заборајл зборов да го напишам...
    скарадни- точно не сум кабожен да го преведам, ама би требало да значи (како што ми рече еден професор) коцкарски, невистинити - „Сал Скарадни Срамни Слова“
    Сал -претпоставувате дека значи само
    Дума - збор; думам - мислам
    слово - буква, збор, говор - „слово држи Методија Патче - ајде браќа...“

    кабожен - способен (тро ми е смешен зборов, нзнам з’ш )
    јанглаш - или грешка во смисла - не си во право...
    табиет - ова не сум сигурен дали е наш збор ама значи карактер
    таин - оброк а.к.а јадење
    аберџија - гласник
    долап - во селските куќи нив вековиве наназад немало плакари, комоди и ред др работи, арно ама во ѕидовите правеле дупки (уште при градбата) за чување леб на пример
    ептен - турцизам и означува многу
    џаде - си означува пат
    мукает - е сега за зборов непара сум сигурен ама мислам дека значи внимателно, некој ако знајт нека кажит
    не удри дикат - не забележа

    Ми текна едно зборче - анџак често користен по Охрид а мислам и Прилеп
    бујрум да му најдиме превод

    post scriptum
    сега ми текна и тертиф, и за него да најдиме превод
    Вашите мислења...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Jул 2009, 11:45

    Karan напиша: ниет, сефте не може да се најде замена во литературниот јазик.
    сефте - најмногу ме терат накај адет, арно ама адет колку што знам јас се прави на празник
    кабожен - способен (тро ми е смешен зборов, нзнам з’ш )
    мукает - е сега за зборов непара сум сигурен ама мислам дека значи внимателно, некој ако знајт нека кажит
    Ми текна едно зборче - анџак често користен по Охрид а мислам и Прилеп
    бујрум да му најдиме превод

    post scriptum
    сега ми текна и тертиф, и за него да најдиме превод
    Вашите мислења...

    бооо шубаф пост Каране. алал да ми ти е, макар шо ме заинтригира сега да испроверам дан се пола од овие турцизми

    ниет е намера, да сториш ниет значи да се одлучиш да реализираш некоја намера, да не речам се кандиса, шо значи конечно се убеди, се одлучи.

    сефте е првата продадена работа по сабајле, оттука значи почеток на нешто ново, `да го напрајме сефтето`, да почниме одново, да се сефтоса-да направи нешто за првпат.

    ова кабожен и мене ме изнасмеа и ме потсети на кадарен шо значи способен за некаква работа, физичка или умствена.

    за мукает во право си, да имаш нешто на муакет значи да водиш сметка за тоа, да внимаваш

    анџак значи бидејќи, затоа што, `анџак си тука...`= кога веќе си тука, да....


    зборо Каране момче, е ТЕРТИП (макар шо и кај нас Прилеп понекош со ф го викаме) и значи распоред, начин, навики... му го знам тертипо-го знам како работи, по кој редослед, кои му се навиките


    ко сме кај него, ете го и зборо терк шо значи калап, мостра, примерок нештото се прај по некаков терк, со некаква мерка и пример.

    и мојот омилен, ујдиса, шо значи се сложи, се погоди, се согласи (работата, лујџето), пример `како се ујдисани двајацата, ништо не ги дели`. за предмети: клучо се ујдиса со вратата.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 14 Jул 2009, 11:53

    Зашто само во Припел и во Охрид колку шо знам јас убо тертиф со ф се велит
    аферим за постот инаку, а анџак кој сигурно е турцизам мислам дека и се користит како божем/демек.

    Проф по историја - „Сте се разборвале анџак на пазар сте...“
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Jул 2009, 12:02

    турцизам е секако, јас ова по речник македонски ти кажувам, од проверени извори по консултација со лектори :naokolu:

    ај некој да се проба на овие:
    ноќви
    земник
    беза

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 14 Jул 2009, 12:10

    за ноќви мислам дека е дрвен сад за квасње на лебот
    а за другите два незнам
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Jул 2009, 12:18

    точно! кој читал македонски повоени романи-знајТ :)

    ај ко сме тука, уште еден да дам

    сенкир или синкир (турцизам е)

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 14 Jул 2009, 12:50

    ѓурултија- кој е турцизам означува врева, викотница
    џева - исто турцизам е врева, или неред одприлика
    чуждо - туѓо
    свешта - свеќа


    Последната промена е направена од Karan на Вто 14 Jул 2009, 12:58. Мислењето е променето 1 пати
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Jул 2009, 12:53

    џева е неред, турканица, врева, викотници, а ѓурултија е веќе пакост, зафрканција, ујдурма да не речам хихихи макар шо ујдурма појќе се поистоветува со нештетна итроштина, афера со добри намери.

    хихихихи

    ај бе зборојте погодете гиии...Каран?

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 14 Jул 2009, 12:58

    земник - подрум, визба
    синкир (бар јас така го знам) е демек, божем
    инаку за ѓурултија да знајш не е пакост не греши душа проверив и во речник врева или викотници е
    а за то другото беза стварно немам идеја што можит да е

    п.с.

    ока
    (тур. okka) стара мера за тежина (= 1. 282 г) и за зафатнина (= околу 1 и пол литар).
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Jул 2009, 13:04

    ѓурултија значит и неред и кавга, ете и јас проверив, не е пакост.

    ај да те видам шо е зајре и ѓутуре (мислам дека се користи и кутура, ама не знам дали се со исто потекло зборојве)

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 14 Jул 2009, 13:11

    зајре - турцизам нормално, и значит храна или пак често се користит место зпршка
    ѓутуре - турцизам; одприка, се’ заедно (цело) така нешто би дошло

    си се изнапрајвме моабет на темава
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Jул 2009, 13:14

    за зајре претежно се мисли на составните продукти за праење јадење, зајре за ајвар, за манџа, за салата....

    а ѓутуре и кутура обично се користат со предлогот ПО, значи нешто количински ставаш или го кажуваш нештото по кутура, значи без конкретна мерка, од око, по видување...

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 14 Jул 2009, 13:17

    Па така некако идат за зајре иако по турски е со друго значење
    за кутура незнаев воопшто што би значело
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Jул 2009, 14:02

    ај да ве видам манук и манука, ама со конкретен пример и објаснување, молам

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 14 Jул 2009, 14:05

    Karan напиша:
    Познато е дека мајсторите од селата по Црн Дрим (ѕидари) имале свој јазик кој го користеле за меѓусебна комуникација. Најчесто за да не бидат разбрани од газдата каде што работат. Еве неколку зборови од Бошкачкиот јазик.

    манукон- или газдана
    eве еден, ама неконкретен пример
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by balAlajkA on Вто 14 Jул 2009, 14:38

    донекаде точно, да, овој збор спаѓа во тајниот јазик, обично се употребувал кога оној кој зборува не треба или не сака да му го спомне името на оној за кој се зборува (со ишарет кажано )
    обично се мисли на љубовник, газда...

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 14 Jул 2009, 23:28

    Да разјасниме бошкачкиот јазик не го зборват само мијаците ете и дедо ми го знајт ама не е од мијачко село. И не само донекаде туку и скорз е точен примерот за зборот.
    Еве пример уште еден збор на бошкачки

    жилкат - работит
    ѓале - дете
    љавит - ѕидат
    светачка - црква

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Сре 15 Jул 2009, 09:16

    кравајче - леб
    појли - по’елај - повели
    враг - непријател
    и уште два збора кој по се изгледа после педесетите години постанаа архаизми, односно
    герои - херои
    возрожденци - преродбеници; пр: „Македонски возрожденци и револуционери” (албум), Скопје.

    Е сега сум ја чул баба ми да го користи зборот поелај (со меко л изговорено) во друга смисла; не го поелај чоекот - не го трмози чоекот; не му наредувај, не му господари или така нешто

    кртоли (с. Зб’жди); кертоли (с. Локов) - компири

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Пет 17 Jул 2009, 09:58

    Зборот плот во македонскиот јазик има две значења:
    во машки род плот означува ограда, додека во женски род означува живо човечко тело.
    зборот зарзават пак означува зеленчук

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Пет 17 Jул 2009, 16:44

    Сигурно сте го чуле зборов од постарли луѓе, дедовци, баби можеби. Или пак можеби во охридско или стуршко, каде иако ретоко ама се користи. Мислам на зборот вакоско/ваковско зборов инаку означува имотот што го поседува една црква во некое село или во град.
    Уште неколку зборои од бошкачкиот јазик да запишам.
    гурит - како што имам кажано поназад јазикот на мајсторите зоборов значит доаѓат/идат; гурит манукон - идат газдана
    Или пак скиват - односно гледат; исто дел од бошкачкиот јазик; скиват манукон - гледат газдана

    Порано кога на некој начин во селата функјционирала каква таква заедница кога луѓето немале да платат со пари кај воденичарите,за сомеленото жито, тие има давале уем. Уем претставува житото (според процент) кое го следувало на воденичарот за тоа што го смелил истото.
    Исто за Ѓурѓовден луѓето се крлале, одноносно се нишале на нишалки.

    плак - стар човек
    блвање - не читајте доколку јадите значи повраќање

    p.s.
    не ме мислите за грешен шо вака сам си пишам во темава

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Morholt on Вто 28 Jул 2009, 15:39

    Кога нивата се давала по закуп на некого да си ја работи, дали за пари или за процент се велело дека нивата е под ќесим
    А пак кога овците или кравите биле доверени некому да ги паси, нормално за пари (не се мисли на овчар) се велело дека овците се на руга
    б’лдоза/балдоза - сестра на жената
    ѓумлук - збор од турско потекло што означува дневница

    Sponsored content

    Re: Архаични зборови

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:55