Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    „Лоши“ книги

    Share
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by prozaque on Пет 28 Јан 2011, 02:01

    Се гледа, се гледа.Железото дур е топло се кова. :)


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Раткапна
    Колце
    Колце

    Female Мислења : 3048
    Местолокација : На пат
    Зачленет на : 2010-08-11

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Раткапна on Пет 28 Јан 2011, 02:06

    Да во право си, само железото секогаш можеш да го прековаш, само да не се претера.:)
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Kelso on Пет 28 Јан 2011, 07:12

    Мене многу ми беше тажна Вујко Вања.
    ц ц ц каква судбина.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by balAlajkA on Нед 30 Јан 2011, 15:19

    Читањето книги е како запознавањето луѓе. И ликовите во книгата, и оние на кои се алудира, и оние на кои потсетуваат, и оние што ги пишуваат. Дури и „Направи сам“ ти кажува многу за авторот и времето во кое живеел.
    Има книги на кои не сме им биле дораснати, ликови кои не сме ги сфатиле, стилови кои не ни лежеле. Со секое такво искуство научуваме што сакаме, а што не. А тоа е многу важно во животот. Да знаеш.
    Оној што за мене е лош автор е таков само оти сум го прочитала за да го споредам со другото прочитано, па да знам. Тоа е едно од оние искуства кои мора да ги осетиш на твоја кожа, што рекле другите за него не е важно. Како ти ќе си ја интерпретираш книгата е најважно, оти нема универзална интерпретација.

    Да се навратам на книгите и нивната споредба со луѓето. Книгите не знаеме што носат во себе од почеток, исто како и луѓето. Некои тешко се отвараат на почеток,некои тупат, некои зборуваат во метафори, некои се` ти сервираат и не мора да се замараш. Има некои скриени жарчиња и во двете насоки. И нечиј пелин тебе може да ти биде мед.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Batty on Нед 30 Јан 2011, 17:47

    Значи, според тебе нема лош автор? Туку, зависи до тебе, конкретно во случајов, односно, ако книгата ја оцениш како „лоша“ проблемот е до тебе, оти или не си дорасната за книгата, или пак, дека си ја споредила со некоја друга, која ја „сматраш“ за океј книга. Ахам, разбирам.

    Според тој муабет, нема ни добри книги.

    Тогаш, што се трудите да читате и одбирате? Читајте се и сешто, без разлика дали тоа бил Достоевски или Бошко Хески. што е битно дали книгата е напишана од автор како Пушкин, или пак, со второ одделение од Југославија.

    Па така де ...

    Како запознавање луѓе било. Нема лоши луѓе? хахаха, и те како има!

    „Книгите се исти како луѓето. Не е нужно да ги знаепш сите“.

    ова парафраза на една реченица на Бранимир Штулиќ.

    Сакав да кажам

    Не мие чудно што токму ти си со таков став кон книгите. Кога е веќе јасно дека за тебе не постои „лоша“ музика. Туку постои можност да се пронајдеш во музиката или не. Ако се пронајдеш, супер е. АКо не, батали ја. Или не си дораснат, или ја споредуваш со некоја подобра.
    Ама нема подобри.

    Нема лоши книги и автори. Според тоа, нема ни добри. Се е исто, како во Сталинизмот.

    Ако, можеби така и треба.

    Системот располага така.


    Последната промена е направена од Agent Orange на Пет 03 Фед 2012, 22:48. Мислењето е променето 1 пати


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by balAlajkA on Нед 30 Јан 2011, 23:08

    balAlajkA напиша:Читањето книги е како запознавањето луѓе.

    Како ти ќе си ја интерпретираш книгата е најважно, оти нема универзална интерпретација.


    Со читање научуваме да распознаваме. Со запознавање секакви луѓе, какви и да се на почетокот учиме каков е светот и какви се`ги има. Јас зборувам за неограничувањето во читањето и градење на сопствениот филтер. Како за книгите така и за луѓето.
    А ние, па ние сме така млади!
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Batty on Пон 31 Јан 2011, 01:17

    Мене пак, ми се чини дека никаде не спомнав дека треба да им судиме на книгите какви се и што се, пред да ги прочитаме, или пак, пред да дознаеме нешто (колку толку за нив).

    Муабетот дојде до тука, поради вашите тврдења дека не постојат лоши книги, туку човекот ги прави такви.

    Филтрирање на книгите значи дека постојат лоши.

    А пред некое време, како што ме држи паметот, некој напомена дека нема лоши книги.

    Тоа, не беше штрафот на муабетот.

    Ако не се лажам.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Jas on Пон 31 Јан 2011, 08:56

    Сакам да нагласам дека книгава за која што ќе зборам ја немам прочитано. Поминав можеби 30тина измешани страници низ неа и тоа беше доволно.
    Љубовта за Ана-Иле Милевски
    Толкав недостиг на зборови, изрази, мисли, емоции немам никогаш сретнато. Можам со сигурност да кажам дека и поезијата на 5годишно дете вреди повеќе. А приказната, излишена, недокажана, проста и сиромашна. Книгава е демек препорачана за тинејџери (најверојатно авторот се поистоветувал со нив иако има 30год.), а јас никако не би му ја дала на некој збунет средношколец, може само да му ги искриви работите за вистинскиот свет. Да не должам, книгава е срање.
    avatar
    Раткапна
    Колце
    Колце

    Female Мислења : 3048
    Местолокација : На пат
    Зачленет на : 2010-08-11

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Раткапна on Пон 31 Јан 2011, 15:43

    Лоши книги се оние кои се бесцелни и досадни. И тие таквите на сите им се лоши книги. Не можи некоја бесцелна и досадна да ја сака некој.

    Под бесцелна не разбирам книга со која не можеш да попрајш телевизор, туку која има толку безвезе содржина што се осеќаш дека читаш сценарио за американски документарец за културата на американските тинејџери. Или пак како да го читаш дневникот на неродено дете(колку зборој знај детето). И тоа што цело време сакам да кажам за бесцелните книги кутрата јас е дека под то подразбирам книги кои откако ќе ги прочиташ се осеќаш неверојатно празно и глупо и сакаш да се самозапалиш што си потрошил време за книга од кога ништо не научи и која не те мувд ни малку. Се надевам разбирливо е. :)
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Jas on Пон 31 Јан 2011, 15:47

    ^ има разлика помеѓу бесцелно и досадно, може книгата да биде досадна, таков стил на пишување да има авторот, но да содржи битни особини на стварно добра книга (разговор со спиноза као на пример, едвај се натерав да ја прочитам, ама во ниеден момент не зажалив), а има и книги кои не се досадни, се возбудливи, интересни и со брзи дејствија, но немаат никаква литературна или уметничка вредност ниту пак своевидна поука. Тука може да се вметне и вкусот при избирањето или категоризацијата на добри и лоши книги...
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by глупсон on Пон 31 Јан 2011, 16:01

    Лоша книга...Хм... Лоши се оние со тврда хартија, или пак некои со мрсна хартија. Не се ефикасни. Палп фикшн книгите се колку-толку добри, ама мој конечен одговор е Перфекс...

    Не сум прочитал лоши книги, обично сум се откажувал на почеток, ама ми текна нешто. Оние шо ме бендисале, на моменти биле тапа, лоши никако, ама тупаџиски...На моменти. Пример Клетници од Виктор Иго. Во пет тома роман. Го прочитав ко помал, ама ми остана во сеќавање колку многу на моменти го тупи Иго. Пример ќе спомни некоја црква, пример, чисто онака, не толку важна информација, ама па ко ќе почни да го тупи за таа црквата на некои 50 страни, ко ќе дочиташ ти текнува дека уствари си можел да го прескокниш тоа...То ми беше муабето околу лошотилоко шо ми се појавил во книгите шо сум ги исчитал, пример.
    avatar
    KuroiKenshin

    Male Мислења : 443
    Местолокација : A galaxy far far away
    Зачленет на : 2009-10-06

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by KuroiKenshin on Пон 31 Јан 2011, 16:10

    глупсон напиша:Лоша книга...Хм... Лоши се оние со тврда хартија, или пак некои со мрсна хартија. Не се ефикасни. Палп фикшн книгите се колку-толку добри, ама мој конечен одговор е Перфекс...

    Тачно. Какви само Ср*ања се печатат на перфекс. Literally.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 26 Јан 2012, 18:45

    Книгата од книжарницата „Египетска Сонувалка“ - „Што треба секој Македонец да знае за Капитализмот“ од Нено Богдан - Бескичмењакот, Тролот, или како сакате наречете го Марионетка на Гвујо којшто е платен за тролање по блогови...

    Се е сведено на разговор пред кооперација, а и тоа е нивото на самиот автор.
    Нема никаква оригиналност, туку вулгарна и ниска, навистина ниска реторика (ако е и реторика).
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by prozaque on Чет 26 Јан 2012, 19:16

    Арамијо, како тоа Нено Богдан е марионетка на Грујо, а ваму пишува редовно во Фокус кој е отворено опозициски?



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Batty on Чет 26 Јан 2012, 19:59

    Ama dobro, Стефче прајт муабет за „вишијската“ политика на Н.Б. пред да ја сменит својата политика, односно од јули навака. Книгата, фактички, е напишана кога беше марионетка, и е директно ... знајш :D


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by prozaque on Чет 26 Јан 2012, 21:04

    Јасно јасно.Да, така испадна.

    Ама мислам дека Нено Богдан, Алекс Букарски и други едноставно го подржуваа Груевски до одреден период не поради лукративни побуди, туку поради тоа што беа/се десничари по убедување, па најдоа прилика да ни го тријат носот со нивното интелектуално дркање.Иначе Букаро ќе продолжеше да пиши раскази, а Нено Богдан ќе беше анонимус со перцепции кои ќе добиваат внимание колку нашите постови на блогот.Далеку од тоа дека и во нивното имаше некои ниски страсти за кои заслужуваат да им го закачи магаре отпозади дур спијат.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пет 27 Јан 2012, 01:01

    Сите тие такви блогери како Нено Богдан, Алекс Букарски, Виктор Трифуновски се платени за тоа што тролаат по блогови и по Колумни во весниците... Омаловажуваат Работничка класа, Стечајци, Синдикати, Левичари...Она што тие го сфаќаат како “десно„ е она што не е производ на југословенскиот социјализам. Абер немаат што е десница.

    Sponsored content

    Re: „Лоши“ книги

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:09