Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Наша поезија 2 дел

    Share
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by prozaque on Нед 27 Ное 2011, 16:40

    Добра поезија друже Тоуката'.Тематиката потсеќа малце на Ален Гинсберг, лесна нека му е црната земја.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Toecutter on Вто 29 Ное 2011, 18:13

    Anti-snob snob напиша:Добра поезија друже Тоуката'.Тематиката потсеќа малце на Ален Гинсберг, лесна нека му е црната земја.

    Thanx mate... :)

    алтернативна верзија на еден настан од една книга, која сите ја имаме читано...

    Twisted

    Please sir i want some more !
    awkward words uttered that morning
    hope for a pinch of mercy, encore ?
    line suddenly died, conscience was calling

    Please sir i want some more !
    landing on deaf ears, usual sound
    expendable soul wrapped up to go
    a thought went ahead, forehead bound

    Please sir i want some more !
    `You know me as Oliver Twisted,
    do you remember me at all ?`
    `sharpening tools, my name was listed`

    Went up from under his trousers, an Axe so blunt
    amidst brain pieces & bits, somewhat gore
    He kept on smashing, `you merciless cunt,
    would you like some more ?`
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Вто 29 Ное 2011, 20:44

    Птицо моја мала

    Летај високо
    птицо моја мала
    барем за миг посакувам
    да го здогледам сјајот
    на твоите огнени крилја
    како блескаат во мракот

    Не оставај ме
    поведи ме со тебе
    некаде во далечината
    подалеку од суровиот град
    каде на улиците
    ке гледам насмеани лица.


    Појави се од некаде
    птицо моја мала
    пополни ја празнината
    во моето срце
    далеку, далеку
    во срцето на '68.
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Чет 08 Дек 2011, 01:05

    Праисторискиот часовник

    Зошто чекорам по рушевините?
    Можеби таму ке го пронајдам
    праисторискиот часовник.
    Можеби еден мрачен ден
    моите кафеави очи ке го уловат
    праисторискиот часовник.
    Можеби моето тажно патешествие
    ке исплови на брегот
    кога моите чудесни раце ке го зграпчат
    праисторискиот часовник.


    Жив или Мртов

    Дали сум жив или мртов?
    Дали моето срце бие за победа или пораз?
    Каде исчезнуваат моите трагови?
    Каде ми е крајот или почетокот?

    Секое светло зад себе има своја приказна
    тажна или весела, сепак ја има длабоко сокриена.
    Во неа раскош и убавина или пак сиромаштија и беда.

    Куршумот кој патува во темната улица
    ја чуствува грижата или пак радоста.
    Ситни чекори на патот, со шешир на главата
    несоживеани со чувство на болка
    продолжуваат по својот пат со чуден израз на лицето.

    Секое утро носи чудни непредвидливи работи
    дожд или сонце, ветер или магла.
    Јас пак стуткан на работ од мрачната соба
    со цигара в уста и празнина наоколу
    се прашувам дали сум жив или мртов?

    Незнам дали е и поезија ова што го чкрабам, но ајде, немам соодветна тема. :)

    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Toecutter on Пон 12 Дек 2011, 01:11

    Cause

    Find me a cause, my special one
    I`m walking the walk of infinite doubt
    deliver a meaning, thy will would be done
    rescue my dreams beneath grayest of cloud

    Might find me a cause, my sweetest one
    mesmerizing objective, a perceptive shock
    mirror your yearnings the songs unsung
    at World`s disbelief, the societal mock

    Find me a net, my lovely one
    one of them chequered for bulky bulky catch
    screw all those daily, numbingly spun
    so anything netted be majestic to match

    Find me a shadow, oh beautiful one
    when daylight rears it`s obvious face
    to follow our path, hence mimicry done
    illusions backpacked with notable haze

    Find me at least somethin`, my confused one
    you know much as any, the price of the fall
    corrupt claims of glory, thy will left undone
    neither for me & much less for you, save a requiem so dull.

    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Toecutter on Пет 16 Дек 2011, 17:40

    May

    He lived in Berlin in May Forty-five,
    midst concrete rubble and dying dreams
    Volksturm`s crest on his empty sleeve
    queueing to mingle with unfortunate limbs

    They fought in Paris, May Seventy-one
    last barricade falling, young lovers in arms
    though cursed ideals she followed her man
    the firing squad blessing `nother romance

    He dwelt in Phnom Penh, May Seventy-five
    complacent a bit, warnings be damned
    future was steamrolled, lucky ones ran
    New age arrived, courtesy of reason maimed

    She drank in Khartoum, May Eighty-five
    heads impaled with hive-minded rage
    Highland Malt straight, strong as Mahdi`s strive
    Slow recollection, was that son`s head in a cage ?

    All with their reasons, perhaps even clear
    humans offering sacrifice, kneeling on the floor
    her majesty Hope it was, crowned in fear
    seldomly in mood, she ran through the back door.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by prozaque on Саб 17 Дек 2011, 21:53

    Taбла

    О табла
    Зелена и стара
    Табла без никаква мана,
    со два сунѓери до нејзе
    стуткани молчат за својот грев.
    Небото е небесно сино
    недостижно.

    -Стојкоска

    Неон-ка

    Треп, треп, трепливка
    мала грабливка
    Дур да ја запалиш долго време минува,
    а мене нервата ми ја креваш
    и кога да минеш,
    чорапите ги кинеш
    дрвата не ги цепеш.

    -Пажеска


    Тулумба
    (каде одиш)


    Твоите сочни залаци,
    твоите рибози пентозни
    цела ноќ ми будат копнеж.
    Каде и да одам
    тебе те сона
    Без тебе животов, празен ми е
    Ко празен од "Koндор".

    -Бакревски


    Празен(сендвич)

    Компирчиња - наредени ко војничиња
    во лепче бајато, на мрсен тостер манато
    Салата тазе направена вчера
    Нешто ми чкрипи - масло нема.

    -Стојчевски


    Дунав без лебеди

    Твоите води се мирни сега
    О, Дунаве јадеку твоите лебеди ги снема
    Каде ли е сега твој Божји дар
    твоите лебеди, цврчат на жешкиот жар
    О, какви ли се тие лебеди твои
    што летаат во мислите мои
    Дунаве, Дунаве жити оревите
    кај ти се лебедите?

    -Стојкоска


    Чевел


    Бел чевел со црни врвци
    црн чевел со бели врвци
    Чевел без врвци
    ти е како шумар без секира.
    Ебати песната дрска
    кога стиховите се без врска
    И шо бара чевело во блиската трска
    кога без врвци тој е
    а од ѓонот кал насекаде прска

    -Бакревски


    Супер Бабичка (посветено на професорката по англиски)

    Ако наминеш ти во сколијата наша
    не очекувај на Англиски да се прајш паша
    Нејзиното име - крик во зима ладна
    а Лиле кај неа на испит падна
    Низ наочари те следи поглед мек
    Не прај галама - часот е во тек.
    Некогаш беше девојка, уба млада
    За шеќер и накит таа страда
    Дал обетки за уши сака
    Дал нејзината ризница бижутерија бара?
    Не, не сака обетки гнасни
    ниту сака пластики красни
    Таа накит за едно нешто го бери
    красна статуа пред Медицинско да крени
    Која си ти супер-бабо, зошто навечер само икам?
    Анастасија Прчкова, така се викам!

    -Стојчевски

    Димче (по физика разбира се)


    Ах тој Димче
    ах тој Димче
    Главата го боли
    му треба аспиринче
    Сака многу да предава
    ама никој од газ не го мава
    Абе Димче будала главо
    шо кур се мачиш
    Кога никој не те гледа в очи право.
    20 души на час нема,
    а ти си запнал за новата тема.
    Некој ден че му се смачи,
    неоправдани че качи
    Сите че летаме
    во паркот че шетаме.(ако спијам :) )

    -Пажеска

    Дела на поетскиот колектив "Душко Краткоушко" oснован на досадните 6ти и 7ми часови поручек, во лето Господово 2007мо.Прва година средно значи.Good memories.





    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Nemo
    Капетан
    Капетан

    Male Мислења : 1412
    Местолокација : пред фЛижидер
    Зачленет на : 2010-03-24

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Nemo on Нед 08 Јан 2012, 23:03

    и јас имам средношколска поезија
    иде вака:

    Песна за Ботка
    (Ботка по латински)

    "Pretty" woman
    walking down the street..
    Ботка е нашата смотка,
    по цел ден оди како мотка..
    Кога таа оди, се паѓа, се се руши
    на последните часови почнува да се гуши,
    а дома скришно цигари пуши.
    Од нејзините "прекрасни" црти
    нам во стомаците ни се врти..
    У црнината спас бара,
    ко кокошка крека кога се кара..
    Како и да е, што и да кажеш,
    само кажи ни Ботче кога ќе се омажеш?
    тхе енд

    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Чет 19 Јан 2012, 11:53

    Пронајди ме во студениот град,
    и побарај го мирисот на слободата.

    Отвори ги моите чувства,
    и шетај по нивните улици.

    Фрли поглед накај мене,
    измами ги моите очите.

    Чекори низ степите,
    таму ке го почуствуваш моето его.

    Лажна е топлината околу нас,
    надежта е твојата мајка.

    Знаеш дека си предводена
    од илузиите на општеството.

    Управувај со клучот на иднината,
    подари им на овие луѓе на перонот парче светлина.

    Уништи го стравот од староста,
    немаш време уште еднаш да газиш на ова тло.

    Зграби го воздухот во твоите ладни очи,
    фрли ги мостовите кон неправдата.

    Заталкај во мојата градина,
    таму ке те пречекаат блудните птици.



    Оваа е прво нешто што го напишав придружено со светлина. :)

    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Сре 07 Мар 2012, 23:49

    Мрачни Игри


    Темнина во твоето тело.
    На работ од ноќта
    ги одбројуваш деновите
    кои потсетуваат на победа.
    Испревртени лузни на челото
    летаат кон храмот на слободата.
    На патот разиграни и насмеани деца.
    Стаклени очи го набљудуваат
    заробеното срце во градината.
    Чудесни луѓе на крајот од градот.
    Ја носиш тежината со себе.
    Твојот ѓердан распрскан
    на мокриот асфалт.
    Злото е околу нас.
    Добрите книги исчезнаа
    заедно со летниот дожд.
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Сре 28 Мар 2012, 00:06

    Тешко е да ја пронајдеш својата омраза сокриена во зората.
    Тешко е да дојдеш во допир со луѓето наоколу.
    Тешко е да ги затвориш портите на мирот пред разбеснети лица.
    Тешко е да го почуствуваш лаежот на кучиња скитници.

    Кога ке ги фрлат твоите мисли во заборавениот поток
    остани каде што твоите нозе беа на почетокот
    бидејќи на твоето лице царува една разиграна градина.
    Слободата не е птица која го шара небото
    неа неможеш да ја допреш со рацете ниту да ја почуствуваш
    во една тажна приквечерина.
    Кога ке почуствуваш промена на твоето лице
    ке ја почуствуваш и грдотијата на светот.
    Кога ке паѓаат змии отровници од небото
    ние заедно прегрнати ке ја здогледаме правдата наоколу
    која некои извалкани лица ја зборуваат секојдневно.

    Зошто бараш огнена страст во себе?
    Зарем не е поубаво да запловиш во матните води
    благодарение на некои луѓе што ги имаме.
    Зарем не би те посакувал некој во ноќта
    со неговите скапи чевли и купена харизма.

    Лесно е да паднеш и да се искачиш на врвот.
    Лесно е да кружиш низ светот на бајките.
    Лесно е да ја бакнеш божјата рака.
    Лесно е да почуствуваш немир во твојот кревет.

    Тешко е да пловиш низ некои матни предели
    доколку незнаеш каде се наоѓа почетокот или крајот.
    Или пак лесно е?
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Robby on Нед 01 Апр 2012, 03:34

    После подолго време пауза составив нешто..


    Дали..



    Дали е сон
    убавината на ноќта
    или само недофатлива сенка ?
    Дали е времето вечно
    а часовникот негов таен сведок?
    Дали е љубов
    погрешното љубење или
    ненадејна грешка ?
    Дали е болка вистината
    или само рационална средба?
    Дали е минатото пролетен лист
    што чека есента да го собори и уништи?
    Дали е крај на животот
    кога само солзите го чувствуваат
    залезот на душата ?
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Phoenix on Сре 16 Мај 2012, 16:07

    така си е тоа во поезијата , како канаринците кога имаат тури за пеење.. поетот пишува пишува па го фаќа некаква си блокада не може да склопи два стиха и ете ти пак од ново бура од идеи и стихови....

    Дали има убави стихови и прашалници , но пробај да напишеш песна со одговорите од овие прашања сигурно убаво ќе испадне ..



    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by prozaque on Чет 17 Мај 2012, 03:21

    Phoenix напиша:така си е тоа во поезијата , како канаринците кога имаат тури за пеење.. поетот пишува пишува па го фаќа некаква си блокада не може да склопи два стиха и ете ти пак од ново бура од идеи и стихови....

    Дали има убави стихови и прашалници , но пробај да напишеш песна со одговорите од овие прашања сигурно убаво ќе испадне ..




    Поетот пишува кога има нешто на ум за дрпање.Во спротивно игра Нинџа Фрут на андроид телефон.21 век нема време за стихови на салфетка, оти со неа луѓето само газот си го бришат.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Robby on Чет 31 Мај 2012, 16:00

    Сонцето експлодира во сон
    воскреснувајќи ја мртвата ноќ.
    Хоризонтот врие од перцепирање
    на емоциите што ги испушта
    возбуденото, младо езеро.

    Потаму една скаменета фигура
    оставена да молчи
    сред хаосот од мозочни ерупции.

    Видов истурено кафе
    врз небото и
    безброј недовршени
    утрински песни.

    Додека денот еднаш трепнува,
    универзумот доживува нирвана
    и заминува во некој простор
    без владетели и робови.


    30/05/2012
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Пет 20 Jул 2012, 01:25

    Чистокрвна поезија од темните води на умот

    Машина за перење

    И сончевиот зрак
    веќе не е ист
    И бројот на идиотите
    се зголеми
    и бројот на среќните уметници
    исто.
    Машината за перење
    ефикасно ја врши својата работа
    со години и години...
    Лажни ветувања, лажни другарства
    лажни богови, лажни новости...
    Нашминкана поезија, со тон бесчувствителни
    стилски фигури,
    лесно прифатлива и со гордост ценета
    од уметничката сцена...
    „Си читал некое дело на Коељо, Достоевски, Толстој или пак Шекспир“
    Секој трет стана глумец
    а Џони Деп стана негов втор татко.
    „Го имаш гледано новиот филм со Вин Дизел во главна улога“ или пак
    „Ја виде Натали Портман како мастурбира во Црниот Лебед“
    А пак некои се претворија во рокери.
    Главни бендови во главата им се Дорси, Пинк Флојд, Цепелин, Металика и секако Нирвана
    со нивните големи хитови како додаток во пакетот испорачан од машината за перење...
    „Што мислиш за новиот албум на Пеперси?“, „Виде како Џим го извади курот на сред сцена?“,
    „Пинк Флојд во комбинација со таблетки, убавина“, „Сид Вишас е цар“, Се прашувам дали пак имаат слушнато нешто
    од Џони Ротен или пак кој е тој?
    „Ти Рекс, да имаше еден рапер“, „Џими Хендрикс е закон, секогаш бил дрогиран“,
    „Боже врати ни го Курт, а ние ке ти го подариме Џастин.“
    Дефиниција за уметници кои не припаѓаат на ова општество а воедно пишуваат, свират и цртаат од се по нешто. Неверојатни луѓе, такви само еднаш се раѓаат.
    Анархија, Пистолси, Паганизам, Хомосексуалност, Класицизам, Романтизам, Будизам, Сатанизам, Медитација и Филтер 57, добро понекогаш и скришно Мартини.
    Дефиниција за Андерграунд луѓе.
    Излегуваат во јавност за да бидат забележани од кремци, скутерџии, шмекери и слични дека тие се деца на подземјето.
    Лудило во круг.
    И нештата кои блескаа и значеа некогаш, полека нивното име тоне во калта.
    Јас сум под нив и ке бидам засекогаш под нив за некои луѓе.
    „Стефан колку е xy2+zy3?“
    „Треба некогаш да го провериш коефициентот на твојата интелегенција.“
    „Ти пишуваш? Ако остане време ќе ја прочиташ твојата песна.“ Нормално тука
    се учениците со одличен успех, тие имаат предност да ја претстават својата поезијата за непрежалената љубов пред
    старите искусни поети кои го љубат општеството со партиска књишка во џеб.
    „Сеуште пушиш трева?“
    „Си пробал некогаш таблетка?“
    „Не пуши веќе трева и така целиот си исушен.“
    „Ни грам знаење немаш.“ Секако дека немам, наредната година ќе купам црн капут и качкет, можеби тогаш
    ќе кажат дека паметот ми дошол.
    Утре ќе завршам факултет, ќе држам во рацете партиска книшка, ќе најдам пристојна работа преку врска, ќе формирам семејство, и ке бидам нормален како и сите нив.
    Или ќе барам слава и пари преку уметноста за да успеам да раширам што повеќе нозе.
    Ноќта полека си одминува
    научив уште една значајна работа
    пронајдов уште еден пат, уште една идеја
    убаво е да имаш некој, на кого можеш да му пееш се
    убаво е да веруваш во некој.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by prozaque on Пет 20 Jул 2012, 16:41

    Гинсберг влијанија а?

    Ептен ми се допаѓа.Луцидна нарација што допира во сржта на модерниот блуз.На модерниот македонско-балкански блуз.Кој е најмалце три-скалила полуд од онаa придавка на Америте:apeshit crazy.Тешко на хиперсензибилните осамени маргиналци.



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by PantomimoS on Пет 20 Jул 2012, 19:22

    Me like it. :) Браво.
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Саб 21 Jул 2012, 01:42

    Мило ми е. :)

    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Toecutter on Сре 19 Сеп 2012, 00:42

    Сатан Панонски напиша:Време е!

    И го гледам
    како тоне,
    како пропаѓа
    тоа чудо
    наречено свет,
    скаменет отстрана
    впивам бес,
    опоен отров
    кој сеуште ги
    разгорува и последните
    огништа од минатото;
    верба во човешто,
    време е!
    Време е да знаат сите
    на која страна припаѓаат,
    време е многумина
    да ги скинат маските
    од нивните извалкани лица,
    да навлезат длабоко
    во сопствениот мозок
    и да запловат по него,
    а не да гледаат
    што има во него,
    што се случува таму.
    Моќта е во туѓи раце,
    моќта е зло
    истурено пред нашите нозе.
    Господине Семоќен,
    ќе ве запрашам оваа ноќ,
    како можете радоста
    да ја чувате само за себе
    а останатите да тагуваат
    дали вие сте природно радосни,
    дали вашиот вештачки лек за радоста
    ке потрае уште кај останатите,
    до кога веќе ќе сервирате
    вештачка храна на трпезата.
    Тие среќни се;
    живеат спокоен живот,
    скромен или богат,
    нивната глава
    исполнета со вашите седативи,
    се прашувам кога ќе се разбудат
    во реалноста,
    кога ќе разберат
    дека тие всушност
    се тажни во оваа дупка.
    Потребно е оружје,
    потребен е поход,
    вистинска битка,
    а не празни зборови
    од умот на некои
    капиталистички уметници
    и пароли на секој чекор
    кои гласат
    „Потребна е промена!“
    и кои жарат со нивната
    примамлива позадина.
    Здосадено ми е веќе од тоа,
    здосадено ми е да ги гледам
    на сцена
    како се закануваат
    со празен пиштол,
    здосадено ми е
    од тие смрдливи хипици,
    дечишта лоботимирани
    кои дигаат два прста
    со вештачки мозок,
    здосадено ми е и од тие
    анархисти, панкери
    кои во рацете држат ајфон,
    тие рокери, металци
    што проповедаат
    промена, глобална промена,
    исчезнете!
    Фрлете ја маскатата
    од лицето,
    не глумете дека
    вашето лице е чисто,
    не глумете свесно.
    Време е!
    Време е за борба,
    но за кого!?

    Господине Семоќен
    каде да пронајдам
    парче моќ?!

    Don't ask for whom the bell tolls, it tolls for thee :)

    Добар спој. Пресек помеѓу искрена резигнираност и гневот кој отстапува место to the former.
    Nicely put. Good stuff.
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Сре 19 Сеп 2012, 00:48

    Thanks. :)
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Phoenix on Чет 25 Окт 2012, 16:57

    Кога животот ми се претвори во ....

    Мирис на застојани спомени,
    вазна полна со промени
    Надеж за подобри денови
    и некои чекори незамисливи.

    Магија од твојата кафена коса
    Солзи од твоите убави очи
    шепот од усните
    и допир врз сенките

    Сенките од минатото
    Помешани во умот и срцето
    на секаде мисли за тебе
    болка која вгрло ме гребе.

    Мижам јас како куче непрогледано
    мислам на нашето минато
    плачам за грешките низ времето
    коса кубам за загубеното.

    Не сакам повеќе да мислам
    почнувам забрзано да дишам
    Се гледам во иднината
    и пак тебе таму те има.

    По ѓаволите нека оди се
    не се чувствувам слободен
    јас сум во стеги заробен
    од спомените приклештен.

    Седнувам да јадам леб јачменов.
    Тебе те гледам до мене на столот.
    Седнувам да пијам чаша сок
    ти ми тураш неспокој.

    Ловам тажни песни ноќва
    затворен во мојата соба
    Посакувам да одлетам
    од тишината да занемам.

    Да престанам да те барам сакам
    љубов е ама што да направам....
    Омразата твоја пече како гола рана
    А јас да се вратиш барам.

    Што ќе си ми изладена
    од туѓи зборови измамена
    Што ќе си ми незадоволна
    од љубовта исплашена


    Што ќе си ми затворена
    од љубовта изморена

    Што да посакам од бог
    дали тебе или да го снема бесот
    да седам мирен повторно
    да гледам се расцветано..

    Есен ах сурова есен
    ми велиш ти си паметен и чесен
    А јас се изгубив во добрината
    полека престанувам да сонувам

    Не можам ни да заспијам
    почнав од светлината да се кријам
    шилци во грбот ме бодат
    кога ќе помислам да те молам

    оди си или дојди ми..
    оди си или проговори.
    одиси или прости ми..
    дојди ми или замолчи.
    Насмеј се и гушни ме!!
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Phoenix on Чет 25 Окт 2012, 17:02

    Цветови

    Ти подарив бел цвет кога бев изгубен
    ја отворив капијата на моето срце
    почнавме да плетеме љубовен венец
    прекрасна беше и кога само молчеше

    Ти подарив розев цвет кога бев радосен
    за прв пат осетив пеперутки во мене
    Беше прекрасна , мистична и нежна
    на сон и на јаве беше мојата принцеза

    Во косата ти закачив жолт цвет пролетен
    престанав да се чувствувам осамен
    заедно пливавме како галеби б ели
    немаше за нас никакви поделби

    Од рајската градина скинав цвет црвен
    за прв пат бев вистински заљубен
    Заедно треперевме како светулки во ноќта
    чувствувамве колку е убава љубовта

    Се срушив како карпа во матна вода
    овена цветот црвен одеднаш
    Љубовта наша престана да грее
    повеќе нема оган , само жарче што тлее

    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Сре 19 Дек 2012, 22:35

    градот изутрина сиот расчекорен,
    сите трчаат некаде, сите сакаат да имаат простор за себе
    на оваа планета, оваа море полно со ајкули
    каде излез нема, всушност само слабите го бараат излезот,
    некој го добива и заминува некаде,
    другите уживаат и тагуваат во минливоста,
    тешки времиња доаѓаат и си заминуваат
    човечкото битие искористува или пак се обидува да искористи
    секоја туѓа грешка, потег, отворени врати за успех, врв,
    со крвава и темна позадина по патот,
    тоа е тажно, како крикот на некое животно
    удрено од човечка рака,
    кој нема барем капка душа,
    во себе никогаш нема да го почувствува тоа!

    дел од некоја поема, кога удирав по тастатурата со капка надеж.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by prozaque on Чет 20 Дек 2012, 01:08

    Сатан Панонски напиша:градот изутрина сиот расчекорен,
    сите трчаат некаде, сите сакаат да имаат простор за себе
    на оваа планета, оваа море полно со ајкули
    каде излез нема, всушност само слабите го бараат излезот,
    некој го добива и заминува некаде,
    другите уживаат и тагуваат во минливоста,
    тешки времиња доаѓаат и си заминуваат
    човечкото битие искористува или пак се обидува да искористи
    секоја туѓа грешка, потег, отворени врати за успех, врв,
    со крвава и темна позадина по патот,
    тоа е тажно, како крикот на некое животно
    удрено од човечка рака,
    кој нема барем капка душа,
    во себе никогаш нема да го почувствува тоа!

    дел од некоја поема, кога удирав по тастатурата со капка надеж.

    Браво. Се чувствува напредок во изразот. Овој извадок и "Време е" e најдоброто што сум го прочитал од тебе.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Sponsored content

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:41