Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Наша поезија 2 дел

    Share
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Пет 04 Јан 2013, 23:48

    Фала брат. Свесен сум за напредокот како и во секоја работа кога ке навлезеш ќе вложиш труд резултатите излегуваат на површина, инаку последниве 4-5 месеци имам напишано доволно парчиња но ете ме нема ни тука ни таму и затоа не ги фрлам.


    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Batty on Чет 10 Јан 2013, 03:11

    Тhe boy with Liverbird on his chest


    Half a man, half a deity
    And still mortal,
    Pursuing his goals
    Pretending that he is just a human ….. And
    Yes, the chosen one.

    Brightness glittered from his eyes,
    Intelligence, wisdom, serenity ….
    Reality was just an illusion for him.
    The truth he was seeking.
    Hours,
    Days
    And
    Years.

    “Go for your dreams!” – One voice dinned into his ears.
    “Kindle your heart and let it shine in the darkness.”





    Ова исто ко во Das lieben der anderen

    Не е моја, за мене е!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Printers and faxes on Пет 11 Јан 2013, 18:26

    Лебед под гулабот.

    Хах, ти и твојте идеали, слобода за секому
    животот ти е посветен на анархизам, никој од никого не зависи
    Твојот сон е тоа, што ли си мислат твоето куче и гулабот во кафез
    Немаат свест велиш, да но... каде е твојата идеологија
    Лебедот се дави, видете во водата... Кажал тој на шала
    Лебедот се дави, видете во водата... токсична вода, нема шала

    Ако љубовта ја замислуваш како најубаво чуство во светот
    зашто, ohh tell me зашто се плашиш да се вљубиш
    Самиот, ти се прашуваш за тоа, одговорот велиш дека е...

    Ние луѓето, еднаш се вљубуваме, но онака, вистински сакаме некого, со цела душа
    Мислиш дека причината е тоа, што не можеш да си ја најдеш љубовта, одамна загубена
    Не, велиш не ти е скршено, само го зема и го скри срцето, некаде, далеку.

    Веруваш во подобар свет, полн со љубов и слобода, со неа заедно, која?
    Веруваш во идеологии, сакаш да се промени светот
    знаеш дека најпрво треба да се промениш самиот

    Слободата е како жена, земи ја.
    Жената е твоја, сакај ја.


    ***************

    Врска неам зашто тука пишав, незнам зашто го пишав, али, и не ми ни е гаље :D
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Сатан Панонски on Саб 12 Јан 2013, 00:49

    Браво Фрили, терај напред, пукај што ќе ти дојде прво на умот директно, така зборовите ќе останат цврсти и секогаш ќе стоиш зад нив и претпоследниот стих со тек на времето ќе исчезне „Слободата е како жена, земи ја.“.

    Еве и нешто мое целосно, поново.

    Звуците од градскиот метеж,
    смеата од преполните барови
    со часови и денови
    удираат во мојот прозорец,
    посакувам таа бука
    да ја испратам некаде далеку
    од моите валкани чевли,
    далеку на некој пат
    без повратна карта.
    Ме вознемируваат гласовите
    од мојот дом,
    посакувам да ги згмечам
    и да ги заборавам на некој рид,
    заспиваат тивко, се будат одеднаш
    како преплавени од ненајден бран.
    Сега е длабока ноќ, тука е моето јас,
    тука е моето тело,
    пловам низ неа, создавам,
    ја користам умешно храната
    додека ја слушам тагата
    на некој залутан пес
    долу на улицата.
    Ги склопувам очите и
    посакувам да се појават
    ангелски крилја извалкани
    со добро парче земја,
    да ме однесат далеку
    во нови ридови, нови темнини,
    да ги почувствувам боите на убавината,
    мирисот на волшебните и темни улици.
    Тука возот единствено патува
    кон долниот колосек,
    тука возот е мудро исполнет
    со хармонија, мир и слобода однадвор,
    но во внатрешноста е вистински пекол,
    таа чудна машинерија, тој чуден живот,
    полн со граници, полн со лажна убавина,
    низ неговите ходници
    се што гледам, се што пијам, се што дишам
    е обична смрдеа, преполни вагони,
    борба за стравопочит, борба за пари
    и се друго што минува низ твоите очи,
    нов перон, ново битие.
    Необичен ходник, се вртам во него,
    скаменет отстрана ги гледам
    лицата на останатите,
    некогаш одам наоколу
    и го претворам ужасот
    во убавина барем за миг,
    тоа е и возбудата, тоа е и авантурата,
    барем за час, барем за ден.
    Нов перон, ново битие.
    Нов перон, ново битие,
    нов перон, ново битие.

    8 Ноември.
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Printers and faxes on Саб 12 Јан 2013, 12:27

    Фала за поддршката ман, секому му е потребно тоа срање... Како и да е, човеку, јас тебе ти симнувам капа... Језда, мислам дека е симната одамна xD


    Последната завеса

    Се качив во планината старецу, те барам тебе
    Се качив пак, за да те сретнам
    си бил наоколу, кажи, како е?
    кажи ми какво е чуството онаму, на запад
    кажи што е поразлично од овде, што не е
    Хм, слично со разлики? што сакаш да кажеш?


    Ако сакаш да бидеш прероден, дали би го сакал истото знаење пак
    велиш дека последната завеса е тргната, сега гледаш се...


    Борба, борба, борба... кажи старецу, што има во тоа убаво- ништо!
    сите се бориме за слобода, никој не знаеме што е тоа
    ти старецу, се качи тука, изолиран од се, нејќеш никој
    успеа во нешто што ретко кој може, ја тргна последната завеса, и се разочара

    Кажи ми старецу, што виде, од што се разочара?
    кога ја тргна последната завеса?



    Што уствари значи тоа?
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Robby on Нед 03 Мар 2013, 20:46

    последно нешто рандом ..


    Овде нема ѕвезди,
    Овде нема погледи,
    Овде нема воздишки,
    ниту солзи,
    ниту постела,
    ниту месечина.
    Овде нема копнеење по убавина,
    ниту гнило јаболко,
    ниту ранета птица,
    ниту девојка со разголено тело.
    Овде нема јазик на љубовта,
    ниту хоризонт што гори,
    ниту едноок чувар.
    Овде не барај ништо,
    само надевај се дека
    истото еден ден ќе го сонуваш.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Batty on Вто 04 Јун 2013, 17:06

    Небитна

    Девееспетта
    сите тројца на наше жало
    Демек сонив или сега сонам
    Реков видов нешто вакво од јаве
    На сон синоќа детска фантазија
    Дали имам бујна имагинација или
    Лажам едно те исто велат
    Братот вели лажеш за џекштина
    Стари вели знам вчера кажа
    вистина


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Sponsored content

    Re: Наша поезија 2 дел

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:11