Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Кина - Идна светска суперсила?!

    Share
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 12 Jул 2009, 19:52

    Во 2007 година Кина ја симна Немачка од третото место, во 2015 година ќе ја престигне Јапонија, а во 2041 година САД и ќе остане единствена суперсила.
    Останува фактот дека Америка се повеќе се задолжува кај Кина.
    Глобалната криза и служи на Кина и дефинитивно да се воспостави како регионална сила. Сега имаат 2 трилиони долари со кои можат да ги изнакупат западните компании. Додатно, Кина се повеќе ја гради својата армија.
    САД немаше 700 милијарди долари, туку тие пари ги позајми од најголемиот идеолошки неопријател – Кина.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Batty on Пон 13 Jул 2009, 18:59

    До 2041? Ауф, здраво живи до тогаш.
    Јас мислев дека во поблиска иднина се „планира“ Кина да „завладее“ со светот. Далеку е (релативно) 2041, за нас. Идеолошки и стратегиски за државите е многу мал период.

    Сметам дека и тоа како Кина се афирмира како супер сила, на воен и економски план.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 13 Jул 2009, 19:58

    A ништо чудно и поблиску Кина да завладее со светот. Еве по цели 60 години успеа да ги обнови односите со Тајван и ќе го врати под нејзина територија ако треба дури и под јурисдикција.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 20 Jул 2009, 21:22

    Пред 15 години кога во Кина се умираше за леб, јас реков дека овие жолтиве ќе го надвладеат светот, така бидна сите се плашат од Кинеската конкуренција, вака и Македонија треба да научи како се прави се навлекуваат странски инвестиции, се вработува народот на плата од 200 евра, се до доведување на невработеноста на 0.
    avatar
    Bender
    Bender Bending Rodrigez
    Bender Bending Rodrigez

    Male Мислења : 19228
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Bender on Саб 19 Сеп 2009, 11:12

    zaptija stojkovski напиша:Пред 15 години кога во Кина се умираше за леб, јас реков дека овие жолтиве ќе го надвладеат светот, така бидна сите се плашат од Кинеската конкуренција, вака и Македонија треба да научи како се прави се навлекуваат странски инвестиции, се вработува народот на плата од 200 евра, се до доведување на невработеноста на 0.

    Види сега неможеш да го споредиш нашиов народ во споредба со кинезите сепак се тие милијарда и кусур а ние едвај 2 милиони,таму сакал неќел ќе работиш за ситни пари и тука веднаш се прави конкуренција на скапиот пазар со вметнување на ефтини производи со што иаку ќе нудат многу шкарт роба та ќе биде достапна за сите како што можеме и сами да забележиме по продавниците за кинеска роба ,па заптијо многу е 2041 побрзо ќе станат светска сила кинезите....


    ---------------------------------------------------------------------------
    Hey sexy mama, wanna kill all the humans?
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 19 Сеп 2009, 17:14

    Инвестираат Кинезите, каде што е потребно.. (во енергија, и руди)тоа се девизни резерви на кина проценети над 2 трилиони долари..

    Кинезите моментално се наоѓаат во Африка, и го потполнуваат вакумот на инвестициски фондови на помалите, но богати со руди држави; Кенија, Нигерија..
    Европската банка и светската банка порано им даваа пари на овие држави, но поради коруптивноста на Афричките земји и нивните лидери тие не ги покажуваа своите економски извештаи да се види каде тие пари се инвестирани. заради тоа фондовите беа и прекинати.. Тоа го искористи Кина, и со не толку прашања и потпрашања, го финансираат африканскиот континент во замена за гарантирана експлоатација на овие богатсва нафта, руда
    Тоа пак им смета на Америка и Европа, па гледаат да ја исфрлат КИНА како играч од Африканскиот континент.. Самите така неречени „пиратски„ заседи, во денешен свет на GPS и радари се многу смешна работа, и наликува на Фингиран контролиран НЕмир на овој континент, за таа цел.. според методите со кои се водат овие немири може лесно да се открие кој стои позади овие фингирања..
    Кина има над 700 милијарди долари во инвестициски бондови во САД и од пред Обама, уште од времето на Буш важи за еден од главните купувачи на бондови, државни обврзници во САД. Се до пред еден месец тие и имаа некоја гаранција, дека таа вредност и ќе остане.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by balAlajkA on Пет 25 Дек 2009, 16:33

    Да не отварам посебна тема, муабетов можи да си влези под Кина.

    Државата на судење затворено за јавноста го осуди на 11 години затвор Лиу Сјаобо, кој се смета за дисидент бидејќи пишувал есеи во кои ја критикува владејачката Комунистичка партија и повикува на соборување на власта со радикални реформи.

    Во 1989 Лиу учествуваше во студентските протести, кога доби 20 месеци затворска казна.

    Пресудата му беше изречена и покрај меѓународните повици за негово ослободување. Меѓународните групи за заштита на човековите права остро ја осудија одлуката на судот, нарекувајќи ја „потсмевање на правдата“.

    Што мислите, колкава (if any) транспарентност имаше во случајов?
    Осудувате или оправдувате?
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пет 25 Дек 2009, 16:55

    balAlajkA напиша:Пресудата му беше изречена и покрај меѓународните повици за негово ослободување. Меѓународните групи за заштита на човековите права остро ја осудија одлуката на судот, нарекувајќи ја „потсмевање на правдата“.
    Меѓународната заедница не е таа што треба да одлучува за тоа дали Кинеските власти некого ќе осудуваат или не.
    Во Кина ваквите повици се оценети како непристојни поради тоа што преставуваат мешање во внатрешните работи.
    avatar
    Татко му на Стен
    Б Р К О
    Б Р К О

    Male Мислења : 6543
    Местолокација : New York City Hall
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Татко му на Стен on Пет 25 Дек 2009, 17:22

    balAlajkA напиша:
    Пресудата му беше изречена и покрај меѓународните повици за негово ослободување. Меѓународните групи за заштита на човековите права остро ја осудија одлуката на судот, нарекувајќи ја „потсмевање на правдата“.
    Што мислите, колкава (if any) транспарентност имаше во случајов?
    Осудувате или оправдувате?

    Која транспарентност бе? Зарем Американциве кога ќе осудат некој,на секое даваат извештаи за тоа што,како и кого осудиле? nervozen Кинезите ќе си судат кого сакаат и како сакаат,тоа е нивна внатрешна работа.И зошто секогаш овие повици од меѓународната заедница се упатени накај комунистичките земји?Кога последен пат некој ја осудил Американската "безгрешна" политика?
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by balAlajkA on Пон 28 Дек 2009, 16:23

    деее не ме тепај мене, јас само поставив прашање и напишав убо IF ANY.
    а што мислите колку беше правилна/праведна осудата и пресудата воопшто, без разлика на вмешаноста или не на земјите од надвор?
    avatar
    Татко му на Стен
    Б Р К О
    Б Р К О

    Male Мислења : 6543
    Местолокација : New York City Hall
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Татко му на Стен on Пон 28 Дек 2009, 17:07

    Не те тепам тебе,туку медиумите кои ги преувеличуваат ваквите настани. Секогаш имало вакви пресуди,некогаш праведни,некогаш неправедни,тоа не можеме да знаеме. Ете да ги земеме на пример смртните казни,кои сеуште постојат,и во Америка и во исламските земји,каде и за најмала грешка,може да ти биде одземен животот.Зошто никој не крева толкава прашина по тоа прашање,туку секогаш ваквите осуди се насочени само кон комунистичките земји.Ова нема да е ни прва,ни последна ваква случка
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 28 Дек 2009, 20:57

    Америка соли памет на другите држави за човекови права, а тие се апсолутни рекордери по број на извршени смртни казни.
    А Америка треба да престане да се занимава со човековите права во други земји. Измислуваат дека не се почитуваат човековите права и отвараат војни.
    avatar
    Татко му на Стен
    Б Р К О
    Б Р К О

    Male Мислења : 6543
    Местолокација : New York City Hall
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Татко му на Стен on Пон 28 Дек 2009, 20:59

    Америка води војни зад маската "борци за човекови права", а всушност се борат за придобивање на природни ресурси и нивна експлоатација,како што е случајот со Ирак
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 28 Дек 2009, 21:59

    Па кога ја почнаа војната 2003 година во Ирак тоа било демек заради диктаторскиот режим на Садам.

    А Ако Америка е толку супериорна спрема Кина нека најдит некој изговор за да ја нападнит.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Batty on Сре 30 Дек 2009, 22:25

    Кина има право на спроведување на системот кој го наметна. Има кој да се побуни ако нешто не е во ред. Што им е гајле на “демократиите“ низ светот што прави Кина со својот народ ...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 02 Јан 2010, 13:44

    Па време е веќе за промена. Долго време Америка ги влечеше сите за нос, сата светска сила со уцени, закани, шпиунажа, убиства, распаѓање на држави, лаги, корупција...Само да знае светот на што е спремна Америка за власт и доминација во светот.
    Во еден Американски извештај пишува дека Кина не само воено туку и екомоски претставува закан за САД, и до следните 20 години на секој можен начин Америка треба да го спречи тоа. Како ќе го решат тоа прашање? Америка не знае поинаку освен со војна. Но како што е наталитетот во Кина во 2030 година Кина ќе биде Кина и пол. И нека свата Американците: Дојде време Лидерството да го препуштат на други.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 31 Јан 2010, 18:18

    Одлуката на Вашингтон на Тајван да му продаде оружје во вредност од 6,4 милијарди долари во Кина е дочекана на нож и со остри реакции.

    Официјалниот став на Пекинг е дека Сад тврдоглаво носат погрешна одлука. Кинеските власти денеска на американскиот амбасадор во Пекинг му врачија протестна нота во која се вели дека ваквата одлука на Вашингтон ќе има „сериозно негативни последици“ врз и онака разнишаните односи меѓу двете земји.

    „Продажбата е дел од обврската која ја имаме, Тајван да го снабдиме со одбранбено оружје. Не се консултиравме со Кина пред да ја донесеме одлуката, само ги известивме“, изјави Филип Кроулеи, помошник секретар за односи со јавност на Сад.

    „Одлуката да ни се продаде оружје ќе ни помогне за нашата одбрана и ќе допринесе да имаме повеќе доверба“, изјави Ма Џинг Јеу, претседател на Тајван.

    Аналитичарите предупредуваат дека ако продажбата се реализира, Кина ќе има изговор да го забрза тестирањето на оружје. Кинеските медиуми пак пренесуваат дека постои можност и за прекин на воените врски со Сад.

    Засега се исклучува можноста за замрзнување на економската соработка меѓу овие две меѓусебно зависни веле сили. Кина смета дека Тајван е дел од нејзината територија и го задржува правото островот да го припои кон себе, ако е потребно и со употреба на сила. Сад го снабдува Тајван со оружје од 1979-та година кога и е потпишан билатералниот договор. Сад му помага на Тајван да ја зацврсти одбраната, но се противат на целосната независност на оваа островска земја.

    Извор а1
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 31 Јан 2010, 18:19

    За воените аналитичари во фокусот на интересот примарни се и процените на индикаторите за евентуалниот воен конфликт меѓу двете Кини, расположливите воени ефективи кои во случајот би можеле да се ангажираат и последиците што би произлегле.
    Кога во февруари 2000 година беше обелодената таканарешената „бела книга“ на НР Кина во која децидно беше укажано со што би се соошила кинеската „јужна провинција“ изложена на жестокиот удар на милионската кинеска армија, многумина светски аналитичари и познавачи на состојбите во овој регион тоа го оценија како „предизборна фарса“ и „блеф“ кој не се темели врз реалните воени потенцијали и можности на НР Кина.
    Тоа. повторно според бројни пред се западни аналитичари би били рамно на авантура со однапред непредвислив исход и последици.
    Преку медиумите на НР Кина и практилчно беше упатена порака која сублимирано гласеше: „Тајванската независност значи војна, а секоја земја што го игнорира тоа ќе го турне Тајван во бездната на крвопролевањето.“

    Но лани на 6 ноември се сретнаа претседателите на двете земји. Двете страни се соочуваат со големи предизвици. Петдневната посета се смета како знак за затоплување на односите помеѓу Кина и Тајван кој во 1949 година се одвои од Кина По граѓанската војна и доаѓањето на власт на Кинеските комунисти. Пекинг и натаму островот го смета за негова одметната провинција.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 23 Јун 2010, 00:59

    Кина, чиишто трошоци за одбраната ги загрижуваат САД и другите, има капацитет да изгради носачи на авиони и треба да го направи тоа набрзо, изјавија официјални претставници на армијата кои беа цитирани од страна на „Чајна дејли“. Кинески воени официјални лица со години лобираат кај централната власт за изградба на носач на авиони кој ќе им овозможи на поморските сили да пренесат воздушна сила во близина на брегот, меѓутоа, ретко излегуваат со информации пред јавноста за нивните намери. „Изградбата на носачи на авиони е симбол на значајна нација. Тоа е неопходно“, изјави адмиралот Ху Јанлин, кој беше цитиран во текстот со наслов „Изградете носачи на авиони што е можно поскоро“.

    Медиум од Хонгконг објави дека до 2010 година би можел да биде изграден првиот носач на авиони, а Ху посочи дека силата во подем е подготвена. „Кина има капацитет да изгради носачи на авиони и треба да го стори тоа “, додаде тој. Се' поголемите воени трошоци на Кина предизвикаа загриженост во САД и други земји, особено во Јапонија и Тајван, за кој Кина тврди дека е нејзина територија и вети оти ќе го врати под нејзина јурисдикција ако е потребно и со употреба на сила.

    Кина соопшти дека воениот буџет за 2009 година, ќе биде зголемен за 14,9 отсто во однос на минатата година, бранејќи го зголемувањето како умерен и незаканувачки потег за подобрување на опременоста и заштита на социјалната стабилност.

    Извор Утрински

    Кинеската народно-ослободителна армија ќе биде толку силна што САД нема да се осмелат да се вмешаат во евентуалниот воен конфликт во тајванскиот теснец.
    До 2020 година верувам дека Кина ќе го припои Тајван. А САД,и Велика Британија само ќе полтронисуваат.
    Не може Тајван со популација од 21.000.000, а по површина нешто поголема од Македонија да им парира на држава со популација од 1.363.000.000 жители и површина колку Европа.
    Доволно е Кинезите да плукнат врз Тајван и одма Тајванците ќе се удават.
    Или пак да се соберат една зграда луѓе.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 18 Aвг 2010, 00:20

    Кина ја претекна Јапонија како втора најголема економија во светот, покажуваат податоците од вториот квартал. Сепак, Јапонија со минимално водство се уште го држи второто место ако се сметаат двата квартали од годинава. За првите шест месеци јапонското БДП изнесува 2.578 трилиони долари, а кинеското 2.532 трилиони.

    „Ја имавме азиската криза и неодамнешната економска криза, а растот на Кина беше голем, па мислам дека им дава сигурност на фирмите да продолжат да вложуваат, а на луѓето да продолжат да трошат“, изјави Луис Куиџис, експерт од Кина.

    „Последните податоци покажуваат дека економијата полека се поправува во тримесечјето април-јуни“, рече Сатоши Араи, јапонски министер за економија.

    Но и покрај оптимизмот на Токио, експертите предупредуваат на економско затишје и продлабочување на јазот меѓу двете економии. Кина годинава ќе достигне раст од 10 проценти, а Јапонија само 3.

    Состојбите во двете економски велесили се дијаметрално спротивни. Во екот на финансиската криза Кина се потврди како најголем светски извозник, производител на челик и на автомобили, Јапонија долго беше оптоварена од дефлација и намалена домашна побарувачка на која се надоврза намалениот извоз.

    „Во Пекинг иако е криза, животот на луѓето остана стабилен“, вели Чен Чаоксу, жител на Пекинг.

    „Нашата економија е се уште добра, но полека забавува. Монетарната политика и политиката воопшто се лоши. Така, економијата стагнираше“, вели Коширо Аизава, жител на Токио.

    Оваа рокада ќе промени се - од глобалната рамнотежа на воената и финансиската моќ до начинот на кој се дизајнираат автомобилите.

    Прашањето што се поставува е дали Кина може да ги престигне и САД на првото место? Според проценките, можно е тоа да се случи уште во 2020 година.

    Извор А1
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Сатан Панонски on Нед 03 Окт 2010, 00:19

    Кина ќе го откупи државниот долг на Грција

    Кина планира да го откупи државниот долг на Грција, пишува грчкиот бизнис магазин „Имерисија“.

    Според весникот, ова ќе биде официјално прецизирано по посетата на Атина на кинескиот премиер Вен Џибао.

    Посетата на премиерот ќе ја покаже увереноста на Пекинг дека Атина успешно ќе се справи со „моменталните проблеми“ со економската криза, се истакнува во текстот.

    Грција го преструктуираше земањето на долгорочни кредити од мај минатата година, откако со судри со неможноста да ги исплаќа заемите со разумна камата поради недовербата на инвеститорите.

    Кина во последно време стана голе купувач на обврзници и на други земји од Европската Унија.

    Извор - Точка
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 03 Окт 2010, 18:32

    Trip напиша:Кина ќе го откупи државниот долг на Грција

    Кина планира да го откупи државниот долг на Грција, пишува грчкиот бизнис магазин „Имерисија“.

    Според весникот, ова ќе биде официјално прецизирано по посетата на Атина на кинескиот премиер Вен Џибао.

    Посетата на премиерот ќе ја покаже увереноста на Пекинг дека Атина успешно ќе се справи со „моменталните проблеми“ со економската криза, се истакнува во текстот.

    Грција го преструктуираше земањето на долгорочни кредити од мај минатата година, откако со судри со неможноста да ги исплаќа заемите со разумна камата поради недовербата на инвеститорите.

    Кина во последно време стана голе купувач на обврзници и на други земји од Европската Унија.

    Извор - Точка
    Со оваа ситуација сега Кина со Грција ќе може да си игра како што сака. Односно ќе може да ја уценува.
    Ех до кое дереџе стигнаа Грците.
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Сатан Панонски on Нед 03 Окт 2010, 19:43

    Значи Кина ке си игра со грците и со уште неколку земји од европа замислете во пола држави во европа да има економска криза и кина да го откупува државниот долг т.е. ке може да си игра со пола европа,интересно..за многу кратко време кинезите ке станат светска суперсила..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 10 Окт 2010, 16:54

    На Oли Рен косата му се крева на самитот ЕУ-Кина во Брисел. Кина нема да го направи тоа што го вети минатиот јуни во поглед на подесување на валутата и со тоа ќе го остави еврото на милост и немилост. Значи ЕУ планираше да излезе од рецесијата преку зголемен извоз, арно ама сега нема да се случи тоа. Се повеќе тоне блудницата Вавилонска.
    http://www.bloomberg.com/news/2010-10-04/china-s-wen-seeks-currency-stability-rebuffs-u-s-call-for-revalued-yuan.html

    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 19 Сеп 2011, 21:49

    КИНА ГИ СПАСУВА ДОЛЖНИЦИТЕ ВО ДРЖАВИТЕ НА ЕУ



    Италија бара пари од Пекинг!

    А, не е само Италија! Кинески пари влегоа во Грција, Шпанија и Унгарија... Експерти сметаат дека се случува еден вид кинеска "колонизација" на Европа, а премиерот на Кина, Вен Ѓибао, од Светскиот економски форум во Далан уверува: "Забавувањето на глобалната економија не се одрази врз стабилниот темел на кинеската економија"



    Италијанската Влада и се обрати на Кина за помош во надеж дека Пекинг, кој располага со големо количество готови пари, ќе ја спаси од финансиската криза преку купување дел од италијанските обврзници и инвестирање во стратешки компании, наведуваат "Фајненшел тајмс" и "Вол стрит џорнал". Таа вест предизвика голем скок на вредноста на акциите на европските берзи, бидејќи се ублажени стравувањата на инвеститорите дека должничката криза ќе ја зафати и третата по големина европска економија. Со овој потег Пекинг уште еднаш се најде во улога на спасител на европските должници, иако не се знае колкав дел од италијанскиот долг ќе одлучи да откупи.

    Минатата недела делегација на Кинеската инвестициона корпорација(КИК), еден од најголемите суверени фондови на светот, предводена од претседателот Лу Ѓивеј беше во Рим на разговори со италијанскиот министер за финансии Ѓулио Андреоти и други функционери на Италија.

    Претходно делегација од Рим беше во Пекинг, што беше продолжение на разговорите почнати во август.

    КИК целосно е во сопственост на државата и се проценува дека поседува акции во вредност од 400 милијарди долари. Во јули 2010 година Кина откупи грчки обврзници, во јануари - шпански, а во јуни унгарски. Сите овие европски нации, иако тоа не им е по ќеф, и ги продаваат своите долгови на Кина, иако Ѓулио Тремонти, еден од творците на сегашната спогодба со Кина, нашироко пишуваше за кинеската "колонизација" на Европа, објави српски "Блиц". Европа, меѓутоа, не е во ситуација да бира од кого ќе ги добие итно потребните ликвидни средства! Европските аналитичари се внимателни во врска со исходот на италијанско-кинеските преговори, но уверуваат дека Кина всушност откупила само мал дел од европскиот долг. Сепак, со резерви од околу 3.000 милијарди долари, Кина важи за најголем кредитор на светот и за еден од најважните кредитори на САД.

    - Кина ќе продолжи да ги зголемува своите инвестиции во Европа, порача премиерот Вен Ѓибао во говорот по повод отворањето на Светскиот економски форум во градот Далан, во Североисточна Кина, пренесоа светските агенции. Кина во следните неколку години ќе смета на внатрешните потреби за забрзување на економскиот раст, рече Ѓибао пред економскиот форум во Далан, попознат како "летниот Давос".

    "Забавувањето на глобалната економија не се одрази врз стабилниот темел на кинеската економија", уверува Ѓибао. Тој додаде дека глобалната обнова "и натаму ќе биде тешка".


    ЕК со опции за еврообврзници

    Европската комисија наскоро ќе предложи опции околу воведувањето на еврообврзници, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во обраќањето пред европратениците во Стразбур. Тој оцени дека единствениот начин да се запре негативниот циклус на должничката криза е поголема интеграција на еврозоната, "Но, еврообврзниците нема веднаш да донесат решение за сите проблеми во Европа", додаде Баросо.

    "Повеќе Европа" за соочување со кризата

    Полскиот претседател Бронислав Коморовски во свеченото обраќање пред Европскиот парламент, повика на "повеќе Европа" за соочување со кризата, јави дописникот на МИА од Стразбур. "Историјата на Европа е историја на конфликти, поделби и војни, но таа сведочи исто така за постојаната желба за обединување", истакна Коморовски пред европратениците. Во својот говор тој застана во одбрана на еврото и монетарната унија, во која Полска се уште не е вклучена, и побара заеднички одговор на кризата бидејќи "само една силна и обединета Европа може да донесе добри одговори".



    Секој шести Американец сиромашен

    Вкупно 46,2 милиона Американци, или секој шести од нив, живеел во сиромаштија во 2010 година. Нивото на Американци кои живеат под прагот на сиромаштија во САД се зголемило во 2010 година, на 15,1 отсто што е најголем процент од 1993 година, објави Бирото за попис на населението. Инаку, тоа е рекорд за изминатите 52 години, од кога тие податоци се собираат.

    http://www.vecer.com.mk/?ItemID=521AFB7EC352494D92CE1CC7028308FD

    Sponsored content

    Re: Кина - Идна светска суперсила?!

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:45