Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Американската надворешна политика

    Share
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Batty on Сре 03 Ное 2010, 17:16

    А, ако Клинтон излезеше и изјавеше дека Хрушчов му е зет за сестра, ќе му поверуваше?

    Јас да, оти лицето на Клинтон е чисто. Пример, кога медиумите накриво му извадија муабет за аферата со Моника факинг Левински, тој рече дека не е точно, и нормално штом тој така вели, значи не е точно.

    Јак чоек е Клинтон ...

    туку, сакаше да кажиш дека Евреите не ја раководат Америка, тоа?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 03 Ное 2010, 17:50

    Не го оспорувам тоа дека Евреите ја раководат Америка, туку до каде е стасана Еврејската пропаганда преку Америка CNN и останати медиуми да се прикаже дека се во светот е Еврејско. Дури и Обама го имаат направено Евреин и Осама Бин Ладен и Че Гевара и Фидел Кастро.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Batty on Сре 03 Ное 2010, 17:53

    Евреин е тој што е Евреин. Останатите - не се!
    Само, не знам што толку го сакаш чика Вилијам Клинтон, што нејќиш да признајш дека е возможно да е Евреин.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 03 Ное 2010, 19:48

    Чек малце еве ти уште еден пример:
    Во САД кога некој Американец со Еврејско потекло ќе добие Нобелова награда одма медиумите ќе објават „ЕВРЕИН ДОБИ НОБЕЛОВА НАГРАДА“,
    А кога некој Американец со Руско потекло добие нобелова награда е тогаш воопшто не објавуваат РУСИН ДОБИ НОБЕЛОВА НАГРАДА.

    Прист и ти да речеме да станеш некој ептен голем научник и да отидеш во САД за некое време медиумите ќе објават за тебе дека си Евреин. Иако си ти Македонец.

    Можеби малку сум офтопик ама...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by prozaque on Сре 03 Ное 2010, 23:43

    Светот е веќе еврејски, сакале ние или не.Капиталот е поброен и посилен од секој народ и секоја војска, поинспиративен од секоја идеологија и поразорен од секое оружје.Парите се есенцијата на нашето постоење.Парите се во рацете на Евреите.Тие еврејски пари ги држат другите не-еврејски пари и се така пирамидално во дното сме ние-обичните луѓе.За тоа не треба да копаш по теории за заговор, само отвори ги веб страните најмоќните банки во светот и види го презимето на сопственикот..или сопствениците.И нивната традиционална инволвираносат во секоја манџа во 20 и 21 век.

    Политиката е само добар куклен театар.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 14 Дек 2010, 22:41

    Почина ветеранот на американската дипломатија Ричард Холбрук. Имаше 69 години. Холбрук, кому во петокот му се слошило на состанок во Стејт Департментот, не издржа по неколкуте извршени операции поради пукнатата аорта.

    До моментот на смртта, летачкиот дипломат како што го нарекуваа, ја вршеше функцијата специјален американски пратеник за Авганистан и Пакистан.

    Како отворен и бескомпромисен преговарач, Холбрук ќе остане запаметен како „архитект“ на Дејтонскиот договор, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина.

    За многумина овој дипломатски ангажман е врв во неговата кариера, поради што е нарекуван „Кисинџер за Балканот“.

    „Додека 800 новинари надвор чекаа негативна објава, Милошевиќ рече „да се обидеме уште еднаш“ и даде уште една, последна понуда. Заедно со Кристофер Ворен побрзавме кај Изетбеговиќ и заедно го слушнавме босанскиот претседател како рече „ова не е само мир, туку мир, а на мојот народ му е потребен мир. Имаме мир на хартија. идниот предизвик е тој да профункционира“, изјави Ричард Холбрук (19.11.2005).

    Холбрук својата дипломатска кариера ја започна на 21 година во Виетнам. Со 35 години станува помошник на американскиот државен секретар за азиски прашања на претседателот Џими Картер.

    За време на неговиот мандат САД ги нормализираа односите со Кина. Беше директор на банката Леман Брадерс, амбасадор во Германија и во Обединетите Нации.

    Не се оствари неговата амбиција да биде шеф на дипломатијата, иако два пати беше во потесниот избор. Неговиот дипломатски стил му ги донесе прекарите „булдожер“ и „разбеснет бик“.

    Извор А1

    Светот се олесна со една НУС ПОЈАВА ИЛИ СО ЕДЕН ШТЕТНИК ЗА ЧОВЕШТВОТО помалу.

    Морам да кажам дека Холбрук има направено за Македонија колку што направија „ОЛЕСНУВАЧИТЕ“ на рамковниот договор господата Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Batty on Сре 15 Дек 2010, 00:50

    Зборуваме за ВИШИ политики и задкулисни игри кроени од дебели лица во Америка, специјално со потекло од ЏУ народноста.
    Холбрук беше само кукла. Ако гледаме така на политиката, човекот не згрешил ништо ...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 13 Апр 2011, 19:28

    Кинеските власти им порачаа на САД да престанат да проповедаат за човековите права, откако Стејд департментот во годинешниот извештај за состојбата на човековите права остро ја критикуваше Кина

    Портпаролот на кинеското МНР, Хонг Леи, нагласил дека Вашингтон би требало да се концентрира на почитувањето на човековите права во својата земја и да престане да се меша во работите на другите држави. Според него, Кина е подготвена да разговара за правата, но врз основа на еднаквоста и заемното почитување.

    - Им советуваме на САД да се занимаваат со нивното почитување на човековите права, а не да се претставуваат како проповедачи на човековите права - додал Леи.

    Според американскиот извештај, Пекинг ја зголемил контролата врз адвокатите, активистите, блогерите на Интернет и новинарите, како и врз целото цивилно општество и медиумите. Стејт департментот изразил загриженост и поради зголемениот број исчезнувања во Кина, како и за затворањето лица во нелегалните неофицијални затвори, во кои се казнуваат активистите и нивните семејства, пренесува Би-би-си.

    http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=22254

    Прво САД нека си го сметат својот двор, а потоа да гледаат за туѓиот.
    Кина има извршено 1100 смртни казни, ама има 1.363.000.000 жители.
    САД ги има некаде 1000 смртни казни ама САД имаат 303 000 000 жители.

    Значи по глава на жител убедливо САД имаат повеќе смртни казни од Кина.

    Друго нас ни солат памет демек сме тепале невини цивили (борци за човекови права), во Арачиново, Љуботен, Радуша, а зарем тие воопшто немаат убиено ниту еден цивил?

    Ама чин нештото такво го прави САД тогаш е оправдано.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 29 Ное 2011, 20:52

    26 пакистански војници убиени во напад на НАТО



    Најмалку 26 пакистански војници, меѓу кои двајца офицери, биле убиени во напад на хеликоптери на НАТО во северозападен Пакистан –јави државната телевизија. Најмалку 15 се ранети.



    Инцидентот ќе ги комплицира и така тешките односи меѓу Пакистан и САД – пишува американскиот печат. Пакистанските власти остро го осудија нападот и го затворија граничниот премин блокирајќи го снабдувањето за НАТО, како прв знак на протест.



    „ Овој инцидент е неиспровоциран и за осуда. Нема оправдување. Ова не е мал инцидент, туку многу сериозен “ изјави првиот човек на северозападната провинција, Баристед Масур Каусар.



    Нападот се случил ноќеска во воената база во Салала, село во близина на границата со авганистанската провинција Кунар.Најмалку 40 војници биле распределени во базата која според пакистанските власти била оформена да ги одбива пограничните напади на авганистанските милитанти и талибанците.



    Аналитичарот Мехмод Шах смета дека инцидентот треба да се разгледа во Советот за безбедност на ОН „бидејќи Американците сакаат да направат од Пакистан жртвен јарец откако доживеаја неуспех во Авганистан“./www.kanal5.com.mk



    http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=83426



    Наводно тоа што Пакистанските Талибанци во таканаречен КУКАВИЧНИ НАПАД ИЛИ ПОДМОЛЕН НАПАД ИЛИ ГРОЗОМОРЕН ЧИН убиле тројца американски војници.

    Но како треба да гласи една вест каде НАТО по грешка уништил цело село во Авганистан или Пакистан:

    „Успешна акција на Коалициските сили каде по грешка уништиле село со 300 недолжни цивили“.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 13 Дек 2011, 01:16

    САД не е пријател на Македонија, тоа е факт и реалност

    САД и гарантира на Грција дека НАТО нема да ја смени одлуката за Македонија?!

    09.12.2011 - 14:11 |
    САД и дале гаранција на Грција дека Македонија нема да влезе во НАТО додека не се реши спорот со името.

    Ова го тврди грчкиот весник Катимерини по вчерашната средба на американскиот државен секретар Хилари Клинтон со шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас.
    Средбата била на американско барање на маргините на НАТО состанокот во Брисел . За пресудата не станало збор, но Вашингтон побарал интензивирање на преговорите за името и конструктивност од двете страни.
    Јасно е дека пресудата не ја обврзува Алијансата да испорача покана за членство за Македонија, но академиците сметаат дека НАТО мора да ги преиспита своите заклучоци.
    До Самитот во Чикаго во мај, Македонија ќе треба дипломатски силно да лобира и да ги искористи сите аргументи потврдени од Судот, советува новиот претседател на МАНУ.
    - Сега кога имаме ваква пресуда НАТО ќе треба да ја приспита одлуката. Да не заборавиме дека во заклучите за Македонија стои дека земјава ги исполнува сите критериуми и дека единствена пречка е спорот со името - истакна академик Владо Камбовски.

    Под наслов “Правната победа за Македонија изгледа шуплива”, лондонски Економист пишува дека никој не врши ниту пак ќе изврши притисок врз Грција да ја промени позицијата и ја почитува времената спогодба.
    ”Економската криза го стави проширувањето последно во приоритетите на Брисел. Повеќето земји се и среќни што имаат изговор зошто не го туркаат овој процес. Грчкото противење на македонското име оди во прилог”, пишува весникот.
    Атмосферата во Алијансата е слична.
    На министерскиот состанок, НАТОземјите ја реафирмирале позицијата дека Македонија ќе добие покана штом се реши спорот со името.
    Сепак, Грците стравуваат дека сојузниците на Македонија ќе ја стават на маса пресудата од Хаг и ќе притискаат за прием на земјава во Алијансата.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...-nato-nema-da-ja-smeni-odlukata-za-makedonija

    За ова воопшто не треба да ја чуеме оваа вест туку треба сами да го пресудиме тоа дека САД не ни се пријатели, (туку најголемите душмани моментално), Друго воопшто не треба да им веруваме на солачите на памет (СОРОСОИДИТЕ) Господин Бранко Героски и Владимир Милчин, којшто 24 часа на ден, 30 дена во месецот, 12 месеци во годината, ги говорат овие три именки САД, НАТО, ЕУ...

    Случајно да прашам,дали Американците ги подржуваат Албанците на Балканот.Значи ако они се стратешки партнери како што ни се претставуваат,како тоа ние можеме да се надеваме на помош од Американците?


    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by prozaque on Вто 13 Дек 2011, 03:09

    Чим САД и гарантира на Грција дека Македонија нема да влези во ЕУ и НАТО, тогаш е наш пријател, чунки братска демократска Русија (каде гласа 140% од населението) ќе не земи во нејзини прегратки.

    СОРОСОИДИТЕ пак, безразлика на нивните јавно-тајни фондови за мегаломански политики се последната линија на демократски отпор во државата.Без нивното дејствување во Македонија, ќе живевме во прото-Чаушеску државичка.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 19 Дек 2011, 18:41

    Kaко може САД да ни е пријател?
    Зошто САД немаат никаква улога за подобрување на правата на Македонците во Грција?
    Ни имаат ли дадено подарок некаков борбен авион, хеликоптер, тенк, лансирна рампа.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by prozaque on Пон 19 Дек 2011, 19:08

    Кај нас пак Русите се шинаа од донации.Мислиш на Сухоите и Ми-26ките од Украина(од Русија исто де)?Џабе, кога војната беше изгубена.Подобро ќе беше да интервенираат кај меѓународната заедница за да се укине/ублажи Рамковниот.Денес немаме никаква примена од таа донација.Не можеме ниту да ја продадеме за кеш, ниту да ги стопиме за да направиме споменик или саксија.И во крајна линија не е најдоброто/најприменливото нешто.Моментално најдобриот воен хардвер се 3 безшумни хелихоптери за ноќно летање со кои се изведе полициската акција во Бродец..Планинска бура се викаше мислам.Донација од Израел.

    Правата на Македонците нема никогаш да бидат овозможени, оти ние од 2001ва наваму не се декларираме како држава на нација + националности, туку на граѓанско општество со граѓани кои имаат Македонско државјанство оти живеат во некоја политичка творба Македонија.А тоа е огромна разлика во очите на светот.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Printers and faxes on Пон 19 Дек 2011, 23:03

    Арамија Стојковски напиша: Kaко може САД да ни е пријател?
    Зошто САД немаат никаква улога за подобрување на правата на Македонците во Грција?
    Ни имаат ли дадено подарок некаков борбен авион, хеликоптер, тенк, лансирна рампа.

    И што ако ни дадат? Ние тие што ги имавме ги задржавме, па сеа борбени донации ќе чекаме од САД. За друго, кажа чнм.

    Плус, ете што САД, и Турција ни е пријател. Од Долина на волците, преку „златниот“ османлиски султан до пријателски политички односи со Македонија, нека ни дадат и некое пувче осем филмој за по клозет.

    Последново не ми држи вода многу, ама ни вц школката не е по тоа...

    На САД и компанија ги заболе за нас. Си тераат свој интерес. Ако се правеа толку добродушни, требаше сега да се економски најслабата држава во светот. Плус мотото на лидерите на Сад е „профит“, а не „помогни“.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 20 Дек 2011, 17:09

    Најголемиот подарок од САД што го добивме е Голтај си радиоактивна прашина, освежувај си се со радиоактивна вода, тоа ти е слаткиот подарок.

    ВО Арачиново имавме Американци, немавме Руси, Русите беа во хеликоптерите на АРМ.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by prozaque on Чет 22 Дек 2011, 12:25

    Mислиш на 300 000 тони осиромашен ураниум во Косово?
    Точно, тоа можеби е најголемиот еколошки проблем со кој се справуваат земјите во регионов, вклучувајќи ја и Македонија.
    Ама радијацијата не познава комшии.Радијација има насекаде.Сите нуклеарни проби во Невада од Америте, во Пацификот од Французите и Енглезите и оние на Русија во Казахстан и други станови тежат исто колку оние 300 000 тони на Косово.Хаваријата на Чернобил и многуте егзерцебации на Козломеј во Бугарија не се поради неодговорност на Русите?
    На раковите, леукемиите нема да најдиш ознака Made in USA, SSSR, China итн.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 25 Дек 2011, 18:37

    Нуклеарните проби се вршени во НЕНАСЕЛЕНИ места. Сигурно од Невада, Островот Нова земја или пак во пустината Такла-Макан во провинцијата Синкјанг нема да има од тоа штета на Балканот.

    A oколу 40000 проектили со осиромашен ураниум се фрлени на 100 густо населени места во Косово, а 3 000 до 5 000 проектили се фрлени во Прешево, Бујановац, Врање и Црна Гора. Во овие места е регистрирано зголемување на радијацијата за 1 100 пати во однос на дозволеното ниво на контаминација.Најмногу осиромашен ураниум е фрлен на просторот Призрен - Дечани, на самата граница помeѓу Албанија и Југославија од една и Македонија и Косово од друга страна.

    И освен касетните бомби со осиромашен ураниум САД имаат користено и други неконвенционални оружја како НАПАЛМ оружјето и седумтонските авиобомби

    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by prozaque on Нед 25 Дек 2011, 20:15

    Арамијо, сите луѓе на планетата родени после 1952, 1953 имаат мала количина на радиоактивен изотоп на Цезиум ретениран во нивните коски.Во 50' се правеле проби на неколку места на планетава, неколку илјади километри подалеку од нас, но нашите татковци и мајки го имаат во себе.Можи слободно да се каже дека најголем ризик фактор за рак на коските ширум светот е токму тој ебан цезиум.Во Косово, Семеј, Невада или во Новаци не менува ништо.



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 26 Дек 2011, 03:34

    Aбе еве сега САД не прават нуклеарни проби, ама прават хемтрејлс.

    Хемтрејлс не е проект на Русија ниту на Кина туку на ЦИА.

    Не е директно убиство, ама ќе да е некој експеримент за оружје што убива тивко.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Batty on Пон 26 Дек 2011, 03:53

    Разликата меѓу САД и останатите во имањето/користењето на такви оружја и направи лежи во... во...
    тоа што останатите немаат нешто такво. Ако би имале, не се двоумат да го искористат.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 26 Дек 2011, 04:17

    Не значи дека тоа така би било.
    Еве после САД и СССР и НР Кина направија нуклеарно оружје, САД 2 пати во војна го употребија СССР и НР Кина воопшто во војна не го употребија.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Batty on Пон 26 Дек 2011, 04:19

    Тоа не е показател. Мислам после Јапонија, работите тргнаа толку нагорно во поим на моќност на бомбите, што беа свесни што би било ако би го искористиле.
    Уствари, на кого да го искористат? После Јапонија, секое користење на такви оружја би било самоубиствен чин.
    уствари, да, русите за малку ќе пробаа. Во карипската криза, како и Америте.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Sponsored content

    Re: Американската надворешна политика

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 10:51