Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Пари

    Share
    avatar
    danna*shoe

    Female Мислења : 6846
    Местолокација : секаде, тука, тамо..
    Зачленет на : 2008-10-24

    Пари

    Пишување by danna*shoe on Вто 28 Jул 2009, 17:04

    Колкаво значење имаат парите во вашиот живот?

    Дали заработувате и како? Или сеуште ве издржуваат родителите?

    Како ги трошите парите?

    Дали знаете да штедите и колкава била вашата најголема заштеда?

    Мислите ли дека ви требаат пари за да бидете среќни и колку влијаат парите на вас, вашиот живот, расположение...
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Пари

    Пишување by Robby on Вто 28 Jул 2009, 17:23

    Парите го вртат светот. Сеуште добивам од родителите, чат-пат заработувам нешто.. Али знам да штедам и знам брзо да потрошам на убави работи.. А за да биде еден човек среќен, пари воопшто не му се потребни.. Доволно е мала љубов и внимание... Сепак без пари не се живее ... Јас сум среќен и кога немам пари во мене.. .. Толку..
    avatar
    danna*shoe

    Female Мислења : 6846
    Местолокација : секаде, тука, тамо..
    Зачленет на : 2008-10-24

    Re: Пари

    Пишување by danna*shoe on Вто 28 Jул 2009, 17:25

    Колкаво значење имаат парите во вашиот живот?

    Мислам дека у денешно време секому му значат парите, и тоа многу. Не ја купуваат среќата, ама можат да не направат среќни. Мене доволно ми значат. без нив неможам. како и секој друг. и да. ме прават среќна. Но никогаш нема да ми купат среќа.

    Дали заработувате и како? Или сеуште ве издржуваат родителите?

    Зависи. Заработувам ама нешто ептен ситно. Чисто како џепарац и не ми е доволно. Едно врме работев у тату студио, помагав на газдата, и цртав портрети и порачки слики. И продадов две од 4 напраени. другите две изгледа останаа таму да си ги продаде газдата. понатаму свиревме со бендот. сеа се разбегаа кој по одмор кој на гости. и така мораме да направиме пауза. и мразам да сум на грб на моите ама ... тоа е сеа за сеа.. не ме пуштаат да работам во кафич и слично.. а би отишла преку летово.. тоа е...

    Како ги трошите парите?

    Ухух.. камо ја да знаев како ги трошам. незнам ни јас. Немам никаква ориентација за пари. тоа ми е една голема маана. Ги трошам на мене, за се. за облека, за лични ствари. ама највеќе за цигари и кафе.. и пиво.. :S у последно време не се замарам ич со гардероба и тие ствари.. може оти летово ми е се пуно рамно. и пари ми се даваат само за цигари кафе пиво :D

    Дали знаете да штедите и колкава била вашата најголема заштеда?

    Ноу уеј....
    неам поима од штедење. никогаш не сум штедила. само едно време имав пари на штедна книшка и заборавив дека постојат. додека не ми текна...

    Мислите ли дека ви требаат пари за да бидете среќни и колку влијаат парите на вас, вашиот живот, расположение...

    Погоре кажав.
    ПАрите неможат да ја купат среќата, но можат да не направат среќни
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Пари

    Пишување by Robby on Вто 28 Jул 2009, 17:27

    во право си да знаеш ...
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Пари

    Пишување by Printers and faxes on Вто 28 Jул 2009, 20:53

    јас ретко трошам, ама ак почнам тешко некој да ме заприт

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Пари

    Пишување by Рокси on Сре 29 Jул 2009, 09:53

    Колкаво значење имаат парите во вашиот живот?

    Имаат значење кое ме одржува во живот, како за повеќето луѓе.

    Дали заработувате и како? Или сеуште ве издржуваат родителите?

    Заработувам на лето и поголемиот дел ги штедам (и заштедата покасно ја трошам), и дел трошам за излегувања и такви ствари.

    Како ги трошите парите?

    Излегувања, храна, пиење, облека, средства за лична хигиена...

    Дали знаете да штедите и колкава била вашата најголема заштеда?

    Знам да штедам, а најголема заштеда врска неам која ми била бидејки штедам кога сакам да купам нешто за себе, кога ќе соберам пари - ги трошам на целта.

    Мислите ли дека ви требаат пари за да бидете среќни и колку влијаат парите на вас, вашиот живот, расположение...

    3начи, парите го вртат светот, нормално дека влијаат, ако немаш пари - неможеш да преживееш во денешново општество... но, не се доволни за живот туку само за преживување. Животот е составен од повисоки цели.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Пари

    Пишување by Batty on Сре 29 Jул 2009, 12:30

    Што се парите, најубо објаснуват групата Канзас во песната Dust in the wind

    Nothing lasts forever but the earth and sky
    It slips away
    And all your money won't another minute buy


    Доволно ?

    Мислам да! Знам многу декинтирани луѓе што се среќни и едноставно зрачат со позитивна енергија, никогаш не се депримирани заради тоа што немаат камен, како ништо да не им фали. За разлика од нив, има многу луѓе што имаат кеш до плафон, ама би дале се' за да ја имаат среќата на тие што немаат пари.
    Кога не си среќен не знаеш кај да ги трошиш парите, не знаеш за што, немаш желба да купиш, платиш нешто. Џабе се.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Пари

    Пишување by Гостин on Сре 29 Jул 2009, 18:05

    Колкаво значење имаат парите во вашиот живот?
    Иако некој ќе речет дека парите имет ногу мало значење сепак како и за мене така и за сите прает ногу. Ми значет доволно.

    Дали заработувате и како? Или сеуште ве издржуваат родителите?
    Ретко заработвам, ме издржвет родителиве ама не сум дебил само да одмарам.

    Како ги трошите парите?
    Најногу за излегвење на концерти и журки. Ногу трошам на алкохол, цигари и парфеми.

    Дали знаете да штедите и колкава била вашата најголема заштеда?
    Можам да штедам три дена најногу и после сите ги давам за една вечер, значит не знам да штедам.

    Мислите ли дека ви требаат пари за да бидете среќни и колку влијаат парите на вас, вашиот живот, расположение...
    Не сум голем материјалист ама ми требет пари за да сум посреќна. Сакам да одам на концерти, свирки, да пијам, да се одржвам, да прошетам. Според мене париве се дел од среќата.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Пари

    Пишување by bloody on Сре 29 Jул 2009, 19:52

    Колкаво значење имаат парите во вашиот живот?

    Па искрено парите у мојот живот немаат некое големо значење...,ама прават многу,сепак бре со пари се се може.


    Дали заработувате и како? Или сеуште ве издржуваат родителите?

    Заработувам,работам у нет кафе и заработувам доволно за да можам да ги трошам како сакам.И оваа моменталнава плата ми е доволна.

    Како ги трошите парите?

    Пффф,највеќе за пиење...за шетање ... за то ....

    Дали знаете да штедите и колкава била вашата најголема заштеда?

    Па не штедам...ама некад ако ми се случи од тековната плата да ми останат некои пари...си ги ставам во банка...да ми се најдат....

    Мислите ли дека ви требаат пари за да бидете среќни и колку влијаат парите на вас, вашиот живот, расположение...

    Среќата со пари не се купува...
    Така да не ми требаат многу пари за да сум среќен и да сум расположен...доволно ми се 100-200 денари дневно ...
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Пари

    Пишување by Dirge on Сре 29 Jул 2009, 20:12

    Колкаво значење имаат парите во вашиот живот?

    Онолкаво колку што е потребно.Се во границите на нормалата.

    Дали заработувате и како? Или сеуште ве издржуваат родителите?

    Не заработувам, чат пат некогаш.

    Како ги трошите парите?

    Разумно.

    Дали знаете да штедите и колкава била вашата најголема заштеда?

    Знам да штедам а од безбедносни причини не кажувам за заштедата.

    Мислите ли дека ви требаат пари за да бидете среќни и колку влијаат парите на вас, вашиот живот, расположение...

    Парите нормално дека влијаат на луѓето.Се’ се врти околу нив. Ретки се оние кои успеваат да останат имуни на оваа човечка појава. На мене влијаат онака како што треба и не треба.
    avatar
    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења : 5910
    Местолокација : Прилеп ебаго
    Зачленет на : 2008-10-13

    Re: Пари

    Пишување by Meri on Нед 09 Aвг 2009, 14:10

    да, сама заработувам
    ги сакам парите толку колку шо ми е доволно да живеам
    не сум учена на луксузен живот и не копнеам по таков
    сакам да имам пари колку да си ги покривам трошоците
    пари од дома барам многу ретко, ама се обврзувам од следната плата да вратам
    ги трошам на се`: кирија, храна, облека, да прошетам, да се напијам со пријателите некаде, да си го платам факултетот, да подмитам некој професор ( се зафркавам за ова)
    земам добра плата, доволно за скромно живеење, добро би ми дошло уште малце, ама тоа е, не се жалам
    не можам да штедам, не заработувам доволно за да би тргнала на страна нешто
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Пари

    Пишување by Bright on Чет 04 Мар 2010, 16:05

    Колкаво значење имаат парите во вашиот живот?
    - Во границите на нормалата. Требаат за опстанок, што да се прави..

    Дали заработувате и како? Или сеуште ве издржуваат родителите?

    - На лето работам поради потребата на парите и исполнување на времето. За време на летниот период во Охрид и да имаш печатница за пари - пак биле ко да не биле. Многу се троши. На зима не можам да работам поради школото, па така ме издржуваат родителите.

    Како ги трошите парите?
    - Се трудам што поразумно. Немам некоја голема слобода во трошење на парите, па внимавам.

    Дали знаете да штедите и колкава била вашата најголема заштеда?
    - Знам да штедам. Навика ми е да тргам пари кога имам повеќе во џебот за да ми се најдат во потешки денови :) Најголема заштеда ми е 15.000 иако сметам дека и не е баш голема во однос на заработувачката од летото.

    Мислите ли дека ви требаат пари за да бидете среќни и колку влијаат парите на вас, вашиот живот, расположение...
    - Сепак се‘ се врти околу парите. Парите можеби не можат да ја купат среќата и љубовта, но ако ме прави среќна патувањето околу светот.. за тоа навистина се потребни пари. Подоцна, на пример во брак, секој сака да зема висока плата, да биде добро ситуиран, да им даде што повеќе на децата, да ужива, да оди на одмори, да вози добра кола итн.. Ако се внимава како му се приоѓа на богатството, тогаш се ќе биде во ред. А ако не, се јавува алчноста, среброљубието, зависта.. и тн.
    avatar
    Morticia Addams

    Female Мислења : 2170
    Зачленет на : 2009-10-08

    Re: Пари

    Пишување by Morticia Addams on Чет 04 Мар 2010, 17:11

    Веќе сите кажавте, парите се неопходни, но не се единствените чинители на среќата. Но сепак кога велат луѓето: “Здравје пред се“, фино е тоа, ама пак парите доаѓаат предвид зашто ако немаш пари тоа здравје не можеш да го одражаваш (храна, облека и слично во најмала рака).
    Заработувам пари, работам, како што може и ви е познато (во кафиќ) но стигаат само за основните потреби.
    Додуша многу трошам на храна(се знае дека сум буцко :D).
    Во последно време штедам, заради “виши циљеви“ , и имам уштедено едно 3-4000 иљади,ама малку се.

    Влијаат парите на речиси се. Се бива среќен и без нив, но бедно е кога ти си единствениот кој ке седи дома додека останатите се некаде на свирка (на пример) ...
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Пари

    Пишување by Kelso on Сре 22 Јун 2011, 13:21

    Парите се неопходни, но, што мислите за расфрлање пари?

    Додуша деновиве ретко кој може да се расфрла со пари но секој сака да си дозволи луксуз од време на време, да си се почасти самиот себеси а и по некој другар/ка.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Пари

    Пишување by Printers and faxes on Сре 22 Јун 2011, 13:53

    Just want money, money, that's all I need
    I got Cadillac dreams
    Hey, Mister, don'tcha take it from me
    Give me money, money, more than I need
    These Cadillac dreams are waitin' on me
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Пари

    Пишување by Batty on Сре 22 Јун 2011, 14:44

    Ако имам би расфрлал. Можеби. Иако расфрлањето е релативна работа.

    За некого расфрлање е да купува мерцедеси секоја година. За некого тоа е поентата на живот.

    Некој ќе рече дека расфрлање пари е да скиташ по цел свет. За некој патувањето е причина за животот.

    И слично. Е сега, да плаќаш нешто повеќе од што вреди за да се напрајш џек поголем од Џо Страмер, тогаш треба да си кретен поголем и од Фреди од Квин.

    :)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Пари

    Пишување by prozaque on Сре 22 Јун 2011, 14:54

    Парите се смислата на нашето постоење.Ако тебе не ти е до парите на некој му е, па кога ќе дојди да се решавање на нешто шо е money related во кое се очекува учество на некој шо му се клања нив, тој најверојатно ќе те заеби.Оти парите не растат на дрво и битно е да се трошат битни работи и за задоволување на малограѓански нагони.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Sponsored content

    Re: Пари

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:42