Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Share
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by PantomimoS on Пет 24 Jул 2009, 16:02

    Така?
    клик
    клик
    Ова се само два секојдневни примери како човекот му штети/напаѓа/убива човекот.
    И тоа се случува многу почесто од напаѓањето од страна на кучињата.А дали сме свесни колку ние ги напаѓаме кучињата?Колку девијантни луѓе ги тепаат и малтретираат, некогаш од лично задоволство и неизживеаност....
    Ама не.Некој човек ќе убие човек, ќе потплати полицаец, веднаш ќе биде пуштен на слобода и ќе си ја бара следната жртва.
    А кучињата...кој ги прашува нив дали нападнале или не нападнале некого...ајде, ќе ги убиеме сите, полесно е така.
    Кучињата што Гајда ги стави на слики се со години наназад во парк.Никогаш никој не нападнале, буквално се сакаат со луѓето што излегуваат во парк.Тие кучиња се проверени дека се во ред и пуштени повторно.Ако така се постапи со сите кучиња, тогаш оние кои што се тешко болни или имаат лудило ор самтинг, нека ги убијат зошто се навистина опасни.А оние кои што се во ред, нека им стават жуто копче и нека ги пуштат на слобода кога веќе нема шинтерници или некои служби кои би им помогнале.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Batty on Пет 24 Jул 2009, 16:02

    Balalajka....
    Кога ќе ги чујам твоите аргументи, тогаш ?

    Моите паралели се тие, не чинат ? Во ред!
    Но, кои се твоите ? Волим себе него тебе ? И тоа е доволно за општеството за да ги испотепа кучињата. Ако тоа е голем аргумент за тебе, тогаш ОК. Уште утре нека ги убијат, оти сме согласни.

    еве јас на пример, и баш не се расплакав како на шпанска сапуница. За малку можеби ќе се расплачев, ама ете, твоите аргументи pro et contra ме спречија. Ме убедија на некој начин.
    Еволуција ? Свест ?
    И да, рационално искористување на ресурсите....за кого зборуваш...за човечкиот род ? хаха!

    Еве уште една паралела. Или се викаше дијагонала. Да, да. Дијагонала. На правоаголник, од точка А, кон точка C се повлекува..и се вика

    само свеста ви е доволен аргумент за постоењето/непостоењето?
    Само тоа ?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by PantomimoS on Пет 24 Jул 2009, 16:08

    И не спомнувајте за таква свест кај кучињата.Во некои работи се далеку понапред од нас...Се сеќавате на Рекс?!
    Можеби не градат згради, училишта, незнаат да читаат и што ли уште не, ама зошто сметате дека тие воопшто немаат свест.
    Тие знаат да комуницираат меѓу себе, на тој начин да си создадат некој вид на општество.Некогаш се групираат во поголеми групи, си се размножуваат.....Не е човечка свест, ама свест е на некој начин.
    avatar
    Shadow
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ

    Female Мислења : 1198
    Местолокација : Underworld
    Зачленет на : 2008-09-22

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Shadow on Пет 24 Jул 2009, 16:20

    кучињата не напаѓаат БЕЗ причина.
    само луѓето го прават тоа.
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Dirge on Пет 24 Jул 2009, 17:02

    Шедоу од каде таа информација?
    Баш пред некоја недела што беше тоа детето изгризано на игралиште.Само што се спуштило од тобоганот го нападнале.
    Како може спуштајки се да ги провоцира кучињата. Кучињата знаат да нападнат и кога се многу гладни, исто без причина, можат да нападнат и кога некој ке се доближи на нивните малечки(иако можеби човекот го прави тоа несвесно)... Има едноставно милион примери, само до тебе е проблемот и до другите квазиљубителинаживотни-и-борачизанивниправа.

    И за тоа што рече дека неможаш да вдомиш некое, ниту пак да волонтираш.Глупости. Ако нештото го сакаш ке се бориш додека не го добиеш.
    Биди малце објективна доста размислуваш со срцето. Главата вклучи ја малце.
    avatar
    Shadow
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ

    Female Мислења : 1198
    Местолокација : Underworld
    Зачленет на : 2008-09-22

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Shadow on Пет 24 Jул 2009, 17:33

    напаѓаат кога се гладни, да.
    само што ја кажа причината. инстинкт за преживување.
    напаѓаат кога некој ќе се доближи до нивните малечки.
    ете ја пак причината. тие ги заштитуваат.
    можеби има милион подобри начини, но тоа се инстинкти и тоа се животни.

    и.. можеби имам дома мачки?
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Dirge on Пет 24 Jул 2009, 17:42

    па имај си ти мачки, имам и ја мачки баш пред два дена прибрав едно од улица.

    Ете и самата се увери дека напаѓаат без причина.Особено луѓе.
    Луѓето не им се криви што се гладни и се котат ко глувци.

    едит: Не е темава за мачки ако не примети
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Batty on Пет 24 Jул 2009, 17:48

    Идеме во круг. Ама ве молам, ако веќе тргнавме, нека биде полека, можеби ќе видиме некаде exit и ќе можиме да излезиме.

    Ко прво, не треба да зборуваме зошто, како и кога некое куче каснало нокого, нешто. Ниту заради што. Сега треба да се зборува на дадената тема. Убивање на кучињата. А се започна со зборот зошто. Зошто да се убијат, а да не се здомат.
    И глупо е да се зборува дека треба да се убиваат заради тоа што каснале некого, или се потенцијални касачи. (по којзнае кој пат го зборувам истото). Не треба. Тоа е друга проблематика, и може ако сакате да се зборува на друга тема за тоа.
    Овде мора да се зборува како општеството се справува и се грижи за уличните кучиња. И да, што презема за нив и како. Без разлика дали ќе касаат некого, или дали имаат интелегенција и свест.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Shadow
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ

    Female Мислења : 1198
    Местолокација : Underworld
    Зачленет на : 2008-09-22

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Shadow on Пет 24 Jул 2009, 17:49

    дали зебрата е крива што лавот ја напаѓа?

    мислам дека не ме разбра убаво што сакав да кажам со претходниот пост... ама нема везе :]
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Dirge on Пет 24 Jул 2009, 17:56

    Епа Раде тогаш најубаво форумов да стане блог.Јас не планирам да продолжам да дискутирам со тврдоглави луѓе.Мојот став го изнесов.А очигледно на некој му смета па сака да оди контра. Инаку ми се допаѓа како се справува државата со проблемов и ја поддржувам.Може да ги истреби сите животинки, па и потенцијално опасните луѓе.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by PantomimoS on Пет 24 Jул 2009, 23:50

    Форумов ако требало да биде блог, ќе бил.
    Немора да значи дека некој е тврдоглав или глуп ако има различно мислење од некој друг.Чил аут, деЦ д поинт.Различни размислувања, дискусија, дебата....ама-аргументи.
    Некој постави прашање зошто ги убиваат...It's the easiest way man.
    Не се замараат дали се здрави, дали некој сака да ги посвои, дали можат некако да се искористат, и тоа во корист на човекот, дали се изгубени домашни кучиња...
    Најлесен начин е, и со тоа ќе се вадат како спровеле нешто WOW...Епа, не е баш така.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Phoenix on Саб 22 Aвг 2009, 23:58

    Човек колку гордо звучи! ахх

    човекот е користољубиво суштество а не хумано според тебе КАране?

    мора ли од се да се има корист .. а каде е хуманоста.

    има толку зли работи кои му штетат на човекот .. а тој се фатил за кучињата . кои се Дар од Природата..

    Ајде прво ке ги убиеме сите кучиња скитници и наместо шинтери кои ке ги згрижуваат кучињата , Државава ке вработи ловџии кои ке шетаат по улици и ке стрелаат кучиња ако некое заскита откако сите кучиња ке бидат убиени .. доага оној момент

    човекот е ненаситен .........

    па после се на ред птиците .Гаврани и Гулаби кои во градов само Серат по улиците . клупите и автомобилите .. па ајде и од нив нема корист нели ?

    Ај се ке убиеме од што немаме корист и што ни штети .

    И само сакам да кажам . Пред неколку години кога Во Срна беше одговорен сега покојниот Ѓорѓи Колозов заедно со женаму Шенка се функционираше прекрасно .Се згрижуваа кучиња имаше ветеринари се испитуваа се лечеа .. се беше прекрасно . Кога ке се утврдеше дека некое куче е боолно . .или многу агресивно односно има беснило и слично беше усмртувано со Инекција која е доволно скапа.

    А сега ако не знаете јас ке ви кажам дека Кучињата се усмртуваат наводно со инекции кои чинат многу пари .уствари се убиваат на сосема друг начин а некој си прави пари од тоа..

    пс. Имало кјар од кучиња скитници.. да ги убиеш со секира во глава а да си ставиш пари во џеб дека си ги убил со инекција која чини 200 евра.

    епа тоа мора да го искористи човекот . користољубивос хмм

    НЕхуманост и Идиотизам
    .. само тоа ке кажам
    avatar
    дедо иљо
    Малешевски
    Малешевски

    Male Мислења : 219
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-09-19

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by дедо иљо on Нед 06 Сеп 2009, 02:08

    а зошто едноставно не се кастрираат кучињава па да не се размножуваат а овие шо се кај да е ке умрат
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Phoenix on Нед 06 Сеп 2009, 02:40

    и тие имаат исто право да се тука колку што си и ти . исто право како и секоја жива еднинка на земјава. кои сме ние лугето се да си присвоиме. Очигледно не е проблемот во кучињата туку во нас лугето . чим ни семта една прашума во амазонија и уништуваме племиња кои не зависат од нас.. па камоли невини кучиња. чак да ги кастрираме Грев! злоба! насилство! безмилосни злодела! идиотска ладнокрвност! каде си СРнооооооооооооо
    !!!!!!! спаси гиииии!!!

    постот е едитиран од администратор
    avatar
    дедо иљо
    Малешевски
    Малешевски

    Male Мислења : 219
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-09-19

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by дедо иљо on Нед 06 Сеп 2009, 14:57

    свести се дорс 21 век сме то е реалноста немојш да ја смениш и ако сметаш дека кастрирањето е грев тогаш не знам шо не е грев на овај светов наш, со кастрирањето немат да имат кучиња за убивање немат да имат кучиња коишто ке и бидат терет на државата а ти ако си толку загрижен за продолжување на видот на кучињата отвори си еден приватен стационар и размножувај ги колку сакаш
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Гостин on Пон 07 Сеп 2009, 01:03

    Ех драги чоеци.........само кај нас во Македонијава е така за жал.Тука кај нас не можеш да поминеш на пешачки,ќе те изгазат,што си човек,па камоли куче на улица.Да има само една шинтерница,но за жал таа шинтерница не е за здомување на кучињата од улица.....туку за мелење на нивното тело,масакри не видени.тоа е многу страшна глетка,особено за некој што ѓи обожува животните.Тоа го знам бидејќи завршив ветеринарно училиште и сега ќе студирам на факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.
    Предминатата година имаше акција за кастрирање на уличните кучиња со цел да не се размножуваат веќе и да ги има помалку.Но,тие направија многу голема грешка.......заборавија дека со тоа не ги искоренуваат и болестите кои ги поседуваат кучињата и дека треба да се вакцинираат....против беснило,вироза во годината.Исто така тие кучиња кои навистина се опасни за населението.......треба да се отргнат,ама само тие кои се опасни кои боледуваат од беснило треба да се убијат затоа што болеста се пренесува и на човек со угриз на кучето и човек може да се спаси од тоа,евентуално ако го открие првиот стадиум на болеста,инаку најчесто завршува со смрт.
    Инаку треба да се изградат повеќе видови на објекти за уличните кучиња,но и за другите.....каде што ќе бидат здомени и издресирани.....ако мислат дека со тоа улиците ќе бидат побезбедни и почисти , гадно се зафркнале,бидејќи ние како луѓе не сме чисти...ние треба прво да се средиме,па после се...........зошто се зависи од нас ,ние сме тие кој управуваат со светот........животните не се криви за ништо,криви се оние горе “големите луѓе“,но ние не треба да чекаме од нив нешто добро да се направи,туку ние сме тие кои треба да потикнеме да се разбуди свеста,да смениме и да бидеме заедно во тоа што го правиме,затоа што вака не бидува веќе.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Phoenix on Пон 07 Сеп 2009, 15:03

    многу убав и исцрпен пост . се согласувам целосно со ова погоре.

    еве ке кажам пример..

    БЕв многу помлад имав 15 години .. време кога младите спортуваат, така и јас со своите другари игравме кошарка на малскиот кош секој ден . Во близина на тој кош имаше Раскошна куќа со огради високи 2 метри направени од ковано железо .Во таа куќа живее еден пратеник не сакам да го именувам, И нормално бидејки има мн пари логично е да си има куче. Е ова куче беше бааги големо и кога ке поминувавме премногу лаеше се тегнеше сите се плашеа да не го скине ланецот. Но тоа куче неколку пати претходно беше пуштено и го имав галено во себе си викав кутрото куче му треба игра му треба некој да го прошета постојано е врзано .

    Еден ден кучето беше одврзано и излезено од дворот застанало пред портата и стои . Ние се упативме кон кошот ама кога го здогледавме кучето сите застанаа сите се исплашија. Јас си реков абе ајде само кога е врзано лае сега би требало да е ок. Се свртев кон другарите и им реков -Ако поминам јас ке поминете ли и вие ? Се согласија сите. ОДам јас и кога стигнав дојде кучето ме помириса и подзамина. Газдарицата ,една стара баба од истата куќа одеднаш почна да мафта со раката и да вика ОГи лепче , Оги лепче .. Кучето сигурно помисли дека добива команда да нападне и ме изеде , Имам на грбот лузни имам и Фобија од кучиња.

    Газдата богаташот ми даде 1000 денари за искинатиот демек блузон и си премолче .

    И кој е тука крив кучето или човекот .. кој треба да се убие..зар само уличните кучиња напагаат

    е не напагаат без причина.. напагаат ако ги клоцнеш ако им направиш било што лошо тие ја осекаат негативноста исто како и домашните кучиња кои неретко се излезени од своите дворови и исто така може да нападнат.

    Е сега мене не ми е јасно дали вас тие кучиња ви пречат бидејки го рушат имиџот на град скопје идната Метропола.. или пак поради тоа што може да укасаат некој ..

    Логички е дека тоа е куче и дека може да нападне .. ама ако гледаме така ке треба сите кучиња да се истребат ..

    Знаете од стари останало

    Во куче Верба немај

    Рани куче да те ЛАе


    ама во ниеден момент не ги убивале .. Ги користеле за овци чување и слично ..

    Кучињата се дресираат и може да се користат за многу намени .. Сите го знаат тоа само ке нема како да перат пари ..


    А за тоа ако го загадуваат градов.. Срамота е да се почне со нив. Бидејки многу работи се раштимани а тие се една мала трошка на овој испрљан тепих ..

    Поентата на целиов мој Досаден пост беше дека . Ако нешто се сака се може .. ама финтата е што се сака .. а уште побитно е чив е изборот!!
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Гостин on Пон 07 Сеп 2009, 22:43

    Ех драг the doors тоа ти е.....нема правдина,инаку можеш да тужиш за такви работи....но со тие големите луѓе немаш шанса да победиш т.е. на крај да излезеш.Нивните кучиња се дресирани да напаѓаат сите кои што не ѓи познават од сигурност.........
    Инаку да куче си е куче,никогаш не треба да се има верба во нив.
    Јас како помала и тоа имав 10 години,чував кучка ја хранев од улица,ја чував ептен и еден ден се враќав од школо и сакајќи да ја погалам ме напдана за раката ме гризна,но имаше мали кученца можеби заради тоа,но тоа е тоа.Но никогаш не се откажав од тоа што го сакам и дури го прифатив предизвикот да студирам ветеринарна медицина. И ден денес не се плашам од кучиња,само ако видам толпа на кучиња и така.Знаете кучињата еволуирале од волците,односно тие се припитомени волци.


    Последната промена е направена од Kristijana на Пон 07 Сеп 2009, 23:25. Мислењето е променето 1 пати
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Phoenix on Пон 07 Сеп 2009, 22:48

    во драчево учеше ?

    Сепак тоа се инстикти . напажаат .се галат..Сакаат.. не бранат.. не лаат .. трчаат со нас играат.. се на се кога ке се собере многу се позитивни и воопшто не се штетни ..

    како и секое суштество на планетава си има позитвни и негативни страни ..


    но тоа на никој не му дава за право да ги убива толку ладнокрвно ! и да ги ранат волците во золошка!

    тоа е !
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Гостин on Пон 07 Сеп 2009, 23:26

    Да во Драчево учев...........зошто?
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Phoenix on Пон 07 Сеп 2009, 23:31

    зошто само таа ветерина ја знам :)

    и таму живеам и така ми дојде да прашам

    ај да не одиме офф топик во темава.. онака беше прашањето некако уз муабетот ,
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Гостин on Пон 07 Сеп 2009, 23:39

    ок да да...........не е во ред......
    avatar
    VanityDoll

    Female Мислења : 3
    Местолокација : СКОПЈЕ
    Зачленет на : 2009-10-01

    НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by VanityDoll on Чет 01 Окт 2009, 20:05

    Знам дека ќе има многу кои ќе ми противречат, но сепак се држам за тоа што го мислам: Луѓето не треба да мислат дека вредат нешто повеќе од останатите животни. Верувам дека сите сме запознае со теоријата на Чарлс Дарвин иако е тоа повеќе од теорија која со непобитни докази докажува дека и човекот е ЖИВОТНО кое е далеку понапредно од останатите животни. Зашто да ја искористуваме таа т.н. напредност пред останатите за да покажуваме сила?
    Повеќето од вас само сакаат чисти улици без кучиња кои ја уништуваат глетката. И јас мислам дека улиците треба да се исчистат но без усмртување на кучиња кои се потполно здрави а уште помалку тукушто родени кучиња.
    Точно е дека човекот е многу попаметен и има поголема свест од еве, на пример уличниве кучиња. Но како не сваќате дека и кучињата имаат свест иако не можат да се истакнат затоашто не знаат да зборат. Ај помислете малце како би ви било на вас кучињата да беа попаметни од луѓето и да почнат да не убиваат зашто немаме кај да живееме??
    Јас немам никаква намера да ве натерам да го промените мислењето, зашто секој има право на свое, туку сакам да ве натерам да размислите и од друга перспектива и барем да се согласите дека делумно имам право...
    Низ градов има многу бездомни кучиња кои имаат беснило заради тоа што предходно немале услови за живот. Тие напаѓаат луѓе кога се ептен гладни, но немаат сите кучиња беснило. Со тешко срце признавам дека во нашава држава, ваква каква што е денес, овие кучиња би требало да бидат усмртени, но во минимална бројка, доколку мора.
    А за останатите бездомници, на кои им фали само вакцина против некои едноставни вируси или заразни болести и сл., имам да кажам само едно: ТИЕ ИМААТ ПОТПОЛНО ИСТО ПРАВО НА ЖИВОТ КАКО ЧОВЕКОТ. Е сега едниствената разлика е што екологистите не подготвиле некоја Униврзална Декларација за права на животните како што има за човекот.
    Има една новост и не знам кој колку е запознаен со неа, но сепак еве тоа е акција за здомување на мали кученца кои се потполно здрави а немаат каде да живеат. Зашто да купувате куче кога можете да добиете едно бесплатно. Мислам дека ги вакцинираат, но сигурна сум дека им прават прегледи и ако не е нешто во ред со нивното здравје се соменвам дека би ви го дале. Сепак вакцината можете сами да ја платите затоашто одговорните ветеринари се должни само да се уверат дека кучето нема некоја зараза.
    Не велам дека сите треба да земете куче, велам дека тие што имаат во план нешто такво, подобро да здомат отколку да купат.

    До каде мислите дека ќе стигнеме ако убиваме се што ќе ни затзане на патот?

    avatar
    NIghtmare_f
    мистериозна
    мистериозна

    Female Мислења : 849
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-10-29

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by NIghtmare_f on Саб 07 Ное 2009, 14:00

    незнам дали сте слушнале за стационарот вардариште во скопје таму ги прибираат кучињата скитници , и добро е тоа што група ветеринари ги прегледуваат кучињата, ги бањаат , вакцинираат и ги чуваат таму.Сега во последно време прават некоја организација кој сака да има дома миленик да појде таму и да си одбере од многубројните кученца ,мачки .Зашто некој нема пари да си купи овака без пари ќе си го земе и ќе си го одгледува. Пред некој месец направија мн добро дело незнам дали сте гледале на тв,ги однесоа повеќето кученца на плоштад и со машни на нив можеа луѓето да си одберат кое животинче си го сакаат.Можеше да се бира од повеќе раси.
    Значи кога само би имало повеќе такви места со повеќе свесни луѓе би било прекрасно.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Phoenix on Саб 07 Ное 2009, 14:07

    епа поради таа свест луѓето непромислено ќе земат кученце и после 2 недели ќе го фрлат на некоја улица или до некој пазар .. претходно мислејќи можеби дека кучето е како плишено мече и ќе нема потреба да го ранат и слично.

    и да подоцна тоа куче ќе порасне .. и ни криво ни должно ќе го однесат шинтерите и ќе го усмртат.

    Да за подарување кучиња..но мислам дека треба да се направи некој вид на анкетен лист со прашања..и секој кој сака да си земе кученце.. да потполни еден тест... и да се увиди дали тој човек е способен да чува домашно милениче. доколку се установи дека нема појма за ништо. .да му се даде некаков прирачник ..во кој ќе ги пишува особините на тоа милениче и како треба тој човек да постапува со него !

    Sponsored content

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:47