Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Share
    avatar
    NIghtmare_f
    мистериозна
    мистериозна

    Female Мислења : 849
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-10-29

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by NIghtmare_f on Саб 07 Ное 2009, 14:26

    Е да тоа е паметно.Сепак колку мн сме назад.незнам дали ја гледаш оваа тв програма Animal Planet на кабловската е таму добиваат луѓето и казни ако му наштетат на животното а камоли да го остават на улуца.Животот на кучињата кошта мн повеќе од животот на човекот.Стасуваат и до затвор луѓето.Е тоа е нешто најпаметно да почнат да се однесуваат спрема животните како спрема луѓето , да нема на секој чекор по некое згазено животно на патот и за тоа никој да не одговара.

    А и шо викаш ќе отидат ќе земат мислејќи дека тоа е плишено мече и дека како ќе го остават така ќе седи.Па тоа е невозможно.Тоа живо суштество како и ние самите луѓе треба да јаде,треба да пие,да спие,да си игра,да шета...буквално мало дете.Ја викам дека кучето или мачето е исто како да имаш дете.Ако знаеш ти да се однесуваш спрема животинчето, ќе занаеш и деца и се да чуваш.
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Клеа on Сре 18 Ное 2009, 22:35

    И премногу сакам животни,мачки,кучиња..знам каква сум и затоа не зборам многу на темата..а само како можат со кучињата да ги ранат волците..ми се пара душата..ми се крева притисокот..и ќе почнам непрестано да плачам дури до липање..и затоа бегам од темата,еве,нешто од внатре ми доаѓа да врескам од болка..морам да ја потиснам мојата внатрешна болка и да бидам ладна како ништо да не се случува,барем не сме ние луѓето лоши нели?или пак се поголеми ѕверови?
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Гостин on Саб 21 Ное 2009, 15:21

    Pred nekoe vreme imase na televizija ,potocno vo vrteleska emisijata,se razrabotuvase ovaa tema.Gosti bea Pretsedatelot za sojuzot na kucinja,profesor od veterinarniot fakultet i bas kazuvaa za vardariste deka ne samo sto gi ubivaat kucinjata,tuku i gi gorat......strasno.....eve i pr. tie kucinja so ke gi ubijat ni gi nosat na fakultet kaj nas za disekcija svezi lesevi........strasnooo.........treba da se prrevzeme nesto,no sto?inaku pak se izvinuvam za fontov,neam mk font.......
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Гостин on Вто 24 Ное 2009, 15:53

    vo petok na protesti vo 12 30 pred sobranie, da ve vidam site.......
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by prozaque on Вто 24 Ное 2009, 17:59

    Kristijana напиша:Pred nekoe vreme imase na televizija ,potocno vo vrteleska emisijata,se razrabotuvase ovaa tema.Gosti bea Pretsedatelot za sojuzot na kucinja,profesor od veterinarniot fakultet i bas kazuvaa za vardariste deka ne samo sto gi ubivaat kucinjata,tuku i gi gorat......strasno.....eve i pr. tie kucinja so ke gi ubijat ni gi nosat na fakultet kaj nas za disekcija svezi lesevi........strasnooo.........treba da se prrevzeme nesto,no sto?inaku pak se izvinuvam za fontov,neam mk font.......

    А ако не ти ги носат на факултет дисецираните кучиња...од што очекуваш да научиш анатомија на животно?На слика?На фантом?Се додека лешот било на животно било на човек се користи за научни цели тогаш тоа е тотално оправдано..

    Иначе, со оглед дека повторно се разгори темата ќе го искажам мојот став во врска кучињата бездомници.Според мене јас мислам дека треба да се изврши стерилизација на кучињата, односно да им се намали способноста да оставаат потомство.Некаква златна опуртунистичка средина е тоа.Замислете на секои 6 месеци да се организира акција со која ќе се фаќаат кучињата бездомници и со едноставни зафати (делување со хемиски агенси, мали хируршки интервенции и друго) ќе им се намали плодовата способност.На тој начин кучето нема да се убие, нема да му се ускрати сексуалното задоволство ама нема да може да остава потомство кое би претставувало проблем во иднина т.е повеќе кучиња бездомници.Се разбира ефектот на ваквите акции би бил забележлив на подолг временски период, и ако истите се повторуваат повеќе пати и се извршуваат ефективно и професионално.Само за тоа треба капацитет на кој треба да се работи со цел да се обезбедат потребните кадри..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Гостин on Сре 25 Ное 2009, 09:57

    Eve kaj nas na fakultet ni donesoa slicno kuce ko suzi vasha na slikive,smrznato normalno ubieno namerno so macenje,zadusheno ili uspieno,za da ni e idnite veterinari vezbame na niv......Inaku prozaque nie gi dereme kucinjata,nie im ja vadime kozata i se drugo.Ama dokolku kucinjata umrele od nekoja bolest ili se rahiticni ili od glad ili ili toa razbiram,Ama da se ubieni so nasilstvo,so tepanje ,uspivanje i truenje toa ne e vred. Neznam sto ima loso vo toa da gi vakciniraat protiv besnilo i red drugi intervencii i da gi smestat nekade,ako nekoj ne saka da gi vdomi.Toa e toa.A toa sto mene mi e rabota,toa e toa shto sum go odbrala da go rabotam....toa e zalno da go rasekuvas a do vcera shetalo i trcalo.Eve na primer,Vo ponedelnikot imavme vezbi disekcija,i ni donesoa kuce i toa potpolno zdravo,normalno zamrznato,go ubile prethodniot den,mu bapnale dve inekcii u butot i kucevo od maki se pokakalo.otrvot mu navlegol vo koza,niz veni arterii niz celo telo i umrelo.toa e toa.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by prozaque on Сре 25 Ное 2009, 19:01

    A jaс шо да речам дека треба учам морфологија и аномалии на истата на леш кој бил убиен со секира во предел на карлицата..типот имал бавна и болна смрт..никаков поглем крвен сад не бил повреден..значи крварел доста време пред настапи смрт..И сега е погрешно што треба да се врши дисекција на леш кој имал насилна, бавна и болна смрт?

    Ова ме потсеќа на случката со еден битолски скинер на времето..Нема да го именувам кој, ама типот исекол и избодил со нож луѓе повеќе отколу ние што сме исекле и избодиле храна во животот..Дури убил еден, за шо лежи и во затвор моментално..Тоа и пуштање во употреба на наркотични средства..Како и да е, еден ден, битолските скинери задоени од нацистичката расна идеологија и неколку кила ракија тргнале цела толпа накај Ѓупски Баир каде што како што претпоставивте живеат цигани..Праеле џумбуси таму, туркале картонски куќарки им се заканувале на циганите..Кога стигнале до имотот на еден поситуиран циган, кој чувал кокошки еден од скинерите извадил нож да му ги заколи сите кокошки на циганот..Арно ама, дотичниот скинер го премолил колегава, да не ги убива кокошките оти биле греота..Каков апсурдна изјава нели?

    Загрижени сме за правата и емоциите на животните, а кога се во прашање луѓето пет-пари не даваме..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Phoenix on Саб 28 Ное 2009, 13:01

    Стотина љубители на животни вчера протестираа да запре масовното усмртување животни во стационарот, а градоначалникот Трајановски тврди дека со нив се постапува хумано



    Под мотото „Не за крваво Скопје“ стотина љубители на животни вчера одржаа мирен протест пред бараките на градската администрација и побараа од градоначалникот на Коце Трајановски да ја запре масовната еутаназија на кучињата во стационарот Вардариште.

    Трајановски вчера не се појави пред протестантите за да ги слушне нивните барања, а во изјава за медиумите рече дека не ги примил оти тие тоа претходно не го побарале.

    - Ви гарантирам дека во стационарот се постапува според сите хумани принципи. Ќе разговарам и со нив и ќе се обидеме да им ги исполниме барањата за добивање простор каде што здруженија за заштита на животните ќе можат да отворат нивни стационар. Јас сум многу задоволен од тоа што граѓаните се помалку се жалат дека се нападнати или каснати од улични кучиња - вели Трајановски.

    Вчерашниот протест беше организиран од невладината организација за заштита на животните „Анима Мунди“, со поддршка на невладината организација „Срна“ и голем број независни активисти. Пред градските бараки дел љубители на животни се појавија со своите кучиња и со транспаренти во рацете на кои пишуваше „треба ли да лаеме за да не чуете“, „не сакаме крваво Скопје“, „стерилизација наместо еутаназија“, „по делата ќе ве паметиме“... Протестот го поддржаа и повеќе јавни личности меѓу кои и Весна Петрушевска-Бејби, која важи за голем љубител на животните, глумецот Кирил Поп Христов-Кили, главниот уредник на таблоидот „Крема“ Зоран Василевски...

    - Денешниот протест е пример дека дел од македонските граѓани не се согласуваат со актуелната политика на градот за усмртување на кучињата во стационарот Вардариште и дека постојат други начини за да се реши овој проблем. Сметаме дека оваа бројка на граѓани не е за потценување и дека е редно време да се слушне и нивниот глас - вели Столе Велковски, претседател на „Анима Мунди“.

    Протестантите побараа од градот да се води прецизна евиденција за секое заловено и еутанизирано куче, да се отвори стационарот за посетители секој ден, да се соработува со невладиниот сектор за да се реши проблемот со бездомните кучиња и да се подобрат условите во Вардариште каде што кучињата умираат од студ, глад и од заразни болести.

    Официјалните бројки на градот Скопје велат дека од јануари до јули годинава заловени биле 907 улични кучиња, а 435 биле еутанизирани. Невладините организации сметаат дека еутаназијата нема да го реши проблемот со уличните кучиња и дека единствен хуман и ефикасен метод е тие да се стерилизираат и да се вратат на местото каде што престојувале. Активистите веќе имаат подготвено проект за намалување на уличните кучиња, но од градот и од јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое го стопанисува стационарот, сé уште не одговориле на нивните барања за средба и за заедничко решавање на проблемот.

    Автор: М.Ј.
    avatar
    Марас Ружни

    Male Мислења : 140
    Местолокација : Кавадарци - Охрид - Скопје
    Зачленет на : 2009-04-18

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Марас Ружни on Пет 09 Апр 2010, 11:44

    Мене искрено срцето ми се крши за толкава количина на храна (сурово кравјо месо и органи...мхмхм, њам, њам) што се троши за бездомната популација на кучиња, отколку за луѓето.

    Да ве потсетам :

    Ова е МАКЕДОНИЈА, земја што е уште во транзиција, се лечи од последиците на транзицијата. Зошто ни се кучиња, мачиња, стапчиња и лижавчиња кога наместо тоа треба да мислиме на нешто поважно.

    Иначе ја користам приликава да се пофалам како мало детенце (баш како мало) :

    Дедо ми е масовен убиец на мачки кај нас во маало. Можеби ги има убиено над 50.

    И најважно : сите во маалото му благодарат.

    Зошто? Затоа што мачките брзо се котат и на сите му ги пустошеа дворовите и тоа што беше посадено во нив.

    Кучињата не се поразлични. И кучињата и мачките се во вештачка средина исполнета со хранливо ѓубре, се котат брзо и брзо растат.

    Проблем:

    Природниот баланс му е нарушен. Кога некоја жива форма ќе се пре-намножи балансот го држи предатор. Предаторот е човек.

    Толку од мене на темава.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 24 Jул 2010, 20:16

    Јас сум за усмртување на кучињата скитници. Откога ме касна мене куче пред 11 години што можеше да ми ја скини артеријата одтогаш ги има замрзено в крај.
    Се имаат запрашано тие што мислат дека не треба да се усмртуваат кучињата скитници дека може да искасапат некое детеsto Особено кога ќе се соберат 5-6.
    Порано имаше служба за отепување на кучиња скитници, а лошо е сега што ја нема.
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Гостин on Саб 24 Jул 2010, 20:54

    Колку љуѓе нападнале љуѓе па сеа требит да се уништит човечкиов род? Немат нишо полошо од чоек, дефинитивно. То шо тебе те нападнало едно куче, не значит дека сите тие требит да се убиет. Во секој случај државава наша ќе си прајт проекти за разубавување на нашиот главен град, пошо само тој проблем остана, изгледот. Немат пари за проверка на кучињава, лечење и храна, немат хуманост и од ногу љуѓе шо не би одделиле 100 денари месечно за кученце, дури и да имет огромна куќа не би чувале суштество шо немојт да работит во влада. Размисли малце дали требит да имат служба за отепување на кучиња скитници или за одгледвење и лечење. Уствари прво нек се отворит за лечење на чоечки комплекси па после нек се лечет кучињава. Страшно.
    avatar
    Тротоарска Мома
    Уметник
    Уметник

    Female Мислења : 1562
    Местолокација : Тротоар
    Зачленет на : 2010-03-16

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Тротоарска Мома on Саб 24 Jул 2010, 21:53

    Абе треба да се згрижат и нетреба да се бездомни ... а за правење проблеми не прават тие толку проблеми коклу што прават оние вдомените што имаат сопственици што не се доволно грижат за своите кучиња ... има кучиња шо стварно се мили и да ги погалиш и да ги прошеташ и да ти е кеф шо си ги сретнал али има некој шо нон-стоп лаат сметаат прават галаама и сл. Значи НЕ за усмртување на бездомните кучиња, ДА за нивно вдомување или средување на било кој начин
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 26 Jул 2010, 19:40

    Абе да ги погалиш кучињата скитници зошто? За да фатиш некоја болест од нив.
    Кој што сака да префати болест од нив слободно нека ги гали кучињата скитници.
    avatar
    дедо иљо
    Малешевски
    Малешевски

    Male Мислења : 219
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-09-19

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by дедо иљо on Пон 26 Jул 2010, 22:09

    место да ги убивет требит едноставно да ги кастрирет па ке видите за 10 години дали ке имат кучиња скитници
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 26 Jул 2010, 22:25

    дедо иљо напиша:место да ги убивет требит едноставно да ги кастрирет па ке видите за 10 години дали ке имат кучиња скитници
    Право во центарот.
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Гостин on Вто 27 Jул 2010, 14:12

    zaptija stojkovski напиша:Абе да ги погалиш кучињата скитници зошто? За да фатиш некоја болест од нив.
    Кој што сака да префати болест од нив слободно нека ги гали кучињата скитници.
    досеа иам 1000 кучиња скитници погалено па неам закачено некоја болест. Ниедна! А и не познавам некој шо имал фатено.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 17 Окт 2010, 20:17

    Чинот на вчерашното брутално убиство на куче скитник во Драчево наведува на заклучок дека убиецот е психички растроено лице, вели за А1 психијатар кој го консултиравме.

    „Екстремно однесување во кое вие убивате невино животно, а не сте нападнати од истото, го убивате на еден многу бизарен начин, тука мора да бараме психопатологија.

    -Но, си поставуваме прашање, што ако во моментот тука минувал некој млад бунтовен адолесцент кој многу ги сака животните, кој во моментот во кучето ќе го препознаел своето милениче и ќе влегол во ситуација да се спротивстави и тогаш ќе се случел уште пострашен настан“, изјави Викторија Вујовиќ, психијатар.

    Очевидци вчера во Драчево беа сведоци дека сторителот со континуирани убоди со нож усмртува куче скитник наводно затоа што претходно животното ги нападнало неговата сопруга и бебе.

    Извор А1

    Истиот тој да убиеше човек немаше толку да го осудуваат.
    Да не требало случајно да го остави кучето да му го изеде неговото дете и неговата сопругаsto Или пак да не требало да ги заколи својата жена и детето па со нив да го нарани кучетоsto
    Оваа држава повеќе осудува луѓе којшто отепале скитничко кучиште него некој сериски убиец. ЛОБОТОМИЈАААА.
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Сашо комшијана on Нед 17 Окт 2010, 20:53

    Па Драчевци се познати по колењето на стари луѓе, браќа се колат меѓу себе итн и не паничеа колку за песов
    Кога сме веќе кај казните... Затвор за таквите луѓе, кои колат кучиња и предлог до владата за закон кој ќе дозволи брак помеѓу човек и животно. Во Индија постои тоа и е доста применето а и успешно, ќе имаме повеќе среќни бракови... Човек+животно=Идила
    avatar
    Nemo
    Капетан
    Капетан

    Male Мислења : 1412
    Местолокација : пред фЛижидер
    Зачленет на : 2010-03-24

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Nemo on Нед 17 Окт 2010, 21:27

    НЕ!!!
    има и други алтернативи, али ипак ова е полесно за некој.
    имам најдено дом за многу бездомни кученца и мачиња, а скоро сите се биле обични "џукели" кои бараат храна, дом и љубов.
    значи НЕ за убивањето на здравите бездомни кучиња!
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 17 Окт 2010, 22:56

    А мојот предлог до владата би бил да го врати законот како што беше во СФРЈ да има служба за отепување на кучињата скитници. И друг предлог нека не гради стационари за кучињата скитници, туку нека изгради бараки за да се згрижат ЛУЃЕТО-СКИТНИЦИ.

    И не треба да се казнуваат луѓето што ќе отепат кучиште-скитник туку газдата што го пуштил бидејќи некои газди кучето кога му е старо (повеќе не му треба тоа) го пуштаат на улица.

    Во оваа луда држава се бидвит. Уште малце ќе не казнуваат ако не им даваме месо на кучињата скитници.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Batty on Пон 18 Окт 2010, 02:11

    Куче е животно.

    Човек кој убива куче со нож не е ниту куче. Нешто ... подолу!

    Страшна работа. Не би коментирал опширно. Само ...

    Безразлика дали кучињата скитници треба да се отстранат (убијат, соберат, минимизираат, пратат на Марс, ...) никој не може да си зема за право да убие животно, и тоа на таков брутален начин.

    Да, луда е државата. Зошто?
    Оти ... има луѓе кои на УЛИЦА носат НОЖ и УБИВААТ кучиња со него, а во некоја ПРИЛИКА би го УПОТРЕБИЛЕ повторно НОЖОТ за да убијат ЧОВЕК ... па дури и Македонец да е.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    дедо иљо
    Малешевски
    Малешевски

    Male Мислења : 219
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-09-19

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by дедо иљо on Пон 18 Окт 2010, 02:29

    море само кастрирање за да не се множет за десет години ниту едно куче немат да останит
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Batty on Пон 18 Окт 2010, 02:31

    И циркумцизија нека им вршат ако треба, ама нема смисла да се случуваат вакви работи, како оваа во Република Драчево.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Phoenix on Пон 18 Окт 2010, 09:07

    згрозен сум од убивањето на кучиња на било каков начин .. и без разлика каде е .ОВа што се случи во Драчево се случува секаде ама баш секаде а тоа боли ..

    Ах камо да беше само во Драчево .. но не е..

    И да човекот си бара само причини да го прави сето тоа..

    пред некој ден се расправав на истава тема во Драчево..

    Всушност на Пазарот во драчево има доста кучиња скитници кои се собираат позади месарите бидејќи добиваат храна и тука си створиле живеалиште..

    Едно од тие кучиња се спријатели со чуварот на пазарот и навечер кога пазарот се затвара тоа куче работи со обезбедувањето ..односно ги напаѓа сите што ќе влезат во пазарот ноќе. .

    Е сега јас семтам дека тоа е во ред..исто како доберманите кај богаташите кои ги чуваат дворовите..

    многу пазарџии се спремаат да го убијат тоа куче бидејќи напаѓало ноќе.. како изговор дека кога оделе во своите пиљари биле нападнати ..но прашањето е што бараат ноќе на пазар..дали старата песна чуварот спие а ние крадеме ова куче им ја расипа...

    не во никој случај не смее да се убиваат кучиња!!
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Гостин on Пон 18 Окт 2010, 12:55

    zaptija stojkovski напиша:И друг предлог нека не гради стационари за кучињата скитници, туку нека изгради бараки за да се згрижат ЛУЃЕТО-СКИТНИЦИ.
    За разлика од кучињава, љуѓево может да работет и да си живеет без никаква помош од други. Ама си се навикнати некој друг да работит а тие да си чекет на готово, па зато имат ногу скитници. Требит да им поможит државава, да, ама да им дават бараки.. И јас немат да работам нека ми дает стан и јадење секој ден, дури и цигари Вест нек ми купвет :)

    Sponsored content

    Re: НЕ за усмртување на бездомните ЗДРАВИ кучиња

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:47