Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Проституција

    Share
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Проституција

    Пишување by Phoenix on Сре 04 Ное 2009, 21:43

    Најстарата професија во светот ..

    Што мислите потрагата по пари или присилување?

    Начин да преживеат или начин да заработат и да доживеат некој вид адреналинско-сексуални авантури..?

    Соочување со непознатото или нимфоманија?

    Многу прашања се кријат зад овие луѓе а уште повеќе има предрасуди..

    Дали се прифатени во сегашното општество како и порано или нешто е сменето..

    Во некои земји е легализирана.. дали мислите дека и кај нас треба да биде легална оваа професија?
    avatar
    NIghtmare_f
    мистериозна
    мистериозна

    Female Мислења : 849
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-10-29

    Re: Проституција

    Пишување by NIghtmare_f on Чет 05 Ное 2009, 18:45

    у европава се е под присилство.као шо глеам примери млади девојќи незадоволни од работата што се пружа у татковината увек бараат спас надвор од неа,и најчесто се пријавууваат на некој непроверени огласи,у кои им ветуваат све и свашта,а кога ќе стигнат таму замислата како ќе работиш и шо ќе работиш исчезнува за момент...од еден на друг ќе те продаваат као бело робје а нема ни да знаеш.и на крај принуден си да работиш проституција а никој не те праша дали ти сакаш то да го работиш или не

    ја мислам дека кај нас не треба да се легализира,него треба да ги соберат проститутките од пред мтв и да ги пратат на лекување,да се преземат некои мерки околу нив...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Проституција

    Пишување by prozaque on Чет 05 Ное 2009, 22:08

    Шо му фали на Холандија..Таму да живееш во квартот на проститутките е најбезбедно место..Оти врие цајкани заради несакани инциденти..Холандските проститутки се здравствено заштитени и ги имаат правата како и секој друг граѓанин на Холандија.

    Мотивите за проституирање немаат никава врска со адреналински сексуални авантури или нимфоманија..Таквите потреби се задоволуваат и не се наплаќа поради тоа..Значи мотивите се секогаш од материјална гледна точка..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Проституција

    Пишување by Phoenix on Чет 05 Ное 2009, 22:17

    прозак зар не си сретнал на тв или во списанија..дека и некои девојки полни со кешш го работат овој занает.. чудно а не им требаат пари..автоматски тоа секогаш станува понекогаш ..според мене..

    инаку да за нифоманија и секс авантури доколку е признаена и легална оваа професија..Девојките не се толку на ризиик и ќе можат да поднесат тужби во случај на инциденти..во спротивно сосема неможат..

    Јас сум за легализација се разбира и мислам дека ем тие ќе бидат испитани и здрави и ќе имаат повеќе права а богами ќе бидат добро заштитени со закон а не со некои сумливи макроа.. незнам .. сепак тоа не гарантира дека ќе се намали трговијата со бело робје или пак ќе нема пак работење на црно..што би рекле работење на сумлив места со непријавени проститутки ..бидејќи нормално малолетни проституки ќе неможат да се пријават а од нив повеќе се заработува.

    Е сега кога ќе размислам зошто таа девојка место да работи во конфекција.. ќе го продава своето тело... доагам до моментот кога гледам дека таа девојка за еден ден заработува повеќе пари отколку некоја шнајдерка..

    и се прашувам како тие се чувстуваат внатрешно ..дали како предмет.. и како се прифатени од сите останати..знаеш не сум видел некој да има пријателка проститука.. се прашувам дали тие воопшто имаат пријатели или се сосема сами во тој свет.
    avatar
    KuroiKenshin

    Male Мислења : 443
    Местолокација : A galaxy far far away
    Зачленет на : 2009-10-06

    Re: Проституција

    Пишување by KuroiKenshin on Пет 06 Ное 2009, 16:21

    Оправдувам (поради било која цел , само да е своеволна).
    И треба да се легализира.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Проституција

    Пишување by Phoenix on Пет 06 Ное 2009, 19:50

    KuroiKenshin напиша:Оправдувам (поради било која цел , само да е своеволна).
    И треба да се легализира.
    човеку дај не штеди на зборови .. ако ти е по воља објасни зошто мислиш дека треба да се легализира.. да го прочитаме твоето мислење .. 
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Проституција

    Пишување by Batty on Пет 06 Ное 2009, 19:53

    Земја како Тајланд живее од проституцијата. Тоа им е најмаркантна дејност, односно секс туризмот. Сигурно имате слушнато за тоа.
    Кога би се легализирало, не би било се околу тоа покварено и забегано. Се би било средено.
    И онака државата нејќе и не може а и не смее да се бори со тоа, барем нека го легализира, нека земе некоја пара и од тоа...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    KuroiKenshin

    Male Мислења : 443
    Местолокација : A galaxy far far away
    Зачленет на : 2009-10-06

    Re: Проституција

    Пишување by KuroiKenshin on Пет 06 Ное 2009, 20:00

    1. Искачаш , трошиш пари (на) девојка , и на крај на вечерта имаш секс со неа. Why not skip the formalities? :)
    2. Кога би се легализирало целото тоа „нешто“ . Макроата или кој и да е , би требало да обезбедат здравствени прегледи за „вработените“ евентуално и клиентите , бар ќе бидат сите здравствено заштитени.
    3. Случаи на силувања и насилства врз проститутките ќе бидат доведени у разумни размери.
    4. Има девојки што свесно таа професија ја одбираат (не ради недостиг на пари или шо ти ја знам ). Зашо да им го одземам правото на работа?
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Проституција

    Пишување by Kelso on Нед 24 Јан 2010, 22:10

    Па кога и другиве од работничката класа секојдневно се д*пени од други луѓе, зашто да не стане и ова легално.
    Простата маса смета дека тоа што е легално е правилно, морално.Со самото тоа ако проституцијата стане легална ќе биде прифатена од генерациите освен од нашите баби и дедовци.
    Сега правиме работи кои порано не ги прифаќале, па за некое време ништо чудно ако педофилите си ги бараат своите права.
    Законите се само за да се има божемна претстава на правилност и ред.
    За тие што се посиромашни на некој начин се присилуваат самите на оваа работа.Има доста случаеви кога се присилени од други.
    Затоа да се легализира и нема никој да биде присилен.Ќе си имаат права.Башка и за другиве работни места(кои мораме да ги работиме за да преживееме) демек ние (би)сакаме(ле) да ги работиме.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Проституција

    Пишување by prozaque on Пон 25 Јан 2010, 01:02

    Тековната влада во никаков случај не би превзела чекор за ваква "преродба".Оти смета дека сексуалната енергија треба да биди сконцетрирана во рамките на семејството, кон брачниот другар, за да се крени наталитетот итн итн.

    А каков народ - таква власт и обратно.Нашиот менталитет не е подготвен за легализирање на проституција и нема да биди во догледна иднина.Иако некогаш таа егзистирала.Во Битола во турско имало 2 бордели кои опстојувале легално и кленталата била често македонска.Иронично е шо после следи уназадување на менталитетот, за денес во името на европските и глобалните интеграции, забрзано да напредува, макар што проституцијата (легална или нелегална, официјална и неофицијална) во доба на сексуална слобода и разврат не би претставувала некој голем социјален фактор, но во името на конзервативноста и лицемерието ваљда треба да биди.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Проституција

    Пишување by Kelso on Пон 25 Јан 2010, 01:14

    Наталитетот во Македонија е послаб како иде времево.Како држава слабо функционираме и затоа Грујо ти овозможува трето бесплатно дете.Сите идат во странство.
    На Власт стигаат луѓе кои успеваат да ни ги намачкаат очите.Зарем ти би одбрал човек кој забранува пушење? :)
    Не сме сите за никаде.Има добар дел интелигентни луѓе засенети од политичарите.Зарем тие се најдобро што имаме?
    Секој бира свој сексуален живот.
    Ако не може ова, може да се легализира марихуана?


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Проституција

    Пишување by Kelso on Пон 12 Ное 2012, 18:02

    Што сум пишувала глупости пред две години.Срамота.
    Бидејќи учиме за Проституција ми стана интересна тема и си гледав некои видеа на youtube.
    За да се бавиш со проституција сепак си приморан.Приморан од економски причини или да си жртва на trafficking.Не може некој како хоби туку така да застане на улица и да се нуди.Ни кажуваше професорката дека институтот за социјална заштита помага на проститутки но, тие кои се регистрирани.Им се даваат совети, им се нуди помош и слично.Имаат взаемна соработка.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Проституција

    Пишување by Toecutter on Вто 13 Ное 2012, 18:47

    За разлика од дрогата, со проституцијата ситуацијата е обратна. Ако се легализира цената ќе скокне двојно, т.е. за процентот кој од секој сношај ќе го наплаќа власта. Шо значи дека рандом `краљица тротоара` ќе треба да прима анонимни пениси два пати повеќе за да заработи исто колку и пред евентуалната легализација.

    Само што во РМ класичната `тротоарска`/макро проституција е минимално присутна.
    За нијанса повеќе е онаа по веселите села на западна МК каде под превезот на угостителство се најмуваат источноевропски проститутки.
    Најмасовно присутна е онаа измеѓу, сивата проституција а.к.а спонзорството. Дојде со транзицијата и остана. Како и транзицијата, нормално. Стана факат. И нема да си оди, пошто економско-социјалната ситуација не оди на поарно.

    Се извршува од женски особи кои смртно се вреѓаат и имаат хомицидални нагони ако им се спомене реалниот израз за опис на нивната (економска) активност...

    Sponsored content

    Re: Проституција

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:03