Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Проза или Поезија?

    Share
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Проза или Поезија?

    Пишување by Phoenix on Саб 07 Ное 2009, 17:34

    што повеќе сакате да читате проза или поезија, истото важи и за тоа што повеќе сакате да пишувате проза или поезија..што повеќе ви лежи ?
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Batty on Саб 07 Ное 2009, 17:37

    Зависи. Ако речам проза - веднаш ќе ми префрлите дека најмногу уживам во поезијата ( Џони Штулиќ и тн). Ако пак, речам поезија, и така баш не е, оти ретко читам поезија, односно ретко сум направил некој потег да побарам нешто поезично, за разлика од прозни трудови.
    Како и да е, зависи. Јас барем не можам да кажам дека сум повеќе за едното. А, ако веќе мора да бирам, тогаш барем повеќе уживам кога ќе читам проза.

    За пишување, знаете самите дека сум по приказните без почеток и крај :)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Robby on Саб 07 Ное 2009, 18:06

    Обично пишувам поезија, оставам така лесно чувствата да течат.
    Некако сум навикнат да пишувам поезија. Но и прозата не ја заоставувам. Со прозата се опишуваат и искажуваат многу интересни и убави слики. Сепак поезијата ми лежи на душа, преку неа плетам мрежа од чувства, прекривам, заменувам, едноставно на свој начин оставам да истече од душата, да се преобразува во убава песна, која опишува некој мој сегмент, фантазија, моментална состојба, носталгија...

    За читање се релаксирам со стихови кога ми е потребно тоа, или се задлабочувам во проза....
    avatar
    NIghtmare_f
    мистериозна
    мистериозна

    Female Мислења : 849
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-10-29

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by NIghtmare_f on Саб 07 Ное 2009, 18:09

    проза можам и да читам и да пишувам,али поезија шознам слабо ја разбирам
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Jas on Саб 07 Ное 2009, 18:12

    па зависи, различно задоволство можат да ми приуштат, обично со прозата се надградувам себеси со зборови и мислења, ама поезијата ми приушта некое посебно уживање...не би можела да се одлучам, за пишување исто, сепак чувството што го дава пишувањето и читањето поезија е ми се чини појако и понезаменливо така да...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by prozaque on Саб 07 Ное 2009, 18:45

    Проза..дефинитивно..ми дава поголема слобода да ги пресликам моите хаотични мисли.Поезијата уште ја немам совладано и во блиска иднина нема да ја совладам..поезијата бара усовршување..ако напишам нешто морам да сум сигурен дека вреди..да биди првокласно..Јас засега сум второкласен поет..Ја живеам поезијата која не ја пишувам..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Morticia Addams

    Female Мислења : 2170
    Зачленет на : 2009-10-08

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Morticia Addams on Нед 08 Ное 2009, 15:26

    Па и тоа и тоа... Зависно од расположението. Во последно време прозата ми е секојдневие, а поезијата ја оставам за моменти на “хиперсензибилност“
    Како што рече Prozaque погоре, поезијата си бара усовршување, таа не е само редење рими...
    Во секој случај, не можам да кажам дека едното ми е помило од другото, сепак се тоа две поинакви одредби...
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Alive on Пон 09 Ное 2009, 13:39

    За читање не читам... за пишење појќе поезија... :)
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by prozaque on Пон 09 Ное 2009, 13:50

    Ти си знајш..ама самоук поет кој пишува поезија и таа да вреди немало, ниту пак ќе има..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Morticia Addams

    Female Мислења : 2170
    Зачленет на : 2009-10-08

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Morticia Addams on Пон 09 Ное 2009, 14:23

    prozaque напиша:Ти си знајш..ама самоук поет кој пишува поезија и таа да вреди немало, ниту пак ќе има..

    Има, не дека нема... Не се сите поети (а и писатели) школувани за тоа. Денес за жал има многу самопрогласени поети...
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Ane Rockerka on Пон 09 Ное 2009, 14:36

    проза, во секој случај...
    пишувам проза, а поезијата (ако може така да ја класифицирам) само кога треба на напишам по некоја песна за некоја група (или пак за моја душа)

    сепак, најмногу ме исполнува прозата и читајќи ја и создавајќи ја...
    avatar
    Luna

    Female Мислења : 158
    Местолокација : the fifth largest satellite in the Solar System
    Зачленет на : 2009-10-06

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Luna on Пон 09 Ное 2009, 14:49

    Поезијата ми е за препрочитување најдобра, иста песна знае да звучи по трето препрочитување на сососема различен начин, а камо ли по десето и понатаму...а проза...па ок е, малку ме депримира ако е вид на книга што ќе ја прочиташ и фрлиш на полицата и не ја отвориш никогаш повторно....

    Инаку за пишување дефинитивни поезија, поголем предизвик е, треба да играш со повеќе елементи и да внимаваш многу повеќе на формата, ми ја истакнува креативноста некако повеќе...
    прозата ми беше само почетоците, кога бев "сакам кажам-не знам речам" :)
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by prozaque on Пон 09 Ное 2009, 15:04

    Morticia Addams напиша:
    prozaque напиша:Ти си знајш..ама самоук поет кој пишува поезија и таа да вреди немало, ниту пак ќе има..

    Има, не дека нема... Не се сите поети (а и писатели) школувани за тоа. Денес за жал има многу самопрогласени поети...

    Има има..ама од поет до поет има огромна разлика кога е во прашање квалитетот..Поезијата како и сите уметности е сума на талент, искуство, образование и време...ако нема една овие карактеристики или сосем малце ја поседува поетот, тогаш поезијата не му вреди којзнае колку..Добро, сепак немам право да судам на амбициите на луѓето..Сите пишуваат од различни мотиви..Некои колку да бидат наречени поети..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Morticia Addams

    Female Мислења : 2170
    Зачленет на : 2009-10-08

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Morticia Addams on Пон 09 Ное 2009, 15:31

    prozaque напиша:
    Има има..ама од поет до поет има огромна разлика кога е во прашање квалитетот..Поезијата како и сите уметности е сума на талент, искуство, образование и време...ако нема една овие карактеристики или сосем малце ја поседува поетот, тогаш поезијата не му вреди којзнае колку..Добро, сепак немам право да судам на амбициите на луѓето..Сите пишуваат од различни мотиви..Некои колку да бидат наречени поети..

    Со ова се апсолутно согласувам :) И малку мрднавме од темата, но
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Phoenix on Пон 09 Ное 2009, 16:24

    Убаво е кога ќе се отвори ваква дискусија убаво е да прочита нешто во кое ги изнесуваме нашите размислувања мало измрдување и не е толку лошо кога се пишува на ваков начин..

    мое лично мислење е дека секој што себеси се смета за поет треба во животот да чита и да се надградува.. да го оформува својот стил и начинот на кој пишува..

    во врска со темава проза или поезија јас само можам да кажам дека е моментот пресуден ..

    кога пишувам пред се зависи од расположението и од тоа дали сум опсипан со емоции или пак со некоја случка во која имало премногу информации
    според мене Емоциите подобро се пренесуваат преку поезија ,, а информации и некакво објаснување се разбира проза..

    за читање не сум скептик ..читам и проза читам и поезија..книгите ги читам само по еднаш ..додека поезијата е бесконечна и со секое читање е поразлична поинаку се доловува...

    доколку сум приморан да гласам за едното или другото би ја одбрал поезијата!
    avatar
    Shadow
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ

    Female Мислења : 1198
    Местолокација : Underworld
    Зачленет на : 2008-09-22

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Shadow on Пон 09 Ное 2009, 22:15

    мм сакам МНОГУ да читам проза, а поезија да фатам некоја книга... не можам да ја поднесам до крај. Освен ако не е нешто посебно, али у главно неам желба да земам да ја читам.
    Инаку за пишување, сакам да ги пишувам и двете али често завршуваат у канта (посебно поезијата).
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Alive on Пон 09 Ное 2009, 23:12

    ПА поезија и проза... ги сфаќам како различен начин на искажување на емоции...


    Последната промена е направена од Alive на Пон 09 Ное 2009, 23:58. Мислењето е променето 2 пати. (Reason for editing : постот не се вклопува во темата offtopic!)
    avatar
    Клеа
    Пирамида
    Пирамида

    Female Мислења : 1683
    Зачленет на : 2009-04-13

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Клеа on Пет 20 Ное 2009, 13:41

    Подеднакво сакам и поезија и проза.Некои чувства и емоции подобро можат да се изразат во поезија а некои во проза .
    avatar
    Michelle

    Мислења : 1
    Зачленет на : 2010-02-26

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Michelle on Пет 26 Фед 2010, 10:30

    nema tuka sto da se bira. i ednoto i drugoto e pisatelski izraz i slozenosta i na prozata i na poezijata e tolku individualna kolku sto e kolektivna. Tocno e deka generalno poezijata pocesto se koristi za prenesuvanje na emocii "oci vo oci" dodeka prozata toa go pravi na eden po malku prikrien nacin no sepak celta e sekogas identicna. Poetskiot izraz e podirekten, poneposreden, vednas se soocuvate so emocijata koja ja prenesuva pisatelot, a prozata nastojuva kaj vas da sozdade cela edna prikazna koja kaj vas ke predizvika emocii edinstveno koga ke dojdete do krajot na taa prikazna. No i ednoto i drugoto e umetnicki izraz i refleksija na coveckite razmisli i filozofii. Sepak ne bi se slozil deka za da razbirate poezija mora postepeno da dojdete kako nadgradba na prozata bidejki jas toj proces go zapocnav obratno. Sekogas mi bese polesno da napisam poema, nekoj stih otkolku da go vodam citatelot preku naratorstvo do vistinskata cel na deloto. Nema tuka nekoj redosled na nestata, se e podredeno na krajnata poenta koja sakate da ja pokazete, nacinot na koj toa ke go napravite e sosema irelevanten iako mnogumina se otkazuvaat od poezijata bidejki toa bil premnogu slozen nacin na izrazuvanje za niv. Se sto e stvoreno od covecka raka ne moze da bide dovolno slozeno za da ne bide razbrano od covek
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Alhemius on Пет 26 Фед 2010, 12:15

    Сакам да читам проза,а пишувам поезија.Немам толку памет за проза,а не сум ни пробал да напишам некое четиво...
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Bright on Пет 26 Фед 2010, 13:00

    Мichelle, добредојде на форумот!

    Би те замолила да пишуваш на кирилица!
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Гостин on Сре 17 Мар 2010, 20:48

    Проза ми е далеку пубо за читање а исто и за пишење. Поезијава ми е прекратка некако за да искажит некој работи, а и поубо ми е ко ќе видам од крај до крај пишано :)
    avatar
    Grigori

    Male Мислења : 113
    Местолокација : Местолокација не е збор...
    Зачленет на : 2010-08-06

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Grigori on Вто 10 Aвг 2010, 22:13

    Прозата ми е интересна, поезијата скоро света.
    Се’ со примери, нормално...

    avatar
    KuroiKenshin

    Male Мислења : 443
    Местолокација : A galaxy far far away
    Зачленет на : 2009-10-06

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by KuroiKenshin on Сре 27 Окт 2010, 11:36

    Проза ми е поќеф . Нема никакви ограничувања на формата , се што е напишано излегува директ as is.
    Поезијата ми е покомплицирана . Некогаш ми е океј , некогаш не. Ретко е фантастична.

    Кога станува збор за пишување , пишувам/в и од двете , ама помила ми е прозата .
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by глупсон on Сре 27 Окт 2010, 13:42

    Поза или проезија? Лесно прашање. И двете. Баш

    Sponsored content

    Re: Проза или Поезија?

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:52