Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Марко Цепенков

    Share
    avatar
    Temptation

    Female Мислења : 1213
    Зачленет на : 2009-01-22

    Марко Цепенков

    Пишување by Temptation on Нед 29 Ное 2009, 16:29

    Да започнеме со неговата биографија:

    Марко К. Цепенков е роден во 1829 година во Прилеп. Поради сиромаштијата во многудетното семејство, тој бил принуден да го напушти школувањето и за четири години го изучил шивачкиот занает. Народни умотворби почнал да собира на 27 годишна возраст, во периодот помеѓу 1856-57 година, кога отворил сопствен шивачки дуќан. За детскиот и школскиот период од неговиот живот најмногу информации црпиме од неговата Автобиографија во која тој не` информира и за неговите првични заложби што кај него ги поттикнал Димитрија Миладинов, а коешто се случило за време на честите посети на семејството Цепенкови. За време на ови посети, честа тема на разговор биле народните умотворби и огромното значење и потреба од нивното собирање. Оттогаш заочнала огромната заложба на најголемиот собирач на македонски умотворби, Марко Цепенков, којашто траела целиот негов живот.
    Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри итн.


    Не би должела многу за неговата биографија, ќе ја надополнам во наредна прилика, меѓутоа она што е навистина интересно за Цепенков е внесувањето на турските елементи во неговиот јазик. Иако турцизмите не се нити со сила нити пак со некој плански систем внесувани во нашиот јазик, тие сепак се присутни во истиот. Неговото одлично познавање на турскиот јазик му дозволил да има висок степен на адаптираност во секој поглед (фонетска, морфолошка, зборообразувачка, семантичка употреба).

    Кои се вашите ставови во однос на јазикот на Цепенков?
    Да споделиме нешто од неговата ризница на поговорки, гатанки или било кој сегмент од неговиот јазично-етнолошки материјал...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Марко Цепенков

    Пишување by balAlajkA on Пет 25 Дек 2009, 15:55

    да продолжиме со едно големо БРАВО за тебе за темава.

    Со оглед на тоа дека сум од Прилеп, каде домот (сега Центар) за култура го носи името на овој монументален македонски литературно-јазичен деец, од мала бев запознена со неговиот животен пат и делото. Од секогаш ме фасцинирала неговата посветеност на собирачката дејност со која многу го задолжол нашиот народ. Со оглед на неговото ограничено образование, зачудува умешноста да ги класифицира и изворно да ги пренесе и зачува богатствата кои до тогаш се пренесувале само усмено, генерациски.

    Еве еден енгов текст во кој зборува за манастирот Трескавец, прилепско

    Манастир Трескаец

      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:16