Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.

    Шанк муабети

    Share
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Batty on Чет 04 Апр 2013, 20:46

    Toecutter, акординг ту дет, ниту самата НР Кина не би можела да излезе на крај со ... Ј. Кореја?!

    Ј. Кореја?!

    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Чет 04 Апр 2013, 20:59

    Госпо носи МакЏинс напиша:
    Кореа можеби се во топ 5 воени единици во светот, ама не се број 1.Нека се 2 еве.Аma и разликата меѓу 1 и 2 во современа хипертехнолошка војна, макар и таа разлика да не биди како шо кажваше Хикс за Ирак..е сепак голема.Југославија беше на дното на воените сили во 99', САД не се осмелија на директна воена интервенција, а Југославија сепак изгуби.
    Од друга страна и Кина не онаа истата од претходната војна па прокси уделот ќе биде колку да се заштити себеси.Неа најмногу и одговара статус кво, па поверојатно е тие да ја смират топката.

    Топ-20 more likely...топ 5 би значело дека С.Кореја е пред Франција или Индија...lol.
    Технолошката разлика меѓу Јужна и Северна Кореја е драстична, let alone USA...

    Се е фино, и фанатизмот и причата ама МиГ-21 (како овие на видеото) биле топовска храна на Мираж-3 уште во 1967, денес би биле само фенси ретро летечки ковчег со афтербурнер. F-15K ќе го има на радар пола сат пред овој да знае дека нешто доаѓа кон него, настрана Аваксот со кој Ф-15 има предност уште пред да полета во однос на противникот кој веќе би бил во воздух.
    Историјата на инфериорноста на источниот тежок харвер е тажна приказна.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Чет 04 Апр 2013, 21:06

    New Primitives напиша:Toecutter, акординг ту дет, ниту самата НР Кина не би можела да излезе на крај со ... Ј. Кореја?!

    Ј. Кореја?!

    Highly unlikely. Не е се до бројките. За да го скршат Тибет на кинезите им требало бајаги време Дебаклот во инвазијата на НР Кина над Виет Нам кој тукушто излегол од војна со САД е показател. True, околностите се различни ама би било многу тешко.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Чет 04 Апр 2013, 21:18

    Ј.Кореја не е слаба на воен план. Иако постои таква перцепција.
    За каква слабост се работи ако имаме територија со интегриран грид на ПВ одбрана со 60 Ф-15К, 160+ Ф-16 во улога на пресретнувачи, подржани од Авакси, радарска мрежа и широк асортиман на ПВ ракети, инклудинг Патријот?! За подршка на копнени сили имаат 90+ А-50 (домачи продукт) и 250+ `старци` Ф-4 и `пензионери` Ф-5. Виет Нам со неспоредливо помалку ги сопре кинезите...
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Batty on Чет 04 Апр 2013, 21:31

    Не ми се допаѓаат ниту споредбите ниту заклучоците. А според нив испаѓа дека Ј. Кореја е во друштвото на најмоќни воени држави во светот, за разлика од НДР Кореја, за која според твоиве анализи може да се стави во рангот на Хрватска, ако не и подолу.

    НДР Кореја е воено спремна држава. Не знам зошто твоите анализи за нивната воена спремност ги темелиш само на стари орудија, кога веќе и западот признава дека НДР има модерно оружје, не е само од Ил Сунг останато. А, она што го признаваат е само мал дел од она што треба, а тоа што треба да го признаат е само мал дел од она што го знаат.

    Лично сметам дека НДР Кореја е by far помоќна воена единица од Р. Кореја. By far.

    Споредбите со there's no strength in numbers, додадени со некои минати искуства... и нив не ги признавам.

    Да сумираме вака: НДР Кореја, која ја има првата (или во најмала рака, втората најбројна) армија во светот нема ШАНСИ да се справи со Гангам стајл армија на Р. Кореја, оти бројноста и воената СПРЕМНОСТ на комунистите (можеби најспремни војници во светот, тактичност, и др воена кондиција) нема врска во денешно време, за разлика од поентите дека Тибет се „носел“ со НР Кина, а Виет Нам ја „тепал“ НР Кина?

    Значи, Тибетанците беа побројни, поспремни, поарно оружје имаа од Кинезите, или што е финтата?

    А Виет Нам, имаше поарно оружје, побројни беа, поспремни, што? Како ја „одбија“ Кина?

    А моќната Франција како успеа да изгуби од слабиот Нам? А Америка како?

    А Маркос како се носи со западните навали?

    А Бугенвилци како се носеа со ПНГ и Австралија? Пософистицирано оружје имаа? Или?

    ЗНачи, да склопам муабет дека претерано ги ДЕКЛАСИРАШ комунистите, да не речам (не знам зашто :D )зафаќаш западен став во поента на деградирање и маргинализирање на НДР Кореја, отфрлајќи ја како воена сила, а со тоа и секаква можност од воена интервенција во место каде што не постои интерес од истиот...

    НДРК со Франција?

    Anytime...

    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Чет 04 Апр 2013, 22:51

    Нема деградирање, има само проценка према достапното инфо.

    Далеку е Ј.Кореја од најмоќни воени држави, само има специфично изградена одбрамбена мрежа со акцент на северниот сосед, custom built. Изразито дефанзивна. Составена од модерни системи кои се докажано подобри од источните во сите конфликти. И организирани за дефанзива. Бројчано Ј.Кореја е инфериорна на северот од таму улогата на `фаворит` е на северњаците. Плус нели, атомска сила.

    А прашањето и споредбите беа од твоето прашање дали Ј.К. може да излези на крај со Кина. Такво сценарио е можно само со напад на Кина врз Ј.К. Офанзивните можности на Ј.К. не се дел од нивната воена доктрина. Дакле, ако Кина нападни, ќе го јади, како во Виет Нам, од кого беа појаки, како што се и од Ј.К.

    Од друга страна, инфо за силата и моќта на С.Корејската армија доаѓа од истите извори (западни) од кои доаѓаа најави за проектилите на Садам кои го вребаат Лондон и 4-тата армија на светот (ирачката) со страшната фанатична републиканска гарда која ќе се борела до смрт...and then some...не им верував на тие извори ни тогаш ни сега. Западниот став е дека северна Кореја е многу јака и светска закана. И дека можат да го спалат...Сиетл...или Сан Франциско. Што прилично се разликува од мојот став.

    За сериозна анализа не треба да се ставаат Франција и С.Кореја во иста реченица. Друго се популарните стереотипи кои виреат по рајата. Франција интервенира во Мали, пример, на 5.000км од дома, знаеш која логистика и организација е потребна за тоа? Замисли С.Кореја да интервенира воено на 5.000км оддалеченост...

    Да сумираме вака: НДР Кореја, која ја има првата (или во најмала рака, втората најбројна) армија во светот нема ШАНСИ да се справи со Гангам стајл армија на Р. Кореја, оти бројноста и воената СПРЕМНОСТ на комунистите (можеби најспремни војници во светот, тактичност, и др воена кондиција) нема врска во денешно време, за разлика од поентите дека Тибет се „носел“ со НР Кина, а Виет Нам ја „тепал“ НР Кина?

    Втора по број на војници. Или трета, после САД и Кина.
    Таа армија е регрутна армија, како што беше невероватната ЈНА или Ирачката армија. Ј.Корејската е делумно регрутна делумно професионална а во поново време се повеќе играат на професионализација на се поголем дел. Регрут никогаш не е поспремен од наемник. Не знам од каде се сев.корејските регрути нај-нај-нај...по кој показател?

    Дај некој севернокорејски сајт да видиме шо има, како има...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Шанк муабети

    Пишување by prozaque on Пет 05 Апр 2013, 02:28

    Во С. Кореја ако постои некаква делатност тоа се воени паради и подготвување на народот за војна со југот и империјалистичките копиљиња САД. Тука има сигурно физичко-морална подготовка поинтезивна од останатите регрутни армии, билдање берзерк чувства и деградирање на непријателот. Прашањето е колку еден севернокорејски војник ќе се покажи battle hardened кога ќе соочи со нешто шо е различно од она што му било покажано во пропагандна брошура. Низ Историјата се покажало дека елементот на изненадување е голема тактичка предност над бројките и фанатичка настроеност. Слоновите на Ханибал, грчкиот оган на Византија, стрелците на коњи на Монголите, долгиот лак на Енглезите, барутот на конквистадорите, тенкот во Прва и нуклеарката во Втора Светска Војна.
    Како би реагирал еден просечен севернокорејски војник на Предатор безпилотното летало...или на било шо со оглед на мракот во кој се држени.

    Од друга страна Зулу племињата пиеле напиток против куршуми и му расплакале мајче на викторијански англиски војници. Језда тоа е проблем на тактичка самоувереност и потценување на непријателот.

    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Batty on Пет 05 Апр 2013, 12:52

    Toecutter напиша:Нема деградирање, има само проценка према достапното инфо.

    Тоа е и “проблемот“, што слабо се знае што навистина имаат комунистите од север.

    Може само да нагаѓаме, на база на некои показатели, како и на некои суштинскии заклучоци од понуденото 9западното изворче).

    Мене не ми фаќа око да имаат опрема со која не би го тепале Лаос, а трошат милијарди долари на оружје секоја година. Но, нема врска.

    Мислам дека Франција не може да се стави во иста реченица со било која воена сила во светот.

    интервенира во Мали, на далечина.

    Во Мали...
    a и на далечински простор каде што немаат препреки. Како може тоа да се спореди со изолационизмот на НДР Кореја?

    (освен поморски) и Британија такоџе е многу силна. Иако додека ја гранатираа Либија морале да направат refill на проектили. да докупат од некој воен гранап.
    Замисли да не се америте, кој би водел војни од западњациве.

    Јужна Кореја не е толку многу за фрлање, ама дека би ја тепале И НР Кина... не знам баш :D|

    но, нема врска... и онака цел муабет е на „што ако“ основа. Не ни знаеме што има НДР Кореја, not yet. не им ги знаеме плановите.

    А за стручна спрема... па сигурно поголема од ДОТА програмите на Ј. Кореја... воен режим какви кадри може да продуцира?

    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Пет 05 Апр 2013, 15:51

    Никако, како ќе реагира со калаш на Томахавк или гпс-наведувана бомба од 900 кг за пробивање бункери. Исто како сеуште неутврдениот број лешеви од првата заливска војна за кои има сведочења за иљадници ирачки војници затрупани во бункерите. Или автопатот на смртта кога америте се изживуваа со ирачките тенкови, оклопни автомобили и транспортери. (ратен злочин, ама тоа е друга прича).

    Веројатно има повисоко ниво на лоботомија отколку останатите регрутни армии, но не смее да се занемари и лоботомијата на југот. И во Јужна Кореја има тешка патријоцка индоктринација каде за сите проблеми се посочува режимот на север, па како тоа Stalin`s minion Kim им ја украл половина домовина, `ние ги раниме а тие сакаат да не уништат` и слично. Можеби не до нивото на северот но сосема доволно за одржување на тежок националистички набој. Кој е поткрепен со многу оружје. Во секој случај би било крваво, како во 1950-53.

    New Primitives напиша:
    Toecutter напиша:Нема деградирање, има само проценка према достапното инфо.

    Далеку е Ј.Кореја од најмоќни воени држави, само има специфично изградена одбрамбена мрежа со акцент на северниот сосед, custom built. Изразито дефанзивна. Составена од модерни системи кои се докажано подобри од источните во сите конфликти. И организирани за дефанзива. Бројчано Ј.Кореја е инфериорна на северот од таму улогата на `фаворит` е на северњаците. Плус нели, атомска сила.

    А прашањето и споредбите беа од твоето прашање дали Ј.К. може да излези на крај со Кина. Такво сценарио е можно само со напад на Кина врз Ј.К. Офанзивните можности на Ј.К. не се дел од нивната воена доктрина. Дакле, ако Кина нападни, ќе го јади, како во Виет Нам, од кого беа појаки, како што се и од Ј.К.

    Од друга страна, инфо за силата и моќта на С.Корејската армија доаѓа од истите извори (западни) од кои доаѓаа најави за проектилите на Садам кои го вребаат Лондон и 4-тата армија на светот (ирачката) со страшната фанатична републиканска гарда која ќе се борела до смрт...and then some...не им верував на тие извори ни тогаш ни сега. Западниот став е дека северна Кореја е многу јака и светска закана. И дека можат да го спалат...Сиетл...или Сан Франциско. Што прилично се разликува од мојот став.

    За сериозна анализа не треба да се ставаат Франција и С.Кореја во иста реченица. Друго се популарните стереотипи кои виреат по рајата. Франција интервенира во Мали, пример, на 5.000км од дома, знаеш која логистика и организација е потребна за тоа? Замисли С.Кореја да интервенира воено на 5.000км оддалеченост...

    Да сумираме вака: НДР Кореја, која ја има првата (или во најмала рака, втората најбројна) армија во светот нема ШАНСИ да се справи со Гангам стајл армија на Р. Кореја, оти бројноста и воената СПРЕМНОСТ на комунистите (можеби најспремни војници во светот, тактичност, и др воена кондиција) нема врска во денешно време, за разлика од поентите дека Тибет се „носел“ со НР Кина, а Виет Нам ја „тепал“ НР Кина?

    Втора по број на војници. Или трета, после САД и Кина.
    Таа армија е регрутна армија, како што беше невероватната ЈНА или Ирачката армија. Ј.Корејската е делумно регрутна делумно професионална а во поново време се повеќе играат на професионализација на се поголем дел. Регрут никогаш не е поспремен од наемник. Не знам од каде се сев.корејските регрути нај-нај-нај...по кој показател?

    Дај некој севернокорејски сајт да видиме шо има, како има...

    Тоа е и “проблемот“, што слабо се знае што навистина имаат комунистите од север.

    Може само да нагаѓаме, на база на некои показатели, како и на некои суштинскии заклучоци од понуденото 9западното изворче).

    Мене не ми фаќа око да имаат опрема со која не би го тепале Лаос, а трошат милијарди долари на оружје секоја година. Но, нема врска.

    Мислам дека Франција не може да се стави во иста реченица со било која воена сила во светот.

    интервенира во Мали, на далечина.

    Во Мали...
    a и на далечински простор каде што немаат препреки. Како може тоа да се спореди со изолационизмот на НДР Кореја?

    (освен поморски) и Британија такоџе е многу силна. Иако додека ја гранатираа Либија морале да направат refill на проектили. да докупат од некој воен гранап.
    Замисли да не се америте, кој би водел војни од западњациве.

    Јужна Кореја не е толку многу за фрлање, ама дека би ја тепале И НР Кина... не знам баш :D|

    но, нема врска... и онака цел муабет е на „што ако“ основа. Не ни знаеме што има НДР Кореја, not yet. не им ги знаеме плановите.

    А за стручна спрема... па сигурно поголема од ДОТА програмите на Ј. Кореја... воен режим какви кадри може да продуцира?

    Тешко е да се знае со какво хемиско и биолошко оружје располагаат. Што значи дека се можни гадни изненадувања при судар, посебно од биолошки агенси. Плус и не се тешки за пакување во граната или бомба.

    За останатото, потешко, набавка на неколку десетици ловци не може да остане незабележано. Како мистериозната набавка на севернокорејанците на 80+ борбени хеликоптери Хјуз од....САД Which is....weird, to say the least.

    Лаос не е Ј.Кореја, ама инвазија како онаа во 1950...е скоро невозможно да успее.

    http://www.itv.com/news/2013-04-02/inside-north-koreas-secret-tunnels-to-the-south/

    Колку е и ова точно со тунеливе, се сомневам.

    Тоа ми е муабетот, не може изолационистичка земја да е во врвот. Како што не е ни Израел, ни Ј.Кореја ни Тајван ни С.Кореја, кои иако се воено јаки се ограничени на дефанзивна или локални офанзивни дејства во пограничните региони.

    Франција е глобален играч половина милениум. Ако тоа е факт, тогаш не знам зошто би се дебатирало дали е или не е сила.
    Чудно ми е од каде е изворот на некои стереотипи меѓу луѓето (филмови, серии како Ало-ало) но е далеку од реалноста. Франција е една од најмилитаризираните земји, иако тоа успешно го кријат. Нивниот нео-колонијализам и империјализам останува незабележан, нема протести пред нивни амбасади, бендови не пеат анти-франсоа песни...што на тамошната елита мора да ја радува.
    Трет извозник на оружје во светот. Последните три години само имаа три интервенции (Кот д`ивоар, Либија, Мали), во Либија имаа најмногу борбени акции и летови, можда единствено САД да беа тука некаде (or vice versa).
    Оружени сили кои можат да интервенираат in short notice било каде по планетава не се симбол за слабост на истите.

    In the end, статус квото им одговара најмногу на сите инволвирани страни.
    Не знам само што е целта на темелната медиумската лоботомија со наводното `објавување војна`, веројатно нешто се случува somewhere else, што треба да помине незабележано покрај `заканата за свецкио мир`...
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Саб 06 Апр 2013, 10:07

    Од друга страна, инфо за силата и моќта на С.Корејската армија доаѓа од истите извори (западни) од кои доаѓаа најави за проектилите на Садам кои го вребаат Лондон

    And then...

    http://www.thesun.co.uk/sol/homepage/news/politics/4873904/Crackpot-North-Korea-leader-Kim-Jong-un-could-nuke-UK-if-missile-claims-are-true-PM-David-Cameron-warns.html

    Премиерот на УК вчера изјавил дека севернокорејските балистички проектили можат да го спалат Лондон во секое време. Таква изјава паднала при посетата на амебата наречена Камерон на британска нуклеарна база...10 години после изјавите на чмарот Блер за ирачките проектили кои за 45 минути ќе го пратат Лондон во раниот среден век, имаме исти warmongering изјави.

    Од друга страна...
    http://www.sciencemag.org/content/324/5934/1499.1

    http://en.wikipedia.org/wiki/2006_North_Korean_nuclear_test#Yield_estimates_and_authenticity

    Најстрашна е можноста С.Кореја сериозно да трошеле средства за тест експлозија од....помалку од 1 кТ, што би бил еквивалент на палење на цигара која чини 2 денари со помош на новчаница од 500 евра.

    Можноста за фејк нуклеарка т.е користење на конвенционален експлозив за да се добијат сеизмички бранови кои ќе симулираат нуклеарка (во отсуство на било какви докази во поглед на радијација) е голема. Нешто како севернокорејска верзија од Ск-2014, заедно со стадионот за 150.000 гледачи на кој се одржуваат....гимнастички такмичења.

    Win-win. Севернокорејскиот режим има со што да се фали пред рајата и да билда домољубие, западниот воено-индустриски комплекс има причина да сврти уште некоја пара.

    Hopefully елитата немаат планови за ограничени ратни дејства (а.к.а израелските планови за напад на нуклеарните постројки во Иран) за да се елиминира с.корејската `закана` како што имаше војна за да се елиминира ирачката `закана` од оружја за масовно уништување.
    За среќа, С.Кореја нема нафта. За несреќа на тамошниот режим им одговара статус на нуклеарна сила.
    За билдање на воените буџети на демокрацките земји можат да послужат и земји без ресурси (СРЈ,Гранада,Панама...)

    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Batty on Саб 06 Апр 2013, 17:56

    Wow, wow Рокатански. Умало да НДР Кореја постане Зимбабве у воени могучности.

    ФАКТ е дека на западњаците им е потребна ваква воена параноја.
    ФАКТ е дека на НДР Кореја и треба омразата спрема западњаците за да се зачува Јучето...

    Но дека до толку не ја бива, МОРА да почекаме. Ако треба и 50 години. Настрана параноичните агенси за „силата на НДР“.

    и Ирак не беше за фрлање, 8 години беше еден од главните улоги во серијата „Студена војна“. Бар е појак од Узбекистан. :D

    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Нед 07 Апр 2013, 22:04

    Quest напиша:Wow, wow Рокатански. Умало да НДР Кореја постане Зимбабве у воени могучности.

    ФАКТ е дека на западњаците им е потребна ваква воена параноја.
    ФАКТ е дека на НДР Кореја и треба омразата спрема западњаците за да се зачува Јучето...

    Но дека до толку не ја бива, МОРА да почекаме. Ако треба и 50 години. Настрана параноичните агенси за „силата на НДР“.

    и Ирак не беше за фрлање, 8 години беше еден од главните улоги во серијата „Студена војна“. Бар е појак од Узбекистан. :D

    Постои парадокс, како може да се и слаби и јаки во исто време. Вака некако би била разликата.

    Точно, Ирак е сличен случај.
    Само што ирачката армија беше згазена, а тешките загуби на коалицијата и новата марионетска ирачка власт не дојдоа во 2003 при инвазијата и сударот со `4-та армија на светот` туку дојдоа од ороман-тороман,куцо и сакато,младо и старо, герилски амалгам во кој има се и сешто, најмалку конвенционална логика.
    Но и во двата случаи (ќе) е едно заедничко, а тоа е брзата пропаст на конвенционалната северна армија, при евентуална војна. И во 1991 и во 2003, регуларната Ирачка армија, една од најбројните во светот - доживеа дебакл од неверојатни размери. Сите најави за долг отпор, тајни оружја и супер-специјални единици се распаднаа како кула од карти.
    Не се ни знае колку ирачки регрути загинаа во 1991, планини од лешеви и уништена опрема, бесцелно жртвување млади животи. Слично сценарио би било и во случај на војна на корејскиот полуостров. Во 2003, ирачката авијација не ни полета. Одбија воопшто да се жртвуваат, поучени од смртта на многу колеги во 1991. Исто во СРЈ, пилотите на МиГ-21 и Орао не ни полетуваа, освен неколку инцидентни случаи, оние кои се бореа беа на МиГ-29 кој теоретски требаше да е доволно модерен за отпор...but then...it wasn`t.
    Што е до некаде и добро, се помалку будали на светов.

    Таа војна би била можна во следниве варијанти :

    - All out war, со користење на сите родови на воени сили (како против Ирак)
    - Pumping from far & wide, со употреба на авијација и морнарица (како против СРЈ и Либија)
    - Напад на северот врз југот, како во 1950.

    Првата варијанта не само што не е можна туку и би била самоубиствена, затоа што и покрај релативно брзото уништување на северната авијација, морнарица и оклопни сили, самото настапување преку ДМЗ, самото правење мостобран па и можен продор кон внатрешноста е нешто кое дури ни комбинирана америчко-ј.корејска армија не би била во можност да го оствари без непрегледни потоци од транспортни Ц-130 кои ќе полетуваат од Сувон или Инчон кон САД полни со лимени сандаци. And they look bad on TV. Немањето нафта е уште една причина што првата варијанта е невзможна.

    Пред се затоа што С.Кореја не е Ирак по два основи, рељефот (теренот) и немањето можност за генерирање внатрешна `петта колона` како што беше случај со Ирак (Курди, Шиа, разни опортунисти, племенски раздори). А тоа би ги лишило америте од големи предности кои ги уживаа во Ирак.
    Сличноста е во бројот на жители и во воената опрема (иако Ирак имаше и понешто западен хардвер).

    И откога томахавките, ласерски и џи-пи-ес наведуваните бомби, мавериците, бункер бустерите, аваксите, сајдвајндерите и останалата високотехнолошка опрема ќе ја порази регуларната армија, ќе се формира герила и на сцена ќе стапат старите добри, досадни, лесни за употреба и смртноносни АК, ПКС, Драгунов, РПК, ИЕД и редица други нискотехнолошки оружја кои од Сомалија наваму (најшокантен пример Хезболах vs. Израел 2006) навестуваат нова парадигма во војувањето која е на пат да направи револуција, нешто спомена во еден пост Госпо носиМак Џинс околу новите системи кои носат изненадување. Овој пат, изненздувањето е двојно, новиот систем е враќање назад во технолошка смисла, а тоа е дека западот нема ефикасна стратегија за анти-герилска војна (каунтер-инсурџенси) бидејќи пола век беа опседнати со можниот советски продор низ пролазот Фулда и непрегледните маси советски тенкови на пат за Ла Манш, што тогаш нормално имало смисла и им донело голем успех во конвенционалните прокси војни.

    Технологијата стана преуспешна за конвенционална војна и преголем феил за асиметрикал ворфер (герила).

    Не дека тоа не им е јасно на америте, но развивањето на анти-герилска технологија би носело неспоредливо помал профит на воено-индустрискиот комплекс во споредба со фурањето на конвенционална опрема. А прашинарите Хенк од Алабама и Хозе од Ново Мексико се expendable, so no problem.

    Втората варијанта, органичени дејства е поверојатна и после неколку недели или месеци ќе се појави јасна лоботомија : ќе има слики на CNN од некакви рушевини за кои ќе се тврди дека се северњачки нуклеарни постројки, `заканата` е елиминирана и светот е повторно сигурен за демокрацките вредности.
    Доказ за варварските комунистички зверства ќе се руини во Сеул (а ќе ги има, пошто е во домет и тешко е да се промаши ), лоботомијата,домољубието и капитализмот ќе добијат нов фикс.

    Третата опција, напад на северот, премалку возможна и покрај теоретската офанзивна вредност на масата тенкови, тактички бомбардери и самоодна артилерија на север.

    Е сега дали вниманието ќе остане на С.Кореја, пак ќе се пренасочи на Иран или Венецуела или пак ќе се најде некоја нова `закана` останува да се види. И онака не смее да поминат повеќе од 3-4 години без воена интервенција, да се врти парата :(
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Шанк муабети

    Пишување by prozaque on Саб 20 Апр 2013, 04:54

    Шанкот е роден за after hours дремки.
    Кога барем на неколку саати попуштаат "униформите".
    Кога кафаната е пред затворање и музиката е тивка.
    Кога облеката сосе душата ќе ти смрдат на цигари,
    пивото ќе биде стоплено, а кафето оладено.
    Кога градот izranja iz sna и допираат звуците на утрешната молитва од минарињата на Бит Пазар.
    Кога не е битен ниту еден споменик на плоштад,
    ниту правата на китовите од Охотско море.
    Кога и таа е тука, а јас ја имам "згрнато" и ja штипам за образот.
    Кога и го ветувам животот со очите.
    Кога сите муабетиме сериозни теми со Итс Олвејс сани ин Филаделфија расположение.
    Кога сме сите таму и на никое друго место.
    Кога не ни преостанува ништо друго,
    освен тишината.

    Шанкот не е МРТОВ!

    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Саб 20 Апр 2013, 19:40

    Гуру Сизиф напиша:

    Мислам да ги тргнеме настрана ботовите, ботовите in flesh and blood, шпионите на полицијата и црквата...на 30 нови членови, барем еден кој одвоил време да се регистрира на форумот(а може да ја чита неговата содржина и нерегистриран) не е испровоциран од тек-тук rather radical opinion да реплицира. Макар тоа реплицирање да завземе форма на "умрете гојда необразовани, предавници, сатанисти etc". Ко да се наоѓаме во дигитално Чистилиште, исполнето со сива магла од бајтови низ која повремено допираат нејасни гласови од "другиот свет".

    Ова е цената на слободниот говор, кој во македонската реалност од ден на ден се помалце го има? Кога серверот на Okno.mk паѓа(е паѓан) на секој трет ден, а Ванковска по незнамкојпат пиши колумна за нејзин мобинг и опструкција поради нејзината бунтовност и преданост за независната интелектуална мисла?

    Факхедите кои испишуваат анонимна Историја според концептот на Данило Киш.
    Факхедите кои едно време можеа да отворат портал, да турат реклами од кладилници или едноставно да го шитнат форумот кога беше во неговиот пик и да направат пари од него, ама во нивниот наивен романтичарски манир сметаа дека тоа ќе остави дамка на "чистотата на образот на идниот потенцијален фактор за оформување на јавното мислење". Затоа не се препорачуваше на било кого, дури можи да се речи дека се криеше ко порно сајт кога ќе ти улета некој домашен...за да нема девалвација. А на форумот низ овие години имаше полузрели мислења со кои можевме да ќариме една вреќа хипстерски дунди. Шо ти прај мастилото бре, бре, бре..

    Како и сите виртуелни или реални заедници кои имаат или имале каков-таков алтернативен потенцијал на балканот и сајленс ќе изумре. Барем така изгледа. Иако и не мора така да биде.

    Нажалост ја имаме таа `чест`, историски момент, да се наоѓаме во rial time дистопија.
    Некои, некаде, некогаш...се запознавале со дистопијата како феномен преку книги и филмови. Ние ја живееме. Возрасни луѓе се самоцензурираат. Да не чуе некој нешто. Да не каже некој некаде. И она малку човечко кое им вирее во мозокот, го убиваат. Пошто отиде кралската рента. Дивидентата на стравот. 200-те евра.

    Но и тоа не е најстрашно. Најстрашното доаѓа за следните генерации кои од wage slaves ќе се промовираат во chattel slaves. Кога за напишано мислење на виртуелен медиум ќе се оди робија, ќе се јади ќотек и ќе се останува на улица. Што значи за 10-15 години од денес.

    Виртуелата е само одраз на реалноста. Бројноста и активноста на членството во виртуелната заедница не се секогаш одраз на евентуална можност за генерирање фактор кој ќе може да влијае врз јавното мислење. Типичен пример беше кајгана форумот каде што имаше десетици илјади јузери кои генерираа......едно големо ништо. Или фејсбук.
    Тоа е и проблемот со виртуелните заедници.
    Ако не се продолжена рака на некаков риал лајф активизам тогаш и дометот останува ограничен во рамките на виртуелноста.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Batty on Саб 11 Мај 2013, 16:39

    Сега би седел на шанк. Би пиел пиво преплатено. Цел ден, цела ноќ. Проклинјучи ... шта то уради.

    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Шанк муабети

    Пишување by prozaque on Пет 07 Јун 2013, 02:36

    I bet there's rich folks eatin',
    In a fancy dining car,
    They're probably drinkin' coffee,
    And smokin' big cigars,
    But I know I had it comin',
    I know I can't be free,
    But those people keep a-movin',
    And that's what tortures me.

    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Шанк муабети

    Пишување by prozaque on Саб 29 Јун 2013, 23:57

    Shit is going down brothers and sisters. And we are just like cattle waiting to get slaughtered.

    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Printers and faxes on Нед 30 Јун 2013, 13:31

    Се вратив на форумов чисто да ѕирнам како ми изгледа профилот со 19 години. Мухахаха

    Немам против едно пиво, вие арни?
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Batty on Нед 07 Jул 2013, 17:58

    But the life goes on, like a broken down carousel, where somebody left the music on.

    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Шанк муабети

    Пишување by prozaque on Нед 21 Jул 2013, 02:04

    It's been a while man..

    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Шанк муабети

    Пишување by prozaque on Пон 05 Aвг 2013, 22:48

    Неодоливиот шарм на инертноста.

    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Batty on Вто 06 Aвг 2013, 03:11

    Ако замислам барикада, која создава две простории, две сфери, два ареали, два дела, на едниот сум јас, сам. 
    Тешкото доаѓа кога ќе се запрашаш што ли другите прават, од другата страна на барикадата. 

    Последниот пат пред моите сетила да ми го повредат умот бев насмеан и ведар, природно и искулирано. И забележав дека pivo je bilo naceto. 

    Од тогаш, навака, покрај барикадното прашање, си се потпрашувам, дали времето понатаму ќе биде само тешко бреме. 

    И онај немир кој ја плави пола популација која има грам акал: кога чекаш, молиш за шанса за да се искажиш, за сите глупости и шизофрении кои парадираат пред твојот и пред сечиј нос, како една и единствена вистина која ја подразбираат. Кога си свесен за сите тие глупости и бљувотини, ама не ни можеш, а не ни имаш шанса да напрајш врисок, за да те чујат, за да изедиш бурек. 

    Тешко бреме. 

    Општата параноја зајадува кога почнуваш да се прашуваш... како е можно само ти да го гледаш светот така. Како сите други гледаат поинаку. 90 посто од луѓево се глупи? 

    Дали сфаќаат дека се глупи? Како ме подразбираат тие мене, што мислат за мене?

    A nema nigdje nikoga.

    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Bender
    Bender Bending Rodrigez
    Bender Bending Rodrigez

    Male Мислења : 19228
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Bender on Саб 10 Aвг 2013, 20:35

    Би те замолил да му дозволиш на некој тигар да те поручат 

    ---------------------------------------------------------------------------
    Hey sexy mama, wanna kill all the humans?
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Kelso on Нед 11 Aвг 2013, 04:00

    Ниче's great comeback 

    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Шанк муабети

    Пишување by prozaque on Саб 07 Сеп 2013, 02:56

    Брат ми деструктивецо го (до)крши влезот за слушалки на лаптопот и сеа да се слуша музика или да се гледа филм по желба е невозможно.Ваму другиот компјутер е на смртна постела, одвај собира сили графичката слика да отвори.Телевизорот и лаптопо не се поврзливи....Сеа шо прајме - шо викаат џандарите кога ќе те фатат на дело. Македонија ја тепа Србија, пијани луѓе ми приоѓаат и ми доверуваат пин и картица да им вадам пари од автомат, добивам понуди да снимам краток филм, луѓето околу мене ми соопштуваат лоши вести за нив и најблиските и после се заебаваме за сметка на то. Како во туѓа реалност да живеам. И згора на сите овие работи, сеприсутно во секоја секунда и кварк на моето постоење е.... ова неименливото, овој емотивен ролеркостер шо ми отвора тон дијалози во глата шо звучат на муабет меѓу хормонски излудена трудница и тинејџерка во ПМС.. Добро, не до толку...многу издраматизирав со поетики. Во секој случај чудно е. Kaко glitch in the Matrix. Како турлитава. Universe sure has strange sense of humor. 
    Нема фајде од седење на шанков луѓе. Земете фатете се за работа. Работните саати се подолги и подолги, а трудот се помалце платен.
    Трепка неонкава, ми го драска на умот. Ојдов да си легнам. Поздравете го Ѓаоло и кажете му дека уште ми ги нема вратено петте евра шо му ги зајмив за ганџата.

    Ајсоздравје!

    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Sponsored content

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Sponsored content

      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:47