Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Шанк муабети

    Share
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Шанк муабети

    Пишување by prozaque on Пон 23 Сеп 2013, 02:43

    23 Септември. Есенска рамноденица такозвана на латински Equinox. Демек рамно со рамно дента и ноќта по 12 саати. Демек, симетрија, рамнотежа... хармонија.Паганизам и ренесанса.
    Колку само тотално спротивно од то се осеќам.Цело време "шо?, како?, каде?, зошто?, а? колку? ".Да ти се сомели умот од хаос. Како да живејш во сон, во паралелен универзум..друга реалност. Денес се вратив во друго Скопје, во друг стан со друг поглед од тераса. Koнфузија од типот на главнио од Дечко који обечава, кога го суреди цурата со веслото од кајчето. А и сам си сум крив шо си допревртувам работите со "eкспериментите".Барем многу јака книга си открив уз пат шо ќе си ја набавам, да не биди без ништо. Ми здосади ММЕ, ми здосади пасивно агресивниот цинизам на Дуковски и цела модерна драматургија. Многу курој, пички, лајна, сперми и крв.Шо е многу, многу е.
    Еquinox човече. Пореален празник од Ден на Дрвото. Само ги нема Дедо-Мраз и поларните мечки да пијат Кока-Кола.Нема реклама.А рекламата продава. Несреќата продава уствари.Комплексите, фрустрациите, стравовите, сите незадоволени потреби реални или наметнати.Како да се уклопи чоекот во свет за кој се поќе учи, ама се помалце го разбира.Или можеби сепак и го разбира, ама не сака да го прифати, да се соочи со своите ограничувања и то шо е кур фактор.Ми се спие, онака неколку месеци ми се прај skip forward. Арно ама...

    Мир браќа и сестри.Утре е нов ден, а Владата пак ќе го стартува денот, лично со јаже ќе го качат сонцето на небото.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Шанк муабети

    Пишување by prozaque on Сре 02 Окт 2013, 13:38

    Koга човек има колеги како моите, треба да му завидуваат. Какви длабоки личности, какви карактери.
    Мили Боже, чуда великога....дај ми сила и мудрост уште 6 месеци. Indeed, faces look ugly when you are alone. Пес грди.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Шанк муабети

    Пишување by prozaque on Чет 03 Окт 2013, 19:56

    I've got the dreamers disease that slowly eats me inside.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8265
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Printers and faxes on Вто 14 Јан 2014, 17:48

    „ Members connected during last 24 hours : Лин, Printers and faxes “




    И така, седиш потполно сам на шанк, чекајќи некој за дружба, си размислуваш за се` и ништо, и си разговараш со себеси. Ал нема нема нема нигде никога, и сепарињата се стишени, а на шанк сум само јас, нема ни бармен да ме послужи. Мајке му.. :/
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Phoenix on Пон 27 Јан 2014, 20:18

    сега јас ќе соберам народ што се секираш :)
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Batty on Нед 09 Фед 2014, 13:24

    Постои можност повторно февруари да биде key. 

    Секој втор досеа. Скоро невозможно, ама ете.

    2006, 2008, 2010. 2012, 2014?

    И пази, 16-17 беа СИТЕ клучни февруарски (и животни) моменти досеа :D


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Пет 14 Фед 2014, 19:47

    A haunted gap in my mind fills with thoughts that flow?
    No, that`be Sassoon. 
    Fresh as ever. 
    Freshness distilled from decay.

    3 years since the start of the affliction.
    Wars raged for shorter periods of time.
    How much more can one take?
    I used to be a cheerful, if sarcastic character.
    Now a mere shadow.
    Pity.
    50 kilotons would come in handy.
    A secret.
    Freshness distilled from decay.
    How?
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Kelso on Нед 01 Јун 2014, 22:44

    Tea for me.

    Повторно како претходниот месец е tea for me.
    Неочекувано, без желба за понатаму, без желба за повеќе и без желба за промена.
    Повторно без мирен сон и без наспаност.Само флешови од омраза, параноја, тага, огорченост и страв.Не помага ниедна цигара, алкохол и спорт на светов, ничие друштво.

    Time moves so slow.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Пет 06 Јун 2014, 15:36

    И така си се буди еден човек наутро и гледа низ прозорецот...некоја темна сенка како да му надвиснала над душата, мачно му е, му се дере на најјблиските, бесно удира пајак кој си лази по зидот...гледа надвор во своето Пунто - современик на Cranberries и депресивни мисли со суицидален зачин му доаѓаат ненадејно во мозокот, она фул кома.

    Зошто? Затоа што нема Бентли, и тоа караван верзија, за да може да пренесе некоја вреќа цемент дури фура преку фаст лејн траката на афтопатот кон.....оу вејт, ако има Бентли нема да треба да пренеси никаде вреќа со цемент...вреќа со пари можеби!? Даааааа јако, вреќа со пари и ќе си ги брои навечер пред легнување, купчиња по 100 евра пред да ја изебе онаа типката шо не го рецка два посто, онаа плавата од онаму....

    Баш ќе и покаже шо е маж, само да се збогати, она на него копук...ццц...

    Не знае како ни кога му се јавила насушната потреба за Бентлито но потребата е веќе тука и тука е да остане, си свила гнездо во фантазијата на човекот и си седи како мрзелива мачка пред шпорет.

    И така напатен и зловолен заминува на работа да се расправа со газдата кој три месеци му должи плата, три по двеста - шесто еура, а сметките не прашуваат.... доаѓајки до вратата на фирмата зема воздух и влегува. Здогледувајќи го газдата се насменува со сила и му вели `Добро утро шефе, како сте, што ќе работиме денес, како е сопругата? Добро е а? Е па фииино... а синчето...?`

    Ни трага ни глас од замислената расправија и решителен повишен тон со кој ќе си ги бараше парите за сработеното. Си вели `ич-ич ами малку?`...`толку народ е без работа па јас да кукам сега?`

    И така црнчејќи, при крајот на работното време се појавува газдата со радосна вест дека би било фино да остане уште два саати, пошто му се јавиле од Припичино дека ќе стигне возилото или нешто така... на тој начин газдата сурово ја прекина визијата за Бентлито која беше стапила во акција во умот на нашиот јунак и тоа визија во Хај Дефинишн, неверојатна резолуција, дури можеше и да ги препознае гомната од гулаби на шајбната од Бентлито.

    Нот хепи...
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Вто 17 Јун 2014, 13:42

    Тукушто заврши работното време и Обелиск го здогледа својот пријател Астериск во далечината. Беше премногу напред да го довикува, а кондурите не му беа баш во најдобра состојба за да се обиде да го стигне. Сам тргна накај дома. Беше полусреќен, имајќи предвид дека после долго време успеа да договори состанок. Дејт, како што милуваа да кажат новите и надежни генерации.

    На патот кон станот застана во локалниот колонијал и купи нешто за јадење. Ако под купување може да се смета запишувањето на вересија. Циничните примедби на продавачот дека има заостанат долг и дека му прави голема услуга малку ја начнаа полусреќата во која се наоѓаше, но и покрај тоа розефкастиот облак на кој пловеше остана читав.

    Спремајќи се за дејтот забележа дека кариесот игра танго во неговата уста, дека жилетот е одамна затапен и дека лосионот мириса премногу агресивно и корне на ефтиност. Но немаше сила да се тревожи иако сите тие факти делуваа корозивно на полусреќата во која се наоѓаше.
    Импровизацијата е специјалност на одредени социјални класи па така и кај Обелиск, снаоѓањето беше на високо ниво. Знаеше да направи ручек со било каква завчерашна помија. И тоа на ефтина струја. Знаеше како да се храни за сума која би ги фрлила во очај и жителите на Бангладеш. Со облеката веќе беше малку потешко, а здравјето никогаш не се покоруваше на снаодливоста, за жал.

    Дејтот како дејт, започна со букет цвеќе. Имаше старомодна црта во карактерот Обеликсов која сакаше да даде на знаење на женското дека е женско. Теориите за полова еднаквост му беа сомнителни.
    Семипирамида, неговата партнерка таа вечер не беше којзнае што, но не беше и било што. Горе долу од иста класа како и Обелиск, знаеше што може да очекува но сепак не пропушти да инсистира на некој ресторан кој не му беше познат на Обелиск. 
    Сепак се согласи и отидоа таму. 
    Дејтот беше добар, без некоја драматика но и без лапсуси. Таа забележа дека Обелиск е нервозен. Тој само се молеше таа да оди во тоалет за да може убаво да го простудира менито, да направи пресметка, да види да не` се крие некаква замка, стапица во која би загинало кутрото Его обеликсово.

    За несреќа, Семипирамида никако не одеше во тоалет, `Зарем има и такви жени` си помисли Обелиск. Очигледно имало. А имало и такви кои пијат барем по 750 милилитри вино на еден дејт. Но што е тука е. Снаодлив е Обелиск, ќе се снајде. Изјави дека бил на терапија поради нешто па нема да пиел алкохол таа вечер. Вистината беше дека буџетот не му дозволуваше две шишиња вино во ресторан, но мораше да даде крила на импровизацијата.

    Моментот на вистината дојде, келнерот како митско чудовиште со сметката во рака полека се приближуваше до масата. Кутриот Обелиск, сега знаеше како им било на војниците во рововите на западниот фронт пред јуриш. Таа нешто зборуваше но тој беше фокусиран на келнерот како наведувана ракета кон некоја цел. 

    И пресудата падна. Седумстотини и дваесет шинтери. Мрак се спушти на очите на Обелиск, темница го обви неговиот мозок, просторијата му се причинуваше дека се стеснува и ќе го згмечи. Имаше само 750 шинтери, скоро половина плата. Што сега?

    Келнерот очекуваше бакшиш, а дејт е дејт, долгорочни планови беа во прашање со госпоѓицата Семипирамида.
    Отидоа сите 750, а време беше за такси.

    Божицата на импровизацијата не го напушти, се досети за можноста за долго пешачење поради прекрасната вечер. Таа го погледна со нелагодност, штиклите не и беа предвидени за маршови од шест километри а од друга страна таа сепак си беше некаква полуромантична природа и сепак се согласи.
    Обелиск скоро се насмевна и задоволен се осмели да испрати бакнеж. Во образот, како што доликува на џентлемен од позади плинарата.

    Ако божицата на импровизацијата беше наклонета кон Обелиск, богот на времето не беше. Имаше можеби проблеми со синдикатот на богови во Пантеонот па реши да го истури гневот врз обичните смртници. Да...почна да истура како да претстои потоп. Обелиск и Семипирамида се обидоа да се засолнат на неколку места но ветрот го носеше дождот право во нивните лица. На крај најдоа место и Обелиск забележа дека нозете му се поплавени. Кинеските кондури си беа достојни на својата репутација. Дури беа склони и да направат напор повеќе за нашиот Обелиск со тоа што ѓонот почна да се одлепува и да виси.

    Овој пат Обелиск имаше само еден начин да го спаси своето Его од масакр а тоа е да се раздели со неа веднаш за да не се слушне шлапањето на одлепениот ѓон. И кажа дека дејтот бил феноменален но дека мора да ја земе терапијата на време инаку ќе биде попусто. Промрморе неколку извинувачки фрази и си отиде, оставајќи ја Семипирамида сосема разочарана.

    Знаеше дека таа разбра во што е работата. И не очекуваше повторно да се видат.
    Стигнувајќи во станот го забележа најлонот со набавки од колонијалот. Конзерва со сардини, вчерашен леб, шампон во ќесичка, сијалица.

    Не беше гладен, и си помисли да си легне откако ќе ја допуши последната цигара.
    И онака не вредеше да се разочарува. Можеби нема да го дочека утрото во прегратка на полу-убавата Семи, но затоа го чекаше појадок-гозба со сардини. Не обични туку од оние со доматен сос !

    И потоа.... пак на работа.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Повратак старога мачка

    Пишување by Toecutter on Вто 08 Jул 2014, 17:51

    Стариот мачор, излитен, ќор и сакат реши да си подлегне малку под стреата на болницата.
    Мирисите на урбаната џунгла на кои беше навикнат беа поинакви овој пат.
    Нешто недефинирано како да висеше во воздухот, нешто непрепознатливо за доменот на мачешкиот ум но сосема конкретно за неговиот инстинкт. Кој му кажуваше да бега, да трча некаде надвор од градот на паднатите ангели, исфрлени од неонскиот рај со декрет на власта.

    Тоа и би го направил ако беше млад и силен, во времето кога беше страв и трепет за локалните ривали и татко на десетици мачиња.

    Но не беше повеќе ништо и се` што можеше е да најде суво место и да си прилегне.
    Подлижувајќи си ги шепите, наглув каков што си беше не придаде особено значење на жестокиот звук, звук од приближувањето на ударниот бран на сто килотонската бомба која тукушто експлодира над градот.

    И да знаеше за што се работи ќе беше доцна. Никогаш не ги сакаше луѓето кои му ја газеа опашката и го удираа со камења кога ровареше низ кантите за ѓубре. Како ѓубрето да имаше којзнае каква вредност за луѓето... И подобро што беше ограничен во мачешкиот опсег на перцепција, барем немаше да се ужаснува од човекот, врвот на еволуцијата, кој решил да фрли тактичка нуклеарна бомба врз членови на својот род.

    На местото каде што стоеше стариот мачор остана само сенка. Сенка на мачор на ѕидот, со се` уши и опашка, феномен на радиоактивното зрачење кој го овековечи неговото присуство на Земјата. Штета што не остана никој за да го види тоа.

    А мачорот си продолжи понатаму, како во прикаските на Прат - во мачешкиот рај каде што имало изобилство на врапчиња, риби, млеко и секако глувци, убаво сортирани и свежи, на радост на заминатата мачешка душа. Неговиот израз поприми задоволна гримаса која премина преку искривената усна. Препозна неколку мачки во далечината кои не ги беше видел одамна.

    Тоа не требаше да го зачуди. Бидејќи сите мачки одат во рајот.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Kelso on Сре 09 Jул 2014, 19:10

    Which in the end is you anyway.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Kelso on Пет 11 Jул 2014, 16:13

    Please forgive me daiyee. 


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Саб 19 Jул 2014, 18:24

    Трајко беше едноставно, да речеме селско дете. Учеше во гимназијата со градски деца и не се снаоѓаше најдобро во сета таа урбана гужва од зовриени хормони, брзорастечки гради и ненајавени ерекции. 
    Во селото се` беше поедноставно и примерено за селското дете, високо и снажно како само што чуварче на говеда може да биде.

    Имаше симпатија. Таа не беше претерано убава, уште помалку бистра. Но имаше некаква симпатичност, привлечност која делуваше како магнет за селското дете. Трајко не знаеше како да и пристапи, никој не го беше научил како да се однесува со жени, она што го видел во селото му делуваше премногу грубо за да го примени кон неа. А и говедата кои ги чуваше не беа којзнае каков пример на заведувачки способности.
    Еден убав ден, Трајко реши сепак да и пристапи. Заборави што планираше да каже и само ја праша дали ќе сака да дојде во школскиот двор час и половина откако часовите ќе завршат. Имаше нејасен план да седнат на клупата... и толку. После тоа не му текнуваше што би правел. Девојката се согласи, дополнително збунувајќи го Трајко кој очекуваше да биде одбиен.

    И така чукна и тој час, можноста за прва интимност беше сосема блиску. Тој факт само го правеше Трајко дополнително нервозен.

    Седнаа на клупата. Молчеа, таа очекувајќи дека тој ќе започне муабет, тој незнаејќи што да каже. По некое време дури и во спориот мозок трајков се јави непријатност поради молкот а тоа комбинирано со силната ерекција го предизвика на дејство. Ја фати за цицката. 
    Малку посилно отколку што е обичај. 

    Иако таа очекуваше нешто да се случи, сепак повеќе и одеше паметот накај обид за бакнеж. Му ја турна раката и ја сврти главата нервозно.
    Трајко беше во бунило, му се чинеше дека ќе беше подобро да се врати во селото или да пропадне в земја.
    Но козјнае кога ќе му се укаже ваква прилика повторно, си мислеше. Секако, поимот `мислеше` е преоптимистичка процена на неговите умствени процеси во тој миг, но не треба да се суди престрого.

    Без преголеми церемонии ја фати за вагината. Таа пушти чуден звук, дотогаш нечуен од Трајко кој не можеше да декодира што значи сето тоа. Дали и е убаво? Или и причинува болка?
    Повторно девојката прејде во дефанзива и му ја турна раката.

    Трајко веќе беше во транс, имено фати пичка!....она буквално, ако веќе не преносно.
    И сеуште не знаејќи што да направи следно, како да постапи, Трајко рефлексно и удри силна тупаница сред лице.

    Не од што беше насилник, туку што не знаеше како поинаку да постапи. Трајковите надежи за секс и нејзините надежи за фаќање дечко завршија во локва крв и со скршена носна коска. Солзите неконтролирано и капеа, што е сосема очекувано при повреда на нос. Грозниот микс на крв и слуз и течеше како од чешма по лицето.
    Дури и Трајко овојпат знаеше дека заебал работа. Се изнервира на самиот себе, а како што знаеме тој гнев е најстрашен од сите. И удри уште неколку бокса, ја искшри од мавање и истрча некаде во далечината.

    Трајко никогаш не се ожени и немаше деца. Последен пат бил виден на потерница од Интерпол.
    Девојката денес е министерка без ресор.
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Шанк муабети

    Пишување by глупсон on Саб 19 Jул 2014, 20:35

    Toecutter напиша:
    Трајко веќе беше во транс, имено фати пичка!....она буквално, ако веќе не преносно.
    И сеуште не знаејќи што да направи следно, како да постапи, Трајко рефлексно и удри силна тупаница сред лице.
             
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Нед 20 Jул 2014, 16:38

    Вратата зашкрипе и таа влезе. 
    Нaшиот јунак не очекуваше дека таа ќе ја прифати поканата, но што е животот без понекое изненадување? Му беше мило што ќе има секс без особен труд. Затварајќи ја вратата погледот му скршна кон нејзините цицки кои под дејство на гравитацијата висеа беспомошно. Но тоа траеше кратко бидејќи таа, затворајќи ја силно вратата низ која влезе - одрони парче од ѕидот нагризен од влага.

    Просторијата беше мемлива и просто бликаше сензуалност. Ја покани да седне на столчето од кое пред тоа несмасно ги тргна скинатите чорапи кои пред тоа ги крпеше.

    Таа седна, затресувајќи го задникот одамна сатуриран со целулит. Почна да ја допира по нозете кои наликуваа на географска карта со сите тие раширени вени и испукани капилари...
    Се напали! Или барем се присилуваше себе си да верува во тоа. Велат дека моќта на сугестијата била бескрајна.

    Почна да се слекува ослободувајќи го мевот кој скоро и да не му дозволуваше да го види својот кур. Му беше непријатно бидејќи бојлерот беше расипан уште пред да го отпуштат од работа така што туширањето не беше опција. 
    Сомителен мирис ги исполни ноздрите на госпоѓицата. Настапи кризен момент, гробна тишина која мораше да биде некако прекината. Извади шише ракија и ја понуди, да се опушти.
    После гримасата која ја направи, таа се реши да ја испие ракијата на екс и да си тури уште една чашка.

    Не помина многу време и таа спонтано почна да се соблекува. Типот стоеше настрана и си го дрвеше. Во настап на шмекерско лудило реши да и ги скине гаќичките како што тоа го беше видел во некој порно филм. И го направи тоа. 
    И смрдеата на расипано сирење во кое биле чувани сардини почна да еманира од нејзиното меѓуножје како пандан на бојниот отров кој излезе од неговите гаќи.

    `Ќе те ебам`...заводнички процеди типот низ двата заба кои му недостигаа. 
    `Шо е бе, да не мислиш дека сум курвиште?` изјави таа со флертувачки сјај во стакленото око.
    `Сега ќе те искинам од ебење мори, има да го видиш Стамбол...`

    Полицијата утрото најде два леша во задоволна прегратка и со блажен израз на лицето, првичниот наод на вештакот беше дека се работи за задушување.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Kelso on Пон 18 Aвг 2014, 22:59

    Somebody reach out and save me
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Toecutter on Пет 17 Окт 2014, 18:51

    Анархија all over Сомалија 1996-2006 (Фарук се данас лоше осјеча)


    На прв спомен поимот Сомалија буди непријатни чувства, условени од прекрасниот филм `Падот на црниот сокол`, снимките од џипови кои влечкаат лешеви на амерички маринци по улиците, неизбежните дечиња со подуени стомаци и муви на клепките, пирати кои како пред 300 години и денес ги полнат насловните на светскиот печат, забегани исламисти и општо беззаконие.

    Но и на тој начин Сомалија `постои` во колективниот вокабулар на рајата. `Шо е бе то, исто ко во Сомалија` не е нечуена реченица. Во тој колективен ум Африка се состои од Египет (ради пирамидите) Јужна Африка (ради свецкото) Зимбабве (ради името кое им е смешно на луѓето) и Сомалија. Да, и онаа земјата каде што имаше геноцид, како само се викаше...Но тоа е друга прича...

    Како што некој во обид да се биде духовит приметил – Сомалија е the real life answer to Mad Max. Можеби се работи за некој црн Баба Занети на брегот на Индискиот океан кој моторот го заменил со чамец.

    Она што е сигурно е дека поголемиот дел на територијата на некогашна Сомалија е бездржавна. Државата Сомалија настанала на територијата која била италијанска Сомалија и британски Сомалиленд, со деколонизацијата како антитеза на scramble for Africa.
    Подоцна екс-колониите се обединети во една британска колонија која во бранот на декларирање независност при крајот на педесетите и самата станува независна држава. Држава!!! 

    Од 1960 до 1969 владееле некакви прозападни деспоти за да во 1969 после крвав државен удар на власт дојде марксистот Мохамед Сиад Баре. Следува помош од Источна Европа, неколку војни со комшиите и со домашните `предавници`, глад, мизерија, корупција, Боб Гелдоф, бели униформи и ордени – на рајата и преседнува и во јануари 1991 избувнува востание каде што разни кланови се обединуваат со цел да биде соборен режимот.

    Но тука настанува неочекуван пресврт бидејќи не се работи само за соборување на режимот туку и соборување на државата како ентитет.

    Водачите на некои од поголемите кланови се обиделе да воспостават државна власт за себе но сето тоа завршувало неуспешно и `власта` обично се протегала на неколку квартови од Могадишу. Секој обид да се воспостави централна власт бил сретнат од вооружен отпор. Започнала граѓанска војна во обидот не само да се искористи вакуумот во моќта туку и да се реставрира државата. Реставрацијата била форсирана од ООН кои веднаш испратиле `плави шлемови` на теренот, тешко вооружени сили кои на крај завршиле неславно и биле повлечени после тешки загуби, вклучително и славните Црни Соколи и пакистанските тенкови.

    После  пет години војна и повлекувањето на странските војски и нивната поддршка кон фаворизираните кланови - настапува релативен мир кој трае од 1996 до 2006, Сомалија исчезнува од страниците на печатот и телевизијата и се стабилизира Анархија ол овер Сомалија. Секако, стабилноста не се продава, кој сака да чита и гледа за мир во рогот на Африка!? Нели сите знаат дека таму виреат некакви чудни биолошки целини, еволуциски фрикови од човечко месо со накалемен АК-47 кој сраснал со рацете?

    Во делот кој некогаш припаѓал на Круната, државата е реставрирана, Република Сомалиленд ја задржува етатистичката рамка но останува непризнаена од надворешниот свет. Делот кој припаѓал на Италија останува во безвластие и се појавуваат знаци на просперитет.

    Арно ама...
    Арно ама не може тоа така и во во 2006 доаѓа до подем на исламистите, поддржани од Саудиски петро-долари. Во случајов е тешко да се зборува за исламисти од рангот на Талибаните, повеќе за исламисти кои сакаат долари, алкохол, дрога и скапи теренски џипови. Можеби и рок-ен-рол иако не би се осмелил да тврдам такво нешто.

    Но и такви какви што се, успеваат да воспостават контрола врз поголем дел од Сомалија. Тука се вмешува Етиопија која испраќа војска и авијација против исламистите, подрржана од САД и ООН кои се обидуваат преку топовите на абисинската армија да ја протнат повторно идејата за држава. Да, Етиопија of all the countries. Има и нешто патриоцки набој во тоа, ратот за Огаден кога браќата марксисти Менгисту Мариам и Сиад Баре пратиле војска да се коле меѓусебе за неколку километри прашина.

    Бај-бај Анархија, државата и религијата се враќаат да ги `спасат` луѓето. Следат осум години нова граѓанска војна со неколку `оази` каде извесни кланови од паганска провиниенција остануваат надвор од хаосот.

    После падот на Анархијата, брегот на Сомалија станува интересен за риболовните компании од разни држави, меѓу кои и Јапонија. Огромни рибарски бродови-фабрики го пустошат рибниот фонд од кој зависи опстанокот на стотици илјади жители на крајбрежието.
    Соочени со глад, луѓето се вртат кон обновување на еден подзаборавен занает, прославен од романите на Стивенсон – пиратсвото. Пиратите постигнуваат спектакуларни резултати, од освојување на саудиски танкери до теретни бродови под либериско или бахамско знаме кои пренесуваат тенкови и ракети од екс-советските земји за рандом клиенти-африкански деспоти.
    Светот се `згрозува` и упатува сериозни поморски сили да стават крај на пиратството. Близу е и протокот Баб ел Мандеб кој е фидер на Суецкиот канал а загрозување на таков поморски пат е злочин против современиот корпоратизам. Fifteen men on a dead men`s chest yohohooo and a barrel of Oil. Извесно е дека бројот на пиратски напади е намален со интервенциите а гладот повторно царува на крајбрежието. 

    Десет години не се малку за едно човечко битие. А десет години Анархија за една географска целина, претходно разјадена од војни, корупција, глад, епидемии и тиранија? Којзнае. Што би било кого би било фразата повторно изронува на површина.

    И денес таму има само сенка на централна влада која владее со два града и ништо повеќе. Има и исламисти кои божанството Држава сакаат да го сменат со божанството Алах. 
    И двете `опции` се само навидум спротиставени бидејќи се премногу слични една на друга во својата основа. 
    И двете се зависни од божанството долар. 
    И двете се финансирани со пари собрани од даночни обврзници преку седум мориња,  многу од кои никогаш не слушнале за Сомалија. 
    Тоа е непресушен извор. 
    И тие ќе плаќаат и понатаму, се додека и последниот борец против државата и Алах не падне мртов, од куршум, глад или болест, сеедно. 

    Две студии кои се бават со Анархијата на рогот на Африка.
    http://www.independent.org/pdf/working_papers/64_somalia.pdf
    http://www.peterleeson.com/better_off_stateless.pdf
    а интересно инфо има и во `Господарите на сиромаштијата` од Греам Хенкок кој бил таму на лице место.

    Фразата Анархија ол овер Сомалија е ненадјебива.
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8265
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Printers and faxes on Чет 21 Дек 2017, 16:34

    Живи сте бе, ало?

    Sponsored content

    Re: Шанк муабети

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Нед 21 Јан 2018, 04:03