Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Помош при одлуката за факултет

    Share
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Robby on Саб 17 Окт 2009, 02:25

    :hahasto: од таму се исчитав... ама слушам нешто муабети за тој факултет... за тоа сакам да прашам некој којшто завршил или студира таму.... иначе Рокси фала за креативноста...
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Batty on Саб 17 Окт 2009, 22:30

    emotional`!! напиша::hahasto: од таму се исчитав... ама слушам нешто муабети за тој факултет... за тоа сакам да прашам некој којшто завршил или студира таму.... иначе Рокси фала за креативноста...

    Почитуваниот колега Каран е студент на Филозофскиот факултет во Скопје. Него можеш да го прашаш за и околу факултетот.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Robby on Вто 12 Јан 2010, 21:07

    Значи во последниве месец- два едвај се одлучив, бидејќи неможам да се одлучам така лесно... Убаво размислив кој факултет какви можности има за работа во иднина, со колкава желба ќе го учам, какви се условите и слично.... И на крај... Одлучив... По цели вечери мислев, елиминирав, се нервирав... ...
    За на крај .. едно 70% да се одлучам за Медицински.... ... Иако сите ме убедуваат и ме плашат дека е тежок факултет и бара многу, јас мислам дека со желба и редовно учење нема да имам проблеми.. Фала Богу, секој факултет носи разочарувања и си има своја тежина....
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Batty on Вто 12 Јан 2010, 23:39

    Не се сите факултети со иста тежина.

    Мора да „живееш“ за тоа што го студираш. Ако изостанува „меракот“, секој факултет е тежок. Ако е обратно, ако го сакаш тоа што го учиш, нема полесен факултет од твојот.
    Затоа, добро размисли ти, и сите други, добро нека се размисли пред да се запише факултет. Оти тоа не е само една одлука. Тоа може живот да значи.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Marry Ann
    Nevermind
    Nevermind

    Female Мислења : 167
    Местолокација : Gevgelija
    Зачленет на : 2010-01-02

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Marry Ann on Сре 13 Јан 2010, 01:03

    Правен факултет.. ако нешто не ме предомисли
    avatar
    Kaldr
    Ancient Apparition
    Ancient Apparition

    Male Мислења : 758
    Местолокација : Valley Of Shadows
    Зачленет на : 2009-08-13

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Kaldr on Чет 14 Јан 2010, 06:29

    Балалајка едно прашање. Дали доколку отидам на превод и толкување на англиски јазик ке има и други јазици? Ич не контам што е финтата со факултетиве ама баш ништо. Иначе и воена ме влече али шо нема место у арм тоа е друга работа
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by balAlajkA on Чет 14 Јан 2010, 10:09

    На филолошки факултет, на државниот , во мое време ги имаше овие опции:
    1. се запишуваш на еден јазик (пример англиски) и тој ти е прв јазик и во прва или втора година се определуваш за:
    а) втор јазик ПОД Б (го учиш три години, на напредно ниво и можеш да предаваш по тој јазик, ти се скратува по еден предмет од англиски секоја година за да имаш ист фонд на часови со сите, овие испити не ти се задолжителни за чистење година туку треба да ги положиш до крајот на студирањето) или
    б) бираш втор јазик ПОД Ц (го учиш две години, ти се важи како курс, испитите од него ти се за услов за следната година, не можиш да предаваш по тој јазик).

    Е СЕГА! порано беше вака: во прва и втора година сите учевме исто и во ТРЕТА се определувавме дали сакаме да продолжиме на НАСТАВНА насока (учиме поопширна книжевност, предмет Шекспир, методика, психологија, педагогија) или ПРЕВЕДУВАЧКА насока (учиш скратена литература без Шекспир; теорија и пракса на превод) од англиски на македонски и обратно.

    ACHTUNG!!!! ако во прва (или втора) одбериш да учиш јазик под Б автоматски не можеш да бираш преведувачка насока во трета бидејќи за јазикот под Б си обврзан да ги учиш педагошките предмети бидејќи за вториот јазик ќе добиеш диплома дека си професор по истиот.

    наравоучение, секогаш има финта во системот и јас се зафркнав така. препрашувањето по 100 пати е мајка на поминувањето низ годините на факултет!

    После завршување на додипломски студии (четврта година со сите нишани, немаме бранење дипломски труд) можиш да се дозапишиш вонредно и да ги доположиш испитите од другата насока (ако си се определил за преведувачка ги дополагаш горните предмети, плус {мислам} тие 2-3 што ти се скратиле во прва, втора и трета година и добиваш диплома и за преведувач) а потоа и можи да си полагаш за судски преведувач.

    е сега со новиот метод на запишување ќе ти требаат резултатите од оценките од средно и матурскиот испит по македонски и англиски (ние полагавме два приемни по овие два предмети).

    ако одбериш ПРЕВОД И ТОЛКУВАЊЕ (ова е засебна Катедра од Англиски јазик и книжевност) тогаш учиш ДВА јазици ПАРАЛЕЛНО, со ист интензитет и понапредни курсеви за превод. Напорно е, ама професорите се фантастични (Драги Михајловски е едно од најдобрите нешта што му се случиле на факултетот!).

    Да можам пак да бирам, би одбрала јазик под Ц и преведувачка во трета, макар што би ми недостигал курсот по Шекспир кај Рошка.

    сепак распрашај се какви се условите за овој систем (ЕКТС) и новата учебна година.

    good luck и ако ти треба нешто, кажи пак
    avatar
    Kaldr
    Ancient Apparition
    Ancient Apparition

    Male Мислења : 758
    Местолокација : Valley Of Shadows
    Зачленет на : 2009-08-13

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Kaldr on Чет 14 Јан 2010, 11:40

    Балалајке со оглед што неам спиено цел ден ми требаше 5 пати да го прочитам текстот за да сфатам нешто. Како и да е благодариме за исцрпниот одговор. Само уште нешто ме интересира. Значи јас учам прво англиски и избирам под Ц друг јазик 2 години како курс и испитите се услов. И тек у трета избирам превод и толкување и ги учам двата јазика со ист интензитет? А јас шо врска неам од друг јазик сем малце германски? Леле тешко мене Море ова за мене излеа шпанско село Си идам ја војник ? Фала Балалајка уште еднаш секоја чест
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by balAlajkA on Чет 14 Јан 2010, 14:05

    сепак препрашај си како е сега.
    а тоа што избираш преведувачка насока нема врска со вториот јазик. ти си учиш превод англиски-македонски и обратно, а другиот јазик си го изучуваш посебно, со таа разлика што под Б е напреден курс, а под Ц почетен. Значи ти можиш и кинески да земиш ако сакаш.

    на катедра Превод и толкување е друга приказна.
    па и на Италијански прв јазик што се запишуваат почнуваат од азбука, ама мнооогу интензивно се учи, во две години го совладуваат јазикот и во трета веќе учат книжевност на италијански. Ама програмата му е супер. А бе ако ти се учи се е супер...
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Ane Rockerka on Нед 17 Јан 2010, 07:03

    економски факултет... за подетаљно има време
    одвај ова го скоцкав
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Dirge on Нед 17 Јан 2010, 15:50

    Дефинитивно електро *човече што си ги мести брковите
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by balAlajkA on Нед 17 Јан 2010, 16:03

    понекогаш заборавам дека некои од вас ДОПРВА се запишуваат на факултет

    што ве води да изберете на кој факултет ќе се запишете или нема да запишете факултет воопшто? Ја следите долгогодишната желба, остварувате лична сатисфакција, ги оставате опциите отворени, гледате пред се што би можеле да работите со тој факултет, остварувате нечии туѓи очекувања....

    јас искрено не знаев што сакам да студирам бидејќи во средно бев активна на многу полиња и тоа многу различни полиња. Едно време сакав да се посветам сериозно на одбојка и да скокнам факултет (кратко време беше тоа, фала богу), неостварена желба ми остана да студирам дизајн, ама тоа се решаваше уште во средно (сметам дека за оваа професија треба запнување од порано), при крајот на четврта бев сигурна дека сакам да студирам Право (Политикологија и Меѓународно право) се` додека не ми текна дека јас сум пред се креативец и дека таквата професија ќе ме загуши, а налет се и сум тешка мрза. И една пријателка ми рече, не си прај од готово-вересија, оди на јазици, те бидува, ќе си поминиш со лесно, а цел живот се жалиш дека преводите на книгите се батал и образовната програма по англиски sucks па преземи нешто ти!

    и така си се запнав и се запишав на Англиски. Единствено зажалив (ако можи така да се речи) што не ја најдов таму конкурентната група на која се надевав, современици со кои ќе се тепам за знаења, а не (под)просечни студенти од кои добар процент не научија да спелуваат и читаат до четврта

    god forbid creative and critical opinion!

    да имам пари би се презапишала (или би изнашла некои постдипломски) поврзани со Етнологија
    avatar
    RoTkViCa

    Female Мислења : 1460
    Зачленет на : 2009-07-01

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by RoTkViCa on Пон 18 Јан 2010, 11:39

    По се изгледа електро му е мајката.На почетокот на 4та година помислив на многу факултети, ама секогаш длабоко во мене знаев дека ќе останам пак на електро.Таков смер почнав од 3та година, ја сакам математиката, свесна сум дека НЕ можам да учам ништо напамет за другите факултети (Правен, Економски)....единствен проблем ми е тоа што се повеќе ме плашат колку е тежок факултетот ...но мислам дека секој факултет си е тежок на свој начин, и ако го изберам факултетот со предмети кои ги сакам и во кои сум добра,ќе ми е полесен од било кој друг.Исто така ги разгледав и можностите за работа со тој факултет,и некако најисплатлив ми се чини. Со Господ напред, пред мене имам многу работа, ама за се во животот треба да се потрудиме, ако сакаме подоцна да уживаме во добиените резултати.I can do it!

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Рокси on Пон 18 Јан 2010, 21:15

    Гледам дека на многу форумџии им треба помош за да се запишат на соодветен факултет после завршувањето на средното училиште.
    Па, нека биде темава за форумџиите да разменат мислења која професија би му одговарала на кој форумџија според личните карактеристики.
    Сигурна сум дека со ваква тема на муабет на многу од нас ќе ни се отворат нови гледишта за себеси во иднината, а тоа би било пат кон одлука за која нема да има простор за каење.
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Robby on Пон 18 Јан 2010, 22:15

    Рокси големо БРАВО за темата... Ептен е на место ...

    Ај да си ја кажам јас маката што ме мачи веќе 6 месеци...
    Значи мојата одлука се носеше многу спонтано.. Елиминирав, додавав, се замарав.. На листата беа Правниот, Филозофскиот и Медицинскиот Факултет. Еднаш решив Правен... Потоа ми текна Филозофски отсек Филозофија... Но поради погледите за иднина, слабо за работа ќе биде (освен професор)... Останаа Правниот и Медицинскиот.. Правниот би го учел.. али пак ми е некако непривлечно.. а медицината е нешто сериозно и бара ептен труд. На крај, во листата за полагање предмети за матура покрај македонски јазик и англиски избрав Биологија и Хемија. И одлучив за медицина ... И сега, по цел ден мислам, мислам... Не сум 100% сигурен за тој факултет... Тоа што ми лежи ако го студирам, потоа работа скоро и ќе биде тешко да најдам.. Така да желбата за студирање медицина ми порасна кога бев 7 дена во Клиниката во Скопје.. А инаку од мал најпрво сакав да го учам тоа..

    Не знам веќе како ќе биде работата.. Ваљда медицина ќе одам.. Па ако има некој студент на медицина на форумот радо би го замолил да ми опише накратко какви се условите на студирање, пракса, предавања и слично. Однапред благодарам..

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Рокси on Вто 19 Јан 2010, 00:53

    Emo, кој смер од медицината конкретно те привлекува најмногу? Би сакал да се специјализираш за нешто посебно (бидејќи во медицината постојат многу гранки доста различни една од друга) или да си просечен доктор?
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Robby on Вто 19 Јан 2010, 01:00

    Епа најпрво Општа медицина ќе учам, да завршам.. Тоа е 6 години... После тоа живи и здрави да сме, би сакал да специјализирам нешто... Сеуште не сум размислувал за специјализација.. Има време...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by prozaque on Сре 20 Јан 2010, 12:22

    Прво, успеј да се запишиш на Општа медицина.Оти таму покрај тоа шо треба да си скроз одличен, треба да имаш и силна позадина за да влезиш.Можи ја имаш, но ако ја немаш, отсега започни да си ја редиш работата..

    Е кога ќе влезиш..спреми се да се откажиш од многу земни задоволства и твојот живот..барем во првата година треба да го сведиш само на учење, одење на факултет, враќање на факултет, спиење, тек тук каснување нешто и одење во ВЦ и така се во круг.Материјалот е обемен, професорите се незгодни, а распоредот нерационален.Дури и за учениците кои учеле претходно во медицинско средно па продолжиле на општа медицина.За тие од гимназија да не прајме муабет.Имаш 9 предмети во прв семестар, како и доста специфични вежби од кои едни се на човечки труп за кои рака на срце треба да имаш желудник од челик.Нема простор таму за сожалување, гнасење и одбивност.

    П.С Медицина, ПМФ и Електро ти се факултети кои ги развиваат предиспозициите за да накачиш шизофренија.Или да се самоубиеш.Шала.За првото не. :Д :Д

    Good Luck mate.May Apollo the Healer be with you!


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Robby on Сре 20 Јан 2010, 12:41

    Уф.. Се добро си кажа прозак.. Фала ти многу.. Но тоа за позадината.. Е од кај да барам кога немам никој познат таму sto .. За оцените освен математика друго е се 5 ... И баш овие денови мислам.... Сеуште се двоумам дали да одам на тој факултет... НЕ знам веќе шо да напраам, просто не мрдам од мртва точка.... жал ми е ... Предадов предмети за матура Биологија и Хемија а сега ако се откажам од медицина ќе треба да ги променам предметите ако дозволи управата на гимназијата.. И сеа всушност ништо не сум решил.. Само се нервирам и замарам... жал ми е
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by prozaque on Сре 20 Јан 2010, 12:48

    Ако имаш барем една оцена послаба од 5 во изминатите 4 години на сведителство..тогаш ептен, ептен треба да имаш врски.Или да дајш некое тешко мито.Јебига, на овој принцип работи државата.Кадрите шо излегуваат од Медицински факултет се поврзани клански да не речам.Сите се синови или ќерки на hotshot медицински лица.Затоа јас не аплицирав таму, знаев дека нема да влезам токму поради таа причина.

    Од друга страна, имаш и медицински факултет и во Штип..Ама не е филингот студентските денови во Штип да ги поминиш. :Д..Ајде имаш време..убо преиспитај си ги ресурсите и силите..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by balAlajkA on Сре 20 Јан 2010, 12:58

    и мала дигресија:

    сега ти е времето да се нервираш за овие работи. ова е време на тестирање на твојата зрелост и спремност да се соочиш со последиците од твоите лични одлуки и постапки. Ова ќе биде првата од многуте големи одлуки што ќе ги донесеш и што ќе ти го одредат текот на животот. Време е да се соочиш со стравовите и соништата. Оваа одлука мора да биде твоја, а не исполнување на нечии туѓи планови или замисли за тебе. Прашај се и одговори си и не заборавај дека добро поставеното прашање е пола одговор.

    And above all, to thine own self be true

    Шекспир...
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Гостин on Сре 20 Јан 2010, 13:03

    Зато јас се збогував со медицинскиот факултет во Скопје.. Ак одам странство тогаш општа медицина да, а ак останвам овде немат никакви шанси.. Доволно животи зае*ал тој факултет, не планирам да сум само уште една од непримените ради тато и мама или да ослабам 30 кила таму...
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Robby on Сре 20 Јан 2010, 13:11

    мм еве човек со искуство..
    Добро кажано Балалајка ... Мене повеќе ме иритира тоа шо во нашава држава се е со врски, пари.. Јас можеби имам желба и ентузијазам да го учам тоа... Али кога ќе видиш дека реалноста е поразлична од тоа шо мислиш доаѓа автоматски разочарување... така да... Ако не успејам на тој факултет, ќе одам на другата опција- Политички науки или нешто слично... Тоа е.. Шо да правам.. Реалноста е таа..

    Punk.. тоа е... и јас веќе губам надежи за таму.. кога видов дека митото е дел од таа „работа“..
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Ane Rockerka on Вто 25 Мај 2010, 08:03

    Еден мој став (во мини издание за да не ве мрзи да го читате) кој се надевам дека ќе им дојде во прилог на сите студенти.

    Секоја работа е добра ако е чесна. И тоа дали ќе отидеш да учиш за доктор, адвокат или што и да е друго само заради тоа што твоите те натерале за да се продолжи традицијата во семејството, може да резултира со многу негативности - твое и туѓо незадоволство. Најубо е самиот да си одлучиш за понатаму да го сакаш она за кое понатаму (се надевам) ќе најдеш и работа. Дозволи им на твоите да го искажат своето мислење, но сепак, направи го она за кое си најсигурен и си уверен дека ќе успееш ако продолжиш да го правиш/учиш, секако, со вложен голема количина на труд.

    Многу среќа на идните факултетлии. Се надевам дека ќе го најдете вистинскиот пат.

    Доколку ви се потребни информации околу било кој факултет, приемни испити, уписни рокови, или било што, тука сум во секое време за да ви помогнам доколку сум во можност.
    avatar
    Wednesday
    vicious delicious
    vicious delicious

    Female Мислења : 1116
    Зачленет на : 2010-01-26

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Wednesday on Вто 25 Мај 2010, 08:49

    во план ми е Стоматолошки факултет...
    малце ме обесхрабрува тоа што знам дека тие што учат стоматологија средно, ке имаат предност за упис, ама желбата е поголема така да си останувам на своето :)
    па ако има на форумов некој со студира стоматологија , или некој шо знае повеќе за факултетов, би го замолила да ми каже нешто повеќе за истиот (нешо како- дали треба некои посебни предиспозиции за упис , за додипломските студии and stuff)

    Sponsored content

    Re: Помош при одлуката за факултет

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:56