Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Зошто не читате?

    Share
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Зошто не читате?

    Пишување by Phoenix on Вто 02 Фед 2010, 17:33

    Покрај големиот број на теми во кои секој член може да си напише која книга ја чита и што му се допаднало, се решив да отворам една тема во која би требало да наведете причини односно што конкретно ве попречува да читате дали немате желба или има поубави работи со кои го исполнувате времето. Темава е во цел да се увиди што конкретно ја попречува младината да чита книги и дали она со што го исполнуваат времето е покорисно отколку да се седне и да се чита.

    напомена: ова е сериозен подфорум во кој очекувам опширни постови и доза на сериозност .
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Гостин on Вто 02 Фед 2010, 18:02

    За средношколци -појќето учиме за оценка, па се немат доволно време.. Библиотекиве имет појќе љубовни романчиња отколку некоја добра книга, а пари за да си купвиме секој ден книги неаме..Изборот на лектири нашкола е ужас, од првите две страни прекинвам да читам. Ама во секој случај јас се снаоѓам некако, сега читам многу помалце од порано ама секогаш си читам нешчо :)
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by prozaque on Вто 02 Фед 2010, 18:27

    Eве јас дур сум во Скопје, читачката навика ми е стагнирана поради обврските кон факултето и поради тоа што не сум зел асолно да се снабдам со канали за литература.Обично ако се позајмам со некоја книга од другар/другарка или ако случајно фотокопирам.Да купувам книга за мене е луксуз оти се скапи и како шо кажа Панк, преовладува некоја лева литература.Лева не ко комунистичка (иако и таква има), туку лева во смисол срцепаретелни копи-пејст љубовни романи и плагијат на трилери.Добрата литература си иди со добра цена како шо кажав.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by prozaque on Вто 02 Фед 2010, 18:53

    А што се однесува на останатите..Такво е времето..Време на брза мудрост.Како брза храна.И реално опциите за тепање време се проширени..Повеќето попрва ќе мислат шо статус ќе променат на фејсбук, него да помислат шо некој автор сакал да кажи во некое свое дело.И тако даље, и тако даље


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Phoenix on Вто 02 Фед 2010, 19:22

    да не се залажуваме со финансиска состојба..зошто книгата е вечна не е маргарин , доволно е да појдеш во комшии на кафе и да здогледаш во витрината покрај порцеланските и кристални сервиси и по некоја книга , само еден убава реченица е доволна - може ли да ја позајмам книгава да ја прочитам?

    инаку свесен сум дека е опадната читаноста на книги дури и јас кога бев средно се сеќавам дека Ана Каренина ја прочитаа дури двајца вклучуајќи ме и мене што значи дури еден ..

    како непријатели на книгите ќе ги посочам компијутерските игри, сериските филмови во стил шекерезат, новиот брз начин на живот односно дојди си од школо џитни ранецот и ај на скитање

    Во последно време и јас не читам многу . читав прошлата недела неколку саати

    а знаете ли зошто ?

    Затоа што немаше струја и ми беше досадно немав никаква занимација и земав книга читав под свеќа.. значи доколку имав телевизор или комп ..немаше да читам

    Тоа е лошо
    avatar
    Зелена

    Female Мислења : 58
    Местолокација : Дома, пред чергата.
    Зачленет на : 2010-01-27

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Зелена on Вто 02 Фед 2010, 19:36

    Не читам толку многу за време на летниот распуст.
    Претходниот летен распуст, ја прочитав само “Ќерката на чуварот на спомените.„
    Од школска библиотека не зимам книги, се се безврска.
    Меѓутоа го решив тој “проблем“.
    Си се зачленив во една фина библиотека, да ти е мерак да влезеш во неа, мириса на стари книги, сите се со пожолтени страници, полиците стари, прастари.
    И не можеш (барем јас) да одолееш.

    Подобро ќе читам, околку да скитам!
    (Иииј, ама се изримува ова )
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Гостин on Вто 02 Фед 2010, 19:41

    Не се залажуваме со финансиската состојба пошо по комши книгиве ги имет на српски, хрватски или бугарски, а некој ко мене не разбират. Ретко да се погодит некоја на македонски. А да, јас 400 денари плаќам за едно мало книџуле, а замисли еднаш неделно да купвиш или шо е пострашно некој книги ги немат во охрид па снаоѓај се.
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Alhemius on Вто 02 Фед 2010, 19:45

    Читам често,некогаш повеќе,некогаш помалку.Порано бев зависен од книга,се нешто читав.Сега зависи колку имам слободно време така и читам.Но во последно време како да имам одвишок слободно време па ми се случува и две книги паралелно да ги читам.Последниве два дена немам ништо читано,ме фати мрза некоја а и со друго се занимавав
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Dirge on Вто 02 Фед 2010, 21:34

    И јас заприметив застој некој во читањево кај мене.Да не се лажеме секој средношколец колку и да учи има време за читање книга.Барем по најмалку 5-6 страни на ден.Е сега проблемот е што после школо ако седнеш да читаш, ке заспиеш(читај:заспивам) а повеќето радо би седнале на компјутер отколку пред книгата или би излегле по кафиња мафиња или било каде на скитање.
    Лично јас овој период не се вртам многу дома или кога сум дома пак спијам,јадам,решавам задачки или играм гитар хиро. Ако седнам да читам книга,гледам филм или не-дај-боже да учам инстантно заспивам. А особено овој период имам премногу обврски со школото како матури,проекти бла бла срања. Плус за да седнам да читам добра книга ми треба концентрација не само да ја разберам туку и за да оформам некое мислење за истата. И така читањето книги го оставам за летниот распуст.

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by UrizenIX on Вто 02 Фед 2010, 21:56

    Премногу сме оптоварени со свашта... секакви цели и секакви задачки имаме по животот... додади тука и чудната преголема потреба да се скита, да се тркала човек по светот, демек се дружи....
    Понекогаш е оправдано немањето време за читање(работа, испити, спремање за влезни испити на факултети, писмени)... А и пауза од читање е добра работа...
    Исто така премногу денес луѓето се научени да дознаат нешто на брзина, пласирано од некој друг по нетот, наместо да исчитаат 5, 20 книги за некоја тема и да пресудат што како кој ... Ок е тоа, да се пребарува по нет, но само ако тоа те натера да најдеш поеќе книги за читање на таа тема што те интересира... Наместо тоа, денеска се оди на нет, се пребарува, се споредуваат 5 или поеќе најдени извори и се гради став... Се научивме на лесно достапни информации( кои не значат ништо и според мене не се валидни...) само за да не мислиме и да не сработиме со сопствен труд, со кој би требало да изградиме сопствени ставови за некоја тема на база на исчитани книги (романи, филозофии ... какви и да се) ...
    Парите за книги не се проблем... книга и се позајмува и се копира и се чита на компјутер... секако бива...
    Сеа секоја книга не се позајмува...

    Јас последно време не читам ама баш ич бидејќи имам премногу заостанато за сработување (кое се надевам ќе се исплати)
    avatar
    Shadow
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ
    мици ᵀᴴᴱ ᴼᴿᴵᴳᴵᴻᴬᴸ

    Female Мислења : 1198
    Местолокација : Underworld
    Зачленет на : 2008-09-22

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Shadow on Вто 02 Фед 2010, 23:25

    да и ја стварно не сфаќам зашо па у последно време све помалку луѓето читаат и не покажуваат никаква желба за тоа. ако речеш читав, те глеаат ко да си паднат од марс и ко да не е нешо нормално тоа. денес, ако читаш, не си кул. и нормално, сите глеаат да бидат кул него да имаат нешо у глаа.

    ако има некои одбивни лектири не значи дека сите книги се такви, всушност ништо не може да замени една добра книга.

    сакам да читам, највеќе го праам тоа за распусти пошо иам повеќе слободно време, а вака школото ми го зема паметот и... јбг.

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Рокси on Сре 03 Фед 2010, 08:56

    Или јас имам одвратен вкус за книги, или со луѓево нешто не е во ред. Повеќето лектири кои сум ги прочитала ми биле интересни, вклучувајќи ги и широко-омразените „Шагринска кожа“, „Сонот на летната ноќ“, „Пеколот“ итн итн... за овие лектири имам слушано/читано најодбивни коментари, во стилот „Абе глупи се“, „Врска немат писателот шо имат пишано“ и слично.
    Иначе, читам ко ќе ми се читат. Не се форсирам никогаш. Е сега, нормално, школото си одземат време (6 саати сум на училиште, 1-2 се одмарам и уште 3-4 саати [најчесто] учам... нормално, после то сакам малце да се одморам и да се релаксирам). За викенди имам повеќе време и најчесто тогаш читам, ама нормално, се случува често да немам желба да не правам ништо освен да шетам. Многу читам за време на распусти пошо тогаш имам многу слободно време, исто така, често читам неколку книги паралелно, имам некоја чудна потреба постојано да менувам работи.
    За купување книги - не дека не се скапи, скапи се, ама кога имам пари - купувам. Кога немам пари, не купувам... често позајмувам од библиотека, некогаш од другари/ки, некогаш читам на компјутер. Зависит :)
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Batty on Саб 06 Фед 2010, 19:48

    Премногу работи што можат да ме оправдаат.

    Phoenix рече дека не е оправдано во врска со финансиите. Како тоа?

    Книгата за Beatles што сакам да ја купам е 1600 денари, а за Џони Ротен троа повеќе. Такви книги на полица кај комшијата што можам да ги позајмам - НЕМА! Сите на полица имаат книги од 150 денари што ги пазариле. Таквите не мора да ги позајмиш, ќе ги купиш.
    Па и тоа е тешко. Порано бев (повеќе од сега) рок енд рол манјак. Со 15о денари сигурно ќе купев или албум од Led Zeppelin или Eagles, или пак ќе купев празни цедеа неколку за да снимам кај Баракуда албуми. Исто е. Ни на крај памет не ми идеше да купам книга.

    Друго ...

    Според мојот вкус, ретко има книги. Ако има - тие се по четири цифри пари. Значи, сакал, нејќел - нема да читаш.

    напоменувам дека ова не значи дека не сум читал и слично, само сакам да кажам кои се стварните пречки еден човек да земе книга и да ја прочита. Јас читав најразлична литература ... што ќе се најди!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Bright on Нед 07 Фед 2010, 16:05

    И јас исто така забележав застој во читањево. За време на зимскиот распуст прочитав две слободни, имав добра навика пред спиење да се расчитам 3 часа. А сега тоа не бива. Пред мене стојат Расказите на Чехов и Демијан на Хесе. Никако, ама баш никако не можам да седнам и ги читам.

    Да се надоврзам со Шедоу, навистина и јас го забележав истиот проблем. Имав навика да отидам во паркот, да седнам на клупа и да читам. Само да ги видевте реакциите по неколку дена на едни пријатели. Ме направија лудача. Зошто книга, а не филм? Во тој правец некако замина „читањето“.

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by UrizenIX on Сре 10 Фед 2010, 08:08

    Приест имаш пријатели до толку сите по 200 ден и ете ти ја книгата.. дури и вино убаво уз пат за роденден... :) Само да им текне...
    Единствен проблем за да не се чита книга е самиот човек...

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Morholt on Чет 11 Фед 2010, 21:15

    Рокси напиша:Или јас имам одвратен вкус за книги, или со луѓево нешто не е во ред. Повеќето лектири кои сум ги прочитала ми биле интересни, вклучувајќи ги и широко-омразените „Шагринска кожа“, „Сонот на летната ноќ“, „Пеколот“ итн итн... за овие лектири имам слушано/читано најодбивни коментари, во стилот „Абе глупи се“, „Врска немат писателот шо имат пишано“ и слично.
    Иначе, читам ко ќе ми се читат. Не се форсирам никогаш. Е сега, нормално, школото си одземат време (6 саати сум на училиште, 1-2 се одмарам и уште 3-4 саати [најчесто] учам... нормално, после то сакам малце да се одморам и да се релаксирам). За викенди имам повеќе време и најчесто тогаш читам, ама нормално, се случува често да немам желба да не правам ништо освен да шетам. Многу читам за време на распусти пошо тогаш имам многу слободно време, исто така, често читам неколку книги паралелно, имам некоја чудна потреба постојано да менувам работи.
    За купување книги - не дека не се скапи, скапи се, ама кога имам пари - купувам. Кога немам пари, не купувам... често позајмувам од библиотека, некогаш од другари/ки, некогаш читам на компјутер. Зависит :)
    Шагринска кожа не е за прва или за втора година книгата, неможит баш секој да ја разберит а да се читат по два пати само затоа што е задолжителна за на школа е тешка глупост, ако е во трета или во четврта година средно, секој би ја прочитал без проблем. Другите се интересни книги.

    Е сега на тематиката...
    Зошто некои книги се многу скапи и неможам да си ги дозволам. Романи ретко ми привлекувале внимание, ама има и такви во слободно време што сум читал. Друга работа обврските со факултетот ми се еден од проблемите и многу мразам да мешам литература пример некое романче со стручна литература. А и стручната литература (дел од неа, онаа која ја читам без притисок) ја читам до задоволство
    avatar
    Nikol

    Female Мислења : 5
    Зачленет на : 2010-03-01

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Nikol on Пон 01 Мар 2010, 21:00

    Sekoj moze da najde vreme za citanje ako navistina go saka toa. Koga ima pasija za citanje ima i vreme
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Phoenix on Пон 01 Мар 2010, 21:02

    се сложувам со тебе..ако има желба може да се направи се..

    Добредојде на форумов . и една молба до тебе..да ни пишуваш на кирилица ..
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by balAlajkA on Вто 23 Мар 2010, 11:17

    Има една добра изрека, вели „по некое време или го имаш тоа што го сакаш, или изговори зошто не“. Нешто слично е со читањево, или подобро кажано, навиката за читање. Ако седнеш да си најдеш квалитетен изговор, ќе најдеш (значи најдам) и по некое време прекинав да се правдам ЗОШТО НЕ ЧИТАМ.
    Под читање не подразбирам рандом читкање на некое белетристичко романче или една книга да ја листам со месеци. Изговори има на секоја возраст и со сите обврски. Кога веќе почнав со изреки и клишеа, „ако се сака се можи“. Не се правдам со изговорот нема време, пари и материјали, туку некако вака стојат нештата:
    Кога бев помала растев со книги, сакав да читам и читав скоро се. Моите го забележале тоа кај мене и за книга никогаш не било проблем дали и како ќе ја добијам. Ама имаше мала разлика во тоа време: ништо немав прочитано и скоро се брзо читав и го примав како сунѓер, без разлика дали беше белетристика, училишни лектири или стручна книга од некоја специфична област. Како што старееш стануваш попребирлив, градиш вкус и стануваш претерано критичен. Нормално, до тој степен си стигнал од читање се и сешто. До крајот на средно го исчитав накај 80 отсто од фондот на книги во мојов живот.
    Читав независно дали бев зафатена или не, дали имав за учење или било што, ако земев да читам се внесував со саати и се исклучував од се.
    На факултет ми се случи најстрашното-прекинав да читам. Читав само дела од факултет, кои рака на срце не беа малку, ама и почнав да читам скоро се во оригинал (што се можеше).
    И тука се јави црвот во јаболкото. Станав екстремно критична кон преводите. Кога ќе речат ignorance is bliss, верувајте така било. Почна да ми смета се, да се загледувам во сите лексички, граматички и какви не грешки во преведените книги, без разлика од кој јазик се. Можи да се речи дека со свој камен по глава се мавнав. Реално, квалитетот на новите изданија е катастрофа. Се преведува светски бестселер за 2-3 месеци, поминува на „лектура“ и се издава за месец дена?! Ужас. Ама да не забегувам.
    Книгите не се абат, и да не се преведуваат и пишуваат нови дела, има доволно материјал, на времето преведен и напишан, што имаме за читање уште Х години. Арно ама, добро е што барем за себе зборувам, сме изградиле критериуми и сме одлучиле што би зеле да читаме, а што не.

    Имам забележано дека белетристика се помалку ме привлекува и за измислените ликови и приказни барам замена во филмот. А уште со ќеф читам книги од историја, тука вклучувајќи биографии, мемоари, записи, легенди и нормално, стручна литература, значи граматики, историја на граматика, лексикологии, рецензии, критики и извештаи. Само на тоа можам сега да му се посветам и да читам без да ми летне умот и да сфатам дека сум излистала 3 страници а не знам што сум прочитала. Мислам дека не познавам чоек кој со поголемо задоволство листа речник. И си зборува сам со себе притоа.

    ете ги моите (из)(од)говори на прашањата дали читаш и зошто не?


    Последната промена е направена од balAlajkA на Вто 23 Мар 2010, 15:01. Мислењето е променето 1 пати

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Рокси on Вто 23 Мар 2010, 12:15

    balAlajkA напиша:Мислам дека не познавам чоек кој со поголемо задоволство листа речник. И си зборува сам со себе притоа.

    Оу јес ју ду!
    Сега не толку многу, ама крајот на осмо по неколку саати во денот си листав миљон граматики на англискиот јазик
    avatar
    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења : 5910
    Местолокација : Прилеп ебаго
    Зачленет на : 2008-10-13

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Meri on Пон 16 Aвг 2010, 13:36

    еве конкретно денеска не читам, затоа што е толку жешко што дури и очите ми се потат, не можам да се сконцентрирам и под притисок сум.
    Би ги читала истиве работи со задоволство да не ми беа за испит, ама вака читам и професорката ја гледам на секоја страна... ме мава на психата.
    avatar
    Sunshine
    Brutal but effective
    Brutal but effective

    Female Мислења : 3502
    Местолокација : Skopje
    Зачленет на : 2009-08-03

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Sunshine on Пон 16 Aвг 2010, 15:51

    Читам не дека не читам..и тоа поготово во последно време.
    Но,книгите што ми се допаѓаат се над 600,700 денари.Мислам дека е тоа малце прескапо.На пример,шетав сеа у скоро време во чаршија и најдов една книга за почетоците на надреализмот,значајни имиња во уметноста итн итн...на кратко моето омилено нешто.Книгава беше 700 денари.Ми помина и желба за читање и се.
    Исто важи и за стрипови кои што ми се допаѓаат а цените се до 1200 денари.Еден дел.
    Ако не се снајдам да ја најдам книгата од некој да ја прочитам нема шанси да ја купам,се разбира ако имам толку многу пари па да можам да си дозволам,а книгите што ми фаќаат око не можам да ги најдам од некој близок.
    Не се задоволувам да читам некои книгичиња колку да се рече дека читам нешто..
    avatar
    Тротоарска Мома
    Уметник
    Уметник

    Female Мислења : 1562
    Местолокација : Тротоар
    Зачленет на : 2010-03-16

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Тротоарска Мома on Пон 16 Aвг 2010, 22:15

    Sunshine напиша:Читам не дека не читам..и тоа поготово во последно време.
    Но,книгите што ми се допаѓаат се над 600,700 денари.Мислам дека е тоа малце прескапо.На пример,шетав сеа у скоро време во чаршија и најдов една книга за почетоците на надреализмот,значајни имиња во уметноста итн итн...на кратко моето омилено нешто.Книгава беше 700 денари.Ми помина и желба за читање и се.
    Исто важи и за стрипови кои што ми се допаѓаат а цените се до 1200 денари.Еден дел.
    Ако не се снајдам да ја најдам книгата од некој да ја прочитам нема шанси да ја купам,се разбира ако имам толку многу пари па да можам да си дозволам,а книгите што ми фаќаат око не можам да ги најдам од некој близок.
    Не се задоволувам да читам некои книгичиња колку да се рече дека читам нешто..


    Во библиотека ги нема?

    Ја читам али во последно време слабо некако незнам зошто ... ме мрзи ... не ме привлекла некоја книга ...
    avatar
    Sunshine
    Brutal but effective
    Brutal but effective

    Female Мислења : 3502
    Местолокација : Skopje
    Зачленет на : 2009-08-03

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Sunshine on Пон 16 Aвг 2010, 23:23

    Па стриповите неможеш да ги најдеш во библиотека..поготово не The Preacher..
    А книга,ко книга што ми фатила око нема да ме задоволи со самтото тоа да ја најдам и да ја прочитам..сакам да ми седи на полица,дома,и да ми биде на дофат кога ќе ми затреба.Ако е за тоа,можам и на нет да најдам нешто..
    avatar
    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења : 5910
    Местолокација : Прилеп ебаго
    Зачленет на : 2008-10-13

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Meri on Вто 17 Aвг 2010, 11:08

    Тротоарска Мома напиша:
    Во библиотека ги нема?

    библиотека nervozen
    слабо се снабдени.
    Сега читам антички драми... со овие дела го почнуваме образованието во средно,а во градска библиотека `Брака Миладиновци` во Скопје повекето ги имаат само на српски. Дури и преводите, т.е. препевите на македонски се тешки за читање, не па на српски.Барав што било да ми дадат од Есхил на македонски и немаа...
    И како да читаме?
    Значи ги немаат основните школски дела и лектири, а за литература настрана од тоа да не правиме муабет.

    Sponsored content

    Re: Зошто не читате?

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:13