Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Марихуаната и општеството

    Share

    Poll

    Дали треба да се легализира марихуаната во Македонија?

    Општо гласови: x
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Марихуаната и општеството

    Пишување by prozaque on Пет 16 Jул 2010, 02:23

    Тема шо му е на јазик на секој трет човек.Дали марихуната е штетна како што естаблишментот ја прикажува или нејзиното дејство е позитивно во секој смисол како што ја доживува редовниот консумент?Дали постои некоја сива вистина од сето ова?Дали таа вистина ја оправдува легализацијата на марихуаната?Или не?

    Колку луѓе пушат редовно марихуана?
    Колку од нив барем еднаш пробале?
    Кои категории на луѓе се?Зошто го прават тоа?
    Какви ефекти има марихуаната во општеството?Кои се ја одгледува марихуаната?
    Дали некои од легализираните дроги во општеството како алкохолот и никотинот се подобри од марихуаната или се полоши?Дали со легализацијата ќе се направи еден декадентен или прогресивен чекор?

    Прашања еден тон...а уште толку многу одговори..повелете..



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Kelso on Пет 16 Jул 2010, 20:25

    Мислам дека треба да се легализира.Секој пробал или ќе проба.Тоа не те прави нешто полошо од другите.Не значи дека ќе станеш зависник.Се зависи кој како го сфаќа ова и од секоја индивидуа лично како го прима.Секој си ги знае границите и е одговорен сам за себе..Исто како со цигари и алкохол.Има доста зависници од цигари и сите прават реклами колку се штетни.Зашто тогаш се легални ако се тврди дека можеш да добиеш рак де од ова де од она.Исто и алкохолот?Демек секој има добро пијанство.Има и лоши пијанства како и лоши и добри трипови.Што ги прави подобро и легално од марихуаната?


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Сатан Панонски on Пет 16 Jул 2010, 21:51

    Кај нас тешко да се легализира марихуаната.а би сакал ако во продавниците се продава квалитет.Да можеш на мира на улица да си запалиш џоинт. . Е сега вака ако ја легализираат марихуаната,тешко ние децата како мене да дојдат до неа,ке треба да праќаш поголеми да ти зимаат.е.од една страна е подобро затоа што ке биде поевтино,а од друга страна незнаеш каков квалитет е,исто така и за дилери нема да биде добро ова.Од марихуана неможеш да станеш зависник.како од никотин.60 % од мојата генерација се пробале,други чекат уште 1-2 години ке пробаат.некои пробат еднаш.некои еднаш во месецот,други секоја недела,а пак други секој ден.Секој си има свое оформено мислење за марихуаната некој негативно некој позитивно..мислам дека добро е да се пуши во мали количини да не се претера,1-2 пати во месецот тоа е мое мислење.Смоук сам факин доуп меен!
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Batty on Пет 16 Jул 2010, 23:59

    Енвер Оџа не ги пуштал Албанците од Албанија надвор до 1990 година, оти знаел какво племе се. Ако ми го сфаќате муабетов, не читајте понатаму, исто е.

    Марихуаната, чиста, има повеќе позитивно дејство одколку негативно. Ако се зема кога треба, добра е. нели, така викаат луѓе многу поголеми и попаметни од мене, па јас им верувам.
    кај анс, велат, ретко има чиста трева. прскана, шибана, ваква онаква ...
    да би се леглизирало, можеби ќе го снема тоа. ќе има чиста.
    Ама ... злоупотребатаsto

    Бидејќи има луѓе кои мислат дека животот е шега, тие ќе го злоупотребат тоа, па тоа би им било единствена занимација. И штетното дејство е неизбежно ... нели?

    Сепак, сум ЗА. И онака е како да е легална, барем ќе биде поасално сето тоа!



    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Lost on Саб 17 Jул 2010, 07:54

    Можам после тоа да замислам,ти приоѓа тип и ти подава визитка на која пишува Овластен дилер и одгледувач на марихуана...
    Шалата настрана...
    Еве во Холандија е легализирана и си се продава по продавници и тоа со бандероли...Само да не испадне како кај нас што е и со тутунот...Го продаваме најквалитетниот и после од истите го откупуваме ѓубрето што ќе им остане за далеку поевтина цена и имаме суперевтини цигари...Да не биде така и со марихуаната...
    avatar
    RebeL

    Female Мислења : 212
    Местолокација : Раштански гробишта.
    Зачленет на : 2009-07-28

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by RebeL on Саб 17 Jул 2010, 12:07

    Какво легализирање бре. И да се легализира пак ќе биде “Забранета продажба на марихуана за лица помлади од 18 год. “
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Batty on Саб 17 Jул 2010, 12:11

    RebeL напиша:Какво легализирање бре. И да се легализира пак ќе биде “Забранета продажба на марихуана за лица помлади од 18 год. “

    Па? Возењето кола и гласањето е легално, па не е за лица помлади од 18 години.

    И бидејќи марихуаната не е а секого и за сешто, така и нека биде. Додека не се легализира, секој има пристап до неа без никаква контрола.

    И ко шо праша прозак, мислам дека нема да го воведе нашето општество во декаденција. Полошо од престижот и глупоста не може да биде на нашата (о)младина.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Sunshine
    Brutal but effective
    Brutal but effective

    Female Мислења : 3502
    Местолокација : Skopje
    Зачленет на : 2009-08-03

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Sunshine on Нед 18 Jул 2010, 23:28

    Нема некоја голема разлика во тоа дали ќе ја легализираат или не.Тој што пуши марихуана ќе пуши и ќе се снајде без разлика дали е легализирана или не.Ма да нема да го јадеш од полицајчињава и нема да има потреба да се стискаш кога ќе купуваш ризли во продавница.Ама се некако си мислам ако ја легализираат ќе испадне нашол па зашол...
    Како и да е,нека се легализира.Шо вика Пејџ,барем поасално,да не речам поубаво ќе изгледа.
    Инаку,марихуаната не е воопшто таква каква што ја прикажаа на бесмисленине филмчиња ..Позитивна е,затоа и ја конзумираат луѓето.(ама кажав божем сите дуваат хаха) Нормално дека ако не е позитивно нема да ја конзумираат.Али факт е дека никотинот и алкохолот се каде каде поштетни а не се ни рачунаат како дроги,барем никој не ги рачуна.Тоа никогаш не ми било јасно.Марихуаната била лесна дрога,тешка дрога..никако не смее да се конзумира,али пак затоа цигари трујте се додека не ви отпадне плуќата и пијте алкохол додека не ви откаже џигерот.
    Забегав јас малце..како и да е..legalize it.

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Lost on Нед 18 Jул 2010, 23:56

    Немам ништо против легализирањето,арно ама нека има и некој кодекс...Како на пример да биде забрането пушењето на јавни места...Сигурно дека не сака секој да си седи во парк и некој до него да тегли мара и да мора да инхалира и тој...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by prozaque on Пон 19 Jул 2010, 01:15

    Moре, море..сите сме за легализација...Луѓееее...шо кур прајме на форумов..виткајте од шитот и земајте благо...tonight the moon will howl and wolfs will be silent...хахаха..
    Ама пак..има 4 гласа за Not..Освен Rebel која се изјасна, се прашувам кои се останатите конзервативно-фашистички настроени членови..Се шалам :Д..

    Една од работите шо ме поттика да ја отворам темата е тоа што темпераментот и менталитетот на нашиот народ значително се разликува од оној на народите во кои е легализирана марихуната.Холандија, некои држави на Њу Јорк се западно настроени луѓе, го имаат оној ладен менталитет и темперамент и фала богу шо имаат достапна трава иначе и пулс ќе немаа.Во Мексико веќе е традиционална билка така да и не прај некоја факинг разлика.Ама кај нас..со нашиот специфичен топол темперамент марихуаната би требало да изврши некаква револуција.Менталитето језда ни е заостанат и ќе има реакции, ама тоа ќе оди во прилог на ексклузиветот.Тоа и плус шо се одгледува од Битолско Поле до некоја шума во Крива Паланка т.е достапна е секаде.

    Значи се легализира и шо?.Освен тоа што фаст-фудојте ќе работат повеќе и ќе се стимулира макро-економијата, на кои други полиња би тргнала државава нагоре..или надолу.Дали ќе се збогатиме со дела од областа на музиката, литературата, философијата, сликарството..креативноста воопшто?Дали ќе се подобри и здравството?Место луѓето да се клукаат со синтетички срања од фармацевските индустрии кои ги плаќаат дебело ( а не вредат за парите), со марихуаната ќе збогати традиционалниот, натуралистички начин на лекување.Марихуната лекува од кожни до срцеви и нервни заболувања.Нешто како универзален лек е ако се зема во пропишана доза.Плус луѓето повеќе ќе се смеат.Или ќе стонираат..зависи од нив.Патем и фабрики за коноп можи да отвориме.Текстилната индустрија ќе се зајакни.
    Ќе се намали бројот на алхоличари.Оти травата е подобра од алкохолт и дефинитивно не се меша со него.Ни под разно.

    Од друга страна можиме да добиме уште по демемотивирана нација, зголемен број на наркомани(оти травата нема да им биди доста)...се на се нерационална употреба на травата.Ама и тоа би требало да се надмине со одредени законски регулативи.Достапност за лица над 18..21 година.Едукации и поткопување на црквата да не јади бурек оти е ѓаволска тревка и сл.Ју гет мај пикчр..

    Некој друг околу ова? :Д


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Tarana

    Male Мислења : 5821
    Местолокација : Струга
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Tarana on Пон 19 Jул 2010, 01:19

    апел до владата!!!!
    ЛЕГАЛИЗИРАЈТЕ ЈА МАРИХУАНАТА!!!
    avatar
    Sunshine
    Brutal but effective
    Brutal but effective

    Female Мислења : 3502
    Местолокација : Skopje
    Зачленет на : 2009-08-03

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Sunshine on Пон 19 Jул 2010, 22:09

    prozaque напиша:
    Значи се легализира и шо?.Освен тоа што фаст-фудојте ќе работат повеќе и ќе се стимулира макро-економијата, на кои други полиња би тргнала државава нагоре..или надолу.Дали ќе се збогатиме со дела од областа на музиката, литературата, философијата, сликарството..креативноста воопшто?Дали ќе се подобри и здравството?Место луѓето да се клукаат со синтетички срања од фармацевските индустрии кои ги плаќаат дебело ( а не вредат за парите), со марихуаната ќе збогати традиционалниот, натуралистички начин на лекување.Марихуната лекува од кожни до срцеви и нервни заболувања.Нешто како универзален лек е ако се зема во пропишана доза.Плус луѓето повеќе ќе се смеат.Или ќе стонираат..зависи од нив.Патем и фабрики за коноп можи да отвориме.Текстилната индустрија ќе се зајакни.
    Ќе се намали бројот на алхоличари.Оти травата е подобра од алкохолт и дефинитивно не се меша со него.Ни под разно.

    Од друга страна можиме да добиме уште по демемотивирана нација, зголемен број на наркомани(оти травата нема да им биди доста)...се на се нерационална употреба на травата.Ама и тоа би требало да се надмине со одредени законски регулативи.Достапност за лица над 18..21 година.Едукации и поткопување на црквата да не јади бурек оти е ѓаволска тревка и сл.Ју гет мај пикчр..

    Некој друг околу ова? :Д
    Мислам дека доста работи ќе се сменат на позитивно него на негативно.Да, ќе има реакции,ќе јадат луѓево трици на Црн и Бел бумбар кај Тања...на Сител..баш денеска гледав ( не по моја желба,не дека го глеам баш често.. хаха) имаше нешо за човеков што го набедија,ваљда дека раснел марихуана Илеиевски така нешо..демек себранеле наркоманите..да сите изгласаа негативно заради тоа што марихуаната е дрога.Тешка.Али нема врска..
    Муабетот ми беше дека тоа би било огромен чекор и дека некој ќе се израдува некој строго ќе ги осудува луѓето што конзумираат марихуана.Таков е темпераментот и менталитетот на народот ко шо кажа Прозак.Позитивно ќе биде ко шо наброја Прозак да не пишувам и копирам ист муабет 100 пати..Креативност до немај каде тоа сигурно.И за здравство и за алкохоличарите итн итн..све ќе биде насмеано и опуштено..а такви луѓе наоколу не би ми сметале.А за зголемен број на наркомани,не ми се верува.Пак ќе кажам,разликата ако се легализира ќе биде само тоа што ете ќе биде легално.Тие шо пушат ко стоки секој ден по 10 џоинта пак ќе ги пушат и нема мува да ги лазе.Тие што пушат еднаш месечно пак ќе продужат со традицијата...Во Амстердам е легализирано којзнае колку време па не е пораснат борјот на конзумирачи..да не ги нарекувам наркомани,пошо за наркомани сматрам луѓе што се бодат и шибаат со игли..хорс-морс и даље...Ма да до негде има луѓе шо не пробале и шо ете може да се залетаат ко слеп за стап.Али тоа е нешто што е неизбежно мислам.Бидејќи тие што конзумираат долг период или краток нема врска, знаат за доста.
    Кога веќе би се легализирало би имало нели возрасна граница и тако даље..Само нека ја легализираат па ќе видиме хаха..
    avatar
    Ивањушка
    passive aggressive bullshit
    passive aggressive bullshit

    Female Мислења : 7666
    Местолокација : ниви со младо кромидче
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Ивањушка on Вто 20 Jул 2010, 01:25

    јас сум против легализирање на махихуаната кај нас.....
    незнам кој како гледа на сето тоа, ама од моја перспектива тоа би изменило се, што значи ако би се легализирала ќе се отворат еве неколку кофи шопови низ градов и мене или кој било да влезе ќе не покажуваат цел живот со прст како наркомани( не дека сега е поарно), стариве ќе се мрдинаат убедени дека тоа е тешка и опасна дрога, младиве ќе се стрват мислејќи дека има квалитетна и добра марихуана, напротив, на улица се наоѓа подобра, и некој плус за нашава држава од сето тоа нема.
    ....ако некој сака да искуси како е да седнеш на улица да си запалиш џоинт, или да си лапне печурчиња и слични работи може слободно да си оди во Холандија..... колку само да ја осети слободата и некои други дроги..... уз пат.
    Сето тоа е до народов во нашава мила држава.... еве го примерот со битолчаниве... колку галама се дигна околу тоа, им нашле на луѓето стебла марихуана, и тоа машки стебла, хемп, кои се користат и се користеле низ историјата како коноп, за хартија, за фабрички материјали итн, итн.. за разлика од женските стебла во кои се наоѓа медот ..нали...
    .... и сега само замислете да се тоа легализира кај нас... што ќе биде.

    ...ние ќе имаме проблеми со дрога и кујзнае какви работи ќе се прават под дејство на истата, а за неколку случаи на убиства изминативе месеци па и пред... од кои повеќето се извшени под дејство на алкохол, на никој не му текнува дека во државава има проблеми со алкохолизмот, и тоа сериозни и како е алкохолизмот во пораст.
    ... и така за нашшите македончиња марихуаната е многу поопасна од алкохолот.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by prozaque on Вто 20 Jул 2010, 02:16

    Добра поента.Реална.

    Ама пак од друга страна фанатичниот конзерватизам постоел и кога се измислила струјата и секако ќе го има ако се легализира марихуаната.Секогаш ќе има некоја фригидна госпоѓа или некој стар ропак шо ќе мрчи оти тоа им го исполнува животот.Сите набројани ефекти ќе се случат најверојатно, ама мислам дека тоа ќе трае се додека луѓето не се навикнат и дур не помини хајде-да-се-дрогирамо еуфоријата.После кога ќе се наметни, тогаш би требало да дојде во полн ефект дејството на легализацијата.Иначе на улица можеби се наоѓа подобра трава од онаа легализираната.Ама на улица се дилаат туфки со куп семки(неупотребливи најчесто), се дилаат листови наместо цветови и се наоѓа прсканица со хорс.Кога ќе видиш попрво би те заебале отколу да начекаш добра трава.Напоредно дур го пишувам коментарот добив информација дека според некоја си веб страна во Македонија се дила една од најлошите трави.

    А за Битола..само се крева некоја вештачка фама.На Индустриски Пат и Битолско поле одамна растела марихуната.Така барем стариот ми спомна..хахахах




    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 21 Jул 2010, 20:50

    Мое мислење е дека тој што почнал да зема Марихуана ги следи стапките до Бутел или до Лескоец.
    Ќе почне прво со трава потоа ќе земе Хашиш, Морфуим, опиум и на крај ќе стаса до Хероин.
    И да остане само на Трава докажано е дека травата предизвикува депресија до тој степен што на крај личноста може да заврши со самоубиство...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by prozaque on Сре 21 Jул 2010, 21:12

    zaptija stojkovski напиша:Мое мислење е дека тој што почнал да зема Марихуана ги следи стапките до Бутел или до Лескоец.
    Ќе почне прво со трава потоа ќе земе Хашиш, Морфуим, опиум и на крај ќе стаса до Хероин.
    И да остане само на Трава докажано е дека травата предизвикува депресија до тој степен што на крај личноста може да заврши со самоубиство...

    Да беше така Баци, досега секој втор чоек во републикава ќе вршеше самоубиство.Трава земаат многу луѓе, многу долго време и многумина од нив се успешни.Ниту ментално хендикепирани ниту физички.Ниту мртви whatsoever.А за останатите аспекти има вистина.Од трава се префрлуваат кон потешко оние кои не се задоволни од неа..од ефектот кој го нуди.Или воопшто не го доживуваат вистинскиот ефект со вистинските луѓе.Всушност најголема вистина е дека постојат алтернативни и помалце хазардни начини на достигнување на работите кои ти ги овозможува травата ама проблемот е што секој неможи да си ги дозволи.Јебеш, не лажеа адидас кога велеа дека impossible is nothing.Напротив..е something.Big something.Е сега ако твоите ментални и интелектуални предиспозиции ти дозволуваат да земаш трава и да доживуваш посаканиот ефект кој немојш да го постигниш со други работи..тогаш зошто да не.Во случај ако го немаш тоа што треба да го има,ш не земај воопшто трава.Или ако веќе земаш престани и префрли се на екстремни спортови.Травата иако нуди безгрижност, среќа и тој IT-eфект шо го трубам сепак си бара одговорност и умереност.Ако ја поштоваш ќе ти го дај то шо ти треба.Ако ја потценуваш ќе наебиш.И насоките кон каде шо можеш да наебиш се бескрајни.

    П.С..Ако имаш потешкотии да ме разбериш шо сакам да ти кажам со постов, повикај некој другар кој имал пушено трава барем 5 пати во животот да ти го протумачи муабетот.Оти вака многу звучи џаначки.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 21 Jул 2010, 21:35

    [quote="prozaque"]
    zaptija stojkovski напиша:П.С..Ако имаш потешкотии да ме разбериш шо сакам да ти кажам со постов, повикај некој другар кој имал пушено трава барем 5 пати во животот да ти го протумачи муабетот.Оти вака многу звучи џаначки.
    Тој што има пушено барем 5 пати трава во животот сигурен сум дека ќе ме убедува за да земам и јас. Ќе ми кажува приказки си прајш филмој, добиваш идеи итн... .Друго што може да биде?
    Немат некој од денешната младина што не пробал неколку пати трава?
    Но тоа не значи дека мене ќе ме убеди за да земам и јасНештото што го прават мнозинство луѓе тоа не значи дека е убаво.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by prozaque on Пет 23 Jул 2010, 16:05



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by prozaque on Вто 27 Jул 2010, 16:16



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Mercy Seat
    Body Count
    Body Count

    Male Мислења : 2449
    Зачленет на : 2010-02-13

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Mercy Seat on Вто 27 Jул 2010, 16:22

    Едноставно сум против легализација .... конзумирање нема шанси .... не дека немам пушено ама сите тие безвезни муабети кикотења и тресење глупости не се за мене. Имам седено меѓу 10 души сите квалитетно напушени само јас при здрав разум. Толку идиотски ми делуваја и толку патетика на едно место немам видено никогаш. Сепак не судам кој сака нека се дрогира негово право.
    avatar
    Mercy Seat
    Body Count
    Body Count

    Male Мислења : 2449
    Зачленет на : 2010-02-13

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Mercy Seat on Вто 27 Jул 2010, 16:24

    .... имам читано дека во Холандија после легализацијата на лесни дроги во голем процент се намалиле тешките дроги. Може и да е вистина.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by prozaque on Вто 27 Jул 2010, 16:29

    Нормално..кога за дејствата на марихуаната се дискутира отворено и без стереотипи, и кога марихуната се одгледува квалитетно, нормално е дека интересот за тешки дроги ќе се намали.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења : 5910
    Местолокација : Прилеп ебаго
    Зачленет на : 2008-10-13

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Meri on Вто 27 Jул 2010, 19:49

    велат забранетото овошје било послатко...
    гласав за легализирање
    Денес во Македонија можеш да најдеш што сакаш, колку сакаш и каде сакаш. Конкретно темата е за марихуаната, па ако некој сака да си пуши марихуана ке си пуши и вака и така. А ако некој се презаситил од марихуаната и сака нешто повеке ке си проба без разлика дали марихуаната е легална или не.
    Со легализирање не се пренесува порака : народе дрогирај се!
    Туку пораката е: дрогирај се и плати си данок кон државата
    Со тоа ке се развие уште една гранка во земјоделието, ке треба да се отворат нови фабрики и нови работни места....
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by prozaque on Вто 27 Jул 2010, 20:34

    Цела индустрија се отвора ако се легализира канабисот.Текстилна индустрија, од канабис можи да се прави хартија, козметички препарати, масло па дури и градежни материјали.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Mercy Seat
    Body Count
    Body Count

    Male Мислења : 2449
    Зачленет на : 2010-02-13

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Mercy Seat on Вто 27 Jул 2010, 22:08

    Meri напиша:велат забранетото овошје било послатко...
    гласав за легализирање
    Денес во Македонија можеш да најдеш што сакаш, колку сакаш и каде сакаш. Конкретно темата е за марихуаната, па ако некој сака да си пуши марихуана ке си пуши и вака и така. А ако некој се презаситил од марихуаната и сака нешто повеке ке си проба без разлика дали марихуаната е легална или не.
    Со легализирање не се пренесува порака : народе дрогирај се!
    Туку пораката е: дрогирај се и плати си данок кон државата
    Со тоа ке се развие уште една гранка во земјоделието, ке треба да се отворат нови фабрики и нови работни места....

    Тука си во право Мери ....не се пренесува таква порака луѓето вака или така ќе се дрогираат. со легализација државата ќе има целосна контрола над произвотството на лесни дроги а тоа значи полн буџет.
    Законот во Холандија вика: Конзумирање на лесни дроги во места кои имаат дозвола за продажба на лесни дроги законот не ти може ништо, но за произвотство на лесни дроги се добива доживотен затвор. И за конзумирање на лесни дроги надвор од дозволените места следуваат ригорозни казни.
    Легализацијата не значи дека ќе може да се пуши трева кај ќе сакаш. А кај нас угостителите се бунеја за дозволата за продажба на алкохол која требаше да ја платат а мислите дека некој ќе може да плати дозвола за продажба на лесни дроги?

    Sponsored content

    Re: Марихуаната и општеството

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:47