Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Бирократија

    Share
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Бирократија

    Пишување by Batty on Чет 22 Jул 2010, 14:35

    Бирократијата е ... болест на општеството. Синдром што го кочи човекот на секое поле.
    Само ... против неа не се може.

    „Пијам кафе денес по 20 пати а ефективно време не ми е ни пет минути“.
    Бирократијата е присутна во администрацијата. Болници, судови, училишта, катастари, .... слаткарници, питачи. Посебно во Република Балканска - Македонија е врло застапен синдромот.

    дали е пост цосијалистички? Дали е пре-капиталистички? Дали е заради двете?

    Што против него? Како против бирократијата? Може да ја реши некој?
    Може да нема еднопартиски шалтери?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Бирократија

    Пишување by Robby on Пет 23 Jул 2010, 09:03

    Сериозен проблем во поглед на структурата на денешното, модерно (демократско) општество.
    Тоа што од ден на ден се повеќе бирократијата проникнува во нашите административни канцеларии може да биде последница на неефективно работење или пак лош систем. Ама кога во Мкд. системот бил добар?
    И некој ќе каже:
    - Социјализмот му е мајката.
    Било, луѓето виделе аир, некои зијан и ова ќе излезе дека ниту умира, ниту станува ниту на бога душа дава.
    Бирократијата ја имало одсекогаш. Но како што одат работите пост социјализмот задава тежок удар врз администрацијата.
    Можда слаба контрола на работата, непрофесионален кадар, да не речам полуписмени ги примат на работа само заради семејни, пријателски и нз какви односи.

    Што против бирократијата и како да се реши?

    Никој неможе да ја искорени. Се ублажува со еден систем, доаѓа друг велејќи дека ќе оди на поарно а уште полошо станува. Незнам, можеби е потребен некој нов поредок, контрола, притисок и надлежност да се дојде до некоја позитивна стабилност.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Бирократија

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пет 23 Jул 2010, 21:47

    Бирократите се тие којшто најповеќе ја празнат касата од државниот буџет.

    Еве како за пример ќе ги земеме пратениците којшто имаат 100.000 евра годишна плата сосе хранарина и патни трошоци.

    Главниот проблем со Македонија е што сите сакаат да бидат пратеници во собрание. Всушност, тоа не е суштината на проблемот, суштината на проблемот е што со вакви квази пратеници како репер, се чини дека сите луѓе во земјава се квалификувани да бидат пратеници. Проблемот со демократијата е што во неа секој будала може да дојде на власт. Но,тоа не е проблемот, проблемот е што во демократијата многу често будалите доаѓаат навистина на власт.

    Нека земаат тие и милион евра па нагоре, ама прашањето е што некој мора да им ги даде од свој џеб. Веројатно тој некој, е оној кој гласал за нив, ама за жал, ќе плаќаат и оние кои не гласале за никого.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Бирократија

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пет 12 Aвг 2011, 19:50

    Стотици милиони евра годишно се трошат на флегматична администрација на којашто работното време им е од кои 08.30 до 16.30, ама пред 15.00 часот се сите разотидени. Од четворица што се во една канцеларија само еден работи. А тој еден што работи е само вентилаторот...
    Македонија има некаде околу 150.000 државна администрација повеќе дури од времето во СФРЈ...
    Најголем дел од административците се партиски војници, а и независно кој ги пикнал мора да се намалат.
    Тоа ќе е погубен процес за било која влада, но е неопходен.
    Администрацијата треба да се преполови...
    Нема никаква логика толкав товар на толку сиромашна држава да има.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Бирократија

    Пишување by prozaque on Пет 12 Aвг 2011, 20:48

    Има секаква логика кога главното гласачко тело се админите и кога ти како граѓанин на републиката исто така зависиш од него т.е те повлекуваат индиректно.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Бирократија

    Пишување by Toecutter on Саб 13 Aвг 2011, 16:50





    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Бирократија

    Пишување by prozaque on Нед 23 Окт 2011, 16:36

    Арамија Стојковски напиша: Стотици милиони евра годишно се трошат на флегматична администрација на којашто работното време им е од кои 08.30 до 16.30, ама пред 15.00 часот се сите разотидени. Од четворица што се во една канцеларија само еден работи. А тој еден што работи е само вентилаторот...
    Македонија има некаде околу 150.000 државна администрација повеќе дури од времето во СФРЈ...
    Најголем дел од административците се партиски војници, а и независно кој ги пикнал мора да се намалат.
    Тоа ќе е погубен процес за било која влада, но е неопходен.
    Администрацијата треба да се преполови...
    Нема никаква логика толкав товар на толку сиромашна држава да има.

    Можеби немало толку админи во Југославија, но затоа ЗИК Пелагонија имал 3000 правници.

    Во модерниот свет, таму над Дунав, фирма која има капицитети како шо имал ЗИК-от и поголеми има правна служба од околу 30 правници, сите специјализирани за одредени правни прашања.

    Млекара Битола во која извесен период работеше стариот мој како технолог имаше уште 50 технолози.Тогаш Млекарата, покрај преработка на млекото имаше погони за производство на сирење, урда и кашкавал.После 91 млекарата го преполови својот број на технолози иако воведе уште производствени погони.Фирмата работеше беспрекорно.

    Мајка ми е административец во АРМ.Претходно беше во бившата ЈНА.Во времето на ЈНА како административец работеше само на набавката на храна за војниците.Денес работи повеќе од 5 работи паралелно.

    Муабетот ми е, дека болеста на бирократијата најмногу се рашири во времето на СФРЈ.Клатај врата земај плата денес е работата од соништата на секој македонец.Во СФРЈ чија економија единствено зависеше од америчките кредити и одредените трговски дилови со СССР, профитабилноста и ефикасноста беа ставени на втор план.Затоа можеа да си дозволат непотребни и недоволно образовани кадри и директорчиња кои најгласно скандираа на состаноците на локалното КПЈ.
    Платата која редовно стигаше на први и релаксираното работно време беа изводливи благодарение на буџетските суфицити на САД кои се полнеа благодарение на даноците на американските граѓани.Со други зборови, американците работеа за нас, за ние да си го прчиме со безплатно здравство и образование, релаксираните нерви од неработењето и одморот од него.Комунизам не се гради со неефикасност.Целосна инволвираност на радничката класа не подразбира инволвираност по секоја цена.Како шо денес по секоја цена се студира на пример.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Бирократија

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 25 Окт 2011, 21:43

    Buzz Killington напиша:Муабетот ми е, дека болеста на бирократијата најмногу се рашири во времето на СФРЈ.Клатај врата земај плата денес е работата од соништата на секој македонец.Во СФРЈ чија економија единствено зависеше од америчките кредити и одредените трговски дилови со СССР, профитабилноста и ефикасноста беа ставени на втор план.Затоа можеа да си дозволат непотребни и недоволно образовани кадри и директорчиња кои најгласно скандираа на состаноците на локалното КПЈ.
    Платата која редовно стигаше на први и релаксираното работно време беа изводливи благодарение на буџетските суфицити на САД кои се полнеа благодарение на даноците на американските граѓани.Со други зборови, американците работеа за нас, за ние да си го прчиме со безплатно здравство и образование, релаксираните нерви од неработењето и одморот од него.Комунизам не се гради со неефикасност.Целосна инволвираност на радничката класа не подразбира инволвираност по секоја цена.Како шо денес по секоја цена се студира на пример.

    Абе и во СФРЈ имало паразити....кои самите си се прогласувале за ударници и експерти а и што се не како впрочем и сите некадарни во оваа влада а и власта во целост со ретки исклучоци кои го потврдуваат правилото...

    А денес Како што одат работиве ќе треба да се преименува државната администрација во ДПМНЕ - ВСКА администрација.

    ДПМНЕ - овскаТА книшка е гарант ЕДИНСТВЕНО за некадарност на кадрите кои се вработуваат ЗА ДА НЕ РАБОТАТ а дел од нив се и новите кодоши Но во име на партијата и за нејзините интереси....Гебелс и Хитлер - мали дечиња за овие сегашниве....а богами и купуваат и најсофистицирана опрема ....за потребите на Големиот Брат и Големото Уво....А впрочем затоа и имаме 4 пати поголема администрација по човек во однос на Германија.

    А Америка и плаќаше на Југославија неповратни кредити за да не влегвит во сојуз сo остатокот од Источниот блок бидејќи Стравуваше Америка од експанзија на Комунизмот и ширењето на Источниот блок.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Бирократија

    Пишување by prozaque on Вто 25 Окт 2011, 23:15

    Се согласувам потполно со поголемиот дел од напишаното.Македонската администрација е најголемиот гласачки адут ВМРО.Еден административец за време на избори мора да гарантира дека ќе го даде неговиот глас плус гласовите на уште неколку гласачи, помалце или повеќе во зависност од неговата позиција.Ако не ќе лета од работа.

    Во Југославија такви подли дилови од админите не се очекуваше оти немаше избори.Меѓутоа кадровската политика во админстрацијата, државните институции, фабриките беше тесно поврзана со роднинските врски со некои големци од КПЈ.Тие големци беа избирани поради роднинските врски со поголеми големци, тие од поголемите и се така се до самиот Тито.Од комунисти имаше по-комунисти.Денес пристрасната кадровска политка сеуште постои, потребите за моќ и власт 20 години редат недоделкан кадар за одржување топлата им фотејљичка.Само терминологијата во однос власт-раја е смената.Неефикасноста е иста.Загубите од таа неефикасност се покриваат со прераспределба на буџетот и кредити од ММФ.Тие 220 милиони евра што се задолжи Македонија пролетва пред изборите не беа СКРАЈА ДА Е за нова болница, училиште, професори од странство итн.

    Куме, па ти си создао монструме, али мораш куме кад-тад подмирити рачуне.Искрено, одвај го чекам тој ден.Кога гомната ќе удрат во вентилаторот и ќе се распрскаат се прашувам како Ацета на плоштад и 150 000 администрација ќе ги врати долговите.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Sponsored content

    Re: Бирократија

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 10:57