Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Груевски тврди : Македонската ТРАНЗИЦИЈА ќе заврши 2030 година

    Share
    avatar
    ateist

    Мислења : 34
    Зачленет на : 2010-06-15

    Груевски тврди : Македонската ТРАНЗИЦИЈА ќе заврши 2030 година

    Пишување by ateist on Саб 04 Сеп 2010, 21:43

    Груевски тврди : Македонската ТРАНЗИЦИЈА ќе заврши 2030 - та година


    Прво за неупатените да објасниме што значи ЗАВРШУВАЊЕ- КРАЈ на
    транзиција на земјите со бившо Социјалиско уредување .

    Значи КРАЈ НА ТРАНЗИЦИЈАТА на некоја земја- држава која порано имала
    Социјалистичко уредување па се трансформирала – транзитирала во
    капиталистичко општествено уредување Е МОМЕНТОТ кога ПОСЛЕ ВРЕМЕНСКИОТ
    ПЕРИОД од “ тапкање во место = возење во лер ” во кој се извршени низа
    на системски промени почнувајќи од промена на сопственичките односи врз
    средствата за производсво - фабриките кој биваат разграбени од поединци ,
    масовни отпуштања од работа , лустрации , носење на нови
    капиталистички закони со кој се форсира новата капиталистичка класа и
    закони усогласени со меѓународното право и европската унија , итн после
    тој ПАД доаѓа до општествен раст со кој се ДОСТИГНУВА животниот
    стандард , куповната – потрошувачка моќ , број на вработени КОЈ БИЛ ИСТ
    КАКО ВО ВРЕМЕТО НА ПРВИОТ МИГ НА ПОЧЕТОКОТ НА ТРАНЗИЦИЈАТА ( состојба од
    самиот крај на Социјализмот ).

    Кратко : Крајот на транзицијата е кога ќе достигне исто ниво на
    општествен развој како што бил во времето на Социјализмот и после тоа
    почнува капиталистички развој како би се докажало дека капиталистичкото
    општество е подобро од Социјалистичкото за луѓето и понатамошниот развој
    ќе може да му се припише само како заслуга на новото капиталистичко
    општествено уредување .

    Речиси сите земји од бившиот Варшавски пакт ја завршија транзицијата
    иако беа во многу полоша состојба од земјите на екс СФРЈ .

    Денес Груевски изјави дека транзицијата во Македонија ќе заврши 2030
    год .

    Дури 2030 година Македонија ќе го достигне нивото на развој кое го имала
    до 1990 година . Дури 2030 Македонија ќе има ист број вработени како
    1990 и ќе може да им обезбеди иста купувна моќ - животен стандард како
    што ја имале 1990 година .

    .
    .
    .
    ЕВЕ :


    сабота, септември 04, 2010 Скопје 20:35


    Вести

    Груевски - Уште 20 години ќе трпиме последици од лошата транзиција

    Премиерот Никола Груевски рече дека деведесетите години се период кога
    беа направени големи штети, и дека шансите што се пропуштени не може да
    се надоместат.
    Грешките беа од стратешки карактер со последици до денес, изјави
    Груевски.
    Тој посочи дека моделот на приватизацијата не може да се поправи,
    обезвреднет е капитал од околу пет милијарди евра, a околу 200 илјади
    луѓе се отпуштени од работа.
    „Пропуштена е можноста за влез на странски инвестиции, а компаниите се
    дадени на локални менаџери блиски до тогашната власт кои не знаеја добро
    да работат. Уште 20 години ќе ги чувствуваме последиците од погрешните
    чекори за време на транзицијата, изјави Груевски.

    http://www.makdenes.org/archive/news/20100904/428/428.html?id=2148324

    .
    .
    .

    ЗНАЧИ :

    Темата нее да се амнестира владеењето на СДСМ ( затоа двапати е казнет
    на избори ) но тука се поставува прашањето колку Груевски си наоѓа алиби
    за сите свој грешки сам себе се амнестира од било каква критика за
    сопственото лошо -катстрофално владеење .

    Ако транзицијата потрае до 2030 год . чисто се сомневам дека ќе остане
    Македонец во Македонија . Со вакви тврдења кој деноноќно се вртат и
    како спотови испаѓа дека следните 20 години ДПМНЕ може комотно да владее
    само со пропагандни спотови со една порака ........” ете за се е крив
    Бранко и СДСМ .”
    Ова испаѓа дека ДПМНЕ ќе владее исклучиво со пропаганда , со спотови
    реклами без притоа да прикаже било какви резултати .


    40 години транзиција најавува Груевски !
    40 години траеше економскиот Самоуправен подем на Југославија ( од 1950
    до 1990 год )
    Па за 40 години што се изгради во Самоуправниот Социјализам овие денес
    неможе да офарбаат .
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Груевски тврди : Македонската ТРАНЗИЦИЈА ќе заврши 2030 година

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 06 Сеп 2010, 16:47

    Демек Грујо најавува дека после 30 години ќе биде подобро за Македонија. Не верувам со оваа ситуација како што е може да биде саде полошо. Може да се каже дека Македонија е една најнедефинирана држава во Европа. Не сме нити Исток, ни Запад, ни север ни југ, туку лебдиме во воздух со сета празнина на еден балон утопија.
    А и за 30 години што ќе ми е да биде подобро кога цел живот државата крвта ми ја цицала.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Груевски тврди : Македонската ТРАНЗИЦИЈА ќе заврши 2030 година

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пет 07 Јун 2013, 19:25

    Транзицијата ќе заврши некаде од прилика 2050 година...

    Во 2050 година претпоставувам дека Македонија доста ќе напредне како на научен, така и на технолошки,инфраструктурен и економски план ............ ќе има асфалтен пат дури до Мариово, сите села ќе имаат струја, вода, канализација, интернет... поголемите села како и секоја населба покрај овие технолошки и инфраструктурни благодети ќе имаат дури и своја амбуланта, градинка, училиште, па дури и аптека...
    Процентот на неписмени граѓани се очекува за 2050 година во МКД да биде помал од 10%, невработеноста конечно ќе падне на само 20% и.т.н.
    Минималната плата ќе биде 10.050 денари.
    А да и просечната плата(реално) до тогаш ќе порасне и ќе стигне дури и до цели 20 000 денари ...
    Но статистичката просечна плата ќе биде 32.000 денари...
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Груевски тврди : Македонската ТРАНЗИЦИЈА ќе заврши 2030 година

    Пишување by Toecutter on Пон 10 Јун 2013, 13:27

    Таман, ако секои десет години губи популација како досега, во 2021 ќе има 1,4 милиони а во 2031 помалку од милион. Од нив пола милион пензионери, четврт милион администрација, четврт милион невработени и реален сектор со 20.000 раја.

    DOKOGA VAKA?

    Sponsored content

    Re: Груевски тврди : Македонската ТРАНЗИЦИЈА ќе заврши 2030 година

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:54