Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Утврдување на минимална плата од 160 евра

    Share
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Утврдување на минимална плата од 160 евра

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пет 20 Мај 2011, 21:35

    Демек тие што земаат мизерна плата не заслужиле поголема нелиsto

    А дали заслужуваат Роднините на Газдата 15000 плата и повеќе којшто работат 4 часа по принцип „Нишај врата земај плата“ и плус имаат основно образование или евентуално три години средноsto
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Утврдување на минимална плата од 160 евра

    Пишување by Batty on Пет 20 Мај 2011, 21:44

    Тоа ти е исто како следниов случај:

    А бездомниците не заслужуваат да имаат куќа и двор и да си кулираат на тераса?
    А дали заслужуваат сите што се деца на родители кои (било како успеале да направат и) имаат куќа, а живеат во неа со самото тоа што се деца на тие родители и не се способни да победат на натпревар за глупи, оти се глупи да бидат први?

    Според тоа, треба да им се одземе покривот над глава на тие луѓе и да им се даде/подели на бездомниците.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Утврдување на минимална плата од 160 евра

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пет 14 Окт 2011, 23:10

    Горка радост за суво парче леб



    Утврдената минимална плата за едни значи дополнително парче леб, за други е навреда бидејќи не ги покрива ни најосновните трошоци за живот. Реакциите меѓу работниците се поделени откако завчера Владата, работодавците и синдикатите се договорија минималната плата во земјава да изнесува 8.050 денари во нето-износ. Бруто-минималецот ќе биде 12.265 денари. Сепак, договорот го поздравуваат и синдикатите и работодавците, за кои минималната плата значи удар врз нелојалната конкуренција.

    Работодавците од следната година ќе мора да го почитуваат утврдениот минималец, за кој наскоро ќе се донесе и посебен закон. Во спротивно, ќе следуваат санкции за нив. Во моментов с` уште е нејасно какви ќе бидат казните за непослушните работодавци, а надлежните објаснуваат дека тоа прашање ќе биде прецизирано во новиот закон. Според најавите, работодавците ќе добијат преоден период од три години за да ги усогласат платите со предложениот минималец.

    Сумата од 8.050 денари е компромисно решение меѓу барањата на синдикатите минималецот да се фиксира на 9.000 денари и категоричноста на работодавците таа да не биде повисока од 6.600 денари. Според првичните реакции, од договорот се задоволни и едните и другите. Синдикалците зашто се изборија за конечно утврдување на минималната плата, а работодавците бидејќи нема да имаат поголеми трошоци од пресметките што ги правеа за првичната сума што ја бараше Синдикатот.

    Исправена неправда или демагогија?

    Некои од работниците се среќни што конечно се реши долгогодишното горливо прашање, но потенцираат дека минималецот треба да биде многу повисок од 8.000 денари, имајќи го предвид честиот пораст на цените на храната, струјата, горивата, режиските трошоци. Повеќето сметаат дека утврдувањето минимална плата треба да повлече зголемување и на повисоките плати. Друг дел, пак, сметаат дека сумата е прениска и навредлива бидејќи со 8.000 денари не може да се преживее.

    Најзадоволни, се чини, се вработените во најмалку платените дејности, како што се текстилната, кожарската и земјоделството, каде што има плати кои се и под 6.000 денари. Статистичките податоци покажуваат дека од 638.000 вработени во државата, 2,3 отсто имаат месечна плата до 3.000 денари, додека 17,8 отсто добиваат плата до 8.000 денари.

    Во Штип и на македонскиот исток, регион во кој доминира текстилната индустрија, позитивно е примена веста дека се утврди минималната плата. Работниците сметаат дека на овој начин ќе се спасат од манипулациите на газдите при плаќањето на придонесите, а и ќе се зголемат платите на тие чии лични доходи се далеку под сегашниот утврден минимум. Задоволни се и повеќето сопственици на претпријатија, кои истакнуваат дека нема да имаат проблеми бидејќи и досега исплатувале повисоки плати. Оптимисти се и синдикалците.

    Вработени во штипските конфекции се задоволни што работата конечно се помести од мртва точка, но велат дека со 8.000 денари тешко се врзува крај со крај. Додаваат дека за прекувремената работа мора да се исплатува законски надоместок. Многу позадоволни се тие што добиваат помалку од 8.000 денари месечно.

    - Месечно заработувам по 6.000 денари. Тие пари стигаат само за давачките за струја и комуналии. И 8.000 денари не се ништо на оваа скапотија, но барем ќе остане нешто за да купам и леб - вели конфекциска работничка од Македонска Каменица.

    Но, има и такви што на одлуката гледаат како чиста демагогија.

    - Со 8.000 денари ќе се обезбедела материјална и социјална сигурност на работниците!? А потрошувачката кошничка само за јадење месечно изнесува околу 18.000 денари. Ами струја, вода, телефон, дрва, регистрација на скапаните „југа“ од пред триесет години, облека, образованието на децата? Нека повелат работодавците и таканаречените синдикалци, кои веќе никого не претставуваат освен самите себе, нека преживеат со 8.000 денари - пишува читател на веб-страницата на „Дневник“ .

    Удар врз нелојалната конкуренција

    Повеќето газди на конфекциски погони во Штип што ги контактиравме се задоволни од одлуката за минималецот. Тие истакнуваат дека нема да имаат проблеми бидејќи и досега исплаќале повисоки плати. Душко Зенделов, управител на конфекцијата „Штиптекс“, која има 350 вработени во штипскиот и погонот во Радовиш, вели дека платите во Штип се само симболично повисоки во однос на радовишките. Тоа го објаснува со фактот што во Штип работат поискусни работници во споредба со помладиот погон во Радовиш.

    - И јас, како и повеќето сопственици на штипските конфекции, се радувам што е утврдена минималната плата. Со нејзината висина немаме никаков проблем. Кај нас просечната плата, како и во другите поголеми штипски конфекции, е 12.000 денари. Сега очекуваме да ни биде и полесно бидејќи минималната плата ќе биде удар за нелојалната конкуренција. Особено за оние што ангажираа работници на црно, што не плаќаа придонеси, а со тоа ги симнуваа и цените на работата и на производите - вели Зенделов.

    Задоволни се и синдикалците. Ванчо Трајчевски, претседател на Регионалниот синдикален совет на ССМ во Штип, нагласува дека минималната плата како социјална категорија особено позитивно ќе се одрази во текстилната и во кожарската индустрија, а истовремено ќе се избегнат и манипулациите на газдите.

    - Во Штип платите во најголемиот број од конфекциите се повисоки од 10.000 денари, но во други градови с` уште има плати под 100 евра. Има и други апсурди. На пример, сопственици на конфекции што имаат погони и во Штип и во Пробиштип исплаќаат различни плати за иста работа. Работниците во Пробиштип, каде што има многу слободна работна сила ги плаќаат 20 или 30 отсто помалку отколку работниците во Штип каде што веќе има дефицит од текстилни работници, иако извршуваат исти работни задачи. Со минималната плата ќе се надминат многу проблеми, а верувам дека ќе се реши и прекувремената работа, иако во последно време се подобрува состојбата на тој план - истакнува Трајчевски.

    Премиерот Никола Груевски завчера истакна дека со утврдувањето на минималната плата ќе им се подобри состојбата на 65.000 работници чии месечни примања во моментов се под предложеното ниво. Според Груевски, износот е утврден на оптимално ниво и нема да предизвика негативни последици врз економијата и врз вработеноста, затоа што до него е дојдено преку усогласен став на синдикатите и работодавците.

    - Убеден сум дека овој износ во моментот е максималниот кој не ги загрозува работните места на работниците. Владата во овој дијалог ги вложи своите потенцијали за да помогне во балансирањето на правата и интересите меѓу засегнатите и да послужи како гарант на успешно завршената работа меѓу синдикатите и работодавците - рече Груевски.



    Нема минималец за неработниците

    Минималната плата се однесува на основната плата за полно работно време и нормален придонес, односно во износот не се вклучени додатоците на плата. Доколку има основа да се исплатат такви додатоци, таа сума се додава на утврдениот минималец. Засега надлежните немаат одговор дали минималецот ќе важи и за работниците пријавени на половина работно време. Тоа што е утврден најнискиот износ не значи дека работникот ќе го добие по секоја цена. Како што објаснуваат надлежните, ако вработениот не ги остварува очекуваните резултати, минималната плата се намалува соодветно на сработеното.

    Даница Тунтевска
    Љупчо Шатевски



    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6B8EBD8794E75D4BB6527B91E426674C

    Претходното ветување на Гвујо беше дека минималната плата ќе биде 170 Евра.
    А сега само 130.
    Сето тоа ветување пред избори беше само за да си го покрени рејтингот.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Утврдување на минимална плата од 160 евра

    Пишување by Batty on Саб 15 Окт 2011, 01:23

    Знајш шо е лошо?
    Што тие скапани 8000 се лански 6000, а со ова, власта го купи провладиниот народ со агендата „ете, видовте, еве ви“, а останатите со „ам, барем напрај нешто и за нас“.

    штета...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Sponsored content

    Re: Утврдување на минимална плата од 160 евра

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:43