Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Полагање матура

    Share
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Полагање матура

    Пишување by Kelso on Вто 14 Јун 2011, 15:28

    Па помина првиот екстерен оваа година, по македонски.Лесен беше, не беше којзнае што, можам да замислам само училишна што полагаат какви тестови за ретардирани им прават.

    Па што мислите, треба да ли да се полага матура?
    Дали има бенефиции и кои се мааните пред/за време на/понатаму после испитот?


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Полагање матура

    Пишување by Batty on Вто 14 Јун 2011, 23:57

    (Денешнава) матура(та) претставува само продолжување на истоимената лакрдија која се одвива месец дена порано.
    Не треба да постојат ниту едната ниту другата.

    А оваа вторава... претставува само уште еден клинец во погребниот ковчег на образованието во Македонија.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Полагање матура

    Пишување by PantomimoS on Чет 16 Јун 2011, 22:17

    Арно кажано, Недијагностициран.

    Сигурна сум дека и порано се провалуваа матуриве. Има еден куп татини синчиња и ќерки, чии родители би дале многу кеш за да им го донесат тестот на послужавник пред тие да полагаат матура.
    Токму тие татини синчиња и ќеркички ќе си го/ја ладат додека некој листа прирачници. Токму тие ќе отидат да полагаат матура, ќе ги заокружат прашањата што ги набубале, ќе го препишат есејот што некој друг им го напишал, пошо ја знаат темата и за саат време ќе си излезат. Оние другите, што учеле и вложиле труд изминатите 4 години, ќе се потат 4 саати со дебилните тестови пред нив, ќе бараат чаре за двосмислени/тросмислени прашања и на крај, нормално, ќе добијат помала оценка.
    Утре, татините дечиња ќе им ја украдат петката, задутре местото на факултет, а веќе прекутре ќе им бидат газди.

    Е сеа, арно е све тоа. Знаеме дека во оваа држава се случуваат милијарда манипулации, врски, мучки...Ама оваа година, изгоре лончето, претече млекото.
    Темата за есејот македонски беше ставена на форумот Кајгана ден пред да се полага матурата. А, колку што се сеќавам, прашањата и темите за есеј на матурата треба да се чуваат во строга тајност.

    И кога ќе сумираме...Која е поентата на полагањето на оваа матура? Која е вредноста? Која е валидноста? Која е тежината и значењето?
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Полагање матура

    Пишување by Batty on Пет 17 Јун 2011, 13:39

    Така викаш а? Дури и на Кајгана го објавиле есејот? Ццццц...

    Абе, лоша е работава, многу е лоша. Некој на матура може да изгуби нешто што токмел четири години, а некој, ко шо кажа Пантомимос, ќе си извади скроз на скроз, оти татко му ги има „конците“.

    Нека не кажуваат многу многу „абе си учиш константно и матурата е боза“ и „Мора да се положи чоек од тебе нема да стане“

    Ко прво, јас завршив факултет без да полагам(е) амтура, и ваљда е тоа една од последните генерации кои фактички праеја нешто (да не беше школото од Брајан, ќе речев дека е последна).

    Ко второ, јас во оваа ситуација да полагам матура, нема да положам.

    Не е поентата да учиш две недели ко вол за една скапана матура. Се губи значењето на четирите години позади, а со овие манипулацииве, се губи и поентата на беспоенталната матура.

    Се предвидува уште полоша матура, лајк Ематура.

    Ама да не се чудиме. Сепак, мнозинството одлучи дека тоа е ДОБРО.

    И уште четири години Никола.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Полагање матура

    Пишување by PantomimoS on Пет 17 Јун 2011, 13:52

    Лошо е што матурата ти влече 40% на упис. А успехот од четирите години, 60%.
    Прво, пропорцијава не ја бива.
    Второ, матурата не е соодветно направена за да покажеш некое знаење.

    Вечерта после матурата другарка ми ми го покажа постот на Кајгана. Бил напишан вечерта ПРЕД матурата.

    Константното учење нема врска со матурава. Има прашања што не би ти текнало да ги учиш, има двосмислени/тросмислени прашања, а од друга страна има прашања направени за луѓе со интелигенција на 7 годишно дете (7 годишни деца или амерички тинејџери).

    Секоја година сите изјавуваат дека било многу лесно, и секоја година се прави се‘ потешка/покомплицирана. Кај е крајот? И оваа година некој ќе рече дека било лесно, ама резултатите ќе покажат. Сигурна сум дека ќе има мал број на „јаки“ петки (некои што учеле од сите учебници и прирачници и оние што ги нашле матурите) и голем број на тројки/двојки.

    Уште една глупава ствар е начинот на одговарање...Ако малце излезеш со пенкалцето од крукчето, не ти се важи одговорот (пошо се прегледуваат на компјутер). Е сеа, има деца, тремаџии, на кои им се тресат рацете. И што ќе им значи нив учењето кога поради тоа тресење на рацете ќе направат купус и ќе добијат двојки?
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Полагање матура

    Пишување by Kelso on Пет 17 Јун 2011, 20:00

    Нема везе тоа за Кајгана се ширење муабети.Ништо од тоа не се падна на тестот.
    Лани знам, на страната на матура во 4 саат сабајле ги имаше сите одговори сабајлето пред полагањето.Македонски досега нема никој паднато, а од друга страна англиски и математика имаат.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Полагање матура

    Пишување by prozaque on Пет 17 Јун 2011, 21:10

    Во втора година средно имав професорка македонски која буквално ми ја смени перцепцијата на литературата како уметност и предметот Македонски јазик.Да ми предаваше до крајот на средно јас денес ќе студирав Компаративна Книжевност или Философија.Ќе бев сејач на глупости, ама ПОШТЕН сејач на глупости, со оглед на тоа дека ќе имав основа и пол.

    Е сеа незнам дали некој тука го почуствувал македонскиот јазик како шо мене профава ми овозможи да го почуствувам или барем има вроден ентузијазам за него.Како и да е кога ќе споредиш сета тежина и убавина со помочаната форма на државната матура, сфаќаш дека нешто АПЛА! не е во ред со неа, со образованието и државата.Ама лакрдијата очигледно му одговара и на професорите и на учениците, никој не се буни ако го изгорат, а генерациите кои треба да полагаат накнадно ги заболе се до моментот кога ќе седнат да го листат посраниот прирачник.Негде крајот на мај и почетокот на јуни.Единствено незадоволство е некој приговор и пушење кур за поенче и оценче и тоа е тоа.

    На тоа се сведува се уствари.На бројка.Почнувајќи од матурата и остатокот од образованието на факс со секси ЕКТС системот ќе ви се сведи на бројка, собирање поени(бројки) за да добиете добра(оцена)бројка, која ќе ви дај добар просек(бројка со децимала).И така со сите тие бројки утре вие ќе барате работа и пак ќе ве рангираат по бројка.По бројката на градникот или по бројката на партиската книшка.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Полагање матура

    Пишување by PantomimoS on Вто 21 Јун 2011, 14:33



    Еве го постот од Кајгана кај што ја пишуваше темата на есејот ден пред полагањето.
    Поздрав до сите што ги имаа провалено матурите со песнава http://www.youtube.com/watch?v=K8AHTQTNbWA

    Sponsored content

    Re: Полагање матура

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:41