Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Share
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 25 Jул 2011, 14:33

    Каква голема Социјална помош какви бе бакрачиsto
    Максималната социјална помош во Македонија е некаде помалце од 3000денари.

    Јас знам каде што Имаше случај личност којашто земаше Социјална помош од 3000 денари месечно со четиричлено семејство и беше одведен на суд поради тоа што има големи долгови од сметките.

    Но на судијата му се правдаше „Ела бре ти бе матуф еден да те видам живи со 3000 денари месечно“...

    Нормално и вие што се поддржувачи или „мастурбирачи“ на извршителите или судиите и вие да земате 3000 денари социјална помош пред Основен суд 1 или Основен суд 2 би постапиле исто така...

    Или пак ќе речете кутрите извршители греота се да не земат екстра пара бидејќи тие учеле факултет аsto
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Batty on Пон 25 Jул 2011, 14:35

    Викаш, четири члено семејство, а тој инвалид. Другите што праеа? Мастурбирачи беа на социјализмот од Југославија?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 25 Jул 2011, 14:42

    Да бре сигурно денес луѓе којшто се родени генерација 1994, 1996 ако не работат треба и тие да се рачунаат за невработени (односно луѓе на којшто не им се работи)?
    Бидејќи тие се рачунаат во графата за работоспособно население, ама не им се работело и треба да биде избришани од заводот за вработување аsto
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Batty on Пон 25 Jул 2011, 14:49

    Сакаш да кажеш дека тој инвалидот кој не е способен да крене пенкало има деца родени во 1996?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 25 Jул 2011, 14:56

    Aбе инвалид си е инвалид.
    Шо имат врска која година си роден и која година ти се родени децата.
    Можеш денес да си здрав и да имаш деца којшто ти се родени лани, ама утре да возиш Wheelchair. Или да бувташ по асфалтот со Crutches.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Batty on Пон 25 Jул 2011, 15:00

    По милијарда основи го следуваат некои придонеси. Имаше порано инвалидска пензија, доколку се повредил на работа, што ти знам јас.
    Можеби си во право за тоа дека се е можно, ама секако, ги има многу такви, и не се оставени на цедило како што ги претстави.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 07 Aвг 2011, 16:30

    Извршителот прво нека го наплаќа долгот од Работодавците кон работниците (заостанати плати по 5-6 месеци). Бидејќи поради заостанатите плати работниците не можат да си ги платат сметките.
    Но кога ќе го наплати долгот од работодавецот кон работниците тогаш нема да им биде проблем да си ги платат сметките.

    Работодавецот треба да им даде плата за секој месец работа, а ДРЖАВАТА треба да го натера да го исполни својот дел од договорот, па ако треба и да му конфискува нешто од фабриката или теренец вреден 100.000 евра...

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Lost on Пон 22 Aвг 2011, 08:23

    Одамна не сум пишал на форумов,ама ми се виде темава интересна.Од каде да почнам само.Ама ајде рандом,како ми текнуваат работите.
    Арамијава рече дека државата треба да го натера работодавецот да го исполни својот дел и да ги исплати.Свесни сме дека државата ги гони оние кој се од опозиција,своите не ги гони,а има начин како да се реши и тоа,ама и единствената установа која може да го реши тоа епод капа на државата.ССМ.Е сега барем за кај мене во Штип.Имаме преку 90 конфекции и немаме ниту еден обичен ебан синдикат.Логично и јас да сум газда не би дозволил синдикат во мојата фирма.Зошто?Јас сум сопственик и ги определувам правилата,така да ако ти одговара работи,ако не барај друго работно место.Еве ви и една причина повеќе за социјални случаи.Но поголемиот дел од социјалците се од СФРЈ.Сите знаевме тогаш како се работеше.Еден бувта на машината,а 21 го гледаат како работи и секој му довикнува како да го прави тоа.И на 1-ви сите иста плата.Е сега кога ги ставија на % од извршувањето и земаа плата помала од социјалното не им чини.Во ред е да им се даде олеснување за сметките околу струја и вода.Ама со сите тие телефони,интернет сметки,автомобили(па и на вода да оди и водата треба да се плати).Феномен кај нас е и ситуациите од типот:Абе комши пари за леб се нема бе,од што да живеам,како да им купам сега нешто за јадење на децата на одмор.
    Најголемиот проблем кај нашиот народ е што не сакаат да работат.Сите сакаат веднаш лесна работа,да плеснат газот во фотеља и да си берат фармата на ФБ.Оние кои што си го сватија тоа на време,дека без труд нема пари си плукнаа на раците и ако не за луксуз,барем имаат за некој нормален живот,како и во секоја друга држава.И јас кога почнав да работам,работев за 4000 денари месечно и тоа скоро 2 години.Не коментирав од типот е да бе ќе му работам за 4000 денари,поарно дома ќе си седам.Ќе немам пари,ама ќе си седам пред греалката и нема да мрзнам по ладново и ќе си го греам газот.И после некое време од каде толкава сметка за струја ебаго и како да ја платам без пари.Е така не се плаќаат.А извршителите се одеднаш тие лошите.Баш имам еден свеж пример од една продавница за електрична опрема.Типов пред 3 години земал некој тостер за 1500 денари на 2-3 рати со договор.Ја платил првата и си заминал и веќе никогаш не се вратил да ги доплати другите 2 рати.И сега што треба да прави сопственикот на продавницата,да му опрости затоа што заработува минимално?Па кој кур го терал да зема ако нема пари.И одеднаш на типот му иде сметка за наплата преку извршител од 15.000 денари.И овој доаѓа во продавницата да се расправа и им вади 1000 денари за да си го доплати тостерот.Газдата му објасни дека неговиот долг е 9000 и да си го плати пошто има законско право тоа да го наплати оти во договорт му стои дека има затезна камата за секое доцнење месечно,а останатите 6000 треба да ги плати на извршителот.И каде е тука кривицата на извршителот?Или можеби кривицата е во продавачот или можеби во тоа што државата не му дава доволно социјална помош за да си го доплати тостерот?
    По некој необјаснив феномен,нашиот народ како да е научен да живее на висока нога,без разлика на тоа дали може да си го приушти.Како да не одам на одмор,кога комшијата Трпе отиде,тоа не е појмливо.Ќе сккокнам некоја рата од кредитот и сметките и еве за одмор па ќе ги вратам.Социјалните случаи најголемиот дел се така зошто самите сакаат.Освен ако не е физички спречен,не дај боже некој инвалидитет,не е за жалење.Погледнете малку по телевизиите колку само огласи за работа има.На мој роднина,кој е над 50 години му понудија да работи како стражар.Да,требаше само 8 саати на ден да седи во куќичката и кога ќе дојде некоја кола да ја отвори капијата и платичка од околу 6-7000 денари и ја одби со зборовите дека не бил будала за тие пари да работи и втора и трета смена,можело само ако се идело прва смена.Желботеки нема.
    Овој проблем со социјалата ќе се среди најлесно по теркот на Германија.Под социјално си,ти нудат работа во некоја фирма.Ако одбиеш да работиш таму,те бришат од списокот на социјални случаи и пријатно,снаоѓај се сам.Но тоа тука е невозможно,бидејќи ги има во огромен број,а тоа со минимални износи им носи нови мандати,така да решение во догледно време,не се гледа.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Batty on Пон 22 Aвг 2011, 11:11

    Само неколку делови од коментарот ќе ти ги цитирам, оние кои сметам дека се стожери на твоето размислување.

    Јас сум сопственик и ги определувам правилата,така да ако ти одговара работи,ако не барај друго работно место.

    да, тоа е размислување на секој ултра капиталист во светски рамки.

    Логично и јас да сум газда не би дозволил синдикат во мојата фирма
    најлогична работа. да можеа, газдите ке го наместеа работното време да биде не осум, ами осумнаесет сати. Е сега, не знам дали работниците се избориле за тоа, или пак го пишува негде во Светото писмо, или пак, тоа е милост на предобрите и милите газди.

    најлесно по теркот на Германија

    Кога ќе си газда, ако ме плаќаш по Германскиот терк, тогаш истото ќе се реши по германски терк по секоја основа. Само ти давај ми германска плата.
    Или лесно е да се решава по германски терк само кога не терба да се исплаќа кеш?

    Право на тој ебаниот тостер или на таа греалка имаат сите. Без разлика дали бил социјала или рекетар. Без разлика дали е на висока позиција или му плаќате 4000.
    Не зборувам за најбрз интернет, зборувам за најосновни човекови потреби. Ајде и нив да им ги ускратиме, бидејќи Македониај врие од бескичмењаци кои мислат дека го поседуваат светот и човештвото, па ги измачуваат работниците што мислат дека се направени од пластелин.

    Камо Господ да дајт газдите да дојдат во позиција да молат за работници, па профитот на фабриките да им е за два тостери годишно, а не за BMW на керкичката за 18ти роденден.
    Иако ми гледа многу утопично сето тоа.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Lost on Пон 22 Aвг 2011, 13:52

    Баш би сакал тебе да те видам како газда искрено.Дали ти би има давал германска плата на вработените искрено.
    Бев на обука во Германија 10-на дена и видов што и како се работи.Точно е дека не работат викендите,ама работното време преку делниците им беше од 07:00 до 17:00,со пауза од 1 час,а ако добро израчунате,тоа се 9 работни часа,а не како кај нас 8 од кој 7 пијат кафе и се на телефон.Точно е дека платите им се минимум 1300 евра.Тоа е минималецот.А социјалната помош им е 1200 евра.Логички кај нас македончето ќе си рече 1200 дома да седам,1300 да бувтам во фабриката на BMW и да швајцувам лимарии по цел ден.Па ќе седам дома.И тогаш владата го праќа да швајцува во Audi.И овој нормално не сака.Епа сега седи дома и цицај лимони,пошто од нас друга работа нема да добиеш следните неколку години,а до тогаш не ти следува ни социјално,а како ќе преживееш,баш не заболе.
    А на форумов еден ако има што не би сакал да работи во државно,јас глава сечам.Нема ниту еден кој не би сакал да плеска газ во фотеља,а да зема минималец од 300 евра.И јас би сакал,но за жал немам вујко владика и не можам и јас да бидам поп.Но се трудам да ја земам истата плата на потешкиот начин,со работа и сум задоволен морално.Не чекам и не кукакм како државата не чини и не може да ми најде работа.Дури и го сменив факултетот само за да напредувам во кариерата.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Batty on Пон 22 Aвг 2011, 14:12

    Lost напиша:Баш би сакал тебе да те видам како газда искрено.Дали ти би има давал германска плата на вработените искрено.
    Бев на обука во Германија 10-на дена и видов што и како се работи.Точно е дека не работат викендите,ама работното време преку делниците им беше од 07:00 до 17:00,со пауза од 1 час,а ако добро израчунате,тоа се 9 работни часа,а не како кај нас 8 од кој 7 пијат кафе и се на телефон.Точно е дека платите им се минимум 1300 евра.Тоа е минималецот.А социјалната помош им е 1200 евра.Логички кај нас македончето ќе си рече 1200 дома да седам,1300 да бувтам во фабриката на BMW и да швајцувам лимарии по цел ден.Па ќе седам дома.И тогаш владата го праќа да швајцува во Audi.И овој нормално не сака.Епа сега седи дома и цицај лимони,пошто од нас друга работа нема да добиеш следните неколку години,а до тогаш не ти следува ни социјално,а како ќе преживееш,баш не заболе.
    А на форумов еден ако има што не би сакал да работи во државно,јас глава сечам.Нема ниту еден кој не би сакал да плеска газ во фотеља,а да зема минималец од 300 евра.И јас би сакал,но за жал немам вујко владика и не можам и јас да бидам поп.Но се трудам да ја земам истата плата на потешкиот начин,со работа и сум задоволен морално.Не чекам и не кукакм како државата не чини и не може да ми најде работа.Дури и го сменив факултетот само за да напредувам во кариерата.

    А викаш чини државата, а? Чудо, прекрасна ти била.
    Ајд,е потврди дали државата е прекрасна, пошо има толку голем број на луѓе што сакаат да работат а не можат.

    Ко прво, нејќам да бидам газда и не ми е животна желба да изигравам паша над луѓе кои би ги гледал како правени од пластелин.
    Второ, ако во македонија никој не е спремен да плаќа како во германија, тогаш нека не се огледува по германски стандарди.
    каква хипокризија лежи тука брате. Германски и Европски стандарди само за работи кога НЕ треба да се даваат пари. Во обратен случај, не.

    И кажи ми, зошто тие сите луѓе, односно цела македонија и работничката класа која до немај каде ја навреди во твојот коментар со зборовите мрзлива и паразитска, работат како стока во Германија, Словенија и другите земји?
    дали е тоа заради што им даваат плата или затоа што не се дома?
    Зошто не се мрзливи во германија, каде ете, се работело повеќе?
    Зошто не се мрзливи во странство?
    Зошто таму работат?

    А да, САМО МАКЕДОНЦИТЕ сакале државно, за разлика од Европјаните кои рмбаат како кучиња. Oh, wait...

    Абе случајно во странските земји дане е обратно? работничката структура дане се Романци, Бугари, Срби, Босанци, МАкедонци, додека тие што пијат кафе по цел ден и не прават ништо се домашни?
    А?

    Шо мислиш?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 22 Aвг 2011, 14:35

    Lost напиша:
    Логично и јас да сум газда не би дозволил синдикат во мојата фирма.Зошто?Јас сум сопственик и ги определувам правилата,така да ако ти одговара работи,ако не барај друго работно место.
    Да не треба и ти да определиш дали ќе плаќаш осигурување или не?
    Или пак да одредуваш ти колку% треба да се плати данок а?
    Или пак да ги врзуваш работниците со алки на нозете како Веслачите на Бродови во Римската
    Империја. И да ставиш еден тапанар којшто ќе тропа со какво темпо да се
    работи и еден камшикувач којшто ќе го камшикува оној што ќе направи
    пауза од неколку секунди.

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Lost on Вто 23 Aвг 2011, 18:10

    Priest напиша:
    1.А викаш чини државата, а? Чудо, прекрасна ти била.
    2.Ко прво, нејќам да бидам газда и не ми е животна желба да изигравам паша над луѓе кои би ги гледал како правени од пластелин.
    3.Второ, ако во македонија никој не е спремен да плаќа како во германија, тогаш нека не се огледува по германски стандарди.Каква хипокризија лежи тука брате. Германски и Европски стандарди само за работи кога НЕ треба да се даваат пари. Во обратен случај, не.
    4.И кажи ми, зошто тие сите луѓе, односно цела македонија и работничката класа која до немај каде ја навреди во твојот коментар со зборовите мрзлива и паразитска, работат како стока во Германија, Словенија и другите земји?
    дали е тоа заради што им даваат плата или затоа што не се дома?
    Зошто не се мрзливи во германија, каде ете, се работело повеќе?
    Зошто не се мрзливи во странство?
    Зошто таму работат?
    5.А да, САМО МАКЕДОНЦИТЕ сакале државно, за разлика од Европјаните кои рмбаат како кучиња. Oh, wait...
    6.Абе случајно во странските земји дане е обратно? работничката структура дане се Романци, Бугари, Срби, Босанци, МАкедонци, додека тие што пијат кафе по цел ден и не прават ништо се домашни?
    А?
    7.Шо мислиш?

    1.Ако не ти чини државата,кажи ми што бараш тука уште?
    2.Мижи Митре толумби паѓат...
    3.Јас германскиот терк го кажав само за социјалните случаи и за ништо друго ако добро прочита и самиот.Мислиш дека така нема да се зголеми вработеноста?Ако знаеш дека ако не ја прифатиш оваа работа,нема социјално?Еве баш денес и комуницирав со една личност со која соработуваме од Холандија.Сакале да внесат некои реформи да им се покачи социјалната помош на таквите случаи и веднаш реагираат оние кои работат.Зошто знаат дека ќе паднат на нивни грб.Истите го бараат дури и тоа на инвалидизираните луѓе да им се најде работа.АКо нема нога,нека работи на компјутер,нека куца нешто на компјутер.Го бараат германскиот систем да се воведе.Нешто што би сакал и јас да се воведе овде.
    4.Нашата земја не е доволно економски моќна.
    5.па тука може и 6. во едно ќе ти ги одговорам.Владата на Германија кај и да е ќе воведе еден нов режим со тоа што платите на физикалците ќе бидат покачени,а на кабинеташите ќе останат исти,со тоа што на физикалците,ќе бидат поголеми.Но ова ќе се однесува само на нивните граѓани,а нашиве пак ќе бидат на дното.И тука и таму.
    7.Се додека не изумре се она што е останато од социјализмот и нашиот „напатен“ народ не си плукне на раците и не се освести дека без работа нема пари,ќе биде вака.

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Lost on Вто 23 Aвг 2011, 18:12

    Арамија Стојковски напиша:
    Lost напиша:
    Логично и јас да сум газда не би дозволил синдикат во мојата фирма.Зошто?Јас сум сопственик и ги определувам правилата,така да ако ти одговара работи,ако не барај друго работно место.
    Да не треба и ти да определиш дали ќе плаќаш осигурување или не?
    Или пак да одредуваш ти колку% треба да се плати данок а?
    Или пак да ги врзуваш работниците со алки на нозете како Веслачите на Бродови во Римската
    Империја. И да ставиш еден тапанар којшто ќе тропа со какво темпо да се
    работи и еден камшикувач којшто ќе го камшикува оној што ќе направи
    пауза од неколку секунди.
    Малку како да избегавме од темава,ама ајде.
    Не сум јас тој што определува дали ќе плаќам осигурување или не.Не определувам јас колку данок ќе плаќам.Си има законски акти за тоа.
    А за римсково сценарио како да забега малку.
    Пошто се фати за синдикатов,да те прашам.Имате вие синдикат кај вас на работа?Некој кој ве следи колку работите,дали ве плаќаат редовно,дали ги имаш сите потребни услови?
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Batty on Вто 23 Aвг 2011, 18:17

    Коментарот ти е промашен од старт. Шо бараш во земјава ако не ти чини.
    размисли бе пред да го пишеш тоа? јас по избор сум тука? Можам јас слободно да заминам негде? Пола македонија може слободно да замине кај сака? така лесно бе се оди некаде?
    Уствари, заборавив, патриот си.

    И нека не ти паѓаат тулумби. Јас сакав да предавам во школо и да бидам наставник, да имам благородна работа уште од детството. мене не ми беше гајле за пари. Ми беше гајле дали јас цел живот ќе го поминам со 300 евра плата. Јас сакам да работам, државата треба да ми најде работа.
    повели, напиши дека државата не ми е должна да ми најде работа. Повели, ќе ти одговорам дали е или не е.
    И како реков? Да, јас сакав да предавам географија на деца и тоа беше мојата животна желба, без разлика на парите.
    Ако кај тебе паѓаат тулумби без да мижеш, тоа е Ок. И самото тоа што „си сменал факултети“ е доказ дека не си го одредуваш животот по желбата, него по кариерата. И тоа е тоа.

    И ти изгледа не разбираш што е држава а што е приватно и капитализам.
    Прво, не ми спомнувај дали државата е моќна или не, кога работници и работнички во ПРИВАТЕН сектор во приватна фирма земаат ниски плати. Тука, државата НЕМА УДЕЛ. Удел има газдата, напатен тој, кој се сонча на Корзика.
    научи што е држава а што е капитализам, па пиши ми пак.

    И кога ќе се оддели социјализмот од државата, тогаш ке научиш изгледа.
    Луѓето сакаат да работат, ама за тоа треба да им биде платено.

    Ако ти си бил будала да работиш за беспари, некој не е.
    Или можеби твоите мили германци работат за беспари кога ке им понудат работа која не смеат да ја одбијат.

    Хаха...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Lost on Вто 23 Aвг 2011, 18:25

    Јас може сум будала.По твое.Нека е така,тоа е твое мислење и не можам да ти помогнам тука.Коментарот не беше промашен,убаво те питав.Те гледам цело време како кукаш,како не ти чини овде.Зошто тогаш не заминеш од овде,ако мене не ми чини,јас може и ќе заминев,ама и не ми е толку лошо.Точно работев скоро и за безпари,бев на дното и работев се што ќе ми кажеа и некако успеав.Дали благодарение на среќа или можеби поради тоа што се трудев и некој го забележа,успеав.
    Ајде сега едно прашање до тебе.Дали знаеш колку луѓе има со докторати и магистратури,кои со години работат по факултети и школи се со надеш дека може ќе ги примаат?Дали мисли ти дека тебе веднаш ќе ти дадат работно место со полн фонд на часови и со добра плата?

    Хаха...
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Batty on Вто 23 Aвг 2011, 18:31

    1. Јас студирав на државен факултет во македонија. Факултетот имаше обезбедено квота од „толку и толку“ студенти кои треба да ги прими.

    Што прима факултетот бе ако не може државата да ги вработи?

    2. Нормално дека ќе кукам. Државата е срање! Добра ти е? Ако ти е, не кукај. Гледај си го тоа што си го имаш, односно она што ти ја прави државата убава и ќути. Никој не побара од тебе одговор и не мора да го даваш на крај краева.
    Мислам, твојот одговор кој се состои од „оди си ако не ти чини“ можам да го чујам од 5то оделенци, не од тебе.

    3. Не знам како си успеал, и твое си е тоа. Јас познавам многу луѓе кои работат како стока, кои се третирани како стока, па работеле подолго од тебе, ама не успеале. Можеби не ги познале.
    Што не ме познат мене бе?
    Јас сум м-р со просек 9,75. Шо не ме познат мене?

    Не знам во кој свет живееш, ама акде што јас живеам не оди тоа така како што викаш.
    Пример, ако јас бев предан и одан член на влчадејачката структура години наназад, сигурно ќе си бев вработен до сега.

    Но, луѓето имаат поинакви вредности. Не се сите исти.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Lost on Вто 23 Aвг 2011, 18:37

    1.Муабетот за факултетите го правевме уште кога го отворија овој овде,да не се повторувам.
    2.Државата да.Владејачката структура не.Ама пак не кукам и не фрлам со камења по се што мрда.
    3.Одоговорот на ова го имаш малку подолу кај тебе пишан.Истото ти го кажав и јас кога еднаш бевма кај Каран на тераса.Во државно штом сакаш да бидеш,треба да си во првите редови и да мавташ со знамиња и да урлаш нечие име.Јас не сум политички определен и не знам дали некогаш би бил.
    Вредностите си се вредности.Ако можеш да живееш од нив тогаш е добро,мило ми е.Но со тек на време,ако не можеш да живееш со нив,тие се менуваат.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Batty on Вто 23 Aвг 2011, 18:41

    Lost напиша:1.Муабетот за факултетите го правевме уште кога го отворија овој овде,да не се повторувам.
    2.Државата да.Владејачката структура не.Ама пак не кукам и не фрлам со камења по се што мрда.
    3.Одоговорот на ова го имаш малку подолу кај тебе пишан.Истото ти го кажав и јас кога еднаш бевма кај Каран на тераса.Во државно штом сакаш да бидеш,треба да си во првите редови и да мавташ со знамиња и да урлаш нечие име.Јас не сум политички определен и не знам дали некогаш би бил.
    Вредностите си се вредности.Ако можеш да живееш од нив тогаш е добро,мило ми е.Но со тек на време,ако не можеш да живееш со нив,тие се менуваат.

    И после ова, ти ми викаш „ако не ти чини, напушти ја државата!“?

    И секако, никој не фрла со дрва и камења по се што мрда.

    ти ја навреди цела популација на македонија која во моментов што не работи.
    Јас ти кажав. Нека ме вработи „тој што ми вети“ и ќе работам.
    Не сум по избор невработен.
    Ниту пак најголемиот дел од тие што немаат леб да јадат.

    Али сепак,

    Државата за некого е мајка, за некого.... гробар...( не маќеа).


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Lost on Вто 23 Aвг 2011, 18:49

    Точно,не си по избор невработен,ама си седиш така по свој избор.Сега ќе чекаш работа на струката?Ќе чекаат сите други исто така.И паѓаат на грб на оние што работат.А кога би им понудиле некоја друга работа во меѓувреме ќе одбијат со образложението дека за тоа не учеле и не потрошиле толку време.Што ако во догледно време не најдат работа според нивната струка?Ќе седат дома 10 години и ќе чекаат социјално секој месец?Да не збориме и за негативните последици кои ова ќе ги повлече со себе.Како на пример опаѓање на наталитет и што ли уште не.Е кога ќе одбијат работа и им се ускрати правото на социјална помош тогаш двапати ќе размислат пред повторно да одбијат некоја наредна работа.За тоа зборев јас,а не го вреѓав невработениот народ.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Batty on Вто 23 Aвг 2011, 18:55

    1. Да, јас учев и знам што сум поминал за да ја земам таа скапана диплома. Мене ми се чини дека, секој што не учел и си ја добил дипломата „онака“ може да се „преформулира пак“.
    2. јас не земам социјално и не паѓам на ничиј грб. освен на моите родители кои не се должни да ме издржуваат сеуште, но подобро да живееме во семеен сталинизам (економската страна), него да му работам на некој капиталист кој едвај зане да се поптише и да ми виси над глава за ебани 7 000 денари. Не, тоа не е животот.
    3. Наталитетот? јас едвај го чекам распадот на скапанава држава, а не за наталитетот на истата да се думам! И наталитетот не е проблем кај луѓето кои се „без кариера“. Така мене ми се чини, шо знам...

    И под 3.
    нека ми понудат интелектуална работа, БИЛО ШТО, што треба интелект, ќе прифатам.

    Сите треба да рмбаат? Сите треба да бидат тесари и плочкари?
    Ете, бидејќи јас сум чекал за да бидам дирекно наставник, нека ми понудат да бидам ... што било и можеби нема да одбијам и нема да ми го скинат социјалното ШТО НЕ го земам.

    И да му се измочам на тоа социјално од 30 евра.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Toecutter on Чет 25 Aвг 2011, 01:02

    Lost напиша:
    А на форумов еден ако има што не би сакал да работи во државно,јас глава сечам.Нема ниту еден кој не би сакал да плеска газ во фотеља,а да зема минималец од 300 евра.И јас би сакал,но за жал немам вујко владика и не можам и јас да бидам поп.Но се трудам да ја земам истата плата на потешкиот начин,со работа и сум задоволен морално.Не чекам и не кукакм како државата не чини и не може да ми најде работа.Дури и го сменив факултетот само за да напредувам во кариерата.

    Мислам дека ги проектираш своите желби и сништа за државна работа врз сите...а тоа не е добра основа за објективност.

    Еве еден кој ниту сака ниту ќе сака да работи за државата, од форумов...
    Никогаш и под никакви услови.
    It`s me.
    Имам секирче едно за месо во подрум, па ако ти врши работа...

    Во РМ минималната плата е 0 денари, а во Немачка била 1300 евра...ај да се убедуваме...

    Не за друго, РМ не ми значи ништо.
    Повеќе гледам на неа како на болест.

    Дали ти кукаш или не, државата не чини.
    Како ентитет општо и како инкарнација наречена РМ посебно.
    Никава разлика не прави тоа што се гордееш оти си роб и не кукаш.
    Ама баш она...никаква.
    Прашај ме зошто...
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 25 Aвг 2011, 21:35

    Некако забегавме од темава...
    Уште од авион се гледа дека повеќето ги поддржувате извршителите.
    Што мислите дали Извршителите треба да наплатат долг од Работодавецот кон работниците за заостанати плати? И тоа тродупло како на обичните луѓе.

    Или пак тука важи паролата „Приватник си е тој кој смее нему да му се меша“sto
    А?
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by prozaque on Чет 25 Aвг 2011, 21:54

    Целиот закон е презентиран некако нејасно.Извршителите на целава работа треба да земаат во обзир повеќе фактори во кои влегуваат платата на работникот, цехот кон државата и поради шо како, зошто итн е напраен, зошто не е надоместен и според сето тоа да си ја вршат дејноста.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 28 Aвг 2011, 11:55

    Buzz Killington напиша:Целиот закон е презентиран некако нејасно.Извршителите на целава работа треба да земаат во обзир повеќе фактори во кои влегуваат платата на работникот, цехот кон државата и поради шо како, зошто итн е напраен, зошто не е надоместен и според сето тоа да си ја вршат дејноста.
    Долгот од Работодавецот кон работниците е направен поради тоа што на Работодавците не им се даваат пари. Сакаат да им стојат во џепчето... И да си купуваат монструми на четири тркала БМВ М5, Ауди А8, Мерцедес ЦЛС итн...
    Но што треба на работникот тоа да го интересира беsto

    Еве еден пример колкуа пати на суд ошле вработените во АД ЕМО Охрид којшто сега зеле плата за ноември месец ланиsto И тоа плати од 4400 денари.
    КОга извршител отишол во домовите на Директорите од Емоsto
    Или пак битно е богатите само да преживеат а?

    Sponsored content

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:43