Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Share
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by prozaque on Нед 28 Aвг 2011, 13:37

    Јас реков дека ако законот се спроведува објективно и одговорно ќе биди супер работа.

    За менталитетот на македонскиот работник кој се согласува да работи под мизерни услови наместо колективно и активно да си ги подобри условите е друг муабет.Во крајна линија овој закон е наменет да ги доиспразни веќе празните џебови на обичниот граѓанин, но самиот тој е производ на пасивноста и бескичменоста на македонецот, една синергија на апатија, наивност и себичност во последните 20 години.
    Јас искрено се надевам дека во наредните 10 години ќе биди донесен закон со кој на газдата му се дава право сексуално да општи со сопругите на работниците.Или барем закон со кој одреден процент од работниците ќе бидат задолжени да им ги отстапат своите органи на газдите ако, недај боже, на некој од нив му откажи џигерот, срцето од многу виски и свинско.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 24 Сеп 2011, 15:22

    Priest напиша:Тогаш, дефинитивно по тој основ земаат поголема социјална помош и други придонеси, кои им се доволни за да ја платат струјата и водата. Ама можеби не се доволни за да ги платат сметките на T-mobile, ONE и VIP, ниту пак кабловската, интернетот и сл. Епа,сега...

    Замисли Максимална Социјална помош во Македонија е 3060 денари...

    Месечни давачки на државата

    Струја 1500 - 2000 денари
    Вода 500 - 700 денари
    Ѓубретарина 280 - 320 денари
    Нискоградба атмосферски води 70 денари
    Радиодифузна такса 130 денари

    Епа нели сме луге да јадеме нешто бе шо ни останува за јадење,(или пак тој шо е сиромав нека живее од воздух само), а башка за лекови и тоа најосновите аналгин, кафетин, парацетамол...



    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Batty on Нед 25 Сеп 2011, 16:23

    Морам да признаам дека си во право Арамијо Стојковски.
    Се работи за чист грабеж и рекетарство од uber фашистички настроената држава.
    При тоа, не дава никаква помош, а згора на тоа, бара се од себе.

    Крвта ја пијат на граѓаните кои пак, требало да ја сакаат и да се осеќаат како патриоти.



    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 22 Ное 2011, 18:19

    Како е дојдено времето во оваа луда држава уште малку и изнудувачите на рекет (OНИЕ НЕЛЕГАЛНИТЕ РЕКЕТАРИ) да ти дојдат дома ако не му ја дадеш сумата што ќе ти ја побараат можеш кривично да одговараш. Пример 5000 евра да ти побараат рекетарите (некои од градските мангупи коишто воедно се и Лихвари и Наркодилери) ако не му ги дадеш да имаат право да те тужат. Па потоа преку извршител да ги платиш 27.000 евра.

    Ништо чудно и тој закон да се воведе во оваа држава што ќе се штитат изнудувачите на рекет бидејќи рекетарите, судството полицијата си имаат меѓусебна корист.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 31 Јан 2012, 21:48

    Граѓаните ги плаќаат недоразбирањата меѓу ЕВН и извршителите

    Стотици граѓани плаќаат десетици пати повеќе од реалниот долг за струја затоа што извршителите не постапуваат по предметите што ЕВН им ги испраќа пред секоја акција за исклучување на струјата.

    Кампањата за плаќање на рати ќе трае уште два дена

    Скопјани што сакале да ги платат заостанатите сметки во наплатниот пункт во Ѓорче Петров, пред последната акција за исклучување на струјата останале вчудовидени кога службеници на ЕВН им објасниле дека имаат тужени сметки што им се предадени на извршители, а биле стари и по две години.

    - На прашањето зошто не добивме опомена за застарена сметка и кај кој извршител треба да се плати сметката ни одговорија дека ЕВН не испраќа веќе опомени како порано и дека не знаат кај кој извршител е предметот. Исто така, не ни дадоа документ кога е испратена тужбата. Друг службеник, пак, ни рече дека извршителите чекале да помине акцијата за плаќање на сметките на рати и дека со почетокот на месецот тие ќе почнат да тропаат на нашите врати - вели револтиран жител на скопската општина Карпош.

    Другите граѓани што ги затекнавме на наплатните пунктови на ЕВН стравуваат од тоа дека за долг од 2.000 денари, на пример, ќе треба да плаќаат неколкукратно повеќе за камати и за наградата на извршителот.

    Претседателот на Комората на извршители, Антонио Коштанов, признава дека долгот на граѓаните расте со секој ден неплаќање, но тоа било така затоа што ЕВН не ја плаќа потребната такса за да можат извршителите да издадат налог за наплата на долговите.

    - ЕВН ни испраќа по стотици предмети за наплата и ние не можеме да ја плаќаме таксата од 500 денари за секој предмет поединечно. Со секоја уплата на такса од ЕВН извршителите веднаш почнуваат со наплата. Точно е дека и наградата за извршителите расте, но само во случаи кога долгот на граѓаните надминува илјада евра. Тогаш наградата на извршителите се пресметува на процент - вели Коштанов.

    Од ЕВН, пак, велат дека постои договор извршителите да го почекаат крајот на кампањата, бидејќи до крајот на месецов ситуацијата може многу да се смени.

    - Многу граѓани ќе ги платат долговите и тогаш нема да има потреба од извршители. Нелогично е сега, во текот на кампањата, извршители да одат да ги наплаќаат долговите затоа што до крајот има уште неколку дена. ЕВН ја поведе оваа акција во која граѓаните ќе можат да ги платат долговите на рати и во која нема да им се пресметува каматата за задоцнето плаќање, како и каматата што произлегува по плаќањето на долгот - вели портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.

    Коштанов, пак, тврди дека извршителите немаат никаква врска со акцијата на ЕВН за плаќање на долговите на рати.

    - Ние не сме виновни што поради каматите долгот на граѓаните за неплатена струја расте. Ние немаме никаква врска со таа акција, туку чекаме ЕВН да ни ги плати таксите за тужбите што ни ги даваат за да може да издадеме налог за извршување на наплатата - вели Коштанов.

    Проблемите со наплатата на струја и начинот на кој тоа го прават извршителите станаа речиси секојдневие за граѓаните, но и за фирмите што плаќаат индустриска струја, по цена неколкупати повисока од онаа за домаќинствата. Од ЕВН информираат дека има граѓани што не платиле струја и по осум или десет години и чии долгови достигнуваат и по неколку стотици илјади денари.

    http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=1301292116&id=10&prilog=0&setIzdanie=22492

    Господин Михајло Маневски кој го предложи овој закон да биде тој лично извршител и да го наплати долгот во Тетово, Зајас, Гостивар, Дебар, Арачиново, Чаир, Велешта, Кичево...

    Друга работа и Михајло Маневски нека си го наплати долгот кон државата бидејќи зема и пензија и Министерска плата...Законски не смее да зема и пензија и плата...


    Sponsored content

    Re: Извршители рекетари ќе ги пљачкаат граѓаните!

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:45