Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Во Бугарија сиромашни 41,9 отсто!

    Share
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Во Бугарија сиромашни 41,9 отсто!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 14 Jул 2011, 13:28

    Во Бугарија 41,9 отсто од населението се соочува со сериозни материјални проблеми, додека просекот на сиромашни во Европската Унија изнесува 8,1 отсто, пишуваат бугарските медиуми.

    Ситуацијата посебно се влошила последниве неколку години, стои во
    препораките на Советот на Европа за бугарската национална програма за реформи предвидени за оваа година.

    Според документот околу 66 отсто од старите лица се изложени на ризик да се соочат со сиромаштија.

    Во препораките на Советот се наведува дека Бугарија мора да преземе мерки за да ја зголеми способноста да им помогне на луѓето кои бараат работа, да им помогне на најсиромашните групи и да го зголеми капацитетот на јавната администрација, како и да ја зголеми ефикасноста за користење на ресурси, но и да отвори нови можности за инвестиции и раст на економијата.

    Од Брисел препорачуваат да се продолжи со пензиските реформи, растот на платите да се усогласи со растот на цените на производите, да се модернизираат службите за вработување, да им се помогне на младите со ниски квалификации и да се продолжи со реформите во образованието./крај/пд

    http://www.24online.mk/705472/indexed.html

    http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=41&eventId=39057

    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=140358

    Aбе чудна и неверојатна работа.
    Зарем членка на ЕУ и НАТО може да биде сиромашна ?
    Тоа е mission impossible.
    Ќе им се јавиме малку на Милчин малку на Геровски малку на екс министерката за Евроинтеграции Шеќеринска и караванот за европеизација да го пратиме во Бугарија...
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Во Бугарија сиромашни 41,9 отсто!

    Пишување by Batty on Чет 14 Jул 2011, 13:33

    Интересно е тоа како ти веруваш на статистики и вести кои само тебе ти одговараат. да прочиташе негде дека сите земји кои некогаш биле под капата на социјализмот, се најмизерните земји на светот, одма ќе објаснеше дека се работи за западна пропаганда. А сега, бројките кои говорат дека пола население во Бугарија е сиромашно, го препишуваш на Европска Унија.

    Одлично Заптија. Ко прво, безрезервно веруваш на информацијата. Ко второ, очекуваш ти од Европската Унија веднаш да ја подигне Бугарија на здрави нозе, за веќе 4 години сакаш да биде Норвешка?

    Ко прво, критериумите за сиромаштија се малку поинакви. Со истите критериуми да беше мерена Македонија и Русија и Белорусија, сигурно сиромаштијата ќе беше околу 99,99 отсто од населението.

    Второ, Европа дава стабилност и потпора. Не може веднаш да се изгради нешто, ама ќе биде. Се додека нема некои мршојади и просоветски настроени, па ја колваат Бугарија и Романија како ќе им текне.

    И јас мислев дека Романија И Бугарија никогаш нема да се развијат. Ама и да е така, не е тоа заради ЕУ и НАТо. Да не беа таму, ќе беше уште полошо.

    А ти, ако тврдиш дека без ЕУ и НАТО е подобро, престани да се жалиш од Македонија, таа не е во тие сојузи.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Во Бугарија сиромашни 41,9 отсто!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 28 Aвг 2011, 12:17

    Бугарија уште од време е синоним за неквалитетни производи.
    Кога ќе видите некој неквалитетни алат, бела техника или пак електронски уреди (без разлика од која држава е производството) ќе речете леле какво е ова ко Бугарско да е...

    Прашајте ги пензионерите и вработените во пониските струки таму како живеат.
    Бугарија до 2020 ќе биде 6 милиони жители од кои 1 милион Бугари 2 милиони роми, 1 милион турци, 2 милиони Македонци.
    Јака иднина нема што.
    Од што е убаво целата младина е во странство.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Во Бугарија сиромашни 41,9 отсто!

    Пишување by prozaque on Нед 28 Aвг 2011, 13:21

    Арамија Стојковски напиша: Бугарија уште од време е синоним за неквалитетни производи.
    Кога ќе видите некој неквалитетни алат, бела техника или пак електронски уреди (без разлика од која држава е производството) ќе речете леле какво е ова ко Бугарско да е...

    Прашајте ги пензионерите и вработените во пониските струки таму како живеат.
    Бугарија до 2020 ќе биде 6 милиони жители од кои 1 милион Бугари 2 милиони роми, 1 милион турци, 2 милиони Македонци.
    Јака иднина нема што.
    Од што е убаво целата младина е во странство.

    Бугарија праеше чкарт производи во времето на социјализмот на Тодор Живков.Во 90' беше најмизерното место за живот во Европа.Мафија, корупција, сиромаштија.Денес Бугарија е сосем друга прича.Ако си ја фатил црноморската магистрала преку Софија-Пловдив-Бургас, да видиш како се носат тетките и чичковците по градовите, какви услови имаат студентите за образование, каков туризам се фура на плажите покрај нафтените платформи т.е од неатрактивна локација да прајш пари и остали социјални микрокосмоси, вооружените стражари на паркинзите... ќе видиш дека сликата за Бугарија која нашите стари ни ја фураат оти тие на времето биле Американци за нив оти џвакале мастики и носеле џинс Е сосем друга.
    Патем Кина ден денес прај чкарт производи, но сепак ја има најдобрата економија во светот.

    Што се однесува за демографските проекции изгледа како да ги склопило 15 годишно дете.Единствено бројот на етнички Турци е некој фактор.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Sponsored content

    Re: Во Бугарија сиромашни 41,9 отсто!

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:42