Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Кочо Рацин

    Share
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Кочо Рацин

    Пишување by Batty on Саб 11 Окт 2008, 04:08

    Оваа година се навршуваат 100 години од неговото раѓање
    Големиот Коста Солев, Велешанецот!

    Ке бидам благодарен, Ако некој знае нешто повеќе, да напише за неговиот живот, делата и тн.

    Може да се пастира некое негово дело, да поуживаме малку!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Рокси on Саб 11 Окт 2008, 11:27

    Коста Солев Рацин е роден во Велес на 22 декември 1908 во селото Лопушник. Тој е поет и револуционер, најпознат е по својата поезија но пишувал и проза, а има напишано и значајни дела од областа на филозофијата, историјата и литературната критика.

    Живеел во сиромашно грнчарско семејство, па морал да го напушти училиштето за да работи во работилницата на татко му (1918). Но неговото образование не запрело тука, неговата желба за знаење била толку голема што тој почнал да се самообразува.
    1924 - Станува член на СКОЈ
    1926, 1ви ноември - учествува на конгресот на КПЈ во Дрезден како единствен македонски делегат
    1929, април - го отслужува воениот рок во Пожаревац
    1933 - се формирал областен комитет на КПЈ, од страна на Кочо Рацин, Никола Оровчанец и Живоин Ќурќич
    1934, јануари - Рацин е уапсен за време на провалата
    Осуден е на 4 години робија но во 1935 е ослободен поради законот за амнестија.
    1939 - ја издава „Бели Мугри“
    1940 доаѓа до нарушување на односите на Рацин со партијата, па на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана на 8 септември 1940, Рацин е исклучен од Партијата.
    По капитулацијата на Југославија еден период работи во Софија и живее заедно со својот сограѓанин и истомисленик Коле Неделковски, но по неговата смрт се враќа во Скопје. Во Скопје беше набрзо уапсен од страна на бугарската полиција и интерниран во селото Корница, Неврокопско.
    По капитулацијата на Југославија еден период работи во Софија и живее заедно со својот сограѓанин и истомисленик Коле Неделковски, но по неговата смрт се враќа во Скопје. Во Скопје беше набрзо уапсен од страна на бугарската полиција и интерниран во селото Корница, Неврокопско.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by PantomimoS on Саб 11 Окт 2008, 11:27

    убава тема!!ај ќе пробуричкам по дома, имам 100% нешто па ќе напишам.

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Рокси on Саб 11 Окт 2008, 11:28

    Тутуноберачите

    На кантар студен со туч го мерат
    а можат ли да го измерат,
    нашиов тутун - нашава мака
    нашава солена пот!

    Од темни зори на утрини летни
    до никоја доба на вечери зимни
    тој гладно пие тагата наша
    и потта и крвта и снагата ни.
    Жолт - жолти прави лицата бледни
    и жолта гостинка у градите носи.

    По утрини росни, по мугрите пресни,
    наведени ничкум по полињата родни
    зачмаени ние го береме.
    Лист по лист кини
    лист по лист нижи
    лист по лист превртуј, притискај,
    лист по лист милно, таговно реди
    и на долга низа од капки пот
    и надеж со клетва и зелена јад,
    со корав поглед на очите матни
    по кревките лисја жолтозлатни
    прикаска горка на живот клет
    нанижи безгласна а така јасна.

    Та незнаеш ли?

    Денот ли дојде тој да се мери -
    мерка му нема, а в градите длаби
    без да се запре, без дно да најде,
    не тага а клетва, и в очите матни
    и не сакајќи сама се дига
    фуријата.
    Кантарот носи лисјето златно
    а в гради луто далгите беснат
    на жолтата мака - на жолтиот тутун
    на жолтата пот на раците ни!

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Рокси on Саб 11 Окт 2008, 11:30

    Ленка

    Откако Ленка остави
    кошула тенка ленена
    недовезена на разбој
    и на наломи отиде
    тутун да реди в монопол -
    лицето и се измени
    веѓи паднаја надолу
    и усти свија кораво.

    Не беше Ленка родена
    за тија пусти тутуни!
    Тутуни - жолти отрови
    за гради - китки розови.

    Прва година помина
    грутка в срцето и легна,
    втора година намина
    болест ја в гради искина.
    Трета година земјата
    на Ленка покри снагата.

    И ноќе кога месечко
    гроб и со свила виеше,
    ветерчок тихо над неа
    жална и тага рееше:
    „Зошто ми, зошто остана
    кошула недоткаена?
    Кошула беше даровна...“

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Рокси on Саб 11 Окт 2008, 11:31

    Татунчо

    Не ме колни, не ме жали!
    Не ми нижи низа клетви!
    Камен тежок живот ми е
    а по тежок одзив пусти
    по народни думи свети!

    Ако куќа не направив
    со високи шимшир порти,
    куќа цел свет братски ми е
    братски срце што отвора,
    срце - порта највисока,
    срце - куќа најширока.

    Ако жена не донесов
    ѓул - трендафил во одаја
    верна, добра млада љуба -
    не ме колни, не ме жали:
    во борбата другарката
    сонце сјае, сонце трепти!

    Ако млади си години
    по друмишта, по патишта
    в младост горка распосејав -
    погледни ме право в очи:
    ти ли беше што пееше
    „Ајдутин мајка не рани...“

    И ако не умрам дома
    туку кај што стии пиштат
    в борба искри кај што л’штат -
    блазе, речи на душата -
    има зошто душа да е!

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Рокси on Саб 11 Окт 2008, 11:35

    Еден живот

    Сега се беше се потполно во некое мачно чувство, а во молчењето се впиваше слика по слика. Непринудено, сам од себе, му се развиваше пред очите неговиот животен филм. Седејќи недвижен на штичениот под, тој како навистина да дочарува филмско платно. А погледот всушност само рамнодушно му се лизгаше преку мрсниот ѕид, извалкан, со безброј нејасни натписи и цртежи, и тука по тоа се распливнуваше.
    Празно собиче - три чекори напред, три назад. Во ќошето земјена стомна и парче леб. Горе при врвот сино парче небо, урамено и малечко, четвртесто прозорче. И на крај, тој - тука. Му се чинеше дека токму поради тоа сега неговиот филм е потполн, завршен и дека нема со што веќе да се дополни.
    Навистина, да ли се веќе беше свршено?
    Јово одеднаш скокна.
    Ха, ха! Глупава филозофија! Свршено! Тој да мисли дека е се свршено? Глупаво, многу глупаво. Тоа е за очајници. Зар со тоа и тој да се занимава? И тоа токму сега? Не, по сто пати не!
    Јово зачекорува трипати напред, па потоа назад. За она што сега во него зачекори, тој простор беше навистина малечок. Но тој се собра. Тој сиот се потопи во некоја срж.
    Јово - дете.
    Тој се роди кај луѓе што работеа од лулка до гроб, а вечно немаа ништо освен патила. Татка си не го ни видел. Мајка му му расправаше како татко му по чорбаџиските шарлаганџилници го влечел рачниот јарем на примитивната преса од кое се цедело, како потта од неговото лице, афионското масло. И дека умрел во војната, таму некаде околу Криволак, ни сам не знаејќи ни како ни зошто. Остана сираче со мајка си. А таа негова мајка, непросветена жена од стара кова, го тешеше и го учеше на мирноќа. Враќајќи се навечер уморна од работа в поле, пак како и нејзиниот маж на чорбаџиските афионски или тутунски ниви, таа ќе го привлечеше тоа свое дете на скут и му зборуваше како во сказна. Се е, сине, во божји раце! Ете, татко ти се мачеше, се патеше целиот живот, и цедеше за други афионско масло. Но беше божји и бог го повика кај себе... Биди и ти, сине, таков. Трпи мирно се, Господ е голем!
    Трпи, сине!
    А Јово ги сеќаваше тежините на сиромашкиот живот, се патеше со мајка си, но уште ништо не знаеше.
    На школо не се истакна особено. И таму го учеа да трпи. Учителот, откако во почетокот на часот ќе ги истепаше со прат немирните ученици, ќе одржеше потоа проповед за послушното дете, мирното јагне божјо кое ги слуша постарите и кога тие го тепаат, зашто треба да знае дека е тој јагне од големото стадо божјо. Јово чекаше што побргу да излезе од тоа школо и да влезе во вистинското школо - во школото на животот.
    А таму, во патила и немотија, се учи од големата книга - борбата. Големата, сезнајна книга на животот, која им припаѓа на страдалниците и на оние што работат, еднаш, конечно да победат и да го освојат животот.
    Мнозина таа книга уште на почетокот ја затвориле.
    - Нека оди како што оди! Плети котец како татко ти!
    Но Јова нешто однатре го тераше таа книга да ја прочита. Смело и без страв да ја раствори сета.
    - Мајка му и школото го учеа да биде и со најмалото задоволен... А Јова долгите и мачни години чиракување го научија како тоа да се создава. И подоцна годините на бодрото и самосвесно познание наполно му ги отворија очите, и тој ја прочита задната страница од книгата на животот, која се завршуваше со пламениот збор на борбата.
    Та навистина, тој се роди кај луѓе што пателе од лулка до гроб и за нив во книгата на животот беше напишан еден збор: борба.
    Борба.
    Великиот Патоказ.
    Јово стоеше на друм. На големиот друм. Патоказот водеше напред.
    Три чекори напред. Три чекори назад.
    - Не! Напред! Напред!
    Од немите ѕидови се кршеше молкот и ѕидовите зборуваа. Ѕидовите го развиваа филмот, погледите пробиваа и понатаму, низ уморениот видик, потаму во правец на патоказот.
    Од лицето на Јова се разлеа насмев.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Batty on Саб 11 Окт 2008, 13:17

    Е супер! Фала РокГрл!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Morholt on Пон 27 Окт 2008, 21:59

    PantomimoS напиша:убава тема!!ај ќе пробуричкам по дома, имам 100% нешто па ќе напишам.
    чекаме

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Рокси on Чет 19 Фед 2009, 09:38

    Денови – Кочо Рацин

    Како на вратот ѓердани
    ниски камења студени,
    така на плешки денови
    легнале та натежнале.
    Денови ли се – денови
    аргатски маки големи!
    Стани си утре порано
    Дојди си вечер подоцна,
    наутро радост понеси
    навечер тага донеси –
    ај, пусти да е, пуст да би
    остана живот кучешки!
    Роди се човек – роб биди
    роди се човек – скот умри,
    скотски цел живот работи
    за други, туѓи имоти.
    За туѓи бели дворови
    копај си црни гробови!
    За себе само р’гај си
    за себе маки тргај си –
    нижи си ѓердан денови
    нижи си алки ковани,
    нижи си синџир железен
    околу вратот навезен!

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Lost on Чет 19 Фед 2009, 10:36

    Во 1943 година Рацин успева да се врати во Скопје и во пролетта заминува во партизани, во одредот „Кораб”. Станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат” и подготвува две збирки на македонски народни песни.
    Рацин го завршува животот на трагичен начин. Една вечер, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, смртоносно беше застрелан од стражарот што го чуваше пристапот кон печатницата. Во оптек се две верзии околу неговата смрт. Според првата, се работи за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој е намерно убиен. Според наводи на современици, Страхил Гигов политички го изолирал Рацин, и го организирал неговото убиство...

    Lost
    Парадајз
    Парадајз

    Male Мислења : 3694
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Lost on Чет 19 Фед 2009, 10:38


    Го имав истово издание...Го најдов случајно чепкајќи по старите работи во куќата кај баба ми...Еднаш некој ми го побара да го прочита и толку бидна...Веќе не ја видов книгата...
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Bright on Чет 21 Мај 2009, 12:32

    Баш имав писмена за К. Рацин, поточно за Бели мугри. Му се восхитувам на начинот кој ја преточува реалноста во стихови. Секоја песна доловува посебна и моќна порака.
    Песна што ми остави голем впечаток е

    ПРОШТАВАЊЕ
    На печалбарите
    Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
    не ли ти реков на проштавање?
    Ич не ме чекај, ич не ме пекај
    Белград е ламња, во Белград ја роб,
    снага по туѓи палати оставам,
    снага во усти несити клавам,
    и дома - дома не ќе се вратам,
    не ќе ги пијам очите твои
    не ќе ја галам снагата твоја -
    далеку негде сувата рака
    по тебе, Вело, пустата мака
    пуста ќе остане...

    Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
    знам оти чеиз и ти не везеш,
    знам, Вело, пусто остана сичко -
    не ли си и ти аргатка клета?
    Тутуни садиш, тутуни нижеш,
    тутун таговно у монопол редиш,
    ме споменуваш и ем си жалиш
    денови - крепи тешки си редиш —
    Величко, мори, другачко златна!

    Но почуј, Вело, што ќе ти кажам!
    Не ми се, Вело, жали и клети!
    Подигни очи - очи засвети
    онија очи, што душа горат!
    Тој што ни, Вело, однесе сичко —
    тој ни остави од темно темен
    веков за мака - но и за борба.
    Има на вој свет како нас многу!

    Има ги, има - мачат се, копат,
    копачи копат по темнината,
    копачи копат и тунел дупат.

    И има, има - радост голема
    радост длабока во темнината:
    да светиш, Вело, жар да се стопиш
    во борба гроб ти душа не зема!
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Batty on Сре 23 Мај 2012, 11:56

    Копачите

    Се к'ти ноќта црна!
    Се рути карпа - мрак!
    И петли в село пеат
    и зората се зори –
    над карпа в крв се пие
    и темнината пие
    силно
    светнал
    ден!

    Пробудете се морни
    копачки и копачи –
    на трудот
    црн
    народ!

    Со мотика на рамо
    за корка сува леб,
    по патиштата стрмни,
    по полињата paмни,
    у вивналиов ден
    да тprнeмe и ние
    страдалници од век!
    На деда Богoмил
    земjата poвка, мека,
    наба6рена за poд,
    со страдна душа чека
    ударите ни jаки
    со мотиките остри
    по троскот
    пелин
    трат!

    На работа!
    На труд!
    Да прокопаме меко
    полињата родни
    афион, тутун, житце
    да родат благородни.

    И по кривите вади
    да пропуштиме води
    за оризите млади
    и зелени лободи.

    На работа!
    На труд!
    Да роди род богат!
    Да бликне живот млад!
    На пепел троскот, пелин
    во огин пламен jад!
    Жилите да пуштат
    корења длабоко
    плодови да бликнат
    високо, високо
    слободно
    на воздух!

    Ораме со рало
    но земjата ни златна
    колку е богата!

    На пепел троскот, пелин!
    Во огин пламен јaд!

    Да престане, да снема
    тагата голема
    за голиот живот
    на човек
    станал –
    скот.

    И в тaјa мугра пресна
    да екне дружна песна
    на дружните удари –
    та биjат срца млади
    и растат силно гради
    пребликнати со јaд!
    Од сички маки тешки
    не видовме бел ден,
    а од солзи жешки
    не стануе меден
    нашиот живот!

    На работа!
    На труд!
    Та не сме саде ние
    та не сме саде тука –
    ние сме по цел свет
    безброjни
    милиони
    на трудот
    црн –
    народ!

    Да биде честит денот
    и првата ни стапка
    у првиот ни век!
    Ќе мине силен ек
    ќе б'сне сонце златно –
    по секаде на светот
    ќе згине срамно гнетот -
    ке л'сне живот нов!

    И реки ќе потечат,
    и бреме ќе одвлечат
    на вековита смрт!
    Реките од живи
    и пробудени сили
    на копачи
    копачки
    и страдни
    голи
    гладни
    по целата земjа!

    Се к'ти ноќта црна!
    Се рути карпа - мрак!
    И петли в село пеат
    и зората се зори –
    над карпа в крв се мие
    и темнината пие
    силно
    светнал
    ден!



    Рацин во второ, Фројд во четврта.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by prozaque on Сре 23 Мај 2012, 12:39

    ^Замисли брат, еден од "најпреданите" фанови на делото на Рацин во Македонија со неговата невладина организација полна со социјалисти, марксисти и анархокомунисти, носи фармерки и кошула од по 100 евра(each sold separately) и има блекбери мобилка.

    Isn't that just peachy?


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Batty on Сре 23 Мај 2012, 13:10

    Знајш дека воопшто не сум зачуден нит замислен. И дури, понормално е то отколку обратно.

    We've been through that...:)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Sponsored content

    Re: Кочо Рацин

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:17