Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Омилени извадоци од книжевноста

    Share
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Пон 20 Окт 2008, 23:57

    Овде сакам да размениме некои убави кратки дела, поезија, извадоци од книги, драми... нешто убаво кое ќе ни помогне да сфатиме некои работи повеке во животот, да ги споделиме тајните на големите мајстори.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by PantomimoS on Вто 21 Окт 2008, 00:05

    па мислам дека нема ваква тема.... :hahasto:
    ај другиве ако приметат....

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Рокси on Вто 21 Окт 2008, 00:11

    Што би значеле разумот и разборитоста без сознанието за опиеноста, што би значела насладата на сетилата кога зад неа би се наоѓала смртта и што би значела љубовта без вечниот смртен непријател на боговите....

    Заборајв од која книга е, ама знам дека е нешо од Херман Хесе

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Рокси on Вто 21 Окт 2008, 00:13

    Така е тоа. Минува тагата, болката, очајот, исто како пто и радостите минуваат, ја губат длабочината и вредноста и најпосле доаѓа време кога човек повеќе неможе да се сети што било тоа што го болело некогаш

    Хесе - Мислам дек е од „Степскиот Волк“... (ама мислам)

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Рокси on Вто 21 Окт 2008, 00:15

    Ако за твоето задоволство ти треба дозвола од други луѓе, тогаш навистина си за жалење

    „Степскиот волк“
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Вто 21 Окт 2008, 00:19

    еве за почеток една стара индиска многу корисна фантастична книга

    ДЕсидерата

    чЕкори смирено низ вревата и заборавеноста , и сети се на мирот што може да се најде во тишината.Колку што е возможно биди во добри односи со сите луѓе . Зборувај ја својата вистина смирено и јасно , и слушај ги другите дури и глупавите и неуките, бидејки и тие имаат своја приказна . Избегнувај ги бучните и агресивни луѓе затоа што тие се товар на духот.

    Ако се споредуваш себеси со други можеш да останеш огорчен или горд , бидејки секогаш ке има поголеми и помали од тебе.

    Радувај се со своите достигнувања како и на своите планови . Одржувај го ентузијазмот за сопствената професија колку и да е скромна. Тоа е вистинско богатство во променливи времинја . Но тоа нека не те попречува да ги видиш доблестите колку што ги има .Многу луѓе тежнеат кон високи идеали , и животот на секаде е полн со хероизам .

    БИДИ ТОА ШТО СИ БИДИ СВОЈ


    Особено немој да глумиш лјубов , ниту пак да бидеш циничен кон лјубовта, бидејки и покрај својата огорченост и разочарувања , таа е вечна како и тревата .

    Спокојно прими го искуството на големите , складно напуштајки ги работите од младоста . Негувај ја духовната сила за да те штити од неочекувани несреки , но немој себеси да се жалостиш со измислици.

    Многу стравови се јавуваат поради замор и осаменост. Освен одржувањето на здрава дисциплина биди благ кон себеси.

    Ти си дете на Универзумот,ништо помалку од дрвјата и звездите . Имаш право да бидеш тука . Без оглед дали тоа ти е јасно или не , нема сомневање дека универзумот се развива онака како што би требало.Значи биди со господ како и да го замислуваш . и без оглед каква и да ти е работата и какви ти се аспирациите во бучното превирање на животот , задржи го мирот во душата. И покрај оваа нечистотија си срушени соништа , ова е сепак прекрасен свет создаден од творителот за тебе.

    БИДИ ВНИМАТЕЛЕН И ТЕЖНЕЈ ДА БИДЕШ СРЕКЕН....
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Вто 21 Окт 2008, 00:20

    еј па вие сте брзи . јас сакав ова дело да биде прво . ама сепак ми е мило што сте ја виделе темата а уште повеке што сте пишале
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Вто 21 Окт 2008, 00:31

    ТЕГОБНОСТ од Жан Пол С.[center]

    ---Мојата мисла тоа сум јас ете зашто не можам да се запрам . ЈАс постојам затоа што мислам и јас не можам да се воздржам да мислам.
    Дури и во овој момент -тоа е ужасно -ако постојам,. тоа е затоа што ме опфака ужас од Постоенјето. ЈАс сум тој јас кој сакам да се извлечам од непостоенјето кон кое се стремам : омразата одвратноста , тоа се само начини кои ме поттикнуваат да постојам. кои ме задлабочуваат во постоенјето. Мислите се рагаат зад мене како вртоглавица. Чувствувам како се рагаат зад мојата глава .. ако попуштам ке излезат напред , мегу очите а јас секогаш попуштам. мислата се дебели ме исполнува целиот и го обновува моето постоенје

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Рокси on Вто 21 Окт 2008, 00:41

    TheDoorS напиша:
    Спокојно прими го искуството на големите , складно напуштајки ги работите од младоста . Негувај ја духовната сила за да те штити од неочекувани несреки , но немој себеси да се жалостиш со измислици.

    Многу стравови се јавуваат поради замор и осаменост. Освен одржувањето на здрава дисциплина биди благ кон себеси.

    Ти си дете на Универзумот,ништо помалку од дрвјата и звездите . Имаш право да бидеш тука . Без оглед дали тоа ти е јасно или не , нема сомневање дека универзумот се развива онака како што би требало.Значи биди со господ како и да го замислуваш . и без оглед каква и да ти е работата и какви ти се аспирациите во бучното превирање на животот , задржи го мирот во душата. И покрај оваа нечистотија си срушени соништа , ова е сепак прекрасен свет создаден од творителот за тебе.

    БИДИ ВНИМАТЕЛЕН И ТЕЖНЕЈ ДА БИДЕШ СРЕКЕН....

    Респект rock and roll
    Морам да ја прочитам книгава...

    еј па вие сте брзи . јас сакав ова дело да биде прво . ама сепак ми е мило што сте ја виделе темата а уште повеке што сте пишале

    Sorry, се надевам не се лутиш
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Вто 21 Окт 2008, 00:51

    ГРАДИНАР од Р ТАГОРЕ

    ТАжни се твоите проникливи очи . Ми ја испитуваат душата исто како кога месечината би сакала да се нурне во морето. Си го разголив животот пред твоите очи од крај до крај. и ништо не сокрив ниту задржав, Затоа не ме познаваш.
    Да е скапоцен камен , би можел да го раздробам на стотици зрнца и да ти нанижам гердан околу вратот .
    ДА е цвет и свеж и малечпл и сладок , би го откинал од рачката и би ти го вметнал во косата
    Но тоа е моето срце мила , Каде се бреговите негови а каде неговото дно?
    Не ги познаваш мегите на тоа кралство , а сепак си негова кралица.
    Да има само миг на радоста , тој би расцветал во лесна насмевка и ти би мозела да го видиш и да го читаш во мигот .
    ДА е само бол , тој би се растопил во свети солзи , во кои би се огледала најдлабоката тајна , тајна без
    зборови .
    Но тоа е лјубов мила моја .
    НЕјзината радост и бол се без граници ,бескрајни се нејзините желби и нејзиното богатство .
    Таа ти е блиска како живот , па сепак никогаш целосно не можеш да ја познаеш .


    -ТАјната на своето срце не ја задржувај само за себе, ПРијателе!
    КАжи ми ја скришум само на мене .Ти што се насмевнуваш толку лјубезно . шепни ми тифко ке те слушне моето срце ,не моите уши...

    "ОДАМ И ГО ГУБАМ СВОЈОТ ПАТ : БАРАМ ШТО НЕ МОЖАМ ДА ПОСТИГНАМ А ПОСТИГНУВАМ ШТО НЕ БАРАМ..."[i]

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Рокси on Вто 21 Окт 2008, 00:59

    ОДАМ И ГО ГУБАМ СВОЈОТ ПАТ : БАРАМ ШТО НЕ МОЖАМ ДА ПОСТИГНАМ А ПОСТИГНУВАМ ШТО НЕ БАРАМ...

    Ми лајк дис
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Вто 21 Окт 2008, 01:08

    Ke гo поздравам овој ден со лјубов во срцето.
    а како ке го направам тоа? отсега натаму ке гледам со лјубов на сите нешта и повторно ке се родам.ке го сакам сонцето зошто ги грее моите коски;сепак ке го сакам и дождот зошто ми ја прочистува душата .ке ја сакам светлината зошто таа ни го покажува патот ;сепак ке ја сакам и нокта зошто таа ми ги покажува звездите.ке и посакам добредојде на среката зошто таа ми ја проширува душата сепак ке ја сакам тагата зошто ми ја отвара душаѕа.ке ги прифатам наградите зошто сум ги заслужил;сепак ке ги пречекам со добредојде пречките зошто тие се мојот предизвик
    ке го поздравам овој ден со лјубов во срцето.
    а како ке зборувам? ке ги фалам моите непријатели така што тие ке станат мои пријателиi;ке ги охрабрувам своите пријатели и тие ке ми станат бракa.секогаш ке барам причина за да се фалам;никогаш нема да барам изговори за да озборувам.кога ке дојдам во искушение да критикувам , ке си го поткасам јазикот ;кога ке бидам поттикнат да фалам ке викам од покривот .



    OG MANDINO
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Вто 21 Окт 2008, 01:12

    "Визираш размислуваш и ништо за возврат не добиваш . И гласто на тишината понекогаш царува во ликот на мислителот опкружен со многубројни прашанја. А видикот кон иднината. пуст, безобличен и празен , замислен онака апсурдно , онака спонтано за подцна да се открие и да се врати на реалноста... "
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Вто 21 Окт 2008, 01:26

    AKO

    Ако можеш да зачиваш глава кога сите ја губат,
    а те обвинуваат тебе,
    ако можеш да си веруваш себеси,
    кога сите во тебе се сомневаат,
    но да им дозволиш да се сомневаат,
    ако можеш да чекаш,
    а да не се умориш од чекање,
    или да слушаш лаги,
    а во нив да не учествуваш,
    za или да те мразат,
    а да не даваш причина за омраза,
    а сепак да не изгледаш премногу убаво,
    ниту да зборуваш премногу мудро;
    ако можеш да сонуваш-
    а сништата со тебе да не загосподарат ,
    ако можеш да мислиш-
    а при тоа сништата да не ти станат цел,
    ако си во состојба да се соочиш со триумфот и пропаста,
    а кон нив да се однесуваш подеднакво;
    ако можеш да ја поднесеш вистината што сам си ја изрекол,
    а која лошите ја извртеле за да ги залажуваат лугето,
    или да гледаш на нештата на кои
    си им го посветил животот -испокршениi-
    и се надеваш да ги поправиш
    со своите изаебени алатки;
    ако си во состојба да ги присобереш
    сите свои победи и да ги ризикуваш во еден миг на коцка,
    ако го загубиш и почнеш
    повторно од своите почетоци,
    а за загубата да не прозбориш ни збор;
    ако си во состојба да го присилиш срцето,
    нервите и мускулите да те служат долго
    откако веке ги нема,
    и да продолжат така кога во тебе нема ништо,
    освен волја која им наредува:
    “продолжете”
    ако можеш да зборуваш со толпа
    iи ја задржиш доблеста,
    или да се дружиш со кралеви-
    а да не ја загубиш обичноста,
    ако сите на тебе можат да сметаат,
    но никој премногу,
    aако минливиот минут можеш да го исполниш
    со долго бегство од 60 секунди;
    твоја е земјата
    и се на неа,
    и уште повеке -ке бидеш
    човек ,сине
    мој!
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by PantomimoS on Вто 21 Окт 2008, 10:08

    Рокси напиша:ОДАМ И ГО ГУБАМ СВОЈОТ ПАТ : БАРАМ ШТО НЕ МОЖАМ ДА ПОСТИГНАМ А ПОСТИГНУВАМ ШТО НЕ БАРАМ...

    Ми лајк дис

    ми тууу!!!!
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by PantomimoS on Вто 21 Окт 2008, 10:11

    ми се свиѓа тоа од ог мандино!
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Вто 21 Окт 2008, 15:27

    дека си хипи нормално

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Morholt on Вто 21 Окт 2008, 16:21

    да е најдам книгата и јас ќе пишам
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Dirge on Вто 21 Окт 2008, 16:56

    Извадок од Психологија и Алхемија-Јунг
    „Змијата е поитра од сите животни на Земјата;под убавината на својата кожа покажува еден невин лик, а истовремено се обликува самата себе како materia hypostatica со помош на илузијата, кога ќе се натопи во вода.Тука ги собира virtutes од земјата, а тоа е нејзиното тело.Бидејќи таа е многу жедна пие без мера, се опива и така исчезнува природата, којашто е обединета со неа.“

    Извадок од Психологија и религија-Јунг
    „Некои комплекси се само одвоени од свеста,бидејќи таа одлучила да се ослободи од нив по пат на потиснување.Но постојат и комплекси што никогаш не биле во свеста и кои, поради тоа, неможат своеволно да се потиснат.“

    ...
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Dirge on Чет 23 Окт 2008, 21:31

    TheDoorS напиша:кој беше јунг потсетиме :mad:
    Зашто да те потсетам?И зашто така налутено фациче?
    Мене тоа ми е омилено делче.
    Ак незнаеш кој е Јунг имаш гугл и тета Wiki
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by PantomimoS on Пет 24 Окт 2008, 01:59

    абе да...јас мислев да ја оставам тука, а и да ја додадам у тој подфорум...така ќе ја има и тука и таму и си се совпаѓа на двете места.ама ај ќе ја оставам тука и онака сум тапа , и поима неам... :hahasto:
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Пет 24 Окт 2008, 02:00

    ти појма немаш? ајде достааа и да остави ја и на другото место . кууул
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Нед 26 Окт 2008, 15:14

    ЛОРДОВи

    Лордови е напишана на ветва хартија чувана во сина кутија која била врзана со каубојска вратоврска, на насловната стои Лордови и името на Морисон.

    Оригиналот содржи многу корекции и измени – сите направени од раката на Морисон.

    Погледнете што сме зеле да обожуваме.

    Сите живееме во градот.

    Градската форма – најчесто физички, но неизбежно – е круг. Игра. Прстен на смртта со секс како центар. Вози до предградијата на градското субурбано. На работ откриј зони софистицирана мудрост и досада, детска проституција. Но во гаравиот прстен непосредно окружувајќи ја дневната деловна област постои само реална гомила живот како бедем, единствената улица живот, ноќниот живот. Заразени поединци од доларот во хотелите, во куќите со низок морал, во баровите, во заложниците, бурлески и бордели, во умирачки аркади кои никогаш не умираат, во обичните улици и улиците со целоноќни кино претстави.

    Кога играта умира постанува Игра.

    Кога сексот умира постанува Климакс.

    Сите игри ја содржат идејата на смрт.

    Бањи, барови, базен во дворот. Нашиот повреден водач склон на потење и чување тајни. Хлор од неговиот здив и од неговата долга коса. Гибок, иако осакатен, со тело на middle-weight борач. До него поверлив новинар, од доверба. Ги сакаше луѓето со сенс за животот близу него. Но повеќето од пресот беа лешинари кои слетуваат на сцената стрвејќи се по сигурниот настап на Американскиот куриозитет. Камерите во ковчегот ги интервјуираат црвите.

    Потребно е големо убиство да ги тргне карпите на страна и да бидат експозирани чудните црви под нив. Животите на несреќните лудаци се обелоденети.

    Камерата како сегледачки бог, го задоволува нашето тежнеење по сезнаење. Да бидат шпионирани другите од оваа висина и агол: пешаците минувајќи пред објективот како ретки водни инсекти.

    Јога моќи. Да се претвориш себеси невидлив или доволно мал. Да постанеш гигантски и да ги досегнеш најдалечните ствари. Да биде променет текот на природата. Да се сместиш себеси било каде во времето и просторот. Да се повикаат мртвите. Да се егзалтираат сетилата и да бидат забележани недостапни слики, случки од други светови, во еден подлабок внатрешен разум, или во разумот на другите.

    Снајперот е продолжение на неговото око. Тој убива со погубна визија.

    Убиецот, заседата (напишано е the assassin, најверојатно не му се допаднал зборот атентатор...) во лет, гравитира кон подсвеста, институциски штетен инсект, налик на молец, наспроти сигурната зона, рај на ројната улица. Набрзо бива линчуван во врелата, мрачна, тивка утроба на физичкиот театар.

    Модерните кругови на Пеколот: Освалд (?) го убива Претседателот. Освалд влегува во такси. Освалд запира кај станбената зграда. Освалд го напушта таксито. Освалд го убива офицер Трипит. Освалд ја облекува јакната. Освалд бидува уапсен.

    Тој побегнува во филмската куќа.

    Во утробата сме слепи пештерски риби.

    Се постанува заматено и вртоглаво. Кожата набабнува и нема повеќе разлика меѓу деловите на телото. Продорни звуци на закана, потсмевање, монотони гласови. Ова е стравот и привлечноста да се биде проголтан.

    Во сонот, куртон е навлечен на телото како ракавица. Ослободен од просторот и времето. Ослободен да се изгубиш во тековното лето.

    Сонот е океански понор вронет во секоја ноќ. Наутро, будењето е нелагодно, тешко дишење, печење на очите.

    Окото изгледа вулгано

    Во неговата очна школка

    Излези надвор

    Во сета своја Брилијантност.



    Ништо. Воздухот надвор

    Ми ги гори очите.

    Ќе ги ископам

    И ќе се решам од болката.

    Крцкава врела белина

    Градот Напладне

    Жителите на заразената зона

    Се прождерени.

    (Жителите на Санта Ана се оддувани во пустината)

    Параат болно и скокаат во браздите.

    Потрага по вода, влажност,

    “влагата“ на актерот, љубовникот.

    “Играчите“ – дете, глумец, и коцкар.

    Идејата на шансата недостига во светот на детето и на примитивниот човек. Коцкарот исто така верува во помош од туѓа сила. Шансата значи опстој на религијата во модерниот град, како во театарор, почесто во киното, религијата на опседнувањето.

    Каква жртва, по која цена може градот да биде роден?

    Не постојат повеќе “танчери“, сега се опседнати. Расцепот на луѓето на актер и гледачи е централен факт на нашето доба. Опседнати сме со херои кои живеат наместо нас и кои ги казнуваме. Кога сите радија и телевизии би биле лишени од нивниот извор на моќ, сите книги и слики би биле изгорени утре, сите претстави и кина затворени, сите уметности кои се замена за егзистенцијата...

    Исполнети сме со “даденото“ од потрагата на сетилата. Метаморфозиравме од лудо тело кое танцува на работ во пар очи кои зјапаат во мракот.

    Ниту еден затвореник не ја повратил сексуалната рамнотежа.

    Депресии, импотенција, инсомнија...еротска дисперзија во јазиците, во книгите, во игрите, музиката, и гимнастиката.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Нед 26 Окт 2008, 15:16

    Затворениците изградуваат сопствен театар кој сведочи за неверојатната презаситеност од слободно време. Младиот морнар присилен на феминистички улоги, наскоро постанува “градска“ драга, додека за тоа време тие се нарекуваат град, и избираат градоначалник, полиција, старешинство.

    Во стара Русија, Царот, секоја година гарантирал по негова лукавост и добра воља, или пак еден од неговите советници, да биде ослободен на една седмица еден казненик од секој затвор. Изборот кој ке биде пуштен се одредувал од самите затвореници на неколку начини. Понекогаш со гласање, понекогаш со лотарија, но најчесто со сила. Забележливо е дека избраниот морал да биде маг, сексуален пастув, искусен, можеби со наративни вештини, човек на можноста, накратко, херој. Невозможната ситуација, моментот на слобода, невозможната селекција, го дефинираат нашиот свет во времето на неговите потреси.

    Собата го преминува пејзажот, го искоренува паметот, ја вкаменува визијата. Сив филм се топи од очите и тече низ образите. Збогум.

    Модерниот живот е патување со автомобил. Патниците се менуваат во нивните засмрдени седишта, или менуваат автомобил по автомобил, подложни на непрестана преобразба. Неизбежниот напредок е направен напрам почетокот (нема разлика на границите), како што процепуваме низ грдовите, чиишто расцепени позадини покажуваат движечки слики од прозорци, знаци, улици, згради. Понекогаш другите возила, затворени светови, вакууми, патуваат понатака само за да се движат напред или да да пропаднат целосно назад.

    Уништи ги сите покриви, ѕидови, погледни во сите соби одеднаш.

    Од воздухот ги заробивме во замка боговите, со боговите сезнајниот поглед, но без нивната моќ да се биде внатре во разумот и градовите како што тие можат летајќи горе.

    30сти Јуни. На сончевиот покрив. Тој се буди одненадеж. Во тој миг авион од воздухопловната база ползи на тивкото синило. На плажата децата пробуваат да скокнат на неговата брзодвижечка сенка.

    Птица или инсект се струполува во собата и не може да го најде прозорецот. Поради тоа што тие не знаат за “прозорци“.



    Осите, одржувајќи растојание со стаклото,

    Одлични танчарки

    Непристрасни, без желба

    За надвор.



    Соба од мрежа за инсекти

    Го чита речникот на љубовта

    На зелена светлост

    Од скапано месо.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Нед 26 Окт 2008, 15:17

    Кога луѓето ги замислиле градбите,

    И се затвориле себеси во соби,

    Најпрвин дрва и пештери.



    (Прозорците работат во две насоки, огледалата во една).



    Никогаш нема да може да пречекориш преку огледалото,

    Или да препливаш преку прозорецот.



    Го лечат слепилото со плуканица од проститутка.



    Во Рим, проститутките биле изложувани на покривите над јавните патишта поради сомнителната хигиена на лабавата толпа народ чијашто потенцијална страст го загрозувала кревкиот поредок на моќта. Дури е спомнато дека дури и видни дами, маскирани и голи, понекогаш се понудувале пред заврзани очи на случајно избрани заради лично задоволство и сопствена возбуда.

    Помалку или повеќе, сите сме заболени со психологијата на воајерот. Не стриктно во клиничка или криминална смисла, но во потполност физички и емоционален став наспрам светот. Кога и да пробаме да ја прекинеме оваа клетва на пасивноста, нашите акции се сурови и неспретни и генерално обсцени, налик крипав кој заборавил како да се движи.

    Воајерот, ѕиркачот, е мрачен комичар. Тој огадува во сопствената темна анонимност, во неговата тајна наезда. Тој е јадно осамен. Но за чудо, тој е способен од истава оваа тишина и криење да создаде партнер од секој во неговиот видокруг. Ова е неговата закана и моќ.

    Не постојат стаклени куќи. Штитниците се навлечени и “реалниот“ живот започнува. Одредени активности се невозможни на отворено. И овие тајни случувајна се играта на воајерот.Тој ги демне со небројната војска очи – како девственото забележување на Божеството кое гледа се. “Ама баш се?“ прашува детето. “Да, се“, тие одговараат, и на детето му преостанува да се бори со оваа божествена пренаметливост.

    Воајерот е мастурбатор, огледалото е негов беџ, прозорецот е негов плен.

    Итноста да се стапи во контакт со “Надворешното“, преку апсорбција, интеризација. Јас нема да излезам, вие морате да влезете во мене. Во мојата утроба-градина од кадешто јас ѕиркам нанадвор. Кадешто јас можам да конструирам универзум, внатре во главата, соперник на реалното.

    Таа вели, “Твоите очи се секогаш црни“. Зеницата се отвара да го одмери објектот на визијата.

    Сликите се појавуваат поради недостаток. Недостаток од “пријателски пространства“. Градите се отстранети и лицето ја покажува својата ладност, љубопитност, сила, и своето несфатливо присуство.

    Можеш да уживаш во животот оддалеку. Можеш да ги погледнеш работите но да не ги вкусиш. Можеш да ја погалиш мајката но само со поглед.

    Не можеш да ги допреш овие фантоми.

    Француска табла. Солитер. Си дели себеси една рака. Ги превртува сликите од минатото во бесконечна пермутација, сече и почнува. Ги подредува сликите повторно. И повторно ги подредува. Оваа игра ги открива клиците на вистината, и смртта.

    Sponsored content

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:43