Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Омилени извадоци од книжевноста

    Share
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by PantomimoS on Сре 11 Мар 2009, 22:35

    Овој свет на перспективи, свет на окото, допирот, увото, е мошне лажен кога ќе се спореди со некој многу почувствителен сетилен апарат.Но неговата разбирливост, прегледност, употребливост, неговата убавина почнуваат да се губат ако ги изостриме нашите сетила:на ист начин се губи и убавината кога размислуваме за случувањата низ историјата, изнаоѓањето цел е илузија.Накратко, колку поповршно и погрубо го сфаќаме светот, толку повеќе ни се чини дека тој има повисока вредност, дека е поодреден, поубав, позначаен.Колку подлабоко во него ќе навлезе нашиот поглед, толку повеќе се губи нашата оценка за неговата вредност - и се приближува безначајноста!Ние сме создале свет кој има вредност!Согледувајќи го тоа, согледуваме и дека самото почитување на вистината е последица на една илузија - и дека многу повеќе е потребно да се цени обликувачката, поедноставувачката, творечката, поетската сила.
    „Се е лажно!Се е дозволено!“
    Дури и по извесна тапост на погледот и желба за едноставност, се појавува убавото „вредноста“..Од сопствено искуство, тоа е нешто за што ни самиот незнам што е.


    Фридрих Ниче
    -„Волја за моќ“
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by prozaque on Сре 11 Мар 2009, 23:47

    Смртта е врата.И љубовта е врата.Еднаш да влезеш во родницата на мајка ти во љубов, и еднаш да излезеш од љубовта, во смрт.Затоа нетагувајте по покојните и разделените љубовници.Тие се во истата куќа, но во различна соба.
    Само еднаш се љуби и умира.Едноставно е:Kој не љубел тој не живеел, кој не умрел и тој не живеел.Затоа не бој се, отворија ја вратата: Исто е да се умира и љуби---Венко Андоновски - Вештица

    Да го ставам ова пред Циметчето да го стави пред мене... :њењењењ:


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Temptation

    Female Мислења : 1213
    Зачленет на : 2009-01-22

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Temptation on Нед 15 Мар 2009, 22:40

    Седи, ни му шетај, а бре Апостоле,
    Во ноќно време по месечина.
    Не пат те чека, а бре бај Апостоле,
    На пат те чекат дорштри посии:
    Прва посија, а бре Постоле,
    Прва посија, грчки андарти,
    Втора посија, а бре бај Постоле,
    Втора посија турски џандари,
    Трете посија клети шпиони.
    Менш ни ме страв, бе моја дружино,
    менш ни ме страв од андартите,
    ниту ми е страв од џандарите,
    Нај менш ме страв од другарите,
    Стија, шо пија и наедно спија

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Cinnamon* on Вто 17 Мар 2009, 13:22

    БАЛЕРИНАТА: Ти ќе бидеш среќен, ако јас сум среќна.
    КЛОВНОТ: Јас сум многу среќен, ако си ти среќна. Само, кога си ти среќна, среќо моја, нешто не е во ред. Еден твој дел не е во ред. Нешто со главата. Немаш ти проблем со мене. Ти маш проблем со себе. Измислуваш работи. Ме гледаш не можеш да ме видиш. Тебе ти треба помош.
    БАЛЕРИНАТА: Јас сум луда?
    КЛОВНОТ: Ти си слепа.
    БАЛЕРИНАТА: Ти си свиња.
    КЛОВНОТ: Ти претеруваш.
    БАЛЕРИНАТА: Јас ќе те оставам и ќе одам да легнам со некој будала.
    КЛОВНОТ: Не те слушнав.
    БАЛЕРИНАТА: Да ти повторам?
    КЛОВНОТ: Со која будала ќе одиш да легнеш.
    БАЛЕРИНАТА: Кој прв ќе наиде.
    КЛОВНОТ: Јас сум и тука и будала.
    БАЛЕРИНАТА: Друго ми треба.
    КЛОВНОТ: Повеќе будали?
    БАЛЕРИНАТА: Ја преврте работава.
    КЛОВНОТ: А, тебе не.
    БАЛЕРИНАТА: Тоа ти е?
    КЛОВНОТ: Ти си ми.
    БАЛЕРИНАТА: Знаеш ти и подобро
    КЛОВНОТ: Добро. Ми требаш. Ми требаш како добра вест. Како отсабајле цигара. Како ти отсабајле... Како на куче коска. Како на џанки дилер. Како на гробар смрт. Како на свиња леш. Како на војник оружје. Како на дилер со оружје војна.
    БАЛЕРИНАТА: Лажеш, многу е.
    КЛОВНОТ: Лажам. Малку е.
    БАЛЕРИНАТА: Готово е.
    КЛОВНОТ: Знам. *пауза* Друго сакав да кажам. *пауза* Сакав да кажам...
    БАЛЕРИНАТА: Нешто за љубов?
    КЛОВНОТ: Да.
    БАЛЕРИНАТА: Ти ќе зборуваш за љубов?
    КЛОВНОТ: Да.
    БАЛЕРИНАТА: Па, ти поеба се живо.
    КЛОВНОТ: Да.
    БАЛЕРИНАТА: Толку.
    КЛОВНОТ: Има уште нешто. Ти си нешто друго.
    БАЛЕРИНАТА: Нема да ме убедиш.
    КЛОВНОТ: Знам. Види. Еден дел во мене умира.
    БАЛЕРИНАТА: Не е смешно.
    КЛОВНОТ: Не е смешно. Некогаш не оди.
    БАЛЕРИНАТА: Збогум.
    КЛОВНОТ: Чекај. Немој. Ти си... мојот ангел чувар.
    БАЛЕРИНАТА: Така ли? ДА не имаш некоја желба?
    КЛОВНОТ: Имам.
    БАЛЕРИНАТА: Мене?
    КЛОВНОТ: Тебе.
    БАЛЕРИНАТА: Како ти текна?
    КЛОВНОТ: Ме знаеш.
    БАЛЕРИНАТА: Те знам. Тоа ли се бара од ангели? Како еднаш не кажа нешто убаво? Како еднаш не кажа нешто друго.
    КЛОВНОТ: Не се разбравме.
    БАЛЕРИНАТА: Не. Одлетав јас.
    КЛОВНОТ: Летај. Летај ако можеш. *пауза* Сега ќе кажам нешто. *пауза* Сега ќе кажам нешто друго. *** Те сакам. И... Сега малку ќе умрам за тебе.

    MME кој прв почна - Дејан Дуковски
    avatar
    danna*shoe

    Female Мислења : 6846
    Местолокација : секаде, тука, тамо..
    Зачленет на : 2008-10-24

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by danna*shoe on Вто 17 Мар 2009, 15:36

    кога сме кај мме

    ПЕСНА НА ЗАБОРАВЕН АНГЕЛ

    Бевме богови
    Се симнавме долу
    Да си играме луѓе
    Да си играме смрт
    Се заигравме
    Се заборавивме
    Се изгубивме
    Станавме друго
    Тебе те нема
    Нешто умре
    А, оставивме ангели,
    Некаде горе
    Да има некој,
    Да нè чува и пази
    Да нè потсети
    Да каже, доста е
    Доста, играње
    Може да боли
    Луѓето си играат
    Луѓето умираат
    Те нема и
    Ништо не е исто
    Без тебе
    Ништо нема да се врати
    Врати се
    Ме боли колку те нема
    Врати се
    За да те убијам пак
    Врати се
    Земи ме и мене

    Не верувам во богови
    Не верувам во ангели
    Ама гледам духови
    И верувам во тебе
    Врати се
    Ме боли колку те нема
    Врати се
    За да те убијам пак
    Врати се
    Земи ме и мене,
    На крилја и ветер
    Однеси ме назад,
    Некаде горе
    Да си играме богови
    Да си играме љубов
    Да заборавиме
    Дека се изгубивме





    циметче поштујем
    avatar
    SQUIER13

    Male Мислења : 243
    Зачленет на : 2009-03-16

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by SQUIER13 on Вто 17 Мар 2009, 15:53

    ИНТИМНА

    Понекогаш ќе ти идам на сон
    Како не чекан и не канет гостин
    Не ме оставај надвор во дворот
    Вратата не ја заклучувај
    Ќе влезам тивко, кротко ќе седнам
    Ќе вперам очи во мракот да те видам
    Кога ќе се наситам гледајќи те
    Ќе те бакнам и ќе си заминам

    Вапцаров
    avatar
    Temptation

    Female Мислења : 1213
    Зачленет на : 2009-01-22

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Temptation on Сре 01 Апр 2009, 00:54

    "Много умреле од змија, ама ја велам много појќе умреле од другиве змии со две нозе што со уста не касаат тие, а со куршум и нож"
    "Честа на Цвета е чест македонска, света чест и нам, на младите се паѓат да ја вардиме таа чест и да накажиме секого, кој посега на таа чест!... Ние требит да бидиме м'жи, требит да бидеме јунаци, требит да бидиме готој да умриме за нашата чест и слобода! Ех слободија, слободија!... Ако имаше слободија не ќе ја газеше турската нога нашата земја!"
    "Цвета: Умрев, а-м-а... Т-У-Р-К-И-Н-А не с-т-а-н-а-в!(Умира.)

    "Македонска крвава свадба"- Војдан Чернодрински
    avatar
    Korovjov

    Male Мислења : 797
    Местолокација : City of the Pyramids
    Зачленет на : 2008-11-10

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Korovjov on Чет 02 Апр 2009, 07:29

    Џејн, тебе те уби тоа
    што премногу знаеше
    Го кревам пијалаков за твоите коски
    за кои ова куче
    постојано сонува.
    avatar
    SQUIER13

    Male Мислења : 243
    Зачленет на : 2009-03-16

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by SQUIER13 on Вто 07 Апр 2009, 10:54

    112 сонета

    Љубовта твоја ко милост што блика
    Го сокри срамот од моето чело,
    Која како сака може да ме вика:
    Лош или добар;ти доброто дело
    мое го фалиш,злото ми го прости
    Ти си мојот цел свет, твојот глас ме буди,
    За сите мои добрини и злости
    Друг освем тебе нема да ми суди.
    Ги фрлам во бездна сите грижи, казни,
    И туѓ збор веќе нема да ме рани,
    Глува за ласки и совети празни
    Мојата така немарност се брани.

    Ти си во сите мои желби силни,
    Без тебе светот мртов ми се чини.

    Вилијам Шекспир

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Morholt on Пет 10 Апр 2009, 03:49

    „Дај, Боже, сегашното востаајн’е да ни послужит како еден урок за нашијот народ; урок за сите нас македонци, без разлика каде сме се образуале, и како сме се до сега викале. Дај, Боже, сега пролиената крв да послужит како завет меѓу живите, који сет должни пред таја крв да се заклнат за једна обшча културна работа, на полза и среќа на нашата обшча много патена таткоина - Македонија.“
    За македонцките работи


    Последната промена е направена од Karan на Вто 14 Апр 2009, 14:53. Мислењето е променето 1 пати

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Шмугле on Пет 10 Апр 2009, 14:42

    по ѓаволите, колку вистинито.

    “ ...
    и кога ке почнеш да гориш поради малкута искра надеж која им
    си ја вдахнал на најслабите, радосно ке те гаснат со кофи полни
    ситнодушност чија единствена цел е да те натераат да сватиш
    дека никогаш повеке несмееш и не треба да се осмелиш
    .

    ...’’

    Извадок од
    “Луѓе на кои не им се отвара падобранот’’
    од Алекс Букарски.
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Гостин on Нед 12 Апр 2009, 23:05

    Нам во животот ни е дозволено да направиме многу грешки - рече адвокатот. Освен една: онаа што ќе не уништи.
    ‘‘Вероника реши да умре’’ - Пауло Коелјо
    avatar
    the girl

    Female Мислења : 680
    Местолокација : охрид-струга
    Зачленет на : 2009-04-11

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by the girl on Пон 13 Апр 2009, 01:09

    ''...А ,зошто вие луѓето штом зборувате за нешто ,веднаш започнувате со она ваше ова е лудо ,ова е умно ,ова e добро,ова е зло!
    А што значи сето тоа!Дали ги имате испитано внатрешните врски на една постапка?
    Можете ли со сигурност да ги откриете причините за тоа ,зошто нешто се случило ,зошто морало да се случи?Кога би можеле вие сето тоа, тогаш не би ги донесувале пребрзано вашите преценки...''
    од ,,Страданијата на младиот Вертер'' - Гете
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by balAlajkA on Вто 21 Апр 2009, 14:07

    ДУМАЊЕ

    Зашчо, зашчо ја да љубам?
    Зашчо себеси да губам?
    Окул-нокул јарка младост
    От љубовта барат ладост.
    Та лад не дат, пламен даат,
    И во маки душа клаат.

    Зашчо, зашчо ја да љубам?
    Зашчо себеси да губам?
    Јарка младост јарко греит
    И ко цвеќе ме венеит,
    Барам сенка да с`оладвам,
    В место сенка в жарој падвам.

    Зашчо, зашчо ја да љубам?
    Зашчо себеси да губам?
    Младост срцето ми печит
    Без надежда да м`излечит.
    Ела, младост, усили се,
    И во мене угасни се!


    Константин Миладинов


    овие стихови посебно ме вдахнуваат кога ги слушам со музиката на `Мизар`. Совршенство! rock and roll

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Morholt on Вто 21 Апр 2009, 14:57

    Морам само да го потврдам горе напишаното едноставно немам зборви на песната...

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Morholt on Чет 23 Апр 2009, 02:05

    единствената песна што ја напишал Ристо Шишков

    Земи ги.......очиве
    моиве две остри сабји
    нанижи си ги како два
    златни синџири
    околу твоите бели гради.
    Земи ја........устава
    од неа вода да пиеш
    јас ќе си одам в планина
    и ќе ти бидам комита.
    Јас сум ти твојот комита
    Ристо Беломорски,
    од Грамос и Вичо планина
    роден во време опасно,
    време комунистичко.
    Комунистиве глава кренаа
    и мене в зандана турија
    за моја жална
    Македонија.
    Комунистиве ми даваат
    рубата комитска
    да се претворам во
    Турунџе
    да се претворам во Гули
    војвода
    за да си ладам душава
    душава моја изгорена.
    Не сум ти јас Турунџе
    ниту сум Гули војвода
    јас сум си самиот комита-
    Ристо Беломорски
    Дај ми го..........шмајзерот
    јас да си одам в планина
    там да си најдам дружина
    дружина одбор комити.
    На Грамос
    ќе најдам Делчета
    на Пирин ќе најдам
    Сандански
    на Бигла ќе најдам Јордан
    Пиперка.
    Дружба да дружам
    со комити
    дружба да дружам,
    бој да си бијам
    бој да си бијам со три
    ламји со три аждаи
    со варварите, татарите и
    србоманите
    што ми грабнаа убава
    девојка,
    ја грабнаа и оковаа со три
    синџири.
    Роб робува убава девојка
    роб робува седумдесет
    години.
    Дај ми ја..........сабјата
    сабјата дипленица
    да си искинам синџири
    седумдесетгодишни
    да си ослободам девојка
    робинка
    девојка робинка - лична
    Македонија.
    Земи ги........очиве
    моиве две остри сабји
    нанижи си ги како два
    остри синџири
    околу твоите бели гради.
    Земи ја........устава
    од неа вода да пиеш
    јас ќе си одам в планина
    и ќе ти бидам комита.
    Јас сум ти твојот комита
    Ристо Беломорски
    од Грамос и Вичо
    планина
    avatar
    jinx

    Male Мислења : 162
    Зачленет на : 2009-04-03

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by jinx on Чет 23 Апр 2009, 02:37

    јас сум црна мрава на црн мрамор и господ не само што ме гледа туку го слуша и топотот на моите нозе.......Папокот на светот Венко Андоновски

    и уште едно
    и ова повеќе не сум јас ова е некој што ме глуми..........Ристо Вртев
    avatar
    Korovjov

    Male Мислења : 797
    Местолокација : City of the Pyramids
    Зачленет на : 2008-11-10

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Korovjov on Чет 23 Апр 2009, 07:37

    Dinosauria, We



    Born like this
    Into this
    As the chalk faces smile
    As Mrs. Death laughs
    As the elevators break
    As political landscapes dissolve
    As the supermarket bag boy holds a college degree
    As the oily fish spit out their oily prey
    As the sun is masked
    We are
    Born like this
    Into this
    Into these carefully mad wars
    Into the sight of broken factory windows of emptiness
    Into bars where people no longer speak to each other
    Into fist fights that end as shootings and knifings
    Born into this
    Into hospitals which are so expensive that it’s cheaper to die
    Into lawyers who charge so much it’s cheaper to plead guilty
    Into a country where the jails are full and the madhouses closed
    Into a place where the masses elevate fools into rich heroes
    Born into this
    Walking and living through this
    Dying because of this
    Muted because of this
    Castrated
    Debauched
    Disinherited
    Because of this
    Fooled by this
    Used by this
    Pissed on by this
    Made crazy and sick by this
    Made violent
    Made inhuman
    By this
    The heart is blackened
    The fingers reach for the throat
    The gun
    The knife
    The bomb
    The fingers reach toward an unresponsive god
    The fingers reach for the bottle
    The pill
    The powder
    We are born into this sorrowful deadliness
    We are born into a government 60 years in debt
    That soon will be unable to even pay the interest on that debt
    And the banks will burn
    Money will be useless
    There will be open and unpunished murder in the streets
    It will be guns and roving mobs
    Land will be useless
    Food will become a diminishing return
    Nuclear power will be taken over by the many
    Explosions will continually shake the earth
    Radiated robot men will stalk each other
    The rich and the chosen will watch from space platforms
    Dante’s Inferno will be made to look like a children’s playground
    The sun will not be seen and it will always be night
    Trees will die
    All vegetation will die
    Radiated men will eat the flesh of radiated men
    The sea will be poisoned
    The lakes and rivers will vanish
    Rain will be the new gold
    The rotting bodies of men and animals will stink in the dark wind
    The last few survivors will be overtaken by new and hideous diseases
    And the space platforms will be destroyed by attrition
    The petering out of supplies
    The natural effect of general decay
    And there will be the most beautiful silence never heard
    Born out of that.
    The sun still hidden there
    Awaiting the next chapter.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by balAlajkA on Чет 23 Апр 2009, 12:56

    садријазме, а бе тро дан ја кладов истава песна тро поназад, и ти ја искоментира?

    *****************

    Везилка – Блаже Конески


    Везилке, кажи како да се роди
    проста и строга македонска песна
    од ова срце што со себе води
    разговор ноќен во тревога бесна?

    - Два конца парај од срцето, драги,
    едниот црн е, а другиот црвен,
    едниот буди морничави таги,
    другиот копнеж и светол и стрвен.


    Па со нив вези еднолична низа,
    песна од копнеж и песна од мака,
    ко јас што везам на ленена риза
    ракав за бела невестинска рака.

    Судбинско нешто се плело за века
    од двете ниски, два созвучни збора,
    едната буди темница што штрека,
    другата буди вкрвавена зора.


    2.

    Везилке, крени наведена лика,
    погледај в небо во претпладне златно:
    се зари таму и чудесна блика
    твојата везба на синото платно.

    За тебе нема ни вечерен запад,
    ти - морно око на трепетна срна.
    две бои таму ти горат и капат,
    две шарки твои - црвена и црна.

    Зар не се плашиш јаркоста нивна,
    и најмил спомен дека ќе ти згасат?
    Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
    дните ти минат, прокоби се гласат.


    - И најмил спомен што в душа ми блесна
    се гаси од нив ко цвеке без боја.
    Но ти што ловиш звук на чудна песна,
    ти си ја кажа судбината своја
    .


    совршенство! бисер во македонската лирика
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Bright on Чет 14 Мај 2009, 19:13

    Смртта е врата. И љубовта е врата. Еднаш да влезеш во родницата на мајка ти во љубов, и
    еднаш да излезеш од љубовта, во смрт. Затоа нетагувајте по покојните и разделените љубовници. Тие се во истата куќа, но во различна соба.
    Само еднаш се љуби и умира. Едноставно е: Kој не љубел тој не живеел, кој не умрел и тој не живеел. Затоа не бој се, отворија ја вратата: Исто е да се умира и љуби.


    Венко Андоновски - Вештица
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Bright on Чет 14 Мај 2009, 19:17

    The Quality of Mercy


    The quality of mercy is not strained.
    It droppeth as the gentle rain from heaven
    Upon the place beneath. It is twice blest:
    It blesseth him that gives and him that takes.
    Tis mightiest in the mightiest; it becomes
    The throned monarch better than his crown.
    His scepter shows the force of temporal power,
    The attribute to awe and majesty,
    Wherein doth sit the dread and fear of kings.
    But mercy is above this sceptered sway;
    It is enthroned in the hearts of kings;
    It is an attribute of God himself;
    And earthly power doth then show like God's
    When mercy seasons justice.

    Shakespeare


    (oва го знам на памет и секогаш ќе го знам.
    Изрецитирано на денот посветен на Shakespeare)

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by UrizenIX on Пон 18 Мај 2009, 14:15

    Let Go of Your Worries

    Let go of your worries
    and be completely clear-hearted,
    like the face of a mirror
    that contains no images.
    If you want a clear mirror,
    behold yourself
    and see the shameless truth,
    which the mirror reflects.
    If metal can be polished
    to a mirror-like finish,
    what polishing might the mirror
    of the heart require?
    Between the mirror and the heart
    is this single difference:
    the heart conceals secrets,
    while the mirror does not.

    The Divani Shamsi Tabriz, XIII by Jelaluddin Rumi (1207-1273)
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by balAlajkA on Пон 18 Мај 2009, 17:01

    Денови во 1903


    Никогаш веќе не ги видов работите толку брзо изгубени...
    поетските тие очи, тоа бледо
    лице... во смрачувањето на патот...
    Не ги добив никогаш веќе работите
    што случајно ги сретнав
    што ги напуштив толку лесно
    и што потоа во агонија ги љубев.
    Поетските тие очи, бледото лице,
    тие усни никогаш веќе не ги добив.

    Константинос Кавафис

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Шмугле on Вто 19 Мај 2009, 10:33

    ... им беше ѓаволски тешко. Беа толку храбри што ни се кинеа срцата!
    Меѓу нив беше и еден младич - умираше. Некако бргу насетувате кој ке умре,
    и јас знаев дека тој умира. Си легнав на креветот, но неможев да спијам,
    па слегов да го видам одделението. Не се малтретирав да ја облекувам униформата,
    го облеков само фустанот и седнав до него. О Боже, Џо! Можете ли да си замислите
    - одеднаш рече со детски глас: “Мамо, ти ли си?’’ Што можев да речам?
    Реков: “Јас сум, мило, се’ е во ред.’’ А потоа тој рече: “Тука ли е Џон?’’,
    а јас реков; “Да, тука е некаде.’’ И почна да блада. Сакав да сторам нешто за него,
    нешто посебно. Така го соблеков фустанот и легнав на креветот до него прегрнувајки го.
    Престана да блада, воздивна и се припи до мене ...

    извадок од “Последната Кашмирска Роза’’
    од Барбара Клеверли

    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Dirge on Нед 24 Мај 2009, 19:22

    The most merciful thing in the world, I think, is the inability of the human
    mind to correlate all its contents. We live on a placid island of ignorance in
    the midst of black seas of infinity, and it was not meant that we should voyage
    far. The sciences, each straining in its own direction, have hitherto harmed us
    little; but some day the piecing together of dissociated knowledge will open up
    such terrifying vistas of reality, and of our frightful position therein, that
    we shall either go mad from the revelation or flee from the light into the
    peace and safety of a new dark age.

    The call of Cthulhu-H.P. Lovecraft

    Sponsored content

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:44