Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Омилени извадоци од книжевноста

    Share
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by prozaque on Пон 08 Јун 2009, 20:07

    Дворскиот шут и Венера....

    Каков чудесен сон! Големиот парк смалаксува под усвитеното око на соцнето, како што младоста се подава на силата на Љубовта.

    Екстазата на целата природа не се изразува ни со најмал шум; дури и водата се чини поспана.Сосем спротивно од празнувањето на луѓето, природата празнува низ тивка оргија.

    Се посилна светлина ги прави предметите поблескави.Опојните цвеќиња горат од желба да се натпреваруваат со азурот на небото по јаркоста на своите бои, а жегата, истерувајќи ги во воздухот миризбите, ги извишува кон Ѕвездата, небаре осветен чад од темјан.

    Сепак и во оваа сеопшта радост, јас забележав едно натажено суштество...

    Во нозете на една гигантска скулптура на Венера, стои еден од оние неприродни шутови, еден од оние доброволци шегобијци задолжени да развеселуваат кралевите кога ќе ги обземи Здодевноста или грижата на Совеста.Нагрден со светкава и смешна облека, со рогови и ѕвончиња на главата сиот згрчен до пиедесталот, тој ги крева очите полни со солзи кон бесмртната Божица.

    А очите му зборуваат : - Јас сум последното и најосаменото од сите човечки суштества, лишен од љубов и пријателство и поради тоа подолен и од најдолното животно.Па сепак, и јас сум создаден да ја чуствувам и сфаќам бесмртната Убавина.Ах, Божице!Имај милост на мојата тага и занес

    Но, неумоливата Венера со своите мермерни очи гледа некаде далеку...


    Шарл Бодлер, Сплинот на Париз


    Последната промена е направена од prozaque на Вто 09 Јун 2009, 12:57. Мислењето е променето 1 пати


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Alive on Пон 08 Јун 2009, 21:18

    Бодлер не го викаја на овај...?
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by prozaque on Вто 09 Јун 2009, 12:57

    Печатна грешка..не сум ја забележал...


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Alive on Вто 09 Јун 2009, 19:32

    Зато јас сум тука за да те поправам, не замерувам...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by balAlajkA on Чет 18 Јун 2009, 10:32


    Анте Поповски:
    Од сина тишина зборови



    Од сина тишина создавав зборови
    и од зборови Те создавав Тебе
    Те поведов низ младоста, низ цел живот
    една по една да ги собираме трошките
    на кои постапно се распаѓавме.

    Сега, легнувајќи во самите корени
    на новиот век
    се загледуваш во мене
    и ги згаснуваш една по една
    ѕвездите во моите очи.
    Така, обезѕвезден, влегувам во предел
    на света бессоница,
    во предел на морничав студ.

    О, поезијо, девојко со вкус на вечност.


    секоја чест секоја чест
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by balAlajkA on Чет 18 Јун 2009, 11:12

    Ацо Шопов


    ВО ТИШИНАТА

    Ако носиш нешто неизречено,
    Нешто што те притиска и пече,
    Закопај го во длабока тишина –
    Тишината сама ќе го рече
    .


    секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест толку малку зборови, толку многу вистини!

    П.С. оваа строфа е наводно продолжение на славните стихови:

    `Она раѓа исти наслутувања,
    тивко бодри и тивко нажалува,
    и еднакви мисли,доживувања,
    во срцето и умот распалува. `
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by balAlajkA on Чет 18 Јун 2009, 11:18

    МЛАДОСТ

    Секоја утрина се будам млад како сонцето
    што далгите но сонот ги позлатува.
    Како успокојува таа младост непрестајно
    раѓана
    и каква надеж обогатува!

    Ho минат бргу миговите на утрината
    и еве: вeќe и пладне наближува,
    една мисла бавно над ведрината
    потајно се спушта и загрижува.
    A кога во ноќта како пред огледало
    минотото се слее вo иднината
    беспоштедно ме прогонат во мракот
    двете будни очи нa вистината
    .
    Ho утредента пак станувам пробуден од
    сонцето
    што далгите на сонот ги подмладува,
    па не знам дали од љубов или од омраза
    сo таа младост за се ме наградува.


    Aцо Шопов
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by balAlajkA on Саб 20 Јун 2009, 04:53

    Љубов

    Не иди зашто жалосна би била,
    и колку да те копнеам - се ледам.
    Што младоста во темен неповрат скрила
    ме влече назад со измамна сила,
    но зар со подбив тоа да го гледам.
    Сум сакал, сета цибрина ме свила,
    не иди љубов, жалосна би била.


    Блаже Конески

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by UrizenIX on Саб 20 Јун 2009, 17:16

    THE BLIND WEBSTER

    It is not necessary to understand; it is enough to
    adore.
    The god may be of clay: adore him; he becomes
    GOD.
    We ignore what created us; we adore what we create.
    Let us create nothing but GOD!
    That which causes us to create is our true father and
    mother; we create in our own image, which is theirs.
    Let us create therefore without fear; for we can
    create nothing that is not GOD.


    Book of Lies, A.C.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Phoenix on Вто 23 Јун 2009, 18:03

    ...Захирот беше врска со се' што се пренесуваше од генерација на
    генерација, ниедно прашање не оставаше без одговор, го окупираше целиот
    простор, никогаш не дозволуваше да се соочиме со можноста дека работите
    се менуваат.
    Се чинеше дека семоќниот захир се раѓа во секое човечко суштество и се
    засилува во текот на неговто детство, ги наметнува своите правила кои
    од тој миг мора да се следат:
    Поинаквите луѓе се опасни, му припаѓаат на друго племе, ги сакаат нашата земја и нашите жени.
    Мораме да се жениме, да раѓаме деца, да го продолжуваме видот.
    Љубовта е мала, доволна е само за еден човек, и внимавајте! секој обид
    да речеме дека срцето е поголемо од тоа се смета за проколнат.
    Кога се жениме, стекнуваме право да ги поседуваме телото и душата на партнерот.
    Мораме да се занимаваме со нешто што го мразиме зашто сите сме дел од
    едно организирано општество и, кога сите би го правеле тоа што сакаат
    светот не би напредувал.
    Мораме да купуваме накит - тој не' идентификува со нашето племе, како
    што пирсингот ги идентификува членовите на некое друго племе.
    Мораме да бидеме забавни и да ги гледаме со иронија луѓето што ги
    изразуваат своите чувства - за племето е опасно ако дозволи еден од
    членовите да ги изрази своите чувства.
    Мораме колку што е можно повеќе да избегнуваме да велиме "не", зашто
    повеќе не' сакаат кога велиме "да" - а тоа ни овозможува да преживееме
    на негостољубивото подрачје.
    Поважно е што мислат другите отколку што чувствуваме ние.
    Никогаш не предизвикувајте скандали, тоа може да го привлече вниманието на некое непријателско племе.
    Ако се однесувате поинаку, ќе ве истераат од племето, зашто може да ги
    заразите и другите и да го уништите она што е создадено со тешка мака.
    Мораме да размислуваме како да живееме што подобро во новите пештери, а
    ако не знаеме точно како, да викнеме декоратор кој ќе стори се' што
    може за да видат другите дека имаме вкус.
    Мораме да јадеме три пати дневно, дури и ако не сме гладни; мораме да
    постиме кога не можеме да се собереме во калапите на убавината, дури и
    да гладуваме.
    Мораме да се облекуваме според модата, да водиме љубов, независно од
    тоа дали сакаме или не, да убиваме од името на границите, да сакаме
    времето да летне, а пензијата брзо да стигне, да избираме политичари,
    да се жалиме поради животните трошоци, да ја менуваме фризурата, да ги
    проколнуваме оние што се поинакви, да одиме на верски култ во недела,
    или во сабота, или во петок, во зависност од верата, таму да се молиме
    за проштавање на гревовите, да бидеме горди затоа што ја знаеме
    вистината и да го презираме другото племе затоа што почитува лажен бог.
    Нашите деца мораат да продолжат по нашите стапки, затоа што сме постари и го познаваме светот.
    Секогаш мора да имаат универзитетска диплома, дури и ако никогаш нема
    да се занимаваат со она што други ги присилиле да го студираат.
    Да учат непотребни работи, но кои некој ги прогласил за важни: математика, тригонометрија, законот на Хамураби.
    Никако не смеат да ги растажат своите родители, дури и да мораат да се откажат од се' што сакаат.
    Музика да слушаат тивко, да зборуваат тивко, да плачат во аголот, зашто
    ја сум семоќниот захир, јас ги диктирам правилата на играта,
    растојанието меѓу железничките шини, кажувам што е успех, како се сака,
    колкава е наградата....

    "Захир" - Пауло Коелјо
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Alive on Вто 23 Јун 2009, 18:36

    Браво дорс... добар избор многу добар извадок со мнооогу реална содржина... БРАВО!!!
    avatar
    Divine
    आकाश देवदूत
    आकाश देवदूत

    Male Мислења : 166
    Местолокација : У пичку матер,па лево
    Зачленет на : 2009-05-08

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Divine on Вто 23 Јун 2009, 19:10

    офф топик .. постот е изменет од модераторот

    Oн Топик: Модераторот многу да не изменува постови оти вака не се иде во европа ;)


    Последната промена е направена од Divine`God на Чет 25 Јун 2009, 00:33. Мислењето е променето 1 пати

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Cinnamon* on Вто 23 Јун 2009, 20:15

    "Требаше да не го слушам, ми се довери еден ден, цвеќињата никогаш не треба се слушаат. Тие треба само да се гледаат и да се мирисаат. Моето цвеќе ја намирисуваше мојата планета, но јас не знаев да уживам во тоа. А работата околу трнчињата што толку ми здодеваше, всушност требаше да ме развеселува...."
    Тој ми го довери и уште ова:
    "Тогаш јас ништо не умеев да разбирам. Требаше да судам за него по делата, а не по зборовите. Тоа ме намирисуваше и освежуваше. Не требаше никогаш да избегам од него. Требаше да ја насетам неговата нежност зад оние малечки итрини. Цвеќињата се толку настраничави! Но јас бев мноогу млад за да знам да сакам"

    Малиот Принц - Антоан де Сен-Егзипери
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by balAlajkA on Чет 25 Јун 2009, 10:54

    „Со крик летаат птиците преку црното небо, луѓето молчат, крвта ме боли од чекање...“

    од "Дервишот и смртта" од Меша Селимовиќ. Реченицава беше употребена и во култниот филм на Милчо Манчевски, "Пред дождот".

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by UrizenIX on Чет 25 Јун 2009, 12:56

    Poor mankind! To what standpoint have you raised the happiness of man? Has there ever been an age which has counted so many victims to humanity as the present? Has there ever been an age in which immorality and egotism have been greater or more dominant than in this one? The tree is known by its fruits. Mad men!

    With your imaginary natural reason, from whence have you the light by which you are so willing to enlighten others? Are not all your ideas borrowed from your senses which do not give you the reality but merely its phenomena?Is it not true that in time and space all knowledge is but relative? Is it not true that all which we call reality is but relative, for absolute truth is not to be found in the phenomenal world. Thus your natural reason does riot possess its true essence, but only the appearance of truth and light; and the more this appearance increases and spreads, the more the essence of light inwardly fades, and the man confuses himself with this appearance and gropes vainly after the dazzling phantasmal images he conjures.

    The philosophy of our age raises the natural intellect into independent objectivity, and gives it judicial power, she exempts it from any superior authority, she makes it voluntary, converting it into divinity by closing all harmony and communication with God; and this god Reason, which has no other law but its own, is to govern Man and make him happy! . . .

    . . . Darkness able to spread light! . . . Death capable of giving Life! . . .

    The truth leads man to happiness. Can you give it?

    That which you call truth is a form of conception empty of real matter, the knowledge of which is acquired from without and through the senses, and the understanding co-ordinates them by observed synthetic relationship into science or opinion.

    .........


    Oh! if only natural man, that is, sensuous man, would only learn to see that the source of his intelligence and the incentive of his will are only his individuality, he would then seek interiorly for a higher source, and he would thereby approach that which alone can give this true element, because it is wisdom in its essential substance.


    THE CLOUD UPON THE SANCTUARY by Karl Eckartshausen
    avatar
    Daftie

    Female Мислења : 134
    Зачленет на : 2009-06-22

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Daftie on Чет 25 Јун 2009, 17:06

    Од дното на мојата иднина, за време на сиот овој апсурден живот што го водев, еден таинствен здив стигаше до мене низ годините што уште не беа дојдени и овој здив при своето минување уништуваше сè што ми предлагаа тогаш во уште понестварните години што ги проживеав. Што ми е грижа, за смртта на другите, за љубовта на некоја мајка, што ми е грижа за неговиот бог, за животот и судбината што ја избрал некој, бидејќи една единствена судбина требаше да ме избере самиот мене и со мене милијарди привилегирани кои, како него, се претставуваа за мои браќа. Дали разбра, дали разбра? Сите беа привилегирани. Постојат само привилегирани. И другите исто така еден ќе бидат осудени на смрт. И тој исто така ќе биде осуден. Што ми е грижа ако обвинетиот за убиство е погубен поради тоа што не плачел при закопот на својата мајка? Саламановиот пес чини исто толку колку и неговата жена. Онаа мала жена автомат беше исто толку крива како и парижанката што се омажи за Масон или Марија која сакаше да се омажи за мене. Што ми е грижа дека Ремон ми беше другар? Или Селест, кој вредеше повеќе од него?Што ми е грижа ако Марија денес ги дала своите усни на друг Мерсо? Разбра ли, значи, овој осуден дека од дното на мојата иднина...

    ...Како тој голем гнев да ме беше пречистил од злото, како да беше ме испразнил од надежта пред оваа ноќ преполна со знаци и ѕвезди, за првпат и се предавав на онаа пријатна рамнодушност на светот. Откако искусив дека е толку слична на мојата, дека по сè ми е толку братски блиска, почувствував дека бев среќен и дека сум таков уште и сега. И само сè да се сврши, само да се почувствувам помалку сам, ми останува да пожелам на денот на моето погубување да има многу посматрачи и да ме дочекаат со извици на омраза.

    Албер Ками, Странецот

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Рокси on Пет 26 Јун 2009, 01:59

    - Умре од нервна малаксаност заради голема загуба на крв.
    - А како доШло до губење на крвта?
    Одмавнав со главата. Ми пријде и седна покрај мене.
    - Вие сте паметен човек, пријателе Џон - продолжи. - Правилно заклучувате и сте со реШителен дух, но премногу сте склони кон предрасудите. Не им дозволувате на своите очи да видат ни на уШите да слуШнат, и не се грижите за работите кои се одвиваат надвор од ваШиот секојдневен живот. Не мислите ли дека постојат работи кои не можете да ги сфатите, но кои сепак постојат; дека некои луѓе гледаат работи кои другите не можат да ги видат? Но постојат и стари и нови работи кои човечкото око не може да ги долови, бидејЌи човекот знае, или мисли дека знае, некои работи кои му ги раскажале други луѓе. Ах, токму тоа е маната на наШата наука, Што сака сè да протолкува. Ако неШто не може да гопротолкува, тогаШ вели дека и не постои ниШто Што би се толкувало. Но сепак околу себе секојдневно гледаме како се раѓаат нови уверувања, барем се мисли дека се нови; но кои се веЌе многу стари, а се издаваат за млади, како фините госпоѓи во операта. Не верувате во преносот на телата? Не? Ни во материјализација? Не? Ни во астрални тела? Не? Ни во читањето на мислите? Не? Ни во хипноза?
    - Тоа да - реков. - шарко тоа сосема уверливо го докажа.
    Се насмевна и продолжи:
    - ТогаШ во тоа верувате. Да? и вие, секако, разбирате како функционира хипнозата, па можете да го следите умот наголемиот шарко, кого на жалост, повеЌе го нема, во самата дуШа на пациентот кого го хипнотизирал. Не можете? ТогаШ, пријателе Џон, едноставно го прифаЌате тој факт и се задоволувате со тоа да поверувате во неШто без објаснение? Не? ТогаШ, кажете ми, бидејЌи јас го проучувам мозокот, како тоа да ја прифаЌате хипнозата, а го одбивате читањето на мисли? Ви велам, пријателе мој, дека ден-денес во науката за електриката се работат работи кои би ги прогласиле за богохулни токму луѓето кои го открија електрицитетот, кои и самите уШте донеодамна би биле запалени како волШебници. Во животот секогаШ постојат загатки. Затоа Метузалем живеел деветстотини години, а "Стариот Пар" сто Шеесет и девет, а ова пак кутра Луси, со крвта на четири мажи во своите жили, не можеШе да преживее дури ни еден ден? БидејЌи да преживееШе само уШте еден ден,можевме да ја спасиме. Ги познавате ли вие сите тајни на животот и смртта? Дали докрај сте запознати со компаративната анатомија и дали можете да кажете зоШто некои луѓе имаат ѕверски особини, а другите немаат? Можете ли да ми кажете, со оглед дека пајаците живеат кратко и умираат мали, како тоа еден пајак да живеел со векови во кулата на старата Шпанска црква, и растел и растел, сè додека можел да го испие маслото од сите светилки во црквата? Можете ли да ми кажете зоШто во Пампите, па и на други места, постојат лилјаци кои доаѓаат ноѓе и им ги отвораат жилите на стоката и коњите, па им ја испиваат целата крв; зоШто на некои острови во западните мориња постојат лилјаци кои цел ден висат на дрвјата, па оние кои ги виделе ги опиШуваат како големи ореви или чаури,а кога морнарите заради жеШтината спијат на палубата, тие лилјаци навалуваат на нив и тогаШ ги... и потоа наутро ги пронаоѓаат мртви, бели како Што беШе г-ца Луси?
    - Благи Боже, професоре! - реков тргнувајЌи се. - Мислите да ми кажете дека Луси ја гризнал таков лилјак и дека такво неШто постои овде во Лондон, во деветнесеттиот век?
    Мавна со раката да не го прекинувам, па продолжи:
    - Можете ли да ми кажете зоШто желката живее подолго од генерации луѓе; зоШто слонот живее и живее сè додека не надживее цели династии; зоШто папагалот не умира освен кога Ќе го гризне мачка или пес, или од некоја болка? Можете ли да ми кажете зоШто луѓето од сите доба и од сите краиШта веруваат дека постојат личности кои вечно живеат, само ако им се дозволи; дека постојат мажи и жени кои никогаШ не умираат? Ние сите знаеме, бидејЌи науката тоа ни го потврдила, дека некои жаби биле затворени во камењата илјада години, затворени во сосема мало дупче во кое престојувале уШте откако светот бил млад. Можете ли да ми кажете како индискиот факир постигнува да умре и да биде закопан, гробот да му се запечати и на него се посее пченка, па пченката се пожнее и исече и повторно се посее на тоа место, па повторно се ожнее, исече и посее, и уШте еднаШ се ожнее и исече, па потоа доаѓаат луѓето и го симнуваат неоШтетениот печат и таму лежи индискиот факир, не мртов, туку станува и оди меѓу нив како порано?

    Дракула - Брам Стокер
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by balAlajkA on Пет 26 Јун 2009, 15:24

    Доцна е

    Тече река исто како тогаш
    Ти не си брег
    Тивок копнеж парче небо краде
    На зајдисонце

    Јас чекам да ме вратиш
    Во спомените
    Да го стопиш оној траен немир
    Во градите

    Доцна е, дали сме
    Сами под ѕвездиве
    Доцна е, туѓи сме
    Не знаевме дека бол ќе остане

    Јас чекам да ме вратиш
    Во спомените
    Да го стопиш оној траен немир
    Во градите

    Доцна е, дали сме
    Сами под ѕвездиве
    Доцна е, туѓи сме
    Не знаевме дека бол ќе остане
    Дека бол ќе остане

    Сашо Гигов - ГИШ

    секоја чест

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by UrizenIX on Нед 28 Јун 2009, 23:38

    Историјата за ова еден ден мора да биде кажана со посилен глас. Правилно разгледано, тоа е историја на постојани чуда. Сега доволно е да се каже дека во овој Закон лежи целата иднина: тоа е Законот на Слободата, и оние кои го одбиваат се прогласуваат самите за робови, и како робови ќе бидат оковани и тепани. Тоа е закон на Љубовта, и оние кои ќе го одбијат се прогласуваат себе си да бидат деца на омразата, и нивната омраза ќе се сврти против нив и ќе ги проголта во нејзините бескрајни мачења. Тоа е закон на Животот, и оние кои ќе го одбијат ќе бидат тема на смртта; и смртта ќе ги фати неподготвени. И нивниот живот ќе биде жива смрт. Тоа е Законот на Светлината, и оние кои ќе го одбијат, според тоа се прават самите мрачни засекогаш.


    Equinox Vol.III No.3 - Equinox of the gods - A.'. A.'. Publication in Class E.

    За целосен превод:
    http://heptagram.wordpress.com

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by UrizenIX on Чет 02 Jул 2009, 00:36

    On the other hand you are real - a sparkling image of the absolute reality.

    You must remember, however, that the real you is something far different and more wonderful than your ape-like brain and reptilian nervous system can grasp. The real you is not just a piece of the force of universal consciousness-the real you is, in essence, the universal consciousness itself. You are not your body, or your brain, or your mind, or your astral body, or any of the more subtle sheathes that yogis and spoon-benders say you are nestled inside. Bodies and brains and minds are as unreal as creation, time, space, Heaven or Earth. The real you doesn't eat, or drink, or think, or sleep, or die.. I'm sure we would all be amazed to know just how skinny, and light, and thoughtless, and sleepless, and immortal we really are.


    "The Chiken Qabalah of Rabbi Clifford ben Lamed" by Milo Lon Duquette
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by balAlajkA on Чет 02 Jул 2009, 18:24

    Olovni vojnik

    Zaključavam dušu pred tobom i ćutim
    Pročitaj to u mojim očima
    Podižem opet stari gvozdeni zid
    I zauvek brišem iz glave tvoj lik.

    U stanu punom uspomena težak je mrak
    Pred streljačkim strojem čovek ostaje sam
    Umro je i rodio se potpuno čist
    Jer pričao je s bogom jedan beskrajan dan.

    Sa olovnim nogama ja ne mogu nikud
    Sa olovnim srcem ja ostajem sam.

    Oseti kako energija kruži
    I kao da pali vazduh između nas
    Bežiš od mene nema i hladna
    Jer plaši te snažan čudni osećaj.

    I ne ćujem te više jer me uporno zoveš
    Istog trenutka kad i tebe ja
    Briše se priča samo pisana za nas
    Sabijena večnost u sekundi sna.

    Sa olovnim nogama ja ne mogu nikud
    Sa olovnim srcem ja ostajem sam.

    "Dza Ili Bu"
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Dirge on Сре 08 Jул 2009, 15:56

    The girl with many eyes

    One day in the park
    I had quite a surprise.
    I met a girl
    who had many eyes.

    She was really quite pretty
    (and also quite shocking!)
    and I noticed she had a mouth,
    so we ended up talking.

    We talked about flowers,
    and her poetry classes,
    and the problems she'd have
    if she ever wore glasses.

    It's great to now a girl
    who has so many eyes,
    but you really get wet
    when she breaks down and cries


    Tim Burton

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by UrizenIX on Нед 16 Aвг 2009, 22:17

    "Сега доволно е да се каже дека во овој Закон лежи целата иднина: тоа е Законот на Слободата, и оние кои го одбиваат се прогласуваат самите за робови, и како робови ќе бидат оковани и тепани. Тоа е закон на Љубовта, и оние кои ќе го одбијат се прогласуваат себе си да бидат деца на омразата, и нивната омраза ќе се сврти против нив и ќе ги проголта во нејзините бескрајни мачења. Тоа е закон на Животот, и оние кои ќе го одбијат ќе бидат тема на смртта; и смртта ќе ги фати неподготвени. И нивниот живот ќе биде жива смрт. Тоа е Законот на Светлината, и оние кои ќе го одбијат, според тоа се прават самите мрачни засекогаш."
    Equinox Vol.III No.3 – Equinox of the gods – A.’. A.’. Publication in Class E
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Гостин on Пет 21 Aвг 2009, 00:42

    "Штотуку ве научив на најважната животна лекција", тогаш ќе одговореше Бертиниот маж."Кога сакате да постигнете нешто, добро отворете си ги очите,сосредоточете се на целта и бидете сигурни во она што го сакате.Никој не може да ја погоди својата цел со затворени очи"

    Демонот и госпоѓица Прим- Коелјо
    avatar
    the gossip girl

    Female Мислења : 294
    Местолокација : дома
    Зачленет на : 2009-07-09

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by the gossip girl on Пет 21 Aвг 2009, 00:57

    ..Треба да се ризикува.Ние навистина го сфаќаме чудото на животот дури откако ќе ни се случи нешто неочекувано.
    Секој ден Господ ни дава со утринското сонце,еден миг во кој е можно да
    се измени сето она што не прави несреќни. Секој ден ние се преправаме
    дека не сме свесни оти тој миг постои, се однесуваме како божем
    веруваме дека денешниот ден е сличен на вчерашниот и дека ќе биде
    сличен на утрешниот. Но, човекот кој со внимание го следи денот во што
    го живее, го открива волшебниот миг. Тој може да биде скриен во
    минутите, кога наутро го ставаме клучот на клучалката , во миговите на
    тишината што настапуваат по вечерата, во илјада и едната дребност што
    ни се чинат наполно исти. Но тој миг постои. Тоа е миг во кој сета моќ
    на ѕвездите минува низ нас и ни овозможува да сториме чуда.
    Среќата понекогаш е благослов – но најчесто е освојување. Волшебниот
    миг на денот ни помага да се измениме, не тера да тргнеме во потрага по
    нашите сништа . ќе страдаме, ќе чекориме по патиштата послани со трње ,
    ама сето тоа е привремено и не остава траги. А подоцна, со гордост и со
    верба, ќе можеме да се свртиме и да погледнеме зад себе.
    Несреќен е оној кој не се осмелил да ризикува. Можеби тој никогаш нема
    да доживее разочарувања, нема да остане без своите илузии, нема да
    страда како оние кои пред себе имаат сон што го следат. Но кога ќе
    погледне зад себе (зошто ќе дојде тоа време кога секој од нас ке
    погледне зад себе) ќе го слушне своето срце како му вели: “Што ли
    направи со чудата со кои Господ ги посеа твоите дни? Што стори со
    дарбите кои Творецот ти ги довери? Ги закопа во длабока дупка, зошто се
    плашеше да не ги загубиш. И сега само уште тоати преостанува:
    сознанието дека залудно си го живеел својот живот.”
    Тешко на оној што ке ги слушне овие зборови. Дури тогаш ќе поверува во
    чуда, само што волшебните мигови на животот веќе ќе бидат минато......

    "Крај реката Педра седев и плачев"-Paolo Koeljo

    Sponsored content

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:43